You are on page 1of 14

Дигитален маркетинг

Дигитален маркетинг
Дигиталниот маркетинг ги опфаќа сите маркетинг чекори за кои се користи
електронски уред или интернет. Бизнисите користат дигитални канали како
што се социјалните медиуми, е-меил, нивните веб-страници итн, за да се
поврзат со постојните и потенцијалните клиенти.
SEO оптимизација
SEO ( Search Engine Optimization ) е  оптимизирање на одредена веб
страница која доколку процесот се одвива успешно таа ќе биде “рангирана”
повисоко на страниците со резултати на Гугл, со што се зголемува висината
на органскиот сообраќај на некој веб-сајт. Ова претставува процес сочинет
од огромен број на чекори, тактики, стратегии и постојано треба да се
пратат новите трендови и ажурирања на алгоритмите од страна на Гугл.
Овој термин означува креирање и промоција на содржината со цел да се
генерира поголема свест за одреден бренд, раст на сообраќај, акумулирање
на лојални клиенти, привлекување на нови клиенти итн… Каналите кои
играат важна улога во маркетинг стратегија за содржина вклучуваат:
– Блог статии
– Е-книги
– Инфографици
– Онлајн брошури

Маркетинг на социјални медиуми


Оваа практика го промовира некој бренд и некоја содржина на  социјалните
медиуми за да ја зголеми свеста за брендот, да оствари продажба и да привлече
сообраќај кон некоја фејсбук и веб страница. Социјални медиуми кои можете да
ги користите за промовирање на содржина:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Instagram
Snapchat
Pinterest
Google+
Pay-per-Click (Плати-од-Клик)

Ова е вид на рекламирање за привлекување на поголем сообраќај кон веб


страница. Според овој тип на рекламирање всушност се плаќа само тогаш кога
некој ќе кликне на реклама, на овој начин не се трошат залудно пари и рекламите
се поефективни. Еден од најчестите типови на “Pay-per-Click” е Google AdWords.
Ова е навистина огромна и комплексна платформа и не е воопшто лесна за учење,
но се што се сака, се се може…Само со доволно труд. Други канали каде што
може да се рекламира на овој метод се:
– Фејзбук  (Платени реклами)
– Твитер (Промовирани твитови)
– Линкедин (Спонзорирани пораки)
Афилиеит маркетинг
Ова е вид на рекламирање каде што се рекламира производ на некоја друга компанија
на веб страница. Од секоја направена продажба се зема процент согласно
договореното. Неколку канали за овој вид на рекламирање:
– Хостирање на видео реклами преку програмата “YouTube Partner Program”
– Објавување на линкот на социјални медиуми.
– Објавување на линкот на веб страница.
Секоја поголема компанија нуди афилиеит програма каде што дозволуваат да ги
продава нивните продукти или услуги, а за возврат даваат одреден процент за
остварената продажба. Ова е навистина честа појава во денешницата. Многу луѓе
работат со оваа програма и некои од нив солидно заработуваат.

Традиционален маркетинг
Традиционалното рекламирање се однесува првенствено на содржините кои се
појавуваат на платформите заедно со други неплатени содржини. Спонзорираните
статии на BuzzFeed се добар пример за ваков тип на рекламирање. Многу луѓе сметаат
дека рекламирањето на социјалните медиуми е основен начин на рекламирање. На
пример, рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.
Маркетинг автоматизација се однесува на софтверите кои служат за автоматизирање на основни
маркетинг чекори. Се автоматизираат оние процеси кои постојано се повторуваат, во овој случај
софтверите не заменуваат нас за ние да не ги повторуваме овие чекори постојано и постојано…
Примери за маркетинг автоматизација:
– Е-меил весници
– Закажување на постови на социјални мрежи.
– Обновување на контакт листи.
– Следење на кампањи и генерирање извештаи
Е-меил маркетинг
Компаниите користат е-маркетинг како начин за комуникација со нивната публика. Е-
меил маркетингот често се користи за промовирање на содржини, производи, услуги,
како и насочување на луѓето кон веб-страницата на компанијата. Видови на Е-
маркетинг кои можете да ги креирате.
– Претплаќање на Е-весници
– Последователни пораки до посетителите кои превземале некој податок од вашата
веб страница
– Е-меил за да им посакате добредојде на клиентите
– Посебни празнични промоции до членовите кои ви се лојални
– Корисни совети за да ги негувате вашите постојани клиенти

Функција на Дигитален Маркетер


Дигиталните маркетери се одговорни за подобрување на свеста на брендот и генерирање
на клиенти преку сите дигитални канали. Овие канали ги вклучуваат социјалните
медиуми, веб-страницата на компанијата, рангот на резултатите од пребарувањето, е-меил,
различни видови на рекламирање и блог на компанијата.
Дигиталните маркетери обично се фокусираат на различни
индикатори за мерење на перформанси (KPI). За секој дигитален
канал има различни индикатори кои Дигиталените маркетери
треба да знаат да ги следат и анализираат. Врз основа на
измерените резултати тие веднаш треба да знаат како да ги
подобрат резултатите за нареден пат. Дигиталните маркетери исто
така се задолжени за носење на сообраќај на веб страницата на
компанијата и нивна должност е да направат стратегија за да ги
убедат потенцијалните клиенти да ги купат производите или
услугите на компанијата.
Дигиталниот маркетинг се спроведува низ многу маркетинг улоги.
Во малите компании еден генералист би можел да спроведува
голем број на  дигитални маркетинг тактики и стратегии во исто
време. Во поголемите компании постојат специјалисти за повеќе
гранки во дигиталниот маркетинг. На тој начин секој си се
фокусира во својата област и поефективно се извршува
целовкупната работата.
Неколку специјалисти:

SEO менаџер
На кратко, како SEO менаџер има должност да ја рангира компанијата на највисокото место на пребарувачите.
Користејќи различни пристапи и методи за оптимизација, оваа личност треба директно да работи со креаторите на
содржини за да се осигура дека содржината што ја креираат ги исполнува критериумите кои се потребни за највисок
ранг на веб пребарувачите.
Специјалист за маркетинг содржина
Специјалисти во оваа област се оние кои знаат да пишуваат одлична содржина притоа истата да биде SEO
оптимизирана. Квалитетна содржина која е оптимизирана и на мудар и суптилен начин ги нуди услугите на
компанијата може навистина многу да ја зголеми продажбата. Овие професионалци често соработуваат со други
оделенија во компанијата за да искреирааат квалитетни статии за услугите и производите на компанијата.
Улогата на менаџер на социјални медиуми е лесно да се разбере читајќи го само името. Социјалните мрежи кои тие
ги раководат зависи од областа на компанијата. Пред сè, менаџерите на социјалните медиуми креираат распоред за
објавување на содржината која ја креираат специјалистите за маркетинг содржина, потоа ја оптимизираат за да
изгледа одлично за на социјалните мрежи кои ги раководат. Менаџерот на социјалните медиуми е во постојана
соработка со Специјалистот за маркетинг содржина за да искреираат стратегија околу објавувањето на содржините
на социјалните медиуми.
Придобивки од дигиталниот маркетинг
За разлика од офлајн маркетингот, дигиталниот маркетинг им овозможува на маркетерите да ги гледаат
постигнатите резултати во реално време. Доколку некогаш некој работел во весник, ќе знае колку е тешко да се
процени колку луѓе всушност ја превртеле страницата каде што се наоѓа реклама, а пак сигурно нема да знае колку
време се задржале токму на таа страница.  Не може со сигурност да се знае дали таа реклама е одговорна за
остварените продажби тој месец.
Од друга страна, преку дигиталниот маркетинг можете точно да ги измерите придобивките, заработката и
трошоците во кампањата која се води.
Сообраќај на веб страница

Преку дигиталниот маркетинг може да се види точниот број на луѓе кои ја прегледале
почетната страница на веб-сајт во реално време или во даден временски период. Се
што треба да се направи е правилно да го сетира Google Analytics. Можете да измери:
Bounce rate, Sessions, Page views, Time on page, Page load time, Average session duration
итн… Може да види каков уред користеле и од кој регион доаѓаат нивните
посетители.
Овие интелегентни алатки помагаат да се разбере кои од нив носат најдобри резултати
и на кои треба да потроши повеќе време во иднина. На пример, доколку само 10% од
сообраќајот доаѓа од органско пребарување тогаш ќе знае дека треба да ја подобри
SEO стратегија.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО

You might also like