You are on page 1of 130

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет ,,Св. Климент Охридски”-


Битола
Факултет за информатички и комуникациски
технологии - Битола

Студиска програма: Менаџмент на информациски системи

ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ И ПРОЕКТНИОТ


МЕНАЏМЕНТ КАЈ ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

-МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

Кандидат: Ментор:

Никола Ивановски Проф. д-р Божидар Миленковски

Битола, 2019 година


Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ТЕМА НА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД:

„ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ И ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏМЕНТ КАЈ


ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Комисија за одбрана на магистерски труд:


1. д-р Божидар Миленковски, вонреден професор, ментор
____________________________
2. д-р Моника Марковска, вонреден професор, член
____________________________
3. д-р Марина Блажековиќ- Тошевски, доцент, член
____________________________

Кандидат:
Никола Ивановски, студент на втор циклус на студии
досие бр.186/12
Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола
Факултет за информатички и комуникациски технологии- Битола

3
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

АПСТРАКТ

Појавата на информатичко-комуникациските технологии и Интернетот целосно го


редефинираа работењето на организациите. Употребата на Интернетот во сите
сегменти на современо делување ја предизвика појавата на концептот кој е познат под
терминот електронско работење. Денес се смета дека токму електронското работење е
доминантен облик на работење кај организациите. Имајќи го во предвид динамичното
опкружување во кое електронското работење се одвива, реализацијата на
иницијативите за негово имплементирање сè почесто се спроведува преку проекти.
Оттука, целта на овој труд е да се изанализира моменталната состојба со електронското
работење и специфичноста на управувањето со проектите кај организациите во
Република Македонија.
Клучни зборови: електронско работење, проектен менаџмент, електронска економија,
информатичко-комуникациски технологии, Интернет.

ABSTRACT

4
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

СОДРЖИНА

АПСТРАКТ 4
ABSTRACT 4
СОДРЖИНА 5
ВОВЕД 7
I. ТЕОРЕТСКА ЕЛАБОРАЦИЈА 9
1. Технолошки основи на електронското работење 9
1.1. Историја на електронското работење 10
1.2. Дефинирање на електронското работење 13
1.3. Е-филозофија 15
1.4. Технологии на кои е базирано електронското работење 16
1.4.1. Мрежи и мрежни протоколи како платформа на електронското
работење 18
1.4.2. EDI технологија 20
1.4.3. Интернет 21
1.4.4. Нови трендови кај технологиите на кои е базирано електронското
работење 25
1.5. Модели на деловното електронско работење 28
1.5.1. Комуникации помеѓу организациите и крајните корисници 29
1.5.2. Комуникации во електронската влада 31
1.5.3. Повеќекратни трансакции 31
1.6. Најчести деловни модели на електронско работење во Република Македонија
31
1.6.1. В2В електронско работење 33
1.6.2. В2С електронско работење 33
2. Основни форми на електронско работење 34
2.1. Електронска трговија 35
2.2. Електронски маркетинг 41
2.3. Мобилно работење 43
2.3.1. Мобилна трговија 44
2.3.2. Мобилен маркетинг 45
2.3.3. Перспектива на мобилното работење во Република Македонија 46
2.4. Електронско-банкарство 46
2.5. Електронско сметководство 49
2.6. Електронски платен промет 51
2.7. Електронско осигурување 53
3. Проектен менаџмент 54
3.1. Управување со проектен циклус 58
3.2. Проектни методологии 63
3.3. Логичка рамка 64
3.4. Методи и техники на проектен менаџмент 66
3.5. Вештини на проектни менаџери 68
II. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА 72
4. Вовед во истражувањето 72
4.1. Определување на проблемот и предметот на истражувањето 73
4.2. Оправданост на истражувањето 78
4.3. Цели, очекувани резултати и крајни корисници на истражувањето 78
5
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4.4. Методологија на истражувањето 79


4.5. Теориски приод 80
4.6. Хипотетска рамка 94
4.6.1. Генерална хипотеза на истражувањто 94
4.6.2.1. Посебна хипотеза 1. 94
4.6.2.2. Посебна хипотеза 2. 95
4.6.2.3. Посебна хипотеза 3. 95
4.6.2.4. Посебна хипотеза 4. 96
4.7. Методолошка рамка (истражувачка парадигма, вид на истражување и дизајн)
97
4.8. Популација и примерок 99
4.9. Истражувачки техники и инструменти 99
5. Анализа и интерпретација на добиените резултати 100
5.1. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 1. Идентификувањето
на можностите во е-опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење 100
5.2. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 2. Воведувањето на
менаџмент во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење 103
5.3. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 3. Градењето на е-
инфраструктура за поддршка на електронското работење позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење 106
5.4. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 4. Управувањето со
проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење 110
ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ 117
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 121
Прилози
Прилог 1 126
Прилог 2 129

6
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ВОВЕД

Денес, секторот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) се наоѓа во


постојан динамичен развој и претставува еден од основните генератори на промени во
современото општество.1 Поради пропулзивноста на овие технологии скоро и да не
постои сфера на човеково дејствување каде што не се чуствува нивното влијание.
Ефектите кои новите информатичко-комуникациски технологии ги имаа врз
современите деловни процеси креираа нова електронска економија. Со нејзиното
појавување, економска вредност не се креира само со производство на материјални
добра, туку оваа нова економија е базирана на нематеријалните добра, како што се
информациите, креативноста, иновативноста и знаењето.2 Производите кои ги создава
електронската економија се помали во обем, поинтелигентни се, имаат нов квалитет,
заштедуваат енергија и се поеколошки, а деловното работење е поефикасно,
попродуктивно и поевтино.3 Како клучни карактеристики на современиот начин на
деловно работење може да се наведат електронската размена на податоци, брзото
прилагодување на промените, проактивност, мобилност, постојани иновации, развој на
нови производи и електронски услуги, користење на нови (алтернативни) извори на
финансирање и целосна базираност врз напредните информатичко-комуникациски
технологии.4 Од друга страна, процесите на глобализација и информатизација го

1
Широко сфатена како ,,know-how”, технологијата претставува ,,raison d’etre” на деловното работење.
Технологијата се набљудува како дефиниран спектар од расположливи техники кои ги одредуваат
различните комбинации на инпути кои ќе дадат некој одреден аутпут. Таа се занимава со примена на
фундаментално знаење во практични цели.
2
Во трошоците за производство на автомобили, кои претставуваат репрезентативен производ на 20-те
години од минатиот век, учеството на материјалните суровини и енергијата било 60%, а кај
микропроцесорите, кои претставуваат репрезентативен производ на крајот од 20-от век, изнесувало
помалку од 2% (Drucker Peter, Menadžment za budućnost, Privredni pregled, Beograd, 1995, стр. 291).
3
Електронската економија е последица од дигиталната револуција која произлезе од два настани: падот
на цените на процесорите и падот на телекомуникациските трошоци. Така на пример, првиот
комерцијален компјутер, UNIVAC I, бил продаден на U.S. Census Bureau во раните 1950-ти. Чинеше 1
милион американски долари, зафаќаше речиси цела просторија и можеше да изврши околу 2.000
калкулации во секунда. Развојот на транзисторите и микрочиповите брзо доведоа до помали и помоќни
направи. До 1980-те, компјутерите можеа рутински да извршуваат неколку милиони калкулации во
секунда. Денес, компјутерите изведуваат милијарди калкулации во секунда, а некои можат да се држат в
рака. Првиот IBM персонален компјутер (PC), воведен во 1981, чинеше над 5.000 USA$ со целосна
конфигурација. Денес, типичниот PC се продава под 800 $ (Kurtz L. David, Boone E. Louis, Contemporary
Business, 14 th edition, John Wiley&Sons, Inc., USA, 2011, стр. 473).
4
Остварувањето на деловните цели на една организација и задоволувањето на очекувањата, било на
вработените, клиентите или на акционерите, се остварува врз основа на интегриран информациски
систем (Information System, IS) и систем на управување со квалитетот (Quality Management System,
7
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

овозможија електронското работење и во Република Македонија. Ова, заедно со


силното влијание на европските интеграции и сè поголемата конкуренција во
глобализираниот свет, делуваа Република Македонија да започне со модернизација на
своето деловно работење во насока на негово дигитализирање.5 Иако, сè уште сме
далеку од остварување на целосниот потенцијал што електронското работење може да
го даде, сепак, постепено се забележува подобрување на условите за квалитетно
електронско работење во нашите организации. Тоа може да се види преку носењето
закони од оваа област, зголемување на бројот на електронски продавници,
зголемување на брзината на Интернет протокот, зголемување на бројот на
информатички писмени луѓе итн. Оттука, основниот принцип, претпоставките и
концептите кои се обработуваат во овој труд подеднакво се релевантни за
производствени и услужни организации, за дистрибутери и за трговци на мало, за
приватни, јавни или непрофитни организации, за оние кои работат на домашниот
пазар, но и за оние организации кои работат на светскиот пазар.

QMS). Ова се обезбедува токму со употреба на новите информатичко-комуникациски технологии


(Information and Communication Technologies, ICT). Притоа, треба да се има во предвид дека софтверот е
интелектуална сопственост, така што, неговата цена содржи, покрај трошоците за имплементација и
експлоатација, и надомест за правото на користење (лиценца).
5
Така на пример, вработените неколку пати на ден проверуваат електронска пошта, а преку социјалните
мрежи, како што е LinkedIn, се поврзани со своите колеги 24/7 што порано не беше случај.
8
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

I. ТЕОРЕТСКА ЕЛАБОРАЦИЈА

1. Технолошки основи на електронското работење

Иако бројни фактори имаат придонесено во развојот на современата економија, се


смета дека најважна е улогата и влијанието на информатичко-комуникациските
технологии посебно после комерцијализацијата на Интернетот.6 Интернетот во
потполност го промени начинот на современото деловно работење и овозможи
создавање на нови и иновативни бизнис модели. Притоа, електронската револуција
делуваше во широк економски контекст, опфаќајќи ги интерните процеси на работење
внатре во организациите, но и надвор од нив, во нивното пазарно опкружување. 7 Со
забрзаниот развој на електронското работење, се забрзува и неговата имплементација.
Технологиите и принципите на електронското работење сè повеќе се употребуваат во
традиционалното деловно работење со што го менуваат начинот на работење кај нив.
Така на пример, главен деловно-апликациски информативен систем кој најчесто се
користи кај деловните организации во Република Македонија, а кој служи како
поддршка во работењето, е системот за планирање на ресурсите на претпријатието ERP
(Enterprise Resource Planning). ERP претставува интегриран менаџмент систем на
деловните процеси во реално време со посредство на софтвер и технологија кој може

6
Иако ширењето на информатичко-комуникациските технологии започна од средината на 1970-те
години, изостануваа ефектите врз економијата и бизнисите. Ова во стручната литература може да се
сретне како парадокс на продуктивноста или ,,компјутерски парадокс.” Со појавата на Интернетот, кон
средината на 1990-те години, започнаа да се јавуваат и првите користи од компјутеризацијата и од
нејзиното влијание врз продуктивноста. Токму во тој период всушност настануваше новата електронска
економија.
7
Индексот на мрежна подготвеност (The Networked Readiness Index-NRI) на Светскиот економски
форум (World Economic Forum) го определува степенот на подготвеност на една држава или повеќе
држави да учествуваат и да остваруваат корист од развојот на информатичко-комуникациските
технологии. NRI ја има следната структура: опкружување (1. политичко и регулаторно и 2. бизнис и
иновативно), подготвеност (3. инфраструктура, 4. средства и 5. вештини), употреба (6. индивидуална, 7.
бизнис и 8. владина) и влијание (9. економско и 10. општествено). NRI за 2016 година покажува дека
Република Македонија била на 46-то место од вкупно 139 рангирани држави во светот. Во поглед на
опкружувањето за развој на информатичко-комуникациските технологии, Република Македонија била
рангирана на 42-то место, во поглед на подготвеноста за развој на информатичко-комуникациските
технологии на 49-то место, во поглед на степенот на нивно користење на 50-то место и во поглед на
нивното влијание на 53-то место (World Economic Forum, INSEAD, The Global Information Technology
Report 2016-Innovating in the Digital Economy, 2016, стр. 132).
9
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

да го интегрира работењето на различни делови на организацијата (како на пример


сметководство, продажба, производство итн.) во една единствена целина.8
На крај, треба да се истакне дека електронското работење некои организации го
прифатија делумно, а некои целосно, со што придонесоа некои дејности и бизниси
целосно да згаснат, а други дејности и бизниси многу да се изменат.9 Од тие причини,
во продолжение на оваа глава од трудот, подетално се обработени технолошките
основи на електронското работење.

1.1. Историја на електронското работење

Како почеток на електронското работење се смета појавата на електронскиот пренос на


готовина (Electronic Fund Transfer-EFT) во седумдесетите години од минатиот век. Во
1980-тите години се развиваат два нови облици на електронско работење:
електронската размена на податоци (Electronic Data Interchange, EDI) и електронската
пошта (e-mail). Намалената употреба на хартија и зголемената автоматизација на
трудот се резултат на овие технологии. Во текот на 1990-те години, со појавата на
World Wide Web-от во рамките на Интернетот, за прв пат е овозможено едноставно

8
Организациите кај нас, кога станува збор за вложување во информатичкиот сектор, треба да се
рационализираат барајќи алтернативни бесплатни решенија. Како алтернатива на комерцијалниот
софтвер се наметнува “open source softver” решение со добра поддршка. Изворниот код на “open source”
софтверот е јавно достапен односно секој може да го спушти од Интернет и да го промени во согласност
со своите потреби или да го искористи како подлога за пишување на сосема нова програма. Во
имплементацијата на софверот кај нашите организации најчесто се сретнуваат два оперативни системи и
тоа: “Microsoft Windows” и “Linux.” Windows е најзастапен оперативен систем во светот и е
комерцијален. Има голема поддршка од програмери и огромна база на апликации, го употребуваат
многу голем број на организации во светот, а и во Република Македонија. Лесен е за совладување заради
неговиот кориснички ориентиран интерфејс (интерфејсот опфаќа графички, текстуални и звучни
информации кои програмата ги претставува на корисникот и активностите кои корисникот ги извршува
за да пристапи на програмата како на пример задавање на команди со тастатурата, движење на глушецот
и сл.). Linux е бесплатен оперативен систем со отворен код (open source softver) кој има послаба
поддршка од поголемите софтверски компании. Технички е понапреден од Windows-от, но, не е толку
кориснички ориентиран (сепак, секоја нова верзија се унапредува). Исто така, скоро секоја апликација за
Linux е бесплатна. Безбедноста е поголема, пад на системот е многу ретка појава, има подобри
перформанси на ист хардвер итн.
9
Во современите економии, над 2/3 од start-up компаниите, кои во најголем дел се ИТ фирми,
исчезнуваат од пазарот во рок од 2 до 5 години. Според истражувањето на Royal Dutch&Shell од 1983
година, 1/3 од компаниите кои до 1970-те години беа на листата на Fortune 500, исчезнале од пазарот. Во
тој контекст треба да се истакне и тоа дека просечниот животен век на најголемите компании во САД е
помал од 40 години колку што е професионалниот век на еден генерален менаџер (пошироко кај Senge
M. Peter, The Fifth Discipline. The Art and Practice of the Learning Organization, Doubleday, Broadway, New
York, 1994).
10
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

работење на мрежа, како и едноставно и евтино објавување и ширење на


информации.10 Овозможени се различни облици на работење, а самото работење
станува поевтино, со што и малите фирми добиваат можност за користење на
придобивките од електронското работење.
Развојот на електронското работење може да се подели на пет фази: иновација, златно
доба, крах, консолидација и повторна инвенција.11 Во фазата на иновација, која го
зафаќа периодот од 1994 до 1998 година, се појавуваат првите банер реклами. Ова е
период на т.н. Web 1.0 кога со употребата на електронското работење се намалуваат
трошоците во работењето и се отстрануваат посредниците на пазарот. 12 Фазата
наречена златно доба го опфаќа периодот од 1994 до 1998 година. Во оваа фаза се
зголемува вредноста на интернет фирмите, а технологијата има централна улога во
електронското работење. Фазата крах се случува во периодот од 2000 до 2001 година
кога многу Интернет фирми банкротираат. После крахот, во периодот меѓу 2001 и 2006
година, следи периодот на консолидација. Во оваа фаза, покрај мали start-up компании,
влегуваат големи и етаблирани компании кои воведуваат електронско работење во
своите организации. На овој начин тие се обидуваат да ја унапредат својата позиција на
пазарот. И на крај, последната фаза е фазата на повторна инвенција која започнува во
2006 година и трае до денес. Ова е фаза кога во развојот на електронското работење
голема улога имаат социјалните мрежи кои имаат голема публика и голем број на
корисници, а социјалните аспекти стануваат многу поважни од технолошките. Ова е
т.н. Web 2.0 кога корисниците можат да креираат, додаваат и дистрибуираат содржини

10
World wide web (www) или вебот е откриен во 1991 година од Tim Berners-Lee во CERN (Conseil
Européen pour la Recherche Nucléaire или Европска лабораторија за нуклеарна физика). Вебот е систем на
меѓузависни хипертекстуални документи достапни преку Интернет и всушност ја овозможува појавата
на електронското работење (за ова подетално кај Chaffey Dave, E-Business and E-Commerce Management,
3 edition, Pearson Education Limited, England, 2007).
11
Јаневски Зоран, Претприемништво и електронска трговија, Економски институт, Скопје, 2013, стр.
13.
12
Процесот на отстранување на посредниците се нарекува дисинтермедијација. Овој процес, денес, е
уште повеќе интензивиран. Така на пример, со помош на криптовалутите се намалува влијанието на
централните банки како посредници, краудфандингот (анг. crowdfunding или масовното финансирање од
страна на многу луѓе) е замена за конвенционалното банкарство, википедија е замена за енциклопедиите
односно научниот естаблишмент. Понатаму, секој може преку својот компјутер да напише книга, да
сними музика или филм без потреба од посредници во форма на издавачки куќи, музички студија,
филмски студија и сл.
11
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

до милиони други луѓе.13 Во однос на онлајн-присуството на пазарот, еволутивно,


организациите можат да се класифицираат во три групи:14
1) Тула и Малтер (Brick and Mortar) - се трговски форми кои имаат единстевено физичка
локација и тргуваат на традиционален начин,
2) Тула и Клик (Brick and Click) - форма на организација која има физичка локација, но
паралелно реалзира и онлајн трговски размени,
3) Дот-Ком (Dot Com) - трговски форми на организација кои исклучиво тргуваат по
електронски пат.15

13
Според некои автори веб технологиите еволуираат во Web 3.0 (периодот меѓу 2010 и 2020) и во Web
4.0 (периодот меѓу 2020 и 2030). Тие ќе вклучуваат поврзаност со голема брзина (high speed
connectivity), целосен опфат на дигитални медиуми (текст, глас, видео) и интелигентен веб (семантички
веб) каде што автоматизирани апликации ќе имаат пристап до податоци од различни онлајн сервиси кои
ќе им помагаат на пребарувачите да извршуваат сложени задачи (Chaffey Dave, E-business and e-
commerce management, Strategy, Implementation and Practice, Fourth edition, Pearson Education Limited,
England, 2009, стр. 24-25).
14
Раденковиќ Божидар, Деспотовиќ-Зракиќ Маријана, Богдановиќ Зорица, Бараќ Душан, Лабус
Александра, Електронско пословање, Факултет организационих наука, Белград, 2015, стр. 5-6.
15
Овде треба да се спомне постоењето на еден даночен куриозитет. Имено, брзиот развој на
електронската економија го отвори прашањето на кое ќе мора да се најде одговор, а тоа е како да се
оданочи бизнис што во одредена држава прави пари, а не е физички присутен. Европската Комисија
предложи како привремена мерка данок од 3% на приходите што ги остваруваат дигиталните компании
(социјални мрежи, провајдери на интернет содржини и сл.) кои воопшто не се даночат. Со 3% се
проценува дека државите-членки на ЕУ би можеле да остварат годишни приходи од 5 милијарди евра
(често се вели дека станува збор за мерки за подобро оданочување на американските интернет гиганти
познати под акронимот GAFA: Google, Apple, Facebook, Amazon). Меѓу 120 и 150 компании би биле
опфатени со овој данок (од кои половина би биле американски, третина европски, а останатите азиски).
Сегашниот даночен систем е од пред повеќе од 100 години и почива на начелото дека организацијата
мора да биде физички присутна во земјата во која плаќа данок. Ова е ,,тули и малтер” економија и
даночните системи осмислени за ваков бизнис не се веќе применливи во електронската економија каде
се остварува профит од дигитални услуги во земји во кои компанијата не е физички присутна. Во
електронската економија, вредностите често се создаваат во комбинација на алгоритми, кориснички
податоци, знаење и трговија. Самите корисници придонесуваат за создавање на вредноста, на пример
кога на социјалните мрежи ги објавуваат своите преференции, а кои потоа компаниите ги користат за
таргетирано рекламирање. Во тие случаи, профитот не се оданочува во земјата на корисникот или на
гледачот на рекламата, туку во земјата во која се развиени маркетиншките алгоритми. Затоа се
предвидува во даночниот систем на ЕУ воведување на правна дефиниција за ,,дигитална присутност.”
Инаку во рамките на ЕУ постои голем број на директиви, предлози и препораки кои имаат за цел да го
регулираат електронското работење. Некои од нив се: директива за е-потпис (Directive on a Community
Framework For Еlectronic Signatures-99/93/EC), директива за продажба на далечина (Distance Selling
Directive-97/7/EC), директива за заштита на податоци (Data Protection Directive-95/46/EC), директива за
е-трговија (Directive on Electronic Commerce-00/31/EC), директива за авторски права (Directive on
Copyright-91/250/EC) итн.
12
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

1.2. Дефинирање на електронското работење

Електронското работење има мултидисциплинарен карактер. Некои од клучните


дисциплини со кои е тоа поврзано се: информатиката, економијата, финансиите,
маркетингот, психологијата, однесувањето на потрошувачите. Притоа, електронското
работење (или е-бизнис) опфаќа широк спектар на активности, технологии и
интеракции. Врз основа на тоа може да се дефинира на повеќе начини. Една од првите
дефиниции за електронското работење ја дава компанијата IBM16 во 1997 година,
според која електронското работење е трансформација на клучните деловни процеси во
организациите со помош на Интернет технологиите.17 Пред тоа, употребата на
електронското работење се поврзуваше само со работењето во електронската
индустрија. Денес електронското работење, во најширока смисла, може да се дефинира
како интерен или екстерен деловен процес кој што се реализира со посредство на
компјутерска мрежа.18 Или трансформација на клучните бизнис процеси со користење
на интернет технологии.19 Во тој контекст е и дефиницијата според која електронското
работење претставува автоматизација на деловните трансакции преку употреба на
информатичко-комуникациски технологии.20 Според авторите Лаудон Кенет и Травер
Герсио Карол, електронското работење претставува користењето на Интернетот и веб-
мрежата при вршењето на бизнис.21

16
International Business Machines Corporation (IBM) е мултинационална технолошка и консултантска
корпорација со седиште во САД. Произведува и продава компјутерски хардвер и софтвер. Исто така,
нуди хостинг и консултантски услуги во широк дијапазон - од mainframe компјутери до нанотехнологии.
Како своевиден куриозитет, поврзан со основачот на IBM, sir Thomas Watson, е неговата изјава во 1953
година дека во цел свет ќе бидат доволни само пет компјутери. Покрај IBM, меѓу првите компании кои
го воведуваат електронското работење преку Интернет се: FedEX (http://www.fedex.com), Cisco
(http://www.cisco.com), Dell (http://www.dell.com) итн. Овие компании беа насочени кон продажба,
потрошувачки услуги и набавка. Денес, Dell на пример, остварува поголеми приходи он-лајн отколку
McDonald’s.
17
Smith R. Brian, Chatfield Veronica, Uemura Ohki, iSeries e-business Handbook: A Technology and Product
Reference, Rochester, MN, USA: IBM Redbooks, 2001, стр. 1.
18
Intranet претставува интерен систем на информациско-комуникациска технологија (ИКТ) базиран на
Интернет клиент/сервер архитектура. Extranet претставува проширен Intranet, компјутерска мрежа на
организацијата која овозможува пристап на легално оддалечени корисници односно приватен
интерорганизациски информациски систем што поврзува две Intranet мрежи.
19
Chaffey Dave, E-business and e-commerce management, Strategy, Implementation and Practice, Fourth
edition, Pearson Education Limited, England, 2009, стр. 13.
20
Adams F. Gerard, The E-Business Revolution and the New Economy, First Editiotn, Thomson Learning, Ohio,
USA, 2004, стp. 47.
21
Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина (превод), Скопје, 2010,
стр. 10.
13
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Ниво на планирање:
-мисија, визија,
Стратегии на -стратешки цели,
е-работење -индикатори за перформанси.

Ниво на архитектура:
-добавувачи, купувачи,
Бизнис модели -комуникација,
-цени.

Ниво на имплементација:
-трансформација на деловните
Деловни процеси процеси,
-апликации на е-работењето.

Ниво на инфраструктура:
-интернет технологии,
Инфраструктура на електронското работење -мобилни технологии,
-cloud computing,
-сигурност и заштита.

Слика 1. Архитектура на системот за електронско работење


Извор: Раденковиќ Божидар, Деспотовиќ-Зракиќ Маријана, Богдановиќ Зорица, Бараќ Душан, Лабус
Александра, Електронско пословање, Факултет организационих наука, Белград, 2015, стр. 6.

Инфраструктурата претставува основа за реализација на деловните процеси на


организациите и апликација на електронското работење. Следното ниво на архитектура
ги опфаќа елементите на бизнис моделите, планирањето и реализацијата на тие
модели, како и техниките на соработка со купувачите и деловните партнери. На
стратегиско ниво се дефинираат мисијата, визијата, стратешките цели и клучните
индикатори за перформансите на организацијата.
Ова се само неколку од големиот број дефиниции за електронско работење. Она што
сепак треба да се истакне е фактот дека не постои унифицирана и стандардизирана
дефиниција за електронско работење. Од тие причини, како најконцизна дефиниција
би била следната: Електронското работење (e-business) претставува вршење различни

14
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

деловни операции со примена на современа електронска технологија.22 Електронското


работење е резултат на примената на новите технологии и потребата за промени, при
што, суштински се менува начинот на деловно работење. 23 Кога станува збор за
инфраструктурата на современото електронско работење, таа е базирана на Интернет
технологиите, мобилните технологии, cloud computing-от и компјутерските мрежи на
следните генерации (next generation networks).

1.3. Е-филозофија

Организациите денес можат да применуваат електронско работење во сите свои бизнис


процеси, со тоа што, самото воведување на електронското работење треба да биде
базирано на нова форма на филозофија соодветна за новата електронска економија.
Имено, е-филозофијата претставува филозофија на електронското работење која е
втемелена на стратегијата ,,размислувај глобално, а делувај локално”24 во
дистрибуираното опкружување на Интернетот, каде целта е да се реализира избрано
ниво на интерактивност со клиентите. Во електронската економија, основната
филозофија е секогаш да се прави баланс меѓу трошоците и квалитетот на дадената
услуга, т.е. мрежните оператори и давателите на услуги настојуваат да дадат поголем
квалитет на сервисот (Quality of Service) со пониски трошоци, со што крајните
корисници можат да ги купуваат услугите.25 Е-филозофијата и електронското работење

22
Темјановски Ристе, Е-бизнис, Економски факултет, Штип, 2012, стр. 42.
23
Организациите вложуваат многу во своите ИТ ресурси. Оптимизирањето на овие ресурси се прави за
да можат организациите успешно да функционираат. Како пластична илустрација, во продолжение е
даден груб пресек на ресурсите кои големите компании во САД ги вложуваат во електронското
работење (ИТ):
-за производство, образование, правни работи и транспорт, компаниите, во просек, планираат да
потрошат 2 до 3% од нивните бруто годишни приходи на годишниот ИТ буџет,
-за маркетинг/услужно-ориентирани операции, компаниите, во просек, планираат да потрошат 3 до 6%
од нивните бруто годишни приходи на годишниот ИТ буџет,
-за информациско-интензивни активности (банки, осигурување, брокери, кредитни картички),
компаниите, во просек, планираат да потрошат 6 до 10% од нивните бруто годишни приходи на
годишниот ИТ буџет (за ова повеќе кај Minoli Daniel, Enterprise Architecture A to Z, Auerbach publications,
2008, стр.7).
24
Според некои наводи, овој израз е скован од David Brower, основач на ,,Пријатели на Земјата (Friends
of the Earth, FOE)”, како слоган при основањето на оваа организација во 1969 година.
25
Јаневски Тони, Интернет технологии, Факултет за електротехника и информациски технологии,
Скопје, 2015, стр. 9.
15
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

позитивно влијае и врз развојот на претприемништвото. Важна корист за


претприемачите и стартап (start-up) проектите се гледа во тоа што иницијалните
вложувања се пониски во однос на традиционалните модели. Многу успешни проекти
на електронско работење се започнати од дома со примена на основни комјутерски
алатки и Интернет.26 Понатаму, со стратегиите на електронското работење се
дефинираат сите деловни процеси кои имаат за крајна цел задоволство на клиентите и
профит на организациите. Но, за да се оствари целта на електронското работење,
потребно е да се креираат и да се развиваат оперативни процеси кои во суштина го
определуваат електронското работење базирано на е-филозофијата.27

1.4. Технологии на кои е базирано електронското работење

Инфраструктурата на електронското работење претставува збир од платформи, мрежи,


производи, апликации, податоци и деловни правила наменети за управување со
интерните и екстерните деловни процеси кај организациите. Инфраструктурата може
да се сфати и како збир од технологии и како збир од платформи и сервиси. Во
зависност од степенот на користење на електронските технологии, електронското
работење може да се подели на целосно и делумно.28
Новите технологии врз кои е базирано електронското работење се последица на
зголемувањето на моќта за обработка на податоците и нивното драстично

26
Пристапот до Интернет и технологиите на паметни телефони (smart phone technology) им овозможува
на милиони луѓе да го водат својот бизнис од дома. Дури 52% или околу 16 милиони од малите бизниси
во САД се бизниси од дома (home-based businesses-за ова подетално кај Kurtz L. David, Boone E. Louis,
Contemporary Business, 14 th edition, John Wiley and Sons, Inc., 2011, стр. 149.
27
Во овој контекст, а за полесно и подобро разбирање на електронското работење треба да се спомне и
концептуалниот модел на тркало на електронското работење (E-business wheel) кој ги опишува
најважните процеси кај електронското работење. Овој модел се состои од два главни дела: стратегии на
електронско работење и оперативни процеси.
28
Целосното електронско работење значи дека целокупниот економски циклус, од производство преку
трговијата и дистрибуцијата, мора да се одвива целосно со примена на електронските технологии.
Делумното електронско работење подразбира електронско водење на одделни деловни процеси и може
почесто да се сретне во пракса кај организациите поради недостигот од финансиски средства, нискиот
степен на развој на одделни технологии, но и поради трудо-интензивниот карактер на некои активности
во рамките на организациите.
16
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

поевтинување. Технолошкиот развој и цените на микропроцесорите овозможија брз


раст на високо-продуктивно, силно и евтино манипулирање со информациите.
Микропроцесорите многу брзо станаа базична технологија за многу технолошки
иновации во комуникациските технологии, сателитските комуникации, бежичните
технологии за пренос на дигиталните записи, Интернетот и вебот, бидејќи сите овие
технологии почиваат на кодирање, пренос и декодирање на огромна количина на
информации во многу кратко време. На сликата 2 е претставено движењето на цената
на компјутерите во периодот од 1982 до 2002. На пример, во периодот од 1984 до 2001
година, индексот на цени на компјутерите (износот кој треба да се плати за компјутер
со константна моќ на процесирање) паѓал со просечна стапка од 16% годишно.29

Слика 2. Движење на цената на компјутерите во периодот од 1982 до 2002


индекс на цени (1997=100, логаритамска скала)
Извор: Ćulahović Besim, Ekonomija svijeta, Ekonomski fakultet, Sarajevo, 2008, стр. 403.

Три главни технологии на кои се базира електронското работење се:


-технологија на мрежи и мрежни протоколи која служи како основа врз која се базира
електронското работење,

29
Ćulahović Besim, Ekonomija svijeta, Ekonomski fakultet, Sarajevo, 2008, стр. 403-404.
17
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

-EDI технологија која е една од најосновните технологии во современото електронско


работење, и,
-Интернет технологијата, како глобална компјутерска мрежа, преку која најчесто се
одвива електронското работење.

1.4.1. Мрежи и мрежни протоколи како платформа на електронското работење

Комуницирањето на повеќе учесници во одредена структура претставува мрежа. Во


ваквата структура е овозможена комуникација помеѓу повеќе учесници со употреба на
заеднички ресурси. Секоја мрежа може да се сведе на две основни целини: хардверска
и софтверска. Хардверската целина е составена од мрежни јазли (nods) во кои доаѓа до
некоја логичка обработка на податоците. Постојат два вида на јазли: јазли во кои се
врши вистинска обработка и тие претставуваа целни јазли (hosts) и јазли кои имаат
улога да ги насочуваат информациите (routers). Софтверскиот дел го сочинуваат
протоколи според кои се изведува комуницирањето внатре во самата мрежа.
Протоколот претставува востановено правило според кое се одвива сообраќајот во
мрежата односно култура на комуницирање во мрежата. За да биде некој уред
приклучен на мрежа мора да го познава вообичаениот протокол на мрежата. Основен
дел на секој протокол претставува единствената идентификација на членовите на
мрежата во форма на некој идентификациски број или во форма на некоја адреса.
Преку личниот идентификациски број може да се стапи во контакт со било кој член на
мрежата. Постојат јавни и приватни мрежи, при што, самиот наслов ги карактеризира:
jавните мрежи може да ги користи секој со тоа што мора да се поврзе во мрежата, а
приватните мрежи имаат ограничен пристап.
Мрежните топологии претставуваат начин на поврзување во самата мрежа. Најчести
топологии се: магистрала, ѕвезда, секој со секој и прстен. На сликата 3 се претставени
основните начини на поврзување. Предност на магистралниот начин на поврзување е
во тоа што се намалува бројот на потребните кабли, но се дели магистралата како
заеднички ресурс. Ѕвездата е начин на поврзување во кој сите компјутери се
поврзуваат со еден компјутер кој се нарекува сервер. Секој со секој е начин на
поврзување каде што помеѓу секои два компјутери постои независна врска. Прстенот е

18
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

чест начин на поврзување и ваквиот начин на поврзување обезбедува голема брзина, а


мала редунданса.

Магистрала Ѕвезда Секој со секој Прстен

Слика 3. Основни топологии на мрежи

Виртуелно сите компјутери се врзани во мрежи. LAN (Local Аrea Networks) и WAN
(Wide Area Networks) им овозможуваат на бизнисите да комуницираат, трансмитираат
и принтаат документи и да споделуваат податоци. Но, Интернет технологијата се
употребува и во интерните компаниски комуникации и бизнис задачи. Помеѓу овие
нови Интернет базирани апликации се и интранет, виртуелните приватни мрежи
(Virtual Private Networks, VPNs), Voice over Internet Protocol-VoIP и др. Секој
придонесува кон ефективноста и брзината на бизнис процесите. Local Area Networks
(LANs) се компјутерски мрежи кои поврзуваат компјутери во лимитирана област како
зграда или неколку ближни згради.30 Wide Аrea Networks (WANs) поврзуваат поголеми
географски региони (континенти, држави, градови) заедно со користење на телефонски
линии, микробранови и сателитска трансмисија. Wireless Local Networks (безжични
мрежи) им овозможуваат на компјутерите, печатачите и останатите направи да бидат
поврзани без кабли. Тековниот стандард за безжични мрежи е наречен WiFi (кратко од
Wireless Fidelity). WiFi е безжична мрежа што поврзува различни направи и им
овозможува да комуницираат меѓусебно преку радио бранови (секој PC со WiFi

30
ARCNET, Token Ring и стандарди од други технологии се користени во минатото, но, Ethernet и WiFi
се две најчести технологии кои моментално се користат за изградба на LAN.
19
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

приемник може да се поврзи со Интернет во т.н. hot spots локации со безжичен рутер и
брз Интернет модем). Интранет е компјутерска мрежа слична на Интернет, но го
ограничува пристапот до авторизирани корисници. Интранетот ги блокира
аутсајдерите без валидна лозинка (password) од влегување во неговата мрежа.
Интранетите се релативно евтини и лесни да се постават за бизнисите. VoIP е
алтернатива на традиционалните телекомуникациски услуги. VoIP телефонот не е
поврзан со традиционален телефонски приклучок, туку е поврзан со персонален
компјутер кој има широкопојасна конекција. Специјален софтвер ги трансмитира
телефонските разговори преку Интернет наместо преку телефонски линии. VoIP
корисникот го користи телефонот на вообичаен начин и може да комуницира со оние
коишто користат конвенционално телефони. Негативни страни се што зависи од
широкопојасната конекција, може да има лош сигнал, а исто така, постои ризик и од
вируси.

1.4.2. EDI технологија

EDI (Electronic Data Interchange) или електронската размена на податоци се дефинира


како размена на структурирани комерцијални податоци помеѓу компјутерите на
одделните организации, извршена без мануелни интервенции, по електронски пат, со
посредништво на стандардизирани пораки кои ги заменуваат традиционалните
комерцијални документи.31 Доставувањето на деловните документи се извршува за
неколку секунди наместо за неколку дена со што се намалува веројатноста
документите да се изгубат или да бидат оштетени.32 EDI системот ги превзема

31
Chaffey Dave, E-business and e-commerce management, Strategy, Implementation and Practice, Third
edition, Pearson Education Limited, England, 2002, стр. 102. EDI може да се дефинира и како широко
дефиниран протокол за комуникации кој се користи за размена на документи помеѓу компјутери коишто
користат технички стандарди развиени од Американскиот национален институт за стандарди (American
National Standard Institute, или ANSI X12 стандарди) и меѓународни тела како што се Обединетите нации
(EDIFACT стандарди) (Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина
(превод), Скопје, 2010, стр. 779-780).
32
Пред електронската комуникација, кај деловното комуницирање се употребуваа телекомуникациските
системи како телеграма, телефон и телефакс. Самиот EDI има свој еволутивен развој. На почетокот
(1980-те години) оваа технологија беше насочена кон автоматизирање на документи. Почетната фаза на
имплементација на оваа технологија го замени поштенскиот систем за пренесување на документи и како
резултат на тоа, нарачките беа испорачувани истиот ден, со намалени грешки и трошоци. Следната фаза
20
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

информациите од изворот преку мрежата и директно ги праќа на апликацијата која


понатаму ги обработува податоците. Оваа можност да ги проследува информациите
директно на апликациите, ја прави EDI моќна деловна алатка. Деловните партнери не
поседуваат ниту идентични компјутерски системи ниту идентични деловни програми.
Задача на EDI e тие системи и програми да ги усогласи. Примената на Интернетот во
извршувањето на EDI транскциите им овозможи на многу мали и средни компании да
ги искористат предностите од ваквите EDI транскции без вложување на поголеми
финансиски ресурси. EDI трансмисијата може да функционира со користење на
различни технологии како што се: FTP, e-mail, HTTP, AS1, AS2, Websphere MQ итн.33

1.4.3. Интернет

Интернетот (INTERnational NETwork) претставува глобална мрежа составена од


помали компјутерски мрежи изградени врз заеднички стандарди. Интернетот користи
IP адресирање, поддржува избор на протоколи наречен TCP/IP (Transmission Control
Protocol-Internet Protocol) и дава услуги на корисниците на сличен начин како
телефонските системи. Интернетот претставува мрежа составена од мрежи (network of
networks) која нема централизирана контрола или регулација. Бројот на поврзани
компјутери (хостови) постојано расте и се проценува на повеќе од една милијарда
(види слика).

на развој на EDI започна во раните 1990-ти години и беше придвижена од автоматизацијата на


производствените процеси. Третата фаза на развој на оваа технологија започнува во средината на 1990-
те години кога добавувачите добиваат интернет пристап кон распоредите за производство и испорака на
фирмите купувачи и кога истовремено се врши пофлексибилно управување со залихите. Денес EDI
претставува технологија којашто овозможува размена на клучни бизнис информации помеѓу
компјутерските апликации поддржувајќи широк спектар на бизнис процеси.
33
Техничките платформи на ЕDI се променија од многукориснички во персонални компјутери, а
телекомуникациската средина се промени од приватна во специјализирана мрежа на Интернет. Повеќето
индустриски групи се придвижуваат кон XML јазикот за EDI комуникации и комерцијални документи
бидејќи XML се покажа како најдобар начин за дефинирање на структурираните податоци во
електронското работење (XML е jaзик за означување сличен на HTML и претставува множество на
правила за енкодирање на документи).
21
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Слика 4. Број на компјутери поврзани на Интернет мрежата за периодот од 1993 до


2015
Извор: Milosavljevć Milan, Miškovic Vladislav, Elektronska trgovina, Univerzitet Singidunum, Beograd, 2016,
стр. 55.

Кога станува збор за историскиот развој на Интернетот, може да се издвојат три фази:
-иновациска фаза (1961-1974), во која целта беше поврзување на истражувачите во
САД преку компјутери,
-институционална фаза (1975-1995), во која американското министерство за одбрана
(Department of Defence, DoD) и националната научна фондација (National Science
Foundation, NSF) обезбедија ресурси за ширење на основните градивни блокови на
Интернетот во сложен воено-комуникациски систем, а потоа во цивилен систем,
-комерцијална фаза, која започна во 1995 година и сè уште трае. Во оваа фаза се
поттикнуваат компаниите да превземат одговорност за понатамошен развој на
мрежата, а приватните деловни субјекти почнуваат да го употребуваат Интернетот за
комерцијални цели. Во продолжение е даден краток табеларен приказ на некои
поважни настани поврзани со појавата и развојот на Интернетот од трите фази на
неговиот историски развој.

22
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 1. Краток преглед на некои поважни настани поврзани со


појавата и развојот на Интернетот
1957: во САД се формира агенцијата за напредни истражувачки проекти ARPA
(Advanced Research Projects Agency) под покровителство на Министерството за
одбрана (Departement of Defense-DoD).
1961: Леонард Клајнрок (Leonard Kleinrock) од институтот за технологии во
Масачусетц (Massachusetts Institute of Technology, MIT) го создава концептот за
пакетен пренос на податоци.
1969: ARPANET ги поврзува првите четири компјутери.
1971: имплементиран е првиот мрежен софтвер за електронска пошта.
1972: развиен е TELNET во NCSA (National Center for Supercomputing Applications).
1973: развиен е FTP (File Transfer Protocol).
1977: развиена е прва верзија на TCP протокол.
1983: ARPANET ги стандардизира TCP/IP сетот од мрежни протоколи. TCP/IP
станува стандард за Интернет и интранет.
1984: имплементиран е Domain Name Server (DNS).
1991: на Универзитетот во Минесота се развива Gopher, програма за навигација по
Интернет.
1993: Тим Бернерс-Ли (Tim Berners-Lee) во CERN го измислува WWW (World Wide
Web).
1994: првиот онлајн трговски центар. Појава на виртуелно банкарство.
1997: бројот на веб-сајтови надминува еден милион.
2002: две милијарди индексирани веб-страници и над 20 милиони веб-сајтови.
2004: почеток на развојот на Интернет социјалните мрежи.
2007: појава на паметниот телефон iPhone на Apple.
2009: паметните телефони стануваат доминантни уреди за пристап на Интернет.
2010: се испратени вкупно 107 трилиони (107x10¹²) e-mail пораки.
2013: појава на концептот Интернет на нештата (Internet of Things, IoT).
2015: повеќе од 1,4 милијарди луѓе купувале он-лајн што претставува околу 20% од
светската популација.
2017: има над 2 милијарди активни Facebook корисници (најмногубројната
популација во Светот).

Интернетот ги поврзува бизнисите, образовните институции, владините агенции и


поединците и им обезбедува на корисниците услуги како што се: електронска пошта (е-
mail), пренос на документи, купување, пребарување, музика, видео, вести итн. Според
податоците на Internet World Statistics, во светот има над 4,15 милијарди корисници на
Интернет заклучно со 31.12.2017 (види табела).

23
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 2. Корисници на Интернет во светот по региони (31.12.2017)


Светски региони Население во Население Интернет Стапка на Раст Интернет
светот (во во светот (во корисници пенетрација (2000-2018) корисници
апсолутен релативен (31.12.2017) (% од (%)
износ, во износ, во %) населението)
бројки)
Африка 1.287.914.329 16,9 % 453.329.534 35,2 % 9941 % 10,9 %
Азија 4.207.588.157 55,1 % 2.023.630.194 48,1 % 1670 % 48,7 %
Европа 827.650.849 10,8 % 704.833.752 85,2 % 570 % 17,0 %
Јужна Америка/Кариби 652.047.996 8,5 % 437.001.277 67,0 % 2318 % 10,5 %
Среден Исток 254.438.981 3,3 % 164.037.259 64,5 % 4893 % 3,9 %
Северна Америка 363.844.662 4,8 % 345.660.847 95,0 % 219 % 8,3 %
Океанија/Австралија 41.273.454 0,6 % 28.439.277 68,9 % 273 % 0,7 %
Вкупно Свет 7.634.758.428 100,0 % 4.156.932.140 54,4 % 1052 % 100,0 %
Извор: https://www.internetworldstats.com

Најпопуларен и најпознат Интернет сервис е вебот (Web или World Wide Web).34 Вебот
претставува глобална структура која овозможува истовремено користење на
информациите и која извршува интеграција на информативните содржини и сервери на
брз, евтин и едноставен начин.35 Програмите за работа со вебот се викаат пребарувачи
(browserѕ). Тие им ги претставуваат на корисниците содржината на текстот, сликата,
звукот и видео записот на веб адресата.36
За работа со вебот треба да се познаваат следните елементи:
-Hypertext-ова е начинот на форматирање на страните со линковите кои ги поврзува
еден документ со другите,

34
Сервисите на Интернетот може да се групираат на: јавни сервиси, основни сервиси, сервиси за
пребарување, сигурносни сервиси и системски сервиси. Јавните сервиси најчесто се наоѓаат на поважни
сервери за да им се овозможи на сите корисници едноставен пристап до податоците. Вебот е еден од
поновите сервиси на кој му се пристапува преку апликационен протокол за дистрибуирани и
соработнички хипермедиски информациски системи HTTP. Тој потсеќа на голема пајакова мрежа во
која од било која точка може да се стигне до друга точка преку следење на соодветни врски
(хиперлинкови) кои меѓусебно ги поврзуваат одделните веб страни.
35
Kalakota Ravi, Whinston B. Andrew, Electronic Commerce: A Manager’s Guide, Addison-Wesley, Pearson
Education, USA, 1997, стр. 63.
36
Хипертекстуалните документи (веб страните) претставуваат програмски код напишан во HTML. Веб
страните содржат мултимедијална содржина, а најважна особина на веб страните е што содржат
хиперлинкови т.е. линкови кон други веб страни. Веб адресата е множество од веб страни кои ја
сочинуваат веб локацијата или веб сајтот (website).
24
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

-HTTP (Hypertext Transfer Protocol)-oва е протоколот што се користи за пренесување на


веб страните преку Интернет (се користи за комуницирање помеѓу серверот и
клиентот),37
-URL (Uniform Resource Locator)-се адресите на кои може да се најдат веб страните.
URL го идентификува серверот на кој се наоѓа веб страницата и специфичната
локација на тој компјутер. Секој компјутер на Интернет има уникатна адреса т.е. IP
(Internet Protocol) адреса. IP адресата е осумбитна со 4 цели броеви претставена како на
пр. 169.145.17.134,
-HTML (Hypertext Markup Language)-е програмски јазик којшто креира и поврзува
содржини на веб страната,
-XML (Extensible Markup Language)-јазик кој им овозможува на дизајнерите да ги
опишат податоците и информациите.
Кога станува збор за ситуацијата со Интернетот во Република Македонија може да се
каже дека се користи оптички пренос на податоци и 4G мрежа што обезбедува
неверојатно брз трансфер на електронски податоци по прифатливи цени, што во крајна
линија резултира со голем број на корисници со Интернет приклучок. 38

1.4.4. Нови трендови кај технологиите на кои е базирано електронското работење

Постојаните промени кај информатичко-комуникациските технологии претставуваат


клучен аспект на иновациите во електронското работење. Во овој дел од трудот
накратко ќе бидат наведени некои од технологиите за кои се очекува дека ќе имаат
многу големо влијание врз секојдневниот живот и врз деловното работење во периодот

37
Стандардниот развој на HTTP е координиран од работната група Internet Engineering (IETF) и World
Wide Web Consortium.
38
Според податоците на Internet World Statistics, во Република Македонија, заклучно со 31.12.2017,
Интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 % од населението (https://www.internetworldstats.com).
Податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија (ДЗС), говорат дека 75,3% од
македонските домаќинства имале пристап на Интернет во 2016 година
(http://www.stat.gov.mk/pdf/2016/8.1.16.30.pdf). Кога станува збор за деловните субјекти во Република
Македонија и нивната поврзаност на Интернет, 93,8% од нив имале Интернет конекција. Притоа,
организациите коишто имаат од 10 до 49 вработени (малите фирми) најповеќе го користат Интернетот
(38,5%), споредено со микро фирмите кадешто тој процент е 27,4%, средните фирми со 25% и големите
со 20,2%. (Извор: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=76).

25
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

што следи. Се очекува експанзија на деловните модели кои ќе се базираат на овие


технологии, а се очекува и растечка потреба за стручни кадри кои ќе поседуваат
знаења од наведените области. Некои од овие технологии се: Интернет на нештата
(Internet of Things), проширена реалност (Augmented Reality), 3D печатење, виртуелна
реалност (Virtual Reality), Big data, 5G технологии итн.
-Интернет на нештата претставува концепт според кој примената на Интернет
технологиите ќе се рашири на секој уред којшто може да се опреми со сензори.
Комуникацијата помеѓу паметните уреди (Machine to Machine, М2М) е критичен
елемент за реализација на овој концепт. Се предвидува дека до 2025 година ќе има и до
100 милијарди одделно идентификувани објекти поврзани на Интернет.39
-Проширената реалност (Augmented reality) е техника на комбинирање на снимки од
вистинското опкружување со податоци, визуелизации и виртуелни објекти. Целта на
проширената реалност е да му се дадат на корисникот информации и да му се
овозможи интеракција во согласност со опкружувањето во кое се наоѓа. Проширената
реалност може да се примени во археологијата, архитектурата, градежништвото,
индустрискиот дизајн, во медицината, во образованието, при навигација, кај
компјутерските игри итн.
-3D печатењето подразбира адитивен процес за креирање на тридимензионални
објекти од цврсти материјали врз основа на компјутерски модел. 3D печатењето може
да се користи за научни, деловни или лични потреби. Производите кои се резултат на
3D печатењето се употребуваат при изработка на прототипови во автомобилската
индустрија, свемирската индустрија, медицината, градежништвото, машинството,
домаќинството и во други области.40

39
Воведувањето на интелигентни уреди во домаќинствата се нарекува паметен дом (Ѕmart Нome) и
подразбирa интеграцијa на системите за управување со електричните уреди во домаќинството, како што
се: системот за греење, системот за ладење, системот против кражби, противпожарниот систем, системот
за куќна расвета, аудио-системот, видео-системот и сл. Паметен град (Smart Сity) е урбан простор кој
комбинира технологии и уреди како би можел на своите граѓани, организации и владини институции да
им обезбеди различни услуги. Паметните мрежи (Smart Grids) претставуваат мрежи за пренос и
дистрибуција на електрична енергија. Паметниот сообраќај (Smart Transport) има за цел унапредување на
сообраќајната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот. Опфаќа интелигентни транспортни
системи, автоматизација на сообраќајната сигнализација и паметен паркинг.
40
Една од техниките на 3D печатењето во медицината (bioprinting), овозможува печатење на живо ткиво
и на органи. Ова повлекува етички дилеми и расправа во научните кругови. Практично, во медицината,
3D печатењето ќе најде голема примена при изработката на анатомски, ортопедски и протетички
помагала.
26
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

-Виртуелна реалност претставува компјутерски модел на реалниот свет достапен за


човечките сетила. Информацискиот модел на реалниот или на виртуелниот свет е
апстрактна ментална слика на креаторот која се чува на медиуми. Медиумот треба да
овозможи чување и пренос на информациите низ простор и време. Проширената
реалност претставува варијација на виртуелната реалност во која корисникот може да
го види реалниот свет комбинирано со виртуелни објекти.41 За разликa од виртуелната
реалност, проширената реалност не го заменува реалното опкружување, туку го
користи како позадина.42
-Big data е проектирање и реализација на доверлива, дистрибуирана и скалабилна
инфраструктура за управување, анализа, делење, складирање и пренос на големи
количини на податоци.43 Потребата за ваква инфраструктура се јавува поради
множествата на податоци кои се толку големи што не е возможно да се обработат со
помош на стандардни пристапи и алати.
-Еден од најголемите предизвици на следната генерација на мобилни мрежи (5G)44 е
потребата за зголемување на протокот на податоци поради зголемувањето на бројот на
приклучени уреди. Заради остварување на овие предизвици, IEEE45 и индустриските
конзорциуми развиваат нови верзии на стандардите за сите видови на мобилни мрежи
(WAN, MAN, LAN, PAN).

41
Milgram Paul et al., Augmented reality: A class of displays on the reality-virtuality continuum; in: Photonics
for Industrial Applications, 1995, стp. 282–292.
42
Azuma T. Ronald, A survey of augmented reality, Presence: Teleoperators and Virtual Environments, vol. 6,
no. 4, 1997, стp. 355–385.
43
Chen Hsinchun et al., Business Intelligence and Analytics: From Big Data to Big Impact, MIS Quarterly, vol.
36, no. 4, 2012, стp. 1165–1188.
44
5G технологијата ќе овозможува работа на автономни возила, паметни уреди во домаќинствата и
градовите, вмрежени роботи, а би можела да доведе и до целосна трансформација на начините на кои се
стекнуваат и се пренесуваат знаењата. За да стане реалност потребни се големи инвестиции и надградби
во инфраструктурата, мобилната технологија, сензор технологијата и др. Колку за споредба, во
моментов 4G LTE (Long Term Evolution) мрежата е од околу 100 Mbps до 1 Gbps, a 5G би требало да
биде со обсег од 1Gbps до 10Gbps. Се планира овие мрежи да работат со високо-фрекфенциски опсег на
безжичен спектар од 30GHz и 300GHz со што ќе се овозможи голем број на податоци да пристигнат со
голема брзина. Латенцијата е времето на одзив пред да се спои уредот, без обзир на пропусноста, и е
доста важна за сите уреди кои мораат брзо да реагираат. 4G мрежите имаат латенција, односно време на
одзив, помеѓу 20 и 150 милисекунди. За 5G се очекува време на одзив од 4 ms. Накратко, што помала
латентност толку уредот побрзо ќе реагира. Иако сè уште конкретните спецификации на 5G се
развиваат, се знае дека ќе се развива на постоечката 4G мрежа и многу функции ќе бидат достапни во
рамките на LTE.
45
Institute of Electrical and Electronics Engineers (IEEE) е професионална асоцијација формирана во 1963
година во САД. Претставува најголема асоцијација на технички професионалци со повеќе од 423.000
членови во повеќе од 160 држави во светот. Нејзини цели се: технички и образовен напредок на електро-
инженерството, телекомуникациите, компјутерското инженерство, како и на сродните дисциплини
(https://www.ieee.org).
27
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

1.5. Модели на деловното електронско работење

Инфраструктурата на системот на електронското работење, заснована на Интернет


технологиите, носи брзи промени во деловните процеси и влијае врз развојот на нови
деловни модели. Бизнис моделот е метод на планирање и водење на бизнисот на начин
којшто на организациите би им генерирал профит. Преку бизнис моделот,
организациите опишуваат како се создава и се испорачува вредност. Моделите на
деловното електронско работење се стремат да ги употребат уникатните
карактеристики на Интернетот и на вебот.46 Притоа, електронските трансакции можат
да се извршуваат помеѓу владата, компаниите и клиентите. На овој начин, врз основа
на релациите помеѓу учесниците, можат да се разликуваат повеќе видови на модели на
мрежно работење:
1) комуникации помеѓу организациите и крајните корисници
-бизнис кон бизнис (Business to Business, B2B),
-бизнис кон потрошувач (Business to Consumer, B2C),
-потрошувач кон бизнис (Consumer to Business, C2B),
-потрошувач кон потрошувач (Cosumer to Consumer, C2C),
-бизнис кон вработен (Business to Employee, B2E),
-вработен кон бизнис (Employee to Business, E2B),
2) комуникации во електронската влада
-бизнис кон влада (Business to Government, B2G),
-влада кон бизнис (Government to Business, G2B),
-влада кон влада (Government to Government, G2G),
-влада кон потрошувач (Government to Consumer, G2C),
3) Повеќекратни трансакции
-бизнис кон бизнис кон потрошувач (Business to Business to Consumer, B2B2C),
-потрошувач кон бизнис кон потрошувач (Consumer to Business to Consumer, C2B2C),
-корисник кон корисник (Peer to Peer, P2P).

46
Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина (превод), Скопје, 2010,
стр. 66.
28
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

1.5.1. Комуникации помеѓу организациите и крајните корисници

-бизнис кон бизнис (Business to Business, B2B) - основна дефиниција на овој модел е
дека претставува автоматизирана размена на информации помеѓу различни
организации. Ова е application-on-to-application интеграција и оваа интеграција сè
почесто се изведува преку Интернет. Организациите се должни своите апликации да ги
отворат кон купувачите и партнерите. В2В им овозможува на деловните луѓе големи
можности во поглед на заштеда на пари, зголемување на приходите, зголемување на
продуктивноста, реорганизација на неефикасните деловни процеси и зголемување на
контролата над сите процеси поврзани со ефикасен и временски соодветен контакт со
луѓето. Со години организациите користеа гломазни EDI системи за да ги
автоматизираат рутинските процеси кои одат преку заклучена деловна трансакција. Со
време, овие скапи системи, кои беа доста затворени, добиваа своја замена и стануваа
отворени. Успешниот В2В се однесува, пред сè, на оптимизација на деловните процеси
и на управувањето отколку на технологијата.
-бизнис кон потрошувач (Business to Consumer, B2C) - организациите продаваат
производи и услуги на крајните корисници преку Интернет. Корисниците на
Интернетот сè повеќе го третираат вебот како нов пазарен простор. Тие, пред да купат
нешто, истражуваат што се нуди, ги користат услугите коишто се даваат он-лајн,
приврзани се кон одредени сајтови итн. Потенцијалните он-лајн купувачи можат да ги
проверат цените и достапноста на производите на различни сајтови што е многу
полесно и поевтино отколку посетувањето на класичните продавници. Постојат и
софтвери и сајтови кои нудат можност за пребарување на голем број на он-лајн
продавници за одреден производ и информирање на купувачот за тоа каде тој производ
може да се купи. На овој начин, деловните системи создадоа нов, нелојален и многу
добро информиран купувач, така што, просечен он-лајн купувач денес, е во многу
посупериорана позиција во однос на off-line популацијата. Главната предност на
ваквиот начин на деловно работење е во тоа што производите на потенцијалните
купувачи им се достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата или 365 дена во годината.

29
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Овој модел најповеќе се однесува на продажбата на мало, а прва најголема е-


продавница од овој вид во светот е Амазон.47
-потрошувач кон бизнис (Consumer to Business, C2B) - претставува модел во кој
потрошувачот бара производ или услуга од продавачот, но на таков начин што го
поставува своето барање на Интернет, а продавачите ги разгледуваат барањата и даваат
понуди. Потрошувачот потоа, ја избира онаа понуда која најповеќе му одговара.
-потрошувач кон потрошувач (Cosumer to Consumer, C2C) - претставува модел во кој
потрошувачите си продаваат едни на други со помош на интернет компании кои за
давањето на ваков вид услуги бараат некоја неконвенционална форма за наплата на
услугата. Цената на овие услуги е обично некој мал процент од трансакцијата,
членарини, рекламирање и сл. Најпознат пример е страната eBuy.com која овозможува
рекламирање на лични услуги на Интернет.
-бизнис кон вработен (Business to Employee, B2E) - во пракса овој модел е познат како
Интранет односно веб сајт креиран на вработените да им овозможи производи или
информации. На Интранетот се пристапува од интерната мрежа на организацијата, а
често може да се прошири и на корисниците, но тогаш пристапот е ограничен со
користење на лозинка која е потребно за да се логираат на системот.48
-вработен кон бизнис (Employee to Business, E2B) - овој модел им обезбедува на
вработените можност за деловна соработка преку соодветните сервиси на
организацијата. Како пример може да се наведат сервисите на организациите во кои
вработените можат да го претстават својот пријател или поранешен колега како
потенцијален кандидат за соодветен работен ангажман.

47
Електронска продавница (е-продавница) или виртуелна продавница е вид на електронска трговија во
облик на В2В или на В2С.
48
Безжичниот Интернет ја зголемува продуктивноста на вработените и ги намалува трошоците во
работењето. Им овозможува на вработените можност да испраќаат и примаат информации од
оддалечени локации, да прават набавки, да го организираат транспортот, да прават испораки, да ги
подобрат постоечките процедури во организациите итн.
30
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

1.5.2. Комуникации во електронската влада

-бизнис кон влада (Business to Government, B2G) - произлезе од В2В моделот на


деловно работење. Овој модел го претставува јавниот маркетиншки сектор и ги опфаќа
начините и сервисите на маркетингот на одредена влада.
-влада кон бизнис (Government to Business, G2B) - претставува он-лајн некомерцијална
интеракција помеѓу локалната власт и големите комерцијални компании. На овој начин
се обезбедува соработка меѓу владата и деловните субјекти, како и другите правни
лица. G2B има најголем потенцијал за зголемување на ефикасноста на економијата во
целост.
-влада кон влада (Government to Government, G2G) - е он-лајн некомерцијална
интеракција помеѓу владини организации, министерства, надлежни органи и други
државни или јавни организации. Ова претставува темел на соработката меѓу
централната и локалната власт. Државните органи ги користат Интернет услугите на
сите нивоа на Управување.
-влада кон потрошувач (Government to Consumer, G2C) - претставува он-лајн
некомерцијална интеракција помеѓу владата и приватни лица (граѓани). Овој сервис на
корисниците им е достапен 24 часа на ден.

1.5.3. Повеќекратни трансакции

Покрај постојните модели на деловно работење, во денешно време може да се


идентификуваат и одделни повеќекратни трансакции.
-бизнис кон бизнис кон потрошувач (Business to Business to Consumer, B2B2C) - ова е
релативно понов модел на електронско работење и се базира на употреба на моделот
В2В кој го поддржува работењето на организацијата по моделот В2С. Овде нема
внесување на дополнителна вредност во производите. Апликацијата која поврзува еден
он-лајн каталог со друг може да се смета за B2B2C апликација. Друг пример е
препродажбата на апартмански сместувања кога хотелот ги продава собите на
туристички агенции, а тие ги нудат он-лајн на заинтересираните купувачи. Овој модел
може да се види најдобро кај здружени компании кои нудат целосно управување на

31
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

односите со потрошувачите (Customer Relationship Management, CRM). На овој начин,


организациите можат да обезбедат целосна услуга за потрошувачите.
-потрошувач кон бизнис кон потрошувач (Consumer to Business to Consumer, C2B2C) -
овој модел ја опишува итеракцијата помеѓу потрошувачите спроведувајќи трансакција
со користење на он-лајн компании како посредници.
-корисник кон корисник (Peer to Peer, P2P) - е интернет протокол за директно
споделување на датотеки помеѓу интернет корисниците без да се приклучуваат на
централниот веб-сервер. Досега најраспространета P2P интернет мрежа е Bit Torrent.

1.6. Најчести деловни модели на електронско работење во Република Македонија

Во Република Македонија се застапени сите видови на електронско работење, но,


сепак најдоминантни облици се В2В и В2С. 49 Овде треба да се спомнат и
електронските услуги на јавната управа во Република Македонија.50 Пример за е-
владин сервис е македонскиот портал uslugi.gov.mk, каде што се нудат над 130 услуги
на Владата на Република Македонија кои се наменети за правни и физички лица.

Табела 3. Услуги на е-владата за граѓаните и претпријатијата во Република


Македонија
Услуги за граѓани Услуги за претпријатија
Пријава на данок на доход на граѓаните. Социјални додатоци и субвенции за вработените.
Огласи за вработување. Данок на добивка кај претпријатијата.
Додатоци за социјална заштита. Данок на додадена вредност.
Лични документи. Регистрација на фирма.
Регистрација на возила. Доставување на статистички податоци.
Пријава за дозволи за градба. Царински декларации.
Пријави в полиција. Дозволи кои се однесуваат на заштитата на

49
За нормално функционирање на електронското работење во Република Македонија беше неопходно
носење на соодветна правна легислатива. Така, во 2007 година беше донесен Закон за електронска
трговија (Службен Весник на Република Македонија 133/07). Законот имаше последни измени во
ноември 2015 година. Овој закон е, меѓу останатото, регулиран со Директивата на ЕУ за е-трговија.
Други законски прописи кои имаат врска со електронското работење во Република Македонија се:
Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, Закон за електронски комуникации,
Закон за трговија, Закон за заштита на потрошувачите, Закон за платниот промет, Закон за заштита на
личните податоци, како и Кривичниот законик (се однесува на компјутерскиот криминал).
50
Поимот електронска влада (е-влада) се однесува на давање на услуги од страна на јавната
администрација на граѓаните и организациите по електронски пат, односно, е-владата овозможува
реализација на деловни трансакции помеѓу владата и нејзините служби, агенции и партнери.
32
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

животната средина.
Јавни библиотеки. Електронски јавни набавки (е-тендери, е-аукции).
Изводи од матични книги. Дигитален потпис.
Конкурси за високо образование. Електронски катастар.
Онлajн пријава за промена на адреса на
престојување.
Услуги кои се однесуваат на здравството.
Извор: Адаптирано според Lörincz Barbara et al., Digitizing Public Services in Europe: Putting ambition into
action, European Commission, Directorate General for Information Society and Media, December, 2010.

1.6.1. В2В електронско работење

В2В (Business to Business) електронското работење претставува извршување на


комерцијални електронски трансакции помеѓу две правни лица кои се занимаваат со
бизнис како на пример помеѓу производител и трговец на големо, или помеѓу трговец
на големо и трговец на мало. Во Република Македонија компаниите со 10 и повеќе
вработени иако имаат пристап до Интернет (97%), имаат компјутери (98%), поврзани
се широкопојасно (88,4%) и имаат мобилно поврзување (63%), сепак само 56% од нив
имаат веб страна. Околу 10% од нив купувале или продавале преку веб или EDI, при
што, само 5,8% направиле он-лајн нарачки и само 5,4 примиле нарачки он-лајн во 2017
година. Од регистрирани 71.419 деловни субјекти, само 500 биле активни е-трговци.51

1.6.2. В2С електронско работење

В2С електронското работење претставува продажба на производи и услуги од страна


на правни субјекти на физички лица преку Интернет. Он-лајн купувањето постојано
расте во согласност со ,,информатизацијата” на македонското општество. Сè
поголемиот број на Интернет приклучоци, растот на популарноста на Интернет
услугите, како и пренесувањето на информации за корисностите од Интернет
купувањето (преку конвенционалните медиуми, пријателите итн.) предизвика сè
поголем број на македонски граѓани да се одлучат за купување преку Интернет.

51
Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија, Извештај за е-
трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-трговија на Македонија, Скопје, јуни, 2018, стр.
119.
33
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (United


Nations Conference od Trade and Development, UNCTAD) ,,Отклучување на
потенцијалот на е-трговијата во земјите во развој” се воведува нова мерка за
одредување на подготвеноста на една држава за е-трговија, а тоа е т.н. индекс на
електронска трговија бизнис кон потрошувач В2С (E-commerce Business-to-Consumer
Index). Индексот зема предвид 4 параметри: интернет пенетрација, покриеност на
поштенска испорака, пенетрација на платежни картички и безбедносни интернет
сервери (UNCTAD, 2015). Првично овој индекс е креиран за 77 држави во светот, за да
бидат во 2016 година опфатени 137 држави односно 96% од светската популација и
99% од светскиот БДП (UNCTAD, 2016). Република Македонија во 2015 година има
пад во индексот за подготвеност за електронска трговија односно 45-то место од 137
држави споредено 41-то место од 133 држави во 2014 година. Индексот во 2015 година
е 60 поени, наспроти 62,2 поени во 2014 (табела).
Табела 4. Вредности за параметрите од В2С Индексот за е-трговија за Република
Македонија, 2014 и 2015 година
Параметри 2014 2015
Интернет пенетрација (2013, 2014 или понов податок) 63,2% 68%
Покриеност на поштенска испорака (2012 или понов податок), Универзална 100% 83%
поштенска унија Universal Postal Union (UPU) поштенска доверливост (2013=2014)
Дел од населението кое поседува платежна картичка (15+, 2011, 2014 или понов 16,5% 21%
податок)
Безбедносни сервери на 1 милион луѓе (нормализирана вредност 2013, 2014) 69,1% 68%
В2С Индекс за е-трговија 62,2 60
Ранг 41/133 45/137
Извор: UNCTAD E-commerce B2C Index 2016, стр. 22.

Треба да се има во предвид дека намалувањето на вредноста на индексот за е-трговија


во 2015 година, делумно се должи на промената на методологијата за пресметка на овој
индекс, како и на намалување на безбедносните сервери.

2. Основни форми на електронско работење

Електронското работење не претставува избор туку потреба на организациите и на


поединците. Тоа има голем број на предности споредено со конвенционалното деловно
работење на организациите. Како основни предности на електронското работење може

34
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

да се издвојат: расположливост на секое место и во секое време, повеќекратно ја


зголемува веројатноста за зголемен обем на продажба и купување, обезбедување на
подобар пристап до информациите (обемот на информации за некој производ на
Интернет е генерално многу поголем отколку кога е во прашање некој производ што е
само физички присутен), елеминирање на посредниците (значително се намалува
оддалеченоста меѓу производителот и купувачот, се намалуваат трошоците за
провизија за посредникот, подобра корисничка поддршка), веб страните на
организациите содржат многу повеќе информации за производите, поевтин маркетинг
и промоции итн.52
Иако постојат и други форми на електронско работење, во овој труд подетално се
претставени следните основни облици: е-трговија, е-маркетинг, м-работење, е-
банкарство, е-платен промет и е-осигурувње.

2.1. Електронска трговија

Електронската трговија (или е-трговија) во современа развиена форма не била позната


пред 1995 година.53 Таа првенствено се состои од дистрибуирање, купување,
продавање, маркетинг и сервисирање на производите и улугите преку Интернет или
други компјутерски мрежи. Исто така, вклучува електронски трансфер на пари,
управување со синџирот на снабдување, е-маркетинг, електронска размена на податоци
и автоматизирани системи за собирање на податоци.54 Според авторите Лаудон Кенет и

52
Покрај предностите, постојат и одредени недостатоци кај електронското работење. Како основни
недостатоци може да се наведат следните: не е можно воведување во сите области на економијата (на
пример во прехрамбената индустрија е многу тешко он-лајн да се убедат купувачите да купат некој вид
на храна), значително трошење на ресурси, обука на кадарот, цена на хардверот и софтверот, загрозена
безбедност кај електронското работење (се јавуваат проблеми како недоверливи купувачи и продавачи,
загрозени трансакции, можен напад од хакери, спам), глобални проблеми (различни јазици, различни
правни и финансиски системи, курсни разлики) и сл.
53
За почеток на е-трговијата се смета појавата на првата веб страна за е-трговија на Amazon
(Amazon.com). Идејата за Amazon се јавува во 1994 година, кога Jeff Bezos, основоположникот на
Amazon, прочитал дека користењето на Интернет расте со стапка од 2.300% годишно
(http://www.amazon.com).
54
Според француското здружение за трговија е електронска размена (FCEE-Association Francaise pour le
Commerce et les Echanges), електронската трговија е збир од нематеријални врски кои ги одржуваат
економските агенти. Оваа дефиниција подразбира било која трансакција којашто се одвива преку
Интернет, телефон, банкарски мрежи итн., како и било кој метод на плаќање, без разлика, дали се
користат вистински или електронски пари.
35
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Травер Герсио Карол, постои суштинска разлика меѓу поимите електронско работење
(е-бизнис) и електронска трговија (слика).

Слика 5. Разлика меѓу електронскиот бизнис и електронската трговија


Извор: Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина (превод), Скопје,
2010, стр. 11.
Електронското работење се однесува примарно, на дигитално овозможување на
трансакциите и процесите во организацијата, вклучувајќи ги и информациските
системи под контрола на организацијата. Електронското работење не ги вклучува
комерцијалните трансакции кои што подразбираат размена на вредност. На пример,
Интернет контролираните системи на организациите спаѓаат под електронско
работење, но тие сами по себе не креираат никакви приходи за организацијата од
надворешни бизниси и потрошувачи како што тоа го прави електронската трговија.
Меѓутоа, точно е дека таа инфраструктура овозможува поддршка за Интернет
разментата која се случува во електронската трговија. Електронското работење (е-
бизнисот) првенствено ја вклучува примената на дигиталните технологии за бизнис
процесите внатре во организацијата, додека електронската трговија првенствено ги
вклучува трансакциите кои ги поминуваат границите на организацијата.55 Постојат
проценки дека целата трговија во светот до 2050 година ќе биде електронска.56
Составен дел на електронската трговија е создавањето на сет од вредности за

55
Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина (превод), Скопје, 2010,
стр. 11.
56
Milosavljevć Milan, Miškovic Vladislav, Elektronska trgovina, Univerzitet Singidunum, Beograd, 2016, стр.
4.
36
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

купувачите.57 Основни компоненти на електронската трговија се:


производите/услугите и учесниците кои учествуваат во процесот на електронската
трговија. Секоја компонента на електронската трговија може да има две димензии:
физичка и дигитална. Целосната електронска трговија се однесува на продажба на
дигитален производ преку дигитална продавница во дигитален процес на трговија.

Табела 5. Димензии на електронската трговија


Компонента Димензија Опис Примери
Производ Физичка Секој производ кој што Куќа.
може да се допри. Компјутер.
Употребната вредност Столица.
подразбира физичко Леб.
постоење на
производот.
Виртуелна Производот не постои Оперативен систем.
во физичка смисла. Електронска книга.
Не може да се допри. Музика во MP3
Не може да се скрши. формат.
Било кој софтвер.
Продавач Физичка Продавач кој Продавница за
продажбата ја обавува автомобилски делови.
во физички продавници. Пекара.
Купувачот може да Фризерница.
влезе во продавницата, Трговски центар.
да разгледа и да избира
производи.
Виртуелна Продавачот amazon.com
производите ги ebay.com
изложува на веб- aliexpress.com
-страна. Купувачот
може да разгледа
слики од производот, да
прочита опис,
дискутира и сл.
Процес на трговија Физичка Трговијата се врши во Плаќање во готово.
продавница, без Плаќање со
користење на уплатница.
електронски услуги.
Виртуелна Трговијата се врши со Плаќање со Виза
користење на картичка.
електронски Плаќање преку PayPal.
средства за плаќање,
најчесто платежни
картички.

57
Zott Christoph, Amit Raphael, The Business Model As the Engine of Network-Based Strategies, In: Paul R.
Kleindorfer, Yoram (Jerry) R. Wind, Robert E. Gunther, The Network Challenge: Strategy, Profit, and Risk in
an Interlinked World, Wharton School Publishing, Upper Saddle River, NJ, 2009, стp. 259 – 275.
37
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Извор: Zwass Vladimir, Electronic Commerce and Organizational Innovation: Aspects and Opportunities,
Int.J. Electron. Commerce, vol. 7, no. 3, 2003, стр. 7–37.

Трансакциите кај електронската трговија се вршат на електронски и виртуелен пазар.


Основни функции на виртуелниот пазар се: поврзување на купувачите и продавачите,
олеснување на размената на информации, добра и услуги, олеснување на процесот на
плаќање и реализација на инфраструктурата на електронската трговија. Преку
примената на современите технологии се тежнее кон постигнување на поголема
ефикасност кај електронскиот пазар.
Кога станува збор за состојбата со електронската трговија во Република Македонија,
треба да се истакне дека нашата држава заостанува зад европскиот просек. Така,
според извештајот од анализата за состојбата со е-трговијата во Република Македонија
изработен од асоцијацијата за е-трговија на Македонија, 19,5% од македонците
изјавиле дека направиле барем една он-лајн нарачка во 2017, за разлика од граѓаните на
ЕУ со 68%. Има околу 1,84 милиони издадени платежни картички или 0,9 по глава на
жител (во ЕУ просекот е 1,5). Во моментот, само 5 комерцијални банки нудат можност
за е-трговија преку 3 платежни процесори. Дури 59% од македонските граѓани
никогаш не нарачале ништо он-лајн. Од оние што никогаш не купиле ништо он-лајн,
18% изјавиле дека тоа не го сториле затоа што немаат потребни вештини. Анализите
покажуваат дека 42% од вкупното население има ниско општо ниво на дигитални
вештини, наспроти 26% што претставува просек во ЕУ. Со основни и над основни
дигитални вештини располага 32% од населението во Република Македонија, наспроти
57% во ЕУ. Далеку зад европскиот просек сме и во е-маил кореспонденција,
сместувачки услуги, продавање производи и услуги, барање информации за производи
и услуги, користење на интернет банкарство, како и барање и аплицирање за работа. 58

58
Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија, Извештај од
анализата на е-трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-трговија на Македонија, Скопје,
јуни, 2018, стр. 88.
38
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 6. Аспекти на е-трговијата и користењето на Интернет во кои македонските


граѓани се над, исто и под европскиот просек
Аспекти на е-трговијата и користењето на Интернет во кои македонските граѓани се над европскиот
просек
МК (просек) ЕУ (просек)
Социјални мрежи 84% 67%
Телефонирање и видео повици 77% 46%
Играње и симнување игри 38% 34%
Аспекти на е-трговијата и користењето на Интернет во кои македонските граѓани се приближно
исто со европскиот просек
МК (просек) ЕУ (просек)
Читање онлајн сајтови за вести 68% 72%
Барање на информации за здравје 59% 61%
Ставање лично креирана содржина на веб страна за да биде 38% 40%
споделена
Аспекти на е-трговијата и користењето на Интернет во кои македонските граѓани се под европскиот
просек
МК (просек) ЕУ (просек)
Е-маил комуникација 58% 86%
Сместувачки услуги 3% 50%
Продавање производи и услуги 4% 50%
Користење професионални мрежи 5% 15%
Барање и аплицирање за работа 2% 20%
Интернет банкарство 11% 61%
Управување со сметка за онлајн плаќања 9% 35%
Барање информации за производи и услуги 50% 80%

Извор: Адаптирано според Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република


Македонија, Извештај од анализата на е-трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-
трговија на Македонија, Скопје, јуни, 2018, стр. 79-85.

Компаративната анализа покажува дека македонските граѓани се многу внимателни


при купување он-лајн. Тие ги проверуваат информациите од неколку продавачи,
производители или веб провајдери. Оние кои не купуваат он-лајн тоа не го прават
бидејќи сакаат да купуваат со готовина, да одат во физичката продавница и да го
допрат производот. Исто така, немаат потребни дигитални вештини и се плашат за
безбедноста. Понатаму, најчести дејности со кои се занимаваат македонските е-
трговци се: малопродажба, услужни дејности, турузам, телеком, струја, комунални
услуги, продавници за облека, едукација, финансиски и осигурителни услуги, владини
услуги, производство, настани (влезници), прехрамбени производи итн. Нивната
категоризација е претставена во подолната табела.

39
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 7. Категоризација на е-трговците во Република Македонија според дејност


Малопродажба 27%
Услужни дејности 19%
Туризам 12%
Разни продавници 9%
Телеком, струја, комунални услуги 7%
Продавници за облека 6%
Едукација 4%
Здруженија и невладини 4%
Финансии, осигурување, недвижности 3%
Владини услуги 3%
Производство 3%
Настани (влезници) 2%
Прехранбени производи 1%

Извор: Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија, Извештај од


анализата на е-трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-трговија на Македонија, Скопје,
јуни, 2018, стр. 103.

Во Република Македонија, на крајот од 2017 година, имало 12.817 деловни субјекти


кои прифаќаат платежни картички и вкупно 20.524 продажни места кои прифаќаат
платежни картички. Од вкупниот промет направен со платежни картички во Република
Македонија, само 3% отпаѓа на вредноста во е-трговијата, 29,2% на трансакции
реализирани на физички места на продажба (ПОС терминали) и дури 67,8% на
подигнување и депонирање готовина од банкомати. Три милијарди евра изнесува
вредноста на трансакциите со платежни картички во Република Македонија во 2017
година, а околу 105 милиони евра е вредноста на трансакциите во е-трговијата, од кои
71% е кон странство. Има 789 регистрирани виртуелни продажни места, од кои 578 се
активни.59
На крај, треба да се истакне дека безготовинските плаќања, кои се стимулираат со е-
трговијата, се воедно ефикасен начин за справување со сивата економија и
овозможуваат лесна евиденција и следење, а е-трговијата може, исто така, да го
зголеми и извозот во Република Македонија.

59
Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија, Извештај од
анализата на е-трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-трговија на Македонија, Скопје,
јуни, 2018, стр. 62-65, 102-105.

40
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2.2. Електронски маркетинг

Електронскиот маркетинг може да се дефинира како начин на кој организациите


реализираат своја маркетиншка активност преку интензивна примена на
информатичко-комуникациските технологии. Развојот на Интернетот, а посебно на
World Wide Web-от, овозможи значително намалување на трошоците за маркетинг,
негов глобален опфат, користење на мултимедија, подобрување на комуникациите со
купувачите итн. Создадени се сосема нови начини за испитување на пазарот.
Активностите на комерцијална односно деловна употреба на Интернетот, денес,
најчесто се нарекува електронски (или Интернет) маркетинг. Интернет маркетингот е
збир од сите активности кои имаат за цел продажба на производи и услуги на целни
потрошувачи преку Интернет користејќи он-лајн алатки и услуги на начин којшто е
конзистентен со целокупната маркетинг програма на организациите.
Персонализацијата и приспособувањето се најважните начини на употребата на
Интернетот во креирањето единствена вредност за посетителите односно купувачите.
Веб презентациите на организациите даваат детални информации за производите и
услугите кои ги нудат, им овозможуваат на посетителите поставување прашања за
производите, купување на производите, учење за тоа како производите се употребуваат
и решавање на проблемите поврзани со купените производи. Сето ова на посетителите
односно купувачите им е овозможено без излегување од дома, превезување до
продавниците и чекање во ред.60 Поголемиот број на комерцијални веб страни на
организациите, во основа, претставуваат маркетиншко средство на организациите
бидејќи на овие страни најчесто се наоѓаат информации за организациите и за нивните
производи. Мултимедија, хипертекст, двонасочен комуникациски тек на вебот и сл.,
овозможуваат секој да ги добие токму оние информации кои смета дека му се потребни
за одлучување при купувањето. Со релативно ниски трошоци, Интернетот претставува

60
Електронскиот маркетинг користи слични концепти на маркетинг микс како и традиционалниот
маркетинг. Најчестата класификација на елементите на маркетинг миксот се базира на 4П (4P): производ
(Product), цена (Price), дистрибуција (Placement) и промоција (Promotion). Во овој контекст треба да се
спомне и постоењето на концептот на Аffiliate Мarketing. Имено, Affiliate Мarketing често се користи за
промоција на производите преку Аffiliate програма (Аffiliate програма е деловен однос помеѓу он-лајн
трговците и други (независни) веб страни (соработници). Соработниците по електронски пат (разни
облици на он-лајн огласи) ја промовираат понудата на трговците, при што, трговецот го плаќа
соработникот само за постигнатите резултати односно претходно дефинираните активности кои
соработничкиот посетител ги извршил на страната на трговецот.
41
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

многу ефикасно средство на директен маркетинг.61 За разлика од масовниот маркетинг


кој креира порака за цел пазар, електронскиот маркетинг се обраќа на секој поединец
индивидуално. Електронскиот маркетингот се нарекува и еден-на-еден маркетинг и тој
гради еден долгорочен и пријателски однос со секој купувач одделно. Освен ефикасна
комуникација, пред и за време на купувањето, електронскиот маркетинг овозможува
ефикасна комуникација и после тоа, пред сè во поглед на активности поврзани со
давање на корисничка поддршка, но и на други начини.62 Така на пример, една од
поважните карактеристики според кои електронскиот маркетинг се разликува од
обичниот маркетинг е што кај е-маркетингот постои можност за водење историја на
порачките на потрошувачите, нивните навики, однесувања и реализираните
трансакции.63 Сепак, можностите на Интернетот како продажен канал се ограничени,
во најголем дел, заради специфичните карактеристики на производите кои се
продаваат.64

61
Овде треба да се истакне фактот дека социјалните мрежи станаа незаобиколен простор за
рекламирање. Така на пример, за Фејсбук во 2017 година, важат следните факти: има над 2 милијарди
активни корисници, околу 1,47 милијарди луѓе секој ден се логираат на Фејсбук, секоја секунда се
креираат 5 нови профили, просечно време поминато на една Фејсбук посета е 20 минути, секои 60
секунди на Фејсбук се постирани 510.000 коментари, 136.000 слики се поставени (upload-ирани), 293.000
статуси се ажурирани (update-ирани), 16 милиони бизнис страни се креирани од мај 2013, итн. (според
https://zephoria.com/top-15-valuable-facebook-statistics).
62
Важна технологија за интернет-маркетинг која денес интензивно се користи е т.н. систем за
управување со однесувањето на потрошувачите (Customer Relationship Management System, CRMS).
CRMЅ претставува склад на информации за потрошувачите. Овој систем води евиденција за сите
контакти кои потрошувачот ги има со организацијата и создава негов профил, достапен на сите во
организацијата кои имаат потреба да знаат нешто за нивните клиенти.
63
Кај електронскиот маркетинг за оваа намена се користат логовите на трансакциите на потрошувачите,
кои се запишуваат на веб-серверите додека тие ги посетуваат веб-локациите. Интернет-продавниците
дознаваат многу за своите посетители и од информациите кои тие самите ги оставаат преку формуларите
за регистрација, кои ги пополнуваат на веб-локацијата каде што се наоѓа самата онлајн-продавница. На
овие електронски формулари потрошувачите оставаат податоци за контакт за себе, информации за
сопствените вкусови и преференци, како и други информации корисни за продавачите. За да се сместат
податоците кои се прибираат со логовите на трансакции, формуларите за регистрација, електронските
кошнички, колачињата, веб-бубачките и другите извори и потоа да се обработат, интернет-огласувачите
користат бази на податоци. Потоа, врз база на претходно изградени податочни модели се користат
аналитички техники наречени податочно рударење (data mining), кои бараат „шеми“ во податоците или
модели во однесувањето на потрошувачите.
64
Кога станува збор за Интернет маркетингот кај нашите организации треба да се истакнат и некои
проблеми со кои тие се соочуваат. Информативноста и транспарентноста на македонските веб страни не
се на задоволително ниво. Страните се генерално од информативен карактер: основни информации за
самата организација (историја, хронологија на работењето, вработени и сл.), информации за производите
и услугите кои организациите ги нудат, за нивната дејност итн. Но, современото веб присуство бара
многу повеќе он-лајн активности кои ги надминуваат информативните активности. Главниот проблем на
македонските веб страни е што не постои интерактивен однос помеѓу организацијата и посетителот на
веб страната. Не постои 24 часовна он-лајн техничка поддршка преку web chat кадешто корисниците
(или други стручни лица) можат во секој момент да решат некој проблем во меѓусебна релација.
42
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2.3. Мобилно работење

Мобилното работење (м-работење) може да се дефинира како експанзија на


електронското работење на мобилни уреди. Ова не се однесува само на мобилните
телефони, туку на сите мобилни уреди (notebook, iPOD, лаптопи, таблети итн.) кои се
во можност да извршуваат трансакции со парични вредности преку бежични
телекомуникациски мрежи (WiFi, WiMax, 4G, итн.). Со развојот на мобилните
технологии, корисниците преоѓаат на мобилни компјутери поради што се јавува
потреба за што е можно побрзо усовршување на мобилните уреди, мрежи, канали,
системи, услуги и апликации.65 Во организациите, работењето преку мобилните уреди
им овозможува на вработените лесен он-лајн пристап до информациите во секој
момент, а деловните процеси стануваат подинамични и практично се случуваат во
реално време. Притоа, се смета дека паметните мрежи ќе бидат носители на иновации
во многу дејности: smart grid мрежите во енергетиката и транспортот, мрежи за
следење на хроничните болести во здравството, мобилно означување во трговијата на
мало. Ова ќе предизвика трансформација и на работната сила.66 Со развојот на
мобилните телефони и мрежи, луѓето денес, имаат целосно пренослив и во реално
време пристап до сите информации. Конвергенцијата на бежичните комуникации и
Интернетот им донесе на корисниците високо ниво на интерактивност односно
можност да се комуницира преку глас, податоци и мултимедија.67 Покрај ова, се
јавуваат и услуги со помош на кои корисниците можат да платат паркинг, да купат

Страните не се персонализирани (на пример, преку селектирање на некој производ не се добива листа
која врз основа на преференциите на корисникот би му била него соодветна). Организациите во исти
индустриски гранки најчесто прават визуелно досадни и концепциски многу слични веб страни и главно
се нудат исти производи и услуги (пример банкарскиот сектор).
65
Според International Telecommunication Union (ITU), бројот на мобилни уреди во светот го надминува
бројот на светската популација (околу 7,5 милијарди жители во 2017 година според Population Reference
Bureau (PRB) или на https://www.prb.org/2017-world-population-data-sheet), иако многу поединци, посебно
во земјите во развој, сè уште не користат мобилни телефони. Бројот на претплатници на мобилна
телефонија на 100 жители е 103,5 (за 2017) односно има повеќе мобилни телефони од жители во Светот
(International Telecommunication Union (ITU), Measuring the Information Societry, Report, Geneva,
Switzerland, 2017, стp. 1-5).
66
Многу класични професии ќе исчезнат, а ќе се појават нови на кои денес ниту името не им се знае
(Oxford Economics, Digital Megatrends 2015 - The Role of Technology in the New Normal Market, A research
Summary written in cooperation with AT&T, Cisco, Citi and SAP, 2015, стp. 10).
67
Се разликуваат неколку видови на мобилни апликации: SMS апликации, платформски апликации,
мобилни веб-апликации и хибридни апликации.
43
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

карта за на концерт, да резервираат хотелска соба или авионски лет, да добијат услуги
за позиционирање преку навигациски систем (Global Positioning System, GPS)68 итн.
Може да се каже дека развојот на мобилните мрежни системи и услуги е во постојан
напредок кога станува збор за Република Македонија. Се користат мобилни мрежи од
четврта генерација (4G) кадешто се употребени најнови технологии за пренос на
податоци со голема брзина.69

2.3.1. Мобилна трговија

Мобилната трговија е најзначајниот сегмент на мобилното работење и не се однесува


само на он-лајн купувањето туку и на “click-and-mortar” деловниот модел.70 По
дефиниција, мобилната трговија ја претставува секоја парична трансакција која е
реализирана преку мобилна телекомуникациска мрежа. Според ова, мобилната
трговија е подмножество од сите електронски трансакции, како во В2С, така и во В2В
сегментот. Така на пример, мобилните телефони се секогаш со нивните корисници, без
разлика каде и да се наоѓаат тие. Затоа се наметнуваат како најдобар избор во случај да
е потребна моментална акција која би била условена од динамиката и промените кои
можат да настапат во дневниот распоред и активностите на сопственикот на
телефонот.71 Кога станува збор за мобилната трговија во Република Македонија, треба

68
Global Positioning System (GPS), претставува просторно лоциран сателитски навигациски систем кој
овозможува одредување на локација и време во сите метеоролошки услови било каде на планетата каде
што има непопречена врска со 4 или повеќе GPS сателити.
69
Мрежата од четвртата генерација 4G (или beyond 3G), почна да се употребува во 2010-та година. 4G
не претставува само една технологија или стандард, туку збир од технологии и протоколи кои
овозможуваат најголема преносна моќ и најниски можни трошоци на безжичните мрежи. Според
Wireless World Research Forum (WWRF), 4G е мрежа која работи на Интернет технологија и која се
комбинира со апликации и технологии како што се Wi-Fi и WiMax и работи на брзина од 100 Mbps (100
Megabits per second, кај мрежите на мобилната телефонија) до 1Gbps (1 Gigabit per second, кај локалните
Wi-Fi мрежи).
70
Според eMarketer продажбата на мало преку електронската трговија во светот за 2017 изнесува 2,304
трилиони (1000 милијарди) американски долари, а делот на мобилната трговија во овој износ изнесува
58,9 %. До 2021, мобилната трговија ќе учествува со 72,9 % од продажбите на електронската трговија
(https://www.emarketer.com/Report/Worldwide-Retail-Ecommerce-Sales-eMarketers-Updated-Forecast-New-
Mcommerce-Estimates-20162021/2002182).
71
Мобилни сервиси за плаќање можат да се користат на физички или виртуелни локации. За да може да
функционира мобилното плаќање, потребно е во системот на работење да бидат вклучени купувач,
мрежен оператор, финансиска институција и продавч. Како пример за систем на мобилно плаќање може
да се наведе Google Wallet (апликација која што се инсталира на мобилниот телефон и овозможува
44
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

да се истакне дека не напредуваше со онаа динамика со која напредуваше развивањето


на бежичната инфраструктура.72 Како последица на ова, се јавува несовпаѓање помеѓу
малиот број на мобилни сервиси од една страна и капацитетот на мобилните мрежи од
друга.73

2.3.2. Мобилен маркетинг

Мобилниот маркетинг е многу ефикасен директен канал на персонализирана


комуникација со крајниот корисник. Здружението на мобилен маркетинг (Mobile
Marketing Association) го дефинира како употреба на безжични медиуми како средства
за доставување на маркетинг пораки и добивање на брзи повртни информации. 74 Вака
широко дефинираното значење за мобилниот маркетинг опфаќа: од употреба на
bluetooth уреди за пренесување на дигитална содржина (на пример видео и аудио
датотеки, фотографии, апликации кои се однесуваат на реклами), креирање на страна
прилагодена на мобилните апарати, огласување со текстуални или мултимедијални
пораки (SMS и MMS), до употреба на апликации прилагодени за мобилни телефони75.
Мобилниот маркетинг има свои користи како што се: динамичен е, масовно е присутен
и има тенденција на пораст, корисниците имаат мобилен телефон секогаш со себе,
поевтин е од традиционалните медиуми, се обезбедува директен и подолгорочен однос
со корисниците итн. Притоа, мобилниот маркетинг бара традиционалните маркетинг

чување на содржини кои обично се чуваат во физички паричник). Во Република Македонија KomPay е
првата мобилна апликација за бесконтактно плаќање на продажни места со паметни телефони. Лансиран
е во март 2018 година од Комерцијална банка, АД Скопје (http://www.kb.com.mk).
72
Домашниот провајдер на мобилна телефонија, Македонски телеком, укажува на пад на вредноста на
просечниот приход по корисник (Average Revenue Per User, ARPU) во 2015 (од 8,6%) споредено со 2014
(https://www.telekom.mk/ns-newsarticle-operational-results-of-makedonski-telekom-for-2015.nspx). ARPU се
користи од компании кои им даваат претплатнички сервиси на клиентите како што се: телефонија,
интернет провајдери, хостови. Претставува мерка за приходите генерирани од телефоните на клиентите
во единица време, обично на месечна или годишна основа.
73
Во Република Македонија пристап на Интернет преку мобилен или паметен телефон има 58% од
населението, а дури 82% од корисниците кои пристапиле на Интернет тоа го направиле од мобилен или
паметен телефон (Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија,
Асоцијација за е-трговија на Македонија, Скопје, јуни, 2018, стр. 24).
74
Здружението на мобилен маркетинг (Mobile Marketing Association) е водечка глобална непрофитна
трговска асоцијација составена од над 800 компании од 50 држави во светот (http://www.mmaglobal.com).
75
Oколу 80% од времето корисниците на мобилни уреди користат мобилни апликации, а само 20%
пребарувачи. Развиени се милиони апликации кои повеќе од една милијарда корисници ги имаат
преземено во над 100 милијарди превземања (Milosavljevć Milan, Miškovic Vladislav, Elektronska trgovina,
Univerzitet Singidunum, Beograd, 2016, стр. 218.).
45
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

стратегии да се адаптираат на барањата на мобилните потрошувачи. Во Република


Македонија на пример, често се случува преку SMS маркетинг да се пласираат реклами
за наградни игри, за акциски понуди, за промоција на разни видови производи и сл.
Проблем може да се јави при самиот избор на корисникот бидејќи оваа форма на
маркетинг може да се третира како спам. Трендот кој се јавува е сè поголемо
развивање на специјални апликации за мобилни телефони (паметни телефони) кои се
во можност да ги прикажат интернет страните во целосен HTML формат како на
компјутер.

2.3.3. Перспектива на мобилното работење во Република Македонија

Мобилното работење претставува глобален тренд кој не ја заобиколи ниту Република


Македонија. Имајќи предвид дека се тежнее кон зголемување на продуктивноста на
вработените, за очекување е брз развој на В2Е мобилни апликации. В2С е
најдоминантна форма на мобилно работење во Република Македонија кадешто во
најголема мера доминираат забавните содржини (видео игри, музички мелодии за
телефони и сл.). За очекување е дека содржините за купувачите и клиентите
неколкукратно ќе се зголемат посебно ако се има во предвид масовноста на паметните
телефони поради кои значително ќе се зголеми асортиманот на услуги. Така на пример,
банките во Република Македонија имаат мобилно банкарство преку кое овозможуваат
поголем број на услуги за своите комитенти: информации за разни пречекорувања,
информации за кредитни картички, плаќање сметки, информации за девизни сметки
итн.

2.4. Електронско-банкарство

Со појавата на новите технологии овозможени се нови начини на извршување на


финансиските услуги и реализација на банкарските трансакции.76 Работењето на

76
Прв пример на систем што овозможува електронски трансфер на пари претставува системот на
телеграфски плаќања кој се појавува 1918 година кога Federal Reserve Bank во САД започна да испраќа
пари телеграфски. Кон средината на 1960-те години, во развиените држави се јавува проблемот на
46
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

банките базирано на примена на новите информатичко-комуникациски технологии се


нарекува електронско банкарство (е-банкарство). На овој начин, банките целосно го
имаат прифатено процесот на дигитализација и употреба на електронските системи.77
Примери за овие промени претставува масовното користење на POS (Point of Sale)
системите, банкоматите, банкарството од дома, мобилното банкарство итн. Со
употребата на POS системот доаѓа до полесно и поефикасно извршување на
безготовинските плаќања. Со помош на EFT/POS системот за безготовинско плаќање,
регистарот на касата е електронски директно поврзан со информатичката мрежа на
банката, а на корисниците на тој систем им овозможува брза безготовинска наплата,
намалување на трошоците на платниот промет, оптимизација на обртните средства и
др.78 Банкоматите (Automated Teller Machineѕ, ATM) се самоуслужни шалтери кои
можат да ги користат коминтентите 24 часа на ден за извршување на рутински
банкарски операции. Банкарството од дома е форма на електронско банкарство кога
корисникот преку компјутер и Интернет врска, од дома или од работа, врши контакт со
банката и ги обавува неопходните трансакции.
На следната табела се претставени основните услуги на електронско банкарство кои ги
даваат комерцијалните банки.

Табела 8. Основни услуги на електронското банкарство


Име на услугата Oпис на услугата
Увид во сметките и на извршените Пристап до сметките преку веб-страна на која
трансакции корисниците можат да ја проверат состојбата на
сметката, прометот и изводите по сметки и
платежни картички. Овозможени се напредни
функционалности како што се сортирање,

преголем број на трансакции. За да се зачува финансиската стабилност, било неопходно да се обезбеди


централизирано управување со финансиските трансакции. Ваквиот начин на управување и електронско
обработување на финансиските трансакции го започнува првата клириншка куќа во САД и во светот
воопшто-Automated Clearing House. После ова, се јавуваат првите банкомати, телефонски сервиси, а
последните децении се јавуваат напредни сервиси на електронско банкарство.
77
Имајќи предвид дека услугите на е-банкарството се реализираат преку мрежа, постојат извесни ризици
како и кај другите видови на веб-апликации. Сигурноста кај е-банкарството подразбира повеќекратна
контрола на сите компоненти на системот и заштита на серверите, апликациите и корисниците. Некои од
најчестите напади насочени директно кон корисниците на услугите на електронското банкарство се:
phishing (обид за кражба на лични податоци преку наведување на корисниците на лажна веб страна
преку е-маил), вируси, keylogger (програми кои го памтат тоа што корисникот го куца на тастатура),
skimming (кражба на податоци од чипот на платежнта картичка) и слично.
78
Електронскиот пренос на средства (Electronic Funds Transfer, EFT) претставува електронска размена
или пренос на средства (пари) од една сметка на друга, во рамките на една финансиска институција или
на повеќе институции преку компјутерски системи.
47
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

пребарување според повеќе критериуми и сл.


Сметките се ажурираат во реално време.
Електронски трансфер на средства Електронски пренос на средства од една сметка
на друга без да има потреба од било какви
хартиени документи.
Плаќање на сметки Овозможено е креирање на стандардни шаблони
за плаќање на сметки. Можни се готовински и
безготовински плаќања преку веб-апликација.
Одобрување на кредити Пребарување и пријава за одобрување на
кредити. Добивање одобрување во електронска
форма.
Услуги за претпријатијата Поголем број на услуги кои им овозможуваат
реализација на финансиските активности на
претпријатијата: кредити, издавање на гаранции,
финансиски консалтинг итн.
Услуги за клиентите Услуги наменети за физички лица. Освен
стандардните, постои и можност за известување
по пат на е-маил, пријава за добивање на
информации за хартии од вредност, заштеда,
управуваање со сметки, користење картички,
менувачки работи итн.
Персонализирани алати и вкрстена продажба Врз основа на податоците за заинтересираноста,
однесувањето и карактеристиките на клиентите,
банките нудат соодветни дополнителни услуги.
Агрегација на сметки Сите сметки на клиентите во една банка можат
да се претстават во рамките на една веб-страна,
што овозможува поедноставно управување со
сопственото финансиско портфолио и подобра
контрола на финансиските текови.
Мобилни услуги Реализација на активности од е-банкарство преку
мобилни технологии и уреди: мобилно плаќање,
SMS, наменски мобилни апликации итн.
Дополнителни услуги Освен стандардните услуги, банките
интегрирааат и екстерни услуги со кои би
можеле на клиентите да им овозможат подобро
опкружување и сите информации на едно место.
На пример, се презентираат информации за
курсни листи, финансиски новости,
дополнителни нови услуги и сл..
Извор: Shah Mahmood, Clarke Steve, E-banking Management: Issues, Solutions, and Strategies, Hershey: IGI
Global, 2009, стр. 5.

Мобилното банкарство е најнов вид на банкарство кое обезбедува бежичен пристап до


банкарските работи.79 Банките во Република Македонија, покрај информатичките

79
Како последица од развојот на новите технологии во финансискиот сектор дојде до појава на нови
алтернативни дигитални валути т.н. крипто валути меѓу кои најпозната е Биткоинот. Оваа крипто валута
во Република Македонија е забранета како легално средство за плаќање и тргување. Карактеристично за
Биткоинот е тоа што не може институционално да се контролира. Исто така, има и други алтернативни
облици за финансирање на нови бизниси какви што се платформите на Crowdfunding кои во целост ги
заобиколуваат комерцијалните банки.
48
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

компании, предначат во В2В деловните он-лајн услуги.80 Кај нас тежиштето на


електронското банкарство е на он-лајн плаќањата и прегледот на состојбата на
сметките. Електронското банкарство се нуди преку Интернет пристап и преку
апликации. На секоја банкарска веб страна постои релативно добро објаснување на
секоја услуга. Недостаток е што нема комуникација во реално време (chat), ниту блог
или друг облик на меѓусебна интеракција со корисниците.

2.5. Електронско сметководство

Електронското работење има влијание и врз сметководствените системи преку


менувањето на деловните процеси, а со тоа и начинот на кој сметководството
функционира. Главната разлика меѓу електронското и традиционалното сметководство
е во тоа што кај електронското сметководство регистрирањето и процесирањето на
податоците се прави на електронски медиуми (хард дискови и разни надворешни
мемории) за разлика од порано кога тоа се правеше на разни хартиени формати. Многу
традиционални сметководствени задачи можат да се автоматизираат, така што,
сметководството во услови на електронско опкружување, употребува сметководствен
софтвер. Во најголем дел, програмите за сметководство се традиционални десктоп
апликации чиишто домен на интеграција најчесто се остварува во рамките на
локалната мрежа на организацијата со повремени излети преку ширењето на таа
локална мрежа помеѓу поддружниците преку VPN (Virtual Private Network)

80
Во Република Македонија работат 15 комерцијални банки со издадена дозвола за работа од страна на
Народна банка на Република Македонија. Комерцијалните банки се поделени во три групи: големи
(Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје, Охридска банка
АД Скопје и Халк банка АД Скопје), средни (Прокредит банка АД Скопје, УниБанка, Стопанска банка
АД Битола, Шпаркасе банка АД Скопје, Еуростандард банка АД Скопје и Централна кооперативна
банка АД Скопје) и мали банки (Силк Роуд АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Капитал банка АД
Скопје). Сите наброени комерцијални банки во своето работење користат платежни картички од
интернационалните картични шеми: Mastercard, Visa, American Express и Diners. Но, само пет банки ја
нудат услугата е-трговија со картички. Притоа, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД
Скопје и УниБанка Скопје го користат Casys како картичен платежен процесор. Халк банка АД Скопје
користи сопствен картичен процесор за процесирање на трансакциите, а како платежен портал за е-
трговија го користи Nestpay на Asseco. НЛБ банка АД Скопје го користи картичниот платежен процесор
Bankart dd и неговиот платежен портал ACI Commerce Gateway. За да може една компанија да започне со
он-лајн наплата преку платежни картички, потребно е да поднесе барање до една од овие пет банки.
49
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

поврзувања.81 Видовите на сметководствен софтвер можат да се поделат на: адаптиран


(customised), спакуван (prepackaged) и сметководствен софтвер како дел од ERP
(Enterprise Resource Planning). Адаптираниот (customised) сметководствен софтвер е
софтвер кој што се развива за специфичните потреби на организациите. Често се
застапени т.н. табеларни програми (spread sheet) кои се евтини и практични посебно за
микро и малите организации. Овие програми користат основни функции како што се
групирање на сметките, пресметување на цените, пресметување на залихите итн. За
секоја организација, теоретски, е идеално да има софтвер кој што е направен само за
неа, но цената за изработка и подоцнежното одржување на таквиот софтвер често пати
е неисплатлива за организациите. Спакуваниот (prepackaged) сметководствен софтвер е
релативно евтин и лесен за користење, а процедурата за backup е едноставна. Има
флексибилност при изработката на форматот за различни извештаи (финансиски,
готовински текови, промени во капиталот итн.).82 Сметководството како дел од ERP
системот претставува посовремен начин на водење на електронско сметководство.
Кога бројот и сложеноста на деловните процеси во некоја организација достигне такво
ниво што не е можно сето тоа да се поддржи со обична сметководствена програма,
менаџментот се одлучува за креирање на информациски систем според потребите на
организацијата или воведување на некое готово ERP решение.83

81
Основен проблем на ваквите програми е што не постои едноставен начин на поврзување на
корисниците кои се надвор од локалната мрежа и во тоа што сетот на податоци е централизиран на едно
место. Како реакција кон производителите на ваквите програми за потешкотии при инсталирањето и
ажурирањето на десктоп програмите за клиентите, но и во желбата да се надминат двата погоре
наведени проблеми, се појавија веб програми за сметководство на кои им се пристапува преку Интернет
(ова е т.н. Cloud сметководство или сметководство во облак). Предноста на сметководствените програми
кои се во ,,облакот” е во тоа што за мрежната интернет инфраструктура се грижат компании
специјализирани за тоа. Најголем недостаток на ова решение е стабилноста и квалитетот на Интернет
врската.
82
Во овој контекст треба да се спомне дека постојат и open source решенија кои се генерално полоши од
комерцијалните.
83
Предностите на ERP се: ги обединува деловните процеси (производство, продажба, сметководство,
менаџмент, В2В, В2С и сл.), подобра контрола врз ресурсите, поддршка во одлучувањето, подобро
планирање итн.
50
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2.6. Електронски платен промет

Платниот систем е еден од основните подсистеми на финансискиот систем. Платниот


систем се состои од поголем број на инструменти, банкарски процедури и
меѓубанкарски трансфери на средства кои ја осигуруваат циркулацијата на пари во
една држава. Главната причина за заинтересираноста за е-платен систем може да се
открие во фактот дека доверливиот и ефикасен платен систем претставува една од
основните претпоставки за ефикасно функционирање на вкупниот финансиски систем
на една држава. На платните системи посебно значење им даваат и меѓународните
финансиски институции во чиишто рамки се организираат меѓународни комитети кои
работат во наведената област и кои изработуваат соодветни стандарди, препораки и
насоки. Меѓународна институција која што ги воспоставува стандардите во оваа област
на финансиско делување е Банката за меѓународни порамнувања (Bank for International
Settlements, BIS) со седиште во Швајцарија, во рамките на која работи комитет за
системи за плаќање и порамнување (Commitee for Payment and Settlement Systems).
Генерално гледано, платниот систем се состои од два компатибилни дела кои градат
една целина: систем за пресметки и инструменти за плаќање. Платниот промет се
организира и се развива во согласност со економско-финансискиот развој на државата
и воспоставувањето на односи на доверба помеѓу централната банка и комерцијалните
банки. Развојот на платниот промет го следи постојаното усовршување на
организациите, како и начините, облиците и инструментите на плаќање. Последните
децении, платните системи на државите меѓусебно се усогласуваат според стандардите
на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), Европската Централна Банка (ЕЦБ) и
другите меѓународни финансиски организации.
Современо организираниот платен промет им овозможува на учесниците во плаќањето
можност за користење на современи и соодветно креирани инструменти за плаќање,
како и можност за избор на начинот на плаќање. Современиот платен промет базиран е
на употребата на информатичко-комуникациските технологии, при што, платниот
промет се врши преку размена на електронски пораки меѓу информациските системи
на учесниците. Како електронска порака се смета информацијата која што е
електронски генерирана, пратена, примена и сочувана. Структурата на пораката е
утврдена од страна на Централната банка. Во електронскиот платен промет

51
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

трансакцијата е завршена кога крајниот субјект прими електронска порака или кога
оној што ја пратил, добие потврда за прием на пораката. За веродостојна електронска
порака се смета секоја електронска порака која има пропишан формат, која што е
заверена со електронски потпис и која што е во согласност со пропишаните правила.
Денес, во развиените пазарни економии постојат различни модели на системи за
пресметка на платниот промет.84
Појавата на електронското работење предизвика и нови финансиски потреби кои често
не можеа да се задоволат преку конвенционалниот начин на плаќање. Технологијата на
електронското работење овозможи создавање на нови системи за наплаќање и
унапредување на постојните платежни системи.85 Како средства за плаќање во
електронското работење може да се користат: електронски (дигитални) пари кои
претставуваат замена за хартиените пари86, електронски чекови, кредитни картички
итн.87 Најпознат сервис за плаќање преку Интернет е PayРal. Овој систем работи како

84
SWIFT (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunicatons) е основана во 1973 година. Оваа
компанија извршува услуги на безбедно пренесување на пораки во доменот на финансиското работење
од една држава во друга. Банките користат електронски технологии и кога комуницираат со своите
комитенти внатре во државата. Тогаш обично користат FEDI (Financial Electronic Data Interchange) за да
можат да разменуваат не само документи, туку и платни налози. Комитентите електронски ги упатуваат
налозите на банката, која потоа електронски ги пополнува. На овој начин се забрзува платниот промет.
Предноста на FEDI е што е оперативен 24 часа на ден. Злоупотребите се спречуваат со користење на
различни безбедносни системи. TARGET е платниот систем на Европската Монетарна Унија (ЕМУ).
Воведен е заради спроведување на единствена европска монетарна политика и заради обезбедување на
ефикасен механизам за извршување на меѓународни плаќања. Системот се однесува исклучиво на евро-
трансакции, а е базиран на платните системи RTGS (Real Time Gross Settlement) односно платни системи
за пренесување пари на бруто основа во реално време на државите-членки на ЕУ и на Европската
Централна Банка. Овие платни системи се обединуваат преку единствена информатичка инфраструктура
со помош на стандардни процедури.
85
Два основни модели на плаќање се: (1) Cash-like систем кој подразбира претплата. Кај ваквите системи
одредена сума пари се зема од купувачите пред да се изврши трговијата. Овде спаѓаат: Smart Card,
електронската готовина и банкарските чекови, (2) Check-like систем кога плаќањето се извршува во
моментот на купување (pay-now) или откако купувањето е извршено (pay-later). Пример за pay-now се
банкоматите (Automated Teller Machine-ATM), а за pay-latter е плаќањето со кредитни картички.
86
Електронските пари се кулминација на процесот на дематеријализација на парите и нивно претворање
во информација која единствено постои во реално време. Поинаку кажано, електронските пари се
специфична монетарна информација која преку електронски импулси во реално време се пренесува
помеѓу трансакторите кои ги извршуваат плаќањата (Zečević Miodrag, Bankarstvo, Evropski Univerzitet,
Beograd, 2009, стр. 563).
87
Електронските пари ги заменуваат готовината и чековите и со нив се врши купување на производи со
помош на компјутери во рамките на комерцијалните компјутерски мрежи како што е Интернетот, или
деловните банкарски мрежи како што е мрежата на друштвото за глобални меѓубанкарски финансиски
телекомуникации (SWIFT-Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) или мрежата за
внатрешен платен промет (FEDWIRE-Federal Reserve Wire Network). Најголема предност кај
електронското плаќање е брзината и удобноста која корисниците ја имаат при плаќање и наплата. Нема
чекање во редици, плаќањата можат да се прават 24 часа на ден, седум дена во неделата, а трансакциите
се вршат ,,од фотеља.” Заштедата на време во однос на традиционалниот начин на плаќање не е мало.
52
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

посредник на Интернет односно претставува еден вид на портал за наплата (payment


gateway) на кој се поврзани е-трговците и е-купувачите.88 Ова значи дека и купувачите
и продавачите мора да се наоѓаат на PayРal во моментот на трансакцијата. Плаќањето
се извршува директно од една PayРal сметка на друга, со кредитни и дебитни картички
или електронски чекови. Овозможено е вршење на поединечни или групни плаќања
(повеќе корисници плаќаат една сметка). Деловната примена бара отворање
корисничка сметка и депонирање на средства.

2.7. Електронско осигурување

Електонското осигурување за прв пат започнува да се развива во САД. Забрзаниот


развој на електронското работење и можностите кои со тоа се отвораа се одразија и врз
осигурителните компании и врз осигурувањето во целост. Осигурителните компании
релативно подоцна од банкарскиот сектор го прифатија Интернетот како нов деловен
медиум.89 Ова, може да се каже дека во најголем дел се должи на фактот што не се сите
производи на осигурувањето прилагодливи за Интернет дистрибуција. Прифатливи се
оние производи кои можат да бидат опишани и проценети преку употреба на мал број
на параметри. Такви производи се на пример автомобилските производи, патничките
осигурувања, осигурувањето на куќи и станови и некои ограничени животни
осигурувања. Производи кои не се погодни за он-лајн осигурување се најголем број на
животни и пензиски осигурувања, здравственото осигурување и некои комерцијални
осигурувања. Сепак, со презентирање и на овие производи на Интернет,
осигурителните компании имаат големи можности за подобрување на квалитетот на
нивните услуги. Можностите за електронско работење во осигурителната дејност се

Според една студија електронското плаќање е за 60 % побрзо од традиционалниот начин на плаќање (за
ова подетално на: http://www.marketwatch.com/story/benefits-of-online-bill-paying). Основен недостаток
кај е-плаќањето е безбедноста посебно во форма на крадење на идентитет и на кредитни картички. Друг
проблем во Република Македонија е немањето разновидност на начините на е-плаќање.
88
Во Република Македонија, PayPal може да се користи единствено за купување надвор од македонските
граници (вршење на исплати), но не и за примање на средства од надвор (вршење на наплати).
89
Причините за ова лежат во специфичниот карактер на продажбата на производите и услугите на
осигурување преку Интернет како што се: сложеноста на самиот производ (посебно кај полисите за
животно осигурување), отежнато стандардизирање на условите за пресметки, контактот меѓу клиентот и
компанијата не е на честа основа итн.
53
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

гледаат, пред сè, во значителното намалување на цените на деловните процеси. При


директното контактирање на осигурителните компании со клиентите, нема трошоци за
посредници во осигурувањето. Со автоматизацијата на работењето преку Интернет
може да се заштеди на време и на вработени. На овој начин, клиентите добиваат
пониска цена, како и подобра и побрза услуга. Овде треба да се има во предвид дека
карактеристичниот корисник на Интернет не е типичен купувач на осигурување. 90

3. Проектен менаџмент

Управувањето со проекти во современите организации подразбира планирање,


координација и контрола на сложени и различни активности од различни области на
работење. Проектната ориентраност во пракса се има покажано како многу корисна,
поради што, денес, голем број на организации, без разлика дали се приватни, државни
или непрофитни, се стремат проектно да ги организираат сите работни активности кои
имаат карактеристики на проект. Како што растеше значењето на промените и
вештините за управување со организациите, така растеше и значењето на проектите и
нивното управување (проектниот менаџмент), така што, додека организациските цели
навестуваат промени, проектите ги остваруваат. Управувањето со проектите,
најшироко гледано, подразбира насочување на луѓето кон заедничка цел која треба да
се реализира на систематичен начин.91

90
Познато е дека помладата генерација е почест корисник на Интернет, но, од друга страна, младата
генерација не е целна група за осигурителните компании. Младите во Република Македонија, на возраст
од 15 до 29 години, главно се претставници на милениумската генерација (родени помеѓу 1981-2000).
Оваа генерациска група ширум светот е карактеристична по тоа што за време на детството, раната
младост и адолесценцијата на нејзините членови им се случиле мошне битни техничко-технолошки
настани и промени и тоа на глобално ниво како што се: развој на компјутерите, мобилните телефони
(смартфони), безжичниот Интернет, развој на социјалните медиуми Facebook, Twitter, Instagram,
Linkedin и сл. (за ова пошироко во Студија за младите во Република Македонија, Институт за
Социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје, 2016).
91
За управувањето со проекти во форма којашто е денес позната, клучна е појавата на две многу познати
алатки на проектниот менаџмент: методата на критичен пат (Critical Path Metod, CPM) и PERT техниката
за евалуација на проекти (Project Evaluation Review Technique, PERT) во 1950-те години. Овие техники
во прво време се употребувале во сложени воени и државни проекти од голем обем, а денес се користат
во сите видови на проекти кои имаат меѓузависни активности. Хронолошки гледано, може да се
идентификуваат четири периоди на развој на проектниот менаџмент: пред 1958 година, од 1958 до 1979
година, од 1980 до 1994 година, и од 1995 до денес.
54
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Кога станува збор за управувањето со проектите, прво прашање кое најчесто се поставува е
дефиницијата за проект. Терминот проект се употребува често во секојдневниот современ
живот за опишување на активности кои организациите или поединците не ги обавуваат
секој ден, туку таквите активности се извршуваат повремено и по потреба. Проектите
може да се одвиваат во сите подрачја на човекова дејност. Така на пример писателот ќе
рече дека работи на проект на нова книга, режисерот на нов проект –режира филм,
организаторот на фестивал подготвува проект за фестивал, студентот изработува
семинарска во форма на проект итн. Проектите може да вклучат еден човек или илјадници
луѓе. Рокот на траење може да им биде од неколку дена до неколку години. Проектите
може да се разликуваат во зависност од индустриската гранка, целите, местото на
изведување, големината, начинот на финансирање, економската ефикасност, видот на
технологија, степенот на конкретизација, фреквентноста на повторувањата, траењето и др.
Во стручната литература се јавуваат повеќе дефиниции за тоа што е проект. 92 Проектот
претставува сложен неповторлив деловен потфат кој се превзема за да се постигнат
целите во согласност со предвиденото време и предвидените трошоци. Проектот може
да се дефинира и како временски и финансиски ограничен потфат превземен со цел да
се произведе единствен производ или да се изврши одредена услуга.93 Друга
дефиниција е дека проектот претставува потфат што се планира да се преземи, а со кој
би се постигнале некои однапред дефинирани цели, за определено време и со
определени трошоци. Ваквите деловни потфати би можеле да бидат: изградба на
фабрички погони, енергетски постројки, набавка и инсталирање на опрема,
воспоставување нови канали на продажба, воведување нови производи,
реорганизирање на деловниот субјект, програми за усовршување на кадри,
истражувања и развој (Research and Development, R&D), освојување на нови пазари,
воведување на нови информациски системи и др.94 Така на пример, патот до нов
производ, од почетниот концепт до успешното лансирање на производот е тежок,
комплициран и скап. Емпириските истражувања покажаа дека за лансирање на еден

92
Зборот проект (анг. project) доаѓа од латинскиот збор proјectum и нејзиниот изведок proјicere што
значи да се фрли нешто напред. Во основа, проектот упатува на нешто што е прво замислено или
создадено, а потоа, во просторна или временска смисла, упатено напред.
93
G. J. Tuman, Development and implementation of effective project management information and control
systems, in: Project management handbook, D. I. Cleland and W.R. King (Eds.), New York: Van Nostrand
Reinhold Co., 1983, стp. 495–532.
94
Несторовски Методија, Економија на инвестициите, Економски факултет, Скопје, 2000, стр. 24.
55
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

успешен производ потребни се голем број на идеи. Како што необработените идеи,
чекор по чекор, поминуваат низ процесот на трансформација, тие се трансформираат,
се разрешуваат неизвесностите, се гради доверба, за да се комерцијализира една
единствена идеја на крајот во успешен производ (слика).

Слика 6. Намалување на бројот на идеи за истражувачки проекти


Извор: Адаптирано според Stevens Greg, Burley James, Piloting the rocket of radical innovation, Industrial
Research Institute, Inc., March-April, 2003, стр. 17.

Според Институтот за проектен менаџмент (Project Management Institute, PMI),


управувањето со проекти претставува примена на знаење, вештини, алати и техники на
проектни активности, со кои би се исполниле барањата на проектот. Проектот е
привремен потфат кој има за цел да создаде единствен производ или услуга. Според
оваа дефиниција, се издвојуваат два клучни моменти: привременост, која определува
дека проектот е активност која има дефиниран почеток и крај, и единственост на
резултатите од проектот.95
Во последните неколку децении, организациите конечно почнаа да ги согледуваат
придобивките од проектниот менаџмент. На следната табела се претставени користите
од проектниот менаџмент и како е променета перцепцијата за него со текот на времето.

95
Project Management Institute, A Guide to the Project Management Body of Knowledge (PMBOK Guide),
Newtown Square, 2013).
56
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 9. Користи од проектниот менаџмент


Поранешно гледање за проектниот менаџмент Сегашно гледање за проектниот менаџмент
(традиционален проектен менаџмент) (современ проектен менаџмент)
Проектниот менаџмент бара повеќе луѓе што, во Проектниот менаџмент овозможува завршување
крајна линија, ќе ги зголеми трошоците. на повеќе работни обврски за пократко време и
со помалку луѓе.
Профитабилноста може да опадне. Профитабилноста ќе се зголеми.
Проектниот менаџмент создава организациска Проектниот менаџмент ја прави организацијата
нестабилност и ги зголемува конфликтите. поефикасна и поефективна.
Проектниот менаџмент ќе креира проблеми. Проектниот менаџмент обезбедува средства за
решавање на проблемите.
Само големите проекти имаат потреба од Сите проекти имаат користи од проектниот
проектен менаџмент. менаџмент.
Проектниот менаџмент ќе ги зголеми проблемите Проектниот менаџмент го зголемува квалитетот.
со квалитетот.
Проектниот менаџмент ќе креира моќ и проблеми Проектниот менаџмент ќе ги намали
со авторитетот. превирањата за моќ.
Проектниот менаџмент се фокусира само на Проектниот менаџмент им овозможува на луѓето
проектот. да носат добри организациски одлуки.
Проектниот менаџмент им испорачува производи Проектниот менаџмент испорачува решенија.
на клиентите.
Трошоците за проектниот менаџментот може да Проектниот менаџмент ќе го зголеми бизнисот.
ја направи организацијата неконкурентна.
Извор: Адаптирано според Kerzner Harold, Project Management, A Systems Approach to Planning,
Scheduling and Controlling, New Jersey, John Wiley&Sons, 2009, стр. 50.

Улогата на информатичко-комуникациските технологии е многу значајна при


имплементацијата на проектите. Конкретно, кога станува збор за проекти од областа на
електронското работење, треба да се истакне дека тие имаат одредени специфични
карактеристики кои ги разликуваат од другите видови на проекти. Во тој контекст,
специфичностите на проектите од електронското работење во однос на другите
проекти се:96
-не постои физички објект со којшто се работи. Влезот во проектот е често идеја или
опис на функционалностите кои се очекуваат како излез. Резултатот од проектот често
е тешко предвидлив.
-проектите поврзани со електронското работење можат да бидат посложени од другите
развојни проекти.
-проектите на електронското работење се реализираат во динамично опкружување
поради што мора да се одвиваат на флексибилен начин. Измени и нови барања се
очекувани во било кој момент на реализација.

96
Brooks P. Fred, No silver bullet- essence and accidents of software engineering, IEEE Computer, 20 (4),
1987, стр. 10-19.
57
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3.1. Управување со проектен циклус

Проектниот циклус ги претставува фазите низ кои проектот треба да помине од


иницијацијата до затворањето.97 Проектот се дели на фази за да може со него полесно
да се управува. Сложеноста на проектите од гледна точка на организациите е во тоа
што секоја фаза има поголем број на активности за чиешто извршување се потребни
разновидни знаења и способности. Во современи услови на работење, суштината на
успешноста во управувањето со проектот претставува одржување на рамнотежа во
,,маѓепсаниот” триаголник на трошоци, квалитет и време на изведување (слика). За да
може оваа рамнотежа успешно да се одржува, неопходно е после иницирањето на
проектот, тој да го започне својот животен циклус преку процесот на проектирање
според однапред прецизно дефинирана процедура.

Време

Ефекти Релевантност

Трошоци Квалитет/Технологија
Одржливост
Слика 7. Проектен триаголник
Извор: Адаптирано според Kerzner Harold, Project Management, A Systems Approach to Planning,
Scheduling and Controlling, New Jersey, John Wiley&Sons, 2009, стр. 5.

97
Основата за детална анализа на оправданоста од реализацијата на определен проект ја претставува
студијата за изводливост (Feasibility Study). Во нашата деловна пракса, студијата за изводливост може да
се сретне и како: студија за оправданост, инвестициска студија или инвестициска програма. Овде треба
да се истакне дека студијата за изводливост не е бизнис план. Студијата за изводливост има
истражувачка улога во давањето одговор на прашањето дали деловниот потфат е изводлив или не.
Бизнис планот има планска функција бидејќи претставува своевидна ,,мапа на патот” за имплементација
на определен проект. Преку бизнис планот се дава краток опис на активностите кои организацијата
треба да ги преземе за да се реализира една идеја (Đuričin Dragan, Janošević Stevo, Kaličanin Đorđe,
Menadžment i strategija, Centar za izdavacku delatnost ekonomskog fakulteta u Beogradu, 2010, стр. 400).
58
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Според PMBOK Guide, процесот на управување со проектот се состои од 5 фази:


1. Процеси на иницијација на проектот - процеси кои се извршуваат за да се дефинира
новиот проект и да се добие авторизација за почеток на проектот. Се идентификуваат
деловните проблеми и можности. Кај проектите на електронско работење, во оваа фаза
се прибираат барањата на нарачателите на проектот и се вршат почетни анализи.
2. Процеси на планирање на проектот - процеси кои се извршуваат за да се утврди
опфатот на проектот, да се прецизираат целите и да се дефинира детален план на
потребните активности за да се остварат наведените цели. Клучни активности кои ги
опфаќа оваа фаза се: развој на распоредот на проектот, креирање на гантограм98,
проценка и распределување на ресурси, планирање на моделите на комуницирање со
засегнатите страни (стејкхолдерите) врз основа на клучните настани и планирање на
клучните резултати од проектот.
3. Процеси на реализација на проектот - процеси кои се извршуваат за да се реализира
проектот како што е дефинирано во планот за управување со проектот, а со цел да се
исполни проектнатаа спецификација. Без дефинирање на процесот на реализација,
проектниот тим ќе пристапи кон оваа фаза користејќи сопствени најдобри пракси,
искуства и методи.
4. Процеси на мониторинг и контрола на проектот - процеси кои се извршуваат за
следење, ревидирање и регулирање на напредокот и успешноста на проектот, како и
заради идентификација на евентуални неопходни барања за измени на проектот.
5. Процеси на затворање на проектот - процеси кои се изведуваат за да се финализираат
сите активности со што проектот би можел формално да се затвори и да се поднесат
извештаи за вкупниот успех на проектот. Пост-проектните извештаи претставуваат
важна база на податоци за развој на идни проектни планови преку животниот циклус
на проектот.
Развојот на ИТ проектите се имплементира преку повторувачки циклуси (итеративно)
и со помали сегменти на временски интервали (инкрементлно). Притоа, во секоја фаза
на проектниот циклус, новите ИТ функционалности ги следат и организациски

98
Гантограм е техника на проектниот менаџмент развиена од авторот на класичниот менаџмент Henry
Gantt. Со помош на гантограмот, проектот се расчленува на активности кои се во паралелна и
секвенцијална зависност. За секоја активност се определува потребно време и датум на завршување за да
може проектот да се заврши според планираната програма.
59
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

промени како што се: редизајн на деловните процеси, метрика на новите перформанси
и обука на вработените.99
Животниот циклус на производите кои произлегуваат од проектите кај електронското
работење ги опфаќа следните фази: (1) прибирање и анализа на барањата, (2) дизајн на
системот, (3) имплементација, (4) интеграција и тестирање, (5) развој на производот и
пласман на пазарот, и, (6) одржување.100
Кога станува збор за иницирање нов проект од областа на електронското работење,
многу важни се следните чекори:101
-идентификација на потенцијалните иницијативи за електронско работење,
-анализа на опфатот на функционалностите од идентификуваните иницијативи,
-анализа на одржливоста на користите од идентификуваните иницијативи,
-приоритет на идентификуваните иницијативи.
Кога станува збор за оценување на нивото на зрелост на проектните процеси кај
софтверските организации, институтот за софтверско инжењерство на Универзитетот
Carnegie Mellon (Software Engineering Institute at Carnegie Mellon University) има
развиено CMMI модел (Capability Maturity Model Integration) како збир од најдобри
пракси кои им помагаат на организациите да ги унапредат деловните процеси. CMMI
моделот дефинира пет нивоа на зрелост на процесот, а во секој чекор се бараат мали
инкрементални подобрувања.102
Првото ниво (иницијално ниво) обезбедува појдовна основа за многу софтверски
организации. Ова ниво е карактеристично за незрела софтверска компанија која ги
реализира ИТ процесите ad hoc (без претходна планска подготовка) како одговор на

99
Во денешното динамично опкружување често се објавуваат нови верзии на програмските јазици, нови
верзии на серверски софтвер и сл. Кога ќе се појави upgrade на некоја од компонентите од која зависи
функционирањето на софтверот, надградувањето на софтверот може да биде неопходна. Оваа
надоградба е неопходна од неколку причини: искористување на новите погодности кои ги овозможува
новата верзија во однос на претходната, решавање на проблемите во работата на новите
софтвери/хардвери во однос на работењето со старите верзии на софтверот/хардверот, исправка на сите
ограничувања и пропусти од претходната верзија (Murali Chemuturi, Cagley M. Thomas, Mastering
Software Project Management: Best Pravtices, Tools and Techniques, Ross Publishing, 2010).
100
Bjelica Dragan, Integrisani model za ocenu zrelosti u upravljanju IT projektima, Fakultet organizacionih
nauka, Beograd, 2017, стр. 31.
101
Basu Amit, Muylle Steve, How to Plan E-Business Initiatives in Established Companies, MIT Sloan
Management Review (Vol. 49), 2007.
102
Software Engineering Institute and Carnegie Mellon University, CMMI for Development (CMMI-DEV,
V1.3), Carnegie Mellon University, November, 2010, стр. 24-26.

60
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

кризни ситуации. Организациите кои се наоѓаат на првото ниво немаат стабилно


опкружување за проекти од областа на електронското работење, при што, успехот на
проектите во најголема мера зависи од луѓето кои се ангажирани на нив, а не од
процесите.
Во второто ниво (повторувачко ниво), се воспоставени базични политики, процеси и
контрола на управувањето со софтверските проекти. Проектните распореди и буџети се
пореални бидејќи се базираат на искуствата од претходни слични проекти.
Кај третото ниво (ниво на дефинираност) сите управувачки и софтверски процеси се
дефинирани, документирани и усвоени како организациски стандарди. Активностите,
одговорноста и улогите се добро дефинирани во целата организација.
Карактеристиките на компетенциите на софтверските процеси на ова ниво се :
конзистентност, стабилност, стандардизираност и повторување на процесите. Исто така,
софтверските процеси можат да бидат прилагодени на поединечните карактеристики на
проектите.
На четвртото ниво (ниво на управувани процеси) се воспоставени квантитативни
техники за мерење и зголемување на продуктивноста и квалитетот за софтверските
производи и процеси. Овие информации се собрани и складирани во организациските
бази на податоци за да може да бидат искористени за анализа и евалуација на
софтверските производи и процеси. Имплементацијата на квантитативната контрола,
како би можела да се анализира реализацијата на процесите во рамките на
оперативните ограничувања, претставува една од основните карактеристики на ова
ниво. Но, пред сé, овде се врши предвидување на трендовите и идентификување на
појавите кои можат да влијаат врз развојот на софтверот и организацијата.
Петтото ниво (ниво на оптимизираност) претставува највисоко ниво на софтверска
зрелост на процесот, а целата организација е фокусирана на континуирани
подобрувања на софтверот. Овие подобрувања резултираат со поголем степен на
иновации преку користење на новите технологии и методата на инкрементални
подобрувања на процесот. Организацијата може да идентификува области во кои има
предности и слабости. Иновациите и најдобрите практики се идентификувани и
споделени во целата организација.
Понатаму, ризикот е неодминлив дел кај секој проект. Се дефинира како веројатност
изворот на закана да ја искористи потенцијалната слабост и тоа да резултира со штетно

61
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

и несакано влијание врз работењето на организацијата.103 Слабост е недостаток или


ранливост во сигурносните процедури кај проектот, имплементацијата или интерните
контроли. Ова може да доведе до финансиски загуби, застој во работењето, слабеење
на репутацијата и сл. Управувањето со ризикот кај електронското работење
претставува континуиран процес кој што се спроведува во текот на целиот проектен
циклус. На следната табела е даден предлог-регистар на ризик кај проектите во
електронското работење.104

Табела 10. Предлог-регистар на ризик кај проектите


Име Опис
Шифра на ризикот Единствен идентификатор на ризикот.
Опис на ризикот Детален опис на идентификуваниот ризик.
Предизвикувач Настан кој претходи на појавата на ризикот.
Последица Клучни настани кои ќе следат после појавата на
ризикот и кои ќе влијаат врз реализацијата на
проектот.
Веројатност дека ќе се реализира ризикот Проценета вредност на веројатноста дека ризикот
ќе се оствари. Може да се изрази описно (пр.
ниска, средна, висока), но, за понатамошна
анализа е потребно да се изрази со број во
интервалот (0,1).
Влијание на ризикот врз проектот Големината на ризикот се изразува со број,
најчесто во интервалот [0–1] или [1–10]. Може да
се пресмета врз основа на вредноста на деловната
загуба до која ризикот може да доведе.
Вкупна вредност на ризикот Се пресметува како производ од веројатноста и
влијанието на ризикот. Го означува вкупното
значење на ризикот за проектот. Ризиците се
групираат според оваа вредност за да се утврдат
приоритетните ризици.
Категории на ризик Категоризацијата се врши според однапред
усвоена таксономија. На пример, ризиците можат
да се групираат како: организациски, технички,
ризици поврзани со човечките ресурси, ризици од
опкружувањето итн.
Сопственик на ризикот Сопственик на ризикот е организациски дел или
поединец во чија надлежност е делот од проектот
на кој се однесува ризикот.
Извор: Раденковиќ Божидар, Деспотовиќ-Зракиќ Маријана, Богдановиќ Зорица, Бараќ Душан, Лабус
Александра, Електронско пословање, Факултет организационих наука, Белград, 2015, стр. 115.

103
Crouhy Michel et al., The Essentials of Risk Management, New York: McGraw-Hill, Novermber, 2006.
104
Кога станува збор за ИТ ревизија на системот на електронско работење треба да се истакне дека
организацијата која ги дефинира глобалните стандарди за управување со информациите, контрола,
заштита и ревизија на информациските системи е ISACA (Information System Audit and Control
Association). Оваа организација пропишува и стандарди, насоки, и препораки за работа на ИТ ревизорите
и дефинира етички кодекс како водич за нивно професионално однесување.
62
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3.2. Проектни методологии

Методологиите за управување со проектите претставуваат збир од процеси, методи и


средства за постигнување на одредена цел. Методологиите најчесто даваат контролна
листа на клучни активности на кои треба да се обрне внимание за да се избегне
испуштање на важни делови во управувањето со проектот. Доколку при управувањето
со проектот се користи определена методологија, неопходно е сите учесници на
проектот да бидат запознати со неа и да ја разберат пропишаната рамка за реализација.
Проектните тимови кои употребуваат некоја од методологиите за управување со
проекти се значително поефикасни и сите активности на проектот се спроведуваат со
повисоко ниво на конзистенција, а помало ниво на ризик.
Во современото управување со проекти се издвојуваат две општо прифатени
методологии: The Project Management Body of Knowledge и PRINCE2. Првата верзија
на Project Management Body of Knowledge (PMBОK) методологијата е објавена 1996
година од страна на Институтот за проектен менаџмент. PMBОK претставува
најшироко прифатена методологија за управување со проекти посебно во САД.
PMBОK вклучува знаења за докажани традиционални пракси кои широко се користат
во управувањето со проекти, како и знаења за иновативни и напредни методи. Според
PMBОK, проектите се состојат од процеси, при што, процесот е дефиниран како низа
од акции кои остваруваат резултат.105 PRINCE2 е методологија за управување со
проекти, иницијално развиена 1989 година за владата на Велика Британија. PRINCE2
најмногу се користи во Европа, пред сè, во развој на софтверски проекти.106

105
PMBОK претставува процесно ориентиран водич кој опишува 47 процеси на проектниот менаџмент
кои се групирани во 5 групи на процеси, и тоа: (1) процеси на иницијација, (2) процеси на планирање, (3)
процеси на извршување, (4) процеси на контрола, и (5) процеси на затворање (Јовановић Филип,
Милојковић Данка, Савремене методологије пројектног менаџмента, Висока школа за пројектни
менаџмент, Београд, 2011).
106
Според PRINCE2, постојат 7 видови на процеси и тоа: (1) Придвижување на проектот (Starting Up a
Project), (2) Инициација на проектот (Initiating a Project), (3) Управување со проектот (Directing a Project),
(4) Контрола на проектните фази (Controlling a Stage), (5) Управување со испораката на проектот
(Managing Product Delivery), (6) Управување со опсегот на фазите на проектот (Managing a Stage
Boundary) и (7) Затворање на проектот (Closing a Project) (за ова повеќе кај Murray Andy, PRINCE2® in
one thousand words,The Stationery Office, 2011).
63
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3.3. Логичка рамка

Логичката рамка (Logical Framework) кај проектите во суштина е претставување на


резултатите од различни проектни анализи во форма на матрица за да се постават
проектните цели на логичен и систематичен начин. Ја користат проценителите на
проектите за да можат едноставно и брзо да ја проверат логиката на проектниот
предлог. Логичката рамка ја покажува логичката врска помеѓу проектните активности
и резултатите, поврзаноста на тие резултати со краткорочните цели на проектот, како и
поврзаноста на краткорочните цели со крајната цел. Ако логичката рамка не се
изработи како што треба, како последица може да се добие неструктуриран предлог
проект и во крајна линија негово неприфаќање од страна на засегнатите страни.
Логичката рамка е составена од четири колони и четири (или повеќе) редици преку кои
се претставени клучните елементи на проектот: хиерархија на целите на проектот (опис
на проектот или логика на проектната интервенција), проектно опкружување и
надворешни фактори кои се клучни за успех на проектот (претпоставки) и начин на
следење и проценка на достигнувањата на проектот (индикатори и извори на
верификација). Исто така, врз основа на логичката рамка се дефинираат неопходните
средства и трошоци (буџет). Во продолжение е претставен табеларен приказ на пример
за логичка рамка.

Табела 11. Пример за логичка рамка


Интервенциска логика Објективно Извори и начини на Претпоставки
проверливи проверка
показатели на
успехот
Општи цели Кои се општите цели Наведете ги целните Кои се изворите на
(ОЦ) на проектот? вредности за секој информации за секој
показател! наведен индикатор?
OЦ1-,,Општа цел”
Кои се клучните
OЦ2-,,Општа цел” показатели
поврзани со
општите цели?

64
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Специфична цел Кои специфични цели Кои показатели Кои се изворите на Кои се
(СЦ) придонесуваат за јасно покажуваат информации кои постојат надворешни
остварување на дека целта на или можат да се добијат? фактори и услови
општите цели? проектот е потребни за да се
постигната? Со кои методи може да се постигне целта?
СЦ1-,,Специфична дојде до тие Кои ризици треба
цел” СЦ1-,,Показател 1: информации? да се земат во
целна вредност” предвид?
СЦ2-,,Специфична
цел”... СЦ2-,,Показател 2:
целна вредност”

Очекувани Резултатите директно Кои показатели Кои се изворите на Кои надворешни


резултати произлегуваат од мерат дали и во која информации за услови мора да
активностите и мера проектот ги наведените индикатори? бидат задоволени
придонесуваат кон постигнал за да се
постигнување на очекуваните Извор1 (Индикатор 1.2., постигнат
специфичната цел. резултати? 1.3.) очекуваните
Кои се очекуваните резултати во
резултати? 1.1.-,,Показател1: планираното
Или време?
целна вредност”
Р1–,,резултат” (Р1)
Индикатор 1.1.: Извор 1
Р2–,,резултат”... 1.2.-,,Показател2:
целна вредност” Индикатор 1.2.: Извор 1
(Р2)...

Активности Кои клучни Ресурси: Кои се изворите на Кои предуслови


активности ќе се информации за се неопходни
спроведат и по кој Кои ресурси се напредокот на пред почетокот
редослед, за да се неопходни за активноста? на активноста?
остварат очекуваните спроведување на
резултати? наведените Трошоци Кои услови
активности (пр. надвор од
(групирање на вработени, опрема, Кои се трошоците на влијанието на
активностите според обука, материјали, активноста? Како се организацијата
резултатите) простор итн.). класифицирани? (детален мора да бидат
преглед на трошоците во задоволени за да
Активност 1.1– ,,име буџетот) може да се
на активноста” започне со
спроведувањето
на активноста?
Aктивност 1.2 – ,,име
на активноста”

Употребата на логичката рамка, доколку се примени смислено и плански, може да


претставува многу ефикасен инструмент за анализа и управување со проектите. Таа,
меѓутоа, не може да го замени искуството и професионалната проценка и мора да биде
надополнета со примена на други специфични инструменти како што се анализа на
институционалните капацитети, економска анализа, финансиска анализа, анализа за

65
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

влијанието врз животната средина итн., како и со примена на работни техники кои го
промовираат делотворното учество на заинтересираните страни.107

3.4. Методи и техники на проектен менаџмент

Како што беше претходно елаборирано, процесот на проектниот менаџмент генерално


опфаќа четири клучни фази: иницирање на проектот, планирање на проектот,
извршување на проектот и затворање на проектот.
Техниките кои се потребни во првата фаза на проектниот менаџмент вклучуваат:108
1. Формирање на иницијативен проектен тим. Ова подразбира организирање на
членовите на проектниот тим да помагаат во спроведувањето на почетните
проектни активности.
2. Воспоставување на релација со клиентот. Разбирањето на клиентот ќе
овозможи градење на поцврста врска со него.
3. Изработување на почетен проектен план. Овде се дефинираат потребните
активности за да се организира тимот.
4. Воспоставување на менаџерски процедури. Опфаќа развој на тимската
комуникација, доделување на работни задачи и обврски, начин на управување
со проектниот буџет итн.
5. Воспоставување околина на проектниот менаџмент и работна книга. Се
фокусира на собирање и организирање на алатките кои ќе се користат при
менаџирањето со проектот.
Техниките кои се поврзани со фазата на проектно планирање опфаќаат:
1. Опис на опфатот на проектот, алтернативите и изводливоста (feasibility).
Ова се однесува на разбирање на содржината и сложеноста на проектот. Треба
да даде одговор на прашања како што се: кои резултати треба да се остварат,
што треба да се направи, како ќе се мери успехот, на кој проблем/можност
проектот се однесува итн.

107
Sektor za programiranje i upravljanje fondovima EU i razvojnom pomoci, Priručnik za izradu logičke
matrice: Ključni instrument za upravljanje projektnim ciklusom, DIAL, Beograd, стр. 28.
108
Hoffer А. Jeffrey, Joey F. George, Joseph S. Valacich, Modern Systems Analysis & Design, Pearson
Education Inc., Prentice Hall, 2002.
66
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2. Поделба на проектот на проектни задачи. Овој чекор се прави за да се


обезбеди лесно прогресирање помеѓу задачите.
3. Проценување на ресурсите и креирање на план за ресурсите. На овој начин се
помага во прибирањето и алоцирањето на ресурсите на најефективен можен
начин.
4. Развивање на прелиминарен распоред. Со оваа техника се прави временски
распоред за секоја активност. Овде се дефинира целниот почеток и крај на
проектот.
5. Развивање на план за комуницирање. Идејата е да се потцртаат
комуникациските процедури помеѓу менаџментот, членовите на тимот и
клиентот.
6. Определување на проектни стандарди и процедури. Подразбира спецификација
за тоа како различните резултати ќе се добијат и тестираат од страна на
проектниот тим.
7. Идентификување и проценување на ризикот. Целта овде е да се
идентификуваат потенцијалните извори на ризик и последиците од нив.
8. Креирање на почетен буџет. Буџетот треба да ги опфати планираните трошоци
и приходи поврзани со проектот.
9. Изјава за работата. Овој документ треба да ги опфати работните активности
кои треба да се извршат и очекуваниот исход од проектот.
10. Поставување на основен проектен план. Ова треба да обезбеди проценка на
проектните задачи и потребните ресурси.
Техниките кои се поврзани со фазата на проектно извршување опфаќаат:
1. Извршување на основниот проектен план. Обврска на проектниот менаџер е да
го иницира извршувањето на проектните активности, да распределува ресурси,
обучува и насочува нови членови на тимот, да внимава на проектниот распоред,
да обезбеди квалитет кај проектните резултати итн.
2. Мониторираање на напредокот на проектот и споредба со основниот
проектен план. Подразбира употреба на разни алатки (Gantt-ограми, PERT
графикони и сл.) за да се постигне ова.

67
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3. Менаџирање со промените кои настанале кај основниот проектен план. Дава


насоки како да се постапи доколку се случат непланирани работи кај основниот
проектен план.
4. Одржување на проектната работна книга. Водењето на целосна евиденција за
сите проектни случувања е неопходно. Проектната работна книга е примарен
извор на информации за изработката на сите проектни извештаи.
5. Комуницирање за статусот на проектот. Ова значи дека целиот проектен
план треба да се сподели со целиот проектен тим и сите ревизии на планот треба
да бидат искомуницирани со сите засегнати страни за да може секој да разбере
како планот се развива.
Техниките кои се поврзани со фазата на проектно затворање опфаќаат:
1. Затворање на проектот. Овде е важно да се информираат сите засегнати
страни за завршувањето на проектот. Исто така, целата проектна документација
треба да е финализирана за да може да се направи завршен преглед на проектот.
2. Спроведување на пост-проектни прегледи. Ова се прави за да се утврдат
силните и слабите страни на резултатите од проектот, но, и на проектните
процеси.
3. Затворање на договорот со клиентот. Финалната активност е да се утврди
дека сите договорени услови во проектот се исполнети.

3.5. Вештини на проектни менаџери

Проектите, и покрај огромниот напредок на информатичко-комуникациските


технологии, зависат и понатаму од човечкиот фактор како многу важен учесник во
проектните процеси. Во тоа секако предначат проектните менаџери. Основниот
предизвик на управувањето со проектите претставува остварувањето на поставените
цели во однос на ограничувањата што постојат кај проектите во поглед на ресурсите,
времето и обемот.109

109
Ireland Lewis, Project Management, McGraw-Hill Professional, 2006, стр. 110.
68
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Успешниот проектен менаџмент, без разлика на организациската структура, е успешен


само доколку се успешни поединците и лидерите кои ги менаџираат клучните позиции
во проектот. Проектните менаџери се луѓе кои работат на активностите на управување
со проектот како што се: планирање, буџетирање, известување, контрола,
комуникации, управување со ризикот и административна поддршка. Оваа улога во
некои организации е поврзана со канцеларијата за управување со проектите (Project
Management Office, PMO). Проект менаџерот има централно место и околу него
гравитираат другите учесници во проектот. Тој има улога на нивен интегратор
(обединувач). Исто така, тој има улога и на комуникатор односно добива многу пораки,
информации, извештаи кои ги обработува и ги пренесува понатаму до другите
засегнати страни во проектот. Понатаму, проектниот менаџер има важна улога во
водењето на членовите на проектниот тим. Ги решава проблемите и евентуалните
конфликти меѓу членовите на проектниот тим и дава насоки за ефикасно извршување
на проектот. Проектниот менаџер е задолжен и за носење одлуки, што е многу тешка и
истовремено многу важна улога, а се однесува на аспектите кои се во врска со
реализирањето на проектите.
Добриот проект менаџер треба да ги поседува следните персонални карактеристики:
флексибилност и адаптибилност, иницијатива и лидерство, самодоверба, упорност и
комуникативност, амбициозност, широк спектар на полиња на интерес, ентузијазам,
спонтаност, добро организиран и дисциплиниран, да може да ги балансира
технолошките решенија со трошоците, времето и човечките фактори, да може да
идентификува проблеми, да е подготвен да носи одлуки, да сака да го посвети своето
време на планирање и контрола итн.110
Потребните вештини да се биде ефективен и современ проектен менаџер се променија
во однос на потребните вештини од 1980-те години. Хронолошки гледано, порано,
само на инжинерите им се даваше можност да бидат проектни менаџери. Како што се
развиваше проектниот менаџмент, како концепт, проектниот менаџер се
трансформираше од технички менаџер во бизнис менаџер. На следната табела се

110
Ваквиот идеален проект менаџер најверојатно би требало да има докторати од инженерство, бизнис и
психологија, како и искуство во десет различни организации на различни проектни позиции, и би бил на
возраст од околу 25 години. Добрите проект менаџери најверојатно би биле ,,среќни” ако имаат 70 до
80% од овие карактеристики. Најдобрите проект менаџери си ги признаваат своите недостатоци и знаат
кога да побараат помош (Kerzner Harold, Project Management, A Systems Approach to Planning, Scheduling
and Controlling, New Jersey, John Wiley&Sons, 2009, стр. 144-145).
69
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

претставени промените за потребните вештини кај проектните менаџери во периодот


меѓу 1985 и 2003 година.

Табела 12. Вештини на проектните менаџери и нивната важност во периодот меѓу


1985 и 2003 година
Година
1985 Технички вештини Квантитативни Вештини Бихејвиористички Бизнис
вештини за вештини концепт-
решавање уални
на вештини
проблеми

2003 Технички Квантитативни Вештини за Бихејвиористички Бизнис


вештини вештини решавање вештини концептуални
на вештини
проблеми
Извор: Kerzner Harold, Project Management, A Systems Approach to Planning, Scheduling and Controlling,
New Jersey, John Wiley&Sons, 2009, стр. 158.

Како што проектите стануваат поголеми и посложени, улогата на интеграцискиот


менаџмент станува сé поважна. Во 1985 година, најважни беа техничките вештини,
меѓутоа во поново време, напорите на менаџерите се насочени кон интеграција на
функционалните планови во главниот проектен план. Понатаму, во идеални услови,
проектниот менаџер ќе ја сработи целата работа кај одделна проектна фаза пред да оди
понатаму во реализацијата на другите фази. Но, ретко се случуваат идеални услови,
така што, проектниот успех бара флексибилен пристап кој повеќе соодетствува на
реалната животна и работна ситуација. Така, проектниот менаџер често може да се
случи да работи на две или повеќе потфази во исто време за да може работата да биде
завршена во рамките на поставените рокови. Работата на следна фаза, без да биде
завршена претходната фаза, често резултира со зголемен ризик на дуплирање на
работите односно со веројатност дека мора да се изработи веќе сработеното што може
да доведе до доцнење и зголемено трошење на ресурси. Ако ваквата постапка е
неопходна, проектниот менаџер мора да ги информира сите релевантни луѓе со таа
ситуација, како и за можните трошоци кои од тоа произлегуваат. Со сè
поинтензивното користење на современите информатичко-комуникациски технологии
во проектите, на важност добиваат е-компетенциите кои треба да ги поседуваат

70
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

проектните менаџери.111 Имено, во различни фази на развој на проектите, потребни се


различни компетенции на менаџерите, со јасно нагласување на неопходниот микс од
персонални, деловни и технички компетенции во секоја фаза. 112 Во тој контекст,
Европската рамка на е-компетенции (European e-Competence Framework) e рамка која
се применува во информатичко-комуникацискиот сектор и која ги анализира
компетенциите односно знаењата, вештините и ставовите во овој сектор.113

111
Така според авторите Chemuturi Murali и Thomas Cagley, еден добар софтвер проект менаџер може да
оствари додадена вредност кон процесот на планирање кај организацискиот проект преку: внимателно
планирање на проектот и подготовка на планските документи, помагање на организацијата во развој,
воспоставување, имплементирање и континуирано подобрување на процесот на проектно планирање,
давање повратна информација (feedback) на засегнатите страни, спроведување на активностите на
проектно планирање и др. (Murali Chemuturi, Cagley M. Thomas, Mastering Software Project Management:
Best Pravtices, Tools and Techniques, Ross Publishing, 2010, стр. 92).
112
Во ИТ индустријата забележан е тренд на сè пократок животен циклус на технологиите и производите
што влијае на две нивоа на организациски капацитети: клиентски ориентирани способности (што е
поврзано со повторувачка интеракција со клиентите во текот на времето на повеќе проекти) и
способности на управување со проекти (што е поврзано со проактивните инвестиции во инфраструктура
и обуки заради подобрување на процесите). На овој начин мора да се усогласат барањата за нов
производ со компетенциите кои се поседуваат.
113
Според Council of European Professional Informatics Societies (2016), компетенциите се дефинираат
како „способност за примена на знаења, вештини и ставови во постигнувањето на видливи резултати.”
Резултатите на Council of European Professional Informatics Societies (2016) покажаа дека дури 79% од
поединците не ги поседуваат потребните е-компетенции.
71
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

II. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА

4. Вовед во истражувањето

Ефектите кои новите технологии ги имаат врз работните процеси од секаков облик ја
создадоа дигиталната економија. Оваа нова економска парадигма се темели на
информацијата, знаењето, иновацијата и индивидуалната креативност, како неопходни
фактори за општа продуктивност на организациите од било кој облик: производствени,
услужни, јавни, приватни или непрофитни. Дигиталната економија се појавува како
резултат на сè поголемата интеграција на светскиот пазар како последица од појавата
на новите информатичко-комуникациски технологии кои целосно го менуваат начинот
на функционирање и работење на организациите од најразличен тип. Овие технологии
овозможуваат производството на добра и услуги да биде многу поефикасно,
поразновидно и поевтино. Од друга страна пак, проектот подразбира реализација на
ново вложување во услови на ризик, неизвесност и конкуренција за потребни ресурси
во одреден временски период со дефинирана цена на чинење и баран квалитет.
Проектот во основа може да се претстави како начин на работа, организирање или
управување со работните активности. Исто така, поимот проект често се врзува за
начинот на координација и управување со активностите. Она што го прави различно од
другите начини на управување е неговата насоченост кон одредени резултати. Кога
одреден резултат ќе се постигне, проектот завршува. Проектот почнува во точно
одредено време, односно кога ќе се исполнат поставените цели и достигнат одредени
резултати. Овај резултат е дефиниран од самиот почеток на проектот и одреден во
смисла на мерливи вредности. Воглавно проектот го сочинуваат ограничени ресурси,
најчесто временски, материјални и човечки. Тоа ја наметнува потребата од реализација
на истражување и дизајнирање на истражување кое содржи комбинација меѓу
електронското работење и проектниот менаџмент, при што се фокусира на
имплементација на проектен пристап во електронското работење што ќе придонесе кон
ефикасност и ефективност во електронското работење. За таа цел овој магистерски
труд стана акцент на дефинирање на предметно- проблемската рамка која се фокусира
кон овој правец на размислување. Воведот на истражувањето од магистерскиот труд се

72
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

однесува на поставување на основите за истражувачкиот дел, односно поставување на


проблемот и предметот на иастражување, како и поставување на хипотетската рамка.

4.1. Определување на проблемот и предметот на истражувањето

Проблем на истражување е интегрирање на компоненти на проектен менаџмент во


електронското работење. Тоа се однесува на примена на проектен пристап во
електронското работење во Р. Македонија. Основните истражувачки прашања се
однесуваат на добивање на одговори за: дали постојат можности за примена на
проектен пристап во електронското работење? Што значи примената на проектен
пристап? Дали тоа вклучува развој на нова проектна методологија за електронското
работење во Р. Македонија? Кои се фазите во проектниот циклус што ќе биде
применлив во електронското работење во Р. Македонија? Фундаменталните промени
кои ги предизвика електронското работење значително го подобрија и разбирањето за
водењето на бизнис, односно го замени традиционалното размислување за водење на
бизнис во општеството. Со брзиот проток на информации се овозможија и подобри
пристапи до главните пазари а и се овозможи компаниите меѓусебно да тргуваат многу
полесно како и со купувачите со цел полесно претставување на нивните производи.
Сето ова влијаело на електронското работење на неговиот развој. Македонија е една од
земјите каде сеуште треба да се развива електронското работење, што укажува на
потреба на многу вложувања и заложби во тој процес. Имајќи во предвид дека
пристапот кон Интернетот е водечка сила за успехот или неуспехот на проектите, се
наметнува потребата за интегрирање на компонентите на проектниот менаџмент. Со
интеграција на истите компаниите се стремат кон поголема успешност при
еектронското работење. Додека пак предметот на истражување се однесува на развој
на проектна методологија при управување со проекти во електронското работење.
Со развојот на проектната методологија при управување со проекти што значи
иницијација, планирање, контрола и затворање на проектите, од своја страна ќе
придонесе за унапредување при електронското работење на организациите. Постои
голема заинтересираност за електронско работење преку интернет, но сепак
Македонија го нема достигнато посакуваното ниво. Во развиените држави може да се

73
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

набави се и да се купи се преку интернет, како и да се плаќаат сметки за вода, струја,


парно, телефон, како и да се комуницира со државите институции, да се избегнат
долгите редици на чекање, како и да се платат такси за одредени документи како што е
на пример извор на родените од матичната служба и слично. Во развиените држави
можно е и резервирање на паркинг место за автомобилот и многу други предности кои
ги нема во нашата држава. Од тука произлегува и потребата за унапредување на
електронското работење во многу сфери од општествено-економскиот живот во Р.
Македонија. Тоа го оправдува и фокусот кон примена на проектниот пристап, што
значи реализација на бројни проекти кои се однесуваат на електронското работење и
унапредувње на истата проблематика.
Имајќи го во предвид фактот дека проектите се карактеризираат со: 114
 Комплексност (обем) на задачите.
 Необичност (непознавање).
 Комплексност (сложеност).
 Поддршка на проектот.
Наведените карактеристики на проектот укажуваат дека станува збор за деловен
потфат во кој решавањето на проблеми не е едноставно, така што не може да се реши
во рамките на редовните процеси, туку се обликува за еднократна употреба. Процесот
на прокетот го сочинуваат збир на цели и активности кои што се меѓусебно поврзани
со цел за да се овозможи реализација на целите, при што збирот на целите може да
биде делумно или потполно одреден.
Во Р. Македонија се води кампања за активно вклучување на сите засегнати страни за
подигнување на свеста помеѓу граѓаните како потенцијални купувачи, но и меѓу
компаниите кои се занимаваат со е-трговија заради зголемување на понудата на
интернет пазарот. Во суштина не е потребно да се подобри ефикасноста на
електронското работење, како и да се зголеми износот на трансакациите, односно да се
зачести посетата на е-продавниците од страна на потрошувачите и искористување на
сите предности кои ги нуди е-трговијата. Со добро осмислена и реализирана кампања
може да се придонесе за подобрување на состојбата во е-трговијата во РМ, како и,
вклучување на сите засегнати страни. Потребно е банките да ги запознаваат своите

114
Adams, J:” Managing by Project Management”, Dayon, Ohio, 1979

74
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

клиенти со можностите за плаќање преку интернет, за сите интернет продавници со


цел зголемување на интернет трансакциите. Така на пример, при обновувањето на
старите картички, секој клиент може да се запознае со новитетите и предностите за
интернет плаќање и слично. Потребно е изработка на промотивен материјал, кој е
лесно разбирлив, атрактивен, кој ќе обезбеди основени информации за предностите на
е-тргувањето. Исто така, и самите интернет трговци се тие кои не треба да се ограничат
само на една категорија на луѓе, туку потребно е да спроведуваат поголема промоција
со цел да привлечат поголемо внимание, како и да ги заинтересираат потенцијалите
купувачи. Можно е остварување на соработка и со списанија, социјални медиуми и сл.,
бидејќи помладата популација се почесто е на интернет, и има се повеќе трансакции.
Исто така, може воспоставување на комерцијални медиумски кампањи. Промоција на
развојот на е-банкарството е исто од клучно значење за понатамошниот развој на е-
трговијата со сите предности кои ги нуди за плаќање на е-фактури, сметки и слично.
За да се превенираат можните штетни последици за потрошувачите и развојот на е-
трговијата, државата треба да отпочне да применува контролен механизам за работата
на интернет трговците односно проверка дали ги исполнуваат законските барања.
Стимулирањето на електронското работење е од големо значење, кое може да
придонесе за развојот на економијата на државата. Значајните унапредувања на полето
на електронското работење би довело и до поголема доверба на потрошувачите, би се
зголемила работата на компаниите и на банките. Секоја влада треба да партиципира во
унапредувањето на трговијата, да се активира и да превзема мерки за нејзино
унапредување, усовршување и почесто вклучување на новите технологии, освојување
на македонскиот пазар, силна промоција и зголемување на нивото на интернет
трансакциите како и формирање на навика за купување преку интернет кај купувачите
во државата. Денес се смета дека токму електронското работење е доминантен облик
на работење кај организациите. Имајќи го во предвид динамичното опкружување во
кое електронското работење се одвива, реализацијата на иницијативите за негово
имплементирање сè почесто се спроведува преку проекти. Оттука, целта на овој труд е
да се изанализира моменталната состојба со електронското работење и специфичноста
на управувањето со проектите кај организациите во Република Македонија.
Технолошките основи на електронското работење вклучува определување на тоа што
значи самата електронска комуникација како и различните видови на начини за

75
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

комуникација со корисниците. Во оваа нова економија дигиталното мрежно


поврзување и комуникациската инфраструктура обезбедуваат глобална платформа
преку која луѓето и организациите се поврзуваат, комуницираат, соработуваат и
пребаруваат информации. Според тоа, со појавата на дигиталната економија посебно
на значење добиваат информациските и комуникациските технологии. Во овие услови
на зголемена глобализација на пазарите и економска регионализација, нивната примена
го менуваат начинот на организација на работењето како на макро, така и на микро
ниво и тие стануваат основни двигатели на развој на претпријатијата. На тој начин се
создаваат нов и начини на работење односно нови модели на електронски бизнис. ИКТ
овозможуваат континуирано извршување на деловните активности на претпријатијата
со зголемена ефикасност и продуктивност, ниски трошоци, мали грешки и пропусти,
стратешка и конкурентска предност на организациите, развивање на нови стратешки
апликации, подобрување на процесите на одлучување, олеснување на решавањето на
деловните проблеми, подобрување на квалитетот на производите и услугите како и
подобрување на односите на компаниите трошувачите. Интернет технологијата ја
отвори вратата на концептот на целосна електронска економија со овозможување на
создавање на иновативни деловни пристапи во областа на продажбата, купувањето и
дизајнирањето на внатрешните процеси. Фокусот на модерните бизнис организации на
глобалните пазари вклучува интеграција на информатичката и комуникациската
технологија, која обезбедува проток на податоци, без просторни ограничувања. Со
менување на концептот на работење, се интегрираат нови технологии и сет на промени
во однос на животната средина а во исто време и во рамките на организацијата. Од
структурата на пазарот како место на информации добиени се неизбежни елементи, во
прилог на производи, услуги и пари. Доменот на промена и интервенции како пристап
за управување значително го менува развојот на глобалната компјутерска мрежа и
служи како поддршка во реализацијата на вообичаените дневни задачи, но, исто така,
помага и во донесување на стратешки одлуки на организацијата, како одраз на успехот
во економскатасредина. Потрагата по повеќе потрошувачи и зголемената конкуренција
влијаат на развојот на нови карактеристики и промени во областа на деловните
процеси. Додека пак, со стекнувањето на пазарни предности, имплементација и
користење на електронски средства, како виртуелни канали, докажано е дека бизнисот
ќе биде ефективен и ефикасен начин на размена на стоки и услуги. Успехот на

76
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

организацијата се заснова на способноста да се дефинира стратегија и цели, кои ќе


обезбедат прилагодување кон барањата на пазарот и имплементација на нови
технологии и софтверски решенија, со користење на соодветни алатки за да се измерат
постигнатите резултати во сите фази на индивидуалните активности. Електронската
револуција е призната и опфаќа поширок економски контекст, вклучувајќи ги и
внатрешните процеси и бизнис организации, како и сите видови на електронска
трговија, потрошувачите, но треба да се земе во пред вид и тоа што го вклучува и
пазарот на животната средина која влијае на целокупните состојби на активностите на
организацијата. Управувањето со проекти во современите организации подразбира
голем број на активности, вклучително планирање, координација и контрола на
сложени и различни активности од различни области на делување: продажба,
маркетинг, ИТ итн. Ориентираноста кон проекти во пракса се покажа за голем број на
организации како исклучително корисно. Во најширока смисла, управувањето со
проекти претставува насочување на луѓето кон заедничка цел која што треба да се
оствари на систематски начин. Се појавува и потребата за пронаоѓање и мотивирање на
висококвалификувани работници. Затоа е потребен сет од нови практики кои се
однесуваат и на човечките ресурси посебно во делот на управување со проекти и
електронско работење. Неопходен е подобар пристап во развојот како на менаџерите
така и на вработените, како и фокусираност на нивното вклучување во работните
задачи. Се јавува јасна потреба за развивање на поголема флексибилност, вештини и
знаења отколку што тоа беше случај порано. Република Македонија, како држава, има
постигнато одреден напредок во овој домен, но потребни се дополнителни напори за
поголема имплементација на проектниот менаџмент и електронското работење во
нашите организации. Во контекст на горенаведеното потребно е определување на
проблемско- предметната рамка на магистерскиот труд.
Во таа смисла проблемот на истражување е:
Примена на проектен пристап во електронското работење во Р. Македонија.
Предметот на истражување се однесува на: Идентификување на основните фактори
во електронското работење при развој на проектна методологија во
организациите.

77
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4.2. Оправданост на истражувањето

Методолошки, истражувањето е базирано на податоци, кои ја обликуваат основната


теза за специфичноста и важноста на примената на проектната методологија за
успешно електронско работење кај организациите во Република Македонија.
Податоците се добиени од студии базирани на различни теоретски и емпириски
истражувања, a како извори и материјал за обликување на конечниот труд ќе се
користат Интернетот и стручната литература прибирана по разни основи. Исто така, ќе
биде спроведено и истражување во различни организации во Република Македонија од
јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Се очекува истражувањето да рефлектира
некои темелни прашања од областа на проектниот менаџмент и електронското
работење. Јасно е дека анализата која ќе биде презентирана во ова истражување не
може да ги опфати сите релевантни аспекти на вака широко дефинирана тема, но би
можела да придонесе во укажувањето на нејзината важност и актуелност.
Оправданоста на истражувањето се однесува на добивање на теоретски сознанија
преку емпириско истражување, врз основа на кои ќе се добијат и образложат
заклучните согледувања. Споредбено со теоретските сознанија, ќе се дадат и
препораки и предлози за идни истражувања. За да се реализираат целите на
магистерскиот труд потребно е да се:
 Разработат можностите што ги нуди електронското работење и Интернетот.
 Разработи појмовно- категоријалниот модел на истражувањето.
 Разработи управувањето со проектен циклус.
 Разгледа примената на проектениот пристап во електронскиот бизнис.

4.3. Цели, очекувани резултати и крајни корисници на истражувањето

Целта на ова истражување како компилација на теоријата и праксата од областа на


проектниот менаџмент и електронското работење, е обидот за разработка на оваа
проблематика, давање на упатства, сугестии и насоки во кој правец треба да се движат
нашите организации и фирми, преку детектирање на актуелни прашања, проблеми и
дилеми од овој значаен сегмент.

78
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Елаборацијата на проблемско- предметната рамка вклучува постигнување на


генералната цел на магистерскиот труд која се однесува на комбинација на
електронското работење и проектниот менаџмент и примената на проектниот пристап
во електронското работење. Друга цел е добивање на практични сознанија за развој на
оваа проблематика, со цел да се идентификуваат можност за развој, напредок и
издигнување на повисоко ниво на работа и стручност. Финална цел на магистерскиот
труд е стекнување на научни сознанија за предметот на истражување, кои ќе најдат
примена во делувањето и функционирањето на претпријатијата во Р. Македонија.
Истражувањето може да вклучува и методолошка и практична цел. Во таа смисла:
Методолошките цели се однесуваат на добивање на научни сознанија за проблемско-
предметната рамка, преку дизајнирање на истражување, кое претставува основа за
проверка на хипотетската рамка во истражувањето.
Практичните цели се однесуваат на применливост на добиените податоци од
истражувањето и нивната примена во малите и средни претпријатија во Република
Македонија, што претставува примена на проектниот пристап во електронското
работење. Истражувањето ќе придонесе и за подобрување на конкурентноста на
малите и средни претпријатија и нивно надоградување во насока на применливост на
информатичките технологии.

4.4. Методологија на истражувањето

Магистерскиот труд кој ја разработува проблематиката на електронското работење,


дава сеопфатен опис на значајните концепти, модели, технологии и услуги во
различните области на електронското работење. Резултатите од добиеното
истражување може да бидат применливи за студентите кои се занимаваат со ИТ
технологија, како и за предмети кои ја третираат проблематиката на примена на
современите информациски технологии во работењето, на различни нивоа на студии.
Освен студентите, магистерскиот труд може да им послужи на сите кои се занимаваат
со примена на современите технологии на електронското работење од теориски и
практичен аспект. Интернет технологиите довеле до значајни промени во работењето

79
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

на претпријатијата, а денес се применуваат и во бројните стопански дејности, како и во


рамките на сите деловни функции. Како клучни карактеристики на современиот начин
на работење може да се наведат електронската размена на податоци, брзо
прилагодување на промените, проактивност, мобилност, масовност, перманентни
иновции, развој на нови производи и електронски услуги, користење на нови извори на
финансирање, и потполна заснованост на напредните информационо- комуникациски
технологии. Идниот развој на работењето значајно е условен од технологиите како што
се cloud computing, мобилни компјутери, big data, Интернет интелектуални уреди,
виртуелна реалност и друго. Основната цел на магистерскиот труд и методолошката
рамка на истражувањето е детално прикажување на можностите на примената на
современите информациско- комуникациски технологии во различните сфери на
работењето, но, и во други области на човечкото делување. Исто така, целите
вклучуваат на поттикнување и пронаоѓање на иновативни начини на работење,
дисеминација на знаењето и подигнување на свеста за потенцијалите на електронското
работење. Во овој дел на истражување се дава преглед на појмовно- категоријалниот
апарат на истражувањето, како и методолошкиот приод на истражувањето.

4.5. Теориски приод

Интернетот во целост го промени начинот на работењето и овозможи креирање на


нови иновативни деловни модели. Електронската револуција делува во поширок
економски контекст, опфаќајќи ги интерните процеси во работењето на организацијата,
но, и пазарното опкружување. Глобалната финансиска меѓузависност, дерегулацијата,
дигитализацијата, глобалните комуникации и транспорт, како и новите геополитички
околности претставуваат главни двигатели на економијата. Како примарни деловни
предизвици се јавуваат агилноста, фокусот кон клиентите, фокусот кон клучните
компетенции и процеси, масовната кустомизација, флексибилните ИТ архитектури,

80
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

интероперабилност на инфраструктурата, апликација и деловни процеси. Во таа


смисла, современата дигитална економија презентира:115
1. Инфраструктура за поддршка на електронското работење.
2. Електронски деловни процеси (начин како се реализира работењето).
3. Трансакции на електронската трговија (продажба и купување).
Иако бројни фактори допринеле за развој на современата економија, се смета дека
влијанието на информациско- комуникациските технологии е поголем од влијанието на
светската економска криза, од промената на законските регулативи, движењето на
пазарот на нафтата и валутите, политичките случувања и друго. Електронското
работење влијае и на развојот на иновативните деловни модели, а не ретко и во целост
засновани на Интернетот како платформи за работење. Актуелните деловни модели во
фокусот ги ставаат купувачите: клиентите активно се вклучуваат во развојот на
производите и создаваат содржини. Така денес, корисниците преку Интернет може да
дизајнираат чевли по сопствен вкус или сопствена нота на парфем. Вмрежувањето на
клиентите доведе до појава на crowdsourcing, кој овозможува големиот број на
корисници да учествуваат на пример, во дизајнирање на нов модел на автомобил,
компонирање на музика или уредување на локален парк. Промените се случуваат и во
банкарскиот сектор. Се повеќе е честа практика големите телекомуникациски
претпријатија да креираат иновативни услуги на мобилно банкарство. За неколку
години, мобилните телефони во целост ќе ја преземат функцијата на новчаник. Во нив
ќе се чуваат лични документи, со нивна помош ќе се плаќа со платежни картички,
електронски кеш или чекови, во нив ќе има штедни картички и сл.
Еволуцијата на електронското работење поминува нив повеќе фази и тоа:
 Веб- презентации.
 Е- трговија.
 Делење на информации.
 Интелигентно електронско работење.116

115
Божидар Раденковић Маријана Деспотовић Зракић Зорица Богдановић Душан Бараћ Александра
Лабус, ЕЛЕКТРОНСКО ПОСЛОВАЊЕ, Факултет организационих наука, Београд, Јове Илића 154,
Београд, 2015, 20

81
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Инфраструктурата претставува основа за реализација на деловните процеси на


организациите и апликација на електронското работење. Следното ниво на архитектура
ги опфаќа елементите на бизнис моделите, планирањето и реализацијата на тие
модели, како и техниките на соработка со купувачите и деловните партнери. На
стратегиско ниво се дефинираат мисијата, визијата, стратешките цели и клучните
индикатори за перформансите на организацијата. Преку бизнис моделот,
организациите опишуваат како се создава и се испорачува вредност. Моделите на
деловното електронско работење се стремат да ги употребат уникатните
карактеристики на Интернетот и на вебот.117 Притоа, електронските трансакции можат
да се извршуваат помеѓу владата, компаниите и клиентите. На овој начин, врз основа
на релациите помеѓу учесниците, можат да се разликуваат повеќе видови на модели на
мрежно работење:
1. Комуникации помеѓу организациите и крајните корисници (бизнис кон
бизнис, бизнис кон потрошувач, потрошувач кон бизнис, потрошувач кон потрошувач,
бизнис кон вработен, вработен кон бизнис).
2. Комуникации во електронската влада (бизнис кон влада, влада кон бизнис,
влада кон влада, влада кон потрошувач).
3. Повеќекратни трансакции (бизнис кон бизнис кон потрошувач, потрошувач
кон бизнис кон потрошувач, корисник кон корисник).
Забрзаниот развој на дигиталните уреди овозможи нивна употреба во различни области
на електронското работење. Паралелно со сеприсутната примена на дигиталните уреди
се јавуваат и бројни злоупотреби и превари. Во меѓувреме, значајно се развиваат и
системи за заштита при плаќање по пат на Интернет. Наведените аспекти на
електронското работење ја наметнуваат потребата за правна регулација. Недоволната
примена на заедничките стандарди значи соочување со проблемот на недостаток на
интероперабилност. Доколку на тоа се додаде и недоволната координација меѓу
институциите и организациите во примената на заеднички решенија, проблемот со

116
Последната фаза е развој на електронско работење кое се однесува на креирање на заедница меѓу
различните индустрии и поврзување на комплексните деловни процеси. Оваа фаза бара висок степен на
интероперабилност на техничко, организациско и семантичко ниво.

117
Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина (превод), Скопје, 2010,
стр. 66.
82
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

недостаток на интероперабилност се зголемува. За да може да дојде до намалување на


проблемот, од пресудно значење е дефинирање на законска рамка која би поставила
основа за континуирано унаредување на процесите на работење и интеграција на сите
нивоа. Опкружувањето за воведување на електронското работење опфаќа политички,
правни, техничко- организациски, семнатички, и контекст на инфраструктурата.
Развојот на информациско- комуникациските технологии овозможи едноставно
поврзување и комуникација помеѓу деловните партнери и влијае врз создавањето на
динамично опкружување за работење. За да може успешно да се соочат со промените
во опкружувањето, многу претпријатија мора да ја редефинираат својата деловна
стратегија. Стратегискиот менаџмент претставува процес на дефинирање на
организациските цели, развој на политики и планови и алокација на ресурсите со цел
имплементација на тие планови. Овој процес почнува со дефинирање на мисијата и
визијата на претпријатието со кои се утврдува целта на постоењето, како и целите.
Имплементацијата на стратегијата се изведува низ оперативните планови, политики,
процедури и задачи. После имплементацијата на стратегијата потребно е да се следат и
контролираат остварените резултати. Практичната реализација на избраната деловна
стратегија се заснова на соодветен деловен модел. За креирање на деловниот модел, кој
ќе биде конкурентен и насочен на електронското работење, неопходно е постоење на
стратегиски добро дефинирани цели.
Со развојот на информациско- комуникациските технологии се унапредуа процесот на
современото работење на Интернет. За успешно работење на претпријатијата во онлајн
опкружувањето е потребно да се дефинира стратегијата на електронското работење. Со
можноста да се формира стратегијата се користат модели. Генеричкиот модел на
стратегија на електронското работење подразбира стратегиска анализа, дефинирање на
стратегиските цели, стратегијата на електронското работење и имплементација.
Развојот на стратегија се врши со проценка на куповните и продажните страни на
деловниот модел на претпријатието. Стратегијата на електронско работење на
конкуренцијата, се заснова на Портеровиот модел на петте сили на конкурентност. Во
однос на конкуренцијата, претпријатието може да се ориентира на стратегија на
постигнување на конкурентска предност (red ocean) или усвојување на нова деловна
филозофија и деловен модел кој се разликува од конкуренцијата (blue ocean).

83
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Управувањето на проектите во современите организации подразбира планирање,


координација и контрола на комплексните разновидни активности од различните
области на работење. Ориентираноста кон проекти во праксата се покажа како
корисно, така што денес најголемиот број на претпријатија се фокусираат кон проектно
организирање на сите работи кои имаат особини на проекти.
Проектот претставува сложен неповторлив деловен потфат кој се презема за да се
постигнат целите во согласност со предвиденото време и трошоци. Проектот може да
се дефинира како временски и финансиски ограничен потфат, преземен со цел да се
произведе единствен производ или да се изврши одредена услуга. Специфичноста на
проектите на електронското работење во однос на другите проекти се:
 Не постои физички објект со кој се работи. Влезот во проектото често е идеја
или опис на функционалноста која се очекува како излез. Резултатот на проектот е
неретко тешко предвидлив.
 Проектите на електронското работење може да бидат покомплексни од другите
развојни проекти.
 Проектите на електронското работење се реализираат во динамично
опкуружување, па мора да се одвиваат флексибилно. Измените и новите барања се
очекувани во било кој момент од реализацијата.
Спрема Институтот за проектен менаџмент (Project management institute, PMI),
управувањето со проектите претставува примена на знаењата, вештините, алатките и
техниките на проектните активности, како би се исполниле барањата на проектите.
Управувањето со проектите во современите организации подразбира голем број на
активности кои треба да се планираат, координираат и контролираат. Активностите
може да бидат од различни области на работењето како што се: продажба, маркетинг,
производство и сл. Во современото работење, проектите на електронското работење се
управуваат со помош на агилни методологии, како што се: Scrum, DSDM и други.
Ризикот е неизбежен чинител на сите проекти. Една од погодните методи за
управувањето со ризикот е MSF.118
Модели за управување на проекти во електронското работење се:
1. Метод на водопад.

118
MSF е методологија која поради својата едноставност и јасност е погодна за почетници во областа на
управување на проекти во електронското работење.
84
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2. Метод на агилно управување со проекти.


3. Метод на динамичен развој на системот.
4. Scrum- методологија.

1. Метод на водопад.
Во софтверските проекти моделот на водопад претставува најдолго користен модел на
управување на проектите. Овој пристап се заснова на јасно раздвоени фази со јасно
дефинирани барања, дизајн, имплементација, тестирање и затворање на проектот (види
слика 8).

Ризик Дефинирање
на барања

Дизајн

Имплементација

Тестирање

Затворање

Време

Слика 8. Метод на водопад во управувањето на електронски проекти


Извор: Божидар Раденковић Маријана Деспотовић Зракић Зорица Богдановић Душан Бараћ Александра
Лабус, ЕЛЕКТРОНСКО ПОСЛОВАЊЕ, Факултет организационих наука, Београд, Јове Илића 154,
Београд, 2015, 113

2. Метод на агилно управување со проекти.


Агилниот, еволутивен или нелинеарен менаџмент е збир на менаџмент техники и
стратегии кои овозможуваат уредување на системот низ самоорганизација, еволуција и
85
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

адаптирање. Агилниот пристап ја нагласува флексибилноста низ брз итеративно-


инкрементален развој и чести испораки на резултати во текот на проектот (слика 9).
Клучните вредности и принципи на агилниот пристап се:
 Фокусирање на човечките ресурси и нивната интеракција.
 Клиентот е рамноправен член во проектниот тим.
 Испораката на резултатите се рани и континуирани, па повратните информации
за квалитетот на проектното решение се добиваат во раните фази на проектот.
 Софтверот кој се проектира треба да биде функционален за нарачателот, а
документацијата е помалку важна, иако е задолжителна.

Иницијално
планирање

1. Планирање 2. Анализа и
проектирање

5. Евалуација 3. Имплементација

4. Тестирање

Испорака

Слика 9. Модел на агилно управување на проектите


Извор: Божидар Раденковић Маријана Деспотовић Зракић Зорица Богдановић Душан Бараћ Александра
Лабус, ЕЛЕКТРОНСКО ПОСЛОВАЊЕ, Факултет организационих наука, Београд, Јове Илића 154,
Београд, 2015, 113

86
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3. Метод на динамичен развој на системот.


Методот на динамичн развој на информациските системи (Dynamic System
Development Method, DSDM) претставува агилен метод кој се потпира на итеративно-
инкременталниот пристап во управувањето со софтверски проекти. Овој пристап се
фокусира на деловните потреби, правовремени испораки и интензивна интеракција
меѓу проектните тимови, корисниците и високите нивоа на раководење на
нарачателите на проекти. Реализацијата на проектите започнува со изработка на
студија за изводливост во рамките на која се утврдуваат главните барања и ризици на
проектот. Потоа следи и деловна студија во која се утврдува список на потребните
функционалности и нивните приоритети по т.н. MоSCoW принцип (Must have, Should
have, Could have, Want have). После тоа се реализира функционален прототип на
решенија кои се унапредуваат во повеќе итерации. Во секоја итерација се
имплементира наредниот инкремент. Трошоците, квалитетот и времето за секоја
итерација се однапред дефинирани. Во финалната фаза на имплементација решението
се испорачува на клиентот и се врши обука.
4. Scrum методологија.
Scrum е метод на агилен развој на софтвер кој често се применува во практиката.
Развојот на софтверот е итеративен, а секоја итерација се нарекува спринт.
Спринтовите се временски дефинирани во траење од една до четири недели. Scrum
тимот се состои најповеќе од 10 членови, од кои еден мора да биде сопственик на
производ, еден е Scrum мајстор, а останатите се членови на развојниот тим.
Сопственикот на производот е претставник на клиентите. Негова задача е да обезбеди
развојно решение за задоволување на деловните потреби. Scrum мајсторот е член на
развојниот тим, но воедно извршува и дел од работите на проектниот менаџер. Тој
управува со спринтовите низ секојдневни кратки состаноци на кои се контролира текот
на итерацијата и решавањето на настанатите проблеми.
Според различни автори постојат бројни модели на управување со проекти. Според
авторот R. Avlijas, управувањето на проектите се состои од следните фази во
проектниот циклус:
1. Концептуализација на проектот.
2. Планирање на проектот.
3. Реализација на проектот.

87
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4. Затворање на проектот.
Фазата на концептуализација на проектот е првата фаза на проектот во која се
утврдуваат основните активности за дефинирање на проектот, идентификување на
потребите и можностите и одредување на алтернативите и дефинирање на
организацијата на проектот. Фазата на планирање претставува фаза на дефинирање на
проектот и проектната документација во која се дефинираат сите основни и помошни
планови на проектот (план на активности, временски план, план на трошоци и сл.).
Фазата на реализација на проектот најчесто е најдолгата фаза во која проектот се
извршува, односно се доведува до завршувањето. Завршната или конечната фаза
подразбира завршување на преостанатите проектни активности, остварување на целите
на проектот и затворање на документацијата. Во практиката често доаѓа до
преклопување на одредени фази на проектот со цел да се скрати временскиот распоред
на проектот. Ова значи дека наредната фаза на проектот започнува пред него што
заврши и одобри одредена фаза или повеќе фази кои им претходат. Оваа техника се
користи за да се скрати вкупното време потребно за реализација на проектот.
Најголемиот дел од проектите се извршува во согласност со животниот циклус на
проектот, а како резултат на тоа, може да изведат некои нивни заеднички
карактеристики:119
 Почетната фаза, односно, фазата на иницирање, обично се карактеризира со
ниски трошоци и мал број на луѓе во проектниот тим. Како што проектот се
развива, трошоците и бројот на луѓе кои работат на проектот драстично се
зголемува. На крајот, во фазата на затворање на проектот овие бројки повторно
се намалуваат.
 Успехот на проектот најмалку е извесен на неговиот почеток. Како проектот
напредува, од фаза во фаза на животниот циклус, шансите за успешен исход на
зголемуваат.
 Ризикот е најголем на почетокот на проектот и воглавно се намалува како што
проектот се ближи кон крајот.

119
Avlijas, R: “Upravljanje projektom: upravljanje rizikom na projektu”, Univerzitet Singidunum, 2009, стр.
15-18

88
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

 Исто така, најголемо влијание на проектот и карактеристиките на конечниот


производ стејкхолдерите имаат во првите фази на животниот циклус на
проектот, а како проектот одминува нивното влијание се намалува.
Една од темелните особини на проектот е да има ограничен век на траење, што значи
дека проектот се раѓа, живее и умира, а тоа значи дека проектот има животен циклус.
Овој концепт е развиен на поставките на бихејвиористичката теорија и се темели на
сознанијата дека меѓу природните и вештачките состави постои аналогија- и едните и
другите се подложни на законот на настанување и исчезнување. Животниот циклус
претставува ланец на активности кои не се одвиваат линеарно, но може да се групираат
во одредени фази. Секоја од фазите на животниот циклус на проектот има свои
специфичности, а различни се видувањата околу бројот на фазите кои ги има
животниот циклус на проектот, и кои активности припаѓаат на секоја фаза.
H. Kerzner смета дека проектниот циклус се состои од 6 фази:
1. Концептуализација.
2. Проценка на изводливоста.
3. Прелиминарно планирање.
4. Детално планирање.
5. Реализација- тестирање и пуштање на проектот во работа.
Во прирачникот за невладини организации во БиХ во поглавјето „Пишување и
управување со проектите“ наведени се 6 фази на животниот циклус и тоа:
1. Индикативен план.
2. Идентификација на проектната идеја.
3. Формулирање на проектот.
4. Обезбедување на финансиски средства.
5. Имплементација и мониторинг на проектот.
6. Евалуација/ проценка на проектот.
Различни автори укажуваат на постоење на различни фази во животниот циклус на
проектот. Некои од тие фази се следните (види слика 10):120

120
Пристапено на 15.07.2018 година
http://www.odraz.hr/media/135542/upravljanje%20projektnim%20ciklusom%20i%20pristup%20logicke%20m
atrice.pdf
89
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Програмирање

Следење и Идентификација
оценување

Имлементација Формулирање

Слика 10. Фази на проектен циклус

Проектниот циклус се состои од следниве фази: 121


Програмирање. Во текот на оваа фаза се анализира состојбата на национално и
секторско ниво за да би се идентификувале проблемите, ограничувањата и можностите
со кои може да се справат. Ова подразбира преглед на социо-економските показатели и
на националните и донаторските приоритети.
Идентификација. Во текот на оваа фаза се врши:
 разбирање/проценка на потребите (од страна на организацијата и на корисникот).
 се идентификуваат идеите за проекти, што подразбира консултација со
корисниците и анализа на стејкхолдерите , анализа на проблемите со кој корисниците
се соочуваат и утврдување на можностите за решавање на овие проблеми.
 се идентификуваат потенцијалните проекти.
 се прави процена на капацитетот на сите страни кои што ќе бидат вклучени во
спроведувањето на проектот.

121
http://www.odraz.hr/media/135542/upravljanje%20projektnim%20ciklusom%20i%20pristup%20logicke%20
matrice.pdf
90
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Формулирање. Оваа фаза се однесува на детална разработка на проектите што


вклучува дефинирање на следните елементи на проектот:
 целите на проектот (општа цел/и, општи цели, специфични цели на проектот).
 очекувани цели.
 целната група/корисници.
 Активности.
 потребни извори и средства.
 распоред на активности.
 буџет.
 одговорности од партнерската страна .
 начин на мониторинг и еваулација..
Корисно е да се вклучат целните групи/ корисници максимално колку што е можнно во
планирањето на проектите. Важен дел е финансирањето односно осигурувањето на
средствата за спроведувањето на активностите.
Спроведување( имплементација)
Целта на оваа фаза на проектниот циклус е да се осигура усшешноста на
спроведувањето на проектот низ спроведувањето на активностите, кои ќе осигураат
постигнување на резултатот на проектот односно исполнување на зацртаните цели.
Ова се постигнува преку спроведување на акционите планови и систем за следење на
проекти кои се претходно дефинирани.
Следење и вреднување ( мониторинг и евалуација)
Мониторингот вклучува континуиран процес на прибирање на информации за
напредокот на проектот, односно низ споредба со собраните информации од
проектниот план.
При спроведувањето на мониторингот се користат различни инструменти како што се
анкети, индивидуални и друг вид на разговори со стејкхолдерите вклучени во
имплементацијата на проектот, се со цел превземање на мерка за унапредување на
проектот и услугите насочени кон корисникот.
Фазата на евалуација вклучува проверка на релевантноста, изводливоста и
одржливоста на проектот, при што се унапредува управувањето со проектниот циклус.
Низ тој процес се открива позадината на проблемот и се проверува соодветноста на
предложените активности за постигнување на резултатите и целите. Исто така, се

91
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

одредува и се размислува како резултатите објективно можат да се проценат. На тој


начин може да се развие добар и логички проект.
Во контекст на наведеното, појмовно- категоријалниот апарат на истражувањето е
прикажано на сликата 11, што следи. Основата на појмовно- категоријалниот апарат на
магистерскиот труд вклучува развој на проектна методологија или системски пристап
во електронското работење на претпријатијата. Тоа вклучува идентификување на е-
опкружувањето во кое функционираат претпријатијата, како и идентификување на
клучните екстерни фактори кои имаат директно или индиректно влијание врз
електронското работење. Потоа се наметнува потребата од анализа и идентификување
на ефикасноста и ефективноста на е- инфраструктурата, како основа за реализирање на
деловните процеси и апликации на електронското работење во претпријатијата. Не
треба да се занемари ниту стратегиската ориентација на претпријатијата, како и
применливоста на бизнис моделите, планирањето и реализацијата на истите, и
техниките на соработка со купувачите и деловните партнери. На овој начин се добива
една јасна слика на менаџментот на електронското работење кој се согледува во
неговите клучни димензии и тоа: организациската структура и проектниот менаџмент.
Ова дава преглед на имплементацијата на стратегијата на претпријатијата која ќе
резултира со ефикасност, ефективност и иновативност во електронското работење што
значи: зголемен број на проекти кои го подобруваат електронското работење, број на е-
продавници, проток и брзина на Интернетот, намалување на трошоците, намалување
на времето, фокус кон купувачите, број на трансакции на он- лајн купување,
задоволување на потребите на купувачите. Ваквиот начин на размислување
овозможува примена на современите информациски- комуникациски технологии во
секојдневното работење на претпријатијата, како и примена на нов и современ
менаџмент во нивното функционирање.

92
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ФАКТОРИ НА Е- ОПКРУЖУВАЊЕ

Е- ИНФРАСТРУКТУРА

ЕЛ. ЕЛ.
ПРОЦЕСИ МОДЕЛИ

Е-ОПКРУЖУВАЊЕ
ПРОЕКТЕН
ЦИКЛУС Проектни
методи
ОС СО

ЕФИКАСНОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО
РАБОТЕЊЕ

ФАКТОРИ НА Е- ОПКРУЖУВАЊЕ

Слика 11. Модел на истражувањето

93
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4.6. Хипотетска рамка

4.6.1. Генерална хипотеза на истражувањто

Развојот на проектното организирање на работите (проектна методологија) вклучува


фокус кон менаџмент на електронското работење, под услов да се развие системски
пристап и разбирање на е- инфраструктурата и е- опкружувањето, што ќе резултира со
зголемување на ефикасноста на електронското работење што значи: зголемен број на
проекти кои го подобруваат електронското работење, број на е- продавници, проток и
брзина на Интернетот, намалување на трошоците, намалување на времето, фокус кон
купувачите, број на трансакции на он- лајн купување, задоволување на потребите на
купувачите.

4.6.2. Посебни и поединечни хипотези

4.6.2.1. Посебна хипотеза 1.


Идентификувањето на можностите во е-опкружувањето позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење.

Поединечна хипотеза 1.1.


Препознавањето на можностите во е-опкружувањето позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Независна варијабла: Препознавањето на можностите во е- опкружувањето.
Индикатори: Прашања од група 1 во анкетен прашалник (Прилог 1).
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5 во анкетен прашалник (Прилог 1).

94
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4.6.2.2. Посебна хипотеза 2.

Воведувањето на менаџмент во електронското работење позитивно ќе влијае врз


зголемување на ефикасноста на електронското работење.

Поединечна хипотеза 2.1.


Редефинирањето на организациската стратегија во насока на електронско работење
позитивно влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Независна варијабла: Редефинирањето на организациската стратегија во насока на
електронско работење.
Индикатори: Прашања од група 2 во анкетен прашалник (Прилог 1).
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5 во анкетен прашалник (Прилог 1).

Поединечна хипотеза 2.2.


Реструктуирањето на организациската структура за поддршка на електронското
работење позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското
работење.
Независна варијабла: Реструктуирањето на организациската структура за поддршка
на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 2.
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5.

4.6.2.3. Посебна хипотеза 3.


Градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење позитивно ќе
влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење.

Поединечна хипотеза 3.1.


Примената на иновативни деловни модели во електронското работење позитивно ќе
влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење.

95
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Независна варијабла: Примената на иновативни деловни модели во електронското


работење.
Индикатори: Прашања од група 3.
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5.

Поединечна хипотеза 3.2.


Реструктуирањето на деловните електронски процеси позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Независна варијабла: Реструктуирањето на деловните електронски процеси.
Индикатори: Прашања од група 3.
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5.

4.6.2.4. Посебна хипотеза 4.


Управувањето со проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење.

Поединечна хипотеза 4.1.


Примената на различни методи во управувањето со проектите во електронското
работење позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското
работење.
Независна варијабла: Примената на различни методи во управувањето со проектите
во електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 4 во анкетен прашалник (Прилог 1).
Зависна варијабла: Зголемување на ефикасноста на електронското работење.
Индикатори: Прашања од група 5 во анкетен прашалник (Прилог 1).

96
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

4.7. Методолошка рамка


(истражувачка парадигма, вид на истражување и дизајн)

Истражувањето е во тесна врска со изграденоста на теоретскиот систем на науката.


Теориите и сознанијата содржани во научниот фонд, по правило, припаѓаат на
определени научни правци, па се поврзани со определени парадигми. Тие се
определени системи на знаења. Во таа смисла и анализата на научното сознание, а
особено користењето на содржината во научниот фонд е и процес на воспоставување
на релации, односи со определена парадигма (парадигми). Концептуализацијата на
истражувањето, во суштина, започнува со пронаоѓање на место на знаењето во
структурата на знаења на определена парадигма. Тоа е процес на парадигматската
артикулација на истражувањето. „Во најопшта смисла на зборот, станува збор за избор
на определен поглед на свет, како најопшт пристап, а оттаму и определена теоретско-
методолошка ориентација во стекнувањето на сознанијата и на истражувачките
дејствија во истражувачкиот процес“.122 Ваквиот пристап влијае на сфаќањето на
проблемот и формулирањето на истражувачката тема. Анализата на научното сознание
за проблемот, истовремено е и почетна фаза на анализата на проблемот. Значи, станува
збор за селекција и класификација на неговите чинители. Со неа се утврдува кои
чинители се сметаат за истражени, кои треба и е можно да се истражат и кои се има
намера да се истражат, иако, за некои од нив условите тоа не го дозволуваат. При
вршењето на овие дејствија, секогаш треба да се имаат предвид различните
компоненти на проблемот. Тие ѝ припаѓаат на науката, односно, научната дисциплина
во чии рамки се врши научното истражување. Но, тие исто така може да се предмет и
на други науки, т.е. научни дисциплини. Практиката покажува дека истражувањата, во
основа, се вршат во рамките на определен научен систем, а тоа претпоставува
неопходна теоретска и методолошка заснованост со јасно искажани пристапи и
постулати. Познавањето на теоретскиот систем на науката е значајна претпоставка за
дефинирање на јасен научен проблем. Неговото воочување, идентификување, како и

122
Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић: Основи методологије, политичких наука, Службени
гласник, Београд, 2003; стр. 402;

97
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

воспоставувањето на целокупниот организационен механизам (проектирањето) е во


тесна врска со определувањето на поимите проблемска ситуација и проблем.
Од аспект на видот на истражувањето, магистерскиот труд се класифицира во
развојните истражувања чија истражувачка работа е заснована на знаењата стекнати
практични искуства. Ова истражување се реализира со цел да постигнување на
резултати со кои ќе се овозможи подобрување на практиката. Исто така мже да се каже
дека истражувањето спаѓа во дескриптивните истражувања кои се насочени кон
опишување на електронското работење и неговата поврзаност со проектниот
менаџмент. Во теоријата на методолошката литература широко е распространета
перспективата на концептуализација на истражувањето како општа идеја, општ план на
претстојни истражувања. Во контекстот на концептуализација се наоѓаат сите фази на
истражувањето - од изборот на тема, па сè до реконцептуализација. Според тоа, и
истражувачкиот проект и работата на проектот се дел од концептуализација, односно
реконцептуализација. Начинот на изработка на проектот за научни истражувања и
неговата улога во истражувањето, како и неговите други карактеристики, бараат
објаснување на односите на концептуализацијата - реконцептуализација и
истражувачки проект. Поимно, со концептуализација се означува изградба, изработка,
развивање на најопшти научни идеи за претпоставено, можно истражување. Оваа
најопшта идеја отпочнува со општа идеја за забележани односи, евидентиран проблем
од научен и практичен аспект, т.е. научно - теоретски или емпириски проблем. Врз
основа на формулираната идеа следува прелиминарно дефинирање на истражувачкиот
проблем кој води до поблиски и целосни информации за него. Постоечките научни и
емпириски знаења до коишто дојдовме ни ја предочуваат можноста за истражување на
дефинираниот проблем. Значи, се формира концептот на истражување кој се изразува
во општи црти. Сепак, валидното научно истражување, како по правило, не може да се
врши врз основа на општи одредби на концептот, туку бара подлабоки и детални
научни анализи. Ваквиот третман се врши преку следните фази на научно дизајнирање
и истражување:123
1. Идеја, концептуална и теоретска заснованост на проектот и истражувањето;

123
Никола В. Димитров, Елизабета Митрева, Мимоза Серафимова, Методологија на научно
истражувачка работа, Штип, 2017, стр. 116

98
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

2. Извор и формулирање на предметот и проблемот на истражување;


3. Цели на истражувањето;
4. Методи и техники на истражувањето;
5. Дефинирање на системи на хипотези;
6. Изработување листа на индикатори за независна и зависна варијабла;
7. Изработка на истражувачки инструменти;
8. Дефинирање на просторот и времето на истражувањето;
9. Дефинирање на примерокот на истражувањето;
10. Статистичка и други видови обработка на податоци;

4.8. Популација и примерок

Основата на дефинирање на примерокот на истражувањето е направен врз основа на


проблемско- предметната рамка на истражување. Популацијата во овој труд се
организациите од приватниот сектор во Р. Македонија. Се имаше во предвид дали
станува збор за големи, средни или мали организации. Станува збор за вкупно 25 мали
организации во Р. Македонија (претежно во Преспанско- Пелагонискиот регион) и врз
основа на целниот примерок се избраа 100 испитаници.

4.9. Истражувачки техники и инструменти

Истражувањето овој магистерски труд ќе се одвива по пат на електронска анкета.


Анкетата со стандардизиран прашалник вклучува конкретно конструиран прашалник,
со точно дефинирани прашања и модалитети на одговори. Прашањата иницираат
искази на испитаниците во врска со проблемско-предметната рамка на истражување.
Примерокот ќе се однесува на НВО организации, организации од приватниот и јавниот
сектор. Ќе се испитуваат мислењата на менаџерите и вработените во истите.
Обработката на добиените податоци ќе биде во Excel со употреба на различни
статистички постапки во насока на докажување на генералната хипотеза.

99
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Сублимираните заклучоци ќе бидат во насока на изведување на заклучоци и препораки


од самиот магистерски труд.
Анкетниот прашалник е основа за донесување релавантни заклучоци, кои се
обработени во Microsoft excel и SPSS програмата.

5. Анализа и интерпретација на добиените резултати

Анализата на податоците вклучува пресметување на фреквенцијата на одговорите


дадени од страна на испитаниците, вклучени во истражувањето. Преку примената на
статистичка анализа се опишува појавата која се истражува на еден рационален начин.
Податоците од истражувањето се изразуваат во прифатлива квантифицирана форма.
Од дескриптивната статистика се применува хи- квадратот, кој што покажува постоење
на статистичка значајност меѓу дадените варијабли. Во оваа точка се разработува
анализата на добиените податоци согласност хипотетката рамка на истражувањето.

5.1. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 1. Идентификувањето на


можностите во е-опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење.

Првата посебна хипотеза го истражува ставот дека идентификувањето на можностите


во е- опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на
електронското работење. Оваа хипотеза го анализира аспектот на препознавањето на
можностите во е- опкружувањето и неговото влијание врз зголемувањето на
ефикасноста во електронското работење, како поединечна хипотеза. Прашањето кое се
поставува за да може да се добие одговор со истражувањето вклучува дали можностите
кои произлегуваат од е- опкружувањето сами по себе овозможуваат ефикасност во
електронското работење? Анализата на првата група на прашања од анкетниот

100
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

прашалник, а се однесуваат на анализа на првата посебна хипотеза се прикажани во


табелата 13 и 14.

Табела 13. Фреквенција за варијаблите идентификување на можностите во


е-опкружувањето и ефикасност во електронското работење

Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Observed N Expected N Residual Identifikuvanje_na_moznosti_vo_e_opkruzuvanj
32 1 7,6 -6,6)
Observed N Expected N Residual
33 3 7,6 -4,6)
34 4 7,6 -3,6) 28 2 6,8 -4,8)
36 2 7,6 -5,6) 32 2 6,8 -4,8)
37 6 7,6 -1,6) 33 2 6,8 -4,8)
38 6 7,6 -1,6) 34 2 6,8 -4,8)
39 11 7,6 3,4 35 4 6,8 -2,8)
40 6 7,6 -1,6) 36 1 6,8 -5,8)
41 9 7,6 1,4
42 23 7,6 15,4 37 5 6,8 -1,8)
43 18 7,6 10,4 38 7 6,8 ,2
44 3 7,6 -4,6) 39 10 6,8 3,2
45 12 7,6 4,4 40 4 6,8 -2,8)
46 10 7,6 2,4 41 12 6,8 5,2
47 3 7,6 -4,6) 42 16 6,8 9,2
49 3 7,6 -4,6)
43 19 6,8 12,2
50 10 7,6 2,4
Total 100 44 4 6,8 -2,8)
45 15 6,8 8,2
46 9 6,8 2,2
47 6 6,8 -,8)
49 2 6,8 -4,8)
50 8 6,8 1,2
Total 100

Табела 14. Chi Square (x2) тест за варијаблите препознавање на можностите


и ефикасност во електронското работење
Test Statistics
Identifikuvanje_na_moznosti_
vo_e_opkruzuvanjе Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Chi-Square 74,523a 76,077b
df 20 21
Asymp. Sig. ,008 ,008
a. 0 cells (0,0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell frequency
is 7,6.
b. 0 cells (0,0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell frequency
is 6,8.

Табелата 14 покажува дека вредноста на X² тестот изнесува .008. Граничната вредност


која по статистички критериум изнесува .005 е помала од вредноста на ² односно ²
101
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

изнесува .008 е поголем од граничната вредност . Критериум варијаблите да бидат


статистички значајни е кога вредноста на добиениот ² е помала од граничната
вредност  односно p  . Од резултатите добиени во табелата може да се каже дека не
постои статистичка значајност меѓу дадените варијабли: препознавање на
можностите во е- опкружувањето и ефикасност во електронското работење. Врз основа
на анализата на независната варијабла од поединечната хипотеза: Препознавањето
на можностите во е-опкружувањето и зависната варијабла: Зголемување на
ефикасноста на електронското работење, се наметнува заклучок дека
Поединечната хипотеза 1.1. која гласи: Препознавањето на можностите во е-
опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на
електронското работење. (-не се прифаќа-). Следствено на тоа, добиените резултати
од истражувањето покажуваат дека посебната хипотеза 1.: Идентификувањето на
можностите во е-опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-не се прифаќа-).
Е- опкружувањето нуди значајни можности за развој на е- бизнисот. Препознавањето
на потенцијалните можности и профитабилни идеи се важни фактори во електронското
работење. Кога станува збор за електронското работење, важно е да се истакне дека
постои јасно дефинирана законска регулатива од една страна, и од друга страна,
организациите покажуваат подготвеност за воведување на технолошки иновации.
Колку е ефикасна и ефективна таа подготвеност за управување со технолошките
иновации е предмет на интерес на други истражувања. Но, организациите сеуште се
соочуваат со недостаток на изградена силна комуникациска структура, како и
ефикасност во следењето на современите трендови кои треба да бидат интегрирани во
електронското работење. Јасен е заклучокот дека самото препознавање на можностите
кои постојат во е- опкружувањето не резултираат со ефикасноста во електронското
работење. Постоењето на ваквите можности претставува само основен предуслов за
идентификување на основните фактори кои водат кон ефикасност работењето. Е-
опкружувањето им наметнува одредена динамика на организациите на кои истите
треба да се адаптираат, прилагодувајќи ја внатрешната организација на работите во
рамките на организациите.

102
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

5.2. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 2. Воведувањето на


менаџмент во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење.

Со цел да се анализира посебната хипотеза 2, која гласи: Воведувањето на менаџмент


во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста
на електронското работење, ќе се анализираат поединечните хипотези 2.1. и 2.2., со
помош на Chi Square (x2) тестот. Со тоа се утврдува поврзаноста помеѓу независната и
зависната варијабла. Анализата на поединечните хипотези ќе покаже дали посебната
хипотеза 2 ќе се потврди или не. Основниот став кој треба да се истражува во овој дел
се однесува на прашањето дали воведувањето на менаџмент во електронското
работење резултира со зголемување на ефикасноста во електронското работење? Во
овој дел се истражуваат два клучни аспекти и тоа: организациската стратегија и
организациската структура. Првиот аспект од анализата ја истражува статистичката
значајност на редефинирањето на организациската стратегија во насока на електронско
работење и зголемување на ефикасноста на електронското работење. Анализата на
втората посебна хипотеза се прикажани во табелата 15 и 16.
Табела 15. Очекувана и забележана фреквенција за варијаблите
редефинирање на организациската стратегија и ефикасност во
електронското работење
Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Redefiniranje_na_organizaciska_strategija
Observed N Expected N Residual
Observed N Expected N Residual
32 1 7,6 -6,6)
28 1 6,8 -5,8)
33 3 7,6 -4,6)
32 2 6,8 -4,8)
34 4 7,6 -3,6)
33 3 6,8 -3,8)
36 2 7,6 -5,6)
34 4 6,8 -2,8)
37 6 7,6 -1,6)
35 1 6,8 -5,8)
38 6 7,6 -1,6)
36 2 6,8 -4,8)
39 11 7,6 3,4
37 6 6,8 -,8)
40 6 7,6 -1,6)
38 6 6,8 -,8)
41 9 7,6 1,4
39 14 6,8 7,2
42 23 7,6 15,4
40 6 6,8 -,8)
43 18 7,6 10,4
41 10 6,8 3,2
44 3 7,6 -4,6)
42 17 6,8 10,2
45 12 7,6 4,4
43 14 6,8 7,2
46 10 7,6 2,4
44 4 6,8 -2,8)
47 3 7,6 -4,6)
45 12 6,8 5,2
49 3 7,6 -4,6)
46 10 6,8 3,2
50 10 7,6 2,4
47 5 6,8 -1,8)
Total 100
49 3 6,8 -3,8)
50 10 6,8 3,2
Total 130

103
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 16. Chi Square (x2) тест за варијаблите редефинирање на


организациската стратегија и ефикасност во електронското работење

Test Statistics
Redefiniranje_na_organizaciska_ Efikasnost_vo_elektronskoto
strategija _rabotenje
a
Chi-Square 52,631 56,067a
df 14 12
Asymp. Sig. ,000 ,000
a. 0 cells (0,0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 3,8.

Од резултатите во табелата 15, може да се заклучи дека коефициентот на значајност,


p= 0.000. Критериум за статистичка значајност е вредноста на x² да е помал од
граничната вредност , p . Оттука може да се каже дека постои поврзаност меѓу
независна варијабла: редефинирање на организациската стратегија со зависната
варијабла: зголемување на ефикасноста во електронското работење. Тоа значи
дека, поединечната хипотеза 2.1: Редефинирањето на организациската стратегија
во насока на електронско работење позитивно влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Редефинирањето на организациската стратегија во насока на електронското работење
го менува стилот на менаџмент, и овозможува значајни промени во работењето на
организациите. Тоа значи дека организациите ги чувствуваат промените кои ги
наметнува е- опкружувањето и започнуваат да ги препознаваат можностите кои имаат
позитивно влијание врз зголемувањето на ефикасноста во работењето. На таков начин
организациите креираат нови стратегии за електронско работење и применуваат
конкретни и конкурентни модели кои се соодветни за нивната организација. Јасно е
дека, редефинирањето на организациската стратегија води кон прилагодување на
стратешките цели, визија и мисија кои ќе ја поддржуваат примената на ИКТ
технологиите и Интернетот во секојдневното работење на организациите.
Вториот аспект од воведувањето на менаџмент во електронското работење и
поврзаноста со ефикасноста во работењето ја истражува организациската струкура.
Организациската структура претставува еден од клучните елементи кои треба да се
адаптираат во насока на зголемување на ефикасноста во електронското работење.
Прашањето на кое треба да се даде одговор со анализата се однесува на тоа: даи

104
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

реструктуирањето на организациската структура во насока на поддршка на


електронското работење позитивно ќе влијае врз ефикасноста на електронското
работење. Овој втор аспект на анализата ја истражува статистичката значајност на
реструктуирањето на организациската структура за поддршка на електронското
работење и зголемување на ефикасноста на електронското работење. Анализата на
втората посебна хипотеза се прикажани во табелата 17 и 18.

Табела 17. Очекувана и забележана фреквенција за варијаблите


реструктуирање на организациската структура и ефикасност во
електронското работење

Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Restruktuiranje_na_organizaciska_struktura
Observed N Expected N Residual
Observed N Expected N Residual
32 1 7,6 -6,6)
33 3 7,6 -4,6) 4 12 74.9 -62.9
34 4 7,6 -3,6) 5 5 74.9 -69.9
36 2 7,6 -5,6) 7 21 74.9 -53.9
37 6 7,6 -1,6) 8 48 74.9 -26.9
38 6 7,6 -1,6) 9 63 74.9 -11.9
39 11 7,6 3,4 10 150 74.9 75.1
40 6 7,6 -1,6) 11 110 74.9 35.1
41 9 7,6 1,4 12 144 74.9 69.1
42 23 7,6 15,4 13 169 74.9 94.1
43 18 7,6 10,4 14 28 74.9 -46.9
44 3 7,6 -4,6) 15 195 74.9 120.1
45 12 7,6 4,4 16 128 74.9 53.1
46 10 7,6 2,4 17 68 74.9 -6.9
47 3 7,6 -4,6) 18 18 74.9 -56.9
49 3 7,6 -4,6) 19 19 74.9 -55.9
50 10 7,6 2,4 20 20 74.9 -54.9
Total 100 Total 100

Табела 18. Резултати од Chi Square (X2) за варијаблите реструктуирање на


организациската структура и ефикасност во
електронското работење

Test Statistics
Restruktuiranje_na_organizac Efikasnost_vo_elektronskoto
iska_struktura _rabotenje
Chi-Square 327.801a 226.436b
Df 12 10
Asymp. Sig. .000 .000
a. 0 cells (0.0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 74.9.
b. 0 cells (0.0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 92.2.

105
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Добиените резултати, прикажани во табела 17, упатуваат на заклучокот дека


коефициентот на значајност р, изнесува p= 0.000. Основниот критериум за статистичка
значајност е вредноста на x² да е помал од граничната вредност . Тоа значи дека p .
Дадените резултати укажуваа на статистичка значајност и поврзаност меѓу
независната варијабла: реструктуирањето на организациската структура за
поддршка на електронското работење и зависната варијабла: зголемување на
ефикасноста во електронското работење. Тоа значи дека, поединечната хипотеза
2.2: Реструктуирањето на организациската структура за поддршка на
електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на
електронското работење. (-се прифаќа-).
Тоа значи дека, организациската структура поставена во рамките на организациите
треба да го поддржува онлајн опкружувањето. Притоа, се наметнува потребата од
постоење на виртуелни тимови кои ќе работат на широк спектар на проекти од областа
на е- бизнисот, кои што ќе придонесуваат да се подобри работењето на организациите
од аспект на електронското работење. Виртуелните тимови ќе се формираат во
зависност од видот на проекти, така што нивното менаџирање ќе покажува висок
степен на самоефикасност и видливи резултати за организациите. Проектите ќе
применуваат посебна проектна методологија на работа и ќе се вклучуваат во развој на
нови производи/ услуги и форми на работење како: е-трговија, е-маркетинг, м-
работење, е-банкарство, е-платен промет и е-осигурувње.

5.3. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 3. Градењето на е-


инфраструктура за поддршка на електронското работење позитивно ќе влијае врз
зголемување на ефикасноста на електронското работење.

Анализата на посебната хипотеза 3, која гласи: Градењето на е- инфраструктура за


поддршка на електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење, наметнува потреба од анализа на
поединечните хипотези 3.1. и 3.2. Исто како и претходните хипотези, и хипотезата 3 ќе

106
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

се анализир со помош на Chi Square (x2) тестот. Тоа ќе резултира со утврдување на


статистичката значајност и поврзаност меѓу дадените независна и зависнат варијабла.
Истражувачкото прашање на кое треба да се даде одговор при анализата на дадената
хипотеза го вклучува тврдењето дека организациите кои градат е-инфраструктура
значително придонесуваат кон зголемување на ефикасноста. Во овој дел се
истражуваат два клучни аспекти на е- инграструктурата и тоа: примената на
иновативни деловни модели во електронското работење и реструктуирањето на
деловните електронски процеси.
Првиот аспект од анализата ја истражува статистичката значајност на примената на
иновативни деловни модели во електронското работење и зголемувањето на
ефикасноста на електронското работење. Анализата на поединечната хипотеза се
прикажани во табелата 19 и 20.

Табела 19. Очекувана и забележана фреквенција за варијаблите примената


на иновативни деловни модели во електронското работење и ефикасност во
електронското работење

Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Inovativni_delovni_modeli_vo_elektronskoto_rabot
Observed N Expected N Residual enje
32 1 7,6 -6,6) Observed N Expected N Residual
33 3 7,6 -4,6)
34 4 7,6 -3,6) 4 12 74.9 -62.9
36 2 7,6 -5,6) 5 5 74.9 -69.9
37 6 7,6 -1,6) 7 21 74.9 -53.9
38 6 7,6 -1,6) 8 48 74.9 -26.9
39 11 7,6 3,4 9 63 74.9 -11.9
40 6 7,6 -1,6) 10 150 74.9 75.1
41 9 7,6 1,4 11 110 74.9 35.1
42 23 7,6 15,4 12 144 74.9 69.1
43 18 7,6 10,4 13 169 74.9 94.1
44 3 7,6 -4,6) 14 28 74.9 -46.9
45 12 7,6 4,4 15 195 74.9 120.1
46 10 7,6 2,4 16 128 74.9 53.1
47 3 7,6 -4,6) 17 68 74.9 -6.9
49 3 7,6 -4,6) 18 18 74.9 -56.9
50 10 7,6 2,4 19 19 74.9 -55.9
Total 100 20 20 74.9 -54.9
Total 100

107
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 20. Резултати од Chi Square (X2) за варијаблите примената на


иновативни деловни модели во електронското работење и ефикасност во
електронското работење

Test Statistics
Inovativni_delovni_modeli_v Efikasnost_vo_elektronskoto
o_elektronskoto_rabotenje _rabotenje
a
Chi-Square 247.201 125.236b
Df 13 12
Asymp. Sig. .001 .001
a. 0 cells (0.0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 74.9.
b. 0 cells (0.0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 92.2.

Добиените резултати, прикажани во табела 20, упатуваат на заклучокот дека p= 0.001.


Статистичка значајност меѓу варијаблите постои кога вредноста на x² е помала од
граничната вредност . Во овој случај p , односно 0.001 е помала од 0.005. Оттука
следи дека постои статистичка значајност и поврзаност меѓу независната варијабла:
примената на иновативни деловни модели во електронското работење и
зависната варијабла: зголемување на ефикасноста во електронското работење.
Тоа значи дека, поединечната хипотеза 3.1: Примената на иновативни деловни
модели во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Вториот аспект од е- инфраструктурата ја истражува статистичката значајност на
реструктуирањето на деловните електронски процеси и зголемувањето на ефикасноста
на електронското работење. Анализата на поединечната хипотеза се прикажани во
табелата 21 и 22.

108
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Табела 21. Очекувана и забележана фреквенција за варијаблите


реструктуирањето на деловните електронски процеси и ефикасност во
електронското работење

Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Restruktuiranje_na_delovnite_elektronski_procesi
Observed N Expected N Residual
Observed N Expected N Residual
32 1 7,6 -6,6)
33 3 7,6 -4,6) 4 12 74.9 -62.9
34 4 7,6 -3,6) 5 5 74.9 -69.9
36 2 7,6 -5,6) 7 21 74.9 -53.9
37 6 7,6 -1,6) 8 48 74.9 -26.9
38 6 7,6 -1,6) 9 63 74.9 -11.9
39 11 7,6 3,4 10 150 74.9 75.1
40 6 7,6 -1,6) 11 110 74.9 35.1
41 9 7,6 1,4 12 144 74.9 69.1
42 23 7,6 15,4 13 169 74.9 94.1
43 18 7,6 10,4 14 28 74.9 -46.9
44 3 7,6 -4,6) 15 195 74.9 120.1
45 12 7,6 4,4 16 128 74.9 53.1
46 10 7,6 2,4 17 68 74.9 -6.9
47 3 7,6 -4,6) 18 18 74.9 -56.9
49 3 7,6 -4,6) 19 19 74.9 -55.9
50 10 7,6 2,4 20 20 74.9 -54.9
Total 100 Total 100

Табела 22. Резултати од Chi Square (X2) за варијаблите реструктуирањето на


деловните електронски процеси и ефикасност во
електронското работење

Test Statistics
Restruktuiranje_na_delovnite_el Efikasnost_vo_elektronskoto_ra
ektronski_procesi botenje
Chi-Square 29,471a 25,442a
Df 7 7
Asymp. Sig. ,000 ,000
a. 0 cells (0,0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell frequency is
13,6.

Во табелата 22. се прикажани резултатите од поврзаноста меѓу варијаблите. Критериум


за статистичка значајност е вредноста на добиениот X² да е помал од граничната
вредност = 0.005 односно p  . Табелата 22. укажува дека p =0.000 што е помало од
нивото на значајност  = 0.005. значи дека меѓу независната варијабла:
реструктуирањето на деловните електронски процеси и зависната варијабла:
ефикасност во електронското работење, покажуваат статистички значајна поврзаност.

109
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Оттука следи дека постои статистичка значајност и поврзаност меѓу независната


варијабла: реструктуирањето на деловните електронски процеси и зависната
варијабла: зголемување на ефикасноста во електронското работење. Тоа значи
дека, поединечната хипотеза 3.2: Реструктуирањето на деловните електронски
процеси позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското
работење. (-се прифаќа-).
Имајќи ги предвид добиените резултати од анализата на двата значајни аспекти на е-
инфраструктурата (деловните модели и електронските процеси) се наметнува
потребата од изведување на заклучок за посебната хипотеза 3. Посебна хипотеза 3.:
Градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење
позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење.
(-се прифаќа-).
Значи, градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење
претставува еден од значајните фактори кои организациите треба да го имаат во
предвид при развојот на проектната методологија за управување со проекти во областа
на електронското работење. Организациите ги моделираат бизнис процесите за
електронско работење. Моделирањето на процесите се врши со примена на
информатички јазици и нотација. Се применуваат нови пристапи за проектирање на
информациските системи во Интернет опкружувањето. Организациите прават
реинженеринг на деловните процеси и секако се развива бизнис интелигенцијата.

5.4. Анализа на добиените резултати за посебна хипотеза 4. Управувањето со


проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење.

Посебната хипотеза 4. која ја истражува поврзаноста меѓу управувањето со проектите


во електронското работење и зголемувањето на ефикасноста на електронското
работење, го застапува ставот дека управувањето со проектите во електронското
работење може да се зголеми ефикасноста на електронското работење од страна на
организациите. Во контекст на тоа, се наметнува потребата од испитување на

110
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

статистичката значајност меѓу дадените варијабли. Статистички значајната поврзаност


меѓу варијаблите е прикажана во табелите 23 и 24.

Табела 23. Очекувана и забележана фреквенција за варијаблите примената


на различни методи во управувањето со проектите во електронското работење и
ефикасност во електронското работење

Efikasnost_vo_elektronskoto_rabotenje
Observed N Expected N Residual Primena_na_razlicni_metodi_vo_upravuvanje_s
32 1 7,6 -6,6) o_proekti
33 3 7,6 -4,6) Observed N Expected N Residual
34 4 7,6 -3,6) 18 9 13,6 -4,6)
36 2 7,6 -5,6) 19 8 13,6 -5,6)
37 6 7,6 -1,6) 20 11 13,6 -2,6)
38 6 7,6 -1,6) 21 16 13,6 2,4
39 11 7,6 3,4 22 9 13,6 -4,6)
40 6 7,6 -1,6) 23 16 13,6 2,4
41 9 7,6 1,4 24 14 13,6 ,4
42 23 7,6 15,4 25 26 13,6 12,4
43 18 7,6 10,4 Total 109
44 3 7,6 -4,6)
45 12 7,6 4,4
46 10 7,6 2,4
47 3 7,6 -4,6)
49 3 7,6 -4,6)
50 10 7,6 2,4
Total 100

Табела 24. Резултати од Chi Square (X2) за варијаблите примената на


различни методи во управувањето со проектите во електронското работење и
ефикасност во електронското работење

Test Statistics
Primena_na_razlicni_metodi
_vo_upravuvanje_so_proekt Efikasnost_vo_elektronskot
i o_rabotenje
a
Chi-Square 12,026 25,142a
Df 7 7
Asymp. Sig. ,000 ,000
a. 0 cells (0,0%) have expected frequencies less than 5. The minimum expected cell
frequency is 13,6.

111
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

На табелата 24. се прикажани резултатите на можната поврзаност меѓу варијаблите.


Резултатите покажуваат дека вредноста на X² тестот изнесува 12,026, додека p=0.000).
Критериум за статистичка значајност е вредноста на добиениот X² да е помал од
граничната вредност  односно p  . Ако p < 0.005 тогаш помеѓу варијаблите постои
статистичка значајност и ако p > 0.005 тогаш не постои статистичка значајност.
Табелата 24. укажува дека p=0.000 што е помало од  = 0.005. што значи дека меѓу
независната варијабла: примената на различни методи во управувањето со проектите
во електронското работење и зависната варијабла: зголемување на ефикасноста на
електронското работење, постои статистички значајна поврзаност. Следствено на тоа,
Поединечна хипотеза 4.1.: Примената на различни методи во управувањето со
проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Деталната анализа на поединечната хипотеза води кон заклучокот дека посебната
хипотеза 4.: Управувањето со проектите во електронското работење позитивно ќе
влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење. (-се
прифаќа).
Имајќи предвид дека електронското работење претставува едно од најдинамичните
области на работење денес, потребно е и организацијата на проектите да се адаптира на
оваа динамика за да може да се реализираат проектите на успешен начин. Кај овие
проекти промените се неизбежни. Поради тоа, неопходно е да се управува со
промените и да се планираат промените со цел успешно да се реализираат проектите и
да се исполнат поставените цели. Управувањето со проектите ја претставува иднината
на електронското работење, што истовремено е и причина зошто сè поголем број на
организации проектно се ориентираат кога станува збор за активности поврзани со
современите технологии.
Истражувањето кое беше реализирано во организациите во Р. Македонија се
фокусираше да се идентификуваат основните фактори во електронското работење при
развојот на проектна методологија, која ќе ја применуваат за да се зголеми
ефикасноста во електронското работење. Добиените податоци кои се обработени со
Chi Square (X²), покажуваат дека постојат претпоставените поврзаности и параметри во
моделот.

112
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Анализата на идентификување на статистичка значајност или поврзаност и/или


неповрзаност на независните варијабли (Препознавањето на можностите во е-
опкружувањето, Редефинирањето на организациската стратегија во насока на
електронско работење, Реструктуирањето на организациската структура за поддршка
на електронското работење, Примената на иновативни деловни модели во
електронското работење, Реструктуирањето на деловните електронски процеси,
Примената на различни методи во управувањето со проектите во електронското
работење) со зависната варијабла (Зголемување на ефикасноста на електронското
работење) во истражувањето упатува на фактот дека генералната хипотеза делумно се
прифаќа од емпириска гледна точка. Од резултатите на емпирискиот тест се добиени
следните сознанија:
Поединечната хипотеза 1.1. која гласи: Препознавањето на можностите во е-
опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на
електронското работење. (-не се прифаќа-).
Идентификувањето на можностите во е- опкружувањето е основен предуслов кој води
кон идентификување на факторите што водат кон ефикасност работењето. Е-
опкружувањето им наметнува бројни предизвици организациите на кои истите треба да
одговорат, развивајќи бројни проектни методологии кои ќе им овозможат да го
подобруваат секојдневното работење.
Следствено на тоа, посебната хипотеза 1.: Идентификувањето на можностите во е-
опкружувањето позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на
електронското работење. (-не се прифаќа-).
Е- опкружувањето со своите динамични сили, на организациите им наметнуваат
предизвици од аспект на воведување на менаџмент кој ќе го поддржува електронското
работење и при тоа ќе води кон зголемување на ефикасноста на организациите кои
применуват електронско работење. Во таа насока, поединечните хипотези кои ги
истражуваат организациската стратегија и структура и нивното влијание врз
ефикасноста на работењето ги даваат следните резултати:
Поединечната хипотеза 2.1: Редефинирањето на организациската стратегија во
насока на електронско работење позитивно влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).

113
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

Поединечната хипотеза 2.2: Реструктуирањето на организациската структура за


поддршка на електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Анализата на двата клучни аспекти на менаџирањето при електронското работење,
води кон фактот дека посебната хипотеза 2, која гласи: Воведувањето на менаџмент
во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста
на електронското работење (-се прифаќа-).
Поединечната хипотеза 3.1. која гласи дека: Примената на иновативни деловни
модели во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Исто така, поединечна хипотеза 3.2.: Реструктуирањето на деловните електронски
процеси позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското
работење. (-се прифаќа-).
Овие фактори на електронското работење се покажа дека имаат значително влијание
врз зголемувањето на ефикасноста во работењето на организациите во доменот на
електронското работење, при што може да се заклучи дека посебната хипотеза 3. која
гласи: Градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење
позитивно ќе влијае врз зголемување на ефикасноста на електронското работење.
(-се прифаќа-).
Согласно анализата на независната и зависната варијабла кои ја покажуваат
статистичката значајност и нивна меѓусебна поврзаност упатува на фактот дека
поединечната хипотеза 4.1.: Примената на различни методи во управувањето со
проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Оттука следи дека посебната хипотеза 4. која гласи дека: Управувањето со
проектите во електронското работење позитивно ќе влијае врз зголемување на
ефикасноста на електронското работење. (-се прифаќа-).
Врз основа на интерпретацијата на посебните и поединечните хипотези, основните
фактори на електронското работење кои имаат влијание врз зголемување на
ефикасноста на организациите при развој на проектна методологија се:
1. Менаџментот во електронското работење (организациската стратегија и структура).
2. Градењето на е- инфраструктура (процеси и модели во електронското работење).

114
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

3. Методи на проектен циклус.


Ваквата поставеност на основните фактори кои водат кон зголемување на ефикасноста
на електронското работење во рамките на организациите во Р. Македонија е прикажано
на сликата 2.

Е- ИНФРАСТРУКТУРА

ЕЛ. ЕЛ.
ПРОЦЕСИ МОДЕЛИ

ПРОЕКТЕН
ЦИКЛУС Проектни
методи
ОС СО

ЕФИКАСНОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО
РАБОТЕЊЕ

Е- ИНФРАСТРУКТУРА

Слика 12. Појмовно- теоретски модел на истражувањето

Врз основа на направените анализи на поединечните хипотези, потоа на посебните


хипотези, генералната хипотеза: Развојот на проектното организирање на работите
(проектна методологија) вклучува фокус кон менаџмент на електронското
работење, под услов да се развие системски пристап и разбирање на е-
инфраструктурата и е- опкружувањето, што ќе резултира со зголемување на

115
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ефикасноста на електронското работење што значи: зголемен број на проекти кои


го подобруваат електронското работење, број на е- продавници, проток и брзина
на Интернетот, намалување на трошоците, намалување на времето, фокус кон
купувачите, број на трансакции на он- лајн купување, задоволување на потребите
на купувачите. –делумно се прифаќа-.
Основата на развојот на современото електронско работење првенствено лежи во
развојот на новите информатичко-комуникациски технологии кои го придвижија
преминот од конвенционална кон електронска економија. Правилата кои важат во
класичното работење важат и за електронското работење. Деловните стратегии,
менаџментот, маркетинг принципите и сите други методи кои водеа кон успешно
традиционално работење, се користат и во електронското работење. Република
Македонија како држава во развој има проблеми при воведувањето на електронското
работење како што се: несфаќање на предностите кои ги носи електронското работење
во смисла на поврат на инвестициите и брзина во работењето, правни прашања,
безбедносни проблеми, подобрување на информатичко-телекомуникациската
инфраструктура, одбивање на постарата популација електронски да се ,,описмени” и
сл. Развојот на електронското работење за Република Македонија претставува важен
сегмент на поврзување со светот и важен фактор за учество на светскиот пазар.

116
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ

Денес се смета дека токму електронското работење е доминантен облик на работење


кај организациите. Имајќи го во предвид динамичното опкружување во кое
електронското работење се одвива, реализацијата на иницијативите за негово
имплементирање сè почесто се спроведува преку проекти. Оттука, целта на овој труд е
да се изанализира моменталната состојба со електронското работење и специфичноста
на управувањето со проектите кај организациите во Република Македонија.
Република Македонија на овој начин може да се најде на листата на современи држави
кај кои овие промени се од поодамна извршени. Имено, во денешни услови на деловно
работење и период од пет години задоцнување се смета за многу во воведувањето на
некои важни информатичко-комуникациски технологии. Правилното користење и
создавањето на нови информатички ресурси ќе биде клучен предизвик со кој ќе се
соочува Република Македонија во периодот што следи. Ова, покрај добри стратегии за
искористување на информатичко-комуникациските технологии, бара и подготвеност на
државата да помине низ овие промени, што подразбира перманентна едукација на сите
граѓани на Република Македонија без разлика на возраста и социјалната структура.
Развојот на електронското работење во Република Македонија е потфат кој што се
одвива во повеќе сектори, а самиот процес отвора широк спектар на технички, правни,
економски и институционални прашања. Притоа, и приватниот и јавниот сектор треба
активно да учествуваат. Приватниот сектор води во технолошкиот развој и
практичната примена на електронското работење, а владата треба да креира поволно
опкружување и да обезбеди поддршка за целосно воспоставување на информатичко
општество. Макроекономската стабилност, правната заштита, добриот финансиски
систем, отворен и конкурентен пазар и човечкиот капитал се фактори кои создаваат
позитивна клима за електронското работење.
Овој труд ја детектира потребата за дополнително структурирање, разработка на
методологии и препораки за управување со проекти, пред сè, во технолошко-
интензивните области.
Постои огромен недостиг на е-бизнис практика во нашата држава. Во развиените
земји постојат посреднички компании. Ваквите компании градат доверба помеѓу
потрошувачите и трговците, односно веднаш по изборот на нарачката постои обврска

117
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

да се плати производот, а е-продавницата е должна веднаш да го испорача производот.


Откако нарачателот ќе се осигура во квалитетот на производот и ќе се увери во
неговата исправност, оваа компанија ги доставува парите до трговецот. На овој начин
функционираат големите е-продавници во странство.
Во нашата земја има неопходност да се воспостави сертифициран центар за
посредување меѓу банките, интернет-продавниците и потенцијалните купувачи,
односно потребна е инфраструктура за непречено функционирање во оваа област. Кај
нас постојат две компании кои нудат надбанкарски процесирања на трансакциите
односно вршат трансакциони услови на трговците и посредуваат меѓу нив и банките,
но ако се побара да биде извршена он-лајн трансакција најчесто одговорот би бил дека
постапката е во процедура и не е во состојба да се реализира. Тука се јавува потребата
за постоење на регистрацијата на класичен трговец кој веќе има сопствени продавници
и кој сака да се пробие во глобалната мрежа.
Купувањето од странство е релативно поскапо отколку да се купува од дома, па
така и еден од обидите за унапредување на домашната економија и приспособувањето
кон економијата на 21 век е функционирањето на е-влада. Тоа би значело дека голем
дел од граѓаните можат да плаќаат даноци, социјални придонеси, сметки и слично,
преку интернет. Оваа е-влада е во согланост со европските стандарди.
Исто така, тука треба да се има во предвид и сигурносниот проблем кој делува
ограничувачки врз банките. Можни се и злоупотреби на трансакциите. Така, банките се
одлучуваат за електронско процесирање на трансакциите и директна врска со
клиентите и инсталирање на потребни комуникациски уреди и софтвер за корисниците.
Започната е употреба на WAP сервисите од страна на банките, како и соработка со
телекомуникациските оператори за давање на поддршка на овие производи и услуги.
Исто така, трансферот на пари е услуга која кој ја нудат банките во соработка со
интернационалните финансиски институции како што е на пример компанијата
Western Union, која преку своите агенти има склучено договори за соработка на многу
локации ширум светот.
Значи иднината на електронското банкарство во нашата земја не е одредено во
потполност, а тоа е резултат на немањето доволно искуство за работење во оваа област,
недоволна безбедност на електронските трансакции, потоа постоењето силна
недоверба кај граѓаните итн. Затоа потребно е враќање на довербата и зајакнување на

118
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

банкарскиот систем, како и омасовување на интернет банкарството, формирањена


виртуелни банки, кои ќе работат во затворени повратни мрежи и слично. Тука спаѓа и
унапредувањето на техничката опременост на банките што е причина за недоволната
развиеност на електронското банкарство, како и технолошко опремување и
поддршката на светските трендови во оваа област, привлекување на странски
инвестиции итн. Иако е направен значаен напредок во нашата држава во оваа сфера,
сеуште е потребно уште многу да се работи бидејќи резултатите се незадоволителни, а
тоа е резултат на непостоењето на комплетна инфраструктура, подготвеност,
обученост и информатичка култура на граѓаните за помасовно користење на интернет
трговијата во нашата земја.
Министерството за информатичко општество и администрација ја води кампањата
за активно вклучување на сите засегнати страни за подигнување на свеста помеѓу
граѓаните како потенцијални купувачи, но и меѓу компаниите кои се занимаваат со е-
трговија заради зголемување на понудата на интернет пазарот. Во суштина не е
потребно да се зголеми бројот на интернет трговци, туку да се зголеми износот на
трансакациите, односно да се зачести посетата на е-продавниците од страна на
потрошувачите и искористување на сите предности кои ги нуди е-трговијата. Со добро
осмислена и реализирана кампања може да се придонесе за подобрување на состојбата
во е-трговијата во РМ, како и, вклучување на сите засегнати страни. Потребно е
банките да ги запознаваат своите клиенти со можностите за плаќање преку интернет, за
сите интернет продавници со цел зголемување на интернет трансакциите. Така на
пример, при обновувањето на старите картички, секој клиент може да се запознае со
новитетите и предностите за интернет плаќање и слично. Потребно е изработка на
промотивен материјал, кој е лесно разбирлив, атрактивен, кој ќе обезбеди основни
информации за предностите на е-тргувањето. Исто така, и самите интернет трговци се
тие кои не треба да се ограничат само на една категорија на луѓе, туку потребно е да
спроведуваат поголема промоција со цел да привлечат поголемо внимание, како и да
ги заинтересираат потенцијалите купувачи. Можно е остварување на соработка и со
списанија, социјални медиуми и сл., бидејќи помладата популација се почесто е на
интернет, и има се повеќе трансакции. Исто така, може воспоставување на
комерцијални медиумски кампањи. Промоција на развојот на е-банкарството е исто од

119
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

клучно значење за понатамошниот развој на е-трговијата со сите предности кои ги


нуди за плаќање на е-фактури, сметки и слично.
За да се превенираат можните штетни последици за потрошувачите и развојот на е-
трговијата, државата треба да отпочне да применува контролен механизам за работата
на интернет трговците односно проверка дали ги исполнуваат законските барања.
Притоа, неопходна е и обука на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во
оваа област.
Министерствата за информатичко општество и финансиски, како и НБРМ може да
преземат инцијативи за поедноставување и поевтино работење со платежните картички
како и преку Здружението за банкарство може да се направат обиди за формирање на
Switching центар за национално затварање на трансакциите со платежни картички, како
и намалување на провизиите за меѓукартично работење на национално ниво.
Министерството за информатичко општество е тоа кое може да остварува и
координативни средби со сите важни учесници во е-трговијата во Р.М, а со цел да се
дискутираат, анализираат и да се креираат одредени мерки и активности за
унапрдување на ова дејност. Стимулирањето на електронската трговија е од големо
значење, која може да придонесе за развојот на економијата на државата. Значајните
унапредувања на полето на електронската трговија би довело и до поголема доверба на
потрошувачите, би се зголемила работата на компаниите и на банките. Секоја влада
треба да партиципира во унапредувањето на трговијата, да се активира и да превзема
мерки за нејзино унапредување, усовршување и почесто вклучување на новите
технологии, освојување на македонскиот пазар, силна промоција и зголемување на
нивото на интернет трансакциите како и формирање на навика за купување преку
интернет кај купувачите во државата. На овој начин би се постигнало унапредување на
електронска трговија во Р. Македонија.

120
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Adams F. Gerard, The E-Business Revolution and the New Economy, First Editiotn,
Thomson Learning, Ohio, USA, 2004,
2. Ангеловска Нина, Ангеловска Јулијана, Е-трговијата во Република Македонија,
Извештај од анализата на е-трговијата во Република Македонија, Асоцијација за е-
трговија на Македонија, Скопје, јуни, 2018,
3. Azuma T. Ronald, A survey of augmented reality, Presence: Teleoperators and Virtual
Environments, vol. 6, no. 4, 1997,
4. Basu Amit, Muylle Steve, How to Plan E-Business Initiatives in Established Companies,
MIT Sloan Management Review (Vol. 49), 2007,
5. Bjelica Dragan, Integrisani model za ocenu zrelosti u upravljanju IT projektima, Fakultet
organizacionih nauka, Beograd, 2017,
6. Brooks P. Fred, No silver bullet- essence and accidents of software engineering, IEEE
Computer, 20 (4), 1987,
7. Chaffey Dave, E-Business and E-Commerce Management, 3 edition, Pearson Education
Limited, England, 2007,
8. Chaffey Dave, E-business and e-commerce management, Strategy, Implementation and
Practice, Fourth edition, Pearson Education Limited, England, 2009,
9. Chen Hsinchun et al., Business Intelligence and Analytics: From Big Data to Big Impact,
MIS Quarterly, vol. 36, no. 4, 2012,
10. Crouhy Michel et al., The Essentials of Risk Management, New York: McGraw-Hill,
Novermber, 2006,
11. Ćulahović Besim, Ekonomija svijeta, Ekonomski fakultet, Sarajevo, 2008,
12. Drucker Peter, Menadžment za budućnost, Privredni pregled, Beograd, 1995,
13. Đuričin Dragan, Janošević Stevo, Kaličanin Đorđe, Menadžment i strategija, Centar za
izdavacku delatnost ekonomskog fakulteta u Beogradu, 2010,
14. Hoffer А. Jeffrey, Joey F. George, Joseph S. Valacich, Modern Systems Analysis &
Design, Pearson Education Inc., Prentice Hall, 2002,
15. International Telecommunication Union (ITU), Measuring the Information Societry,
Report, Geneva, Switzerland, 2017,
16. Ireland Lewis, Project Management, McGraw-Hill Professional, 2006,

121
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

17. Јаневски Зоран, Претприемништво и електронска трговија, Економски институт,


Скопје, 2013,
18. Јаневски Тони, Интернет технологии, Факултет за електротехника и
информациски технологии, Скопје, 2015,
19. Јовановић Филип, Милојковић Данка, Савремене методологије пројектног
менаџмента, Висока школа за пројектни менаџмент, Београд, 2011,
20. Kalakota Ravi, Whinston B. Andrew, Electronic Commerce: A Manager’s Guide,
Addison-Wesley, Pearson Education, USA, 1997,
21. Kerzner Harold, Project Management, A Systems Approach to Planning, Scheduling and
Controlling, New Jersey, John Wiley&Sons, 2009,
22. Kurtz L. David, Boone E. Louis, Contemporary Business, 14 th edition, John
Wiley&Sons, Inc., USA, 2011,
23. Латковиќ Топузовска Марија (раководител на проектот), Студија за младите во
Република Македонија, Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања,
Скопје, 2016,
24. Лаудон К. Кенет, Травер Герсио Карол, Електронска трговија, Арс Ламина
(превод), Скопје, 2010,
25. Lörincz Barbara et al., Digitizing Public Services in Europe: Putting ambition into action,
European Commission, Directorate General for Information Society and Media, December,
2010,
26. Milgram Paul et al., Augmented reality: A class of displays on the reality-virtuality
continuum; in: Photonics for Industrial Applications, 1995,
27. Milosavljevć Milan, Miškovic Vladislav, Elektronska trgovina, Univerzitet Singidunum,
Beograd, 2016,
28. Minoli Daniel, Enterprise Architecture A to Z, Auerbach publications, 2008,
29. Murali Chemuturi, Cagley M. Thomas, Mastering Software Project Management: Best
Pravtices, Tools and Techniques, Ross Publishing, 2010,
30. Murray Andy, PRINCE2® in one thousand words,The Stationery Office, 2011,
Несторовски Методија, Економија на инвестициите, Економски факултет, Скопје,
2000,

122
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

31. Oxford Economics, Digital Megatrends 2015 - The Role of Technology in the New
Normal Market, A research Summary written in cooperation with AT&T, Cisco, Citi and
SAP, 2015,
32. Project Management Institute, A Guide to the Project Management Body of Knowledge
(PMBOK Guide), Newtown Square, 2013,
33. Раденковиќ Божидар, Деспотовиќ-Зракиќ Маријана, Богдановиќ Зорица, Бараќ
Душан, Лабус Александра, Електронско пословање, Факултет организационих наука,
Белград, 2015,
34. Rappa Michael, Business Models on the Web, 2008
35. Senge M. Peter, The Fifth Discipline. The Art and Practice of the Learning Organization,
Doubleday, Broadway, New York, 1994,
36. Sektor za programiranje i upravljanje fondovima EU i razvojnom pomoci, Priručnik za
izradu logičke matrice: Ključni instrument za upravljanje projektnim ciklusom, DIAL,
Beograd,
37. Shah Mahmood, Clarke Steve, E-banking Management: Issues, Solutions, and Strategies,
Hershey: IGI Global, 2009,
38. Smith R. Brian, Chatfield Veronica, Uemura Ohki, iSeries e-business Handbook: A
Technology and Product Reference, Rochester, MN, USA: IBM Redbooks, 2001,
39. Software Engineering Institute and Carnegie Mellon University, CMMI for Development
(CMMI-DEV, V1.3), Carnegie Mellon University, November, 2010,
40. Stevens Greg, Burley James, Piloting the rocket of radical innovation, Industrial
Research Institute, Inc., March-April, 2003,
41. Темјановски Ристе, Е-бизнис, Економски факултет, Штип, 2012,
42. Timmons Jeffry, Spinelli Stephen, New Venture Creation: Entrepreneurship for the 21-st
Century, 6-th edition, McGraw Hill, 2003,
43. Tuman G. J., Development and implementation of effective project management
information and control systems, in: Project management handbook, D. I. Cleland and W.R.
44. King (Eds.), New York: Van Nostrand Reinhold Co., 1983,
45. Turban Efraim, Electronic commerce: A Managerial Perspective 4/E, Prentice Hall,
2006,
46. UNCTAD B2C E-commerce Index 2016, UNCTAD Technical Notes on ICT for
Development N°7, 2016,

123
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

47. World Economic Forum, INSEAD, The Global Information Technology Report 2016-
Innovating in the Digital Economy, 2016,
48. УСАИД, Анализа на состојбата со е-трговијата во Република Македонија, Скопје,
ноември, 2010,
49. Закон за електронска трговија, Службен Весник на Република Македонија
133/2007,
50. Zečević Miodrag, Bankarstvo, Evropski Univerzitet, Beograd, 2009,
51. Zott Christoph, Amit Raphael, The Business Model As the Engine of Network-Based
Strategies, In: Paul R. Kleindorfer, Yoram (Jerry) R. Wind, Robert E. Gunther, The Network
Challenge: Strategy, Profit, and Risk in an Interlinked World, Wharton School Publishing,
Upper Saddle River, NJ, 2009,
52. Zwass Vladimir, Electronic Commerce and Organizational Innovation: Aspects and
Opportunities, Int.J. Electron. Commerce, vol. 7, no. 3, 2003,

Интернет страни
https://www.internetworldstats.com,
http://www.stat.gov.mk,
http://www.ieee.org,
http://www.nbrm.mk,
http://www.amazon.com,
https://www.ibm.com,
http://ec.europa.eu/eurostat/data/database,
https://data.worldbank.org,
https://zephoria.com/top-15-valuable-facebook-statistics,
http://www.prb.org/2017-world-population-data-sheet,
http://www.emarketer.com/Report/Worldwide-Retail-Ecommerce-Sales-eMarketers-
Updated-Forecast-New-Mcommerce-Estimates-20162021/2002182,
http://www.kb.com.mk,
http://www.telekom.mk,
http://www.marketwatch.com/story/benefits-of-online-bill-paying,
http://digitalenterprise.org/models/models.html,
http://www.mmaglobal.com,

124
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

https://www.isaca.org,
https://www.cepis.org,
http://www.ecompetences.eu,
https://www.amazon.com,
https://www.ebay.com,
http://www.fedex.com,
http://www.dell.com,
https://www.cisco.com.

125
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

126
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ПРИЛОГ 1

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ


ТЕХНОЛОГИИ- БИТОЛА
Насока: Менаџмент на информациски системи

ИСТРАЖУВАЊЕ: ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ И ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏМЕНТ


КАЈ ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК

Почитувани,
Ве молиме да одвоите време за пополнување на дадениот анкетен прашалник. Целта на
е да се добијат научни сознанија во врска со корелацијата меѓу електронското
работење и проектниот менаџмент во организациите во Р. Македонија. Добиените
податоци од анкетниот прашалник служат за истражувачки цели, за изработка на
магистерски труд. Ве молиме со заокружување, изберете ја опцијата соодветна со
Вашето мислење.
Анкетата е анонимна.
Ви благодариме на Вашето време.
Со почит,
Никола Ивановски, студент на втор циклус на студии

Анектениот прашалник содржи прашања поделени во 5 групи. Секоја група се состои


од 5 прашања, и со заокружување ја избирате опцијата соодветна со Вашето мислење.
Ве молам одберете еден одговор за кој сметата дека најдобро го опишува Вашето
мислење според следната скала:
1- воопшто не се согласувам;
2- не се согласувам;
3- неутрално мислење;
4- се согласувам;
5- потполно се согласувам.

1. Идентификувањето на можностите во е-опкружувањето.


1.1. Опкружувањето нуди можности за развој на е- бизнис. 1 2 3 4 5
1.2. Постои јасно дефинирана законска регулатива за електронско 1 2 3 4 5
работење.
127
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

1.3. Организациите се подготвени за воведување на технолошки 1 2 3 4 5


иновации.
1.4. Постои силна комуникациска структура во организациите. 1 2 3 4 5
1.5. Организациите ги следат современите трендови и ги применуваат 1 2 3 4 5
во секојдневното работење.

2. Воведувањето на менаџмент во електронското работење.


2.1. Организациите имаат и креираат нови стратегии за електронско 1 2 3 4 5
работење.
2.2. Се применуваат конкурентни бизнис модели во електронското 1 2 3 4 5
работење.
2.3. Организациската структура го поддржува онлајн опкружувањето. 1 2 3 4 5
2.4. Постојат виртуелни тимови во организациите. 1 2 3 4 5
2.5. Организациите применуваат различни форми на електронско 1 2 3 4 5
работење: е-трговија, е-маркетинг, м-работење, е-банкарство, е-
платен промет и е-осигурувње.

3. Градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење.


3.1. Организациите ги моделираат бизнис процесите за електронско 1 2 3 4 5
работење.
3.2. Моделирањето на процесите се врши со примена на 1 2 3 4 5
информатички јазици и нотација.
3.3. Се применуваат нови пристапи за проектирање на 1 2 3 4 5
информациските системи во Интернет опкружувањето.
3.4. Организациите прават реинженеринг на деловните процеси. 1 2 3 4 5
3.5. Се развива и поттикнува бизнис интелигенцијата. 1 2 3 4 5

4. Управувањето со проектите во електронското работење.


4.1. Организациите работат на проекти кои се однесуваат на 1 2 3 4 5
електронско работење.
4.2. Проектите се планираат, координираат и контролираат. 1 2 3 4 5
4.3. Проектите за електронското работење се многу комплексни. 1 2 3 4 5
4.4. Се применуваат соодветни проектни методологии прилагодени за 1 2 3 4 5
електронското работење.
4.5. Најчесто се користат агилни методологии. 1 2 3 4 5

5. Зголемување на ефикасноста на електронското работење.


5.1. Организациите развиваат нови производи/ услуги кои ги 1 2 3 4 5
продаваат во е- продавници.
5.2. Организациите се фокусираат кон задоволување на потребите на 1 2 3 4 5
купувачите.
5.3. Електронското работење ги намалува трошоците. 1 2 3 4 5
5.4. Организациите го зголемуваат бројот на трансакции на онлајн 1 2 3 4 5
купување.
5.5. Организациите се лесно препознатливи преку е- маркетинг. 1 2 3 4 5

128
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

ПРИЛОГ 2
СИРОВИ ПОДАТОЦИ:
ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ И ПРОЕКТНИОТ МЕНАЏМЕНТ КАЈ
ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Испитаници ИМЕО ВМЕР ГЕИПЕР УПЕР ЗЕЕР


1. 33 47 46 42 47
2. 39 50 33 42 50
3. 50 41 42 37 41
4. 47 46 45 43 46
5. 47 33 39 43 33
6. 50 42 46 42 42
7. 41 45 39 38 45
8. 46 39 42 43 39
9. 33 46 40 50 46
10. 42 39 44 46 39
11. 45 42 34 49 42
12. 39 40 34 41 40
13. 46 44 36 42 44
14. 39 34 33 43 34
15. 42 34 38 50 34
16. 42 36 45 39 36
17. 37 33 43 43 33
18. 43 38 44 41 50
19. 43 45 37 41 46
20. 40 43 34 42 49
21. 44 44 32 43 41
22. 34 37 36 45 42
23. 34 34 42 46 43
24. 36 32 45 44 50
25. 33 36 42 41 39
26. 38 42 45 41 43
27. 45 45 47 39 41
28. 43 42 50 32 41
29. 44 45 41 45 42
30. 37 42 46 45 43
31. 34 40 33 47 45
129
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

32. 32 39 42 38 46
33. 36 39 45 35 44
34. 42 50 39 38 41
35. 45 49 46 35 42
36. 42 47 39 28 40
37. 45 50 42 46 44
38. 42 41 42 37 34
39. 40 46 37 50 34
40. 39 33 43 42 36
41. 43 42 42 40 33
42. 41 45 38 39 38
43. 41 39 43 43 45
44. 42 46 50 45 43
45. 43 39 46 45 44
46. 45 42 49 43 37
47. 46 42 41 46 34
48. 44 37 42 47 32
49. 41 43 43 50 36
50. 41 42 50 47 42
51. 39 38 38 37 45
52. 32 43 41 43 42
53. 45 50 40 42 45
54. 45 46 39 38 47
55. 47 49 43 43 50
56. 38 41 37 50 41
57. 35 42 45 46 39
58. 28 43 46 49 42
59. 37 50 34 41 42
60. 39 38 42 42 37
61. 46 41 39 43 43
62. 34 40 43 50 42
63. 39 39 44 38 38
64. 50 43 45 41 43
65. 49 37 39 45 50
66. 47 45 40 39 46
67. 50 46 39 40 49
68. 41 34 43 39 41
69. 46 42 41 43 42
70. 33 39 42 41 43
71. 42 43 45 42 50
72. 45 44 42 45 38
73. 39 45 45 42 41
74. 46 39 42 45 40
130
Магистерски труд: „Електронското работење и проектниот
менаџмент кај организациите во Р. Македонија“

75. 39 40 40 42 39
76. 42 39 39 39 33
77. 42 43 43 43 42
78. 37 41 41 41 45
79. 43 41 41 41 39
80. 42 42 42 42 46
81. 38 43 43 43 39
82. 43 45 45 45 42
83. 50 46 46 46 42
84. 46 44 42 44 37
85. 49 41 42 41 43
86. 41 41 37 41 42
87. 42 39 43 39 43
88. 43 32 42 32 45
89. 50 45 38 45 46
90. 38 45 43 45 44
91. 41 47 50 47 41
92. 40 38 46 38 41
93. 39 35 49 35 39
94. 43 28 41 35 32
95. 37 46 42 28 45
96. 45 37 43 46 45
97. 46 50 50 37 47
98. 34 42 38 50 38
99. 42 40 41 42 35
100. 39 39 40 40 35
ИНДЕКС ЗА ВАРИЈАБЛИ:
1. Идентификувањето на можностите во е-опкружувањето (ИМЕО)
2. Воведувањето на менаџмент во електронското работење (ВМЕР)
3. Градењето на е- инфраструктура за поддршка на електронското работење
(ГЕИПЕР)
4. Управувањето со проектите во електронското работење (УПЕР)
5. Зголемување на ефикасноста на електронското работење (ЗЕЕР)

131

You might also like