You are on page 1of 3

Задачи од вежба 1 до вежба 6, 2022/2023

1. Да се пресмета рН на растворот на Ca(OH)2, ако концентрацијата на хидроксилните


јони е 2,7·10-4 mol/dm3. (Задача 7, вежба 6)

2. Да се најде рН на раствор кој содржи 0,76 mol/l калциум хидроксид и 1,34 mol/L
калциум хлорид. Костантата на дисоцијација на калциум хидроксид изнесува 1,79 ·
10-5 mol/L. (Задача 9, вежба 6)

3. Да се пресмета рОН на соединението чија концентрација на водородните јони е


10·10-10 mol/dm3. Дали соединението е киселина или база? (Задача 11, вежба 6)

4. Колку грама фосфорна киселина и калциум хидроксид треба да се земат за да се


подготви 100 g калциум фосфат?
2H3PO4 + 3Ca(OH)2 → Ca3(PO4)2 + 6H2O
M (H3PO4) = 98 g/mol; M (Ca(OH)2) = 74.09 g/mol; M (Ca3(PO4)2) = 310.18 g/mol.
(Задача 13, вежба 6)
5. Колку грама натриум сулфат е потребно за од растворот кој содржи 100 g олово (II)
нитрат сето олово се исталожи како олово (II) сулфат?

Pb(NO3)2 + Na2SO4 → PbSO4 + 2NaNO3

M (Pb(NO3)2) = 331.21 g/mol; M (Na2SO4) = 142.04 g/mol


(Задача 14, вежба 6)
6. Колку бариум хлорид е потребно за од 10 g натриум сулфат се исталожи присутниот
сулфатен јон?

BaCl2 + Na2SO4 → BaSO4 + 2NaCl

M (BaCl2)=208.233 g/mol; M (Na2SO4)=142.042 g/mol


(Задача 16, вежба 6)

7. Која е емпириската формула на јаглеводородот кој содржи 75% јаглерод и 25%


водород?
(Задача 4, вежба 5)

8. Напишете ги оксидационите броеви на елементите во соединенијата: Na2B4O7;


H2S2O8; Ba(OH)2.
(Задача 6, вежба 5)
9. При загревање примерок од 5 g CdSO4 губи 1,88 g од својата маса. При тоа е
забележано дека од примерокот се губи само вода. Која е формулата на тоа
соединение.
(Задача 7, вежба 5)
10. Да се изедначат следниве равенки:
Cu + HNO3 → Cu(NO3)2 + NO + H2O

KMnO4+H2O2+H2SO4→ MnSO4+ O2 + K2SO4+ H2O

NaNO2 + KMnO4 + H2SO4 → NaNO3 + K2SO4 + MnSO4 + H2O

(Задача 8, вежба 5)

11. Со спалување на 6,19 грама фосфор сме добиле 14,19 грама на некој фосфорен оксид.
Напиши ја формулата на тој оксид.
(Задача 9, вежба 5)

12. Едно соединение содржи 16,4 g Mg, 39,5 g Ni, а остатокот е Zn. Да се напише
формулата на тоа соединение.
(Задача 10, вежба 5)

13. Колку грама калиум карбонат е потребно за да се припреми 1 dm 3 раствор со


концентрација 1 mol/dm3.
(Задача 7, вежба 4)
14. Како ќе подготвите 1 L раствор на хлороводородна киселина со концентрација 0,646
mol/dm3 од раствор на истата киселина со концентрација 2 mol/dm3 раствор?
(Задача 9, вежба 4)
15. Да се подготви 100 g 10 % раствор на натриум хлорид.
(Задача 13, вежба 4)
16. Колкава е молската концентрација на раствор од натриум карбонат кој содржи 40
грама натриум карбонат во 600 грама раствор? Густината на ратворот е 1,023 g/cm3.
(Задача 15, вежба 4)
17. Раствор на фосфорна киселина во 1 dm 3 раствор содржи 1436 g фосфорна киселина?
Густината на растворот е 1,689 g/cm3. Да се пресмета масениот удел на фосфорната
киселина и да се изрази во %.
(Задача 16, вежба 4)
18. Колкава е молската концентрација на раствор од сребро нитрат, ако масената
концентрација е 100 g/dm3 ?
(Задача 17, вежба 4)
19. Колку натриум-тиосулфат (Na2S2O3) треба да се измери за да се припреми 400 g 5%
раствор на натриум-тиосулфат во вода?
(Задача 18, вежба 4)
20. Колку натриум хидроксид треба да се измери за да се подготви 500 cm 3 25% раствор
со густина 1,045 g/cm3?
(Задача 19, вежба 4)
21. Густината на 20% фосфорна киселина е 1,114 g/cm 3. Да се пресмета молската и
масената концентрацијата на тој раствор.
(Задача 20, вежба 4)

22. Колку атоми има во 15 g:


в) злато;
г) тантал?
(Задача 3, вежба 1)
23. Колку молекули има во 115 g:
г) Na2CO3
д) КОН
(Задача 10, вежба 1)

You might also like