You are on page 1of 7

Електромагнет и негова

примена

ИЗРАБОТИЛ: ЛУКА ЈАРЕВСКИ


Електромагнет

Електромагнет е магнет кому му е потребно
напојување со електрична струја за да го одржува
сопственото магнетно поле. Тоа е едноставна
направа која се состои од намотки од електрични
спроводни жици околу феромагнетско јадро.
Обично се користи како дел
на релиња, соленоиди, електромотори и други
уреди.
Начин на работа

Кога краевите на жицата од намотката се поврзат


со извор на струја, како што е батерија, доаѓа до
проток на струја низ намотката. Овој проток
прави магнетно поле и електромагнетот добива
северен и јужен магнетен пол. Силниците на
магнетното поле предизвикуваат ориентација на
магнетските домени во јадрото во насоката на
силниците. Истото се случува и со блиските
феромагнетски предмети и тие се привлекуваат
кон јадрото на електромагнетот ако се во близина.
Ако во намотката на електромагнетот се промени
насоката на струјата, ќе се променат местата на
половите на електромагнетот. Тоа истовремено ќе
доведе до промена на ориентацијата на половите
во блиските феромагнетни објекти, па и понатаму
електромагнетот ќе ги привлекува. Меѓутоа
обичен магнет со стални плови сега ќе биде
одбиван, ако претходно бил привлекуван од
јадрото, бидејќи ориентацијата на неговите
полови не може да го промени надворешно
магнетно поле.
Употреба

Обично се користат како делови на


покомплексни уреди како што
се реле, соленоид или електромотор. Меѓутоа
нивната употреба може да биде и директна, на
пример за привлекување на железо и челик на
отпад при транспорт, или за глави на читачи и
пишувачи кај уредите со магнетна лента или
диск.
Во поголемиот број случаи се користи својството
на електромагнетот да привлекува феромагнетни
материјали, како што се железо и челик, а потоа
таа акција врши некоја друга. На пример, кај
релето котвата ги активира електричните
контакти, кај некои соленоиди активниот дел
отвора или затвора вентил, а кај електромоторите
електромагнетот се користи како пол на статорот
кој го привлекува или одбива роторот.
Кај тврдите дискови се пушта импулс на струја низ мал
електромагнет на главата за читање. Овој импулс твори
магнетно поле кое магнетизира мала точка на дискот.
Импулсот струја со еден поларитет прави точка со една
ориентација на магнетните домени (бинарна единица).
Импулсот на струјата со друг поларитет служи како
запис на бинарна нула. Главата за читање исто така е
мал електромагнет. Тука, магнетизираните точки
снимени на дискот предизвикуваат индукција
(генерирање) напон на краевите на намотката на
електромагнетот. Поларитетот на генерираниот напон
индицира бинарна единица или нула.

You might also like