You are on page 1of 8

СЕМИНАРСКА ПО ПРЕДМЕТОТ

ФИНАНСИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

“Е-маркетинг”

ИЗРАБОТИЛ:
Милица Даскалова
INKI661
Вовед
Во денешниот свет на зголемена пазарна глобализација и економска регионализација,
бизнисот не може да биде успешен без употреба на современа информатичка технологија
Со вмрежувањето на претпријатијата и јавната администрација и развојот на Интернет
доведоа до големи промени во начинот и ефикасноста во работата на деловните системи.
Овозможена е едноставна и брза комуникација, речиси веднаш пренесување на големи
количини на податоци на долги растојанија, лесно објавување и ажурирање
мултимедијални документи и нивна континуирана глобална достапност, дигитална
испорака на услуги и добра, директно плаќање преку интернет, создавање виртуелни
организации итн. Сето ова ги претставува елементите на нова форма на бизнис,
т.н. е-бизнис.Е-бизнисот е општ концепт кој ги вклучува сите форми на деловни
трансакции или размена на информации што се врши со користење на информатичко-
комуникациска технологија и тоа: помеѓу компаниите, помеѓу компаниите и нивните
клиенти, помеѓу компаниите и јавната администрација.Е-бизнисот вклучува електронско
тргување со услуги и добра кое може да се гледа од повеќе гледни точки. Од аспект на
комуникација, е-бизнисот е електронска испорака на информации, производи и услуги и
електронско плаќање со употреба компјутерски и други комуникациски мрежи. Од
деловна перспектива, тоа е примена на технологијата со цел автоматизирање на
деловните трансакции и операции.Од сервисна гледна точка тоа е алатка која овозможува
намалување на деловните трошоци додека истовремено ги зголемува квалитетот и
брзината на давањето услуги. Електронската размена на податоци им овозможи на
компаниите да испраќаат и примаат деловни документи во стандардна електронска
форма, преку безбедна приватна мрежа. Сепак, тоа е скапа технологија и главно се
користи од големите претпријатија. Малите и средни компании наместо приватни мрежи
користат онлајн мрежни сервиси со додадена вредност, кои имаат програми кои
овозможуваат електронска размена на податоци.
Ресурси за е-маркетинг

Е-маркетинг-от ги претставува сите онлајн или електронски базирани активности кои


им овозможуваат на производителите на производи и услуги да ги задоволат потребите и
желбите на своите клиенти на брз и ефикасен начин. Наместо електронски маркетинг, се
почесто се користи терминот дигитален маркетинг.
Имплементацијата на е-маркетингот се заснова на одреден број ресурси, од кои
најчесто се издвојуваат:
On-line информации и бази на податоци: - апликации за пропагандни и
промотивни цели, онлајн услуги за корисничка поддршка, продажба, пакети за
онлајн истражување, видео конференции;
Ресурси за телефонија: мобилна телефонија, факс системи и телемаркетинг;
Мрежни ресурси: Internet, Web;
Специјални ресурси во малопродажбата: оптички читачи (скенери), електронски
киосци;

Практично сите спомнати алатки за е-маркетинг можат да се користат во


процесот на стратешко планирање и тактичка имплементација на стратешките
идеи во конкретни акции.

Популарни модели на веб-маркетинг


 Електронски билтен, кој дава информации за производите и услугите на
компанијата. Посетителите можат да контактираат со претставници на компанијата
и да нарачаат физички каталог.
 Електронска брошура е проширена форма на електронски оглас со подетални
информации за производите и услугите. На корисниците им е овозможено да
разменуваат податоци меѓу себе или со претставници на компанијата, како и да
добиваат купони за попуст.
 Електронскиот каталог овозможува поврзување на информации за производи и
услуги со нарачување. Таквиот електронски каталог може да се поврзе со база на
податоци за складиште во кој корисникот може да провери дали може веднаш да
го купи тој производ. Информациите во каталогот се ажурирани, а каталогот може
да се пребарува по клучни зборови. Може да се користат и софтверски агенти со
кои корисниците автоматски ќе се известуваат преку е-пошта за новите производи
од областите од нивен интерес.
 Извртен(twisted) електронски каталог е форма на електронски каталог во кој
информациите за производи и услуги не се нудат директно. Наместо тоа, на
посетителите им се нудат интересни содржини поврзани со производите и
услугите на таа компанија Значи, производител на ЦД-а може да понуди
информации за композитори и инструменти, а патем му се нуди и можност да купи
ЦД од тој производител. Интернет промоција, интернет маркетинг или како да се
има финансиски или други придобивки од промотивните активности преку
интернет како медиум за комуникација, е прашање кое ги засега сите поединци,
компании или институции кои го планираат своето присуство на Интернет.
Презентациите кои имаат за цел посреден или непосреден начин на остварување
добивка или некоја друга корист, имаат можност со правилна интернет промоција,
да остварат посетеност од неколку илјади посети месечно, во зависност од темите
што ги опфаќаат.

Онлајн маркетинг

Онлајн маркетингот е заеднички именител за сите видови онлајн маркетинг. Тоа е збирка
на сите активности кои имаат за цел продажба на производи и услуги на целни
потрошувачи, користејќи Интернет и онлајн услуги, користејќи онлајн алатки и услуги на
начин кој е конзистентен со целата маркетинг програма на компанијата. За разлика од
масовниот маркетинг кој создава една порака за целиот, масовен пазар, онлајн
маркетингот се обраќа на секој клиент поединечно. Освен ефективна комуникација пред
и за време на купувањето, онлајн маркетингот овозможува ефективна комуникација и
после тоа, пред се преку активности за обезбедување поддршка на корисниците, но и на
други начини. Он-лајн маркетингот гради долгорочен и пријателски однос со секој клиент
поединечно. Онлајн маркетингот се нарекува и еден-на-еден маркетинг. Постојат два
вида на онлајн канали, комерцијален онлајн сервис за информации во кој имаат пристап
оние кои ќе се претплатат,глобална мрежа која овозможува непосредна и
децентрализирана глобална комуникација. Популарноста на онлајн маркетингот се
заснова на најмалку три предности за клиентот:
 Удобност - производот може да се нарача 24 часа на ден,
 Информативност - можете да најдете споредливи информации за производи,
компании и слично
 Помалку непријатности - нема потреба директно да се соочувате со никого.
Он-лајн маркетингот обезбедува бенефиции и за продавачите, и тоа: 1. Брзо
прилагодување кон пазарните услови, 2.Создавање односи со потрошувачите,
3. Пристап до голема публика.

Интерактивниот маркетинг овозможува прилагодување на реакцијата и потребите на


поединците. Интерактивноста значи две работи во комуникацијата: способност за
обраќање на поединецот и способнос да се добие реакција од тој поединец.
Интернетот нуди големи можности за интеракција и комуникација со корисниците. На
набљудувачот му е овозможено активно да ги следи презентациите, да ги бара и
ефикасно да ги добива бараните информации. За разлика од весниците, наоѓањето
информации и пребарувањето е многу побрзо, и за разлика од радиото или ТВ, нема
потреба пасивно да се чека за потребните информации, понекогаш и со часови.
Комуникацијата преку Интернет е масовна, брза и евтина.

Е-маркетингот претставува употреба на информатичката технологија во процесот:


-создавање одредена вредност
-комуникации
-распределба на вредности на потрошувачите
- управување со односите со потрошувачите
- деловен процес - вклучува воочување на маркетиншка можност, формирање маркетинг
стратегија, позиционирање, комуникација, маркетинг тактики, собирање информации и
евалуација.
- односи со клиентите - фокусот се префрла од наоѓање нови клиенти како и на нивно
задржување и подобрување на односите со постојните
Суштината на маркетингот е задоволување на потребите на потрошувачите, но за да се
биде успешен на долг рок, размената мора да биде избалансирана, што значи дека
вредноста секогаш се разменува со противвредност.

„Ако не си препознатлив на Интернет, ти не постоиш.„

Добро позиционираното место на веб-пребарувачите во суштина е многу важна работа.


Денес прашањето како да се биде на првата страница на Google, во принцип, може да се
поистовети со прашањето како да се обогатиш.
Примери за е-маркетинг
Банери - бројот на линкови кои се насочени кон веб локацијата е еден од параметрите за
подобро позиционирање на пребарувачите. Рекламирање на веб-локацијата користејќи
банери на други веб-страници. Тоа може да се направи на неколку начини:
 Со размена на банери со таканаречени пријателски веб-страници.
 Поставување банери и реклами на портали кои ја нудат оваа услуга бесплатно
 Поставување банери на популарни сајтови со паричен надомест.

Новости(News letter), Е-книги(E-books) и други онлајн технологии за рекламирање. Еднаш


неделно, месечно или годишно, во зависност од динамиката на промените во
компанијата, се испраќа newsletter, е-книга или е-разгледница до сите постоечки и
потенцијални партнери.
Компанијата Google веќе подолго време успешно го применува овој маркетинг концепт.
Еден одличен пример е идејата за оваа кампања дa на 8 септември секоја година на сите
корисници на доменот google.mk им се посакува „Среќен Ден на независноста на
Македонија“ со прилагодување на сликата на своето лого со македонскоto знаме.

Отсуството на овој гест никого не би налутило. Меѓутоа, со ова изненадување Google


успеа ги воодушевува граѓаните на Македонија, но и сите корисници на овој пребарувач.
Овој гест е веднаш позитивно прифатен и веста одекна во националните медиумски куќи
во Македонија. Тоа е одличен маркетинг и е пример за вистинска вештина за претворање
на маркетингот во уметност која привлекува ги клиенти и ја гради нивната лојалност.

Рекламирањето облека преку блог е исто така добар пример. Денес постојат многу
блогери кои со своите фотографии ја рекламираат облеката што ја носат.

Интернет маркетинг план

Пред да започнете маркетинг кампања на Интернет, неопходно е да се создаде сајбер


маркетинг план со кој се дефинираат:

 Цели;
 Области на активност;
 Тактики;
 Ресурси;
 Времето потребно за спроведување на планот
 Евалуација на планот
Глобализацијата
Благодарение на интернетот, дури и малите компании можат да се појават на светската
сцена. Но и овде важат цврсти правила воспоставени во светот на пропагандата: имиџот е
клучен фактор за градење на успешна компании. Сурфајќи по мрежата, може да наидеме
на сајтови кои можат да не импресионираат.

Начини на имплементација на е-маркетинг


Имплементацијата на е-маркетингот се заснова на одреден број на ресурси, од кои
најчесто се издвојуваат:

 Онлајн информации и бази на податоци


 Софтверски производи (воглавно базирани на веб), кои вклучуваат: апликации во
пропагандни и промотивни цели,
 геодемографски и психографски програмски пакети,
 онлајн услуги за корисничка поддршка, продажба...
 пакети за on-line (интерактивни) истражувања
 видео конференции
 „smart card “

Заклучок

Порано влегувавме во продавница претежно пешки, избиравме со допирање, вртење,


дегустација... и на крај плаќавме (со готовина или картичка) и го носевме дома;
Во деновите карактеризирани со „технологиите за поврзување“ компјутери,
телекомуникации и транспорт не мораме да бидеме во физички контакт за тие да
реагираат.
Една од основните работи што ИТ професионалците мора да ја научат е да би фатиле
приклучок со интерактивниот маркетинг, е начин на презентација на информациите.
Интернетот е нов медиум кој бара развој на нови стратегии за да се користи на соодветен
начин. За разлика од рекламите на ТВ или печатените огласи, Интернетот е интерактивен,
двонасочен комуникациски систем. За разлика од телефонот, кој исто така е
интерактивен, интернетот овозможува собирање, складирање и пребарување на
информациите ширум светот без оглед на временските зони, граници и други
ограничувања од локален карактер.

You might also like