You are on page 1of 10

Инструмент со вртлива

намотка
Александар Миланов 2-6
Општи карактеристики

 Инструмент со вртлива намотка е најчесто


употребуван инструмент во мерната техника.
 Тоа е така поради следниве причини:
линеарна скала,висока осетливост и
резолуција.
 Во основна изведба мери еднонасочни струи и
напони, но со одредени додатоци може да се
оспособи за мерење на наизменични напони и
струи, како и отпор.
Конструкција и принцип на
работа
Принцип на работа
 Принципот на работа е заснован врз појава на
електромагнетна сила.
 Ако проводник низ кој тече еднонасочна
струја се најде во хомогено магнетно поле на
него ќе дејствува сила која ќе го придвижува.
 Принципот на работа кај овие инструменти е
одреден со појавата на вртливиот момент
којшто се јавува кога низ подвижната намотка
тече струја, а таа се наоѓа во магнетно поле.
Принцип на работа
 Во зависност од насоката на струјата низ
проводникот, според правило на лева рака се
определува насоката на силата F.
 Доколку наместо единечен проводник во хомогеното
магнетно поле се стави проводна контура(навивка)
низ која тече струја на еден дел од навивката ќе
дејствува струја во една насока, а во друг дел од
контурата ќе дејствува струја во спротивна насока.
Тие две сили образуваат спрега која ке ја сврти
навивката, а со тоа ке се отклони стрелката на
скалата.
Конструкција и принцип на
работа
 Со цел да се добие поголема сила во магнетното поле
наместо една навивка се поставува намотка со N
навивки.
 Кај инструмент со вртлива намотка хомогено магнетно
поле се добива со помош на перманентен магнет.
 Помеѓу половите N и S се поставуваат полови
продолжетоци и цилиндар од меко железо.
 На тој начин се обезбедува доволно голема магнетна
индукција и хомогено поле секогаш нормално на
намотката.
Конструкција и принцип на
работа
 Намотката конструктивно е изведена така да
може да се врти околу оска. Силата која ја
придвижува намотката создава активен
момент Ма. За да намотката и стрелката се
стабилизираат во одредена положба потребен
е противмомент Мp кој се реализира со две
спирални пружини. При свртување на
намотката се затегаат спиралните пружини и
се зголемува противмоментот.
Придушување
 Под дејство на магнетната сила односно
активниот момент доаѓа до движење на
намотката и стрелката односно подвижниот дел
од инструментот. За да се прочита отклонот
подвижниот дел односно стрелката треба да
мирува. Тоа се реализира преку изедначување на
активниот момент и противмоментот.
 Во мерната техника најчести се два типа на
придушување: магнетноиндуктивно и флуидно
придушување.
Магнетноиндуктивно
придушување
 На подвижниот дел од инструментот се
прицврстува затворена проводна контура со
мала маса најчесто од алуминиум. При
движење на таа контура во магнетното поле во
неа се индуцираат струи. Поради струите се
појавуваат магнетни сили кои дејствуваат на
малата контура. Тие сили имаат спротивна
насока од движењето на подвижниот дел
заради што доаѓа до брзо придушување на
осцилациите на стрелката.
Флуидно придушување
 На подвижниот дел од инструментот е
прицврстена мала лесна метална преграда која
е сместена во затворен сад. При движење на
преградата поради малиот простор помеѓу неа
и затворениот сад преминувањето на флуидот
од едната на другата страна од преградата е
отежнато. Тоа е поради разликата во
притисоците од двете страни на преградата.
Поради тоа осцилациите на подвижниот дел
брзо се придушуваат.

You might also like