You are on page 1of 12

ПСИХОЛОГИЈА

Психологија (I колоквиум)
1.Дефиниција за Психологија

Психологијата е наука која ги проучува психичките појави, механизмите, принципите и


законите според кои се одвива психичкиот живот на возрасниот човек. Тие можат да
бидат резултат од внатрешни и надворешни фактори, но и самоактивност на личноста.
Психологијата е систематско изучување на психичкиот живот на човекот и
животните, на основа на научно проучување на објективното однесување и
непосредното искуство. Велат дека психологијата има кратка историја, но долго
минато.

2.Предмет на психологијата

Предметот претставува подрачје на стварноста која една наука го проучува.


Психологијата го проучува психичкиот живот, појавите и процесите кај човекот,
односно неговата психичка стварноста. Освен човекот, таа го проучува и психичкиот
живот на животните. И тоа го прави од два аспекти: надворешно манифестно
однесување, или непосредно сознание кое го имаме или другите го имаат за себе и
сопствените доживувања.

3.Поделба на методите на истражување и објаснување на еден од нив

Во психологијата се разликуваат два општи начина на организирање на


истражувањата т.е двна основни метода:

1. Методи на систематско неекспериментално истражување


2. Метод на експериментално истражување

Метод на систематско неескпериментално наблудување

Методот на систематско набљудување претставува намерно и однапред планирано


набљудување на некој објект или појава и нивното однесување. За едно набљудување
да биде систематско, потребно е да се регистрира сѐ што може да се значајно за
конкретното испитување. Потребно е: да се има план за набљудување, да се
набљудува објективно и независно од особините на набљудувачот, да се определи
предметот на истражување, да се контролираат условите во кои се јавува појавата,
да се има одредено крајна цел итн. Овој метод е корисен и во другите науки (особено
општествените и природните). Корисен е и во школските ситуации, во набљудување
на особини на ученикот или учителот.

3.1.Техники на психолошките истражувања

Во процесот на прибирање податоци се користат голем број техники на псих.


истражување. Под ова се подразбира посебни видови кои се користат во поедини
фази од психолошкото истражување со цел да се приберат и обработат податоците.
Постојат голем број на техники и тоа се: прашалник, интервју, скали на процена,
анкетирање, социометриска техника, проективни техники и тестови.

Прашалник – Прашалникот претставува постапка на писмено поставување прашања.


Тој се користи кога групата на испитаници е голема и не постои можност за примена на

2
поединечно интервју. При негово составуање треба да се одреди целта, за кого е
наменет, да се познава психологијата на испитаниците, треба да се води сметка и за
видот на прашањата, да не бидат многу долги и обемни, да не се даваат прашања на
кои однапред се знае одговорот итн.

4.Интервју – Интервјуто претставува планско предизвикување на вербална


комуникација со цел да се добие мислење и стекне сознание за проучување на некој
психолоши проблем. Тоа претставува професионален и намерно насочен разговор на
две лица, а некои научници ги делат на добри и лоши интервјуа.

Тоа е една од најуниверзалните техники на секое психолошко проучување. Уште се


нарекува види и поразговарај, или излегување на лице место. Интервјуто може да
биде информативно, експлоративно, дијагностичко и терапевтско. Во однос на
стратегијата, може да биде стандардизирано и нестандардизирано. Стандардното е
она во кое е однапред определена содржината (слично со анкетата), а
нестандардното е слободно и наликува на обичен разговор.

При интервјуто, потребно е: оној кој го спроведува да се претстави и себеси и


интервјуто, да се објасно важноста од истото, добро да се познава проблематиката, да
биде загарантирана анонимноста и дискрецијата, држење до темата, без наметнување
сопствени ставови на интервјуираниот, почитување на временското ограничување, без
видлива надворешност во облекувањето итн. Потребно е да се следи како
испитаникот одговара, со какви тонски модулации и паузи, каков е стилот на
изразување, движењата на устата и рацете, мимиките и гестовите, изразот на очите и
лицето, држење на целото тело и други спонтани и незабележителни движења кај
испитаникот. Посебна димензија претставува емоционалната состојба која ја покажува
општата состојба на организмот.

5.Како се делат тестовите? – Тестови на знаење (тестови на постигнување/наставни


тестови), тестови на способности и тестови на личност;

6.Кои се метриските карактеристики на тестовите на знаење? – веродостојност


(исти варијабили т.е резултатите да не се менуваат од едно до друго тестирање),
правилност (валидност) вистински го мери она што треба да го мери), објективност
(да не зависи од други услови и други лица, туку исклучиво од оние што тестираат),
осетливост (дискриминативност т.е со него да можеме да ги разликуваме
испитаниците), баждарење (можноста да се трансформираат добиените резултати во
некои други резултати);

7. Што е значајно во врска со прашањата при составувањето на тестот на


знаење? – Потребно е тие да ги содржат одредените карактеристики како валидност,
осетливост, објективност, практичност, економичност, како и неопходните
метриски карактеристики;

8. Што значи дискриминативност на тестот? – Осетливост или дискриминативност


значи со тестот да можеме да ги разликуваме испитаниците од аспект на развиеноста
на особината која е предмет на испитување. Доколку сите испитаници би имале исти,
или приближно исти резултати, тогаш тој тест не би бил осетлив т.е дискриминативен;

3
9. Објаснете ги фазите во изготвување на тестовите на знаење – Тие тестови
може да бидат во различни облици: средување, дополнување, повеќестепен избор.
Тие не утврдуваат што единката може, туку што таа совладала во текот на учењето;

10. Објаснете го задавањето на социометриската постапка? – Изразот потекнува


од латинскиот збор социјус (друштвено) и метрос (мерење). Тоа е мерење на
друштвеноста аналогно на психотерапијата. Јакоб Морено е творец на оваа постапка
и со неа се испитуваат социјалните односи во групата, како и структурата во групата
т.е положбата на поединците во неа.

Социометриската постапка се задава кога наставникот ќе им постави одредени


прашања на учениците во врска со учењето, работата, слободните активности,
заедничките игри и взаемните посети. Ќе им објасни дека тоа му е потребно за научни
цели и дека резултатите нема да ги виде никој друг освен тој. Потоа преминува на
прашањата: Со кои учениците сакаш да учиш, соработуваш, дружиш итн? Со
кои најмалку сакаш да соработуваш и се дружиш?

11. Што наведуваат социометриските категории, а што социометриските индекси


(наведете пример)? – Категориите ги подразбираат социјалните положби на
поединци во групата. Еве неколку социјални категории: Осамени (оние кои никој не ги
бира и никого не бираат), Неизбрани (оние кои бираат, но нив не ги бира никој),
Отфрлени (оние кои бираат други членови и групи, но од другите се отфрлени),
апстиненти (оние кои не бираат други, а сами се бирани од други членови),
популарни деца (прифатени или ѕвезди на привлекување) оние кои добиле повеќе од
половина гласови), непопуларни (неприфатени или ѕвезди на одбивање) кои биле
отфрлени од половина од одделението, взаемно привлечни (врска помеѓу двајца
членови на групата кои дале позитивни гласови еден на друг), взаемно одбивање,
нереципрочен начин (врска помеѓу двајца членови од кои едниот дава позитивен
глас, а другиот го отфрла);

-Индекс на групна експанзија (ИГЕ) просечен број на позитивни гласови. Поголемиот


индекс на групната експанзија укажува на подобри меѓусебни односи во групата. Овој
индекс се пресметува така што вкупниот број на позитивни гласови во групата се дели
со бројот на членовите на групата;

-Индекс на групна тензија (ИГТ) просечен број на негативни гласови во групата,


напнатост, нетрпеливост и затегнатост во односите. Се пресметува исто како и
претходното;

-Индекс на групна ефективна атмосфера (ИАА) покажува каков е односот помеѓу


позитивните и негативните гласови. Овој однос се движи од 1 до 100. Ако сите гласови
се негативни индексот изнесува 0. Индексот поголем од 50 значи дека во групите има
повеќе позитивни од негативни гласови. Тој индекс се добива кога вкупниот број на
гласови се дели со вкупниот број на позитивни и негативни гласови;

12.Метода на интроспекција или самонабљудување Методот на интроспекција или


самонабљудување го прави набљудување на сопствените доживувања. Некои
психолози сметат дека оваа е главна метода на педагошката психологија воопшто.
Вилјем Џејмс пишува: „Интроспективно набљудување е тоа на што мораме прво и во
најголема мера и секогаш да се потпреме“. Со интроспекцијата се добиваат податоци

4
за доживувањата на поединците. Во таа смисла, оваа метода е единствена и
незаменлива. Со интроспекцијата можат да се откријат некои лични особини на
ученикот. Особено се важни податоците добиени од учениците на кои начин ги
решаваат школските задачи и како се чувствуваат во текот на часовите. Посебно е
важна оваа метода при истражувањето на тешкотиите кај ученикот при совладувањето
на некој предмет, затоа што така можат да се откријат грешките на ученикот во
решавањето на задачата. Интроспекцијата може да се изврши во експериментални, а
и во природни услови. Експерименталното набљудување има поголеми предности
над природното набљудување кое се остварува во секојдневните услови.
Експерименталната интроспекција носи заштеда во време, овозможува подобра
контрола на условите дозволува повторување на интроспекцијата, и што е
најважно, го одвојува испитувачот од испитаникот. Интроспекцијата може да се
подели на: Ретроспекција и истовремено самонабљудување. Кај ретроспекцијата
се случува субјектот да даде изјава после доживеаниот случај кој претходно го гледал,
додека кај истовременото самонабљудување времето на доживување и гледање се
вклопуваат. Интроспекцијата зависи од тоа што се набљудува, дали се тоа нашите
чувства, процесот на мислење или емоциите. Оваа метода има свои предности и
недостатоци. Предноста е во тоа што со овој метод можат да се испитуваат суптилни
појави и некои особини на личноста, кои се тешки да се испитуваат со други методи.
Како забелешка на оваа метода се става што таа е недоволно научна заснована, се
нема доволна доверба во податоците кои се добиваат, се јавуваат тешкотии во
комуницирањето, опишувањата можат да бидат неадекватни и непотполни,
резултатите можат да бидат несигурни и противречни, се навлегува во приватноста на
поединецот;

13.Најзначајни органи за психичкиот живот се рецепторите (сетилните органи),


ефектори, (мускули и жлезди) и пред сè нервниот систем;
14.Нервен систем - Нервниот систем на човекот претставува или е носител на сите
психички функции и претставува најважна основа на психичкиот живот. Без него
човекот би бил механички склоп на нефункционални делови во кој отсуствува
психичкиот живот. Нервниот систем има три основни функции: 1. Регулирање на
работата на поедини функции и усогласување на организмот во целина, 2.
Поврзување на организмот со надоврешниот свет, 3. Претставува главна
физиолошка основа на целокупниот човечки психички живот;

15.Жлезди со внатрешно лачење – Епифиза, хипофиза, штитна жлезда, градна


жлезда, надбубрежни жлезди, панкреас, машки и женски полови жлезди;

16. Што претставуваат поимите: осамени, неизбрани, отфрлени, апсиненти,


популарни, взаемно привлечни? – Социометриски категории;

17. Објаснете ги метриските карактеристики на тестовите на знаење? -


веродостојност (исти варијабили т.е резултатите да не се менуваат од едно до друго
тестирање), правилност (валидност) вистински го мери она што треба да го мери),
објективност (да не зависи од други услови и други лица, туку исклучиво од оние што
тестираат), осетливост (дискриминативност т.е со него да можеме да ги
разликуваме испитаниците), баждарење (можноста да се трансформираат добиените
резултати во некои други резултати);

5
18. Кои се карактеристиките на методот на експериментот? – Експериментот
претставува истражувачка постапка со која се предизвикуваат систематски промени во
определена појава за да се набљудува нејзиното влијание врз појавата што се
проучува, во услови кога сите други појави се држат под контрола. Карактеристики
се: 1. Намерно предизвикување на појавите што се испитуваат, 2. Повторување на
појавите, и 3.Контрола на условите во кои се испитува појавата. Постојат и
недостатоци, а тоа е фактот дека постојат појави кои неможат експериментално да се
проучуваат. Тогаш се користи систематското неескпериментално истражување;

19. Кои (не??) се фактори на перцепирање и објаснете еден?

- Физички фактори – се однесувааат на интезитетот и траењето и се меѓу најважните


особини на дразбите, бидејќи од нив зависи јасноста и потполноста на
забележувањето. Некој среден интезитет е најпогоден за забележување;

-Физиолошки фактори – се однесуваат на статусот или состојбата на


функционалноста на постојните физиолошки механизми и процеси во личноста. Ако
претпоставиме дека сетилните приемници се анатомско-физиолошки во ред, како и
нервните патишта и структурата во мозокот, тогаш физиолошки фактори кои
доведуваат до разликите се: уморот, дејството на алкохолот, болеста и низа други
ситуации го го отежнуваат забележувањето;

- Психолошки фактори – тоа се интелигенцијата (која се активира при средба со


содржини кои порано не биле во искуството), мотивацијата (делува селективно)
емоциите (имаат исклучително влијание, особени негативните емоции како страв и
гнев и водат до деформација во перципирањето), социјални и социјално-
психолошки фактори итн. Тука е и искуството кое е можеби најзначајно;

-Дразба претставува физичко-хемиски процес т.е енергии кои делуваат на сетилата


оспособени за прием на таквите процеси. Ги има адекватни (ако има) и неадекватни и
надворешни и внатрешни.

20. Како поминува процесот од перцепција до реакција?

21. Која е разликата помеѓу претставите и перцепциите? – Претставите се


базираат на сетилно доживување, но тие не се верна репродукција на предметите и
појавите, туку се само слични на нив. Претставата се разликува од перепцијата
според: јасност и богатство на детали (претставата има слаб интензитет,
помала јасност и е сиромашна со поединости), во постојаноста (претставата е
непостојано и нестабилна), претставите се јавуваат во зависност од намерата ,
волјата на поединецот, но може и да се јават спонтано под влијание на
мотивацијата. Претставата за конкретниот предмет настанува врз основа на
воопштување голем број слични или исти, порано перцепирани предмети, додека
секоја конкретна перцепција е различна варијација во положбата (т.е од сегашноста
потекнува).

Ако перцепцијата се дефинира како свест за предметите и нивните својства кога тие
непосредно влијаат врз нашите сетила, тогаш претставите може да се дефинираат
како повторно доживување, обновување или репродукција на порано перцепцираните
предмети и појави и нивните својства кога тие не се присутни

6
-Перцепција – психолошка функција која му овозможува на организмот да ги прими и
обработи податоците кои се однесуваат на состојбата и промените во средината. Тоа
е функција која ваквите промени и состојби ги прима преку сетилата. Всушност тоа е
активен процес кој бара информации од средината, а менталната слика што се
формира во свеста на човекот се нарекува перцепција. Таа се заснова на сетилните
податоци, но не претставува обичен збир од осети, туку подразбира и нивно
интегрирање и организирање во целина;

22. Илузии – како резултат на многу физички, физиолошки, психолошки и други


фактори кај личноста се појавува нереално и непрецизно перцепирање на настаните,
состојбите, лицата и сликите околу себе. Резултат на таа појава се илузиите.
Халуцинации пак претставуваат перцепции без соодветни дразби (функционални се
кога имаме афектни состојби кај личноста како страв или ужас) и органски (кои се
условени од заболени мозочни центри);

23. Учење – создавање трајни или реалтивно трајни промени во индивидуата се


нарекува учење. Според тоа учењето претставува учење како да се мисли. Таа
промена е резултат на претходна активност на индивидуата. Предизвикана е и од
влијанието на средината и потребите на индивидуата која се менува;

24. Нацртајте ги кривите на учење и објаснете една. – Кривите на учење ги


покажуваат промените во напредувањето на учењето и тоа периодите кога нема
никакво напредување. Кога учениците од повеќе обиди ги совладуваат моторните
работи, тоа може графички да се претстави: количина на вежбање (независна
варијабила) и успехот (зависна варијабала). Количината на вежбање се поставува на
апцисната оска, додека успехот на ординатната оска;

Постојат три типични криви на учење: 1.Вдлабната крива или крива со позитивно
забрзување во напредувањето, 2.Испакната крива или крива со негативно
забрзување во напредувањето, 3.Крива во облик на буквата Ѕ;

-Испакната крива – графички го претставува учењето во кое напредувањто на


почетокот е брзо, а потоа се намалува, додека не стигне до нивото кога
напредувањето ќе исчезне. Оваа крива се појавува кога градивото е многу лесно, кога
задачите се прости, кога се има доволно предзнаење итн; (К – Количина на запомнато
градиво, вертикална и P – количина на вежбање и број на повторувања, хоризонтална)

-Вдлабната крива – графички го претставува учењето кај кое во почетокот


напредувањето е многу споро, а покасно е се побрзо и побрзо. Се јавува при учење на
бесмислени слогови, странски или мајчин јазик, сложени моторни задачи, вербално
тешко градиво итн;

25. Најсложен вид на учење – тоа е учењето по пат на увидување. Тоа е активно
мислење и творечко решавање на еден проблем. Таквото однесување се вика
интелектуално однесување. Тоа му овозможува на човекот да се приспособува кон
средината, но и средината да ја приспособува кон себе. Има поголеми предности пред
другите учења, оти се’ што ќе се научи со овој метод никогаш нема да се заборави.
Многу поефикасно учениците учат кога темата за која учат им е претставена како
проблем, што самите треба да го решат. Се доаѓа нагло до успех, се отфрлаат
неодговарачките начини и принципи од претходно употребуваните учења;

7
26.Распределено по време наспроти концентрирано учење – распределено по
време е она учење кога еден ист материјал или активност се повторува во одредени
временски интервали, со паузи меѓу нив. Концентрирано учење е она во кое сите тие
повторувања на материјалот што се учи се изведуваат во кус временски период..
Учењето распределено по време е покорисно и со него се постигнува подобар успех.
Тоа е поекономично, подолго опстанува, а заморот настанува побавно отколку кај
концентрираното учење. Кај концентрираното пак краткоста е основен мотив кој
позитивно делува на побрзото темпо на работа. Исто така е продуктивно и учењето на
делови, кое побрзо доведува до успех и при кое заморот е мал. Тука не се губи време
на повторување на она што е лесно оти веќе се знае. Ако еден материјал е потежок и
пообемен, тогаш се применува учење по делови, а ако материјалот е полесен подобро
е да се учи според методот на целина. Учењето според методот на целина повеќе им
одговара на бистрите деца. Сепак сето зависи и од возраста на ученикот, затоа кај
помалите е подобро на делови, а кај постарите во целина. Комбинираниот метод е
најефикасен метод на учење, според кој прво во целина го читаме и се запознаваме
со сиот материјал, а потоа го делиме на делови и го учиме постепено по делови во
целина;

27. Објаснете ја теоријата на Маслов. – Однесувањето на поединецот е определено


од повеќе мотиви. Често се јавиваат повеќе, но може да има и само еден мотив. Кога
ќе се најде човекот во судир на мотивите, тогаш тој го задоволува оној кој во моментот
е најсилен. Тој мотив се вика доминантен мотив.

Според А.Маслов биолошките мотиви ако се јавуваат истовремено со други мотиви,


добиваат предност во задоволувањето, а најприоритетен е мотивот за вода, потоа
мотивот за храна и така натаму. Веднаш по биолошките доаѓа мотивот за сигурност.
Тој станува доминантен откако се задоволени биолошките потреби. Тој обезбедува
егзистенција и задоволување на битни потреби на поединецот. Поради
незадоволената потреба во раното детство, кај овие деца се јавува недоверба спрема
околината, непријателски однос спрема другите и агресивност. Децата кај кои е
задоволен овој мотив се добри соработници и контактибилни личности. Некои
психолози сметаат дека овој мотив е еден од најважните социјални мотиви.

Според Маслов, овие мотиви претставуваат мотиви од понизок ред, затоа што
организираното општество успева да ги задоволи. Понатаму тој ги наведува мотивите
за емоционална поврзаност, љубов, углед и почитување, а највисокиот и последен
мотив според него е мотивот за самоактуелзиација. Кога не се задоволени
биолошките мотиви, тие имаат предност над сите други, но во одредени ситуации
можне да да стане доминантен и некој небиолошки мотив, поради кој за одредено
време се одрекнуваме од задоволувањето на биолошките мотиви. Биолошките и не се
најважни мотиви за човекот. Напротив, Маслов истакнува дека поголемо значење за
човекот имаат мотивите кои се поблиску до врвот на хиерархиската пирамида,
односно оние мотиви со кои се задоволуваат психолошките потреби на човекот, а
најголемо значење има оној за самоактуелзација;

28. Наведете и објаснете 3 психолошки фактори за успешно учење?

8
-Внатрешните фактори – физолошки фактори кои извираат од физичкиот раст и
развој, здравјето и други; психолошки фактори на учење во кои влегуваат некои
навики на однесувањето при учењето, спретност во методите на учење кои се
употребуваат, мотивација за учење, личните и емоционалните особености,
менталното здравје, стратегиите на обработка на информациите, начини на решвање
на проблемите и други фактори;

-Надворешни фактори – физичките услови на учење во околината (освтленост,


бучава, уреденост и опременост на просторот); социјални фактори (врсници, школо) и
ред други фактори од пошироката социјална средина;

29. Со кои методи се испитува помнењето?

30. Наведете неколку теории за помнењето и објаснете една од нив. – Тоа се


Гешталтистичка теорија (вели дека помнењето е организација на запомнатиот
материјал), Физиолошка теорија (се базира врз законитостите во одвивањето на
возбудата и процесите во кората на мозокот), Биолошката теорија (се базира врз
траговите на помнењето или енграмите. Познати се Синаптичка и Молекуларна
биолошка теорија на помнење);

31. Направете мисловна-когнитивна мапа (за мотивација)?

32.Наведете ги својствата на вниманието и објаснете едно

1. Обем на вниманието – го означува бројот на предметите и појавите кои можат


истовремено со задоволителна јасност да се опфатат;

2. Постојаност на вниманието – укажува дали вниманието е ограничено со одредено


временско траење и колку изнесува тој период;

3. Динамичност на вниманието – укажува на движење на вниманието. Тоа преоѓа од


предмет на предмет;

4. Биофокалност и мултифокалност – специфични карактеристики на вниманието


кои се манифестираат преку способноста на луѓето истовремено да извршуваат две
или повеќе активности;

33. Наведете ги нарушувањата на мислењето и објаснете едно од нив –


Растројствата се поделени на растројства по форма и растројства по содржина.

Растројства по форма се: Болна опширност (преопширно излагање кое содржи


детали кои не се многу важни за мислите кои се искажуваат. Се сретнува кај
олигофрени лица, епилептичари и маничните болни; Забрзано мислење (засилен
импулс за зборување, болниот зборува брзо), Забавено мислење, Блок во
мислењето (се сретнува кај шизофренија), Вербигерација (бесмислено повторување
на одделни зборови и реченици), Инкохерентно мислење (неповрзаност на
мисловниот тек кој станува неразбирлив), Дисоцирано мислење, Распаѓање на
мислењето (кај шизофренија), Салата од зборови (тоа е најрадикална збрка и се
среќава кај тешките облици на шизофренија);

9
Растројства по содржина се: 1. Налудничави идеи (заблуда, грешка во расудувањето.
Тие се поделени на налудничави идеи по големина (се јавуват кај благородниците кои
се во заблуда дека се големи пронаоѓачи или научници), депресивни налудничави
идеи и налудничави идеи на прогонување); 2.Присилни (опсесивни) идеи и 3.
Преценети мисли (идеи);

34. Кои се функциите на помнењето?

- Ретенција или задржување (задржувањет на впечатоци и промени во кората на


мозокот)

- Рекогниција или препознавање ( препознавање на присутни елементи или ситуации


од поранешното искуство)

- Репродукција или повторување (обновување или повторување на некаков материјал


во свеста со отуство на порано перцепираното, научено и доживеано)

- Заборавање;

35. Кои се фазите на творечко мислење според тоа кога се случуваат? – Процесот
на творечкото мислење се одвива низ следниве фази: препарација (подготовка или
се обезбедуваат услови за решавање на проблемот или создавање на новото дело),
инкубација (се одвиваат значајни промени што надворешно не се забекежуваат.
Изгледа како творецот воопшто да не се занимава со проблемот, како да престанал да
мисли на него, но тоа е привид. Мислењето врз проблемот е мошне интензивно, но
потсвесно. Слично со јајцето кое се испилува), илуминација (вдаховение, се јавува
вистинската идеја, беснува решението и оттука самоти име. Во тој момент битно е
веднаш да се започне со разработка на идејата, зашто може наеднаш и да се изгуби,
исто како што се јавила) и верификација (се врши проверка на решението до кое се
дошло по пат на илуминација. Доколку решението не е добро, процесот оди одново);

36. Направете поделба на емоциите според различни критериуми – Емоциите се


психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и
другите луѓе, нои неговиот однос кон самиот себеси, кон сопствените постапки и
доживувања. Тие уште се дефинираат како, состојба на зголемена активност на
организмот која се манифестира како карактеристично доживување на определение
физиолошки промени. Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност.
Тие се продукт на биолошкото живеење кај човекот и се условени од биолошката
природа. Тие се многу важни и за моралниот развој на човекот.

Видови емоции според повеќе критериуми:

Критериум 1: Каква важност имаат чувствата во животот на човекот? Според овој


критериум чувствата може да бидат примарни (биолошки или вродени како страв,
гнев, радост, тага) и секундарни (стекнати по пат на учење и се сложени чувства како
љубов, љубомора, пријателство итн.) кои уште се наречени социјални чувства.
Најпознати се моралните, интелектуални и естетските;

Критериум 2: Каков е интензитетот на траење на чувствата? Според тоа колку се


интензивни и колку траат чувствата можат да бидат расположенија, афекти,
страсти и сентименти.

10
Критериум 3: според манифестната активност која ги придржува чувствата и
критериум 4: според насоченоста на чувствата (кон себе или кон другите);

37. Објаснете што е афект и наведете неколку примери – Афект е чувство со кратко
траење со зголемена активност, силни физиолошки и физички промени – емотивни
експлозии што го изместуваат човекот од нормалното секојдневно мирување
(интензивна омраза, разјаденост, тага итн.)

38. Како ќе ги препознаете негативните последици од фрустрационата состојба


кај учениците? – Фрустрационата состојба предизвикува негативни последици:

- Несамокритичност (кога личноста со преголема упорност се обидува да ја оствари


целта, нарушувајќи ја потребната координација на силите);

- Когнитивна ограниченост (кога личноста се фокусира само на еден можен начин на


решавање на конфликтот);

- Емоционално реагирање (со зголемување на тензијата која може да трае и


подолго, во однесување на личноста доминантно место завземаат емоциите
(збунетост, заплашеност, несигурност);

- Зголемена агресивност (кога личноста ја напаѓа бариерата која го оневозможува


остварувањето на целта. Генерализирана агресја е кога ја прошируваме агресијата на
објекти и личности кој немаат никаква врска со фрустрацијата, а во неможност таа да
се насочи кон вистинскиот извор. Поместување на агресијата имаме кога изворот е
авторитет на кој неможеме да му се спротиставиме, личноста ја поместува агресијата
кон помалку моќни луѓе;

- Бегство (тенденција да се побегне од фрустрационата состојба. Тоа е деструктивен


акт и придонесува до намалување на тензијата. Сепак тоа не е решение, оти
конфликтот не е разрешен и уште дејствува);

- Дезорганизација на однесувањето (ригидни форми на однесување неадаптирани


на состојбата);

- Анксиозност (подолготрајни фрустарции можат да предизвикаат губење на


самопочитта, чувство на вина итн. Личноста со анксиозност може да доживее
кардијални стегања, проблеми со дишењето и др., т.е физиолошки промени кои
всушност не постојат);

39. Кои се карактеристиките на одбранбените механизми и наведете 5 од нив? –


Тоа се рационализација (оправдување на своите намери), регресија (враќање кон
детството како идеално спокоен и сигурен период), агресија (примитивен одбрандбен
механизам, природен одговор на препрека или негативно чувство. Ако нема услови да
се реализира во реалноста, најчесто се реализира во сон), Сонување и фантазија
(комнпензација или надополнување желби и надежи, или претерано бегање од
реалниот живот), компензација или надополнување (начин на реагирање на некоја
тешкотија која може да биде нормален начин на однесување), толеранција на
фрустрација, идентификација, сублимација (трансформирање на енергијата на
суровите и неприфатливи нагони во префинети, социјално прифатливи и ценети
мотиви. Според Фројд сублимацијата е еден од најздравите механизми на одбрана,

11
така што потиснатите желби и идеи неостануваат вечно сопрени во несвесното, туку
се изразуваат преку повозвишени мотиви. Тие се од општествена корист), проекција,
репресија или потиснување, реакциска формација, негирање (одрекување);

40. Кои видови на конфликти ги познавате според страните вклучени во


конфликтите?:

- Интерперсонални конфликти се случуваат меѓу поединци (сопруг-сопруга, родител-


дете, наставник-ученик);

- Интергрупните конфликти се меѓу групи со најразлични основи, како семејства,


работни и други организации, етнички групи, цели држави, народи, раси итн.;

- Интрагрупните конфликти се меѓу припадници на помали групи и по правило ги


вклучуваат сите припадници на таа група. Конфликтите од ваков вид се одвиваат во
рамките на семејството, работни групи, спортски групи итн.;

Најдобра реакција на конфликтите е тие да се избегнат или не се појават;

12

You might also like