You are on page 1of 3

Аналитичка хемија 2 1

Фармација, 2019
Асс. Паулина Апостолова

ВЕЖБА 1

Стехеометриски пресметки во аналитичка хемија


Пресметување врз основа на хемиски равенки и пресметување врз основа на
лимитирачки реагенс

1. Определи ја масата во грами на Na+ (22.99 g/mol) кои ќе се добијат при дисоцијација
на 25.0 g од Na2SO4 (142.0 g/mol).

2. Ферментот дехидрогеназа на млечна киселина изолиран од мускулно ткиво врши


хемиска трансформација на млечната киселина (С3Н6О3) во пирогроздова киселина
(С3Н4О3). Колкава маса изразена во милиграми млечна киселина целосно се
трансформирале во 0,234 г пирогроздова киселина?

3. Колкава маса од жива (II) јодид ќе се добие при реакција на директна синтеза ако во
рeакцијата учествуваат 0,723 g жива (200,59 g/mol) и 0,326 (126,90 g/mol) g јод.

4. При загревање на смеса од бакар и сулфур се добива бакар (I) сулфид. Колку грама
од овој сулфид може да се добие ако со 95,31 g бакар се загрева 24,09 g сулфур?

5. За добивање на SО2 кој се користи за производство на H2SO4 најчесто се користи


пржењето на пиритот, кој е природен минерал на железото. Колку молови ќе се
добијат, ако за согорување на пиритот се потрошени 506 мола кислород? Реакцијата
се одвива по следнава хемиска равенка:
FeS2 + О2 → Fe2O3 + SO2

6. При растварање на магнезиум во сулфурна киселина е добиен 10 g магнезиум сулфат


хептахидрат. Колкава била масата на магнезиумот? Реакцијата е следнава:
Mg + H2SO4 = MgSO4 + H2

7. Со жарење на варовник се добива калциум оксид. Ако масата на варовникот е 250 g,


а масениот удел на CaCO3 е 50%, колкава е масата на добиениот CaO?

8. Во раствор кој содржи 14,0 g AgNO3 е додадено 4,83 g CaCl2. Да се покаже кое
соединение е во вишок и колкав е тој вишок. Да се определи масата на добиениот
AgCl.

9. Маса од 78,1 mg натриум карбонат е растворена во дестилирана вода. За титрација


е потрошен волумен од 13,6 ml хлороводородна киселина. Да се пресмета
количествената концентрација на растворот од HCl.

10. Која маса од AgNO3 (169,9 g/mol) е потребна за претворање на 2,33 g Na2CO3 (106,0
g/mol) во Ag2CO3. Определи ја масата на Ag2CO3 (275,7 g/mol) што ќе се добие!
Аналитичка хемија 2 2
Фармација, 2019
Асс. Паулина Апостолова

Раствори, Количествена и масена концентрација, Удел, Врска помеѓу концентрација и


удел, Мешање и разредување на раствори

1. Да се подготват 500 cm3 раствор од натриум карбонат со молска концентрација од


0,1 mol/dm3 ?

2. Масениот удел на натриум хлорид во физиолошкиот раствор изнесува 8,86 ‰. Колку


грама натриум хлорид е потребен за приготвување на еден литар физиолошки
раствор. Густината на овој раствор изнесува 1,0087 g/cm3.

3. Со анализа на 12 cm3 крв утврдено е присуство на 1,04 х 10-3 g глукоза. Колку изнесува
количествената концентрација на глукозата во крвта?

4. За неутрализација на 20 cm3 раствор од сулфурна киселина е потрошено 32 cm3


раствор од калиум хидроксид со концентрација 0,1123 mol/dm3. Пресметајте ја
количествената концентрација на сулфурна киселина!

5. Испитувањата на сахаридите во крвта покажале дека, освен глукоза, во крвта има и


фруктоза и тоа приближно 0,0140 %. Густината на крвта изнесува 1,05 g/cm3. Колку
изнесува количествената концентрација на фруктозата во крвта?

6. Колку изнесува волуменскиот удел на етанол во раствор кој содржи 50 cm3 етанол
растворени во 200 cm3вода?

7. Во 400 g вода, растворени се 100 g бакар(II) хлорид. Колку изнесува масениот удел
на бакар (II) хлорид во растворот, изразен во проценти?

8. Колку сm3 од сулфурна киселина со удел 96% и густина 1,84 g/ cm3 се потребни за да
се подготват 250 cm3 раствор со концентрација 0,1 mol/dm3?

9. Колку изнесува масената концентрација на натриум хидроксид во 100 cm3 раствор


кој содржи 5 g натриум хидроксид?

10. Колку грама калиум нитрат треба да се растворат за да се приготват 250 cm3раствор
во кој количинската концентрација на калиум нитрат изнесува 0,1 mol/dm3?

11. Колку грама натриум хлорид и колку грама вода треба да се земат за да се приготват
5 kg раствор во кој масениот удел на натриум хлоридот е 20 %?

12. Во 200 g вода, растворени се 120 g магнезиум хлорид. Колку изнесува масениот удел
на магнезиум хлорид во растворот, изразен во проценти?

13. Во 1000 g вода, растворени се 600 g калиум јодид. Колку изнесува масениот удел на
калиум јодид во растворот, изразен во проценти?

14. Колкав волумен вода треба да се додаде на 300 cm3 раствор од сулфурна киселина
со концентрација 0,5 mol/dm3 за да се добие раствор со концентрација 0,1 mol/dm3?
Аналитичка хемија 2 3
Фармација, 2019
Асс. Паулина Апостолова

15. Колкав волумен (во cm3) раствор може да се приготви со волуменски удел 0,6 % од
72 g етанол со густина 0,9 g/cm3?

Само за потсетување

Безбедност во лабораторија
1. Повеќето хемикалии во лабораторијата се токсични. Некои се многу токсични, а некои -
како што се концентрираните раствори на киселините и базите – се силно корозивни.
Затоа избегнувајте контакт на кожата со овие течности. Ако до тоа сепак дојде, веднаш
исплакнете ја повредената површина со обилни количество вода. Ако корозивна течност
се истури на облеката, таа мора веднаш да се соблече. Брзината е од суштинска важност;
срамежливоста нема никаква важност.
2. НИКОГАШ не изведувајте експеримент без дозвола. Таквата активност често се
санкционира со отстранување од институцијата.
3. Никогаш не носите храна и пијалоци во лабораторија. Не смеете да пиете од
лабораториски садови. Не смеете да пушите во лабораторија.
4. Секогаш употребувајте гумена топка за всмукување за да ја наполните пипета.
5. Нозете треба да бидат соодветно покриени. Не носете сандали. Долгата коса треба да се
собере и врзе. Носењето лабораториски мантил или кецела е обврзно и обезбедува
некоја заштита.
6. Бидете екстремно внимателни при допирање на загреани предмети. Топлото стакло
изгледа исто како и ладното стакло.
7. Употребата на дигесторот е неопходна кога се развиваат отровни и опасни гасови.
Бидете внимателни при тестирањето на мириси. Употребете ја раката и со мавтање
усмерите ги пареите над садот кон носот.
8. Известете го асистентот за евентуална незгода или ранување.
9. Отстранувањето на растворите и хемикалиите од лабораторијата се врши според
упатствата. На многу места, не е дозволено да се истураат раствори што содржат јони на
тешки метали или органски течности во одводните цевки. За отстранување на такви
течности потребни се други начини на складирање.

You might also like