You are on page 1of 12

ХЕМИСКА НОМЕНКЛАТУРА НА НЕОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Хемиските елементи се чисти супстанции составени од идентични атоми или


молекули. Хемиските соединенија се комбинација од два или повеќе елементи.
Квалитативниот и квантитативниот состав на соединенијата се изразува преку хемиски
формули.
Пример Н2О2:
- квалитативна информација: водородниот пероксид е изграден од водород и кислород;
- квантитавна информација: водородниот пероксид содржи два атоми водород и два атоми
кислород. Односот на количествата е одреден со стехиометриските индекси 2:2.
За да можеме да напишеме хемиска формула на одредено соединение потребно е да се
познава:
-Валентност (полнежот на јоните)
Валентноста на некој атом е определена од бројот на електрони што атомот ги
ангажира за образување на хемиски врски.

Правила при пишување хемиски формули


-Металите обично формираат позитивни моноатомски јони
Група IА=> +1
Група IIА=> +2
максималната позитивна валентност на металните јони е еднаква на група А.
-Неметалите формираат негативни моноатомски јони
Група VIА=> -2
Група VIIА=> -1
Максималната негативна валентност на анјоните е 8-група А
-Соединенијата се електронеутрални, т.е. збирот на производите од
оксидациските броеви и стехиометриските индекси на елементите во
едно соединение е еднаков на нула.

Правила за номенклатура на најчестите типови неоргански соединенија:

ОКСИДИ
Оксиди (соединенија на хемиски елементи со кислород)
- валентноста на кислородот е -2, освен во пероксидите каде што е -1.
- оксидациската состојба на металите од првата група (алкалните метали) секогаш е
+1
- оксидациската состојба на металите од втората група (земноалкалните
метали) секогаш е +2
- ако елементот што гради оксид има една валентност тогаш таа не се чита бидејќи
се подразбира, примери:
Na2O - натриум оксид,
CaO - калциум оксид,
Al2O3 - алуминиум оксид
- во случај да елементот што гради оксид има повеќе валентни состојби, тогаш мора
да се нагласи неговата валентност, примери:
Fe2O3 - железо(III) оксид
FeO - железо(II) оксид
NO - азот(II) оксид
NO2 - азот(IV) оксид
N2O5 - азот(V) оксид
P2O5 - фофор(V) оксид
- прво се чита името на елементот, потоа неговата валентност и на крај се додава
зборот оксид (при пишување помеѓу името на металот и зборот оксид се пишува
оксидациската состојба на елементот со римски број ставен во мала заграда веднаш
зад името на металот)
- исто така, може да употребуваат и префикси (моно-, ди-, три-, итн.) што го
означуваат бројот на катјони, односно оксидни анјони во формулната единка (само
кај оксиди на неметалите).

Примери: СаО калциум оксид; FeO железо(II) оксид; CO јаглерод(II) оксид (јаглерод
моноксид); CO2 јаглерод(IV) оксид (јаглерод диоксид); Cu2O бакар(I) оксид, CuO бакар(II)
оксид, FeO железо(II) оксид, Fe2O3 железо(III) оксид.

ХИДРОКСИДИ
Хидроксиди (соединенија на метали со –ОН групата)
- во хидроксидите полнежот на ОН групата секогаш е -1
- името се образува така што прво се чита името на металот што го гради
хидроксидот и зборот хидроксид.
- Доколку металот образува повеќе од еден хидроксид (има повеќе возможни
оксидациски состојби) тогаш помеѓу името на металот и зборот хидроксид се
пишува оксидациската состојба на металот во соодветниот хидроксид со римски
број во мала заграда до името на металот.
- Доколку металот има само една возможна оксидациска состојба тогаш таа не се
запишува во називот на металот
Примери:
NaOH натриум хидроксид;
LiOH литиум хидроксид;
Mg(OH)2 магнезиум хидроксид;
Fe(OH)2 железо(II) хидроксид;
Fe(OH)3 железо(III) хидроксид;
Cr(OH)3 хром(III) хидроксид;
Cr(OH)6 хром(VI) хидроксид.
КИСЕЛИНИ
Киселини (соединенија што во вода дисоцираат и даваат Н+ (водороден протон)
како катјон и киселински остаток како анјон
-во киселините валентноста на водородот секогаш е +1
Името на киселината се формира според името на елементот што ја образува киселината.
При тоа не може да се дефинираат строги правила при формирање на називите.

Безкислородни киселини (киселини што не содржат кислород во својот состав)


- имињата на овие киселини се добиваат кога на името на елементот што
ја гради киселината се додава наставката – о и водородна киселина.
Примери:
Безкислородна киселина на хлор е HCl и се вика хлороводородна киселина
Безкислородна киселина на флуор е HF и се вика флуороводородна киселина
Безкислородна киселина на сулфур е H2S и се сулфуроводородна киселина

Имињата на анјоните од бескислородните киселини (киселински остаток) се


образуваат така што на елементот што ја образува киселината се додава наставката –ид.

Примери:
Cl- - хлорид CN- - цијанид
S2- - сулфид Br- - бромид

Кислородни киселини (киселини што покрај водородот и некој друг


елемент содржат и кислород во својот состав)

- името на основната кислородна киселина на секој елемент се добива кога на името


на елементот што ја гради киселината се додаде наставката – НА или –ОВА
КИСЕЛИНА
-
Пример: основната кислородна киселина на хлор има формула HClO 3 и се вика хлорна
киселина
Примери за номенклатура на основни кислородни киселини:
• HClO3 хлорНА киселина
• HIO3 јодНА киселина
• HBrO3 бромНА киселина
• H2SO4 сулфурНА киселина
• H2SeO4 селенОВА киселина
• H6TeO6 телурНА киселина
• HNO3 азотНА киселина
• H3PO4 фосфорНА киселина
• H3AsO4 арсенОВА киселина
• H3SbO4 антимонОВА киселина
• H2CO3 јаглеродНА киселина
• H4SiO4 силициумОВА киселина
• H2SnO3 калајНА киселина
• H3BO3 борНА киселина
• H2CrO4 хромНА киселина
• H2MnO4 манганОВА киселина

- Кислородните киселини кои имаат еден кислороден атом повеќе од основната


кислородна киселина го формираат своето име така што се додава префиксот -ПЕР
пред името на основната кислородна киселина

Пример: основна киселина на хлорот е HClO3 –хлорна киселина, додека HClO4 е


перхлорна киселина.

- Кислородните киселини кои имаат еден кислороден атом помалку од основната


кислородна киселина го формираат своето име со додавање на наставката - еста
киселина кон името на елементот што ја формира киселината

Примери:
Кислородни киселини кои имаат еден
Основни киселини кислороден атом помалку од основната
кислородна киселина
Хлорна киселина, HClO3 Хлореста киселина, HClO2
Сулфурна киселина, H2SO4, Сулфуреста киселина, H2SO3
Селенова киселина, H2SeO4, Селенеста киселина, H2SeO3
Азотна, HNO3, Азотеста киселина, HNO2
Фосфорна киселина, H3PO4 Фосфореста киселина, H3PO3
- Кислородните киселини кои имаат два кислородни атома помалку од основната
кислородна киселина го формираат своето име кога се додава
наставката ХИПО – пред зборот кој завршува на –ЕСТА (Пример: основна киселина на
хлорот е HClO3 –хлорна киселина, додека HClO е ХИПОхлореста киселина).

Имињата на анјоните на киселините што завршуваат на –на или –ова се образуваат


така што на името на елементот којшто ја образува киселината се додава наставката –ат,
додека за киселините чиишто имиња завршуваат на –еста се додава наставката –ит.
Примери:
SO42- - сулфат SO32- - сулфит
AsO43- - арсенат AsO33- - арсенит
Киселината чијашто формула се изведува со формално одземање на една
молекулавода од основната киселина добива назив формиран од основната киселина со
префикс мета-
Пример: HPO3 метафосфорна киселина (H3PO4 - H2O = HPO3, H3PO4 фосфорна
киселина).
Киселината чијашто формула се изведува со формално одземање на една молекула
вода од две молекули на основната киселина добива назив формиран од основната
киселина со префикс пиро-.
Пример: H4P2O7 пирофосфорна киселина (2H3PO4 - H2O = H4P2O7).
Со замена на еден или повеќе кислородни атоми во киселината со атоми на сулфур
се добиваат т.н. тио-киселини. Називот на тио-киселината се добива од основната
киселина со додавање на префиксот тио.
Пример: H3AsO3S тиоарсенова киселина (H3AsO4 арсенова киселина)
СОЛИ
Соли (соединенија што се добиваат при реакција на киселини и бази; во солите
учествуваат металните јони од базите и киселинските остатоци од киселините)
Со замена на сите водородни атоми на киселината со метал се добиваат нормални
(неутрални) соли. Називот на солта се формира од името на металот и името на радикалот
на киселината. Доколку металот има повеќе возмоѓни оксидациски состојби, тогаш до
името на металот слеано се запишува оксидациската состба со римски број ставен во мала
заграда.
Примери:
AgCl сребро хлорид
FeCl2 железо(II) хлорид
CuI бакар(I) јодид
Ca(NO3)2 калциум нитрат
Na2SO4 натриум сулфат
(NH4)2S амониум сулфид
Според ова неопходно е да се знаат називите на киселинските радикали.
Називи на јони од киселинските радикали на бескислородни и кислородни киселини:
киселинските радикали на бескислородни киселинските радикали на кислородни
киселини киселини
F фруорид
1-
BO33- борат
CN1- цијанид OCN1-цијанат
Cl1- хлорид ClO31- хлорат
I1- јодид NO31- нитрат
Br1- бромид PO43- фосфат
S2- сулфид SO42- сулфат
Se2- селенид CO32- карбонат
Te2- телурид SiO44- силикат
Киселинските радикали на бескислородните киселини, односно јоните формирани од овие
радикали, добиваат називи според неметалот и наставката ИД.
Киселинските радикали на основните кислородни киселини, односно јоните формирани од
овие радикали, ги формираат називите врз основа на називот на неметалот и наставката
АТ.
Називи на јоните формирани од радикалите на киселините што се изведени од
основните киселини:
ClO21- хлорит (ClO31- хлорат)
ClO1- хипохлорит
ClO41- перхлорат
PO31- метафосфат
P2O44- пирофосфат
AsSO33- тиоарсенат

Називите на радикалите и јоните на пер киселините во називот добиваат префикс


ПЕР и наставка АТ
Називите на радикалите и јоните на еста киселините во називот добиваат наставка ИТ
Називите на радикалите и јоните на хипо-еста киселините во називот добиваат префикс
ХИПО и наставка ИТ
Примери:

Хидроген соли се оние соли кај кои еден или повеќе водородни атоми на
киселината не се супституирани со метал. Пример: NaHSO4 натриум хидрогенсулфат,
KH2PO4 калиум дихидрогенфосфат.
Хидроген солите добиваат назив со додавање на префиксот ХИДРОГЕН пред
името на киселинскиот радикал. Доколку во киселинскиот радикал постојат повеќе од
еден водороден атом, пред префиксот ХИДРОГЕН се именува стехиометрискиот индек
на водородниот атом искажан на грчки.
Хидроксид соли се оние соли коишто во својот состав содржат и хидроксидна група
покрај металот и киселинскиот радикал. Примери: BiOHSO4 бизмут(III) хидроксид
сулфат, Bi(OH)2Cl бизмут(III) дихидроксид хлорид. Називите за хидроксид солите се
образуваат анаогно на хидроген солите со таа разлика што префиксот ХИДРОГЕН е
заменет со терминот ХИДРОКСИД. Забелешка: Терминот ХИДРОКСИД се пишува
одвоено од името на металот и киселинскиот радикал, за разлика од префиксот
ХИДРОГЕН кој се пишува слеано со името на радикалот.
Оксид соли се оние соли кои што во својот состав содржат кислороде атом
(оксиден јон О2-) покрај металот и киселинскиот радикал. Примери: BiOCl бизмут(III)
оксид хлорид, UO2SO4 уран(VI) диоксид сулфат. Називите на оксид солите се образуваат
аналогно на хидроксид солите со таа разлика што терминот ХИДРОКСИД е заменет со
терминот ОКСИД
Двојни (мешани) соли се оние соли кои во својот состав содржат два или повеќе
различни метали или киселински радикали. Примери: NaKSO4 натриум калиум сулфат,
CaCl(ClO) калциум хлорид хипохлорит. Називите на двојните соли се формираат според
правилата за обичните соли само што се именуваат пооделно двата метала или двата
киселински радикали.
Кристалохидрати се оние соли кои во својот состав содржат една или повеќе
молекули вода. Примери: Na2CO3 ·10H2O натриум карбонат декахидрат, NiCl2·6H2O
никел(II) хлорид хексахидрат. Називите на кристалохидратите се формираат според
правилата за обичните соли само што после името на солта се додава зборот хидрат на кој
што мусе додава префикс кој што го означува стехиометрискиот коефициент што се
однесува на бројот молекули вода, искажан на грчки.
ФОРМУЛИ И НАЗИВИ НА КОМПЛЕКСНИТЕ СОЕДИНЕНИЈА
Според правилата на IUPAC, при запишувањето на формулите, деловите на формулната
единка што се комплексни, се одделуваат со ставање средни загради, додека мали загради
се употребуваат за да се одделат формулите на лигандите.
Важно е следното: Во формулите на комплексните соединенија делот што претставува
комплекс се пишува во средни загради, а нивниот број се запишува како индекс зад
малите загради. Ако во комплексот има повеќе различни лиганди, во формулата првин се
наведуваат (по абецеден ред) оние за кои се смета дека се негативни, а потоа (исто така по
абецеден ред) оние што се неутрални. Образувањето на називите на комплексните
соедниненија зависи од тоа дали се работи за јонско соединение или за неутрален
комплекс.
Кај јонските комплексни соединенија, секогаш прво се дава називот на катјонот, а потоа
називот на анјонот, онака како што се постапува и кај соединенијата кои не се
комплексни.
Ако катјонот е комплексен, тогаш неговиот назив се образува на следниот начин:

[Co(NH3)6]Cl3 - катјонски комплекс - Хексаамминкобалт(III)-хлорид


- редоследот во називите на катјонскиот комплекс е следен: број и назив на
лигандата, назив на централниот атом, оксидациониот број на централниот атом во
заграда (се како еден збор) црта и назив на анјонот.
Na2[Co(OH)4] анјонски комплекс - Натриум-тетрахидроксидокобалтат(II)
- редоследот во називите на анјонскиот комплекс е следен: назив на катјон, цртица,
број и назив на лиганда, латински назив на централен атом со измена и додaвка на
наставката –ат, оксидацискиот број на централниот атом во заграда.

[CoCl3(NH3)3]0 неутрален комплекс (нема катјони/анјони)-


Триамминтрихлоридокобалт(III)
- кога комплексот е неутрален, се постапува слично како погоре, со тоа што називот
завршува со името на елементот на кој што му припаѓа централниот атом ( со
оксидацискиот број)

- Бројот на лиганди се означува со грчките броеви: моно, ди, три, тетра, пента, хекса,
хепта, окта, нона, дека...
- Назив на лигандите:
- анјонски (се додава наставката –о)
F– флуоридо SO42– сулфато
Cl хлоридо

S2O32– тиосулфато
Br– бромидо CN– цијанидо
I јодидо

SCN– тиоцијанато
OH– хидроксидо

- неутрални и катјонски
H2O аква NH3 аммин
CO карбонил NO+ нитрозил

Латинскиот назив на централниот атом се добива кога на коренот на латинскиот назив на


елементот, на којшто му припаѓа централниот атом, се додава наставката –ат:

Co кобалтат Ag аргентат
Ni никелат Au аурат
Al алуминат Pt платинат
Zn цинкат Hg хидраргират (или меркурат)
Pb плумбат Fe ферат
Cu купрат Sn станат

Пример: K[Au(CN)4]
- Соединението е образувано од калиумови катјони и комплексни анјони.
- Називот ќе му почне од калиум, а потоа ќе се додаде називот за комплексниот
анјон.
- Бидејќи бројот на лиганди е 4, називот ќе почне со тетра,
- Бидејќи лигандите се цијанидни анјони, називот ќе продолжи со цијано-
- Бидејќи се работи за комплексен јон на златото називот ќе заврши со аурат
- Полниот назив на комплексното соединение ќе биде калиум-тетрацијаноаурат
(III)
- Останати примери:
[Ni(H2O)6](NO3)2 - хексаакваникел(II)-нитрат
K2[NiCl4] – калиум - тетрахлороникелат(II)
[Fe(H2O)6]2(CO3)3 - хексаакважелезо(III)-карбонат
(NH4)3[Fe(CN)6] - амониум-хексацијаноферат (III)

Задачи
1. Напиши ги имињата на следните оксиди:
- ZnO ____________________________________
- BaO _____________________________________
- Al2O3_____________________________________
- N2O_____________________________________
- N2O4_____________________________________
- Li2O_____________________________________

2. Напиши ги хемиските формули на следните оксиди:


- бакар(I) оксид_______________________________
- бакар(II) оксид______________________________
- манган(III) оксид_____________________________
- јаглерод(IV) оксид____________________________
- фосфор(III) оксид_____________________________
- жива(II) оксид________________________________

3. Напиши ги имињата на следните хидроксиди:


- Zn(OH)2__________________________________
- CuOH ___________________________________
- KOH_____________________________________
- Ca(OH)2__________________________________
- Cu(OH)2__________________________________
- Al(OH)3__________________________________

4. Напиши ги хемиските формули на следните хидроксиди:


- Магнезиум хидроксид_______________________________
- Бариум хидроксид ______________________________
- Олово(IV) хидроксид_____________________________
- Амониум хидроксид____________________________
- Железо(III) хидроксид___________________________

5. Напиши ги имињата на следните киселини:


- HCN__________________________________
- HBr __________________________________
- HClO__________________________________
- HIO4__________________________________
- HNO3__________________________________
- H3PO4_________________________________

6. Напиши ги формулите на следните киселини


- Селенеста киселина
- Сулфуреста киселина
- Јаглеродна киселина
- Силициумова киселина
- Бромна киселина
- Арсенова киселина

7. Напиши ги имињата на следните комплесни соединенија:


- Na2[NiCl4] –
- K2[CuBr4] –
- [Al(H2O)6] Br3 –
- [Cr (NH3)6] Cl3 –
- [Co (NH3)6] Cl3 -
- [Cd (H2O)4] (NO3)2 -
- Na3[Cu (CN)4] –
- Ag4[Fe (CN)6] –
- [Fe(NH3)6][Cr(CN)6] -
Решенија
1. Напиши ги имињата на следните оксиди:
- ZnO - цинк оксид
- BaO - бариум оксид
- Al2O3 – алуминиум оксид
- N2O - азот(I) оксид
- N2O4 - азот(IV) оксид
- Li2O - литиум оксид

2. Напиши ги хемиските формули на следните оксиди:


- бакар(I) оксид - Cu2O
- бакар(II) оксид – CuO
- манган(III) оксид - Mn2O3
- јаглерод(IV) оксид – CO2
- фосфор(III) оксид – P2O3
- жива(II) оксид – HgO

3. Напиши ги имињата на следните хидроксиди:


- Zn(OH)2 – цинк хидроксид
- CuOH бакар(I) хидроксид
- KOH калиум хидроксид
- Ca(OH)2 калциум хидроксид
- Cu(OH)2 бакар(II) хидроксид
- Al(OH)3 алуминиум хидроксид

4. Напиши ги хемиските формули на следните хидроксиди:


- Магнезиум хидроксид Mg(OH)2
- Бариум хидроксид Ba(OH)2
- Олово(IV) хидроксид Pb(OH)4
- Амониум хидроксид NH4OH
- Железо(III) хидроксид Fe(OH)3

5. Напиши ги имињата на следните киселини:


- HCN – цијановодородна киселина
- HBr - бромоводородна киселина
- HClO – хипохлореста киселина
- HIO4 – перхлорна киселина
- HNO3 – азотна киселина
- H3PO4 – фосфорна киселина

6. Напиши ги формулите на следните киселини


- Селенеста киселина H2SeO3
- Сулфуреста киселина H2SO3
- Јаглеродна киселина - H2CO3
- Силициумова киселина - H4SiO4
- Бромна киселина - HBrO3
- Арсенова киселина - H3AsO4

7. Напиши ги имињата на следните комплесни соединенија:


- Na2[NiCl4] – натриум тетрахлороникелат(II)
- K2[CuBr4] – калиум тетрабромокупрат (II)
- [Al(H2O)6] Br3 – хексаакваалуминиум(III) бромид
- [Cr (NH3)6] Cl3 – хексаамминхром(III) хлорид
- [Co (NH3)6] Cl3 - хексаамминкобалт(III) хлорид
- [Cd (H2O)4] (NO3)2 - тетрааквакадмиум(II) нитрат
- Na3[Cu (CN)4] – натриум тетрацијанокупрат(I)
- Ag4[Fe (CN)6] – сребро хексацијаноферат(II)
- [Fe(NH3)6][Cr(CN)6] - хексаамминжелезо(III) хексацијанохромат(III)

You might also like