You are on page 1of 2

1) Јони се градбени честички на супстанците, кои се образуваат кога атомот ќе испушти или ќе

прими електрони.
· Јоните се наелектризирани честички (честички со полнеж)
2) - ковалентни
- јонски
- метални
3) Јонски врски се врски меѓу метали и неметали.
4) Во атомот има 2 вида честички со полнеж – протони (+) и електрони (-)
· атомот е електронеутрален бидејќи р+ = е –
· атомот некогаш може да прими или испушти електрони и тогаш рамнотежата
р+ = е – ќе се наруши.( Бројот на протони СЕКОГАШ останува ист, не се менува!)
а) ако испушти електрони , тогаш р+ > е – и добиениот јон ќе биде позитивно наелектризиран
(катјон)
* металите испуштаат електрони
б) ако атомот прими електрони тогаш е – > р+ и добиениот јон ќе биде негативен (анјон)
* неметалите примаат електрони
5) Кога атомот на метал ќе испушти електрони, тој ја добива електронската конфигурација на
инертниот гас кој се наоѓа на крајот на претходната периода, а атомот на неметал, кога ќе
прими електрони ја добива ел. конфигурација на инертниот гас што се наоѓа на крајот од
неговата периода.
· јоните имаат целосно пополнето последно (валентно) електронско ниво.

1) Јонска врска се образува меѓу позитивно и негативно наелектризирани јони кои се


привлечени меѓу себе и се држат со силни електростатски сили.
2) Соединение образувано од јони се вика јонско соединение.
3) Електронегативноста е мерка за тоа колку многу атомот сака електрони.
а) металите
- имаат ниска електронегативност (ПСЕ)
- не ги сакаат електроните
- ги оддаваат
Полнеж
- ја добиваат електронската конфигурација на претходниот инертен гас
б) неметалите
- имаат висока електронегативност
- ги сакаат електроните
- ги примаат
Полнеж
- ја добиваат електронската конфигурација на следниот инертен гас
4) Својства на јонски соединенија:
- цврста агрегатна состојба
- лесно растворливи во вода и нивните раствори се добри спроводници на електрична струја
- имаат високи ТТ и ТВ
5) Образување на натриум хлорид, NaCl
Исто така треба да знаете кои елементи се пишуваат во молекуларен облик
H2 O2 Cl2 F2 N2 Br2 I2
Останатите елементи стапуваат како атоми. На пример: Na, Cu, Mg, C и сл.Исто така и
S (сулфур) и P (фосфор) засега ќе ги пишувате како атоми.

1) Закон за запазување на масите


Вкупната маса на атомите на секој елемент кој учествува како реактант во хемиската реакција,
мора да е еднаква со масата на атомите на тие елементи кои се јавуваат како продукти.
►ако еден елемент го има во реактантите, мора да се појави и во продуктите и притоа и
неговата маса, од едната и од другата страна (реактанти/продукти) мора да биде иста.
2) Доколку има потреба, хемиските равенки се израмнуваат со пишување на броеви
(стехиометриски коефициенти), пред хемиските формули на реактантите и продуктите.
Стехиометриските коефициенти се цели броеви.

You might also like