You are on page 1of 14

ПРИРОДНА

РАДИОАКТИВНОСТ
(РАДИОАКТИВНИ ЗРАЦИ)
ИЗРАБОТИЛЕ – МАТЕЈ ШЛАКЕСКИ И АНГЕЛА БЕГАЛИНОСКА
ШТО Е РАДИОАКТИВНОСТ
• Радиоактивнсота претставува – спонтан процес во кој атомското јадро,
емитувајќи една или повеќе честици (кванти) на електромагнетно
зрачење, преминуваат во друго јадро. Или емисијата на јонизирачко
зрачење (или честички) предизвикани од спонтано распаѓање на
атомските јадра.
• Природната радиоактивност е откриена од Анри Бекерел во 1896
година додека испитувал луминисценцијата. Тој видол дека
радиоактивните елементи како ураниум и неговите соединенија не
само што емитуваат зрачење, туку и дека предизвикува јонизација на
средината каде што поминува (дејствува на фотографска плоча, лесно
минува низ тенки метални плочи и покажува биолошко и хемиско
дејство.
ИЗУЧУВАЊЕ НА РАДИОАКТИВНОСТА
• Радиоактивното зрачење не е еднородно. Изучување на радиоактивното
зрачење се прави преку следење на неговото однесување во јако елетрично
или магнетно поле.
• ПРИМЕР: Во олова кутија C, во кој е сместен радиоактивен препарат (RaBr2)
излегува тесен сноп на радиактивно зрачење. Кога снопот поминува низ
хомогено електрично (или магнетно) поле, на фотографската плоча FP се
добиваат три траги. Значи, првобитниот сноп се дели на три компоненти:
1.α-зрачење
2.β-зрачење
3.γ-зрачење
ВИДОВИ РАДИОАКТИВНО ЗРАЧЕЊЕ
1) α-зрачење, кое претставува поток на позитивни честици кои слабо се отклонуваат во електрилно
или магнетно поле;
2) β-зрачење, кое претставува поток на негативни честици кои силно се отклонуваат во полето и
3) γ-зрачење, дел од снопот којшто не ја променил првобината насока по дејство на полето
РАДИОАКТИВНИ ФАМИЛИИ
• Природно радиоактивните елементи (тие со реден број над 83) се групираат во три радиоактивни фамилии:
238
1.Фамилија на Ураниум – почнува со 92
U и (по низа од алфа или бета распаѓање) завршува со изотоп на
олобо 206
82
Pb
2.Фамилија на Ториум – почнува со 232 Th и завршува со стабилен изотоп на олово 208 Pb
90 82
235 207
3.Фамилија на Актиниум – почнува со 92 U и завршува со третиот стабилен изотоп на 82 Pb
СТАБИЛНОСТ НА ИЗОТОПИТЕ
• Природно радиоактивните елементи НЕ се распаѓаат
директно во стабилни елементи. Почнувајќи од еден
радиоактивен елемент со најдолг период на полураспаѓање
по низа на α или β распаѓање, на крај се добива стабилен
нерадиоактивен елемент.
• Исто така кај природно радиоактивните изотопи емисијата
на α, β или γ зрачење е спонтана, додека кај вештачките е
индуцирана.
• И поради тоа што меѓу природната и вештачката
радиоактивност нема никаквна принципиелна разлика,
својствата на изотопите се независни од начинот на којшто
тие се добиени.
СВОЈСТВА НА АЛФА ЗРАЦИ
1. Алфа честица претставува двојно позитивно јонизиран атом на хелиум.
2.Нестабилност кон алфа-распаѓање покажуваат тешки јадра со масен број над 210, додека и некои
полесни јадра можат спонтано да емитираат алфа-честици (калиум, рубидиум, самариум итн.)
3.При алфа-зрачење има енергетски но и структурни промени, каде атомскиот број се намалува за
две единици а масениот за 4 единици.
A A-4 4
Пр: Z
X -> Z-2 Y + 2
He + Q
226
Друг пример е со изотоп на Ra кој преминува во радон:
226
Ra -> 222 Rn + 4 He + Q
88 86 2
ОБЈАСНУВАЈНЕ ЗА ВТОРИО ПРИМЕР
• Rn е гас кој е алфа-радиоактивен. Алфа-честицата од јадрото излегува со брзина од ред
големина (1,4-2)*107 m/s-1 што одговара на енергијата од 2-10 MeV. На сликата е прикажана
шема на алфа-распаѓање на 226 Ra. При ова распаѓање се добиваат две групи алфа-честици, со
различна енергија. Новодобиеното јадро на 222 Ra не е во основната состојба, туку во побудена.
Преминот во пониската енергетска состојба е следен со емисија на γ-кванти
АЛФА-ЧЕСТИЦИ
4.Некои од радиоактивните елементи не се чисти емитери на алфа-честици, туку при распаѓање
емитуват алфа и друг процент бета-честици.
5.Кога минуваат низ материјалната средина тие вршат јонизација на атомите при што губат дел од
својата енергија. Јонизирачката способност на алфа-честиците е голема. Должината на патот што го
минуваат алфа-честиците низ средината се вика домет. Поради големата маса на алфа- честиците
дометот во воздухот е од 2-8 cm. Во течните и тврдите средини е многу помал.
6.При минувајне во материјалната средина, алфа-честицата првин преминува во хелиумов јон He+
а потоа кога ќе прими уште еден електрон се неутрализира.
СВОЈСТВА НА БЕТА-ЗРАЦИ
• Кај В – зрачењето досега се забележани три вида јадрени претворања:
1. Бета минус распаѓање (B-)
2. Бета плус зрачење (В+)
3. Електронски зафат или само K – зафат
* Од трите само првиот е карактеристичен за природната радиоактивност.
• Јадрата кои имаат поголем број неутрони, за да бидат стабилни, под дејство на т.н. слаби
заемнодејства еден неутрон преминува во протон и се емитува со голема енергија.
СВОЈСТВА НА БЕТА-ЗРАЦИ
0
• Истовремено со електронот -1 e, за да се исполни законот за запазување на импулсот, се емитуваат
и антинеутрино ̅ν. Антинеутриното нема полнеж, има маса на мирување приближно на нула, а се
емитува истовремено со електронот:
0
1
n -> 11 p + -1 e + ̅ν
0

При ова распаѓање не се менува бројот на нуклеоните, Z се зголемува за единица:


A А 0
Z X -> Z+1Y + -1
e+ ̅ν
СВОЈСТВА НА ГАМА-ЗРАЦИ
• Y- зраците се електромагнетни бранови кои се појавуваат како резултат на преминот меѓу две
возбудени енергетски нивоа на радиоактивното јадро. Y – зраците имаат голема енергија.
• Y - зраците од природните радиоактивни елементи, имаат енергија меѓу 0,04 MeV и 3,2 МеV.
• Y – зрачењето има голема проодност и низ воздух може да помине големи растојанија без да се
апсорбира.
ВИДЕО

• https://www.youtube.com/watch?v=M0uw4ZNpqcI
ПРАША
1.Што е радиоактивност? ЊА
2.Освен имитувањето на зрачење, што друго предизвикуваат радиоактивните елементи?
3.Како се изучува радиоактивното зрачење?
4.Кои се трите видови на зрачења?
5.Објасни го првиот вид зрачење?
6.Објасни го вториот вид зрачење?
7.Објасни го третиот вид зрачење?
8.Кои се радиоактивните фамилии?
9.Објасни за распаѓањето на природно радиоактивните елементи?
10.Напиши го примерот за структурни и енергетски промени на алфа-честиците?
11.Што е домет на алфа-честици?
12.Трите јадрени претворања кај бета-зраците?
13.Својства на бета-зраци пример каде Z се зголемува за 1?
14.Што се гама-зраците?

You might also like