You are on page 1of 7

Универзитет „Гоце Делчев„-Штип

Семејна Педагогија

Тема: Структурни промени на семејните односи и

нивните педагошки импликации

Ментор: Изработил:

Проф. др Соња Петровска Биљана Миланова

Бр на индекс:142166
СОДРЖИНА:

-ВОВЕД

-Потполни и непотполни семејства

-Функционални и нефункционални семејства


-Заклучок

ВОВЕД

Човекот се раѓа и живее во семејство за да подоцна самиот создаде


свое семејство.Семејството во општа смисла е општесвена група со
историски променлив облик во која се одвива процес на природно
и општесвено-културно репродуцирање на човечки индивидуи.

Во семејството детето започнува да ги добива првите претпоставки


за околината ,за животот,за светот ,за се што го опкружува.

Во семејството детето се осознава себеси се формира како личност


тука учи да сака ,да помага,да работи,да стекнува
одговорност,семејството е тоа кој му ги отвора прозорците кон
светот.Децата во своите семејствата ги добиваат своите први
искуства,тука се почетоците за воспитување и образование.
Потполн и непотполни семејства
Целовитоста на семејството се однесува на неговата потполнос
(комплетнос) или непотполнос(некомплетнос).

Според структурната поставеност комплетно семејство денес е


современото семејство-родители со нивните деца како мала
социјална група која претставува посебен социјален микро систем
кој функционира врз основа на меѓусебна подршка.

Спореде структуралната поставеност се среќаваат семејства со


структурални обележја некомплетни во поглед на нивниот правен
статус-непотполни семејства:

-Самохрани родители-Семејста со еден родител настанување на


смрт на едниот родител,семејства во кои доага до разединување
на брачните партнери-развод или напустање на семејството од
страна на едниот родител,мајка со вонбрачни деца и т.н.

-Деца сираци-Кога двајцата родители починуваат а децата


остануваат сами,најголемото дете е тоа што го носи товарот и се
грижи за своите братчиња и сестрички.Едноставно најголемото
дете се поставува на чело на семејството како родител.

-Дете посинок-деца од вонбрачни заедници после неуспешни


бракови.
-Посвојувачко семејство- кога во брачната заедница немаат деца
брачните партнери и се одлучуваат да посвојат дете да го израснат
во една здрава и позитивна личност.

-Напустени семејства –кога родителилите се отселени од дома а


децата се оставени кај поблиски или подалечни родители а
подоцна децата се преземаат во згрижувачките установи.

-Семејства во кои бабата и дедото се замена на родители поради


отсусво на родителите :заминати во странсво,издржување на
затворска казна ,болничко лекување,бегство и т.н

Функционални и нефункционални семејства


Семејството е прв и клучен фактор за развојот на детето и неговата
социјална и емоционална интелегенција. Семејството е место каде
што треба да се чувствуваме спокојно, исполнето и сакано. На
односите на семејството може да влијаат поставеноста на
родителите кон децата, односот помеѓу брачните партнери,
особините на членовите на семејството, сите видови кризи во
семејството сето ова може да претставува предуслов за успешност
или неуспешност во извршување на семејната функција.

Во теоријата и праксата се разликуваат 2 вида на семејства според


нивното функционирање:

-Функционално

-Нефункционално(дисфункционално)
Функционални семејства самиот збор„функционалност“ значи
нешто што опстојува, што напредува, функционира добро. Па
затоа кога ќе спомнеме функционално семејство тоа би значело
дека во него постојат односи кои резултираат со реализација на
семејни цели: опстојување како заедница, обезбедување на
егзистенција и решавање на проблеми, а сето тоа поврзано со
чувство на благосостојба и поврзаност на сите членови. Она што го
карактеризира функционалното семејство е јасна комуникација,
отворено емоционално изразување и заедничко решавање на
проблемите. Отворената комуникација предизвикува отворено
споделување на емоциите, секоја пренесена порака покажува
почитување на чувствата, потребите и разликите помеѓу
членовите на семејството.

Во функционалните семејства постојат јасни правила кои се


флексибилни, соодветни, но и променливи во зависност од
развојните потреби на човекот. Во овие семејства проблемот не
дека не постои, туку се препознава и се става на маса да секој се
запознае и заеднички да се реши. Децата кои растат во
функционалните семејства се одликуваат со самодоверба,
изградуваат слика зад себе, знаат да прифатат но и да дадат
љубов, овие деца се исполнети и нивното ментално здравје е
позитивно. Несомнено е дека децата растени во функционално
семејство имаат предиспозиции да се развијат во здрави, социо-
емоционални личности. Функционалните семејства претставуваат
отворен систем во кои има јасни граници кои дозволуваат
непреќинат проток на размена на информации во рамките на
семејството и надвор од него, тие имаат една успешна внатрешна
организација во која секој член се чувствува удобно. Главни
одлики со кои можме да го препознаеме функционалното здраво
семејство се:

-семејство во кое нема психолошки пореметувања, не се користат


насилства, моќи и авторитет за зачувување на семејната
атмосфера.

-сите членови во семејството се пред се личности кои треба


подеднакво да се почитуваат, одредена флексибилна контрола на
родителите кон децата(успешен договор)

-членовите меѓусебно се разбираат, си помагаат, се


надополнуваат, се сакаат, ја споделуваат својата емоција

-јасна, топла и искрена комуникација помеѓу членовите на


семејството

-отвореност спрема себе и кон сите членови

Кога зборуваме за функционално семејство, не можеме да го


вклучиме само комплетното семејство. Семејството со еден
родител можеме исто така да го претставиме како функционално
семејство доколку во него владеат квалитетни семејни односи,
родител-дете, семејството е исполнето со разбирање,
подржување и соработка. Тогаш можеме да кажеме дека ова
семејство е функционално каде единстеви жртви се децата кои го
изгубиле својот родител, а тоа со ништо не може да се
надополни. Функционални семејства претставуваат здрави
семејства кои создаваат услови за развој на здрави и здрели
членови во границите на нивните индивидуални способности.
Дисфункционалните семејства не ги задоволуваат основните
функци, потреби,воспитание и заштита на детето.Во овие семејства
постои ригидност,неспособност да се реализираат основните
задачи на семејството.Доколку се појави проблем во семејството
тој се негира, се бега од него и сето тоа допринесува до создавање
на нов проблем и комфликтна ситуација.Во семејството нема
почитување на личноста а често пати настанува и замена на местата
родител –дете кога детето го зазема местото на родителот во
носењето и спроведувањето на одлуки.Сето она што посто во
функционалните семејства љубовта ,хармонијата ,почита и
соработката на членовите на семејството овдека го нема.Во овие
семејства постои дисфункција во некоја област на семејниот живот
има ограничени ,нејасни и конфузни односи помеѓу членовите на
семејството.Децата растени во овакви околности понатаму се
соочуваат со сериозни проблеми врз целиот развој на детската
личност.

ЗАКЛУЦОК
Секое семејство пред себе поставува различни задачи и има свои
цели по кои се води има свои животни предизвици свои соништа.
Едно семејсто се разликува од друго, секое семејство е приказна за
себе, но треба да се водиме по тоа да топлината во домот,
хармонијата и почитта помеѓу членовите во семејството би требало
да личат едни на други.

You might also like