Professional Documents
Culture Documents
И ТЕХНОЛОГИИ
Видови на производствени и услужни процеси
Досега научивте како и каде да препознаете бизнис
можности, да генерирате бизнис идеи, но и да ги
рангирате бизнис идеите со што веќе имате изберено
како тим по една бизнис идеја која ќе биде предмет на
понатамошно развивање во текот на овој предмет.
За компанијата да биде успешна, таа мора вредноста
дефинирана во бизнис моделот, да ја испорача на
купувачите. Значи она што досега го работевме беше
дефинирање на вредноста и лоцирање на купувачите.
Сега, со оваа тема, започнуваме со дизајн на процеси
кои ќе обезбедат дека вредноста да стигне во рацете
на купувачите. Значи станува збор за производство и
дистрибуција на производите или услугите до
купувачите.
Без разлика за каков вид на бизнис станува збор,
сите бизниси користат процеси со цел да ги
трансформираат влезовите (како што се
репроматеријали за производство, потребни
компоненти за изработка на поризводот,
природни ресурси, информации и пари во
производи, услуги или пак идеи) во излези (готов
производ, услуга или некоја друга вредност за
купувачот). За да се реализира таа
трансформација претпријатието користи
процеси, труд (работата на вработените) и
технологии како опрема и машини.
Поединечно производство. Овој вид на
производствен процес се карактеризира со изработка
на еден вид на производ или пак на неколку вида на
производи на кои се фокусира претпријатието.
Самото производство се реализира најчесто по
извршување на нарачката од страна на купувачот.