You are on page 1of 2

Јадрени реакции.

Фисија
Запомни

1.Секој процес на заемнодејство помеѓу некое јадро со некоја елементарна честица или со
друго јадро при кое доаѓа до трансмутација на јадрото се вика јадрена или нуклеарна
реакција.

2.Општата равенка со која се искажува една нуклеарна реакција е дадена со изразот:

z1
A1 X + z2A2 a → z3
A3 Y + z4A4 b каде штосе:
A1 X
–јадро што се бомбардира (мета или цел)
z1
z2 a -проектил
A2
A3 Y-производ на реакцијата(трансформираното јадро)
z3
A4 b – новодобиена честица(исфрлена честица)
z4

-Скратената верзија на равенката е : z1


A1 X ( а, b) z3
A3 Y

3.Јадрените реакции се делат на:


-реакции предизвикани од наелектризирани проектили (α-честици, 11p –протони ,деутерони
или јадра со поголема маса).
-реакции предизвикани со електронеутрални честици 01 n-неутрони

4.Наелектризираните честици(проектили) за да се доближат повеќе до метата се забрзуваат


со уреди кои се викаат акцелератори.

5. Кај јадрените реакции важат законите: за запазување на електричниот полнеж ,


запазување на масениот број, на импулсот и енергијата.

6.Процесот на заемнодејство на честица со нејзината античестица при што се создаваат два γ


кванти се вика поништување или анихилација.

-1
0 е + +10 → 2γ

7.Јадрената реакција при која тешките атомски јадра седелат на две ,а поретко на три или
четири средни јадра,со истовремена емисија на два до три неутрони ,γ- зрачење и големо
количество на енергија се вика нуклеарна фисија или делба.

8.Најчеста користена мета кај фисијата е изотопот на 92


235 U кој се бомбардира со бавен
неутрон .

92
235 U+ 0
1 n → 3692 Kr + 56141 Ba + 3 01n +200 MeV

9.Продуктите на фисијата се околу четириесетина јадра во средината на периодниот систем


на елементите ,а големата енергија што се ослободува е резултат на разликата во
специфичната енергија на врзување на уранот (7,6 MeV) и средните јадра на продуктите( 8,5
MeV)
-Од енергијата од 200 MeV ,160MeV отпаѓаaт на кинетичката енергија на фисионите
фрагменти(новодобиените јадра) ,а 40 MeV се ослободуваат при радиоактивното распаѓање
на фрагментите до нивното претварање во стабилни јадра.

You might also like