You are on page 1of 4

Вежби претприемништво

Beжба 1
Мојот посакуван бизнис е бизнис кој ќе произведува графички
картички.Графичките картички се составен дел од компјутерот и овозможуваат
подобар перформанс на видео игрите.За бизнисот како значајни извори на
информации би можел да ги користам информациите од странските интернет
страници на претпријатијата кои го произведуваат овој производ.Со оглед на
тоа дека нема македонско претпријатие кое произведува графички картички
мислам дека тоа би ми претставувало единствен извор на информации.
Анкетен Прашалник
1. Дали младите луѓе кои се занимаваат со играње игри било да е од
забава или професионално би користеле графичка картичка од
македонски прозводител?
2. Доколку успее да работи успешно претпријатието дали би имало шанси
да се натпреварува со странските произведувачи кои се доминантни на
пазарот?
3. Дали мислите дека доколку македонско претпријатие за производство на
графички картички стане познат бренд би можело да стекне поддршка од
владата за развојот на е-спортот во Македонија?
4. Дали верувате дека претпријатието ќе успее да произведе квалитетна
графичка картичка?
5. Какви се ставовите на младите околу настанување на претпријатие кое
ќе произведува графички картички?
6. Какви се вашите очекувања?
Вежба 2
SWOT Анализа
Јаки страни Слаби страни
Една од јаките страни е тоа што ќе биде Како една од слабите страни е тоа што
единствено претпријатие на македонскиот производите имаат доста голема шанса да
пазар.Производите ќе бидат поблиску до не бидат прифатени од
потрошувачите и нема да биде потребно да потрошувачите.Покра големите и јаки
се плаќаат трошоци за транспорт на претпријатија домашните потрошувачи не би
производот.Производите ќе бидат по ни покажале дури и малку интересираност за
попристапни цени. можностите и квалитето на нашите
производи.
Можности Закани
Доколку професионалните играчи и тимови Како главна закана претставува
во Македонија препознаат квалитет во производителот “nVidia” која произведува
производите тоа би значело дека неверојатно добри графички картички кои се
претпријатието би можело да биде спонзор многу барани првенствно поради квалитетот
на истите и за краток временски период со кој располагаат а воедно одредни серии
стигне и до регионалниот пазар или пак до на производот се достапни во Македонија.
пазарот на Европа со што би имало шанса за
поголем профит и брз развој како и постојани
потрошувачи.

1
Вежба 3
За отпочнување на оваа претпријатие ќе се користи сопствен имот кои го
поседуваат партнерите.Вкупниот број на партнери е 5 кои сите учествуваат со
паричен влог при формирањето на претпријатието.Покрај паричните влогови и
имотот на со кои поседуваат партнерите,претпријатието настојува да земе
финансиска помош од банка односно кредит кој има улога за исплаќање на
платите или пак за набавка на ресурси доколку дојде до недостиг на
сопствените финансиски средства.Временскиот период кој во кој се планира
претпријатието да започне со работа е првото тримесечје од 2017 година
поточно кажано претпријатието планира да почне со работа на почетокот на
месецот Фебруари.Претпријатието исто така планира да вработи 10 луѓе од
областа на компјутерско инжинерство и кои ќе добиваат помош од страна на
двајца партнери кои имаат знаење од таа област.Исто така ќе бидат вработени
уште двајца од кои ќе работат во администрацијата.Објектот во кој ќе се
одвива работата се наоѓа во Куманово.

Вежба 4
Како што веќе спомнав македонскиот пазар сеуште нема претпријатие кое се
занимава со производство на графички картички па така единствена работа
која е потребна при извршувањето е да се испитаат колку што е можно повеќе
млади луѓе.Да се испитаат затоа што е потребно да се дознае нивниот став
околу тоа како би реагирале кога ќе видат дека има домашен производител на
претходно споменатиот производ,какви се нивните очекувања и дали би
настојувале да го купат истиот производ.Доколку нашиот производ успее да се
дигне односно да доживее слава на територија на Република Македонија од
голема неопходност ќе биде да се изврши истражување на странските пазари
од кои ќе треба да се извлечат што е можно повеќе информации за нивните
трендови,за да се изнајде начин како да се пристапи на тие пазари и каква
стратегија да се користи.

Вежба 5
Од веќе споменатите информации може да се заклучи дека претпријатието
исклучиво планира да произведува сопствени производи.Стратегијата на
претрпијатието е да произведе еден производ напочетокот во кој ќе се уложи
најмногу труд,ќе се искористат знаењата на тимот се со цел да се произведе
производ кој ќе е најсовремен но исто така ќе може да конкурира на истиот вид
производи во нашата земја.Истиот производ планира да се надоградува во
иднината и да се произведуваат нови серии на производи кои ќе бидат се
подобри и подобри и ќе овозможуваат се подобар перформанс се со цел да се
придобијат што е можно повеќе задоволни потрошувачи.Претпријатието ќе
произведува графички картички кои на почетокот планираме да го носат името
“Ultimate Satisfaction” секако името можно е да подложи на некои измени.

2
Вежба 6
Пазарот во Македонија располага со ваквиот вид на производи кои се
увезуваат односно не се домашни и кои ги продаваат продавниците како што
се “AMC”,”NIKO Компјутери” и други.Нашата цел е да преку интензивна
стратегија да овозможиме нашите производи да бидат достапни во поголем
број како и по поволни услови од оние на конкурентите.Ке настојуваме да
бидеме поупорни и подоминантни се со цел нашите производи да бидат тие
кои ќе бидат достапни во секое време за разлика од другите кои во одредени
периоди може да дојде и до нивна неприсутност и недостапност на пазарот.

Вежба 7
За отпочнување на бизнисот потребно е да обезбедиме финансиски средства
со кои ќе ги покриеме трошоците како што се давачките кон државата на
пример:сметки за струја,вода даноци спрема државата,трошоците за
набавување на потребни средства со кои ке се произведуваат
производите,платите на работниците,осигурувањето на работниците,греењето
и др.
Почетниот капитал изнесува 10 милиони евра во денарска противвредност.
Платите на работниците се по 25000 денари или месечно пресметано
изнесуваат 250 000 денари.
Бидејќи неможе да се пресметаат сметките како што се вода,струја ние
претпоставуваме:
 Трошоците за вода,греење и струја месечно би изнесувале од 30.000 до
40.000 денари иако е можно да е изнесуваат помалку од предвиденото.
Трошоците за да набавиме машини и алати за да почне производството
изнесуваат 150.000 денари.
Потоа следуваат трошоците за регистрација на фирма кои се во согласност со
ценовникот на Центарот на регистри.

3
Вежба 8
За маркетинг стратегијата претпријатието ги има следниве планови:
 Претпријатието ќе делува на пазарот кој ги опфаќа младите кои се за
интересирани за овој вид на производи
 Во поглед на ценовната стратегија како дел од маркетинг стратегијата
претпријатието ќе ги следи цените кои се веќе на пазарот а притоа ќе
проба да ги и намали но се тоа зависи од трошоците што ќе ги прави
претпријатието во процесот на производство.
 Како последен дел од маркетинг стратегијата се промотивните
активности односно претпријатието ќе направи и бизнис картички како
начин да се доближиме поблиску до потрошувачите.Освен бизнис
картичките претпријатието има во план да воведе и бонуси за постојните
потрошувачи како што се намалување на цените за одреден %.

Вежба 9
Како што е наведено претпријатието за производство ќе користи свој имот во
кој ќе се одвива производството.Машините и потребниот алат кои се потребни
за да започне процесот на производството се очекува да пристигнат најдоцна
до 20ти Јануари со што производството ќе започне на почетокот на месецот
Фебруари како што е погоре наведено.

Вежба 10
Активностите за обезбедување потребни средства за извршување на
производството ќе се извршат на средината на месецот декември се со цел
како што е наведено да стигнат до 20ти јануари следната година.Додека пак за
финансиските средства кои претпријатието планира да ги земе како кредит од
банка неможе сеуште да се дефинира затоа што неможеме со сигурност да
кажеме како ќе се одвива работата на претпријатието односно дали тоа ќе
работи со добивка или пак ќе работи со загуба иако се надеваме дека ќе имаме
добар почеток.За финансиската помош доколку дојде до потреба планираме
кредитот да го земеме од Стопанска Банка А.Д Скопје.

Изработил:
Милош Стојчевски
Бр. на индекс: 175850

You might also like