You are on page 1of 20

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ-ПЕДАГОГИЈА


ТЕМА:ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА

Ментор Студент
Проф.др Емилија П.Ѓоргиева Биљана Миланова
Предучилишна
Бр.на индекс 142166
СОДРЖИНА
 Вовед
 Наследни фактори

 Социјални фактори
 Морално -етички вредности
 Влијанието на врсниците
 Семејството
 Мас-медиумите и социјалните мрежи
 Примери на отсуство на општествена средина
 Воспитание
 Активност

 Заклучок
ВОВЕД
 Често пати самите ние се наоѓаме во ситуација кога
си поставуваме прашања:Што од она што го имаме
во себе е наследено од нашите родители, нашите
предци? Што е тоа што е стекнато-научено низ
животот?
 Човекот се раѓа како биолошко битие кое е во контакт
со средината станува општествено битие.
 Врз развојот на личноста влијаат и под еднакво се
важни и значајни: генетските фактори,
средината(општествената средина и воспитанието) и
активноста на личноста
НАСЛЕДНИ ФАКТОРИ
 Наследните фактори се наречени уште и внатрешни генетски
фактори. Тие се веднаш видливи по раѓањето пр: бебињата плачат со
различен интензитет, некој лесно, а некој тешко се смируваат. Но
денес се знае дека главните генетски фактори кои влијаат врз
формирањето на личноста се главно физичките карактеристики на
личноста(боја на коса, на тен, на очи). На следниот фактор во
одредена мера влиаје на формирањето на интелегенцијата,
темпераментот и телесната конституција на личноста.
 На следниот фактор можеме да го земеме како предиспозиција која
може да се развива-еден вид пластелин кој може да се моделира. Од
взаемното дејство на другите фактори ( средината, воспитанието,
самата активност на личноста) ќе зависи колку и како ќе се развие тој
генетски потенцијал.
 Вродената диспозиција за да може да се развие треба да
биде забележана воочена од средината (семејството).
Доколку некој има генетски потенцијал за музика или
ликовна уметност, но тој потенцијал не е откриен нема да се
развие. Доколку личноста го носи генетскиот потенцијал и
тој се истакне и открие кај детето, а околината му дава
можност да се развие тој ке дојде до целосен израз.
 Наследниот фактор постои кај личноста, но дали ќе дојде до
израз зависи од другите фактори што значи не може да биде
единствен во развојот на личноста . Човекот не претставува
личност изолирана од надворешните влијанија и ние не
можеме да ги фаворизираме внатрешните-наследните
фактори, а да ги исклучиме другите фактори
СОЦИЈАЛНИ ФАКТОРИ
 Средината е место каде што личноста расте и се развива, ги извршува
своите активности, ги остварува контактите со другите луѓе. Личноста
манифестира и трпи влијанија од средината и тие односи се
двонасочни (личност-средина и средина-личност).
 Влијанијата на средината се делат на:
 Физичка средина-географско климатските фактори
 Општествена средина-социјални фактори
 Географско климатските фактори можат да влијаат врз развојот на
личноста, но тие не се одлучувачки.
Има гледишта каде се објаснува дека жителите на Медитеранските земји-
потоплите места се поподвижни, послободни и поагресивни личности.
А жителите на Скандинавските земји имаат одлика на затвореност,
ладнокрвност.
 Социјални фактори кои влијаат врз развојот на личноста се
општественото уредување, семејството-семејната клима, училиштето,
контактите со неговите врсници, мас –медиумите, социјалните мрежи,
литературата која ја чита и др. Сите овие му овозможуваат да се
изгради во општествена личност. Во социјален фактор се вклучува и
воспитанието, но според својата важност се наведува како посебен
одлучувачки фактор.
 Морално-етички вредности секој човек се развива во конкретна
општествена заедница која си има свои норми на однесување, свои
вредности, убедувања и ставови. Обично децата се борат за идеали и
вредности кои владеат во средината во која тие живеат и се
манифестираат во нивното однесување. Тоа можеме да го согледаме и
во разликите на однесувањето на еден Балканец ,Западно Европеец,
еден Африканец и еден Американец. Овие норми зависат од
традицијата, културно историскитот развој, од начинот на организација
во општествента заедница, а сето тоа допринесува и влијае врз развојот
на личноста.
 Влијание на врсниците- дружењето со врсниците е од големо
влијание преку него се формираат многу особини на личноста.
Дружењето со врсниците е значајно затоа што доведува до нови
интереси, идеални, ставови и вредности, кај младите го поттикнува
осамостојувањето и чувството на независност кое се јавува кај нив.
Друштвото е тоа кое што допринесува да се развијат позитивните
особини: дружељубливост, соработка, помагање, разбирање. Но не
само позитивнни особини понекогаш друштвот принесува да се развие
негативна особина: агресивност, деликвентно однесување итн.
 Семејството- е прва и најзначајна средина во изградба на личноста. Од
семејната атмосфера зависи растот и развојот на личноста. Тоа
претставува првичен модел на детето во кое ги акомулира првите
искуства, а потоа тие искуства ги изнесува кон другите личности.
 Семејството претставува клетка преку која диши и се храни
семејството со тоа што создава позитивни или негативни модели на
идни генерации и наследници.
 Позитивната клима и насоченото семејно воспитување се неопходни за
правилен развој на детето, за формирање на пријатни и позитивни
личности. Децата опкружени со љубов сигурност, топлина во својот
дом ќе се развијат во независни, сигурни во себе и сталожени
личности. Посебно се значајни односите во семејството и положбата
што детето ја има во него, неопходно е да ја чувствува љубовта и
грижата за него.
 Влијанието на мас-медиумите и социјалните мрежи е од големо
значење врз развојот на личноста, особено во ова време кога имаме
огромен напредок на технологијата и голем број на млади свртени кон
овој начин на живот кој им го пласира современата технологија. Колку
е во позитива насоката кон развојот на личноста треба да се внимава и
во неговата негатива која е се поголема и поголема. На младите преку
социјалните мрежи им се пласираат информации кои изгледаат реални,
а нивната вистина не е секогаш докажана. Затоа треба да му се укаже и
да се посочи секој млад човек на благодетите, но и на негативностите
кои ги добива со посета на овие социјални мрежи.
 Општествената средина е битна бидејќи човекот единствено станува
човек во интеракција со други личности и со средината во која живее.
 Низ историјата каде човекот е одвоен од друштвената средина, деца
израснати во изолирани услови покажуваат примитивен начин на
однесување.

Во Индија во 1920год во волчјаа


јама биле пронајдени две
девојчиња. Едното на 2-3 години
му дале име Амала, а второто
Камала имала 8-9 години. Тие биле
пронајдени покрај 2 волка, кога ги
пронашле се движеле, завивале
како волци, јаделе суво месо и
испуштале чудни крици.Постарата
поживеала уште 7 години и со
специјална нега успеала на научи
30 збора, а кај помалата говорот не
се ниразвил живеела само 2
години.
СЛУЧАЈОТ СО ИЗАБЕЛА
o Ја пронашле во мрачна просторија, изолирана сама со својата
глувонема мајка. Заради срамот што била вонбрачно дете таа и мајка и
биле затворени во темна просторија, без свеж воздух, без сонце кога ја
пронашле во 1838 кога имала 6ипол години и била физички неразвиена
и рахитично дете, многу тешко се движела. Поради тоа што мајка и
била глувонема таа воопшто не зборувала и се плашела од луѓе. Со
специјален третман од медицински лица таа полека почнала да зборува
и умствено да напредува. Таа била вклучена и во образованието. Овој
случај ни покажува дека човекот може да се развие во човек само
во контакт на оние кој веќе станале луѓе.
ВОСПИТАНИЕ
 Воспитанието претставува дел од социјалните фактори, но поради
своето огромно значење се издвојува од останатите компоненти на
социјални фактори и претставува посебен одлучувачки фактор за
развојот на личнота. Воспитанието има за цел да од единката создаде
морално зрела личност, спремна да се вклопи во општеството.
Судбината на вродените диспозиции многу зависи од квалитетот,
интензитетот и траењето на воспитанието. Доколку немаме
одговарачки, вродени диспозиции, воспитаникот нема да стекне
одредени способности и кога имаме најповолни воспитни услови.
Сите воспитни процеси се реализираат заедно во соглесност со соодветниот
наставно-образовен процес. Од тоа какви вредности ќе се развиваат кај децата
и младите денес и од тоа колку тие ќе бидат подготвени за нови промени, во
општествените односи зависи патот и перспективата на развојот на личноста .
Можеме да кажеме дека воспитанието не е немоќно ниту пак семоќно.
АКТИВНОСТ НА ЛИЧНОСТА
 Уште еден важен фактор во развојот на личноста е активноста на
индивидуата. Со неа се објаснува важноста на поврзаноста на
личноста во средината во која живее и се развива. Развојот на личноста
не зависи само од наследните и социјалните фактори, туку и од
делувањето на самата личност.
 Личноста може да има талент за музика и да живее средина каде се
негува музиката, но доколку тој самиот не вложи во себе, не биде
активен и не ги искористува своите потенцијали нема да ги постигне
посакуваните резултати. Но доколку се има верба и истрајност,
трпеливост, доследност во работата развојот на вродените диспозиции
ќе биде на високо ниво и може од исклучително надарен поединец да
се создаде врвен музичар.
Успехот е резултат на самоактивноста, работа 90%, а талент 10%.
Активноста претставува свесно и насочено делување на личноста врз
наследните диспозиции и социјалните поволностив кои му овозможуваат да ја
обликува и развива својата личност.
ЗАКЛУЧОК
 За да имаме правилно изградена и развиена личност потребно
наследните, социјалните фактори, воспитанието и активноста на
личноста да бидат во една заедничка врска, интеракција во која ке се
надоградуваат, ќе се надополнуваат, а се со цел изградба на здрава,
успешна, позитивна личност.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
 Основи на педагогија-проф. Др- Емилија Петрова Ѓоргиева
 Општа педагогија-проф. Др – Розалинда Попова Коскарова
 https://mk.wikipedia.org/wiki/%
D0%92%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B
2%D0%B0%D1%9A%D0%B5

You might also like