You are on page 1of 18

Универзитет ,, Гоце Делчев” – Штип

Проектна задача по предметот :

Е-Банкарство

Тема: Пос системи

Ментор : Изработил :

Скопје, Ноември 2017


Содржина

Апстракт---------------------------------------------------------------------------------------3

Вовед----------------------------------------------------------------------------------------------4

Главен Дел-----------------------------------------------------------------------------------5-17

Заклучок---------------------------------------------------------------------------------------18

Користена Литература---------------------------------------------------------------------19

Апстракт

2
Електронското банкарство ги опфаќа банкарските активности што се
извршуваат преку електронски средства, како што се: компјутери,
банкомати, магнетни картички, чипови, тв-екрани, мобилни телефони
итн. Електронското банкарство претставува техника на извршување на
банкарските работи, односно начин на испорака на банкарските
производи. Според тоа, техниката на испорака на банкарските производи
е она што ги раздвојува електронското и традиционалното банкарство

1. Вовед

Интернетот претставува платформа на современото работење и е многу


повеќе од компјутерска мрежа. Неговата суштина се наоѓа во тоа што
интернетот може да има примена и во работниот односно деловниот процес и
затоа за истиот се користи терминот >>интернет технологија <<. Примената на
интернетот во деловните процеси го прави интернетот да биде еден вид пазар
на информации, поддршка во истражувачките процеси и деловните
активности.

3
Современите дигитални мултимедијални технологии во информатичката-
комуникациска платформа се неопходен услов за функционирањето на
глобалните деловни процеси на :
 Деловните комуникации
 Електронскиот трансфер на пари
 Електронски трансфер на техничка документација
 Деловни трансакции
 Сервисите зза резервирање и купување и
 други останати процеси.
А за да би можело едно претпријатие успешно да работи мора да стане дел
од глобалните делови процеси, а единственит начин тоа да го направи е
електронското банкарство.
Електронското банкарство овозможува извршување на банкарска
трансакција по пат на интернет со користење на персонален компјутер, мобилен
телефон или различни преносни компнутри. Електронското банкарство ги следи
електронските пари, и ги вклучува финансиските трансакции кои не се обврзани
со надоместоци. Електронските пари може да се дефинираат како
специфична ,,монетарна информација “ која по пат на електронски импулс во
реално време се пренесува трансакторот кои извршува плаќање
Електронското банкарство исто така овозможува постепено елиминирање
на шалтерските плаќања, што е многу брзо прифатено во праксата, при
користење на квалитетна маркетинг презентација. Иако издатоците за увод во
информационата компјутерска технологија заедно со трошоците за маркетинг
представуваат значајна ставка за банките, сепак уводот и примената на
електронското банкарство, долгорочно гледано, е доста економично.
Затоа овој труд ќе се заснова на објаснувањето на значењето на
електронското банкарство , моделите на електронско работење , развојот на
електронското работење односно начинот на воведувањето на електронското
банкарство во светот на деловното работење.
Под поимот на електронско работење односно e-business се
подразбира работење во кое деловните трансакции се остаруваат по
електронски пат.
Интернет банкарството односно електронското банкарство
претставува еден вид на финансиски сервис на банката кој овозможува

4
лично и брзо извршување и преглед на финасиските трансакции и
состојби.1

2. Развој на електронското банкарство

Примената на современите електронски дигитални пресметувачи во областа на


банкарството ја овозможува појавата на електронските трансакции од дигитален
тип. Развојот на електронското бакарство во денешна смисла на зборот започнал
кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те години на 20-от век. За афирмацијата на
електронското банкарство од пресудно значење биле:
 Трендовите во информационата и комуникациската технологија
 Употребата на јавните компјутерски мрежи и
 Развојот и примената на методите на криптографијата.

Електронското банкарство е нов вид на рационализација на банкарските


потенцијали и се дефинира како збир на различни начини на изведување на
финансиските трансакции со помош на употребата на информациските и
телекомуникациските технологии. Електронското банкарство е широк поим и
покрај Интернет банкарството опфаќа и бројни видови на дигитализирани
трансакции кои не мораат да се базираат на Интернет технологија.

Електронските трансакции може да се поделат на аналогни и дигитални:

 Трансферот на пари по пат на телеграф претставува електронска


трансакција,но од аналоген тип (се работи со хартиени новчаници).

 Појавата на електоронските трансакции од дигитален тип се поврзува со


појавата на компјутерите ,и нивната примена во областа на е-
банкарството (се работи со електронски новчаници ).

1
http://web.efzg.hr/dok/OIM/oim_prester_RBA%20Internet%20bankarstvo.pdf

5
Првиот чекор кон електронското банкарство биле банкоматите .
Банкоматите претставуват уреди за полагање и подигање на готовина без физичко
присусво на банкарски службеник. Првите банкомати се врзуваат за филијалата на
британската ,, Barcclays” банка 1967 година . Готовината се подига со помш на
платежни картички.
Во низата на новините кои го условуваат развој9т на електронското
банкарство посебно место завзема софтверот за лични финансии. Потребен е
посебен софтвер кој е инсталиран на сметачот на клиентот од кој единствено може
да е обавуваат трансакции. Тоа е софтвер кој им овозможува на луѓето со помош на
персоналниот компјутер да водат грижа за своите пари.
Следниот значаен чекор во развојот на електронското банкарство
зачнат е со промоцијата на on-line банкарството. Тоа претставува комбинација
на карактеристиките на програмата за лични финансии и електронското
плаќање на сметките. Потрошувачите најпрво покажале многу мала
заинтересираност за користењето на своите персонални сметачи во
банкарството. Денес работите се доста сменети и се побрзиот развој на на on-
line банкарството е резултат на безбедноста, поедноставната упореба,
корисноста на цената кои пред тоа го оневозможуваа неговото пошироко
прифаќање.
Природниот наследник на on-line банкарството е Интернет банкарството.
Тоа претставува обавување на банкарскот работење со посредство на
Интернетот т.е усмерено е наоние банкарски производи и услуги кои можат да
се ипорачуваат преку електронски канали. Постојат две клучни причини
заради кои банките се заинтересирани за Интернет банкартвото , и тоа се :
 Корисниците на Интернетот се воглавно млди луѓе со поголем степен на
образование и поголеми приходи од еден просечен клиент
 Интернетот е многу ефикасен и ефтин дистрибуциоен канал.
Како еден од понновите трендови во електронското банкарство се смета
т.н Мобилно банкарство. Тоа овозможува извршување на трансакции пио пат на
преносни компјутери , дигитални лични организатори и мобилни телефони.
Најновата генерација на мобилни телефони поседува можност да се поврзе на
Интернет , што ни покажува дека корисникот може да пристапи на својата
финансиска институција со помш на истиот и да изврши трансакција.

6
Се прогнозира дека мобилното банкарство ќе доживее дури поголема
експанзија од Интернет банкарството во наредните 3-5 години , со оглед дека
бројот на корисници на мобилни телефони го надминува бројот на корисници
на Интернет.

 Предности на електронското банкарство

Основни предности на електронското банкарство од гледиште на


банката се :
 Создавање на имиџ на иновативна банка која на клиентите
им нуди решенија кои се засновани на современи и
безбедносни технологии
 Отворање на нови пазарни канали
 Интегрирано електонско поврзување на платниот промет во
национални и воннационални размери
 Полесно придобивање на клиентите од банките кои не
поддржуваат електронско работење
 Намалување на трошоците
 Можност за рационализација на банкарскиот потенцијал
 Полесно докажување на своите конкурентски способности
 Квалитетна и рационална прераспределба на работењето
натре во самата банка , како и растеретување на вработените
и
 Поедностано изведување на маркетингшките акции.

 Основни пак предности од гледна точка на клиентите се :

 Постојан увид на состојбата на сите сметки


 24/7 пристап во банката
2
NLB Тутунска банка АД - Скопје www.nlb.com.mk

7
 Полесно превземање на потребните датотеки
 Обавување на работите во време кога на клиентите
најмногу им одговара
 Поврзување на корисничките модули сопостоечките
банкарски апликации и
 Разбивањето на географските бариери.

Заклучок е дека предностите на компјутеризираната технологија за


извршување на финансиска трансакција за банките – даватели на финансиската
услуга, исто така и за населението и правните лица кои ја користат оваа услуга.

3. Ризици на електронското банкарство

Специфичните ризици на кои се изложуваат банките со електронското


банкарство и активностите во врска со електронските пари можат да се
групираат во некоолку групи во однос на ризкот . Во сегашната фаза на
развојот на електронското банкарството и парите по се изгледа дека
оперативниот , репутациониот и правниот ризик ќе бидат едни од поважните
категории на ризици за повеќето активности во врска со електронските пари и
електронското банкарство. Традиционалните банкарски ризици, како што се
кредитниот ризик , ризикот на ликвидноста , каматниот ризик и пазарниот
ризик истотака можат да произлезат од активноста во врска со електронските
пари и електронското банкарство. Па поради сето тоа неопходен процес во
електронското банкарство е управувањето со ризикот, кој се состои од три
основни елементи:
1. процена на ризикот
2. контрола на изложеноста на ризик
3. следење на ризикот.3
Во услови на се поголеми институционални, организациски и
функционални промени во банкарството, се повеќе се изразени потребите за
користење на информациски системи во банките за информатичка интеграција
на банкарските системи и за информатичка интеграција на финансиските
пазари.

3
http://studenti.rs/skripte/bankarstvo-finansije/elektronsko-bankarstvo-2/

8
Значајни фактори кои предизвикуваат структурни промени во
банкарството се:
 новата технологија
 ценовната конкуренција
 растот на профитабилноста
 промени во барањата на клиентите
 промени во меѓународната регулатива и сл.
Примената на новите информациски технологии во банкарството
овозможуваат: намалување на оперативните трошоци на банките, подобрување
на банкарските услуги, се создаваат нови банкарски производи и услуги.
За подобро функционирање на електронското работење од големо
значење е правната регулатива, која е неопходен предуслов за правната
заснованост на електронско работење.4
Најважна грижа на клиентот кај електронското банкарство е всушност
тајноста на податоците и трансакциите . Сметајќи на тоа дека мрежите низ кои
се движат парите се сложени треба да се предвидат и следните проблеми:
интегритетот на податоците , можните оштетувања, деградацијата,
изобличувањето или оштетувањето на податоците.
Можните пак економски последици од користењето на електронските
пари и електронското банкарство се состојт од нивното влијание на девизните
курсеви и паричната маса. Мосовното учество на девизниот пазар од страна на
учесниците кои не се професионални дилери и брокери може да доведе до
нестабилност на девизниот курс. Покрај тоа , споредбено с ширењето на
економијата преку интернетот , банките можат да одобруваат кредити на
потрошувачите во форма на електронски пари.
Во тој момент ќе дојде до креирање на нови пари , па вкупниот износ на
електронските пари ќе го надмине износот на депонираните реални пари.
Ваквото движење на парите ќе предизвика флуктуација на паричната маса во
сајбер просторот и ќе влијае на паричната маса во реалниот свет.
Познато е дека секое движење на парите во себе носи и ризик од
банкрот. Заради непостоењето на некои институции кои би вршеле улога на

4
http://e-biznisi.net/index.php?option=com_content&view=article&id=465:2009-12-08-22-38-
58&catid=74:-biznis-diskusii&Itemid=100

9
централна банка во сајбер просторот , банкротирањео на некои банки може да
предизвика и ланчана реакција и да доведе до финансиска криза .
Во која мера ќе биде заштитен системот за електронско плаќање зависи
од :
 обемот и природата на ризикот
 степенот на толеранција на постоењто на ризикот од срана на
финансискаа институција
 кадрите кои треба да го воочат овој проблем
 финансиските средства кои се потребни за обезбедување од ризик
 висибната на штетата и природата на проблемите кои ризикот ги
носи и
 степенот на доверба во опкружувањето.

4. Средства за плаќање

Еден од клучните компоненти на електронското банкарство е


електронското плаќање.
Основни средства за плаќање на интернет односно кај електронското
банкарство се :
 Електронските пари
 Кредитните картички
 Електронските чекови
 Електронските налози.

Електронските пари- - Се најголемото технолошко достигнување во


развојот на банкарството , бидејќи тие многу полесно можат да се контролираат
од книжните пари. Ја заменуваат готовината и чековите и овозможуваат
купување преку сметка.
Електронските пари се дефинираат како специфична ,, монетарна
информација" која по пат на електронски импулс во ,, реално време" се
пренесува помеѓу два трансактори кои обавуваат плаќање. Елекронските
пари овозможуваат купување на стока и услуги со помош на сметка во кругот
на комерцијалните мрежи или деловните банкарски мрежи.

10
Постојат два вида на електронски пари :
 Идентификувани
 Анонимени (дигитални пари во потесна смисла)
Овие два вида можат да се расчленат понатаму на уште две категории и
тоа : on line e-novac и off line e-novac.
Предностите од електронските пари се :
 Електронски трансфер на средства на точката на продажба
 Подигање и полагање на готовина , плаќање преку банкомат
 Располагање со финансиските средства од дома без да се оди во
банка(homebanking).
Кај електронските пари постои и можност за авторитизација и следење
на трансакциите така да традиционалните банки стануваат непотребни.
Електронските пари не познаваат граници, за разлика од книжните кои
престануваат да носта камата кога ќе ги подигнете од сметка , електронските
пари можат да носат камата се до моментот додека истите не ги потрошите.
Постојат два основни облици на електронски пари:
1. Облик занован на картици
2. Мрежни електронски пари

Првиот облик се заснова на пластични картички кои граѓаните ги


користат за плаќање на помали суми. Таквите плаќања можат да се вршат во
продавници кои ги поседуваат терминалите кои одговараат и се вршат на тој
начин терминалот автоматски го зема износот од картицата и тој износ го
одобрува продавницата.
Мрежните електронски пари се карактеристични по тоа што
електронската вредност на електронските пари се наоѓа на хард дисковите на
персоналните сметачи. Трансферот се врши преку телекомуникациските мрежи
, воглавно преку интернет.

Новите технологии на елекронските пари опфаќаат една цела низа на


пристапи во кои монетарната вредност е во форма на електронски сигнал ,
сместена или на пластични картички или фиксен диск во сметач (систем за
дигитални пари).

11
Картичките со ускладена вредност моментално опфаќаат две базични
технологии:
 картички со ускладена вредност на магнетната лента и
 картички со ускладена вредност на микрочип

Кредитните картички – обично се дефинираат како мал картон или


пластика која содржи средство за идентификација , што овозможува на една
личност на чие име гласи картичката да купува стока и услуги на интернет на
својата сметка на која периодично се задржува одреден износ.
Тие се појавиле во САД во 1920 година, кога некои фирми почнале да
издаваат платежни картички на своите потрошувачи и кои можеле да се
користат само во објектите на омпанијата која ги издала. Во 1950 година Diners
Club кој претстваувал првиот организиран систем кој ја издал правата
универзална картичка која можела да се користи во различни продажни
објекти.
Најпознати кредитни картички се Visa i MasterCard , Access, Barclaycard
во Европа . Тие ги имаат комбинирано своите операции и сега се најголеми
компании за кредитни картички Access/MasterCard i Visa/BarclayCard.
Со кредитните картички лесно се ракува и тие се имуни на финансиски
гутбиток. Корисниците имаат заштита затоа што омпанијата која ја издава
кредитната картичка е одговорна за сите купувања направени со таа кредитна
картичка. За сите типови на кредитни картички структурата и содржината на
податоците мора да бидат пропиша согласно ISO 7831 меѓународен стандард
и секоја картичка мора да задоволи одредени технолошки карактеристики.
Кредитните картички се повеќе ја заменуваат готовината и
овозможуваат брза и економична обработка на неколку илјади потрошувачки и
трговски трансакции.
Имателот на кредитната картичка има можност да ги плаќа месечните
смети или пак да земе кредит до одреден лимит по одредена каматна стапка а
со специфицирани минимални отплати секој месец. Сопственикот на картичката
обично плаќа годишна надокнада или надокнада при вклучување. Кога

12
сопственикот на картиката врши плаќање со истата тој ја активира кредитната
линија и роши пари на банката која ја издава картичката.

Постојат три различни страни во користењето на картичките и тоа се


сопственикот , трговецот и банката.
Спрема технолошката основа платежните картички се делат на :
 стандардни пластични картички
 картички со магнетна лента
 картички со микрочип
 ласерски оптички картички.

По принципот пак на функционирање на платежните картички се делат


на :
 кредитни карички (Pay Later),
 дебитни картички (Pay Now).

Кредитните картички се картички кои содржат кредитен лимит


кој потрошувачот може да го користи при купувањето или повлекување на
готовина.
Дебитните картички се картички чие користење може да се врши
само до износот на покритието на депозитната сметка на коминтетот.

Електронски чекови- претставуваат електронски докумнт, дигитално


потпишан со кој и се налага на банката да исплати одреден износ на пари кој се
наоѓа на потписничката сметка во одреден рок. Електронскиот чек може да
биде испратен и примен како било кој e-mail.5

5. Можности на електронското банкарство

 ИНФОРМАТИВНИ
 преглед на моментална состојба
 преглед на налог
5
http://studenti.rs/skripte/bankarstvo-finansije/elektronsko-bankarstvo/

13
 извод
 ТРАНСАКЦИИ
 плаќање налози on-line
 АРХИВСКИ
 преглед на налози, извод за одреден датум
 СЕРВИСНИ
 праќање на барања комитент-банка-комитент
 курсни листи, одобрени кредити
 извештај за пристигнат прилив, итн... 6

6. Сигурност на банките на Интернет

Интернетот спаѓа во т.н јавни односно отворени мрежи на кои секој


има неограничен пристап, па голем проблем претставува недоволната
безбедност на трансакциите кои се обавуваат преку интернет.
Интернет банките како и традиционалните банки можат да бидат
ограбени. Клиентите сепак имаат доверба во Интернет банките затоа што тие
како и другите финансиски институции им гарантираат на своите клиенти
надомест на штета во случај на грабеж и затоа истите настојуваат да развијат
што посовршени системи за заштита .
Постојат многу мерки за заштита кои можат да се применат као заштита од
хакери меѓутоа совршен систем за заштита не постои. Сигурноста е една од
најголемите грижи на банките кои нудат услуги во вид на електронско
банкарство и најчесто се дефинира како комбинација на технологихја, мерка и
постапка на заштита на информациите од страна на неовластено експлотирање.

Постојат четири основни сигурносни сервиси:

1. Интегритет на податоците – обезбедување на размена на финансиски и


други податоци помеѓу банката и корисникот така да никој што не е
овластен да не може да ги искористи и замени податоците. Интегритетот
6
NLB Тутунска банка АД - Скопје, 8. Август, 2555

14
на податоците може да се заштити преку (SSL-Secure Socket Layer, S-
HTTP Secure HayperText Transfer Protokol ...)
2. Отповикување на пораки – сервис кој спречува отповикување на
испратеното и содржината на пораката, односно примачот да го порекне
приемот и содржината на пораката.
3. Идентификација – Проверување на идентитетот со кој се претставува
корисникот. Идентификацијата на корисникот во електронското
работење може да биде:
 Идентифицирање на основа на нешто што е познато(PIN- таен
број кој треба да се запамети и за работа на интернет потребно е
повеќе PIN-броеви за секој сервер посебно)
 Идентификација на нешто што сме ( идентификација на основа
на физичките карактеристики на корисникот на картичката-
скенирање на прст, дланка и слично)
 Идентификација на нешто што поседуваме (токен , смарт
картичка)
 Gps информација – според местото на кое се наоѓа
4. Тајност на податоците – се остварува по пат на шифрирање, со употреба
на криптографски алгоритми.

Дигитален потпис
 Целта на дигиталниот потпис е да ја потврди автентичноста на
содржината на пораката (односно да докаже дека пораката не е променета на пат
од испраќачот до примачот), како и да го гарантира идентитетот на испраќачот.
 Испраќачот со примена на одредени криптографски методи, од својата
порака која има произволна содржина, креира запис со фиксна должина, кој
одговара на содржината на таа порака. Потоа овој запис испраќачот го криптира
со својот таен клуч, и така го формира дигиталниот потпис кој се испраќа заедно
со пораката.
 Примателот ја дешифрира пораката со добиениот јавен клуч и на тој
начин може да открие било каква неправилност во пораката (односно ако некој
ја променил содржината на пораката).7

7
Слајд Современо Е-општество , Универзитет ,, Гоце Делчев" –Штип ,

15
Секако оваа заштита никогаш не е апсолутна и најголема грешка би било да
се тргне од тоа дека е постигната апслутна заштита , бидејќи секогаш постојат
слаби точки. Затоа користењето на криптографијата претставува многу важна
сигурносна мерка во дизајнирањето на платниот систем и протокол.

POS терминали

POS терминалите (point-of-sale terminals, POS) претставуваат


електронски системи кои ги поврзуваат потрошувачите, банките и
трговците. POS терминалите служат за плаќање на купената стока во
традиционалните продавници. Купувачот ја користи својата
кредитна/дебитна картичка за да се поврзе, преку POS терминалот, со
компјутерот на банката (од каде е издадена картичката) и да го изврши
плаќањето. Преку терминалот се издава електронски налог до банката
преку кој се врши трансферот на средства од сметката на купувачот на
сметката на продавачот. Прво се врши идентификација на купувачот (со
внесување на ПИН кодот) и проверка на важноста на картичката, потоа,
компјутерот проверува дали има доволно средства на картичката и
најпосле, се врши плаќањето

16
7. Заклучок:

Развојот на интернет технологијата е насекаде низ светот, па и во нашата


земја доведе до можности работите да се извршуваат по електронски пат. Тоа е
комплексен зафат кој бара ангажирање на стручњаци од различни области.
Многу брзо во целиот свет се најдоа заинтересирани страни спремни за
меѓусебни трансакции по електронски пат. Главната цел е да се продадат
добрата и услугите и средствата да бидат достапни за корисниците. Банките
малку доцнеа со воведувањето на целиот тој процес, но електронското
банкарство полека зазема голем замав.
Предностите на ваквиот вид на банкарство се огромни, користа е
обострана, гледано и од страната на коминтентот и од страната на банката.
Фирмите, потрошувачите и јавниот сектор уживаат во благодетите на
брзиот и едноставен пристап до посакуваните инфотмации. Електронското
тргување и електронското банкарство како важен дел е еден од секторите со
најголем потенцијал. Тој потенцијал ќе биде искористен ако интернет плаќањата
ке бидат сигурни и заштитени од злоупотреба.
Со развојот на интернетот се појави и нов вид на криминал, сајбер
криминал. Од оваа страна, заштитата на преносот на податоците претставува
еден од главните проблеми на банките.

17
8. Користена литература:

1. Prof. dr. Nahod Vuković, »E-business«, ppt prezentacija, specijalističke studije,


2001.-2002.
2. Dr Vojislav Vasković, »Bankarstvo na Internetu«, prezentacije sa
specijalističkih studija, 2001-2002.
3. Expertski grupa, »Nacrt zakona o elektronskom poslovanju i elektronskom
potpisu«, april 2001.
4. Слајд Современо Е-општество , Универзитет ,, Гоце Делчев" –Штип ,
http://www.scribd.com/doc/56191540/e-bankarstvo
5. NLB Тутунска банка АД - Скопје, 8. Август, 2555

6. http://studenti.rs/skripte/bankarstvo-finansije/elektronsko-bankarstvo/
7. http://e-biznisi.net/index.php?option=com_content&view=article&id=465:2009-
12-08-22-38-58&catid=74:-biznis-diskusii&Itemid=100

18

You might also like