You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ

МРЕЖЕН СИСТЕМ НА ПРОДАЖБА

ТЕМА: МРЕЖЕН СИСТЕМ НА ПРОДАЖБА ВО КОМПАНИИТЕ


ТИКВЕШ И МИЛКА

Ментор: Изработил:

Доц. Д-р Татјана Бошков Далибор Атанасов 175473

Скопје, Мај 2019


Содржина:
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ................................................................................... 1
ВОВЕД ................................................................................................................................................... 3
ПРИМАРЕН ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ............................................................................................ 5
Тиквеш .............................................................................................................................................. 5
Милка................................................................................................................................................. 5
СЕКУНДАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ....................................................................................... 6
Тиквеш .............................................................................................................................................. 6
Милка................................................................................................................................................. 7
СКЛАДИРАЊЕ И ПАКУВАЊЕ ......................................................................................................... 9
Тиквеш ............................................................................................................................................ 10
Милка............................................................................................................................................... 10
КВАРТАРНА ЛОГИСТИКА .............................................................................................................. 11
Тиквеш ............................................................................................................................................ 11
КВИНТАРНА ЛОГИСТИКА ............................................................................................................. 11
Тиквеш ............................................................................................................................................ 11
МИКРОЛОГИСТИЧКИ И МАКРОЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ................................................. 12
Тиквеш ............................................................................................................................................ 12
Милка............................................................................................................................................... 12
ГЛОБАЛЕН ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ........................................................................................... 13
Тиквеш ............................................................................................................................................ 13
Милка............................................................................................................................................... 14
ЗАКЛУЧОК .......................................................................................................................................... 15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ........................................................................................................... 17
ВОВЕД

Мрежен систем на продажба се мисли на мрежниот систем во


претпријатието кое од производство до продажба оди, но поконкретно се мисли
на продажбата. Во продажбата се вклучени цели и задачи на
претпријатието, логистика на производство, снабдување во претпријатието,
набавка и потреба на материјали, избор на добавувачи, продажба, начин
на продажба, буџет за продажба, контрола на продажба, дистрибуција. Како
тема за обработка во оваа проектна задача се две компании од кои едната
домашна, а другата странска.

Винарската визба „Тиквеш“ е најголемата винарска визба во Македонија.


Според правниот статус, таа е акционерско друштво, со седиште во Скопје.

Почетоците на винарската визба „Тиквеш“ може да се најдат некаде кон крајот


на 19 век кога повеќе угледни семејства од Тиквешијата започнувале да
создаваат вински подруми во кои се произведуваат квалитетни вина во
шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло
на виното. Периодот кореспондира со падот на Отоманската Империја. Пане
Велков, трговец, аристократ и земјопоседник, отворил винарска визба на
површина од 1200 квадратни метри. Првото споменување на „Тиквеш“ во
пишан документ се поврзува токму со овој период, поточно со годината 1885,
која се смета и за година кога за прв пат започнува организираното
производство и продажба на вино во Македонија.

Милка е познат тип на чоколадо и трговска марка на корпорацијата


Монделиз интернационал, а потекнува од 1901 година.

Швајцарскиот готвач Филип Сишар во 1825 година ја основал фабриката


на кондиторските производи во Нешателу Карл Рус-Сушар. Во 1901 година
започнал со производството на чоколадото наречено Милка. Името Милка е
кратенка од германскиот јазик за „млеко и какао“ - Milch und Kakao.

Компанијата во 1970-те години се споила со Тоблероне во Интерфуд која


во 1982 година заедно со кафе производителот Јакобс ја основала компанијата
Јакобс-Сишар, чиј голем дел беше откупен од страна на американската Крафт
фудс, кој 2012 година се преименувал во Монделез интернешнел.

Годишно се произведуваат околу 110.000 тони на различни видови на


Милка чоколада, од кои голем дел на растението во Лераху (Германија).

Милка чоколадото е произведено во осум Европски градови, имено:

Блудез (Австрија),

Цвоге (Бугарија),

Белград (Србија),

Братислава (Словачка),

Лерах (Германија),

Брашов (Романија),

Јанковице (Полска),

Покров (Русија, на Владимир регион)


ПРИМАРЕН ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ

Примарно логистичкиот систем е систем на меѓусебно целисходно


поврзани и меѓу влијателни подсистеми и елементи, знаења, активности,
правила и законитости кои со помош на темелните елементи на производство
на логистички производи, овозможуваат производство на логистички
производи во примарниот сектор, односно во областите на земјотелство, лов,
шумарство, рибарство, и рударство.

Тиквеш

Во процесот на производство на вино Винаријата „ Тиквеш “ употребува


одредени ресурси меѓу кои како основни ги вбројуваме: Грозје, Вода и Мед
(медовина е еден вид вино коешто се произведува од медот како примарна
состојка, а не од водата како останатите вина).

Берење на грозјето

Тиквеш има повеќе од 1.000 хектари лозови насади, а фокусот во


последните години го насочува кон тероар вината. Линијата Тероар е резултат
на оваа филозофија - за овие куве вина се користи само грозје од еден
виноград во одреден регион, во овој случај од локалитетите Барово и Бела
Вода..

Грижата на стручните тимови од Тиквеш да го зачуваат и унапредат


квалитетот на своите производи не заобиколува ниеден производствен
аспект.Тие претпазливо го одредуваат и временскиот термин на берењето
грозје..Во произвотството се користи строго тестирана и квалитетна вода.

Милка

Согласно тоа во процесот на произвотство на чоколади компанијата


Милка набавуваат и употребуваат повеќе импути, во кои може да се вбројат:

• Какао
• Шеќер

• Вода

Во зависност од тоа каков вид на чоколада ќе се произведува како


инпути може да учествуваат и : лешниците, бадеми, сувото гројзе, јагодите и
сл.

Како еден од основните и најбитни состојќи за приготвување на


чоколадото е какаото. Тропските какаови дрвја најмногу успеваат на
географска ширина од 20 степени северно и јужно од екваторот. Растат во
подрачја каде што има доволно сенки и влага. Дрвјата даваат цветови и
плодови во текот на целата година. Плодот на какаовото дрво е мешунка во
форма на диња и расте директно од стеблото и пониските гранки. Зрната се
наоѓаат во мешунката од дрвото. Кога ќе созреат мешунките, се отвараат и се
собираат зрната, се редат на земја за да се исушат на соце. По сушењето,
какаовите зрна може да се пакуваат во вреќи и да се испратат до
производителите на чоколадо.

СЕКУНДАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ

Секундарната логистика како активност се надоградува на примарната


логистика, каде што со помош на активностите на секундарната логистика се
остварува дистрибуцијата на готовите производи, суровините и
полупроизводите.

Тиквеш

По бербата, грозјето се носи во винарија и се подготвува за примарна


ферментација. Во оваа фаза производството на црвено вино се разликува од
производството на бело вино. Црвеното вино се произведува од ширата
(месестиот дел) на црвено и црно грозје кое се ферментира со самата пулпа.
Белото вино се произведува од ферментираниот сок којшто се добива со
пресување на грозјето, лушпите се отстрануваат и немаат понатамошна улога
во производството на белото вино. Розe вината се произведуваат од црвено
грозје во процес во кој е дозволено сокот да остане во контакт со темните
лушпи доволно долго за да добие црвеникава боја, и малку од танините коишто
ги содржат лушпите. Процесот на извлекувањето на сокот од грозјето,
благодарејќи на новата технологија, не се врши механички туку со вакумско
вшмукување кое му помага на сокот да излезе, а притоа структурата на зрното
да остане неоштетена.

Цедење (pigeage) е француски термин за традиционалното тапкање врз


грозјето во отворените танкови во коишто се одвива ферментацијата. Во текот
на секундарната ферментација и процесот на зреење, којшто трае од 3-6
месеци, ферментацијата се одвива многу бавно.Виното се чува во цевка за да
се заштити од оксидација. Jаболчно-млечна ферментација се случува кога
млечната киселинска бактерија ја метаболизира јаболчната киселина и создава
млечна киселина и јаглерод диоксид. Високите критериуми на квалитетот и
стручните екипи на Тиквеш ги одржуваат благодарејќи им уште и на
заштитните и стимулативни активности на својата интерна лабораторија.

Покрај завршувањето на голем дел од иновациските технолошки


процеси, тие неодамна освоија уште една значајна фаза; полнење шишиња
според моделот на италијанската фирма Алфатек со капацитет од 3 000 литри
на час, и станаа сериозни конкуренти на партнерите од кои до вчера ги следеа
технолошките иновации.

Милка

Откако ќе се приберат потребните состојки се врши нивна преработка со


цел да се произведат различните видови чоколади како краен производ.

Секундарната логистика како активност се надоградува на примарната


логистика, каде што со помош на активностите на секундарната логистика се
остварува дистрибуцијата на готовите производи, суровините и
полупроизводите.

Процесот на подготовка на самите чоколади е комплексен и сложен


процес кој бара посебно внимание и контрола на целокупното работење.
Во фабриките, зрната се прочистуваат од нечистотии и потоа се пржат.
Овој процес ги прави лушпите на зрната какао крути, бојата им потемнува, а
супстанците одговорни за вкусот на чоколадата се претвораат во алдехиди,
естери, лактони, пиразини и други супстанци на кои се допжи препознатливиот
вкус на чоколадата.

Следниот чекор е одвојување на зрната од лушпата со продувување на


воздух низ нив. Зрната потоа се мелат и од нив се приготвува чоколадната
течност – густа кафена течност која се вцврстнува на собна температура.

Приближно 55 % од чоколадната течност претставува чоколаден путер,


маст која е сочинета од различни триглеицериди. Кон секој триглицерид е
нскелет сврзан и семасни киселини. 95 % од масните киселини отпаѓаат
наолеинска, стеаринска и палмитинска киселина.

Концентрацијата на мастите во чоколадната течност е многу голема за


да може да се произведе какао во прав, и многу мала за да се произведе
чоколада. Трикот е во процесот на отстрануцање на половината од какао
путерот од чоколадната течност, со користење на преси, и потоа одвоениот
путер се користи за производство на чоколада за јадење. Какао правот се
користи за производство на какао и чоколада за придотвување напитоци, какао
правот се користи и како состојка која се додава за да го подобри вкусот на
производте.

Кафеавата чоколада се прави со мешање на одвоениот какао путер со


чоколадната течност и со шеќер. Млечната чоколада се проготвува од истите
состојки, но уште се додава и млеко во прав. Белата чоколада содржи какао
путер, шеќер, млеко но не и чоколадна течност. Чоколадата за јадење обично
содржи помеѓу 25 и 35 % масти и 50 % шеќер. За подобрување на вкусот некои
производи може да содржат и ванила. Кај нискокалоричните чоколади шеќерот
се заменува сон искокалорична компонента.

Во текот на производството, чоколадата најголемиот дел од времето го


минува во течна фаза. Според тоа вискозноста, големината на честичките се
важни фактори кои влијаат врз производството на чоколадата. Содржината на
мастите е најбитна за својствата на чоколадата и има голема удел врз
вискозноста.

Следниот чекор во производството на чоколадата е ладење на


чоколадната течност под контролирани услови за да може мастите, во кои се
наоѓаат шеќерот и честичките какао, да искристализира во форма со
привлечен изглед. Брзината со која чоколадата се формира, шарите, бојата на
производот и останатите негови својства зависат од оделот на какао путерот и
млекото во смесата.

На крај чоколадата се пакува за да се заштити од прашина, мириси,


влага, и инсекти.

Ширењето на влага од (во чоколадата присутните) карамел, лешници и


други состојки доведува до намалување на квалитетот на производот.
Брзината на миграција на влагата, во најголема мерка, зависи од
температурата и влажноста на воздухот во близина на чоколадата, но исто
така и од влагата присутна во самата чоколада.

СКЛАДИРАЊЕ И ПАКУВАЊЕ

Терцијарно логистичкиот систем е систем на меѓусебно поврзани и меѓу


влијателни под системи и нивните елементи, а кои со помош на логистичката
инфраструктура, логистичката супраструктура, предметот на логистичкото
производство, логистичкиот интелектуален капитал, информациските
технологии, финансискиот потенцијал и другите потенцијали и ресурси во
високо софистицираната логистичка индустрија овозможуваат успешно,
ефикасно и рационално производство на терцијарни логистички производи.
Тиквеш

Винаријата „Тиквеш“ располага со сопствени вински подруми како и


складишта каде што ги чува вината. Складирањето дозволува даден артикл да
биде произведен и складиран за подоцнежно користење .Одредувањето на
локацијата каде ќе биде сместено складиштето е стратегиска одлука која
влијае не само на трошоците за транспорт на суровините и готовите
производи, туку и за одделот за клиенти и брзината на реагирање. Притоа
треба да се води сметка за локацијата на клиентите, добавувачите,
транспортниот сервис, достапноста и до квалификуваните вработен, владини
установи и др.

Пакувањето треба физички да го заштитува производот од механички


оштетувања и растурање при далечни и тешки транспорти.Пакувањето треба
да го чува производот од расипување или при долг престој на производот во
магацините. Флашираните вина од винаријата „ Тиквеш “ се транспортираат
според соодвтни услови, како на домашниот така и н странскиот пазар, нудејќи
го широкиот асортиман производи.

Милка

Милка - нутриционистите во целиот свет гарантираат дека на


пакувањата или надвор од нив, јасно и во согласност со локалните закони, е
прикажана нутритивната вредност на производите.

Произведените чоколади Милка се складираат во магацинските


простории кои се опремени со соодветни машини, фрижидери.

Чоколадите се складираат на тој начин што се сортираат,


распоредуваат по видот на чоколадите , својствата, големината, рокот на
траење и сл.
КВАРТАРНА ЛОГИСТИКА

Квартарната логистика како наука и квартарната логистика како


активност во суштина претставува понатамошна надградба на терцијарната
логистика како наука и терцијарната логистика како активност, бидејќи
примарната, секундарната и терцијарната логистика претставуваат база,
темел и основа на квартарната логистика.

Тиквеш

Во процесот на производство на флашираните вина секогаш во прв ред


покрај квалитетот на виното е и неговата исправност од лабараториска гледна
точка, односно вино кое не е штетно за здравјето на луѓето. Температурната
постојаност се одржува почнувајќи од процесот на стабилизацијата на виното,
кој потоа се шири на цел систем на филтри. Користењето на модерни,
софистицирани машини и методи е еден од императивите на кои Тиквеш го
заснова својот производствен процес. Високите критериуми на квалитетот и
стручните екипи на Тиквеш ги одржуваат благодарејќи им уште и на
заштитните и стимулативни активности на својата интерна лабораторија. Овде
редовно се контролираат основните параметри на производството на виното и
на сето негово количество.

КВИНТАРНА ЛОГИСТИКА

Квинтарно логистичкиот систем е систем на меѓусебно целисходно


поврзани и меѓу влијателни подсистеми, кои со помош на темелните елементи
од производството овозможуваат производство на специфичните логистички
знаења и активности во квинтарниот сектор.

Тиквеш

Во областа на секој бизнис е значајно правилното распоредување на


финансиите. И склучување на договори со партнерите.
МИКРОЛОГИСТИЧКИ И МАКРОЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ

Микрологистиката е систем на меѓусебно поврзани влијателни под


системи и елементи кои со помош на основните елементи на производство
овозможуваат производство на логистички производи во самиот деловен
систем. Целта на секое претпријатие е да се произведе производ кој ќе биде
конкурентен на пазарот.

Макрологистичкиот систем е систем на меѓусебно поврзани, практично


поврзани и взаемно влијателни мета логистички и микро логистички системи и
елементи кои со помош на одредени елементи на производството,
овозможуваат произвотство на различни логистички производи на
националните логистички пазари , вклучувајќи ги и националните логистички
субјекти кои извршуваат логистички активности со странски партнери, но и на
такви пазари економски интегрирани и мултинационални орпорации.

Тиквеш

Тиквеш е винарска визба со капацитет од 40 милиони литри вино, коe гo


пласира на 23 светски пазари, на 5 континенти. Вината на Тиквеш имаат
добиено 90 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни
вински саеми и фестивали, а годинава Тиквеш се стекна и со признанието
Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино, Тиквеш го пласира
во регионот и на пазарот на Европската Унија.

Милка

Со вкупно 29 локации за истражување, развој и технологија низ целиот


свет, Милка ја има најголемата мрежа на центри за истражување и развој, во
споредба со другите прехранбени компании.

Мрежата на центри за истражување, технологија и развој на Милка,


заедно со тимовите за примена на истите на локалните пазари, има вработено
над 12.000 луѓе.
Освен оригиналното млечно чоколадо, производот денес има десетици
различни вкусови, како Милка со лешници, карамел, кекс, орео, овошно
полнење, тофу, јогурт, марципан, ориз, бело чоколадо и уште неколку
комбинации од овие вкусови.

Палетата на различни вкусови постојано се зголемува, па така има Милка


тортици, Милка топло чоколадо, Милка бонбони, Милка кекси, Милка сладолед,
Милка ресани и друго.

Бројката на продадени Милка чоколади во светот е 400 милиони, што е


навистина импресивно. Брендот годишно заработува повеќе од 1 милијарда
евра, додека бројката на продадени производи во еден час изнесува 150
илјади евра.

Таргетираната популација на Милка се најмногу семејства со дечиња. Самото


лого кое е рачно напишано асоцира на детство, мајчинска нежност, вредности
кои ги промовира брендот.

Од 2008 година па наваму Милка уште повеќе се шири на пазарот преку ко –


брендирање. Daim Philadelphia, Oreo, Crisspello, Tassimo и од неодамна Tuc се
брендовите со кои Милка ги здружи силите и претстави нова палета на
производи Со то слатката приказна продолжува чекор понапред кон нови
успеси и освојувања.

ГЛОБАЛЕН ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ

Основна мисија на глобалниот логистички систем е со своите


потенцијали и ресурси , субјекти, знаења, активности да овозможи рационално
произвотство на логистичките производи на светскиот, глобалниот логистички
пазар.

Тиквеш

Најголем дел од своето вино Тиквеш го пласира во регионот и на пазарите од


Европската Унија. Други знaчајни пазари на Тиквеш се и оние на Далечниот
Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна
соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè
повеќе се зголемува. Вината на Тиквеш можат да се најдат и во
прекуокеанските земји, како Австралија, Канада и САД.
Милка

Milka, како бренд на чоколата кој е раширен низ целиот свет, достапен на
скоро сите продажни места на чоколади.

Поврзувајќи ги сите свои глобални ресурси за истражување и развој,


Milka нуди висококвалитетни и сигурни производи за потрошувачите низ целиот
свет, без разлика дали станува збор за исхрана, здравје, здрав живот, вкус,
текстура или за квалитет.

Покрај тоа, Milka на своите потрошувачи им нуди производи со врвен


квалитет, кои се безбедни за консумација.

Исто така, Milka своите производи ги усогласува со законската


регулатива. Milka брзо и ефикасно ги лансира новите производи во земјите низ
целиот свет, вклучувајќи ја службата за правни работи во своите активности,
од почеток па сè до крај.

Milka-центрите за истражување и развој ја истражуваат исхраната и


науката за исхрана на два начина:

- Од потребата на потрошувачите до приоритетите на истражувањето.

- Од појавата на науката до корисни ефекти и услуги за потрошувачите.

Milka-центрите за истражување и развој имаат долгорочна визија. Преку


овие интернет-страници е даден приказ како Milka-центрите за истражување и
развој помагаат во формирањето на иднината на исхраната.
ЗАКЛУЧОК

Од оваа проектна задача може да се согледа целокупниот мрежен


систем од набавка на потребните состојки, потоа нивната преработка па се до
добивањето на финалниот производ кој се пласира на пазарот и ги задоволува
желбите и потребите на потрошувачите. Тоа не е воопшто едноставно.
Станува збор за долг процес составен од низа чекори и активности кои бараат
добро организирана логистика. Токму ова е прикажано преку работењето на
две компании кои се предмет на обработка во оваа проектна. Компанијата
„Тиквеш“ како домашна компанија која се занимава со производство на вино и
од друга страна компанијата „Милка“ како странска компанија која се занимава
со производство на прерамбени продукти, имајќи широка лепеза на производи,
но со акцент на производство на чоколади.

Анализирајќи ги овие две компании согледувме дека тие се успешни


компании во секторот во кој што се наоѓаат. Сетот тоа пред се се должи на
добро организираниот мрежен систем кој како таков тимовите на компаниите
секојдневно се трудат да го подобрат и усовршат. Компанијата Милка особено
обрнува внимание на подобрување на производите и нивниот квалитет
ставајќи акцент на здравата храна. Компанијата „Тиквеш“ пак обрнува
внимание на квалитетот на производите кои ги лансира на пазарот осврнувајќи
се на воведување нови видови вино. Винаријата Тиквеш е добитник на 90
меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и
фестивали. Во составот на групацијата Милка влегуваат и 29 истражувачки
центри, па годишно на истражување во Милка се трошат околу 1,5 милијарди
швајцарски франци, за разлика од компанијата Тиквеш која не обрнува толкаво
внимание на процесот на истражување и отваарањето на истражувачки центри.
Како една компаративна споредба оваа овозможува да согледаме колкава е
потребата од истите. Ние сметаме дека домашната компанија исто така треба
да одвои одреден процент од добивката и истата да ја инвестира во отварање
на истражувачки центри преку кои помасовно и поконкретно ќе се добиваат
информации во прв ред за потрошувачите, нивното однесување, потреби и
желби, начинот на кој нивните производи се прифаќаат на пазарот, кои се
недостатоците, како се движи конкуренцијата, кои се новите трендови и така
натаму. Сите овие збирни информации би придонеле за подобрување на
пласманот на виното како на домашниот пазар така и на странските пазари.
Сличноста на двете компании покрај вложените напори и постигнатиот висок
квалитет е и тоа што успешно ги пласираат производите на глобалниот пазар.
Тиквеш е компанија која од година од година се повеќе навлегува на светските
пазари додека пак Милка со години ја задржува добрата положба на истите.

Сепак за успешноста на компаниите се крие постојаното следење на


пазарот кој секојдневно носи нови предизвици и промени. Како и секоја
компанија така и овие две мораат постојано да се во трка со времето и
конкуренцијата, следејќи ги сите промени да лансираат производи согласно
потребите и очекувањата кој ги диктира глобалниот пазар.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. https://tikves.com.mk/contact/
2. http://www.vino.mk/mk/makedonija/vinarii/tikvesh
3. Доц. Д-р. Драшко Атанасоски , Основи на логистика , Скопје ,
Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип
4. https://www.milka.com/
5. https://bi.mk/milka-besprekornost-vo-dizajn-kvalitet-i-vkus-na-koj-nikoj-ne-
mozhe-da-odolee/

You might also like