You are on page 1of 6

Вежба:

Оксидација и редукција

Оксидација е секоја реакција при која атомот или јонот испушта


електрони, при што доаѓа до зголемување на оксидациониот број. Редукција е
секоја реакција при која атомот или јонот прима електрони, а оксидациониот
број на атомот или јонот се намалува.
Оксидацијата и редукцијата настануваат поради пренос на електрони во
текот на реакцијата, а промената на оксидациониот број го одредува бројот на
електроните кои во текот на реакцијата преоѓаат од атом на еден елемент во
атом на друг елемент.

 Оксидационен број
Оксидациониот број на еден атом во определена хемиска реакција
претставува целоброен позитивен или негативен полнеж и покажува во која
оксидациона состојба се наоѓа елементот во дадено соединение. Оксидациониот
број на една врста атом не мора да биде секогаш ист и може да се менува.
Оксидациониот број се пишува над симболот на елементот. Тој се определува
врз основа на следните правила:

1. Оксидациониот број на секој елемент во слободна состојба е 0.

2. Оксидациониот број на водородот во нејонските соединенија е +1 (Пр.


H2O, H2SO4, H3PO4, HNO3 и т.н.), а во јонските соединенија, главно
металните хидриди е -1 (пр. LiH, CaH2, NaH, BH3).

3. Оксидациониот број на кислородот скоро во сите соединенија е -2 (пр.


H2SO4, H3PO4, HNO3, NaOH, Ca(OH)2, KOH и т.н.), освен кај пероксидите
во кој оксидациониот број на кислородот е -1 (BaO 2, H2O2, Na2O2),
супероксидите (КО2) каде што оксидациониот број на кислородот е -1/2 и
кај соединенијата со флуорот (најелектронегативниот елемент) каде што
оксидациониот број на кислородот е +1 (F2O2) и + 2 (F2O).

4. Алкалните метали (K, Na, Li, Rb, Cs) во сите соединенија имаат
оксидацеонен број +1.

5. Земноалкалните метали (Be, Mg, Ca, Sr, Ba, Ra) во сите соединенија
имаат оксидацеонен број +2.

6. Алуминиумот во сите соединенија има оксидационен број +3.

7. Збирот на оксидационите броеви во секој молекул е еднаков на 0. Пр. Во


молекулата на KMnO4 оксидациониот број на К е +1, на Mn е +7, а на
кислородот е -2 ( 4 молекули на О помножено со -2 = -8).
(+1) + (+7) + (-8) = 0

8. Збирот на оксидационите броеви во секоја хемиска равенка останува ист


(збирот од лева мора да биде еднаков со збирот од десна страна), т.е.
вкупниот број на испуштени електрони е еднаков на вкупниот број на
примени електрони.

9. Оксидациониот број на флуорот во сите соединенија е -1, со исклучок на


врската F-F.

10. Во соединенијата или јоните изградени од неметали во кои нема водород


или кислород негативен оксидационен број добива по
електронегативниот елемент. Пр. во CCl4 (јаглерод тетрахлорид)
негативен оксидационен број има хлорот (-1), а во CS 2 (јаглерод
дисулфид) сулфурот (-2).

11. Оксидациониот број на секој елементарен јон е еднаков на неговиот


полнеж (Mn+7 има оксидационен број +7, Ca+2 има +2, Cl-1 има -1...)

12. Збирот на оксидационите броеви на сите атоми кај некој јон мора да биде
еднаков на електричниот полнеж на јонот. Пр. кај сулфатниот јон SO 42-
четирите кислородни атоми даваат сума -8. Тоа значи дека
оксидациониот број на сулфурот може да биде само +6 за сулфатниот јон
остане со својот полнеж -2.

 Оксидо-редукциони равенки

Оксидансот прима електрони во хемиската реакција и сам се редуцира,


т.е. преоѓа во понизок оксидациски степен. Редукторот ги дава своите
електрони на оксидансот, сам се оксидира, т.е. преоѓа во повисок оксидациски
степен.
Во оксидо-редукционите процеси бројот на испуштените електрони од
редукционото средство секогаш е еднаков на бројот на примените електрони од
оксидационото средство. Тоа овозможува да се состават равенките на овие
процеси и да се најдат стехиометриските коефициенти пред реактантите и
продуктите на реакцијата.

- Определување на коефициентите во оксидо-редукционите равенки


Пр.
Sn + HNO3 → SnO2 + NO2 + H2O

1. Прво ги одредуваме оксидационите броеви на сите елементи кои


учествуваат во реакцијата.

(0) (+1) (+5) (-2) (+4) (-2) (+4) (-2) (+1) (-2)
Sn + H N O3 → Sn O2 + N O2 + H2 O

2. Ги наоѓаме елементите кои претрпеле промена во своите


оксидациони броеви. Во нашиот пример оксидациониот број е
променет кај калајот од 0 во +4 и кај азотот од +5 во +4.
3. Се поставува електронска шема со бројот на испуштените и
примените електрони при промена на оксициската состојба.

(0) (+4)
Sn -4е → Sn 4 1
Се менуваат коефициентите
(+5) (+4)
N +1e → N 1 4

4. Потоа се бара најмал заеднички содржател преку кој се одредуваат


коефициентите. Во нашиот случај НЗС е 4. Значи пред Sn добиваме
коефициент 1 (не се пишува), а пред молекулата која содржи азот 4.

Sn + 4HNO3 → SnO2 + 4NO2 + H2O

5. Потоа се пребројуваат и другите атоми од лева и десна страна


(водородни и кислородни во нашиот пример) и се добива
коефициентот пред водата.

Sn + 4HNO3 → SnO2 + 4NO2 + 2H2O

6. Секогаш на крај се врши проверка со пребројување на сите атоми од


двете страни на равенката при што вкупниот број на атоми од еден
елемент од левата страна на равенката мора да биде еднаков на
вкупниот број на атоми на истиот елемент од десната страна на
равенката.

Хемиска формула

Составот на хемиските соединенија се прикажува со хемиски формули,


HCl – хлороводородна киселина, Ca(OH)2 – калциум хидроксид, C6H6 –
бензен и т.н.
Разликуваме:
- Емпириска (проста) формула;
- Вистинска (молекулска) хемиска формула;
- Структурна формула.
Емпириската формула го покажува учеството на поедини елементи во
молекулите, изразено во најмали бројчани односи.
Вистинската хемиска формула ги покажува врстата и бројот на атомите
кои градат една молекула. Пр. Емпириската формула на бензенот е СН.Оваа
формула ни покажува дека во соединението С и Н се врзани во сооднос 1: 1.
Оваа формула не означува само бензен бидејќи иста формула има и
ацетилен-от (С2Н2). Правата хемиска формула на бензенот C6H6 покажува
дека една молекула на бензен се состои од 6 молекули јаглерод и 6 молекули
водород.
Ако ја познаваме хемиската формула на некое соединение тогаш може да
го пресметаме масениот удел (процентуалната застапеност) на секој од
елементите во соединението и обратно, со познавање на масениот удел на
поедините елементи во соединението може да се пресмета емпириската и
хемиската формула.
m( A )
w ( A )=
mсоед .
w – масен удел
m(A) – маса на елементот
m(соед.) – маса на соединението.

Пример: Формулата на синиот камен (бакар сулфат пентахидрат) е


CuSO4·5H2O. Неговата релативна молекулска маса ќе ја добиеме како збир од
атомските маси на сите атоми кои влегуваат во неговиот состав.

1 · Ar(Cu) = 63,546
1 · Ar(S) = 32,060
4 · Ar(O) = 63,988 → CuSO4

10 · Ar(H) = 10,079
5 · Ar(O) = 79,997 → 5H2O
Mr (CuSO4·5H2O) = 249,680

Ако измериме 249,68 g син камен, ќе имаме 63,546 g бакар, 32,060 g сулфур,
63,998 g кислород и 90,076 g вода.

Масениот удел на бакарот во соединението ќе го пресметаме како однос на


масата на бакарот спрема збирот од масите на сите атоми во соединението,
односно како однос на молската маса на бакарот спрема молската маса на
соединението. На истиот начин ќе го преметаме и масениот удел на сулфурот,
кислородот и водата.

Доколку го знаеме масениот удел, формулата ќе ја пресметаме на следниот


начин:
- Чекор 1. Го пресметуваме количеството супстанца на секој елемент кој е
застапен во соединението.
M¿
n=m¿ ¿
¿
n - количество супстанца во молови
m – маса на елементот
M – молска маса на елементот
- Чекор 2. Бројот на атомите кој ќе го добиеме на овој на начин не е
вообичаен, па поради тоа бројот на атомите во соединението се пресметува во
цели броеви, на тој начин што секој од добиените броеви за количество
супстанца се дели со најмалиот добиен број за количество супстанца на некој од
елементите во соединението.
Пр. X,Y и Z се хемиските елементи во соединението. Количеството супстанца
за X е 6, за Y е 2, за Z е 4, следи:

6 2 4
N ( X ):N (Y ):N(Z )= : : =3: 1:2
2 2 2
Значи хемиската формула на ова соединение е X3YZ4.

Пример: Најдете ја наједноставната формула на соединението кое содржи


12,1% натриум, 11,4% бор, 29,4% кислород, а остатокот е вода.

Задачи
1. Пронајди го оксидациониот број на фосфорот во следните соединенија:

а ) P4 б ) P4O6 в) H4P2O7

г) Na6P6O18 д) Na2HPO4

2. Израмнете ги следните равенки:

H3AsO3 + KBrO3 + HCl → KCl + HBr + H3AsO4

KBrO3 + HCl + Sb2O3 → KCl + HBr + Sb2O5

KClO3 + FeSO4 + H2SO4 → KCl + Fe2(SO4)3 + H2O

3. При анализа на составот на оксидите на манганот е утврдено дека


постојат оксиди кои содржат 77,5%, 69,6%, 63,2% и 49,6% манган. Да се
напишат формулите на тие оксиди.

4. Која е емпириската формула на јаглеводородот кој содржи 75% јаглерод


и 25% водород?

5. Да се премета масениот удел на сите елементи во соединението


K4[Fe(CN)6] ·3H2O.

6. Напишете ги оксидационите броеви на елементите во соединенијата:


Na2B4O7; H2S2O8; Ba(OH)2.

7. При загревање примерок од 5 g CdSO4 губи 1,88 g од својата маса. При


тоа е забележано дека од примерокот се губи само вода. Која е
формулата на тоа соединение.

8. Да се изедначат следниве равенки:


Cu + HNO3 → Cu(NO3)2 + NO + H2O

KMnO4+H2O2+H2SO4→ MnSO4+ O2 + K2SO4+ H2O

NaNO2 + KMnO4 + H2SO4 → NaNO3 + K2SO4 + MnSO4 + H2O

9. Со спалување на 6,19 грама фосфор сме добиле 14,19 грама на некој


фосфорен оксид. Напиши ја формулата на тој оксид.

10. Едно соединение содржи 16,4 g Mg, 39,5 g Ni, а остатокот е Zn. Да се
напише формулата на тоа соединение.

You might also like