You are on page 1of 189

Милорад Јовановски | Игор Пешевски

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИ ВО


МЕТОДИЈ” ГРАДЕЖЕН
ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ ГЕОТЕХНИКАТА

Скопје, 2016
ПРЕДГОВОР

Теренот како природна геолошка конструкција претставува бескрајно сложен систем


чии елементи се стварани низ долг временски период мерлив со милиони и милијарди
години.

Поради карактерот на Земјата како динамичен систем, а посебно при изведба на


инженерски објекти од најразличен карактер често пати се случуваат природни или
техногени појави кои со право се нарекуваат катастрофи.

За развој на теориите за проценка на овие катастрофи, неопходно е познавање, како


на дисциплините кои се предмет на природните и техничките науки, така и теориите на
проценка на хазардите и ризиците кои произлегуваат од нив, теоријата на веројатност,
емпириските (искуствените) методи и други дисциплини.

Ова значи дека за проценка на ризиците е потребна примена на различни техники и


познавање на материјата од повеќе научни области и дисциплини.

Со овој проблем се среќаваат стручни лица од сите геотехнички дициплини, како


инженерската геологија (посебно делот на инженерска геодинамика), механиката на
почви, механиката на карпи, инженерската сеизмологија, експерти кои се занимаваат
со геолошките методи при регионалните картирања и други лица, стручните лица кои
се занимаваат со хидрологијата, хидрогеологијата и други дициплини.

Произлегува дека проблемот има голема научна и практична тежина и дека е од


фундаментално значение за развој на општеството и целиот свет.

Имајќи ги предвид овие аспекти, во светски рамки се прават специјални научни


трудови, симпозиуми, книги, универзитетски учебници и други пишувани и електронски
материјали кои посветуваат внимание поконкретно на овој проблем.

Поради фактот што при Градежниот факултет се слушаат повеќе предметни програми
поврзани со свлечишта и стабилност на косини, потоа курсевите по инженерска
геологија, механика на почви, механика на карпи и други дициплини, а на вториот
циклус на студии се слуша предметот Проценка на ризици во геотехниката,
направен е обид да се припреми една книга каде би биле сублимирани постојните
знаења од оваа област.

При тоа, презентираниот материјал главно е напишан според наставната програма по


наведениот предмет, а одредени поглавија може да се сметаат како надградба на
делови од други предметни програми кои ги предава авторот на овој материјал.

Имајќи ги предвид секојдневните контакти со стручни лица кои се директно


илииндиректно вклучени во решавање различни практични проблеми поврзани со
анализа на природните хазарди, големиот број појавени нестабилности од различен
карактер во светот и кај нас и големите ризици кои произлегуваат од тоа, почуствувана
е потребата од проширување на прикажаната материја во еден пообемен труд.

Поради комплексноста на самата проблематика, за полесно следење на материјата,


неопходно е потребно читателите да имаат одредени познавања од општата геологија,

1
инженерска геологија, тектониката, хидрогеологијата, механиката на почви, механиката
на карпи, фундирањето, методи на геотехнички подобрувања и други дисциплини.

При составувањето на овој курс се користени досегашните предавања кои делумно ја


третираат оваа дисциплина, како на пример учебници по општа геологија,
предавањата од горенаведените дисиплини, современи учебници кои се издадени во
светот (често пати со специјализирана намена) и соодветна стручна и научна
литература.

Во рамките на материјалот се имплементирани долгогодишните искуства на авторот


од решавањето на практичните проблеми при истражувањето, проектирањето,
изведувањето и експлоатацијата на најразновидни објекти од рударски и градежен
карактер, а посебно анализите на поголем број свлечишта и одрони.

Се надеваме дека овој материјал, покрај својата основна намена како учебник за
студентите на постдипломски студии од Градежниот факултет, може корисно да
послужи и за сите стручни лица кои се занимаваат со проблемите поврзани со
проценка на ризици предизвикани од природни и техногени појави како проектанти,
изведувачи, инвеститори, научни работници од областа на градежништвото,
инженерската геологија, рударството, архитектурата, предавачи на соодветни
институции, лица кои се занимаваат со заштитата на природната средина и др.

Од авторите

2
1. ОПШТО ЗА ХАЗАРДИ И РИЗИЦИ
1.1. ВОВЕД

Во природата се познати голем број на природни или вештачки предизвикани


процеси и појави кои имаат негативен ефект врз човештвото, животната околина и
градежната активност. Тука спаѓаат земјотресите, вулканските ерупции,
пирокластичните токови, снежните лавини, вулканизмот, шумските пожари, поплавите,
свлечиштата, одроните, силно изразена ерозија итн.

Тие вообичаено се именуваат хазарди дефинирани како појави кои го деградираат


квалитетот на околината, или пак, како настани со потенцијал за загрозување на луѓето
или природата, кои се генерираат, или пак се пренесени од природната или
градежната средина.

Сите хазарди се особено значајни и ограничувачки фактори при просторното


планирање и развојот на инфраструктурата. Тие се најчесто природен феномен, но
често и резултат на активностите на човекот. Оттука, хазардите се делат генерално на
три категории и тоа: гео (природни), хибридни (човечка активност во насока на промена
на системите на околината), и т.н. квази-природни хазарди (природно-технолошки),
слика 1.1.

Слика 1.1. Спектар на хазардите на околината (според Jones D., 1993)

Спектарот на хазардите на околината е доста широк и опфаќа голем број на појави


и активности почнувајќи од глобални геофизички настани па се до секојдневната
човечка активност (слика 1.2).

3
Природни Антропогени

Неочекувани Силни
Удар од астериод

Земјотрес

Цунами

Вулканска ерупција

Циклон

Торнадо

Нестабилности на теренот

Поплава

Суша

Шумски пожар

Индустриска несреќа

Загадување на воздухот

Сообраќајна незгода

Очекувани Дифузни

Слика 1.2. Видови и односи на хазардите на околината (според Smith К. и Petley D.N., 2009)

Во стручната литература постојат бројни генерички дефиниции за хазард,


повредливост и ризик.

Така, најчесто хазардот се дефинира како:


 Ситуација која во одредени околности може да доведе до нанесување на штета;
 Потенцијал за негативни последици предизвикани од некој единечен настан,
секвенца на настани или комбинација на околности;
 Загрозеност на луѓето и се што тие ценат: животот, благосостојбата,
материјалните добра и животната околина.

Повредливоста пак се дефинира како:


 Потенцијал за претрпување на штета, загуба или повреди од човечка
перспектива;
 Израз на повеќедимензионалноста на катастрофите со фокусирање на
поврзаноста на дадена социјална ситуација што конституира состојба која, во
комбинација со силите на природата, произведува катастрофа;
 Неможност за одлевање на ефектите на агресивната средина;
 Степен до кој промените можат да нанесат штета на еден систем, или до кој
општеството може да биде загрозено под влијание на хазард, или изложено на
можноста да биде нападнато, физички или емоционално.

4
Ризикот вообичаено се изразува како:
 Потенцијал за негативни последици, загуба, повреда, штета;
 Веројатност за специфични негативни последици кои произлегуваат од еден
настан, околности или делување-активност;
 Мешавина од веројатноста и магнитудата на потенцијални негативни последици
кои произлегуваат од еден настан, околности или делување.

Очигледно е дека овие термини се доста блиски помеѓу себе, па поради тоа често
се испреплетуваат и се секогаш во нераскинлива врска. Во секој случај, нивното
познавање е од неизмерно значење за општествата, имајќи го во предвид фактот дека
тие се единствен метод со кој може да се предвидат идните несакани појави и
последици од истите, а воедно и со кој се овозможува навремено преземање на
превентивни мерки или пак намалување на последиците.

Поврзано со овие аспекти, неизбежно е хазардите и ризиците да се доведат во


некој сооднос со можностите што ги поседува природната геолошка средина за нејзино
вреднување. Така, сите можности за оптимално и рационално користење на сите
геолошки добра и вредности во најширок смисол се нарекуваат геолошки
потенцијал на теренот (Слика 1.3).

Слика 1.3. Основни елементи на геолошкиот потенцијал (Јовановски М., Гапковски Н., 2006)

Треба да се нагласи дека користењето на геолошкиот потенцијал е неизбежно


поврзан со одредена интервенција во природната средина. Ова значи дека се вршат
низа антропогени влијанија во вид на инженерски интервенции и други активности, кои
можат да предзивикаат позитивни но и негативни влијанија врз околината. Во овој
поглед, можни се следните варијанти:

Фактори што предизвикуваат позитивно влијание врз развојот и состојбата на


општеството (користење на минерални суровини, подземни води, присуство на
поволни услови за градба и др);
Фактори што можат да предизвикаат негативно влијание врз средината и
материјалните добра (појави на свлечишта, одрони, земјотреси и друго);
Фактори што при некоректна техногена активност можат да предизвикаат значајни
штети и проблеми (неконтролирана рударска активност, неконтролирано депонирање
на отпад со различен карактер, загадување на подземни води, рушење на објекти
заради градба врз терени со неповолни геолошки и геотехнички карактеристики и
вештачко иницирање на рушење на природната геолошка средина и објектите).
5
Афирмативната страна на користење на геолошкиот потенцијал подразбира
преземање на сите неопходни мерки за заштита на средината, детални истражувања и
изработка на проектна документација со која се дефинираат оптималните услови за
валоризација на геолошките добра и вредности, со оглед што геолошкиот потенцијал
може да биде поголем или помал, но во секој случај не е неисцрпен.
Од друга страна, во светски рамки, честите појави на свлекување, одронување,
ерозија од различен карактер, земјотреси, поплави, вулканската активност и други
ефекти предизвикуваат огромни штети врз геолошките потенцијали, како и материјални
и човечки загуби.
Магнитудата и зачестеноста на сите овие појави, на еден или друг начин многу
зависат од геолошките предуслови, а во комбинација со хидролошките елементи или
инженерските интервенции претставуваат многу важни лимитирачки фактор за развој
на општеството и реална опасност кон природната околина. Според Бартон и др.
(1978), и покрај напорите за воведување на методи за проценка на опасностите од
геолошките процеси и појави, се проценува дека на годишно ниво има дури и до
250 000 човечки жртви како резултат на истите. Појавата на некој процес може да биде
диктиран исклучиво од природни фактори, но често тој е продукт на взаемно дејство со
вештачките (техногени) активности.
Во практика, за дефинирање на можноста на појава на одреден процес со тек на
време и можните негативни ефекти, најчесто се користат следните термини:

Геолошкиот или техногениот хазард (H) ја претставува веројатноста за активирање на


одреден геолошки процес или процес во геолошка средина предизвикан од техничка
активност, вклучувајќи го неговиот интензитет и обем.
Чувствителноста или повредливоста (анг.vulnerability-V) на одредено подрачје се
означува како степен на веројатност или потенцијалност за да се случат некои
негативни последици (оштетувања) од природните процеси.
Ризик (R) од геолошкиот или техногениот хазард претставува веројатност за
активирање на одреден процес и за големината на штетата која може да ја
предизвика тоа активирање, вклучувајќи материјални и други штети, па и човечки
жртви.

Во светската наука и практика, на овој проблем му се посветува големо внимание,


при што се разработени низа методи за анализа на ризиците од природните хазарди.
Успешната идентификација на геолошките хазарди не е можна без детално
познавање на геолошкиот развој и геолошко-генетските карактеристики на некој
регион, но при тоа е потребно да се земат предвид и другите услови на природното
опкружување (посебно хидролошките елементи).
Ризикот може да се дефинира и како потенцијал за предизвикување неповолни
последици, односно предизвикување, загуба, штета или можност за загуба. Концептот
на ризик може да биде усмерен на оние случаи на можна загуба на луѓе, предмети и
материјални богатства.
Последиците од ризик можат да бидат различни како на пример:
повреди,оштетувања намалување на ефикасност а може да бидат насочени спрема
поединец (единка), група или кон пошироката општествена заедница.
Поимот ризик често се користи во контекст на веројатност на неуспех при изведба
на некој технолошки процес или изведба на некои инженерски конструкции (нуклеарни
постројки,авионски несреќи,брани и др.).
6
При проценка на ризиците, треба да се има предвид фактот дека треба да се
прават анализи за ризик кој би се случувал во иднина, така што еден од основните
проблеми на третирање на ризиците е да се вршат прогнози имајќи ја предвид
временската димензија, односно променливоста на условите низ тек на време.
Правилен пристап за управување со ризици е намалување на нивото на ризик ако е
можно економски и комерцијално изводливо. Меѓутоа може да се говори и за
елиминирање на ризикот низ процес на елиминирање како во случај на опасност од
поплави со преселување на имотот и луѓето од опасното подрачје во безбедно.
Треба да се знае дека управувањето со ризикот е многу тешка задача, и дека
идеална и целосна заштита не е можно да се постигне, односно дека е потребно да се
прифати одредено разумно ниво на ризик за различни проблеми во пракса.

Во литературата, постојат одредени општи изрази каде се поврзуваат појавите на


хазардите со неповолните појави од нив, преку повредливоста на регионот, како на
пример, следниот израз:

Појава на хазард х Повредливост = Неповолни последици

H x (E x V) = C
Каде:
H-Конкретна појава на хазард
Е-Вкупна вредност на загрозени елементи како инфраструктура,човечки животи, стопански
активности, услуги, геолошки вредности и др (уште позбати како елемемти изложени на ризик).
V-Повредливост како пропорција од Е намалена од појава на хазардот
C-Неповолни последици од појава на хазард

Се смета дека опасноста може да се реазгледува од два аспекта:

Нивото на потенцијална штета, прекин на степенот на активност која подлежи на


опасност од случувањата за даден интензитет.
Време за кое лицата и имотот се изложени на опасност.

Од пресудна важност е присуството или одсуството во моментот кога се случува


опасноста. Ова значи дека, ако одредено лице, објект или имот е присутно во
моментот во загрозеното подрачје, тоа е изложено на влијание на настанот и
потенцијалната опасност е поголема. Оттука, при проценка на ризиците изложеноста
е многу значаен параметар. За да се согледа визуелно овој аспект, соодветна
презентација е прикажана на слика 1.4.

Во практиката, овој аспект се дефинира со една променлива која се вика степен на


изложеност Е* (или изложеност) на дејството како следи:
(E x V) = E*
Каде:
E-Загрозеност
V-Елемент на повредливост во подрачјето
E*-Изложеност (временска изложеност на опасност на некој елемент од системот)
7
Така што општата равенка добива следна форма:

Хазард X Изложеност= Неповолни последици


H x E* = C
Каде:
H-хазард
C-Неповолни последици

Слика 1.4. Односи помеѓу главните концепти (набљудувани настани, зони на хазард, изложени
елементи и нивна повредливост), и зони на ризик во моделот на природни зони изложени на
ризик илустрирани за хазард од поплави. Според INSPIRE, Thematic working group Natural Risk
Zones, (2012)

Кога треба да се дојде до израз со којшто ќе се процени ризикот, се појавува потреба


повредливоста за сите елементи од системот да биде земена предвид
пропорционално, така што се воведува и терминот различно ниво на изложеност (Ex) и
равенката добива следна форма:
H x ( E x V x Ex) = C
8
Каде:
H-Специфичен хазард
E-Максимална потенцијална вредност на сите елементи на ризик
V-Повредливст или дел од Е кој може да биде намален во случај на некој хазард
Ex-Пропорционален дел од секоја категорија од елементите на ризик присутни во време на
случувањето на дејството.

Така, негативните последици може да се добијат и како збир од поедини хазарди


според следната формула
H x  ( E x V x Ex) = C
Хазардот воопштено може да се подели од два аспекта
 Хазард од делување од страна на природата
 Хазард од делување од страна на човекот

Поврзано со претходните аспекти, во теоријата на ризици често се користи и


поимот катастрофа за ниво на неповолни последици каде ефектите за опоравување
се долготрајни. Ова значи, дека поимот се употребува за релативно а не на апсолутно
ниво на влијанијаидека не постои апсолутно мерило за катастрофа иако е поврзан за
бројки, концентрација на загуби и штети.
Бидејки во практиката голем број хазарди се поврзани одреден ризик од појава на
свлечишта, низ литературата може да се пронајдат и слични изрази како претходните
претставени со следната формула:

RS=P(H) x (E x V x Ex)
Каде:
RS-Специфичен ризик или очекувано ниво на загуба
P(H)-Степен на ризик за одреден временски период за одредено подрачје (може да се изразува
во дијапазон релативно со вредност од 0-1)
E-Вкупна вредност на елементот кој e под закана од некој хазард
V-Повредливост на елемент од системот
Ex-Дел од вкупната вредност изразен во процент 0-1

Вкупна вредност на елементот кој бил изложен на опасност може да се подели на


два дела:
 Фиксен-статичен имот, згради и др.
 Подвижен имот, луѓе, превозни средства и др.

Како последица на оваа поделба, равенката за вкупен ризик конечно ја добива


следната форма:
RS=P(Hj) x (E x V x Ex)
Вкупниот ризик R=ΣRS(ризик од појави на некој хазард од 1 до n)

9
1.2. ВРСКИ МЕЃУ ХАЗАРДИТЕ И РИЗИЦИТЕ
Геолошките хазарди се скоро секогаш поврзани со ризиците. За да се илустрира
ваквата поврзаност на сликата 1.5 е прикажана една шема за поделбата на
природните хазарди со приказ на можните ризици, додека на слика 1.6 шематска врска
меѓу повредливоста, хазардот и ризикот.
Од сликите јасно се согледува дека одделните елементи на природните и
техногените хазарди скоро секогаш се меѓусебно зависни.
За подобра илустрација на овој став, на неколку слики се прикажани повеќе
конкретни примери (главно од територијата на Македонија), со основна цел, да се
согледаат сликовито меѓусебните влијанија.

Слика 1.5. Шема на можни влијанија меѓу хазарди на природното опкружување, техногени
хазарди и можни ризици
10
Слика 1.6. Дијаграмска презентација на ризикoт од некоја појава како продукт од хазардот и
повредливоста (според Coburn Spence, 1992)

Слика 1.7. Рушење на мост на Анска Река (Валандовско) заради ерозија на лев речен брег
предизвикана од појава на интензивни врнежи во текот на 2004 година

Слика 1.8. Рушење на мост на Мрзенска река-Гевгелиско при појава на интензивни врнежи во
текот на 2004 година

11
Слика 1.9. Појава на ликвифакција на теренот при земјотрес во градот Ниагата -Јапонија,
проследена со целосно превртување на станбени објекти

Слика 1.10. Одронување на блок во близина на Мелнички мост-Дебар заради сложена


комбинација: неповолни пукнатински системи, хемиско растворање и карстификација во гипсни
наслаги и езерска абразија

Слика 1.11. Поглед кон крајбрежен столб на Мелнички мост после заштита со насип (во
позадина е видлива лузната од одронот)

а б
Слика 1.12. Појава на понори (колапси) во зона на селото Леуново кај вештачката акумулација
Маврово, заради карстификација на подлогата: а - детаљ; б - група на понори со оштетувања
на заштитниот глинен тепих
12
а б

в
Слика 1.13. Поглед кон одронет блок над храмот „Свети Пантелејмон” во Велес: а - лузна од
одрон; б - срушен ѕид над храмот; в - рушење на помошна просторија во дворот на храмот

Слика 1.14. Оштетувања на облога на Тољански тунел од мавровскиот хидросистем при слаб
земјотрес во близина на Гостивар во текот на ноември, 2003 година, поради пресек со расед

а б
Слика 1.15. Свлечиште ”Рамина” во Велес: а - приказ на оштетувања на објекти; б - зона на
чело на свлечиште (Јовановски и др., 2005)
13
Сите наведени примери, очигледно укажуваат дека изучувањето на геолошките и
техногените хазарди е од првостепена важност за дефинирање на условите за градба
на сите објекти од градежен и од рударски карактер.
Затоа, треба да се знае, дека секоја издржана постапка за идентификација на
хазардите ги зема предвид веќе случените појави на конкретен локалитет или конкретна
територија. Собирање на влезни елементи за формирање база на податоци за проценки
на хазардите се врши со систематска теренска работа, а за реална проценка на
ризиците треба да се применат аналитички процедури, кои се доста развиени во
геотехничката и хидролошката наука и практика.

1.3. ПРИКАЗ НА НЕКОИ ПОДЕЛБИ НА РИЗИЦИТЕ


Како што постојат повеќе видови на хазарди, постојат и разни поделби на категории
на ризици. Најчесто споменуваната поделба на ризик е помеѓу:
-природни ризици и
-ризици од човековото дејствување.
Постои и друга поделба според регионот или бројот на зафатени елементи од
ризикот како:
-Општествен ризик претставува веројатност од повреди или смрт поради одредена
појава поширок регион како на пример поголемо свлечиште.
-Индивиуален ризик е веројатност од смрт или повреда на единката што може да се
израчуна како вкупен општествен ризик поделен со бројот на особи изложени на
опасност.
-Групен ризик е ризик со кој се соочува одредена група внатре во друштвото во кругот
на своите активности.

Се разликуваат и:
-технолошки ризик
-еколошки ризик
-ризик од опкружувањето (околината)
-финансиски ризик
-политички ризик и др.
Без разлика на видовите на ризик, се наметнува потреба да се применат одредени
чекори кои ќе доведат до проценка на ризикот, со цел да се дојде до одредени
податоци за справување со него. Како една од можните дефиниции е следната:

Проценката на ризик се дефинира како збир на докази и претпоставки врз кои се


формира заклучокот за бараната информација.

Наједноставното ниво на ризик може да се предвиди ако се разгледаат следните


прашања:
1.Што може да се погреши во проценката за ризик
2.Која е веројатноста за повторливост на грешката
3.Кој е опсегот и големината на грешката
4.Што може да се направи за да се намали неприфатливиот ризикот и штетата.
14
1.4. ФАЗИ ПРИ ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИК

На генерално ниво може да се препознаат следните фази при изготвување на


проценките:

1.Идентификација на опасноста:(Кои се можните проблеми?)


2.Процена на опасноста:(Колку големи мoжат да бидат тие проблеми?)
3.Проценка на ризик:(Кои се нивните ефекти?)
4.Евалуација на ризик:(Што е предмет на проценка?)
5.Оценкана ризик:(Што треба да се направи?)
Управувањето со ризиците вклучува спроведување на мерки спрема соодветна
Стратегија. Стратегијата обично треба да содржи делови кои се однесуваат нанеколку
фази (слика 1.16).

А)Опис на намери вклучува две активности познати како дефинирање на целите и


средствата и снимање на ризиците. Дефинирање на целите и средствата се со
цел да се одреди фокусот на просторно и временски ограничувања од ризикот. Се
остварува врз основа на финансиски барања, време, персонал и достапност на
податоци.
Снимањето на состојбата на ризик е постапка со која се одлучува дали е потребно
да се изработи проценка на ризик за еден елемент или повеќе елементи во рамките на
проектот.
Б)Процена на хазардите претставува прв активен стадиум на проценка на ризик при
што оваа фаза се фокусира на развој на моделот, заедно со проценка на природата,
зачестеноста и карактеристиките на случувањето.
В)Процена на последиците значаен чекор за да се прецизира ризикот.
Г)Перцепција за ризикот со определување на мерки со кои што може да се намали
ризикот а кои обично се сведуваат на:
-воспоставување на мониторинг
-издавање на систем за рани предупредувања
-воспоставување на итни акциски планови
-усвојување на процедури за евакуација и др.

Со било која превземена мерка со која ќе се намали елементот на изненадување ќе


се намали и ризикот.
Во секој случај, проценката на хазардите е комплексна задача со која се
анализираат феномените кои продуцираат опасност. Во основа дејствата што
следуваат со појавата на хазардите можат да се поделат на:
1. Почетен или примарен ефект од некоја појава кој се однесува на почетната
фаза на појавата до моментот на нејзин прекин.
2. Секундарни опасности, кои се појавуваат после главниот настан пример: после
примарни ефекти од некој земјотрес, појавата на цунами.
3. Пратење други опасности генерирани од страна на примарното случување, како
на пример: дефекти во електричните инсталации, водоснабдителни системи
гасоводи,нафтоводи и др.

15
Слика 1.16. Дијаграм за примена во постапката за проценка на ризикот (Lee and Jones, 2004),

Проценка на хазaрдите и проценката на ризик не треба да биде ограничена само на


потврдување на големината и зачестеноста, туку треба да се посвети внимание на
почетниот ефект кој се развива со почетното случување.
Утврдување на моделот за таквото случување, неговиот обeм, изразување на
веројатноста од опасност се изразува најчесто како:

1. Идентификација на подрачјето (локацијата) каде опасноста или зачестеноста за


опасност постои.
2. Технички изрази кои се користат за изразување на категоријата на зачестеност
и нивото на веројатност на појавата, главно според следната табела:

16
Табела 1.1. Изрази за опишување на категоријата и нивото на веројатност на некое случување

категорија тип на веројатност

честа висока веројатност


зачестено средна веројатност
вонредна ниска веројатност
ретка занемарлива веројатност

3. Квалитативни изрази на веројатнoст,коритеjќи изрази од 1 до 10 од кои од 1-5


претставува многу ниска веројатност, 6-10 претставува висока веројатност.
4. Квантитативна процена за зачестеност и веројатност се изразува најчесто во
смисол на просечен број на појави во единица време, се изразува како вредност
од 0 до 1.

Проценка на последици

Ова е следна фаза во проценката на ризикот каде треба да се истакнат


послeдиците на идентификуваната опасност. Во случај на случувања со силен
интензитет како на пример силни земјотреси, големи свлечишта и слично, загубите
може да се поделат на примарни, секундарни и терцијарни.

На пример: во случај на земјотрес штетите може да се групираат како :

-директни штети од земјотресот или друга природна непогода,


-произведени штети како пожари, дефекти во електричните инсталации,
водоснабдителни системи, гасоводи, нафтоводи и др.
-финансиски ефекти од застојот на економијата од произведените штети.

За проценката на последици може да се користат повеќе методи кои во основа се


поделени во три групи и тоа:

-Аналогија на познати или слични ситуации


-Сценарија произлезени од панел дискусии на стручни лица
-Компјутерско моделирање

Поимот потенцијал за катастрофа не треба да се занемари и кога постои најмала


веројатност. Крајниот производ на проценка на последиците треба да биде
веројатноста на неповолен исход за некоја идентификуваната опасност. Неповолните
последици може да се изразат со помош на:

1.Kатегории опишани квалитативно со зборови за различното ниво на


последици, поврзано со широк спектар на последици за човечката популација,
инфраструктурата, еколошкиот фактор на околината општествено економските
односи и др.

17
2.Изразување преку нумерички податоци (бројки) дадени со вредност од 0 до
10, при кои што бројката 0 би се однесувала на ненансување штата, а 10
претставува потполно уништување.

3.Проценката на ризик преку број на смртни случаи, тешки повреди, мали


повреди, раселени лица преку дирекни трошоци во смисол на згради,
инфраструктура, стопански активности, околина, екологија и др.

Проценката на ризиците може да се однесува на различни видови објекти како:

1.Специфични мали градежни проекти, згради или други објекти.


2.Терен зафатен со претходни појави на нестабилност.
3.Големи инженерски објекти (брани,термоцентрали и др.).
4.Линиски објекти како што се патишта, железнички пруги и цевководи.
5.Големи подрачја со познати потенцијални опасности.
6.Истражување на можните постојни големи градежни објекти.
7.Евалуација на ризици поради потенцијално големите ризици на свлечишта
наспроти дејствата од земјотреси, климатски промени и др.
За сите овие случаи, треба да се знае дека перцепцијата на ризик од страна на
човекот е важен елемент во евалуацијата на ризикот. Перцепцијата на ризикот може
да се изрази како:

-Страв од опасноста, чувство на недостаток од контрола, потенцијална


катастрофа и др.

-Опасност од непознати случувања.

-Број на лица изложени на опасност.

-Раса, пол, социолошко-економскиот статус на населението или подрачјето кое


може да биде ризично во одреден случај и др.

Перцепцијата на ризикот е комплексна и разнолика во зависност од индивидуата


изложена на ризик,спрема тоа реакции на ризик често се разликуваат зависно од
легислативата и обуката која ја вршат надлежните институцииниз научни испитувања,
статистичи анализи, анализи на веројатност на случувањата и друго.

Тука посебно може да се нагласи, потребата за учество на јавноста во


воспоставување на дијалог со заинтересираните странки се вклучувааат владини
агенции, корпорации, синдикати, електронски и печатени медиуми,стручни организации
и др.

Од особена важност е комуникацијата и текот на информации меѓу стручните


работници, медиумите и носителите на одлуки. Подобрувањето на меѓусебната
комуникација ќе доведе до подобра перцепција на ризик а со самото тоа и смалување
на нивото на ризик.

18
2. КОНЦЕПТ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА
ПРИФАТЛИВО НИВО НА РИЗИК
2.1. ВОВЕД
Со оглед на комплексноста на проблемот и неговата актуелност во науката и
праксата, многу е значајно да се дефинира т.н. толерантно (прифатливо) ниво на
ризик. Тоа накратко кажано е една алатка за донесување на решенија при изведба на
градежни објекти и евентуални оштетувања на позначајни инфраструктурни системи
од тип на брани, патишта, железници и слично.

Суштината на концептот лежи во донесување на одлука со која се дефинира до кое


ниво може да се прифати определен ризик, вклучувајќи во анализата серија на
фактори. Концептпот е наречен ALARP (од англиски As Low As Resonably Practicable
или во превод – најниско можно ниво ризик колку е разумно практично). Резултатите
добиени од процесот на проценка на ризик без разлика на нивната форма и начинот на
кој што биле добиени, обезбедуваат индикација на нивото на ризикот и веројатноста на
разни несакани последици. На пример, во табела 2.1. се прикажани одредени
податоци за зонирање на ризикот, според веројатноста за загуба на имот.

Табела 2.1. Термини за зонирање на ризик според критериум-загуба на имот) според AGS
(2007)

Последици по имотот
Веројатност
(со индикативно приближно чинење на штетата)(1)(3)

Индикативна 1: 2: 3: 4: 5:
вредност на Катастрофални Големи Средни Mали Незначителни
приближната
200% 60% 20% 5% 0.5%
годишна веројатност
−1
A — речиси сигурна 10 VH VH VH H M или L(2)
−2
B — извесна 10 VH VH H M L
C — можна 10− 3 VH H M M VL
D — неизвесна 10− 4 H M L L VL
E — ретка 10− 5 M L L VL VL
F — едвај можна 10− 6 L VL VL VL VL
Забелешки: (1) Како процент од вредноста на имотот.
(2) за келијата C5, може да биде поделена така да последица помала од 0.1% е низок ризик
(3) L-низок, M среден, H висок, VL многу низок, VH многу висок

Резултатите од процената на ризикот се пренесуваат во финалната фаза од


оцената (слика 1.16.), после што се носат одлуки за најсоодветните стратегии за
справување со ризик. Тука се разгледуваат широк спектар на фактори мора да бидат
разгледани во оваа фаза и да се разгледаат можностите во смисла на нивна техничка
изводливост, економска исплатливост, прифатливост од животната средина и
политичката воља за спдоведување на планираните страгегии. Во секој случај, пред да
се испитаат некои од овие прашања подетално, важно е да се нагласи дека само
поради тоа што постои физички проблем (лизгање на земјиште) не мора да значи дека
мора да има и физичко решение кое вклучува примена на инженерство и технологија.

19
Генерално, постојат три главни опции за сите загрозени (засегнати) страни:

 Да ги прифатат последиците и да се поднесат сите трошоци.


 Целосно да се напушти местото за градба на објектот или загрозената зона,
што подразбира релоцирање на објект/ите на друг побезбеден простор или
пренамена на самото место со цел намалување на ризикот или негово
избегнување.
 Да се преземат активни чекори да се намали ризикот со ограничување на
потенцијалот на опасноста или на потенцијалот на претрпување на загуби (т.н.
фаза на прилагодување).

Во случај кога процесот на евалуација на ризикот открива дека ризикот од некоја


појава на нестабилност или рушење на објект е значаен и мора да се намали, тогаш
мора да се направи избор од различни опции за справување кои треба да ги земат
предвид следните основни аспекти:

-економски или финансиски аспект,


-елементи за заштита на животната средина и загуба на човечки животи

Врз основа на детални анализи на трошоците и добивките се донесува решение


кое треба да е оптимално за некој конкретен проблем.

Согласно на ваквата поставеност, во практиката при менаџирањето со ризици е


воведен концептот дека постои одредено ниво на ризик кое е прифатливо (TOR-
Tolerability of risk). Идејата е зачната во Велика Британија од Агенцијата за здравство
и безбедност (HSE 1998,1992), чија суштина е прикажана на слика 2.1.

Слика 2.1. Толерантност на ризик според HSE

Од сликата се согледува, дека постојат три главни нивоа на ризик, при што
суштината на овој концепт е дека:
 Ако ризикот е неприфатлив мора да биде избегнат или редуциран, независно
од добивката, освен во исклучителни околности.
 Доколку ризикот падне во ALARP или толерантниот регион, тогаш треба да се
планира одредена инвестиција (трошок) за да се намали ризикот на одредено
ниво кое не мора да е најниско, но нема да предизвика значајни проблеми во
функционирањето на градбата или објектот од една страна, а од друга страна
нема да се вложат прекумерни трошоци.
 Трета опција е кај ниски и незначителни ризици.
20
Наведената агенција HSE, сугерира дека во услови на индивидуален ризик горните
и долните граници на ALARP регионот се 10-4 и 10-6 жртви на годишно ниво, а се
однесува за население кое живее блиску до опасни индустриски области.

Засновајќи се на овој концепт, Fell и Hartford направиле обид да се прикажат


можните прифатливи критериуми за заштита од свлечишта и одрони, кои се засновани
на анализи од историски докази за одредени појави на нестабилности кои населението
ги доживеало во некој регион. Податоци за препорачани вредности за различни видови
на косини се прикажани во табела 2.2.

Табела 2.2. Можно ниво на толерантни индидуални ризици предизвикани од нестабилност на


теренот
Видови на косини Прифатлив индивидуален ризик (жртви по година)
Природна падина 10-3
Постоечка (изградена) косина 10 - 10-6
-4

Нови косини 10-5 - 10-6

Интересен е и концептот на Австралискиот Национален Комитет за големи брани


кој го идентификува ALARP регионот помегу т.н. прифатливи и неприфатливи ризици,
а слични концепти се развиени и во Хонг Конг (слика 2.2 и слика 2.3).

Слика 2.2. Приказ на постапка за дефинирање на прифатливо и неприфатливо ниво на ризик


кај евентуални оштетувања кај брани
21
Сумиран приказ за користење на наведените критериуми, со варијанта каде
проблемот се трансформира за случаи од одронувања е прикажан на слика 2.4.

Слика 2.3. Приказ на постапка за дефинирање на ALARPзона помеѓу зона на прифатливо и


неприфатливо ниво на ризик кај евентуални оштетувања кај брани

Анализите на сликата се за случај на изведба на т.н. Аргилитски усеци според


Hoek E. (Practical Rock Engineering, 2006). Всушност, се работи за критериуми
разработени и од Британската Влада, која го афирмира принципот, дека треба да
постои одреден ALARP регион во кој економските критериуми и условите за заштита на
околината, диктираат во кој случај ризикот за државата се смета за прифатлив.
Понатамошни модификации на овој концепт за случај на појави на одронување се
прикажани на слика 2.5, додека во табела 2.3, каде се прикажани одредени
препорачани големини според Британските стандарди.

22
Слика 2.4. Споредба на ризици од загуба на животи поради евентуална појава на одрони, со
комбиниран приказ на повеќе системи (преземено од Hoek. E., PracticalRockEngineering, 2006)

Можност А Можност Б

Слика 2.5. Приказ на варијанти за проценка на различни нивоа на ризик од одрони


(преземено од Lee and Jones)

23
Tабела 2.5.Критериуми за заштита во Англија

Kорисна површина Годишна веројатност од Повратен период:


појава на несреќи години

А. многу развиени урбани зони 0.003-0.01 100-300

Б. помалку развиени урбани


подрачја, со високо плодно 0.005-0.02 50-200
земјиште
В. големи површини од високо
плодно земјиште и/или
0.01-0.10 10-100
активна околина; нечиј посед
во ризик
Г. мешовита плодна земја со
0.05-0.40 2.5-20
повремен ризик на поседите
Д. земјишта со мал степен на
плодност, со изолирани >0.20 <5
поседи

Наведените препораки се прикажани со цел да се создадат услови за поширока


заштита на различни заинтересирани страни, со цел да се пронајде опција за разумно
и прифатливо ниво на ризик. Крајната опција во секој случај треба да се избира за
секој конкретен случај со детални техно-економски анализи, за што соодветни примери
се прикажани во рамките на наредните поглавја.

2.2. ОСНОВНИ ПОИМИ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ВЕРОЈАТНОСТ НА


НЕКОЈА ПОЈАВА
Вообичаено е, при геолошките, геофизичките и геотехничките истражувања на
хазрадите и ризиците, да се добијат голем број податоци кои се анализираат со
техниките на статистичка анализа. При тоа, во статистиката се користат следните
параметри:
 средна аритметичка вредност;
 модулен коефициент;
 мода;
 медијана;
 средно квадратно отстапување (стандардна девијација);
 коефициент на варијација.

Средната аритметичка вредност се пресметува на следен начин:


i n

 X 1  X 2  X 3  .......  Xn
 Xi
X   i 1

n n

каде е:
X1, X2, X3……Xn – мерени вредности на секој поединечен член во серијата на податоци,
n - број на членови во серијата на податоци

24
Модулниот коефициент го претставува односот на било кој член во серијата на
податоци со средната вредност, а се добива со следниот израз:
Xi
Ki  _
X
Мода е најчесто повторуваната вредност во серијата на податоци, а медијаната е
средниот член од обсервираните податоци, односно вредност која ги дели
обсервациите на два еднакви дела.

Средното квадратно отстапување (стандардната девијација) ја мери


дисперзијата на податоците околу нивната аритметичка средина. За серија на
податоци со голем (условно неограничен) број членови, се пресметува по следната
формула:
2
 

  Xi  X 

n
Кога бројот на членови во низата е помал од n<30, претходниот израз се корегира
на следен начин:
2
 


 Xi  X 


n 1
Коефициентот на варијација е однос меѓу стандардната девијација и средната
вредност:

Cv  
X
Овие параметри, понатаму се користат за пресметка и на други статистички
показатели, при формирање на регресионите зависности и др.

Резултатите од истражувања и испитувања, не би можело реално да се вклучат во


соодветен модел, ако не се дефинирани со некоја аналитичка постапка. За практична
примена, како многу погоден се покажува примената на статистичката зависност
помеѓу две обсервирани варијабли со одредување на равенка на права која се
позиционира во тежиштето на облакот од точки. Одредувањето на параметрите на
равенката на права се врши со примена на критериумот за најмали квадратни
растојанија. Со овој приод се овозможува формирање на соодветни регресиони
модели меѓу анализираните варијабли. Основните поставки на методот на најмали
квадратни растојанија се дадени низ следните основни формули, прикажано низ
постапката на формирање на линеарна регресиона врска меѓу две променливи
големини:
yi = a+b·xi+ 
yi – обсервации на променливата Y;
xi – обсервации на променливата X;
а,b – параметри (коефициенти) на регресионата равенка;
 - стохастичка компонента во моделот.

25
Коефициентите a и b се определуваат од систем на равенки:
N N N

 yi  a N  b xi
i 1 i 1 i 1

N N N

 yi xi  a xi  b xi2
i 1 i 1 i 1

N N N N

 y x  x  y x
i
2
i i i i
a i 1 i 1 i 1 i 1
2
N
 N 
N  xi2    xi 
i 1  i 1 
N N N
N  yi xi   xi   yi
b i 1 i 1 i 1
2
N
 N
N  xi2    xi 
i 1  i 1 
или за b :

 x  X y 
N

i i Y
b i 1

 x  X 
N
2
i
i 1
Преку средните вредности на примерокот, изразот за линеарна регресија е
дефиниран со:
 
Y  abX
Равенката на најмалите квадрати е:

 x  
N
 X yi  Y


i 
y Y  i 1
 xi  X 
 x   
N
2
i X
i 1

Како показател за големината на статитистичка зависност меѓу променливите X и


Y, се користи вредноста на коефициентот на корелација:

 x  
N
 xy  X yi  Y
rx, y 
i
или r  i 1
 x  y
 x  X    y  Y 
N N
2 2
i i
i 1 i 1

Параметрите xy, x и y се соодветно коваријанса меѓу x и y и варијанси на X и Y

 x  X y 
N

i i Y
 xy  i 1
N
Според големината на коефициентот на корелација (r) се утврдува интензитетот
на регресионата зависност, при што најчесто се користат следните критериуми:
 при r=  0.3, не постои скоро никаква зависност;
 при r=  0.3 до 0.5, постои корелативна зависност;
 при r =  0.5 до 0.7, постои умерена зависност;
 при r=  0.7 до 0.9, постои јака зависност;
 при r= 0.9, постои многу јака зависност.
26
Често, за избор на најдобар регресионен модел, се вршат различни видови на
трансформација на променливите x и y и развивање на соодветните полиноми до
потребен ред.
За воспоставување на зависност меѓу повеќе параметри (варијабли), се користат
принципите на формирање на повеќекратна линеарна регресија дефинирана со
следната основна равенка:
y = ao + a1x1 + a2x2 + …+ anxn + 
Каде:
y е зависно променлива,
xi се независно променливи.
а0, а1, … - коефициенти (параметри) на регресионата равенка

За примена на повеќекратната линеарна регресија е потребен внимателен избор на


логични и највлијателни варијабли кои најпрвин се тестираат преку коефициентот на
корелација дали имаат статистичка зависност и колкав е нејзиниот интензитет.

-ОСНОВИ ЗА АНАЛИЗИ НА ВЕРОЈАТНОСТ НА НЕКОЈА ПОЈАВА


Секоја променлива величина X  , која како резултат на експеримент или
набљудување добива бројна вредност x  со определена веројатност, се нарекува
случајна променлива. Случајни променливи во геотехниката може да бидат разни
параметри, како на пример волуменската тежина, аголот на триење, јакоста на
притисок, елементи на пад на пукнатините, факторот на сигурност и други. Многу е
значајно да се спомне, дека во реални услови овие параметри секогаш варираат во
широк дијапазон и дека треба да се опишат како случајни променливи. Ако со  X  се
означи променливата, а со x  настан (запис) или вредност за  X  , тогаш со f x  се
претставува веројатноста која се добива кога бројот на појави на вредноста x  ќе се
подели со вкупниот број на појави на x  . Вкупната веројатност на сите појави x  е
 f x   1 .
Функција на распределба на веројатноста (кумулативна вредност) F x  на случајна
променлива x  е веројатноста дека некоја променлива  X  прима вредност еднаква
или помала од x  . Од множеството расположливи функции на распределба на
веројатност практична примена во геотехниката наоѓаат само оние кои добро се
прилагодуваат на емпириските распределби на геотехничките променливи (јакост,
деформабилност, волуменска тежина и други). Најчесто употребувани функции на
распределба на веројатност е во т.н. нормална распределба. Имено, за случајна
променлива  X  се вели дека е распределена по законот на нормалната или Gauss-
ова (Гаус) распределба ако дистрибуцијата на нејзината на веројатност е:
 x   2

f x  
1 2 2
e
 2
Каде (μ) и (σ) се параметри на распределбата, кои се определуваат од податоците
на примерокот и означуваат аритметичка средна вредност и стандардно отстапување.
Функцијата на распределба на веројатноста е определена со:
x  x   2

P X  x   F  x  
1 dx

 2 e

2 2

27
Нормалната крива на густина на веројатност е симетрична во однос на
параметарот (μ), кој е параметар на локацијата на функцијата. Функцијата го
постигнува својот максимум за (x=μ) :
 x   2

f x  
1 1
e 2 2

 2  2
Параметарот σ е параметар од кој зависи обликот на функцијата. На сликата 2.6 а
за различни вредности на σ.

а б
Слика 2.6. Приказ на нормална распределба во зависност од параметарот σ (а) и кумулативен
приказ на распределба на некој параметар (б)

Површината под кривата на нормалната распределба од до


е 0,6826. Тоа значи дека кај нормалната распределба 68,26% (т.е. околу 2/3) од
податоците се наоѓаат во тој интервал. Во интервалот од до
е опфатена 95,45% од површината, а во интервалот од до
е опфатена 99,73% од површината под нормалната крива на распределба.
Во пракса, распределбата на веројатноста на некоја променлива се прикажува и во
вид на т.н. кумулативна крива на распределбата (Слика 2.6-б).

- НЕЕДНОЗНАЧНОСТИ ПРИ ДОБИВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ПАРАМЕТРИ

Прикажаниот алгоритам може успешно да се примени ако се имаат предвид


можните ограничувања и нееднозначности при толкување на резултатите од
истражувањата. За донесување на соодветно решение, многу корисно може да
послужат т.н. анализа на доверливоста и анализа на чувствителноста.
Анализата на доверливоста на параметрите најчесто се врши со т.н
репрезентативна анализа, односно, дефинирање на интервалот на доверба на
параметрите. Истата се врши врз основа на следната формула:
Xsr- tSd/ (n) <X<Xsr + tSd/ (n)
Каде:
 Xsr-аритметичка средна вредност;
 Sd-стандардна девијација;
 t-коефициент на сигурност, зависен од нивото на избранаверојатност и број на
примероци;
 x - очекувана средна вредност на популацијата при дадена веројатност.

Од кога ќе се изврши избор на доверливи параметри, се препорачува да се изврши


анализа на чувствителност.
28
Оваа анализа, посебно треба да се користи во фазите пред Основен (поранешен
Главен проект), кога често, дел од потребните параметри се добиваат по корелативен
пат или со емпириски методи. Ова, исто така, влијае и врз можни нееднозначни
толкувања на големините на потребните параметри. Чести се примерите кога, од еден
почетен параметар, се пресметуваат низа на останати. При тоа, основната идеја на
анализата на чувствителноста е да се испита до која мера може да се почувствува
влијанието на почетниот параметар врз крајниот резултат. Оваа постапка е посебно
значајна, со оглед дека во одредени случаеви се комбинираат параметри кои немаат
исто физичко значение, што може да придонесе кон дополнителни нееднозначни
толкувања.
Илустрација е прикажана на слика 2.7, за комбинација на параметри со различна
физичка суштина и значение, може да послужи постапката на класификација на
карпести маси, посебно заради фактот што класификационите методи, покрај нивната
основна намена се користат и за проценка на деформабилноста и јакоста на
карпестиот масив. Од основните параметри во класификацијата (податоци за јакост на
притисок - p, степен на испуканост во вид на RQD-параметрот и средното растојание
Ls, податоци за состојбата на пукнатините и подземна вода и др.), по корелативен пат
се добиваат емпириските константи на лом, според Hoek and Brown, (константи m и s).
Овие константи пак, служат за дефинирање на самиот критериум на лом и
параметрите на јакост на смоклнување - кохезијата (C) и аголот на внатрешно триење
(f) или деформабилоста изразена преку модулот на деформација (D). Ако овие
параметри ги користиме во анализа на подземен отвор, крајните ефекти од
варијациите во секој одделен параметар, скриено може да се одразат во вредноста на
факторот на сигурност F, поместувањата, статичките големини и крајно врз избор на
типот на подградба и технологијата на ископ.

Слика 2.7. Пример на збирни повеќекратни влијанија на параметри со различна физичка


суштина врз краен резултат

Ова значи дека определувањето на најбитните параметри за анализа само со една


единствена бројка, не ги вклучува во себе ризиците кои не се согледани заради
варијација на влезните параметри.
29
Така, се наметнува потреба од примена на алатки со кои треба да се помогне во
донесување на одлуки кои соодветствуваат на актуелниот момент на развој на
геотехниката и тунелоградбата. Една од посовремените и софицистирани техники, е
т.н веројатносен (пробабилистички) концепт, каде даден параметар се дефинира на
покомплексен начин, со што е овозможено да се прогнозира и веројатноста на одреден
процес преку анализа на влијанијата на варијациите на усвоените влезни параметри.
Влезните параметри во самата постапка се проценуваат во одреден дијапазон,
дефиниран со определена статистичка распределба и интервал на доверба. Имајќи
предвид, дека скоро сите својства и состојби кај цврсто врзаните карпести маси се
променливи во време и простор, логично е при анализата да не се земаат само со
една фиксна вредност. На пример, како елементи за варијација може да бидат аголот
на внатрешно триење, кохезијата, модул на деформација и други физички и механички
параметри, но и елементите на ископот.
Веројатноста на лом се дефинира со серија на анализи, за различни комбинации на
влезните параметри. Илустрација е дадена на слика 2.8 за т.н модел на нормална
функција на распределба на веројатноста. Веројатноста на лом се согледува од
површината која го зафаќа штрафираниот дел од дијаграмот (вреднoсти на факторот
на сигурност под Fs<1), споредено со неговата вкупна површина.

Слика 2.8.
Приказ на дефинирање на
веројатност на лом (во овој
случај има веројатност на лом
од 21%, Hoek 2002)

Илустрација на дефинирање на веројатноста на лом изразена преку распределба


на факторот на сигурност за излезен портал кај тунел ″Стрезовце - Романовце″ е
прикажан на слика 2.10. Во конкретниот пример се работи за анализа за можност со т.н
клиновиоден лом, за геометрија дефинирана на слика 2.9.

Слика 2.9. Приказ на геометриски услови за лом на клин формиран на излез од тунел
Стрезовце Романовце
30
Слика 2.10. Приказ на дефинирање на веројатност на лом за портален дел на тунел Стрезовце-
Романовце со ниска веројатност на лом од 1,2 %

- ИЛУСТРАЦИЈА НА ПРОБАБИЛИСТИЧКА ТЕХНИКА ПРИ АНАЛИЗА НА


ПРЕДУСЕЦИ КАЈ ТУНЕЛИ И ТУНЕЛСКИ КОНСТРУКЦИИ
Постапката која се препорачува е илустрирана преку серија на анализи каде како
краен излез се дефинира вредноста на факторот на сигурност на анализираните
блокови. Како прво, извршена е параметарска анализа со помош на софтрескиот пакет
ROCLAB 1.0. Имено, согласно да дефинирата вредност на квалитетот на карпеста
маса за излезниот портал со вредност GSI=48, јакоста на притисок е варирана во
дијапазон на варирање дефинирана со стандардната девијација околу средната
вредност. Дијапазонот на варирање е од σp = 58 ±13 MPa. Со цел да се процени
влијанието на јакоста σp врз параметрите на јакоста на смолкнување, на следните
слики се прикажани излези од параметарските анализи.

Слика 2.11. Анализа на квалитет на карпеста маса за тунел Свеа Петка користејќи Roclab и
вредност наσp=58 -13=45 MPa

31
Слика 2.12. Анализа на квалитет на карпеста маса за тунел Света Петка користејќи Roclab и
среднавредност наσp=58 MPa

Слика 2.13. Анализа на квалитет на карпеста маса за тунел Свеа Петка користејќи Roclab и
средна вредност на σp = 58 + 13=71 MPa

Од резултатите, се гледа дека за вака усвоена варијација на параметрите, тие


влијаат на крајниот резултат на аголот на внатрешно триење на масивот ϕm = 40,70 -
44o.
Понатаму, ако со вака дефинираниот дијазон на аголот на внатрешно триење на
масивот се оди во анализи на стабилноста, се добиваат дополнителни влијанија и
варирања на резултатите во одреден дијапазон. Постапката се однесува на односи на
пукнатинските системи и елементите на ископот прикажани на следните слики.
Добра илустрација на пробабилистичката техника за овој анализиран случај е
прикажана на слика 2.13. Имено, од излезот, се согледува дека иако средната
вредност на факторот на сигурност за случај без примена на заштитни мерки е
Fs=1,226, веројатноста на лом е доста висока со вредност PF=34,8%.
32
Слика бр.2.14. Приказ на дефинирање на веројатност на лом преку дистрибуција на вредност
на фактор на сигурност за тунел Света Петка при незаштитен ископ со Fs(средно)=1,226, но
доста висока веројатност на лом од PF=34,8%

Излези кои ја прикажуваат кумулативната дистрибуција на факторот на сигурност


се прикажани на слика 2.15, додека соодветни анализи на сензитивност се прикажани
на слика 2.16 и 2.17.

Safety Factor
1,2

1
Relative Frequency

0,8

0,6

0,4

0,2

0
0 1 2 3 4 5
Safety Factor

Слика 2.15. Кумулативна дистрибуција на факторот на сигунорост за аналзираниот случај

Unit Weight (t/m^3) vs. Factor of Safety

1,462

1,457
Factor of Safety

1,452

1,447

1,442
2,6 2,605 2,61 2,615 2,62 2,625 2,63 2,635 2,64 2,645 2,65
Unit Weight (t/m^3)

Слика 2.16. Анализа на сензитивност и влијание на волуменската тежина варирана


околу средната вредност врз факторот на сигурност за анализираниот случај

33
Friction Angle (deg) vs. Factor of Safety
1,49

1,48

1,47

Factor of Safety 1,46

1,45

1,44

1,43

1,42
40 40,5 41 41,5 42 42,5 43 43,5 44
Friction Angle (deg)

Слика 2.17 Анализа на сензитивност и влијание на аголот на внатрешно триење вариран околу
средната вредност врз факторот на сигурност за анализираниот случај

Очигледни се серија на влијанија кои се можни кај секој инженерски проблем, при
што конкретни примери на анализа засновани на т.н концепт на анализа Трошоци-
добивки (анг/ Cоst-Benefit).

34
3 МЕТОДОЛОГИИ ЗА АНАЛИЗА НА
ХАЗАРДИ И РИЗИЦИ ОД
СВЛЕКУВАЊЕ
3.1 ВОВЕД
Општо е познато дека свлечиштата се едни од најчестите појави на т.н. локални
пореметувања на теренот, но истовремено се сметаат и за едни од најпотценетите
геолошки харзади.
Со цел да се создадат подобри услови за проценка на хазардите и ризиците од
нив, првенствено е потребено да се применува усогласенатерминологија при нивниот
опис и карактеристики. Во овој контекст, во рамките на ова поглавие се прикажани
класификации кои се најприменувани во светот и регионот, со цел да се предложи
соодветна терминологија за нивно опишување.

Во практиката, на оваа проблематика, посебно внимание има посветено посебна


комисија формирана од Мегународната асоцијација за Инженерска геологија и животна
средина (анг. International Association for Engineering Geology and Environment-IAEG
1990).

Треба, да се спомене, дека во светската практика постојат повеќе од 200


класификации според кои можат да се групираат различните типови на поместување
на теренот. Од нив најпознати се класификациите на Almagia R., (1910); Sharpe C.F.S.,
(1938); Ippolito F.и Cotecchia V. (1954); Varnes D.J. (1958), Penta F. (1959); Hutchinson
J.N. (1968), Savage C.N. (1968), Skempton & Hutchinson J.N. (1969), Desio A. (1971),
Brugner W. и Valdinucci A.(1972), Nemcock А., Pasek Ј. и Rybar Ј. (1972), Vallario А. и
Coppola L. (1973), Nicotera P. (1975), Venzo G.A. (1976), Zolotarev(1983), Blyth F.G.H., и
Freitas M.H. (1984) и др.

Актуелни класификации кои најчесто се користат денес се предложени од:

- Varnes D.J. (1978),


- Hutchinson J.N. (1988),
- Cruden D.M. и Varnes D.J. (1996),
- Leroueil et al., (1996),
- Hungr O. et al., (2001).

Од сите овие класификации, имајќи ги во предвид јазичните ограничувања и


можностите за изнаоѓање соодветен термин на македонски јазик, најпогодна за
примена е класификацијата според Cruden D.M. и Varnes D.J. (1996). Оваа
класификација исто така е најприфатена од земјите во опкружувањето и земјите од
Европската Унија.

3.1.1. Класификација на Varnes D.J. (1978) и Cruden D.M. и Varnes D.J. (1996)

Класификацијата наVarnes D.J. претрпела неколку модификации. Во оваа


класификација како критериуми за поделба на свлечиштата се усвоени: видот на
поместување на масите и видот на материјалот кој е вклучен во процесот на

35
движење. Принципите за поделба на поместувањата се концизно прикажани во
Табела 3.1, а графички приказ на основните видови според оваа класификација е
прикажан на Слика 3.1

Табела 3.1. Поделба на свлечиштата според VarnesD.J. (1978) и Cruden D.M. и Varnes D.J.
(1996)

Вид на материјал

Вид на поместување Инженерска (градежна) почва


Основна карпа
Главно крупнозрна Главно ситнозрна

1. одронување карпест одрон дробински одрон одронување почва

карпести
2. обрушување дробински обрушувања обрушување почва
обрушувања

ротациско свлекување карпа свлекување дробина свлекување почва


3. свлекување

свлекување блокови свлекување дробински свлекување блокови


од карпа блокови од почва
транслаторно

свлекување карпа свлекување дробина свлекување почва

4. планарно ширење карпести наноси дробински наноси почвени наноси

течишта во вид на Дробински ток, земјена лавина,


5. течишта
длабоко ползење дробинска лавина ползење

6. сложени
комбинации од два или повеќе механизми на свлекување
поместувања

36
Слика 3.1. Поделба на различни видови поместувања на теренот според Varnes D.J.(1978)

Во поглед на примената на терминот основна карпа според класификацијата на


Varnes D.J. се подразбира „цврста“ маса која била интактна и на своето природно
место на појавување пред почеток на слвекувањето. Под терминот инженерска
(градежна почва) се подразбира агрегат од цврсти честички, генерално составен од
минерали и карпи, кој или бил транспортиран или формиран со распаѓање на основна
карпа. Течностите и гасовите кои ги заполнуваат празните простори преставуваат дел
од почвата. Земја претставува материјал во кој 80% или повеќе од честичките се
помали од 2 mm, горна граница на песок. Дробина содржи значителна пропорција на
крупен материјал; 20% до 80% од честичките се поголеми од 2 mm а остатокот од
масата помали од 2 mm.

37
Со последната модификација на класификацијата на Cruden D.M. и Varnes D.J.
(1996) според брзината, свлечиштата се поделени на 7 класи (табела 3.2).

Табела 3.2. Класификација на Cruden D.M. и Varnes D.J. (1996) според брзината на свлекување

Типична Брзина
Класа Опис Можно деструктивно значење
брзина (m/s)
Катастрофа со големо разрушување:
Екстремно рушење на згради поради удар на
7 5 m/секунда 5
брзо свлечиениот материал, многу жртви,
невозможно да се избега
Многу Неколку жртви, преголема брзина за
6 3 m/минута 5*10-2
брзо да се избега
Возможна евакуација: објекти, имоти
5 Брзо 1.8 m/час 5*10-4
и добра уништени
Некои временски или цврсти објекти
Средно
4 можат временски да бидат 1.3 m/месец 5*10-6
брзо
одржувани
Можно е да се превземат мерки за
санација за време на движењето,
поважни објекти може да се
3 Бавно одржуваат со чести активности 1.6 m/ година 5*10-8
доколку вкупното поместување не е
големо за време на одредена фаза
на поместување
Многу Некои постојани објекти неможат да
2 15 mm/година 5*10-10
бавно бидат оштетени од поместувањето
Незабележливо без примена на
Екстремно инструменти за мониторинг, можна
1 <15mm/година <5*10-10
бавно изградба на објекти со превземање
на мерки за предпазливост

Како екстремно брзи, многу брзи и брзи може да се јават сите поместувања од
типот на одрони и обрушувања, ротациони свлекувања на карпа и дробина, и течишта
во форма на длабоко ползење и дробинска лавина.
Треба да се знае дека брзината на движење на свлечиштата не е иста во сите
негови точки. Точната брзина и промени со текот на времето, може да се добие само со
систематско следење (мониторинг) на поместувањата во длабина и на површина на
терен, каде што вкупните износи се прикажуваат со вектори на поместување.
Бидејќи свлекувањето ретко се одвива континуално, туку почесто е со пократки или
подолги прекини, се врши и поделба на свлечиштата според активноста на процесот
(Табела 3.3).

38
Табела 3.3. Класификација на свлечиштата според нивна активност

Ознака Опис Дефиниција

1 активно свлечиште акутна состојба за време на регистрацијата

движењата во свлечиштето биле активни во текот на последните 12


2 привремено смирено
месеци, но во време на разгледување на проблемот е неактивно

3 реактивирано Претставува активно свлечиште, кое порано било неактивно

4 неактивно Свлечиштето не било активно во последните 12 месеци

Свлечиште, кое е неактивно и повеќе не се очекуваат услови да се


5 запрено
реактивира

Свлечиштето е неактивно, се развивало под дејство на климатски или


6 реликтно
геоморфолошки услови, кои се значајно различни од современите

Понекогаш процесот на свлекување може да биде смирен за подолг период кога


зборуваме за смирени или стари свлечишта. Ако е затрупано некое старо свлечиште
со друг материјал, станува збор за фосилизирани свлечишта. Чести се случаи на
повторно „оживување“, односно реактивирање на старите свлечишта. Реактивирање
настанува при нагласена промена на надворешните влијанија, посебно ако се случи
зголемено влажење при интензивни и долготрајни врнежи, топење снег, високи нивоа
на подземни води, при земјотреси, зголемени потреси и при изведба на објекти од
страна на човекот.
Според големината свлечиштата можат да бидат многу мали, мали, средни, големи
и многу големи (табела 3.4).

Табела 3.4. Класификација на свлечиштата според површина и волуменот

Класификација со опис Површина (m2) Волумен (m3)

многу мало помало од 100 помало од 100

мало 100-1000 100-5000

средно 1000-10 000 5000-100 000

големо 10 000-100 000 100 000-1 000 000

многу големо поголемо од 100 000 поголемо од 1 000 000

3.1.2. Опис и илустрација на различните видови на поместување на теренот


Познавањето на карактеристиките на секој одделен вид на свлекување е особено
значајно од аспект на правилно избирање на метод за проценка на хазардот и ризикот
од свлекување, а подоцна и при планирањето на мерките за намалување на ефектите
од слвечиштата или нивна санација. Од видот на свлекувањето зависи потенцијалната
брзина, димензиите и растојание на придвижувањето, како и можните ефекти на
свлечиштето врз објектите и соодветните мерки за санација кои би требало да се
разгледаат. Во делот кој следи се дадени илустрации и опис за секој поодделен вид на
свлекување.Приказот е одредена модификација според ...„The Landslide Handbook—A
Guide to Understanding Landslides“ од Highland M.L., USGS, и Peter Bobrowsky - GSC,
Циркулар 1325 од 2008 година.

39
3.1.2.1 Одронување
Појавување и релативна големина
Вообичаено се јавуваат на многу стрми и вертикални падини и косини, долж
морски клифови, карпести и стрми речни бокови и клисури. Волуменот на
материјалот може да варира значително и тоа од индивидуални парчиња на
карпи или почва до масивни одронувања со неколку илјадници метри кубни
во големина.
Брзина на придвижување
Многу брзо до екстемно брзо; отскокнување и тркалање на откинати карпи,
почва и самци. Брзината на тркалање зависи од наклонот на падините и
косините.
Причини за појавување
Потсекување на косините со природни процеси со дејноста на потоци и реки
Одроните се карпести или почвени
или диференцијално ветреење (на пример циклуси на мрзнење и
фрагменти кои нагло се откинуваат и
одмрзнување), техногени причини како ископ за време на изградба на
придвижуваат кон пониските делови на
патишта или одржување, или земјотреси и друга интензивна вибрација.
падина или косина. Материјалот кој паѓа
Ефекти (директни и индиректни)
вообичаено удира на пониските делови
Материјалот кој се одронува може да биде опасен по животите на луѓето.
на косината под агол помал од аголот
Одроните може да оштетат имоти кои се наоѓаат долж патеката на движење.
на паѓање што предизвикува
Блокови-самци можат да отскокнат и да се истркалат на големи растојанија
отскокнување. Може да дојде до
и да оштетат објекти или да загрозат животи на луѓето. Штетите на
раздробување на ваквиот материјал и
патиштата и железниците се особено големи. Паѓање на одронет материјал
негово тркалање на кон терени кои се
врз транспортни средства може да предизвика смрт и да блокира автопати и
наоѓаат хипсометриски пониско од
железнички пруги.
локацијата на појавување, а запира
дури кога ќе се зарамни теренот.

3.1.2.2 Обрушување

Појавување и релативна големина


Вообичаено се јавуваат паралелопипедно лачени и испукани вулкански
карпести маси, како и долж потоци и речни токови со стрми падини.
Обрушувањето може да се состои од карпи, дробина или земја. Можат да
бидат комплексни и композитни со најразлични димензии.
Брзина на придвижување
Екстремно бавно до екстемно брзо; понекогаш забрзуваат во текот на
движењето зависно од поминатото растојание
Причини за појавување
Понекогаш обрушувањето е иницирано од гравитацијата и тежината на
материјалот кој се наоѓа над поместената маса. Понекогаш се јавува
Обрушување се дефинира како ротирање поради вода или замрзнување во пукнатините на карпестата маса,
нанапред на карпест или почвен вибрации, потсекување и дифенрецијално распаѓање, ископ, ерозија.
материјал од одредена падина или косина Ефекти (директни и индиректни)
околу точка или оска на ротација под Можат да бидат екстремно деструктивни, особено кога ломот е ненадеен
центарот на рамнотежа на поместената и/или брзината е голема.
маса.

40
3.1.2.3.1 Свлекување (ротационо)

Појавување и релативна големина


Бидејќи вообичаено се јавуваат во хомогени материјали, тие се најчестиот
вид на свлекување во „насипани“ материјали. Се поврзуваат со падини чиј
наклон е помеѓу 20-40. Во почви, рамнината на свлекување генерално има
однос длабина/должина помеѓу 0.3-0.1. Ако поместувањето е ротационо и
има неколку паралелни рамнини на свлекување тогаш се нарекува
спуштање.
Брзина на придвижување
Екстремно бавно (помалку од 0.3 m на 5 години), средно брзо (1.5m на
месец), до брзо.
Причини за појавување
Интензивни и/или продолжени врнежи или брзо топење на снег доведува
Свлекување (ротационо) се јавува во до заситување на падините и покачено ниво на подземната вода во
форма на лажица (рамнината на теренот; брзи спуштања на нивото на реките после поплави, покачување
свлекување) и поместувањето е на ниво на подземна вода како резултат на заполнување на резервоари,
ротационо околу оската која е паралелна или покачување на нивото на водата во потоци, реки и езера, што може да
на контурата на падината или косината. предизвика ерозија во ножицата на падините. Може да бидат иницирани и
Поместената маса под одредени услови од земјотрес.
може да се движи релативно кохерентно Ефекти (директни и индиректни)
долж рамнината на свлекување со мали Можат да бидат екстремно деструктивни за објекти, патишта,
внатрешни деформации. Челото на водоснабдителни и енергетски системи, но вообичаено не го загрозуваат
поместениот материјал може да се движи животот на луѓето ако се бавни. Објектите кои се сместени на масата која
речиси хоризонтално надолу, а горната се движи можат да бидат значително оштетени како што масата се ротира
површина на поместениот материјал и деформира. Доколку станува збор за поголема маса, многу е тешко
може да се заротира назад кон челото перманентно да се стабилизира. Овој вид на свлекување може да
(лузната). резултира и со блокирање на водени текови и да предизвика поплавување.

3.1.2.3.2 Свлекување (транслаторно)

Појавување и релативна големина


Ова се едни од најчестите видови на свлекување. Транслаторните
свлекувања вообичаено се случуваат долж геолошки дисконтинуитети како
раседи, пукнатини, слојни површини или на контактот помеѓу почвата и
рамн. основната карпа. Генерално се поплитки од ротационите свлекувања.
на свл. Рамнината на свлекување има однос длабина/должина помалку од 0.1, а
според големината може да бидат мали до регионални свлечишта широки
и по неколку km.
ножица Брзина на придвижување
Иницијално поместувањето може да биде бавно (1.6m на година), но многу
свлечишта се со средна брзина (1.3m на месец) до екстремно брзи. Со
зголемување на брзината, масата која се свлекува може да се
Свлекување (транслаторно). Масата се
дезинтегрира и да се развие во дробинска лавина.
движи надвор од падината, или надолу и
Причини за појавување
нанадвор долж релативно планарна
Интензивни врнежи, покачено ниво на подземната вода во масата на
површина со мало ротационо движење
свлечиштето поради врнежи, топење на снег, поплавување и друг доток на
или извивање наназад. Се развиваат
вода од наводвуање, или течење од канализација и водовод; потсекување
преку значителни растојанија доколку
на косини при изведба на објетки од различен карактер. Може да биде
површината на свлекување е доволно
иницирани и од земјотрес.
наклонета, спротивно на ротационото
Ефекти (директни и индиректни)
свлекување каде постои природна
Овој вид на слвекување иницјлано може да биде бавен, со нанесување на
предиспозиција за постигнување на
штета на имоти и/или енергетски системи; во некои случаеви може да
рамнотежа. Материјалот може да биде
добијат на брзина па да бидат опасни по животот на луѓето. Свлекувањето
претставен од растресити
може да резултира и со блокирање на водени текови и да предизвика
неконсолидрани почви до екстензивни
поплавување.
плочи на карпи.

41
3.1.2.4 НАНОСИ (ПЛАНАРНО ШИРЕЊЕ)

цврста глина

Појавување и релативна големина

Најчести се во терени подложни на ликвифакција. Исто така и во


сеизмички активни области. Областа зафатена со поместувањата на
мека глина со
песок. просл. и почетокот може да биде мала и да има неколку пукнатини кои може да
основна карпа подземна вода се рашират доста брзо и да се загрози подрачје со ширина од неколку
стотина метри.

Брзина на придвижување
Наноси (планарно ширење).
Вообичаени се на многу благи падини Можат да бидат бавни до срено брзи а некогаш брзи, особено после
или во основа рамен терен, особено на одредена причина за појавување како земјотрес. Масата може полека
места каде горниот слој на почва или да се рашири со текот на времето од неколку mm2 на ден до 10тина m2
карпа е подложен на екстензија и се на ден.
движи врз помек, послаб слој. Вакви
случаеви се вообичаено придружени Причини за појавување
со некое генерално тонење во
Факторите кои можат да го дестабилизираат слабиот слој опфаќаат:
помеките слоеви од подината. Кај
ликвифакција на послабиот слој поради земјотрес; природно или
карпестите вариетети, цврстата земја
антропогено претоварење на теренот над некоја нестабилна косина;
се расширува и распукува, одвојувајки
заситување на послабиот слој од подината поради врнежи, топење на
се полека од стабилниот дел и движи
снег и/или промена во нивото на подземната вода; пластична
врз помекиот слој без задолжително да
деформација на нестабилниот материјал во далбина (на пример сол,
формира препознатлива површина на
гипс).
свлекување. Помеката, послаба
единица, може по одредени услови да
Ефекти (директни и индиректни)
се втисне нагоре во пукнатините и да
ја раздвои масата во блокови. Кај Може да настане голема штета на имотот, згради, патишта, железници
почвените наноси, горниот стабилен и дистрибутивни системи. Може да се рашири доста бавно или брзо,
слој се протега врз послаба единица во зависност од степенот на водозаситеност на различните почвени
која е во „втечната“ состојба после слоеви. Планарното ширење може да биде предвесник на свлекување
ликвифакција или пластична од видот на земјени лавини.
деформација. Доколку послабата
единица е релативно дебела,
распуканите блокови од кровината
може да се втиснат во нејзе, да се
движат транслаторно, да ротираат и
распаѓаат на помали делови, дури и да
се втечнат

42
3.1.2.5.1 ТЕЧИШТА (ДРОБИНСКИ ТОК)

Појавување и релативна големина

Се јавуваат во стрмни јаруги и кањони; може да бидат интензивирани


на денудирани, опожарени или дефорестирани површини. Вообичаени
се во вулкански области со слаби почви.

Можат да бидат со мала длабина и водозаситени или дебели со


седимент и дробина и вообичаено се ограничени со димензиите на
стрмите јаруги кои го овозможуваат нивното движење надолу.
Генерално овој вид на поместување е релативно плиток а досегот на
материјалот кој се свлекува е долг и тесен, понекогаш со протегање од
Дробински ток. Фрома на брзо неколку километри на стрми терени. Дробината и калта вообичаено
движење на материјал во кој завршуваат во ножицата на падините и формираат триаголни наслаги
растресена почва, карпии понекогаш во форма на лепеза (форма на пролувијална лепеза) кои исто така
органска материја се комбинираат со може да бидат нестабилни
вода и формираат кашеста маса која
Брзина на придвижување
тече долж падините. Неформално и
несоодвено се нарекуваат токови на
Можат да бидат екстремно брзи 50-60km на час во зависност од
„кал“ поради големата количина на
конзистенцијата и наклонот на падината.
ситнозрн материјал кој може да биде
присутен во масата. Повремено Причини за појавување
ротационо или транслаторно
свлекување ке добие на брзина при Дробинските токови се вообчаено предизвикани од интензивни
што се губи внатрешната кохезија или површински дотекувања на вода, поради интензивни врнежи или брзо
се зголемува содржината на вода, при топење на снег, што ги еродира и мобилизира растреситите почви и
што преминува во дробинска лавина. карпи на стрми падини. Исто така, доста често се мобилизираат и од
Понекогаш може да се јават суви други видови на слвекување кои се јавуваат на стрми падини, скоро
лавини во неврзани материјали целосно се заситени, и се состојат од голема пропорција на материјал
(песок). Овој вид на свлекување може со гранулација на прашина и песок.
да биде опасен по животот на луѓето
бидејки се доста брзи и се јавуваат без Ефекти (директни и индиректни)
предупредување.
Можат да бидат девастирачки поради нивното брзо појавувањ и
развивање, големата брзина на поместување, и фактот дека можат да
носат големи блокови и други парчина дробина. Можат да поместат
објекти со големина на куќа или да заполнат објекти со брза
акумулација на седимент и органска материја. Можат да влијаат на
квалитетот на водата поради нанесување на големи количини на
прашина и дробина.

43
3.1.2.5.2 ТЕЧИШТА (ДРОБИНСКА ЛАВИНА)
Појавување и релативна големина
Се јавуваат во стрмни терени; исто така и кај стрми вулкани, при што
се движат во дренажните патеки. Познати се лавини кои можат да
транспортираат блокови со големина до 3 km, на растојание од
неколку km од нивниот извор.

Брзина на придвижување
Брзи до екстремно брзи; и до 100m на секунда.

Причини за појавување
Постојат два типа на дробински лавини „ладни“ и „топли“. За ладни се
сметаат лавините кои резултираат поради нестабилни падини, како на
Дробинска лавина. Во основа се пример кај раздробени падини на стрм терен или со дезинтеграција на
големи, екстремно брзи често на основна карпеста маса за време на појава на поместување од видот на
отворени падини токови, формирани свлекување при негово движење надолу со голема брзина. Во тој
кога една нестабилна падина момент, масата може да се трансформира во дробинска лавина. Топла
лавина е она која е резултат на вулканска активност.
доживува лом и резултирачките
фрагментирани материјали брзо се Ефекти (директни и индиректни)
транспортираат надвор од падината. Дробинските лавини можат да патуваат неколку km пред сопирање,
Во некои случаеви, снег и мраз ке или можат да се трансформираат во поводозаситени токови кои можат
допринесат за придвижувањето да продолжат да се движат уште десетици km низводно. Таквите
доколку има доволна содржина на ломови може да поплават цели градови и села или да го нарушат
квалитетот на потоците.
вода.

3.1.2.5.3 ТЕЧИШТА (ЗЕМЈЕНА ЛАВИНА)


Почетна
Појавување и релативна големина
позиција Земјените лавини се јавуваат во региони каде во подината има ситно-
зрнести почви или многу распаднати карпи. Свлекувања или планарно
ширење при поместувањето во пониските делови може да преминат во
земејени лавини.
Големината може да варира од 100 m2 до големи настани од неколку
km2. Длабината на лизгање може да биде од плитка до неколку
десетина метри.
Течиште
Брзина на придвижување
Многу бавни до многу брзи.
Земјена лавина. Може да се јават на
зарамнети до благо наклонети падини, Причини за појавување
вообичаено во ситно-зрнести почви Најчеста причина за појавување е заситување на почвата при
(глини и прашини), но исто така и во пролонгирани интензивни врнежи или топење на снег, брзо спуштање
многу распаднати, основни карпи на нивото на подземна вода, ерозија со потоците во ножицата на
богати со глиновити минерали. Масата падината, ископ и градежни активности, прекумерно товарење на
во една земјена лавина се движи како падината, земјотреси или вештачки стоворени вибрации.
пластичен или вискозен тек со силни
внатрешни деформации. Ефекти (директни и индиректни)
Свлекувањето се интензивира кај Брзи земјени лавини може да деградираат големи области на рамен
челото - ретрогресивно. терн кој се наоѓа над падината и може да дојде до поместување на
материјалот на големи растојанија, што потенцијално може да
резултира со човечки жртви, деструкција на згради и линеарни линиски
инфраструктурни објекти, преградување на реки со резултат
поплавување на возводниот дел од теренот и проблеми со
закаллување низводно. Побавните земјени лавини можат да оштета
имоти и лиенарна инфраструктура.

44
3.1.2.5.4 ТЕЧИШТА (ПОЛЗЕЊЕ)

накривени стебла
Појавување и релативна големина

Ползењето е веројатно најчестиот вид на свлекување во светот и


често претходи на побрзите и поопасни видови на свлекување.
Постојат три основни типови на ползење: сезонски-(поместувањето е
во длабина на почвата зафатена од сезонските промени на влага и
накривен
Набори на температура); постојани-(каде напрегањата на смолкнување постојано
ел. столб
почвата
ја надминуваат јакост на материјалот); и прогресивни-(каде падините
изместена ја достигнуваат точката на лом за други видови на поместување на
одграда теренот). Тешко е да се одредат границите на просторот зафатен со
ползење.

Брзина на придвижување
Ползење. Се состои од незамисливо
Многу бавни до екстремно бавни. Вообичаено помалку од 1м за 10
бавно, постојано придижување на
години.
почвени или карпести падини.
Поместувањето е условено од
Причини за појавување
внатрешните напрегања на
смолкнување кои се доволни да За сезонско ползење најчести причини се врнежи и топење на снег,
предизвикаат деформации но додека за останатите видови на ползење постојат бројни причини:
недоволни да предизвикаат лом. Може физичко-хемиско распаѓање, пукнати цевки, слаба дренажа, неправила
да биде регионално (до 10 km2) или градба итн.
ограничено на мали простори.
Ефекти (директни и индиректни)

Бидејки е тешко да се детектираат поради бавноста, ползењето


некогаш не може да се препознае при оценување на погодноста на
одреден терен за градење. Ползењето може бавно да искине цевки,
оштети згради, автопатишта, огради, итн, и може да доведе до
подрастични поместувања на теренот и подеструктивно и побрзо
поместување.

3.1.3. ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗА ОПИШУВАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА СВЛЕЧИШТА


СПОРЕД IAEG 1990 ГОДИНА
Од страна на комисијата на Меѓународното друштво за инженерска геологија
(IAEG) во 1990 година предложена е терминологија за означување на основните
елементи на поместувањата од видот на свлекување (ротационо и транслаторно).
Оваа терминологија се препорачува при описот на овој вид свлечишта и кај нас
според податоци во табела 3.5, слика 3.2, а за димензиите на свлечиштата да се
користи според табела 3.6.

45
Табела 3.5. Основни елементи на поместувања од типот на свлекување (ротационо и
транслаторно), наноси (планарно ширење) и течишта

Ознака Име Дефиниција

Практично непореметен материјал, се спојува со највисоките


1 Чело (круна)
делови на челната пукнатина (2)

Главна челна Стрмна површина на непореметената почва во горниот дел на


пукнатина свлечиштето формирана при движење на покренатата маса (13)
2
преку непореметената почва; таа го претставува видливиот дел
(скок) на површината на свлекување (10)

Највисока точка на контакт меѓу придвижениот материјал (4) и


3 Врв
челна пукнат. (2)

Глава на Горен дел на свлечиштето по должина на контактот меѓу


4
свлечиштето придвижениот материјал и главната челна пукатнина (2)

Секундарна Стрмна површина во придвижениот материјал на свлечиштето,


5
пукнатина настаната со нерамномерното движење внатре во неговото тело

Дел од придвижениот материјал, кој се наоѓа над свлечишната


Тело (стомачен дел)
6 површина меѓу челната пукнатина (2) и подината на површината
на свлечиштето
на свлекување (11)

Дел од свлечиштето, кое е навлечено преку подината на


Јазик на
7 површината на свлечување (11) и лежи преку природната
свлечиштето
површина на теренот

Најоддалечена точка од врвот на свечиште (3) која се наоѓа на


8 (Ножица)
неговата подина(9)

Зона на ножица или Долен, обично криволиниски завршеток на придвижениот


9 стапало (дно) на материјал на свлечиштето, најоддалечен дел од главната челна
свлечиштето пукнатина (2) до крајот на свлечиштето (8)

Површина што се образува на долната граница на телото на


Површина (зона) на
10 свлечиштето (6), односно на придвижениот материјал (13) над
свлекување
основната стабилна зона од теренот

Дно на површината Пресек (обично покриен) меѓу долниот дел на површината на


11
на свлекување свлекување (10) и првобитната површина на теренот

Дел од првобитната површина на теренот покриен со јазикот (7)


12 Разделна површина
на свлечиштето

Придвижена маса на падината од својата првобитна положба


Придвижен
13 при активирање на свлечиштето; формирана од придвижената
материјал
(17) и акумулираната маса (18)

Зона на
Простор во свлечиштето, внатре во кој придвижениот материјал
14 пренесување на
(13) лежи пониско од првобитната положба на теренот
материјалот

Дел од свлечиштето во чија внатрешност придвижениот


15 Зона на акумулација
материјал се наоѓа преку првобитната површина на теренот (20)

46
Зона на слегање на Волумен, ограничен со челната пукнатина (2), површината на
16
материјалот придвижена маса (17) и првобитната површина на теренот (20)

Волумен на придвижен материјал (13) кој се наоѓа над зоната на


17 Поместена маса свлекување (10), но пониско од првобитната површина на
теренот (20)

Акумулиран Волумен на придвижен материјал (13) кој лежи преку


18
материјал првобитната површина на теренот (20)

Крила на
19 Неподвижен материјал на бочните страни на свлечиштето
свлечиштето

Првобитна
Површина на падина која постоела пред почетокот на
20 површина на
лизгањето
теренот

20

20

Слика 3.2. Основни елементи на свлечиште според комисија на IAEG, 1990 година

47
Табела 3.6. Основни димензии на поместувања од типот на свлекување (ротационо и
транслаторно)

Ознака Име Дефиниција

Ширина на Најголема ширина на придвижената маса, попречно на


Wd
придвижената маса должината Ld

Ширина на
Најголема ширина меѓу боковите на свлечиштето, попречно на
Wr свлечувачката
должината Lr
површина

Минимално растојание од крајот (ножицата) до круната на


L Вкупна должина
свлечиштето

Должина на Минимално растојание меѓу крајот на свлечиштето (8) до врвот


Ld
придвижената маса (3)

Должина на
Минимално растојание од дно на површината на свлекување
Lr површина на
(11) до круната на свлечиштето
свлечување

Дебелина на Максимална дебелина на придвижената маса, измерена


Dd
придвижената маса нормално на површината на која се наоѓаат Wd и Ld

Длабочина до Максимална длабочина на површината на свлекување која се


Dr површината на наоѓа под природната површина на теренот измерена нормално
свлекување на рамнината во која се наоѓаат Wr и Lr

Волумен на
V 1/6 p Dr .Wr . Lr
свлечиштето

Кај поместувањата од видот на одронување и обрушување опишувањето на истите


е едноставно со дефинирање на големината на откинатиот блок, или дефинирање на
големината на откинатиот материјал во ножицата на анализираната падина изразена
во m3. Кај ваквите видови на поместување освен големината на откинатата маса од
основно значење е и познавањето на зачестеноста на појавите за што треба да се
обрати големо внимание.
Кај видовите на поместување како наноси (планарно ширење) и течишта се
опишува геолошкиот состав на материјалот, големината, траекторијата и брзината на
движење.
Во одредени случаеви, нестабилни појави кои во почетокот се развиваат како
бавни течишта (ползење) може брзо да го сменат механизмот и да се трансформираат
во лавини од различен карактер (на пр. дробински ток-во дробинска лавина или
ползење во земјена лавина), што треба да се има во предвид при класификацијата.
Во праксата доста чести се и сложените поместувања кои се резултат на
комбинација од два или повеќе механизми на свлекување. Ваквите случаеви треба
посебно да се изучуваат бидејки можат да бидат карактеристични само за одредени
региони, а тоа подразбира примена на методологија за проценка на подложноста и
хазардот од свлекување која е соодветна само за дадениот регион.

48
Како посебна категорија треба да се издвојуваат и појавите на камено-снежни
лавини, кои се карактеристична појава за одредени планински региони во светот, а
поретко се јавуваат и во Р. Македонија.
За практични потреби, особено важно е да се изврши поделба на појави кои се
случиле на природни падини и појави кои се случиле на вештачки косини (насипи,
засеци и усеци за железнички пруги, автопатитшта, регионални патишта, објекти итн.).

3.1.4. ДЕСКРИПТОРИ ЗА ПОДЛОЖНОСТ НА СВЛЕКУВАЊЕ


Во светски рамки, за да се постигне соодветна компатибилност на описот за
степенот на подложност, хазард и ризик, се користат универзално прифатени
дескриптори. Во текстот кој следи и табелите од 3.7 до 3.10 прикажани се соодветните
дескриптори за степенот на подложност, хазард и ризик при зонирањето на
свлечиштата пропратени со соодветни коментари.
Табела 3.7. Дескриптори за картирање на подложност од свлекување

Мали свлечишта до
Дескриптори на Одрони 1000m3 Големи свлечишта на
подложноста на природни падини природни падини
(a) Квантитативни дескриптори на подложноста
Сумирање на
Геомеханички класификации допринесувачки фактори
Релативни
(SMR, RMS) добиени од техники за
обработка на податоци
Вредности на
Вредности на факторот на Вредности на факторот
факторот на сигурност
Апсолутни сигурност FS од модели на на сигурност FS од
FS од модели на
стабилноста модели на стабилноста
стабилноста
(б) Квалитативни дескриптори на подложноста
Присуство или отсуство на
Присуство или
потенцијални фактори за
Број на свлечишта на отсуство на свлечишта
развој за нестабилност
km2 и нивен степен на
Геоморфолошки (пукнатини, неповолен наклон
зачуваност
анализи на на пукнатини)
теренот Присуство или
Процент од областа
Густина на лузни на карпеста отсуство на
покриен со наслаги од
падина индикатори за
свлекување
активност
Преклопување на
Карта со Преклопување на индексни
индексни карти со или
индекси или карти со или без додавање на
без додавање на
параметри тежински коефициенти
тежински коефициент

Ако се примени квалитативен пристап, подложноста може да се дефинира со


неколку класи на подложност, најчесто: >0.5; 0.1 до 0.5; 0.01 до 0.1; и <0.01 за висока,
средна, ниска и многу ниска подложност, соодветно.

Резултатите од квантитативната проценка на подложноста можат да бидат или


релативни или апсолутни. Со примена на техники за обработка на податоците најпрвин
се проценува релативното значење на секој од параметрите, а потоа се бара
најдобрата нивна комбинација со која може да се објасни просторната дистрибуција на
постоечките свлечишта. Резултатите за подложноста добиени со овие техники се
рекласифицираат за да се добијат класи на подложност (најчесто висока, средна и
ниска). Апсолутната подложност може да биде проценета со примена на
детерминистички пристапи, како што се моделите за пресметка на факторот на
сигурност Fs.
49
3.1.5. ДЕСКРИПТОРИ ЗА ЗОНИРАЊЕ НА ХАЗАРД ОД СВЛЕКУВАЊЕ
Начинот на кој се опишува хазардот од свлекување зависи од видот на
свлечиштата. За мали свлечишта и одрони хазардот се опишува како број на
свлечишта по должина од областа на нивно генерирање/годишно, или како број на
свлечишта по km2 oд областа на нивно генерирање/годишно. За големи свлечишта
хазардот од свлекување е опишан како годишна веројатност од активно свлекување,
или за активни свлечишта годишната веројатност дека движењето ќе надмине
дефинирано растојание, т.е. годишната веројатност дека поместувањето на
свлечиштето ќе го надмине дефинираното растојание. Во табела 3.8 се дадени
препорачаните дескриптори за највообичаените сценарија за одрони и свлечишта.
Описот на хазардот вклучува класификација и големина (или површина) на
свлечиштата.

Табела 3.8. Дескриптори за зонирање на хазард од свлекување

Одрони од природни
Свлекувања на усеци Мали свлечишта Индивидуални
Дескриптор на падини и насипи на патишта на природни свлечишта на
хазардот
или железници падини природни падини
или вештачки косини

Годишна
Број/годишно/ км од
број/годишно/ км од веројатност за
природна падина или број/km2/годишно
усек или насип активно
вештачка косина
свлекување

многу висок >10 >10 >10 >10−1

висок 1 до 10 1 до 10 1 до 10 10−2

среден 0.1 до 1 0.1 до 1 0.1 до 1 10−3 до 10−4

низок 0.01 до 0.1 0.01 до 0.1 0.01 до 0.1 10−5

многу низок <0.01 <0.01 <0.01 <10−6

3.1.6. ДЕСКРИПТОРИ ЗА ЗОНИРАЊЕ НА РИЗИК ОД СВЛЕКУВАЊЕ


Во табела 3.9 се прикажани дескриптори за зонирање на ризикот со користење на
критериум-загуба на живот. За ризик од загуба на имот најчесто се користи табела 3.10
Зонирањето на ризикот зависи од хазардот, елементите изложени на ризик и
контролните фактори.

Табела 3.9. Дескриптори на зонирање на ризик (критериум-загуба на живот) по AGS (2007)

Годишна веројатност за смрт на личност изложена на Дескриптор на зонирање на


најголем ризик во зоната ризикот
>10−3/годишно многу висок
10−4 до 10−3/ годишно Висок
10−5 до 10−4/ годишно Среден
10−6 до 10−5/ годишно Низок
<10−6/ годишно многу низок

50
Табела 3.10. Дескриптори на зонирање на ризик (критериум-загуба на имот) според AGS (2007)

Последици по имотот (со индикативно приближно


Веројатност
чинење на штетата)(1)(3)
Индикативна 1: 2: 3: 4: 5:
вредност на Катастрофални Големи Средни Mали Незначителни
приближната
годишна 200% 60% 20% 5% 0.5%
веројатност
A — речиси
10− 1 VH VH VH H M или L(2)
сигурна
B — извесна 10− 2 VH VH H M L
−3
C — можна 10 VH H M M VL
−4
D — неизвесна 10 H M L L VL
−5
E — ретка 10 M L L VL VL
F — едвај
10− 6 L VL VL VL VL
можна
Забелешки: (1) Како процент од вредноста на имотот.

(2) за келијата C5, може да биде поделена така да последица помала од 0.1% е
низок ризик

(3) L-низок, M среден, H висок, VL многу низок, VH многу висок

3.2. АКТИВНОСТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ ПРИ ЗОНИРАЊЕТО НА


СВЛЕЧИШТАТА
Од основно значење за сите нивоа на зонирање е детално да се познаваат
факторите и процесите кои водат до развој на нестабилни појави. Т

ука спаѓа геологијата со нејзините инженерско-геолошки аспекти,


геоморфологијата, хидрогеологијата, механиката на почви и карпи. Во овој контекст
прикажани се потребните активности кои треба да се превземат за дефинирање на
катастар, подложност хазард и ризик, а за соодветно ниво на зонирање.

3.2.1. КАТАСТАР НА СВЛЕЧИШТА


Катастарот на свлечишта е основен дел од било која анализа поврзана со
зонирање на свлечишта. Катастарот дава информации за локација, класификација,
волумен, растојание на движење, состојба на активност и датум на појава на
свлекувањата. Во табела 3.11 се дадени активностите потребни за формирање на
катастар на свлечишта.

51
Табела 3.11. Активности кои е потребно да се спроведат при подготовка на катастар на
свлечишта

Ниво на Активности
зонирање

Основно Подготовка на катастар на свлечишта од аероснимки и/или сателитски снимки, и со


картирање од историски белешки. Катастарот вклучува локација, класификација, волумен
(површина) и датум на свлекувањата (ако е познат)

Идентификација на односот помеѓу топографијата, геологијата и геоморфологијата

Приказ на сите информации на катастарски карти на кои исто така се прикажани


изохипси, граници на имоти, мрежа на картата, патишта и други важни карактеристики
како потоци и водени токови

Средно Истите активности од основно ниво како и,

Препознавање на различните делови од свлечиштата

Картирање на карактеристиките и границите на свлечиштата

Собирање и проценка на историските информации за активноста на свлекувањето

Анализа на начинот на кој се користело земјиштето во минатото со цел да се открие дали


човечките активности имале влијание врз развојот на свлечиштата

Напредно Истите активности од средно ниво како и,

Подготовка на катастар на геотехнчики податоци

Имплементација на истражувњата за подобро да се дефинираат геотехничките услови

Геотехничка анализа за да се разберат процесите на нестабилност на падините

Регистрирање на периодичните реактивации на истиот хазард и временско појавување на


специфични иницирачки фактори за да се обезбедат периодични податоци кои можат да
се користат при напредни пристапи за валидација

3.4.2. ЗОНИРАЊЕ НА ПОДЛОЖНОСТА НА СВЛЕКУВАЊЕ


Зонирањето на подложноста на свлекување опфаќа класификација, волумен (или
површина) и просторна дистрибуција на постојните и потенцијалните свлечишта во
областа која е предмет на анализа. Исто така, може да опфати и опис за растојанието
на придвижувањето, брзината и интензитетот на постојното или потенцијалното
свлекување. Во табела 3.12 се дадени активностите кои се потребни за да се
карактеризираат потенцијалните свлечишта, нивната просторна дистрибуција во
областа која се зонира, и нивниот однос со топографијата, геологијата и
геоморфологијата. Во табела 3.13 се дадени активностите кои се потребни за да се
процени растојанието на придвижување и брзината на потенцијалните свлечишта.

Резултатите од зонирањето на свлекувањето треба да резултираат со подготовка


на соодветни карти и тоа:

- Карта со катастар на историски свлечишта, со прикажана локација и површина


(или број на свлекувања, на пр. за одрони) на изворот на свлекувањето; која е
можната патека на патување на откинатиот материјал; или за поголеми
свлекувања активноста или брзината на свлекување.
- Карти во ист размер каде се прикажани условните фактори за формирање на
52
состојба на нестабилсот: на пр. топогафија и топографски единици, падина,
сливни подрачја, литолошки единици, вештачки градби, вегетативна покривка,
користење на земјиштето, итн.
- Во области со потенцијал за појава на плитки свлечишта и течишта, картата се
подготвува за површинските формации (колувиум, мил, алувиум, резидуални
почви итн.) бидејќи овие типови на свлекување вообичаено се јавуваат во овие
формации. Сепак, овие формации се со ограничено протегање и таква карта
треба да се подготвува само во крупен размер.
- Каде е соодветно, да се подготви карта која го прикажува растојанието на
придвижување како максимална вредност или квантифицирано.
- Карта на која се даваат интерпретирани области со зонирање според
подложноста. Оваа карта треба да ја прикажува топографијата и катастарските
информации како и класификациите за зонирање на подложноста за областа
која се картира.

Во некои случаеви може да се изврши синтетизирање на сите податоци на една


иста карта, но често ова ќе биде непрегледно до неупотребливо па најсоодветно е да
се користат посебни карти како што е наведено погоре.

Табела 3.12. Активности за зонирање на подложноста на свлекување

Ниво на зонирање Активности

Подготовка на геоморфолошка карта(1)

Подготовка на карта со катастар на свлечишта како што е опишано во табелата 8 (1)

Пресметки на процентот (%) на вкупниот број на свлечишта за секоја класа на


подложност, (%) на областа загрозена од свлечишта за секоја класа и (%) од секоја
класа во споредба со вкупната површина на истражување и класификација според
табела 4

Основно Поврзување на појавата на свлекување со геологијата и наклонот за да се обележат


зоните подложни на слвекување

За регионално зонирање, корелирање на појавата на свлекување со врнежите или


топењето на снегот, и/или сеизмичките товари

Подготвка на карта со зонирање на подложноста на свлекување суперимпонирана на


топографијата, и пропратена со соодетна легенда

Имплементација на податоците и картата во GIS (препорачливо)

Истите активности од основно ниво како и

Одредување на основните класификации на почвата и длабочините во областа на


истражување

Класификација на повеќе комплексни теренски единици. Квалитативен рејтинг на


Средно
областите подложни на свлекување базирано на техники на преклопување

Развивање на квалитатвни рејтинзи (често релативни рејтинзи) за областите подложни


на свлекување базирано на техники на третирање на податоците

Имплементација на податоците и картата во GIS (препорачливо)

Истите активности како средно ниво како и


Напредно
Детално картирање и геотехнички истражувања за спознавање на механизмот на

53
свлекување, хидрогеологијата и изведба на анализи на стабилноста

Изведба на анализа со тетирање на податоците (дискриминатни невронски мрежи,


пробабилистичка (fuzzy) логика, логистичка регресија, итн.) и развој на квантитативен
рејтинг за добивање класи на подложност

Изведба на детерминистички и/или пробабилистички анализи на стабилноста

Имплементација на податоците и картата во GIS (препорачливо)

Забелешка: (1) Катастарот на нестабилни појави и геоморфолошкото картирање треба да бидат изведени
на средо или напредно ниво за изведба на средно или напредно ниво на зонирање на подложноста

Табела 3.13. Активности за проценка на растојанието на придвижување и брзината на


потценцијални свлечишта

Метод за Активности
анализа на
растојанието на
придвижување и
брзината

Собирање и проценка на историски информации за растојанието на


придвижување и брзината на случени свлечишта

Проценка на ограничувањето на растојанието на придвижување од


геоморфолошки податоци и стари наслаги од свлечишта
Основно
Проценка на веројатнатото растојание на придвижување и брзина од
прегледот на видовите на потенцијалните свлечишта, геологијата и
топографијата

Врз основа на овие податоци се проценува границата (најголемото) можно


растојание на придвижување за секој вид на потенцијално свлечиште

Истите активности од основно ниво како и

Проценка на веројатните механизми на свлекување и класификација на


почвите во свлечиштата

Средно Примена на емпириски методи базирани на аголот на растојанието на


движење или агол на сенка за процена на растојанието на придвижување како
надополнување за несигурноста во емприсиките методи и влезните податоци

Процена на брзината од потенцијалната енергија и растојанието на


придвижување со примена на едноставни модели на лизгачки блок

Истите активности од средно ниво како и

Истражување на геотехничките карактеристики на материјалите на падините за


Напредно примена во нумеричките модели

Примена на нумерички модели за моделирање на растојанието на


придвижување и брзината

54
3.4.3. ЗОНИРАЊЕ НА ХАЗАРДОТ ОД СВЛЕКУВАЊЕ
Во табелите 3.14 и 3.15 се дадени активностите кои се потребни за да се процени
фрекфенцијата на одрони, свлекувања на вештачки косини (во засеци и усеци), насипи
и потпорни ѕидови, како и за мали и за големи свлечишта соодветно.

Табела 3.14. Активности за проценка на фрекфенцијата на одрони, косини во засеци и усеци,


насипи и потпорни ѕидови, и мали свлечишта на природни падини
Метод за Активности
проценка на
фрекфенцијата

Пресметка на фрекфенцијата врз основа на релативната свежина на


морфолошките карактеристики на литиците-лузните и наслагите од
свлечиштата, при тоа земајќи ги во предвид активните геоморфни настани (на
пр. поткопување на падина со речна или морска ерозија)

Основен Пресметка на фрекфенцијата врз основа на интерпретацијата на бројот на


свлечишта од аеро-фотографии снимени во познати временски интервали

Проценка на историската фрекфенција на одрони, свлечишта на вештачки


косини, насипи или потпорни ѕидови, или мали свлечишта на природни падини
од основни инцидентни бази на податоци

Истите активности за основен метод како и


проценка на историската фрекфенција на одрони, свлечишта на вештачки
косини, насипи или потпорни ѕидови, или мали свлечишта на природни падини
Среден од инцидентни бази на податоци. Таму каде што е соодветно да се подготват и
користат криви со магнитуда на фрекфенцијата

Користење на споредни податоци како „тивки“ сведоци (на пр. штета на дрвјата
и дендрохронологија)
Подетална анализа на врнежите вклучувајќи ги ефектите на претходни врнежи,
интензитет на врнежите и траење на појавата на свлечишта (или прагот на
појавување) на голем број на свлечишта

За сеизмички иницирани свлечишта, да се поврзе појавата на свлекување со


сеизмичкиот товар, вклучувајќи го и максималното земјино забрзување PGA и
Среден магнитудата на земјотресот со помош на емпириски методи

Истите активности за среден метод како и

Проценка на геотехничките параметри на почвите. Моделирање на факторот


на сигурност врз основа на геотехничките параметри и фрекфенцијата на
врнежите или пиезометарските податоци
Напреден
За сеизмички иницирани свлечишта, да се анализраат поместувањета со
примена на Newmark тип на анализи и за почви подложни на ликвифакција,
веројатноста за појава на ликвифакција и течење на ликвифицираниот
материјал

55
Табела 3.15. Активности за проценка на фрекфенцијата на свлекување на големи свлечишта на
природни падини

Метод за Активности
проценка на
фрекфенцијата

Проценка на историската фрекфенција на свлекување од инцидентна база на


податоци вклучувајќи индикатори за активноста како напукнати згради,
поместени одгради, извиткани дрвја
Основен
Проценка на фрекфенцијата од геоморфолошки докази како свежината на
лицето на литиците и други површински каракетристики поврзани со
движењето на свлечиштата, користејќи субјективна проценка

Истите активности за основен метод како и

Како погоре и користење на споредни податоци како датирање со Јаглерот C14,


датирање со бактерии на вегетацијата затрупана со свлекувањето, или во
подигнати речни тераси во долини кои можеби биле блокирани од
свлекувањата

Поврзување на историјата од свлекувањето со интензитетот на врнежите и


времетраењето на претходните врнежи (пред свлекувањето), или со топењето
Среден
на снегот

Проценка на веројатноста за сеизмички индицирано свлекување со земање во


предвид на механизмот на свлекување. Користење на емпириски и упростени
методи за процена на веројатните поместувања за време на земјотресите

Како алтернатива за процена од историски податоци, проценката на


фрекфенцијата може да се изврши субјективно, на пр. со проценка на
свлекувањето за даден врнеж или сеизмички товар

Истите активности за среден метод како и

Како погоре и поврзување на историјата на свлекување или факторот на


сигурност со вржените, геометријата на падината, пиезометарските нивоа
Напреден (онаму каде се достапни), геотехничките параметри, и факторите на сигурност

За сеизмички индицирани свлекувања да се анализираат поместувањата со


примена на Newmark тип на анализа и за почви подложни на ликвифакција,
веројатноста на ликвифакција и слвекување на материјалот

- Проценка на интензитетот на свлекувањето


Интензитетот на свлечиштата може да се процени или како просторна диструбуција
на:

- Брзината на свлекување поврзана со волуменот на свлекување;


- Кинетичката енергија на свлечиштето; на пр. на одрон, карпеста лавина;
- Вкупни поместувања;
- Диференцијални поместувања;
- Максимален проток по единична ширина (m3/m/sec), на пр. за течење на мат.

56
Дали е потребно да се одреди интензитетот на свлекување како еден дел од
зонирањето на хазардот зависи од слуачј до случај. Најверојатно е дека тоа ќе биде
потребно за зонирањe на хазардот од одрони.

- Подготовка на карти со зонирање на хазардот од свлекување


Картите со зонирање на хазардот од свлекување се конструираат врз основа на
картите со зонирање на подложноста со класифицикација на областите според
фрекфенцијата (годишната веројатност) за свлекување. Начинот на кој е прикажана
фрекфенцијата ќе зависи од класификацијата и волуменот на потенцијалните
свлечишта.

- За одрони, хазардот се изразува како број на одрони со одреден волумен на


годишно ниво кој ќе ја достигне областа која се картира / во km долж литица.
- За свлекувања во косини на засеци и усеци, насипи и потпорни ѕидови хазардот
може да се изрази како број на свлечишта со одреден волумен и
класификација/годишно/km на пат, градежна парцела или/km2.
- За мали свлечишта на природни падини хазардот може да биде прикажан како
број на свлечишта од одреден волумен, брзина и класификација/на km2/
годишно за областа која се картира.
- За големи свлечишта на природни падини хазардот може да се изрази како
годишна веројатност дека ќе се појави свлекување во областа која се картира.
На ова треба да бидат додадени или веројатната брзина, или вкупните
поместувања ако дојде до свлекување.

Зонирањето на хазардот се изведува во ист размер како и зонирањето на


подложноста, со приказ на топографијата и катастарските информации како и зоните
на хазард од различен степен.

3.4.4. ЗОНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД СВЛЕКУВАЊЕ


За да се одреди и зонира ризикот од свлекување од основно значење е да се
проценат елементите кои се изложени на ризик. Во табела 3.16 се дадени потребните
активности за изведба на ваквата проценка.

Елементите на ризик ги вклучуваат луѓето и имотот кои се потенцијално загрозени


од свлекувањето, во зоната на и испод и изнад падините на потенцијалните
свлечишта. Овде може да бидат опфатени и индиректни елементи изложени на ризик
како што е редуцираната економска активност која резултира од свлечиштето, на пр.
поради загуба на пат или влијанија врз природната околина.

Во табела 3.17 се дадени потребните активности за проценка на временско-


просторната веројатност на елементите кои се изложени на ризик.Повредливоста
генерално се проценува емпириски за луѓето и имотот со користење на објавени
информации. Сеуште не се достапни некои понапредни методи за оваа намена.

57
Табела 3.16. Активности за процена на елементите изложени на ризик
Метод за процена на Активност
елементите изложени на
ризик

Основен Проценка на: популацијата која живее, работи и патува низ областа; имот како
куќи, згради, патишта, железници и сервисни услуги кои се постојано во областа; и
имот како возила кои патуваат низ областа. За постоечки развој ова се базира на
моменталното и предложеното идно користење на земјиштето. За нов развој да се
процени од предложеното користење на земјиштето и зафатеноста-пополнетоста
на просторот

Онаму каде е применливо да се проценат вредностите на природната околина кои


можат да бидат загрозени од свлекувањето

Генеричка класификација врз основа на користењето на земјиштето, имено урбано,


инфраструктура или земјоделско.

Среден Како основно ниво меѓутоа со поголем степен на деталност. Може да се вклучат
економските последици

Напреден Како средно ниво меѓутоа со поголем степен на деталност. Економските последици
ќе бидат проценети. На пр. како импликации од загубата на пат кој овозможува
пристап до град додека не се завршат поправките

Табела 3.17. Активности за проценка на временско-просторната веројатност на елементите кои


се изложени на ризик

Метод за проценка на Активност


временско-просторната
веројатност

Основен Ризик за загуба на живот


За личности изложени на ризик во резиденцијални области претпоставка е дека
нивната веројатност е 1.0.
За друг вид на развој како фабрики и школи, се прави приближна проценка на
временската-просторната веројатност, а според најверојатната шема на користење
на објектите
За патишта и железници и други случаи со популација иложена на ризик во
проаѓање; се направи приближна проценка на временско-просторната веројатност,
а според волуменот на сообраќајот и брзината на движење
Ризици за загуба на имот
За згради временско-просторната веројатност е 1.0.
За возила, да се направи приближна проценка за временско-просторната
веројатност од волуменот на сообракајот и брзината на движење
Среден Ризик за загуба на живот
За сите случаи да се процени временско-просторната веројатност со земање во
обзир на природата на развојот, животната и работната шема, постоењето на
заштитени места (на пр. зајакнати бункери), сообраќај (каде е релевантно) и
интензитетот на свлекувањето
Ризици за загуба на имот
Како за основната проценка меѓутоа подетално (на пр. за варијабилноста на
траекторијата на одроните)
Напреден Како за средната проценка, со поголеми детали во проценката, особено за
временско-просторната дистрибуција на елементите изложени на ризик

58
- Подготовка на карти зо зонирање на ризикот од свлекување
Картите со зонирање на ризикот се подготвуваат врз основа на картите со
зонирање на хазардот, а со познавање на елементите изложени на ризик, нивната
просторно временска веројатност и повредливост. Се подготвуваат одделни карти со
зонирање на ризикот за загуба на живот и ризикот за загуба на имот. Картите со
зонирање на ризикот вообичаено се подготвуваат во ист размер како картите со
зонирање на подложноста и хазардот. На овие карти се прикажува и топографијата,
катастарските информации како и зоните на ризикот од различен степен.

За загуба на живот, ризикот треба да биде изразен како индивудален ризик


(годишна веројатност една личност да го загуби животот). За загуба на имот, картите
може да покажуваат годишни загуби (евра/годишно), но извештајот треба исто така да
даде поврзување на вредноста на загубата и годишната веројатност на загубата (на
пр. 0.001 годишна веројатност за загуба од 10 милиони денари).

За нов развој ќе треба да се направи проценка во врска со предложениот развој и


елементите кои ќе бидат изложени на ризик. Ризикот ќе биде единствен за овој
предложен развој.

Ако неколку типа на свлечишта се јавуваат во иста област (на пр. одрони и плитки
слвечишта) ризикот поврзан со секој тип свлечиште треба да биде сумиран за да се
одреди вкупниот ризик. Корисно е да се прикажат карти на кои ќе се даде ризикот за
секој индивидуален тип на слвечиште, како и за вкупниот ризик.

3.5. МЕТОДИ ЗА КАРТИРАЊЕ НА СВЛЕЧИШТА, ЗОНИРАЊЕ НА ПОДЛОЖНОСТ И


ХАЗАРД, И ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД СВЛЕКУВАЊЕ

Големиот спектар на феномени поврзани со свлекување на теренот оневозможува


дефинирање на една единствена методологија за препознавање, картирање на
свлечиштата, утврдување на хазардот и проценка на ризикот од нив. Искуствата од
бројни истражувања, каде при дефинирањето на хазардот и ризикот од свлекување
биле вклучени геоморфолози и геолози покажува дека се применуваат различни
стратегии и комбинација на различни методи и техники, во зависност од типот и бројот
на свлечиштата, големината и комплексноста на истражуваното подрачје, како и
достапните технички и интелектуални ресурси.

Од прегледот на литературата може да се заклучи дека и покрај многуте објавени


примери за заедничка работа на експерти од различни научни полиња, нивото на
усогласување е доста сиромашно кога станува збор за одредени прашања во врска со
проценката на хзардот и ризикот од свлекување. Консензусот особено тешко се
постигнува при решавањето на следните прашања:

- Како да се процени квалитетот на картите на катастар на свлечиштата,


- Како да се добијат доверливи проценки за подложноста, и како да се тестира
квалитетот и веродостојноста на добиените проценки за подложноста,
- Како најдобро да се прикажат резултатите од проценката на хазардот од
свлекување, за да можат да бидат употребливи за крајните корисници,
- Кои методи и податоци да се користат за успешно да се дефинира ризикот од
свлекување,
- Која е веродостојноста и корисноста од катастарски карти за големи региони,
- Која е можноста за подготовка на веродостојно зонирање на подложноста на
свлекување врз база на веќе верифицирани методи,
59
- Кои се можностите за подготовка на веројатносни модели за проценка на
хазард од свлекување и нивна практична примена,
- Кои се можностите за одредување на квантитативни и емпириски нивоа на
ризикот од свлекување за различни временски интервали и размер на
просторот за анализа,
- Како да се прикажат, користат и споделат резултатите од ваквите проценки.

Токму поради големиот број на феномени поврзани со свлекување, неизвесноста


при собирањето на податоците и нивна обработка, моделирањето и калибрацијата на
моделите, како и комплексноста и повредливоста на модерното општество,
картирањето на свлечиштата, зонирањето на подложноста и хазардот, и проценката на
ризикот од свлечиштата се надвор од принципот на традиционалиот научен пристап
базиран на контролирани експерименти и на генерализиран консензус помеѓу
истражувачите. Решенијата на овие предизвици се можни единствено со
воспоставување на нова научна практика која е во можност да се носи со големите
неизвесности, различните експертски мислења, и социјалните прашања кои
произлегуваат од проценката на хазардот и ризикот од слвекување (Guzzetti et al.,
1999).

Во овој контекст, во кратки црти, разгледани се најголем дел од достапните методи


за картирање на свлечиштата, зонирање на подложоста и хазардот, и проценка на
ризикот од свлекување. Имајќи го во предвид фактот дека на ова поле во светот
работат голем број на експерти од различни области, постојат големи разлики помеѓу
применетите методи, а истите постојано се развиваат и унапредуваат. Детали за
секоја од посочените методи може да се најдат во стручната и научната литература.

3.5.1. KАРТИРАЊЕ, БАНКИ НА ПОДАТОЦИ И КАТАСТАРСКИ КАРТИ ЗА


СВЛЕЧИШТА
За да се створат услови за проценка на ризикот од свлечиштата, основно е да се
располага со следните четири пакети на информации (Westen Van C.J. et al.2006):

- Катастарска карта на свлечишта или соодветна база на податоци (диг. форма),


- Геолошко-геоморфолошки и метеоролошки фактори за теренот кој се
анализира,
- Најчести фактори кои предизвикуваат свлекување,
- Елементи изложени на ризик.
Од сите овие информации, најважно е да се располага со катастарска карта на
свлечиштата или соодветна банка на податоци.Банките на податоци за свлечиштата
или дигиталните катастарски карти се состојат од детален регистар за распоредот и
карактеристиките на свлечишта од минатото. Тие содржат основни, дополнителни и
комплементарни податоци. Основните податоци се единствени за секое свлечиште и
тука спаѓаат: идентификациски број, локација (географски координати, место на
локалност, населено место, општина, регион или држава), тип на свлекување, датум на
активирање или последна реактивација, состојба на активност и волумен или
просторно протегање. Како дополнителни информации може да се вклучат: геометрија
на свлечиштето (површински димензии и длабочина до рамнината на свлекување),
геолошки и геотехнички податоци (литолошки состав и материјални карактеристики),
хидрогеолошки својства, користење на земјиштето или земјишен покривач, геометрија
на падината или косината, фактори кои придонесуваат за развој на свлекувањето,
влијание-ефекти врз општеството (човечки загуби, повреди, материјална штета), мерки

60
за санација, методи за мониторинг и библиографија. За комплементарни податоци се
сметаат илустрациите, фотографии снимени од земја воздухоплови и од сателити, и
податоци од мониторингот на слвечиштата.
Формирањето на банка на податоци за свлечиштата е макотрпна процедура. Во
споредба со другите природни хазарди (земјотреси, поплави, урагани итн.) кои
зафаќаат големи подрачја, свлечиштата се генерално изолирани и локализирани
појави чиј поединечен опфат немора да биде многу голем, но истите можат да се
јавуваат доста зачестено и во голем број во одреден простор кој се анализира.
Свлечиштата се картираат едно по едно, и секое од нив може да има различни
карактеристики. Како илустрација на проблемот со прибирањето на податоците за
свлечиштата прикажани се резултатите од FP7 проектот Safeland (http://www.safeland-
fp7.eu/) со истражувањето спроведено во 2010 година кога до поголемиот број на
европски земји (37) е испратен прашалник за информација во врска со постоењето на
национална банка на податоци за свлечишта и бројот на свлечишта регистрирани во
истата. Од контактираните земји, 22 имале или подготвувале национална банка на
податоци за свлечиштата (слика 3.3 и табела 3.18).

Комплетираност на банката на податоци

Не е можно да се процени

Не постои национална банка на податоци


Слика 3.3. Број на свлечишта и проценета комлетираност на банките на податоци за земјите од
Европа (Превземено од Miet Van Den Eechaut и Javier Hervas 2012), JRC, Report EUR 25666 EN

61
Табела 3.18. Преглед на Европски банки на податоци (Модифицирано од Miet Van Den Eechaut
и Javier Hervas) 2012, JRC, Report EUR 25666 EN. Landslide inventories in Europe and policy
recommendations for their interoperability and harmonization

Сопственик (не секогаш и


Име на банката
Земја изготвувач на банката на Веб адреса
на податоци
податоци)

Банка на
Албанија податоци за Геолошки завод на Албанија
свлечишта
Банка на
податоци за
Национален институт за
Андора природни cenma.ad/mbaseriscos.htm
истражувања на Андора (IAE)
хазарди на
Андора
Зонирање на
теренот според
Андора Влада на Андора ideandorra.ad/geoportal/framesetup.asp
геолошко-геотех.
проблеми
Геолошки завод на Австрија-
Австрија GEORIOS geomap.geolba.ac.at/MASS/index.cfm
GBA
Инженерско-
геолошка карта
Босна и
на Федерацијата Федерален геолошки завод
Херцеговина
Босна и
Херцеговина
Карта на Министерство за регионален
Бугарија
свлечишта развој и јавни работи
Национален
geology.cz/app/dbsesuvy (интерна
Чешка регистар на Геолошки завод на Чешка
база; не е јавно достапна)
свлечишта
Катастар на
свлечишта, во Министерство за економија,
Македонија форма на секотор за минерални
Геолошка карта суровини
1970-те
Национална
банка на Геолошки завод на Франција
Франција bdmvt.net
податоци (BRGM)
(BDMvT)
Инсититут за геологија и
Геодатабаза истражување на минерални maps.igme.gr/website_ext/igme_master_
Грција суровини
I.G.M.E. ext/viewer.htm?ln=en
(IGME)
Национален
Унгарска канцеларија за
Унгарија катастар на
рударство и геологија
свлечишта
Метеоролошка канцеларија
на Исланд (IMO) и Исландски
Исланд OLI
институт за Историја на
природата (IINH)
Национална
Ирска банка на Геолошки завод на Ирска gsi.ie/mapping.htm
податоци
Институт за заштита на
Италија Проект IFFI околината и истражување sinanet.apat.it/progettoiffi
(ISPRA)

62
Области
загрозени од Национален совет за
свлечишта и истражување, Институт за
Италија поплави во истражување и за заштита на avi.gndci.cnr.it; http://sici.irpi.cnr.it
Италија хидрогеолошки ресурси
(CNR-IRPI)
(AVI)
Национална
Геолошки завод на Норвешка
Норвешка банка на
(NGU)
податоци
Полска SOPO Геолошки институт на Полска
Банка на
Центар за Географски науки,
Португалија податоци за
Универзитет во Лисабон
катастрофи
Регистар на Геолошки завод на Република
Словачка mapserver.geology.sk/zosuvy/
свлечишта Словачка (SGUDS)
GIS_UJME (дел
од поголема
Словенија Министерство за одбрана
банка на
податоци)
Банка на Институт за геологија и
податоци за рударство на Шпанија
Шпанија
геолошки
хазарди (IGME)

Државен
информационен
Шведска агениција за
Шведска ситем за ndb.msb.se/Default.aspx?l=EN
справување со кризи
природни
хазарди
SGI банка на
Геотехнички институт на
Шведска податоци за
Шведска (SGI)
свлечишта
Федерално биро за
Швајцарија InfoSlide
природната околина (FOEN)
Национална
Обединето Геолошки завод на Британија
банка на
кралство (BGS)
податоци

За 6 други земји (Белгија, Хрватска, Естонија, Германија, Романија и Србија)


достапни се само информации за регионална банка на податоци (слика 3.4. и табела
3.19).
Некои од земјите поседуваат и национална и регионална банка на податоци. Така
на пример Италија има осум различни банки на податоци, во Шпанија две.

Вкупно банките на податоци на територијата на Европа содржат околу 633 700


свлечишта ако се земат во предвид само националните банки на податоци, или 645
230 ако се вклучат и регионалните банки на податоци. Околу 2/3 од свлечиштата се
лоцирани во Италија, а со преку 10 000 свлечишта располагаат банките на податоци за
Австрија, Чешка, Франција, Норвешка, Полска, Словачка и Велика Британија.

Важно е да се напомене дека некои од државите во банките на податоци ги


внесуваат само најважните свлечишта, па така Швајцарија има банка на податоци
само за 317 најкатастрофални свлечишта, а Шведскиот информационен систем за
природни хазарди содржи податоци за само 17 на катастрофални свлечишта.

63
-Регионални банки на податоци (22)
-Земји од кои се добиени податоци за постоење на
регионални банки на податоци (10)
-Земји за кои нема информација дали постојат
регионални банки на податоци (27)

Слика 3.4. Распоред на регионални банки на податоци за свлечишта во Европа. (Превземено


од Miet Van Den Eechaut и Javier Hervas) 2012, JRC, Report EUR 25666 EN

Табела 3.19. Преглед на регионални банки на податоци за свлечишта (Превземено од Miet Van
Den Eechaut и Javier Hervas) 2012, JRC, Report EUR 25666 EN. Landslide inventories in Europe
and policy recommendations for their interoperability and harmonization
Земја (Регион) Име на банката на податоци Сопственик Веб адреса
(не секогаш и изготвувач
на банката)
Австрија Катастар на случени Оддел за геологија и
(Каринтија) свлечишта почви, провинциска
влада на Каринтија
Белгија Картирани свлечишта во Оддел за животна http://dov.vlaanderen.be
(Фландерс) Фландерс средина, природа и
енергија, Влада на
Флемиш
Хрватска Регистар на свлечишта Геолошки завод на
(Урбанизиран Хрватска
и делови
околу Загреб)
Естонија Свлечишта во близина на Универзитет во Тарту,
(град Перну) градот Перну Катедра за геологија
Германија Банка на податоци за Државна канцеларија http://www.umwelt.sachsen
(Саксонија) свлечишта во Саксонија за животна средина, .de/umwelt/geologie
земјоделие и геологија /9605.htm (only information
on the database)
Германија GEORISK Агенција за животна www.bis.bayern.de
(Баварија) средина
Германија Во подготовка Регионална
(Баден- канцеларија за
Вуртемберг) геологија, минерални
суровини и рударство
Германија Сеуште не е Регионална
(Рејнеланд) специфицирано канцеларија за
64
геологија, сурови
минерали и рударство
Италија Банка на податоци за Универзитет во
(Северна длабоки свлечишта и Милано-Бикока
Италија) деформации на теренот
(за Алпите)
Италија Катастар на свлечишта на Катедра за Природни http://www.adbarno.it
(Дирекција за басенот на реката Арно науки, Универзитет во
басенот на Фиренца и
реката Арно, Дирекција за басенот
Северни на реката Арно
Апенини)
Италија Банка на податоци за Дирекција за басенот http://www.autoritabacinos
(регион провинциите Авелино и на реката Сарно arno.it/default.asp ;
Кампања, Салерно) http://www.autoritabacinos
Сарно, arno.it/asp/pianostra
Провинции на lcio/piantina.asp
Авелино и
Салерно)

Италија Банка на податоци за Дирекција за басенот http://www.autoritabacinos


(регион провинцијата Наполи на реката Сарно arno.it/default.asp;
Кампања,
Сарно,
Наполи)
Италија Катастар на свлечишта Национална дирекција http://www2.autoritadibacin
(Басен на за басенот на реките o.it
реките Лири- Лири-Грагиглиано и
Грагиглиано Волтурно
и Волтурно)
Италија Катастар на Дирекција за Национална дирекција http://www.adb.basilicata.it/
(Делови од басенот на Басиликата за басенот на adb/risorseidriche.a
Басиликата, Басиликата sp ;
Апулија и www.pcn.minambiente.it
Калабрија)
Италија 1. Катастар на свлечишта Национална дирекција www.adb.puglia.it ;
(Територија на Апулија/ за басенот на Апулија www.sit.puglia.it
на Апулија) 2. Хидрогеоморфолошка
карта на Апулија
3. Банка на податоци за
свелчишта на Апулија
Португалија Свлечишта северно од Центар за географски
(северно од Лисабон науки
Лисабон)
Романија Катастар на свлечишта Геолошки завод на
(Прахова, Романија
Аргес,
Дамбовита,
Валчеа,
Округ Бузау)
Србија Катастар на свлечишта и Министерство за
(Белград, нестабилни косини на животна околина и
Крагуевац) територијата на Србија просторно планирање
Србија BEOSlide Агенција за
(Белград) урбанизам, Белград
Шпанија LLISCAT Технички универзитет http://www.lliscat.upc.es
(Каталуња) и во Каталуња (UPC)
Андора
Шпанија Банка на податоци за Универзитет во
(Сиера свлечиштата на јужните Гранада
Невада, падини на Сиера Невада,
Гранада) Гранада
65
Се смета дека 645 230-те свлечишта регистириани во Европа (2010 год.)
претставуваат само ½ од вкупниот број на свлечишта, а ваквата состојба се должи на
тешкотијата на самиот процес на прибирање на податоците, можностите за изведба на
наменско картирање на свлечиштата како и слабото архивирање на минатите настани.

3.5.1.2. КАТАСТАРСКА КАРТА НА СВЛЕЧИШТА


Катастарска карта претставува наједноставна форма на карта на свлечишта.
Катастарските карти на свлечишта можат да бидат подготвени со примена на различни
техники, во зависност од нивната намена, големината на просторот кој се анализира,
размерот на картите и аерофотографиите, и достапните ресурси за изведба на
активностите. Катастарските карти на свлечишта можат да бидат класифицирани врз
основа на размерот или типот на картирање. Синоптички, малоразмерни катастри
(<1:200 000) се составуваат воглавно од податоци собрани од литературата и преку
прашалници кои се доставуваат до јавни организации и приватни компании, со барање
низ записи, списанија и весници, технички и научни извештаи, или интервјуирање на
локално население и експерти за свлечишта. Овој тип на карти исто така може да се
формира и со анализа на аерофотографии. Катастарските карти со среден размер
(1:25 000 до 1:200 000) се подготвуваат преку систематска интерпретација на аеро
фотографии во размер за печатење кој е во опсег од 1:60 000 до 1:10 000 и преку
интегрирање на локални теренски проверки со историските информации.
Катастарските карти со крупен размер (>1:25 000) се подготвуваат вообичаено за
ограничени подрачја, преку интерпретација на аерофотографии со размери
вообичаено покрупни од 1:20 000 и екстензивни теренски истражувања, што
подразбира и примена на бројни техники и алатки кои се однесуваат на
геоморфологијата, инжнерската геологија и геотехничкото инженерство.

3.5.1.3. КАТАСТАРСКИ КАРТИ НА СВЛЕЧИШТА ФОРМИРАНИ ОД АРХИВСКИ


ПОДАТОЦИ
Овој тип на карти е форма на банка на податоци која опфаќа области за кои се знае
дека имало појави на свлечишта во минатото. Ваквите податоци најчесто можат да се
најдат кај државни и приватни компании во градежниот сектор, технички и научни
трудови, стари записи, списанија и весници, архиви на локална самоуправа и државни
архиви, поединци итн. Архивските карти можат да бидат подготвени за одредена
општина, речен слив, географски регион или цела земја. Истите можат да ги бележат
сите свлечишта за кои се знае дека се случиле, или пак само оние кои предизвикале
штета, и може да покриваат периоди од неколку години до неколку векови.

3.5.1.4. КАТАСТАРСКИ КАРТИ НА СВЛЕЧИШТА ФОРМИРАНИ ПРЕКУ


ГЕОМОРФОЛОШКА АНАЛИЗА

Геоморфолошка катастарска карта на свлечишта сумарно ги прикажува настаните


на свлекување за период од десетина, стотина или повеќе илјади години.
Катастарските карти од овој тип вообичаено се подготвуваат со систематска
интерпретација на два сета на аерофотографии, во размер за печатење од 1:10 000 до
1:70 000, и со теренски проверки. На овој начин се анализираат области со големина
од неколку илјади квадратни километри, за размери на картирање во опсег од 1:10 000
до 1: 100 000 во зависност од големината на областа која се анализира, достапноста,
размерот и бројот на аерофотографиите, комплексноста на областа од повеќе аспекти,
како и времето и достапните ресурси за изведба на картирањето. Вообичаено на една
карта се нанесуваат сите различни типови на свлечишта. Доколку е потребно, за секој
механизам на свлекување може да се подготви посебна карта.
66
3.5.1.5. КАТАСТАРСКИ КАРТИ НА СВЛЕЧИШТА ФОРМИРАНИ ПОСЛЕ ОДРЕДЕН
ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН
На катастарска карта од овој тип се прикажуваат сите свлечишта кои се појавиле
после одреден природен феномен, како што е земјотрес, пороен дожд, пролонгиран
врнежлив период или брзо топење на снег. Вообичаено картите од овој тип се
формираат преку интерпретација на аерофотографии од крупен или среден размер,
снимени веднаш после настанот кој се смета како повод за свлекувањата. Често
ваквото картирање е надополнето со теренски картирања кои можат да бидат и многу
детални. Одреден недостаток на овие карти е тоа што често истите се подготвуваат
само за дел од областа која е поврзана со настанот кој се смета за повод на
свлекувањата.

3.5.1.6. КАТАСТАРСКИ КАРТИ ОД ПОВЕЌЕ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОДИ


Катастарска карта на свлечишта од повеќе времнски периоди претставува
најнапредна форма на катастарска карта на свлечишта. На ваквите карти се прикажува
локацијата и типовите на свлекувања во една област, и истите ја отсликуваат нинвнта
рецентна еволуција во времето и просторот. Подготовката на овие карти бара напорна
работа и многу време за обработка и собирање на податоците од различен карактер:
информации добиени преку систематска интерпретација на аерофотографии достапни
за областа која е предмет на анализа, без разлика на нивната старост, размер и вид;
податоци собрани од теренски испитувања, извршени вообичаено после настани кои
предизвикуваат свлекување; информации за појавата на историски настани кои
вклучуваат свлекување, барање низ архиви или библиографски извори; информации
за движење на земјиштето добиени преку теренски инструментални мерења,
топографски мерења и технологии на далечинска детекција (на пр.Synthetic Aperture
Radar-SAR,Light detection and ranging -LIDAR и др). Поради овие причини, ваквите
карти се многу ретки, и вообичаено покриваат подрачја со ограничена големина, од
неколку десетина до неколку стотина километри квадратни.

3.5.1.7. ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА КВАЛИТЕТОТ НА КАТАСТАРСКИТЕ КАРТИ


Најголемо ограничување на катастарските карти на свлечишта е поврзано со
нивната вродена субјективност и тешкотијата за процена на веродостојноста и
целосноста. За картите формирани врз основа на архивски податоци, веродостојноста
зависи најмногу од квалитетот и количината на извори на информации. За
катастарските карти формирани со интерпретација на аерофотографии, искуството
покажало дека со комбинација на стандардни техники за интерпретација на
фотографиите и систематски проверки на терен, може да се добијат многу квалитетни
карти. Како и да е, и кај овие карти има голем број на фактори од кои зависи
веродостојноста: староста на свлечиштата, присуството на морфологија на теренот
карактеристична за свлечишта, тип квалитет и размер на аерофотографиите,
морфолошката и голошката комплексност на теренот, начинот на користење на
земјиштето и негова промена, квалитетот на стереоскопите за анализа на
аерофотографиите, искуството на тимот кој го спорведува картирањето итн.

3.5.2. МЕТОДИ ЗА ЗОНИРАЊЕ НА ПОДЛОЖНОСТА ОД СВЛЕКУВАЊЕ


Постојат повеќе методи за зонирање т.е. проценка на подложноста на свлекување.
Помеѓу нив постојат одредени концепциски разлики од кои најважни се: генералните
претпоставки, типот на одбраните единици за картирање, предметот на картирањето,
техниките и алатките за анализа и проценка на подложноста, како и методите за
соодветна верификација на веродостојноста на проценетата подложност.

67
3.5.2.1. Единици за картирање
Проценката на веројатноста за појава на свлечиште во една област врз база на
локалните теренски услови захтева прелиминарна селекција на соодветна теренска
единица за картирање (ТЕК). Терминот се однесува на дел од земјината површина кој
содржи група на услови кои се разликуваат од соседните единици и тоа во рамките на
дефинирани граници. За даден размер на анализа, единицата за картирање
претставува домен кој ја максимизира (нагласува) внатрешната хомогеност на секоја
од единиците а помеѓу единиците-хетерогеноста. Врз основа на концептот на јасно
дефинирани ТЕК, се предлагаат различни методи за поделба, картирање и зонирање
на теренот според подложноста на свлечишта. Овие методи може да се поделат на
неколку различни групи:

- Мрежа од келии (Grid cells)


- Теренски единици за картирање (TEK)
- Единици со единствени услови (ЕЕУ)
- Единици на падините (Slope units)
- Топографски единици
- Административни единици.
-
Мрежата од келии ја дели територијата во регуларни „келии“ со претходно
дефинирана големина, кои понатаму се сметаат за референтна единица за картирање.
Мрежите од ќелии се најадекватни кога се применуваат модели базирани на ГИС. Од
оваа причина вообичаено ќелиите по форма се квадрати, но можно е да се користат
мрeжи и со правоаголни, триаголни или хексагонални келии. На секоја ќелија и се
доделува вредност за секој фактор кој се зема во предвид при анализата (на пр.
морфолошки, геолошки, хидрогеолошки, климатски, итн.). Како алтернатива, се
подготвува пакет од растер листови (тематски листови), од кои секој репрезентира
поединечен фактор на нестабилноста. Главниот концепциски недостаток на мрежите
од келии се однесува на репрезентацијата на континуираните геолошки и
геоморфолошки форми во дискретна форма, и на репрезентацијата на линеарните или
површинските елементи (како што се геолошките граници, наслагите од
свлелкувањата, литолошките единици) со користење на ќелии со претходно
дефинирана форма и големина. Со развојот на компјутерската технологија е надминат
овој проблем и тоа со примена на келии со помали димензии, што овозможува
прикажување и на најситните детали на теренот. Особено треба да се внимва
големината на келиите да биде во согласност со размерот на картирањето и типот на
свлечишта кој се анализира, бидејќи неправилната селекција може да резултира со
многу поразлична интепретација на параметрите во однос на реалните (слики 3.5, 3.6 и
3.7).

Слика 3.5. Хипотетичка површина 1500х1500m (Контурни линии на секои 25m)

68
ДЕМ (ќелија 50х50m) ДЕМ (ќелија 25х25m)

ДЕМ (ќелија 12.5х12.5m) ДЕМ (ќелија 5х5m)

Слика 3.6. Генерирани ДЕМ од картата на слика 3.5, со различна големина на единечна келија,
ДЕМ-дигитален елевационен модел (според Calvello M., C. Leonardo, S. Mastroianni, 2013)

Надморска
висина (m)
ДЕМ 5 m

ДЕМ 12.5 m
ДЕМ 25 m

од изохипси
ДЕМ 50 m

(m)

Слика 3.7. Генериран профил А-А’ од ДЕМ на сликата 3.6, генерирани од различна големина на
единечна келија. (Според Calvello M., C. Leonardo, S. Mastroianni, 2013)

Теренските единици се базираат на фактот дека во природната средина релациите


помеѓу метаријалите, формите и процесите резултираат во граници кои ги
рефлектираат геоморфолошките и геолошките разлики. Теренските единици се
базираат на системи за класификација на земјиштето кои имаат примена во многу
други истражувања од различни природни науки. Главното ограничување при
примената на теренските единици е во нивната субјективност. Многу е тешко да се
воспостават јасно дефинирани правила за повлекување на границите помеѓу
различните теренски единици, и уште потешко да се применат конзистентно.
69
Единици со единствени услови (ЕЕУ) за првпат се воведени за истражување на
минерални суровини (Bonham-Carter G.F.et all., (1989); Bonham-Carter G.F., (1994);
Carrara A. et al., (1995); Chung C.F. et al., (1995); WestenVan C.J.et al., (1997); Chung C.F.
и Fabbri A.G., (1999). Ваквиот тип на единици овозможува класификација на секој
фактор кој ја контролира или условува нестабилноста на падините во неколку јасно
дефинирани класи кои се прикажуваат на единствена карта, или лист. Со
секвенционално преклопување на сите листови, се формираат хомогени домени
(единствени услови), чиј број, големина и природа зависат од критериумите кои се
применети при класификацијата на влезните фактори. ЕЕУ се особено погодни за
векторски презентации на географските информации. Поради нивната лесна
имплементација широко се прифатени и во растерските ГИС базирани системи.
Концепциските проблеми кај ЕЕУ го вклучуваат фактот дека, за практични цели,
листовите кои покажуваат континуирана тематска информација (на пр. надморска
висина, наклон на терен, ориентација, дебелина на почва) мора да бидат
класифицирани со примена на мал број на класи. Селекцијата на класите е често
базирана на локалното познавање на физичките процеси кои ги контролираат
свлечиштата.
Единици на падините (Slope units) ја делат територијата во хидролошки региони
ограничени со дренажни линии и вододелници. Тие можат да се одредат мануално од
прецизни топографски карти. Постојат и специјализрани софтвери за автоматско
препознавање на ваквите единици од ДЕМ со висок квалитет. Компјутеризираниот
метод е побрз и поефикасен, а и гарантира една објективна репородуктивна поделба
на теренот. Хидролошките и морфометриските параметри може да се пресметат за
секоја единица на падината, и истите да се искористат во анализата на подложноста
од свлекување. Значајно е да се напомене дека хидролошките и морфолошките
единици на падините не рефлектираат вредности во една точка, туку се однесуваат на
целиот поделок од теренот, што овозможува по веродостојни и геоморфолошки
значајни резултати. Ограничувањата во примената на единиците на падините се:
тешкотииите во нивната подготовка, примена на специјализиран софтвер, тешкотии
при поврзување со познатата дистрибуција на свлечиштата, нерепрезентативноста за
мали плитки свлечишта, и фактот дека хидролошките граници (вододелници и
дренажен систем) можеби не кореспондираат со геоморфолошките единици кои ја
одредуваат подложноста на свлечишта.

Топографските единици претставуваат векторски базирана поделба добиена со


делење на сливно подрачје, или единечна падина во мрежа на елементи со
неправилна форма и големина. Горните и долните граници на овие елементи се
дефинирани со соседните контурни линии, а хоризонталните граници се дефинирани
со линии на течење ортогонално во однос на контурните линии. Затоа, топографските
единици се одредена подкласа на ваквите елементи. За секој елемент се
пресметуваат локални морфометриски и хидролошки варијабли, вклучувајќи
кумулативна дренажна област на сите елементи од погорните делови. Поради нивното
површинско и подповршинско хидролошко значење, топографските единици се
попогодни за моделирање на однесувањето на плитките свлечишта, инфилтрациони
модели и комплексни свлечишта. Топографските единици се помалку погодни за
примена на големи, длабоки свлечишта.

Кога се истражуваат поголеми области, како еден цел регион или држава, може да
се применат политички, административни или демографски единици. Вообичаено,
овие географски единици не ги рефлектираат морфолошките, хидролошките или
70
литолошките граници. Како и да е, јасно поврзување помеѓу географската единица за
картирање и политичка или административни канцеларии и/или одговорности ја прави
ваквата подлеба прифатлива за политичарите или донесувачите на одлуки, особено
на регионално или национално ниво. Административните единици се погодни за
анализа и синтеза на инфорамциите кои се чуваат во базите на податоци.

Селекцијата на соодветни единици за картирање зависи од поголем број на


фактори и тоа:

- Типот на свлечишта кој се анализира


- Достапни ресурси
- Квалитет, резолуција, размер и типот на тематски информации кои се потребни
- Достапноста на алатки за адекватен менаџмент и анализа на податоците.

Секоја техника за поделба на територијата има предности и недостатоци кои може


да бидат нагласени или намалени доколку се одбере соодветен метод за проценка на
подложноста од свлекување.

3.5.2.2. Методи за процена на подложноста


Методите за проценка на подложноста генерално се делат на квалитативни и
квантитативни, а проценката се врши директно или индиректно. Квалитативните
методи се субјективни, ја доделуваат подложноста искутвено, и ги осликуваат нивоата
на подложност со примена на дескриптивни (квалитатвни) термини. Квантитативните
методи овозможуваат нумерички проценки, на пр. веројатност на појава на свлечиште
во секоја од зоните на подложност. Директен метод се состои од (директно)
геоморфолошко картирање на терен, од аерофотографии или од сателитски снимки.
Најчесто е поврзано со продукција на катастарска карта на свлечишта.

Индиректните методи за проценка на подложноста од свлекување во суштина се


одвиваат во чекори, и тие бараат:

- Препознавање и картирање на свлечиштата за регионот од интерес или дел од


него (тренинг област), што се добива со подготовка на катастарска карта на
свлечишта
- Идентификација и картирање на физички фактори кои директно или индиректно
се поврзани со нестабилноста на падините
- Проценка на релативната контрибуција на факторите на нестабилност во
генерирањето на свлечишта
- Класификација на површината на теренот во домени со различно ниво на
подложност
- Процена на веродостојноста на моделот
Највообичаените пристапи кои се предлагаат во литературата може да бидат
дефинирани во пет главни категории:

- Директно геоморфолошко картирање


- Анализа на катастрите на свлечишта
- Искуствени или модели базирани на индексни вредности
- Статистички методи, вклучувајќи невронски мрежи и експертски системи,
- Концептуални модели базирани на процеси.
Пристапите се претопуваат еден во друг, а авторите не секогаш се јасни во описот
на методот кој го користат за одредување на подложноста на свлекување, вклучувајќи
ги тука и сличностите или разликите со другите објавени методи.

71
Во табелите 3.20 и 3.21 се даваат карактеристиките и пристапите на методите за
зонирање на подложноста на свлекување.

Табела 3.20. Карактеристики на методите за зонирање на подложноста


Директни Индиректни Квалитативни Квантитативни
Геоморфолошко
+ +
картирање
Анализа на
+ +
катастарски карти
Искуствени
(индексни + +
вредности)
Статистички
+ +
методи
Концептуални
+ +
модели

Табела 3.21. Пристапи за зонирање на подложноста на свлекување


Геоморфолошко Препознавање на присутните и потенцијалните свлечишта, вклучувајќи ја и нивната еволуција и
картирање можни последици. Овој метод е субјективен, тешко е да се формализира и недокрај адевактен
за квантитативна проценка на хазардот од свлекување.
Анализа на Анализата на катастрите на свлечиштата може да послужи за предвидување на идните шеми
катастарски карти на за развој на нестабилноста директно од дистрибуцијата на материјалот од стари свлечишта.
свлечишта Ова се постигнува со подготовка на карти со густина на свлечишта, т.е. карти кои го покажуваат
процентот од областа покриен со материјал од стари свлечишпта или бројот на свлечишта во
даден регион. Поради несигурностите со катастарските карти и комплексноста на феномените
на свлекување, проценките за веројатноста за појавување на свлечиштата се базираат
единствено на густината на свлечиштата, неземајќи ги во предвид факторите кои
допринесуваат за развој на нестабилностите.
Искуствено Пристапот на индексирање е базиран на претпоставката дека сите причини и фактори за развој
зонирање на нестабилноста на дадена област се познати. Тоа е индиректен, најчесто квалитативен метод
чија веродостојност зависи од тоа колку добро истражувачот ги разбира геоморфолошките
процеси кои делуваат на теренот. Факторите за развој на нестабилност на теренот се
класифицирани, рангирани и со доделени тежински коефициенти, според нивната очекувана
важност. Правилото кое се користи да се рангираат, измерат и комбинираат факторите за
нестабилност треба да се базира на детално познавање на физичките процеси кои ги
контролираат свлечиштата. Ова често е многу тешко да се спроведе, па дефинирањето на
тежинските фактори најчесто се базира на искуството на истражувачот, што воведува
субјективност во процесот на процена на подложноста. Резултатите од моделите базирани на
индкесирање се прикажуваат со примена на квалитативни нивоа на подложноста на
слвекување.
Статистички методи Статистичките модели за одредување на просторната распределба на нестабилности се
создадени за опис на функционалната врска помеѓу факторите на нестабилност и минатата и
сегашната дистрибуција на свлечиштата. Овој пристап е индиректен и обезбедува
квантитативни резултати погодни за квантитативна процена на хазардот од свлекување.
Наједноставните статистички методи се базирани на детерминација на релативната
раширеност (пропорција, процент, фрекфенција) на свлечиштата во класи, во однос на
тематските листови кои ја покажуваат географската дистрибуција на факторите за развој на
нестабилност.
Постојат поголем број на статистички методи како што се: -класични статистчики техники
(Fisherian), - модерни статистички методи (Bayesian), - fuzzy logic системи, - невронски мрежи, -
експертски системи. Многу истражувачи го примениле класичниот фреквентистички пристап за
предвидување на просторната веројатност за појава на свлечиштата и тоа преку бројни
класификациски статистички техники: биваријатна анализа, мултирегресиона анализа,
дискриминантна анализа и логистична регресија.
Концептуални Концептуалните (детерминистички или физички) базирани модели за проценка на подложноста
модели од свлекување се потпираат на познавањето на физичките закони кои ја контролираат
стабилноста на теренот. Генерално, поради недостатокот од информации или слабото
разбирање на физичките процеси кои ја контролираат појавата и развојот на свлечишта на
голем простор, се разгледуваат само поедноставени „концептуални“ модели. Овие модели се
индиректни и даваат квантитативни резултати, кои може да бидат погодни или непогодни за
квантитативна проценка на хазардот од свлекување во зависност од излезните резултати.
Концептуалните модели најчесто се развиваат за проучување на конкретен тип на свлечишта
за дадена област.

72
Од горната табела може да се заклучи дека сите методи за процена на
подложноста од свлекување имаат свои специфики и постапки за нивно спроведување,
со одредени ограничувања и предности во однос на едни со други. Повеќе детали за
овие методи и нивните варијации и модификации може да се најдат во бројни
публикации од литературата, а поради карактерот на трудот овде ќе бидат изоставени.
Кој од методите за зонирање на подложноста ќе се примени зависи од голем број на
фактори и тоа: големината на подрачјето кое е предмет на анализа, достапноста на
историски податоци за свлечишта, достапноста на податоци за разните параметри кои
ја контролираат и условуваат појавата на свлечишта, расположливите ресурси,
човечки потенцијал, искуството на тимот кој ја спроведува проценката, итн.

Генерална рамка за зонирање на ризикот од свлекување која денес е општо


прифатена помеѓу истражувачите е предложена од страна на Cascini L. et al. (2005).
(сл.3.8).

Слика 3.8. Генерална рамка за зонирање на ризик од свлекување


(Според Cascini L. et al. 2005)

На наредната слика е претставена шема за менаџирање на ризикот од свлечишта


прифатена на светско ниво. Во голем број на трудови, а и овде истата е искористена
како генерална рамка за зонирање на подложноста, хазардот и ризикот од свлекување,
без разлика дали се работи за квантитативен или квалитативен пристап.

73
Слика 3.9. Генерална шема за менаџирање на ризикот од свлечишта според Fell R. et al.
Engineering Geology, вол. 102, (2008) стр. 85-98

Можностите за подготовка на одредена методологија за проценка на хазардот и


ризикот од свлекување за терени во Р. Македонија во моментот на подготовка на овој
труд се релативно ограничени, што соодветно се коментира понатаму.

3.5.3 ПРИМЕНА НА ГИС МЕТОДИ ЗА ЗОНИРАЊЕ НА ПОДЛОЖНОСТ, ХАЗАРД И


РИЗИК ОД СВЛЕКУВАЊЕ
Развојот на ГИС методите за интеграција на податоци во комбинација со
дигиталните елевациони модели за анализа на географски и геолошки податоци
овозможи применливост на бројни видови на техники за проценка на подложноста,

74
хазардот и ризикот од свлекување. Најголем дел од ГИС методите се базирани на
„преклопување на тематски карти“ што овозможува споредба на различни карти на
истата локација и размер со нивно поставување една врз друга и користење на
претходно одредени критериуми за проценка (зонирање) на подложност, хазард и
ризик од свлекување. Најчесто користени софтвери за просторна анализа на
свлечиштата од сите аспекти се ArcGIS, ArcSD MapInfo, open source софтвери, додека
алфанумеричките податоци најчесто се чуваат во софтвери како Access, Oracle или
SQL server.

Без разлика на различните приоди, секоја методологија е успешна само ако се


дефинираат најзначајните евалуациони фактори за хазард од свлекување (од
англиски Landelside Hazard Evaluation Factor-LHEF). Генерална шема за едноставни
модели наменети за проценка на подложност од свлекување може да се претстави на
следниот начин (слика 3.10).

Слика 3.10. Можен пристап за процена на подложноста кон свлекување на теренот

Избор на влијателни параметри за анализа

Несомнено е дека интерпретацијата на појавите од свлекување бара разбирање на


условите и контролирање на процесите на свлекување во разгледуваниот простор.

Во практиката, познатите постапки за проценка користат неколку битни физички


фактори за пресметка на релативниот хазард од свлекување. Повеќето методи обично
ги земаат во предвид анализите за распределба на претходните свлекувања, видот на
основната карпа, наклонот на косините и хидролошкиот фактор Varnes D.J., (1984),
USGS, (1982). Некои други методи користат податоци за вегетациската покриеност и
теренска изложеност на една област (Huma I. и Radulsecu D., 1978).

75
Имајќи во предвид дека различните параметри не се еднакво важни за проценка на
вкупните евалуациони фактори за подложностна свлекување, во продоление е
прикажан пристап во кој значајните рејтинзи се поврзуваат со различни вредности на
индивидуалните евалуациони фактори.

После селекцијата на најважните фактори кои придонесуваат за развој на


нестабилности на теренот, проценката на подложноста кон свлекување во примерот се
врши со примена на комбиниран и модифициран метод на арбитрарни вредности
и полиномна интерполација. Појдено е одпоставките на Abolmasov B. и Stojkov
(1994), Јовановски и др. (2013), но во рамките на примерот е извршена мала
модификација на методот, каде за интерполација се користат одредени нови
аналитички модели.

За полесна манипулација при примената на комбинираниот и модифициран метод


на арбитрарни вредности и полиномна интерполација на секој од факторите кои
допринесуваат за развојот на нестабилности им се доделува соодветна номенклатура
и тоа: литолошкиот тип LT, наклонот на терен NT, врнежите GV, очекуваниот
сеизмички интензитет I и земјишниот покривач ZP.

7.2.1. Подготовка на рејтинг карти


Од анализата на претходно случените појави сосема јасно е дека не секој од овие
фактори има подеднакво исто значење за развојот на нестабилности. Така за секој од
факторите се одредува соодветен максимален рејтинг според важноста (табела 3.22),
дефиниран врз основа на детална анализа на случени појави.

Може да се каже дека рејтинзите се определени семи-емпириски, а пред се во


зависност од инволвираноста на секој од индивидуалните фактори при појавата на
нестабилности во минатото. Максимален рејтинг од 0 до 3 е доделен за литолошкиот
тип и наклонот на терен, 2 за годишните врнежи и 1 за очекуваниот сеизмички
интензитет и земјишниот покривач. Детали за рејтинзите се дадени во наредните
табели и текстот.

Табела 3.22. Максимални можни рејтинзи според важноста на секој параметар

Класификационен параметар Рејтинг


Литолошки тип (LT) 3
Наклон на терен (NT) 3
Врнежи (GV) 2
Очекуван сеизмички интензитет (I) 1
Земјишен покривач (ZP) 1
Максимален можен рејтинг 10

Имајки го во предвид фактот дека добар дел од карпестите маси се


карактеризираат со слични физичко-механички карактеристики, иако се со различен
литолошки состав и старост, се врши нивно инженерскогеолошко групирање. Ваквото
групирање е со цел да се подготви карта по параметар на литологија. Дефинирани се 6
литолошки типови чии рејтинзи се дадени во следната табела 3.23.
При формирањето на параметарската карта за литолошки тип, се земаат во
предвид сите својства и состојби на застапените карпести маси за одредено истражно
подрачје кои се наведени во Основната Инженерско Геолошка Карта на Р.Македонија,

76
како и сите информации за карактеристиките на карпестите маси кои може да се
извлечат од анализираната техничка документација за случените свлечишта.
Усвојување на одредени физичко-механички параметри на карпестите маси кои
спаѓаат во секоја од категориите може да се изврши врз основа на резултати од
сопствени испитувања и дијаграми за процена на параметри од светски познати
автори.

Табела 3.23. Вредност на рејтинг за Литолошкиот тип (LT-R) (арбитрарно одредени)

Литолошки состав дефиниран со литолошки тип LT Рејтинг

1. филити, метаморфисани песочници и шкрилци, хлорит-серицитски шкрилци,


3
серицит-кварцни шкрилци, филитоиди, квартерни невзрани и полуврзани седименти на
многу стрми терени
2.јурски глинци-песочници, епидот-актинолитски шкрилци, албит-хлорит серицитски 2,9
шкрилци, квартерни невзрани и полуврзани седименти на стрми терени
3. плочасти_варовници, метапесочници, кварц-карбонат-серицитски шкрилци и
2,5
филити, кварц-хлоритски шкрилци, албитизирани хлорит-епидот серицитски шкрилци,
квартерни невзрани и полуврзани седименти на благо наклонети терени
4. карбонатни шкрилци, плиоценски седименти (во рамничарски делови), флишни 2
седименти,
5. квартерни седименти (во рамничарски делови), серпентинити, плочести доломитити
1,2
и доломитски мермери, средно-зрнести калцитски мермери, амфиболити, разновидни
албитизирани претежно зелени шкрилци,
6. кристалести варовници со рожњаци, харцбургити, албит-сиенити и сиенити,
диорити, гранитоидни карпи, гранодиорити, гранити, габрови, криноидски мермери,
0
масивни мермерасти варовници, масивни мермери, мермери и калкшисти со рожњаци,
кварц-порфири, метакварц-порфири, кварцни песочници и кварцити, кварцити,
метадијабази, метаморфозирани дијабази и спилити

Во табелите од 3.24 до 3.27 се дадени арбитрарно усвоените вредности на рејтинг


за годишни врнежи, очекуван сеизмички интензитет и земјишен покривач.
Основен предуслов за изведување на проценка на подложноста кон свлекување е
да се изврши обработка на претходно подготвени параметарски карти според
доделените вредности и со нивна трансформација во карти на рејтинзи т.е. карти на
рејтинг на евалуационите параметери.

Наклон на терен () Рејтинг


Табела 3.24. Вредност на рејтинг за наклон на
0-5 0
терен NT-R (рејтингот се добива со полиномна
5-10 1,5
интерполција според слика 3.11)
10-15 2,3
15-20 2,8
20-25 2,9
>25 3

77
Слика 3.11. Определување на рејтингот за наклон на терен со полиномна интерполација

Врнежи (мм/год.) Рејтинг

700-800 (1) 0,1


Табела 3.25. Вредност на рејтинг за просечни
800-900 (2) 0,2 годишни врнежи (GV-R) (арбитрарно
одредени)
900-1000 (3) 0,5

1000-1250 (4) 1,1

>1250 (5) 2,0

Сеизмички услови-Максимално Рејтинг


очекуван сеизмички интензитет I

6 0,1 Табела 3.26. Вредност на рејтинг за


максимално очекуван сеизмички интензитет (I-
7 0,3
R) (арбитрарно одредени)
8 0,6

9 0,8

10 1,0

Користење на земјиштето Рејтинг

1.Густа шума 0,1


Табела 3.27. Вредност на рејтинг за земјишен
2.Пасишта 0,3
покривач (ZP-R)(арбитрарно одредени)
3.Обработливо земјиште 0,6

4.Урбани средини 0,9

5.Оголен терен 1,0

Секоја специфична комбинација на овие евалуациони фактори е поврзана со


различен степен на подложноста кон развој на свлекување на теренот. Сумата на

78
индивидуалните рејтинзи го дава вкупниот рејтинг на подложноста кон свлекување на
теренот.
TLSR = LT-R + NT-R + GV-R + I-R + ZP-R
Каде:
TLSR – вкупен рејтинг на подложност кон свлекување
LT-R – вредност на рејтинг литолошки тип
NT-R – вредност на рејтинг за наклон на терен
GV-R – вредност на рејтинг за годишни врнежи
I-R – вредност на рејтинг за максимално очекуван сеизмички интензитет
ZP-R – вредност на рејтинг за земјишен покривач

Максималната можна вредност на TLSR изнесува 10 а минималната 0.3.

После сумирањето и добивање на вредноста TLSR се врши поделба на просторот


(рекласификација на 5 класи на подложност) со математички модел на еднакви
интервали. Пример за целосната постапка по оваа методологија е додолу, каде е
извршена верификација на истата за селектираното истражно подрачје.

-ПРИМЕРИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДЛОЖНОСТ НА СВЛЕКУВАЊЕ ВО


КОНТИНЕНТАЛНИ РАМКИ И КАЈ НАС

Во 2013 од страна на Joint Research Centre и BGR во соработка со CNRS и CNR-


IRPI објавена е карта на подложност кон нестабилни појави за територијата на Европа
(ELSUS1000). На картата се прикажани нивоата на подложност кон свлекување за
недиференцирани видови на нестабилни појави (сл.3.12).

Слика 3.12. Карта на подложност кон нестабилни појави за територијата на Европа (ELSUS
1000 Верзија 1) според Gunther А. et al. 2013

Картата е подготвена во ситен размер на единица за картирање од 1 km2 со


примена на три просторни критериуми: наклон на терен, литологија и земјен покривач.
Истата се базира на климатско-физиографска диференцијација на теренот, а
проценката на подложноста се состои од хеуристичка просторна мултипараметарска
79
евалуација. На следната слика бр. 3.13 се прикажани параметарските карти кои се
користени при евалуацијата за територијата на Р. Македонија.

Наклон на терен: (Извор EU27 DEM при резолуција


од 100 m (Reuter, 2009)

0
1-3
4-6
7-10
11-15
16-20
21-30
>30

Литологија: (Извор European Soil Database ESDB,


Heinike et al. 1998 и Panagos et al., 2012)

Земјен покривач: Извор GLOBCOVER при


резолуција од 300 m ESA

Слика 3.13. Параметарски карти кои се користени при подготовка на картата на подложност
кон нестабилни појави ELSUS1000 Верзија 1, според Gunther A. et al. 2013

На картата која е добиена преку мултипараметарската евалуација, прикажани се 5


нивоа на подложност на нестабилни појави: многу висока, висока, средна, ниска и
многу ниска (сл.3.14).

80
Подложност на
теренот кон развој на
нестабилни појави

Легенда:

Многу ниска
Ниска
Средна
Висока
Многу виска

Без податоци
km

Слика 3.14. Карта на подложност кон нестабилни појави за територијата на Р.Македонија.


Извадок од ELSUS1000 Верзија 1, според Gunther A. et al. 2013

Прикажаната континентална карта на подложност кон свлекување, последователно


и картата прикажана на слика 3.14 имаат доста ограничувања кои произлегуваат од
ситниот размер, недоволното познавање на литологијата, квалитетот на влезните
податоци од банките на податоци за секоја држава одделно (квалитет на катастарски
карти), итн. Идните верзии на оваа карта би вклучиле поголем број на параметерски
карти што сигурно ќе резултира со подобрување на квалитетот на крајниот продукт.

Оттука, во продолжение извршена е верификација на методологија за проценка на


подложноста кон свлекување на теренот за Полошко-Реканскиот регион, поконкретно
за административната единица Полошки плански регион согласно усвоената поделба
на територијата на Р.Македонија од 2009 година, според која, територијата на
државата е поделена на 8 плански региони кои служат за статистички, економски и
административни цели.

Резултатите од една ваква анализа може да бидат искористени од централната и


локалната власт за одбележување на областите-терените кои евентуално би се
истражувале подетално или кои би требало да се избегнат при просторното
планирање. Детали за бенефитите од ваквата анализа се дадени и претходно.

Во иднина, предложената методологија со одредени нејзини корекции кои би биле


во насока за подобрување и унапредување на истата, може да се искористи за
проценка на подложноста кон свлекување на теренот за територијата на целата земја.

-Пример за катастарска карта на нестабилни појави


Примерот за катастарска карта на нестабилни појави во истражното подрачје е во
целост изработен врз база на напред наведените принципи. Се однесува на терените
на подрачјето Полог-Река. При идентификација на нестабилните појави користени се
следните извори на информации:
81
- Основна Геолошка Карта на Р.Македонија листови Гостивар, Кичево, Скопје, Призрен,
Крушево 1:100000,
- Топографски карти на Р.Македонија во размер 1:25000,
- Инженерскогеолошка карта на лист Гостивар и Кичево, размер 1:100000,
- Google earth и Google maps платформата
- Дигитален елевационен модел на Р.Македонија
- ГИС порталот на Агенција за катастар на недвижности (АКН 2011).
- Ортофото снимки во размер 1:5000
- Топографски и ситуациони карти на поголемите регистрирани свлечишта.

За илустраиција на самиот процес на картирање од напред наведените извори,


прикажана е слика3.15.

а б

в г
Слика 3.15. а) детекција на одронување со помош на топографски карти во размер 1:25000
б) детекција на карпесто обрушување со помош на Google maps платформата, в) детекција на
плитки свлекувања и (г) детекција на дробински токови со помош на ГИС платформата на
Агенција за катастар на недвижности на Р.М. АКН-Геопортал 2014

Вкупно се идентифицирани 1172 нестабилни појави. Kатастарска карта на


нестабилни појави за истражното подрачје е пркажана на слика бр.3.16.

Важно да се напомене е дека сите нестабилни појави кои се нанесени на картата се


дефинирани со X Y координати од напред наведените извори, но поради големината
на истражното подрачје, само дел од истите се проверени на терен.

Поради карактерот на картирањето и покриеноста на теренот, најголем дел од


регистрираните појави се од типот на карпести одрони, карпести обрушувања,

82
дробински одрони, ротациско свлекување на карпи, транслаторно свлекување на
карпести блокови, планарно ширење (карпести наноси).

Свлекувањата од типот на длабоки ползења, комплексни свлекувања и сите


останати појави кои се јавуваат во почвени материјали при еден ваков пристап е многу
тешко да се одредат и само мал дел од појавите се класифицирани како такви. Од
овие причини, подетално издвојување на појавите според механизамот не е извршено
и истото се препорачува да се изведе во некоја понапредна фаза на истражување со
примена на теренско картирање. Со тоа ќе се проверат и потврдат сите регистирани
појави, како и нивниот механизам на свлекување. На овој начин ќе се овозможи и
раздвојување на процесите на плитко свлекување и ерозија, што со применетиот
пристап е релативно тешко да се изведе.

Слика 3.16. Катастарска карта на нестабилни појави во истражното подрачје

Одредување на највлијателни фактори кои допринесуваат за развој на


нестабилни појави во полошко-реканскиот регион
Развојот на нестабилните појави во овој регион е поврзан со голем број на
причинители-фактори кои вклучуваат: литолошки состав, геолошки склоп, топографија,
присуство на геоморфни формации, присуство на раседни структури, развој на
хидрографска мрежа, ерозија, сеизмолошки влијанија, климатски услови, изложеност
на евапорација на падините, вегетативна покривка, начин на користење на земјиштето,
антропогени влијанија итн.

83
Вообичаено кога се врши процена на подложноста кон развој на нестабилни појави,
се селектираат само неколку од овие фактори. Селекцијата на влезните фактори врз
основа на кои се спроведува една ваква анализа се изведува врз база на податоците
кои се собрани од претходно случени нестабилни појави, т.е. причините кои довеле до
нивно појавување се сметаат за главни причини кои би го условувале појавувањето на
нови нестабилности во иднина. Со анализа на сите собрани податоци за
нестабилностите во Полошко-Реканскиот регион може да се констатира дека како
најчести фактори за развојот на истите се наведените во табела 3.28.

Табела 3.28. Приказ на најчести фактори кои допринесуваат кон развој на нестабилни појави во
Полошко-Реканскиот регион

Параметар Карактеризација

Литолошки состав, состојба и физичко-


1. Геологија механички каратеристики на
литолошките членови

Максимално земјино забрзување,


2. Сеизмички услови
очекувана магнитуда на земјотреси

Просечни и максимални годишни


3. Врнежи
врнежи

4. Наклон на терен Најважен морфолошки елемент

5. Ориентација на падините кон страните на Значајна за евапорација на теренот


светот

Издвојување на климатски појаси,


6. Надморска висина
развој на одреден вид вегетација

Можни засилувачки ефекти на


7. Близина на раседни структури
свлекувањето

8. Користење на земјиште (земјишен покривач) Начин на користење на земјиштето

На ова подрачје како најважни фактори кои допринесуваат за подложноста кон


свлекување на теренот се одредени литолошкиот состав, наклон на терен, врнежи,
сеизмички услови и користење на земјиштето.

Подготовка на параметарски карти


Со цел да се створат услови за верификација на предложената методологија за
проценката на подложноста кон свлекување на теренот, основен предуслов е да се
имаат на располагање тематските карти за селектираните параметри. Така во ГИС
формат подготвени се следните карти.

84
Карта на литолошки состав
Литолошкиот состав се смета за еден од основните фактори кои го условуваат
просторниот распоред на нестабилностите во областа на истражување. За
предметниот регион во минатото се подготвувани геолошки, хидрогеолошки и
инженерскогеолошки карти, размер од 1:100000 до 1:25000, на кои е претставен
литолошкиот состав и тектонските структури на теренот.Сите користени карти се
наведени во литературата. На слика бр. 3.17 е дадена подготвената тематска карта по
параметар на литологија.

Табела 3.29. Застапени литолошки единици во истражното подрачје

Процент од територијата
Литолошка единица Површина (km2) (%)
Квартерни наслаги 473.00 19,48
Плиоен, песоци и глини, супесоци и суглини 14.32 0,59
Кристалести варовници со рожњаци 374.,67 15,43
Плочести варовници 8.18 0,34
Јурски глинци и песочници 117.35 4,83
Серпентинити 4.72 0,19
Харцбургити 18.60 0,77
Гранитоидни карпести маси 91.71 3,78
Габрови 1.46 0,06
Плочести доломитити и доломитски мермери 10.29 0,42
Средно зрнести сивобели калцитски мермери 59.99 2,47
Мермери и мермерасти варовници 188.59 7,77
Кварцпорфири 13.93 0,57
Филити метаморфисани песочници и шкрилци 19.40 0,8
Амфиболити 0.34 0,01
Кварцити и кварцни песочници 42.17 1,74
Метапесочници 102.52 4,22
Карбонатни шкрилци 31.14 1,28
Дијабази и спилити 14.06 0,58
Хлорит серицитски шкрилци 22.36 0,92
Епидот актинолитски шкрилци 162.68 6,7
Серицит кварцни шкрилци 9.67 0,4
Кварц карбонатни серицитски шкрилци и
филити 35.52 1,46
Кварц хлоритски шкрилци 5.48 0,23
Разновидни албитизирани претежно зелени
шкрилци 71.13 2,93
Албитизирани хлорит епидот серицитски
шкрилци 36.03 1,48
Албит хлорит серицитски шкрилци 53.57 2,21
Филитоиди 372.07 15,33
Флишоидни седименти 72.67 2,99
Вкупно 2427,75 99,98

85
Слика 3.17. Литолошка карта на Полошко-Реканскиот регион
(основен извор: Основна геолошка карта на на Р.Македонија, Размер 1:100000)

Карта на наклон на терен


Наклонот на терен е еден од најчестите параметри кои се земаат во предвид при
проценката на подложноста кон нестабилни појави без оглед на применетата
методологија. Свлекувањето се активира во моментот кога гравитациските сили ќе ги
надминат силите на резистенција на материјалите од кои е изградена падината. Колку
поголем е наклонот на теренот, толку поголеми се гравитациските и смолкнувачките
сили кои делуваат на падината.

Картата на наклон на терен за предметното подрачје е подготвена во ГИС


средината врз основа на достапниот ДЕМ модел за територијата на Р.Македонија од
2004-2006 година со големина на келиите во растер од 30х30m’.Картата на наклон на
терен е прикажана на слика бр. 3.18. Статистичките податоци се прикажани на табела
3.30.

Табела 3.30. Поделба на истражното подрачје според наклон на теренот


Категорија на терен Наклон на терен Површина Процент од територијата
според наклон () (km2) (%)
1 0-5 401.47 16,54
2 5-15 645.71 26,6
3 15-25 873.86 36
4 25-35 428.70 17,66
5 35-45 72.34 2,98
6 >45 5.62 0,23
Вкупно 2427.73 100,01
86
Во однос на надморската висина, најмалата изнесува 336 m и се наоѓа во
Полошката котлина во самата долина на река Вардар (координати x-4662084 y-
7515483), додека максималната изнесува 2748 Титов врв на Шар планина (координати
x-7483733 y-4649784). Средна надморска висина изнесува 1256 m поради што теренот
се сврстува во планинско-ридски.

Слика 3.18. Карта на наклон на терен на Полошко-Реканскиот регион.


(извор: Дигитален Елевационен Модел на Р.Македонија, големина на келија 30х30м, ДЕМ
генериран од топографски карти на РМ во размер 1:25000)

Карта на просечни годишни врнежи


Годишните просечни врнежи во истржаното подрачје варираат од 600 мм/год. па се
до повеќе од 1250 мм/год/ што е највисок интензитет на врнежи во Македонија. За
добар дел од нестабилните појави, потврдено е дека се јавуваат за време на
периодите на интензивни или пролонгирани вржени, како и во периодите на топење на
снегот. Во овие периоди, распаднатиот материјал на површината на земјата
(делувиумот) се заситува и доаѓа до појава на порен притисок кој допринесува до
опаѓање на јакосните карактеристики а зголемување на тежината и гравитациските
сили кои делуваат на падината. Исто така, долж површината на контактот помеѓу
цврстата карпа и распаднатиот материјал се формира зона на интензивно влажнење
која често преминува во рамнина на свлекување. Како основа за подготовка на
тематска карта за истражниот простор, послужи картата на врнежи за Р.Македонија
која е подготвена за периодот 1961-1996. Картата на просечни годишни врнежи е
прикажана на слика бр. 3.19.

87
Табела 3.31. Просечно количество на врнежи во истражното подрачје

Количество на врнежи мм/год Површина (km2) Процент од територијата (%)

до 600 22.68 0,93

600-700 216.66 8,92

700-800 401.91 16,55

800-900 624.94 25,74

900-1050 1161.58 47,85

Вкупно 2427.77 99,99

Во контекст на врнежите, од поблиската историја, посебно значајно е да се


напомене дека во периодот зима 2009 – пролет 2010 година на територијата на
Р.Македонија, а особено во истражното подрачје, имаше појава на пролонгирани
врнежи од дожд и снег, што предизвика подигање на нивото на подземите води
(локално и до 100 годишно ниво). Ова предизвика реактивација на голем број на
свлечишта, вклучувајќи ги и свлечиштата Битуше-Велебрдо-Ростуше, како и појава на
специфични свлекувања на земјиште-дрвја и снег (патот Маврови Анови – Дебар, во
близина на Бигорски манастир).

Слика 3.19. Карта на врнежи за истражното подрајче (извор: изохиетска карта на Р.Македонија,
размер 1:100000, за период 1961-1996 УХМР на Македонија)
88
Сеизмички услови
Подрачјето кое е предмет на анализа се протега во зони на максимален очекуван
сеизмички интензитет од 7, 8 и 9 степени. За дел од појавите на нестабилност, постојат
сведочења дека за првпат се активирале или покажале знаци на активност токму како
последица на сеизмичките влијанија. За предметниот терен постојат карти на очекуван
сеизмички интензитет во размер 1:200 000. Оттука, во ГИС средината, подготвени се
тематски карта со максимално очекуван сеизмички интензитет според MKS-64 за
повратен период од 100 и500 год., сл.3.20 и сл.3.22.

Табела 3.32. Очекуван сеизмички интензитет според MKS-64 за повратен период од 100 години
Очекуван сеизм. интен. за 100г. Површина (km2) Процент од територијата (%)
7 993.21 40,91
8 1434.55 59,09
Вкупно 2427.76 100

Табела 3.33. Очекуван сеизмички интензитет според MKS-64 за повратен период од 500 години
Очекуван сеизм. интен. за 500г. Површина (km2) Процент од територијата (%)
7 455.95 18,78
8 1866.30 76,87
9 105.507 4,35
Вкупно 2427.76 100

Слика 3.20. Карта на очекуван интензитет на земјотреси според MKS-64 за повратен


период од 100 години (извор: сеизмолошка опсерваторија, Скопје, 1996, размер 1:200000)

89
Слика 3.21. Карта на очекуван интензитет на земјотреси според MKS-64 за повратен период од
500 години (извор: карта на сеизмички интензитети на СФРЈ, 1990, размер 1:200000)

Карта на земјишен покривач


Ова е уште еден од факторите кој се покажале како клучни во развојот на
нестабилности на анализираниот терен. Ефектите на вегетацијата врз стабилноста на
падините може да се класифицира како хидролошки и механички(GreenwayD.R. 1987).
Механичките ефекти вклучуваат зајакнување на почвата со корењата, претходно
напрегање, површинска заштита итн. Хидролошките ефекти опфаќаат загуба на
врнежите поради пресретнување, отстранување на влагата од почвата со
евапотранспирација и ефектите на хидрауличката спроводливост.

Присуството на инфраструктурни објекти од било каков вид, ги променува


природните својства на одредено подрачје, при што најчесто доага до промена на
дотекувањето и оттекувањето на површинските води, промена на режимот на
подземните води, промена во напрегањата кај карпестите маси, промена на
хидрауличките градиенити, нарушување на стабилноста на алувијално-пролувијани и
делувијални наслаги и бројни други ефекти.

Според напред изнесеното, се наметнува фактот дека природната склоност на


теренот кон развој на нестабилности со човечката активност се изменува, и тоа во
најчест случај кон интензивирње на овие процеси, поради што секогаш треба да се
посвети особено внимание на користењето на земјиштето при проценката на
подложност кон свлекување, без разлика на применетата методологија.

90
За предметниот терен искористена е карта на земјишен покривач Corine Land Cover
на Европската агенција за животна средина (European Environmental Agency), верзија
од 2006 година, исечок за територијата на Р. Македонија. Подготвената карта е
прикажана на слика бр.3.22 а начинот на користење на земјиштето е даден во
следната табела бр.3.34.

Табела 3.34. Користење на земјиштетово истражното подрајче според Corine Land Cover
верзија 2006

Користење на земјиштето Површина (km2) Процент од територијата (%)


Густа шума 1871.93 77,1
Пасишта 16.11 0,66
Обработливо земјиште 451.42 18,59
Урбани и рурални средини 49.57 2,04
Оголен терен 22.57 0,93
Водени површини 16.22 0,67
Вкупно 2427.82 99,99

Слика 3.22. Карта на користење на земјиштето


(извор: Corine Land Cover, верзија 2006, големинa на растер 100х100m)

Според напред прикажаниот пристап изготвени се соодветни рејтинг карти кои се


прикажани на следните слики од 3.23 до 3.27.

91
Слика 3.23. Карта на рејтинг според наклон на терен NT-R

Слика 3.24. Карта на рејтинг според количина на просечни годишни врнежи GV-R
92
Слика 3.25. Карта на рејтинг според максимален очекуван сеизмички интензитет I-R за
повратен период од 100 години

Слика 3.26. Карта на рејтинг според максимален очекуван сеизмички интензитет I-R за
повратен период од 500 години

93
Слика 3.27. Карта на рејтинг според користење на земјиштето ZP-R

Подготовка на карти на вкупен рејтинг


После компилацијата на рејтинг картите извршен е алгоритам на сумирање на
рејтинзите и определен е вкупниот рејтинг на подложноста кон развој на нестабилни
појави (TLSR) за повратен период на максимално очекуван сеизмички интензитет од
100 и 500 години. Врз вака подготвените карта се преклопени сите регистрирани
нестабилности на теренот, а резултатите се прикажани во табелите 3.35 и 3.36, како и
на сликите 2.28 и 3.29.

Табела 3.35. Определени класи на подложност кон свлекување TLSR за повратен период од
100 год. намаксимално очекуван сеизмички интензитет и нивна процентуална застапеност на
теренот со застапеност на свлечишта во зоните на подложност

Број на
Вреднос Дел од Процент на
Површина свлечишт
Зона на подложност т на територ. свлечишта
(km2) а во
TLSR (%) во зоната (%)
зоната
1 - Многу ниска подложност 0,5-2,32 101.06 4,17 2 0,17
2- Ниска подложност 2,32-4,14 508.87 21,02 24 2,05
3 - Средна подложност 4,14-5,96 733.49 30,3 244 20,82
4 - Висока подложност 5,96-7,78 538.42 22,24 323 27,56
5 - Многу висока
подложност 7,78-9,6 539.05 22,27 579 49,4
Вкупно 2420.89 100 1172 100

94
Табела 3.36. Определени класи на подложност кон свлекување TLSR за повратен период од
500 год. на максимално очекуван сеизмички интензитет и застапеност на свлечишта во зоните
на подложност

Број на
Вреднос Дел од Процент на
Површина свлечишт
Зона на подложност т на територ. свлечишта
(km2) а во
TLSR (%) во зоната (%)
зоната
1-Многу ниска подложност 0,8-2,54 56.36 2,33 4 0,34
2-Ниска подложност 2,54-4,28 571.95 23,63 33 2,82
3-Средна подложност 4,28-6,02 720.56 29,76 236 20,14
4-Висока подложност 6,02-7,76 508.96 21,02 289 24,66
5-Многу висока подложност 7,76-9,5 563.06 23,26 610 52,05
Вкупно 2420.89 100 1172 100,01

Слика 3.28. Вкупен рејтинг на подложност кон свлекување TLSR за повратен период од 100 год.
на максимално очекуван сеизмички интензитет

95
Слика 3.29. Вкупен рејтинг на подложност кон свлекување TLSR за повратен период од 500 год.
на максимално очекуван сеизмички интензитет

Како заклучок од прикажаните анализи, може да се истакне, дека прикажаниот


пристап (за дадено ниво на картирање) дава задоволителни резултати. За попрецизни
модели на подложноста на теренот кон свлекување потребно е да се располага со
поголем број на податоци од повеќе аспекти.

96
4. ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИ ОД
ОДРОНУВАЊЕ

4.1. ОПШТО ЗА ОДРОНУВАЊЕ


Одронување е современ геолошки процес кој се манифестира во вид на
откинувањето и паѓањето на блокови и делови на карпестата маса од стрмните
падини, високите косини или вдолж крајбрежните делови на реките, езерата и
морињата (Слика 4.1).
Одронувањето настанува во моментот кога активните сили од различен карактер ќе
ги надминат јакостните карактеристики на карпестата маса. Тие сили може да бидат од
различен карактер и тоа: дејство на гравитацијата, активни сили поради ширење на
мразот во пукнатините, бабрење на пукнатинскиот заполнител, хидрауличните
притисоци, влијанија на напони предизвикани од корењата на растенијата, динамички
влијанија од земјотресите, минирање и др.
Слика 4.1. Приказ на
можни видови одрони:
А-одрон во лесоидна
почва во контакт со
вода, B-одрон во цврсти
карпи, 1- лесоидна
почва, 2-глина, 3-
подсечување на брег со
вода во неколку фази, 4-
лабилен блок, 5-зона на
масивни но испукани
карпи, 6- тело на одрон,
7-подлога на одронот
Најчесто одроните се сврзани за падини изградени од каменити карпести маси кои
содржат пукнатини со одреден наклон кон падината, а со паден агол на пукнатините
помал од оној на падината. Поретко се јавуваат и во стрмно подсечени косини или
абрадирани брегови на реките, езерата и морињата.

Основни елементи на одроните


Кај одроните, се разликуваат неколку основни елементи. На пример, терминот зона
на одронување се користи за дел од падината каде се наоѓаат лабилни или
потенцијално нестабилни блокови од каде настанува нивно одвојување и натамошно
движење низ падината. Самата површина од каде се одвоил блокот се вика лузна од
одронот.
При процесот на одронување, одронетите блокови целосно се одвојуваат од
својата подлога, а нивното движење може да се одвива делумно во воздух или пак со
транслација и ротација по падината. Кај многу стрмни косини може да се појави и
слободен пад на блоковите (Слика 4.2).

97
Слика 4.2. Приказ на можни начини
на движење на одронети блокови,
зависно од падниот агол на падината
(преземено од FHWA
Manual 'Rock Slopes'
November 1991)

При движењето, блоковите се удираат на одредени делови од падината со основната


карпеста маса, која се нарекува зона на транспорт на одронетите блокови. Поради
ударите со основата, блоковите се дробат и ситнат, и на крај се натрупуваат во
подножјето на падината кое обично се вика зона на натрупување или депонирање на
одронетиот материјал.
Во зоната на депонирање, се акумулира телото на одронот. Големината на
блоковите е многу различна, започнувајќи од блокови со сантиметарски, дециметарски и
метарски димензии, па се до огромни блокови со волумен и повеќе од стотици или
илјадници кубни метри. Самото тело на одронот е многу порозно, водопропусно, без некои
поголеми поместувања на отпаднатите блокови.

Механизам на одронување
Процесот на одронување е многу сложен. Споредено со свлечиштата, основна
разлика во механизмот на движење е тоа што нестабилната маса во одреден момент
целосно се одвојува од подлогата и делумно се движи во воздух.
Движењето на блоковите е дефинирано со определена траекторија или патека на
движење која зависи од наклонот на падината, нејзината морфологија, висина и типот на
материјал по кој се движат одронетите блокови. Одронувањето се одвива главно со многу
голема брзина и трае доста кратко, иако припремната фаза за одронување може да трае
многу долго. Во фазата на одронување, можни се и неколкукратни удирања низ падината.
(Слика 4.3).

Слика 4.3. Приказ на начини на одронување: I-со претходно лизгање на блокови, II-
отскокнување по нерамна падина,III-различни траектории на движење и далечини на отфрлање
на блоковите зависно од местото на отскок (по М.Јањиќ, 1969)
98
Со анализа на геоморфолошките, геолошките, климатските, хидролошките и посебно
карактеристиките на испуканоста со доста голема сигурност може да се издвојат локации
кои се критични за одронување. Од друга страна, многу е тешко да се прогнозира
моментот на лом и појава на одронот. Вообичаено, при анализа на механизмот на
одроните се дефинираат неколку основни параметри и тоа:
-Големината на силата која би се појавила при удар на одронот во некој објект;
-Брзината на пад на одронетата маса и забрзувањата при движењето;
-Должината на одлетување на блоковите;
-Кинетичката енергија од удар на блоковите врз теренот или објектите и други
елементи.

За дефинирање на силата на удар и брзината на движење на блоковите при


слободен пад се користат познати формули од физиката:
m  V2
p ; V  2gH
2
Должината на одлетување на блокови може да се определи со користење на
следната формула:

L H
450
Во литература може да се сретнат и други решенија. На пример, Е.К.Гричишев ја
предлага следната равенка:
 
x  sin 2 H  h  cos4  
h
 cos2  
 Hh 
 
За случај на одлетување на блок од вертикална косина, се користи следната формула:

V 2 sin   2gH 
x cos2   2  cos 
g  
 V 

За падина со определен стрмен наклон се користи следниот израз:

V 2 sin   2gH 
x cos2   2  cos   H  ctg
g  
 V 

Ознаките во претходните формули се однесуваат на следните големини:

L односно x- должина на одлетување на блокови;

H-Висина на почетно паѓање;

h - Висина на местото на отскок;

b-агол на одлетување на блоковите;

a -агол на падината;

v - почетна брзина на придвижување на блокот;

g - земјино забрзување.

99
Прикажаните формули се користат за релативно груба пресметка на параметрите
за одронување на карпестите маси. Кај хомогени косини, опасноста од одронување се
проценува ако се знаат основните геометриски карактеристики на косините и јакоста на
смолкнување. За вакви случаи се користи методот на Фисенко кој е заснован на
пресметка на максимална висина на косина која би можела да се изведе со вертикален
наклон. За овој случај се користи следната формула:

2C    
H90  ctg 45  
   2 

Kаде е:
H90-максимална висина на вертикална косина за дефинирани јакостни параметри;
C-кохезија на карпата;
φ-агол на внатрешно триење;
γ-волуменска тежина.

Ако се знаат јакостните карактеристики, волуменската тежина на карпата, со


примена на графоаналитичка техника, се бара при кој аголот при кој некоја косина со
висина H, ќе биде стабилна без опасност од одронување (Слика 4.4). Треба да се
спомене, дека пресметката по оваа метода е приближна, и би важела за косини со
хомогена градба без присуство на јасно изразени пукнатини со неповолен пад кон
косината.

Слика 4.4. Дијаграм за


проценка на стабилна косина
дефинирaна преку наклонот на
косината и со изведен
параметар H'
(H’=H/H90каде е:
H-висина на косина
која се анализира)

За поточни пресметки, во современата пракса се разработени пософистицирани


методи на анализа на опасноста (хазардот) и можните ризиците од одронување. За таа
намена, се користат софтверски пакети, чија основна намена е да се предвидат
можните патеки на движење или траектории на одронетите блокови (Слика 4.5).

100
Слика 4.6. Приказ на
траекторија на движење на
блок со тежина од 1000 кг
(Hoek, 2002)

Траекторијата на блокот зависи и од карактеристиките на карпата врз која се удира,


односно од нејзината јакост и збиеност. За дефинирање на карактеристиките на
подлогата, во пракса се користи еден параметар кој е наречен коефициент на
реституција во нормален правец на ударот на блокот (Rn) и во тангенцијален правец
(Rt) според типични вредности прикажани во табела 4.1.

Табелa 4.1. Карактеристични вредности за коефициент на реституција R


Вредност на коефициент Вредност на коефициент
Тип на подлога
на реституција (Rn) на реституција (Rt)

0 0.24 Удар од блок врз рамна површина од


седимент во дно на стрмни косини

0.32 0.81 Сипар со локално присуство на


вегетација

0.29 0.80 Косина од почва со слаба вегетациона


покривка

0.315 0.72 Варовник

0.4 0.9 Асфалтна површина на пат

0.453 0.737 Прскан бетон

0.487 0.91 Карпеста косина

0.53 0.99 Косина од цврста карпа со висока


јакост

Од табелата се гледа дека големината на овој коефициент зависи од природата на


материјалите од кои е формирана ударната површина. Физичката суштина на
коефициент се огледува во способноста за амортизирање на ударот на одронетиот
блок на површината на карпата. Преку симулационите модели се прави прогноза на
траекториите на блокови со различна тежина, се дефинира нивната кинематска
енергија, можното растојание до кое може да се одрони блокот и на крај се
предвидуваат соодветни мерки за заштита од одронување кои се прикажани на
следните слики.

101
Слика 4.7. Симулација на
можни траектории на
одронети блокови на
автопат Е75 во близина на
тунел пред Велес,
анализиран со софтвер
ROCKFALL

а б
Слика 4.8.Одрон над храм ″Свети Пантелејмон″ во Велес: а-оштетување на ѕидот над
храмот; б- зона на тело на одронот со приказ на срушена помошна просторија во дворот
на храмот

За сите анализи, многу е значајна соодветна прогноза на брзините на движење на


одронетите блокови. Еден пример за блокот од слика 4.8 е прикажан на Слика 4.9. Се
работи за конкретни примери за случени одрони во близина на градот Велес од кои
јасно произлегува дека анализата на механизмите на одронување е исклучително
тешка задача. Имено, се смета дека прогнозирањето на времето на појавата на
одрони по тежината на задачата е слична со прогнозирање на земјотресите.

Di st r i buci ja na t r ansl at or na br zi na na
r ast ojani e x=40.000

14
12
Br oj na bl okovi

10
8
6
4
2
0
0.97 4.85 8.73 12.6 16.5 20.4 24.3 28.1 32 35.9
Tr ansl at or na br zi na [m/s]

Слика 4.9. Хистограм на распределба на брзина на движење на одронети блокови за случајот


од слика 4.8
102
Основни методи за санација на одроните
Познати се многубројни случаи на загрозување на објекти или животи на
населението поради појавата на одронување. Ова значи дека често се наметнува
потреба од проектирање на санациони мерки за превентивно или акутно санирање на
зони кои се склони кон одронувањето. Општо правило е дека ова е многу сложена и
тешка задача, посебно ако е загрозен некој објект кој е во експлоатација кога условите
за санација се лимитирани бидејќи санацијата треба да се изведува во услови на
изведени косини со големи висини, или при паралелно или регулирано одвивање на
сообраќајот (Слика 4.10 и 4.11).

Слика 4.10. Прекинат сообраќај на Слика 4.11. Одронување на блокови


пат од Маврово кон Дебар поради со метарски димензии на патен
одронување на блокови правец од с.Злетово кон брана
"Кнежево")
При санирање на одроните, многу е значајно да се знае и големината на
површината која е или би можела да биде зафатена со одронување, како и волуменот
на одронетата маса. За класификација на одроните најчесто се користат критериумите
кои се прикажани во табела 4.2.
Табелa 4.2. Класификација на одрони според нивната големина
Класификација на одрон Површина (m2) Волумен (m3)

1. Многу мали до 10 до 100

2. Мали 10-100 100-1 000

3. Средна големина 100-1 000 1 000-100 000

4.Големи 1 000-100 000 100 000-1 000 000

5. Многу големи или огромни преку 100 000 преку 1 000 000

За дефинирање на мерките за заштита или за санација треба да се дефинира


положбата на можната зона за одронување во однос на висината на падината, типот
на одрон во зависност од геолошкиот состав и слично. Најправилен пристап е ако
критичните делници уште во сама изведба на работите се заштитуваат на соодветен
начин при што е многу значајно да се применуваат соодветни техники на ископ. Во
пракса се разработени се поголем број техники на ископ или методи за заштита на
косини склони кон одронување и тоа:
-Контролирано минирање, по можност со техники на претходно засечување на
косините со контурно минирање;
-Механичко одстранување на лабилните блокови (кавање) со внимателно рушење
со компресор или со лесно минирање;

103
-Заштита на косините како што напредува ископот од горна кота надолу (англиски
т.н. top to down пристап на ископ и заштита);
-Заштита со патарска челична мрежа;
-Сидрење на потенцијално-нестабилните блокови;
-Инјектирање со мали притисоци;
-Примена на прскан бетон во комбинација со арматурна мрежа и сидра,
-Изведба на берми на одредени висини од косината;
-Изведба на заштитни галерии кои го пренасочуваат дејството на ударот на блокот
кон сигурни зони;
-Изведба на т.н. замки за блокови во дно на косината;
-Облагање;
-Потпирање и др.

Основите за примена на некои од набројаните методи се прикажани на следните


слики од 4.12 до 4.22. Секоја од прикажаните мерки има свои предности и
недостатоци, и треба да се применува зависно од конкретните теренски услови.

Бермите се многу ефективни за прифаќање на одроните. Тие најлесно може да се


изведат во сама фаза на градба како напредува ископот од горе надолу, а во фаза на
експлоатација или не е можно или е многу ризично да се изведуваат. Не се ефикасни
ако се со мала ширина. Треба да се проектираат на начин да има можност подоцна да
се пристапи до нив за евентуални чистења, санации и слично.

Слика 4.12. Дијаграм


за проценка на
димензии на замки за
блокови според
Whiteside,1986

Слика 4.13. Видови


замки за блокови

Кај тесни патишта во планински терени, каде нема доволно простор за изведба на
замки за блокови, се користат варијанти на заштита со потпорни ѕидови, заштитни
галерии, анкерисување, пломбирање, заштита со прскан бетон, армирано-бетонски
ребра и др. (Слика 4.15 и Слика 4.16).

104
Слика 4.14. Најчести заштитни мерки за спречување на одрони
(според Fookesи Sweeney, 1976)

Слика 4.15. Приказ на некои заштитни мерки против одронување (делумно изменето и
дополнето според В.Д.Ломтадзе, 1977)
а- заштитна галерија за пренасочување на удар на блок во сигурна зона,
б-подѕидување со камена ѕидарија, в-потпорен ѕид со простор за акумулирање
на одронети блокови, г- пломбирање на празен простор, подѕидување и анкерисување.
105
Слика 4.16.
Заштита на косина со прскан
бетон и армирано бетонски
ребра завлез во тунел
Мечково брдо, кај Овчар
бања (фото Б.Аболмасов)

Во практиката најчесто применувана постапка е поставување на заштитна


патарска челична мрежа којаможе да помогне за задржување на помали блокови
(Слика 4.17).

Слика 4.17. Заштитна


патарска мрежа за косина
на автопат Е 75, делница
од Катланово до Велес
(фото С.Николов)

Таа не е ефикасна кога има блокови со метарски димензии, кога може да се оштети
и да се сруши заедно со блоковите (Слика 4.18).

Слика 4.18. Оштетена


заштитна патарска мрежа
за косина на автопат Е 75,
поради појава на одрон со
поголеми блокови на
делница од Катланово до
Велес (фото С.Николов)

За задржување на поголеми блокови се применуваат различни решенија со


заштитните огради и прегради (бариери) (сл.4.19). Тие имаат капацитет на
абсорпција на блок со маса од 250 кг кој се движи со брзина од 20 м во секунда.
Поробусни огради како оние што се користат во Европските Алпи имаат капацитет за
абсорбирање и запирање на блокови со маса и од 6250 кг кои се движат приближно со
брзина од 20м во секунда.
Заштитните (абсорбирачки) прстени имаат капацитет на абсорпција на блокови со
маса и до 6 тони кој се движи со брзина од 20метри во секунда. Кога блокот ќе удри во
нив, тие се деформираат пластично и ја смируваат енергијата на блокот.
106
Слика 4.19.а - Заштитни бариери од мрежи составени од абсорбирачки
прстени со голема моќ за задржување на одронети блокови, б-детал на еден
абсорбирачки прстен

Слика 4.20.Комбинација на
замка за блокови во вид на
еластична мрежа и простор за
одронување пред косина

Скривалиштата (галериите) од одрони најчесто се употребуваат кај стрмните


косини на тесните планински патишта и железнички пруги во планински региони. За да
работат ефективно, треба покривот да им е стрмен и треба да се со релативно тесен
распон. Горната зона на галеријата, добро е да се покрие со чакалест или дробински
материјал за да се амортизира и пренасочи ударот од блокот (Слика 4.17).

Слика 4.21.Пример за заштитна


галерија од одрони

Потпорните и обложните ѕидови се применуваат често. Техничките решенија


зависат од случај до случај. Може да бидат изградени од армиран бетон, од камен, да
се комбинираат со анкери и слично (Слика 4.22).

а б
Слика 4.22. а-Заштита на косини со обложен ѕид на пат за брана Света
Петка, б- потпорен ѕид со подѕидување на потенцијално нестабилен блок во
дно и анкери во горна зона над соборен храм Свети Пантелејмон во Велес
Прикажаните примери не ги исцрпуваат и сите можни случаи, така што конкретните
технички решенија се анализираат кај секој објект посебно.
107
4.2. МЕТОДИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ОДРОНИ
Lee препорачал една шема која треба да се следи за решавањето на проблемите
со ризиците и хазардите која се состои од следење на осум чекора:
1. Опис на намерата;
2. Идентификација на хазардот;
3. Процена на големината и зачестноста на хазардот;
4. Идентификација на последиците;
5. Процена на големината на последиците;
6. Процена на зачестеноста на последиците;
7. Процена на ризикот, (RiskEstimation);
8. Одредување на ризикот, (RiskEvaluation).
Фазата “7. Процена на ризикот” го опфаќа одредувањето на комбинацијата од несаканите
последици со веројатноста на нивната појава.
Фазата “8. Одредување на ризикот” го опфаќа определувањето на значењето на
проценетиот ризик за оние кои се загрозени од него.
Оваа постапка може да се смета и како алгоритам за дефинирање на проблемот, и
на некој начин е основа за еден пристап кој е разработен кај нас. Имено, поаѓајќи од
ставот дека идентификација на хазардот од појава на нестабилност не е можна без
соодветна методологија на анализа, на слика 4.23 е прикажан еден алгоритам каде
како влезен параметар во постапката на идентификација се земаат предвид јакоста на
смолкнување вдолж дисконтинуитетите, како и историјатот на нестабилни појави на
конкретен локалитет (Јовановски и Гапковски, 2003).

Слика 4.23. Алгоритам за емпириско-аналитички систем за идентификација на хазард од појави


на нестабилност во цврстоврзани карпести маси (Јовановски, Гапковски, 2003)
108
-ПРЕСМЕТКА НА РИЗИКОТ

Анализата на ризикот е алат кој им помага на менаџерите во донесувањето на


решенија.Во современото градежништво, учесникот што донесува одлуки е соочен со
тесни рокови и лимитирани финансиски фондови, и треба да одговори на голем број
сложени прашања, без разлика дали се работи за одлуки во проектирањето,
изградбата или одржувањето на изградените објекти и конструкции. Може да се
наведат следните основни прашања за разрешување:

 Како да се одреди ризикот за да се овозможи споредување на варијантите?


 Како да се одредат приоритетите, со познати ризици за секој елемент?

Процената на ризикот го претставува спојот на големината и веројатноста на појава


на определен хазард, од една страна и спојот на големината и веројатноста на појава
на однапред идентификувани несакани последици, од друга страна.

Во примена се три основни групи на пресметка на ризикот кои во себе содржат


голем број на варијации во поглед на пресметката и презентацијата на резултатите и
тоа:

Квалитативна пресметка на ризикот,

Полуквалитативната пресметка на ризикот

 Квантитативната пресметка на ризикот.

-КВАЛИТАТИВНА ПРЕСМЕТКА НА РИЗИКОТ

Методи кои се користат во квалитативната анализа на ризикот:

 Регистер на ризици
 Бодување на релативните ризици
 Матрици за рангирање на релативните ризици
 Вреднување на релативните ризици
 Анализа на неуспехот, ефектите од неуспехот и анализа на критичноста, (The
FMECA approach)

Независно од методата со која ќе биде определен ризикот, во квалитативното опре-


делување на ризикот се користат атрибути, наместо со броеви. На пример, во опишу-
вањето на големината на хазардот се користиме со следните изрази: многу голем,
голем, среден, низок и многу низок.

Последиците кои настануваат ги опишуваме како: катастрофални, големи, средни,


мали и незначајни. Веројатноста за појава на одреден ризик се опишува како: скоро
извесна, веројатна, можна, не е веројатна, ретко, скоро да не постои можност. Во пу-
бликуваните анализи се среќаваат и други описи, различни од погоре наведените.

109
Регистер на ризици

Најосновна метода во анализата на ризиците е регистерот на ризици. Се состои од


воспоставување на еден активен документ којшто постојано се надополнува. Во него
се наведуваат хазардите, ризиците и постапките на одговорните и задолжените лица
кога ќе се појават ризиците. Во регистерот на ризици кој е користен во анализата на
ризикот на еден дел од атлантскиот брег на Англија, изложен на постојана ерозија, се
внесуваат следните податоци: идентификација на делот од брегот (делница),
карактеристични податоци за делницата (setting), елементи изложени на ризик, хазард
од одрони, веројатност на лом, последици, референца кон постоечката програма за
дејствување, превземени мерки според посточката програма, (Lee and Jones 2004). На
изработката на овој регистер на ризици му претходела појава на одредени
нестабилности на брегот. Како реакција на воочените нестабилности, локалната власт
ангажирала консултант кој изработил програма на активности со чие исполнување во
иднина нестабилностите по должината на брегот би се редуцирани или елиминирни во
целост. Регистерот на ризици се повикува на оваа програма и ги следи активностите
предвидени во оваа програма. Од тука произлегува и една од компаративните
предности на регистерот на ризици. Тој е корисно средство за следење на одлуките
кои се дел од менаџментот на ризици преку целиот животен век на проектот.

Ефикасно водење на регистерот на ризици подразбира претходно воспоставена


структура и хиерархија во организацијата која е одговорна за справување со ризикот.
Неопходна е обука на вработените во организацијата со цел правилно и навремено
ажурирање и водење на документот. Понатамошна обработка на податоците во реги-
стерот на ризици се препушта на повикани експерти од областа на анализата на
ризиците.

Бодување на релативните ризици

Оваа метода е понапредна од регистерот на ризици. Се применува кога определу-


вањето на ризикот како апсолутна вредност е неадекватно, или практично
неизводливо. Бодувањето на ризиците претставува развивен систем со кој се
доделувааат бројни вредности на евидентираните ризици. Како краен резултат се
добива бројот на ризикот. Овој број овозможува рангирање на ризикот во субјективно
структурирана табела.

Без оглед на субјективноста на структурата на табелата со бодувањето сепак е


овозможено споредување на ризиците. Методата е исклучително применлива за
линиски објекти.

Матрици за рангирање на релативните ризици

Методата на матрица на релативните ризици се состои во формирање правоаголна


шема, или матрица, во која што по хоризонтала од лево на десно се поставени
последиците, а по верткалната осовина, од долу кон горе се поставени веројатностите.
Во прирачникот “Guide to Risk Assessment and Allocation for Highway Construction
Management” изработен од Molenaar, Ashley, и Diekmann, (Keith R. Molenaar, David B.
Ashley et al. 2006), претставена е матрица со ред на големина пет (5) редици x пет (5)
колони. По хоризонталната оска последиците се претставени во пет групи, од “а” до
“е”. Истотот е и со веројатноста која е претставена на вертикалната оска во пет групи,
од “А” до “Е”. Полињата на матрицата се обоени во три различни бои: зелена, жолта и
црвена.
110
Слика 4.24. Матрица за рангирање на релативните ризици
(по хоризонтала од лево кон десно растат последиците, а по вертикала, од долу нагоре, расте
веројатноста)

Со зелена боја се обоени полињата D  a , C  a , C  b , B  a , B  b , B  c , A  a ,


A  b , A  c и A  d . Тоа се полињата каде се сместени елементите под главната
дијагонала. Матрицата е симетрична по главната дијагонала со условна симетрија.
При чисто математички третман на проблемот елементите 2  1 и 1  2 се меѓусебно
еднакви. Толкувањето кое се применува во анализта на ризиците е поинакво. Кога се
работи за анализа на ризици кај елементот 2  1 доминантна е вредноста на појавата
во однос на последицата врз сопственоста, а кај елементот 1  2 , или A  b важи
обратното, доминантна е последицата во однос на појавата.

Вреднување на релативните ризици

Во оваа метода хазардите со своите последици се изразуваат имплицитно.


Методата се применува кај објекти каде областа која е предмет на истражувањето е со
елементи на ризик кои се униформни. Такви објекти се цевководите, патиштата и
другите линиски објекти. Областа се дели на единици според принципите на
геологијата или геоморфологијата. Вреднувањето се врши без доделување бројни
вредности на хазардите, ризиците или пакпоследиците. Споредбата помеѓу одделните
делници е можна и има смисла само во рамките на разгледуваната целина.

Анализа на неуспехот, ефектите од неуспехот и анализа на критичноста на (The


FMECA approach)

Првиот стандард е развиен од страна на National Aeronautics and Space


Administration (NASA), САД, со цел да се провери и подобри доверливоста на деловите
кои се користат во веселнската програма. Таа е составена од две методи: методата
FMEA и методата CA. Иницијално се спроведува FMEA (Failure Mode and Effects
Analysis) анализата. FMEA е скратеница од Анализа на неуспехот и ефектите од
неуспехот. Откако ќе биде спроведена анализата на можните форми на неуспехот се
врши приоритизација на формите. Тоа е CA (Criticality Analysis) компонентата од
анализата. Во фазата на приоритизација се оценува влијанието на секоја од можните
форми на неуспех и се оценува сериозноста на можните неуспеси.

Предностите на FMECA методата се многубројни: се лоцира причината на


неуспехот на ниво на елемент (или дел од механизмот), се укажува на потребната ак-
тивност за негово елиминирање, претставува помошно средство во развојот на нови
методи на испитување, претставува помошно средство во развојот на нови методи во
локацијата на дефектите, итн. FMECA анализата е проследена со FTA (Fault Tree
Analysis) анализата, анализата на дефектите. Методата се применува во
111
авиоиндустријата, вселенската индустрија, медицината, градежништвото и секаде каде
што е потребна софистицирана анализа на ризикот.

Во геотехниката се користи дијаграм кој ги поврзува локацијата, причината и инди-


каторот на грешката. Во англиската литература овој дијаграм е познат како LCI
дијаграм: Location, Cause, Indicator Diagram. Примената на дијаграмот е слична со
примената на FMECA методата. За избраната локација се анализираат причините кои
би довеле до неуспех, или дефект (failure). Кај секоја од причините се оценуваат три
параметри:

 Последицата (consequence), со оцена од 1 до 5;


 Веројатноста (likelyhood), со оцена од 1 до 5;
 Доверливоста на истражувачот (confidence), со оцена од 1 до 5.

Оцената 1 е најниска оцена, а оцената 5 е највисока оцена која може да се добие.


Истата постапка се спроведува и за индикаторите на неуспехот. Примената на оваа
метода овозможува да се идентификуваат елментите на ризик кои имаат најголем
придонес во севкупниот ризик.

Карактеристично е дека квалитативното пресемтување на ризикот претставува


упростување на реалноста до најголем можен степен. Со ваквото упростување
можноста за појава на грешки е исклучително голема. Можните грешки, како и
елиминацијата на субјективниот пристап на авторот на анализата на ризикот се
елиминираат со ревизија на резултатите од страна на други експерти од областа на
анализата на ризици.

-ПОЛУКВАНТИТАТИВНАТА ПРЕСМЕТКА НА РИЗИКОТ

Самото име покажува дека оваа пресметка во себе ги содржи елементите на


останатите две постапки, квалитативната и квантитативната постапка. Во
полуквантитативната пресметка веројатноста е позната, а последиците (рангирани во
нивоа) се изразуваат со атрибути.

Квантитативна пресметка на ризикот ги дава вредностите на оштетувањата комби-


нирани со веројатноста на нивната појава. Во литературата се нагласува дека оваа
постапка не секогаш доведува до еднозначни решенија, (Lee and Jones 2004).

Веројатноста за појава на одреден ризик се изразува преку рапспределби на


веројатноста како за големината, така и за зачестеноста на настанот-хазардот. И
загубите се изразуваат преку области во кои истите се појавуваат, со долна и горна
граница за можноста на појава на одредена загуба, а не како еднозначно определена
вредност на загубата.

Во однос на прецизноста квантитативната анализа на ризикот не е секогаш


подобра од квалитативната анализа. Прецизноста на анализата на ризикот не зависи
од тоа дали ќе бидат употребени бројки или не, туку од тоа да ли се опфатени сите
неопходни компоненти, како и од достапноста, квалитетот и доверливоста на
потребните податоци. Според истиот извор, не е коректна употребата на терминот
“полуквалитативна пресметка на ризикот”..

112
Која од методите ќе биде применета во анализата на ризикот зависи од конретниот
пример. И во овој случај субјективноста на авторот на анализата како и субјективноста
на клиентот е од големо влијание. Во стручните кругови присутна е дебата во врска со
предностите или недостатоците на секоја од овие методи, како и за тоа на која метода
треба да и се даде предност.

Пресметка на последиците како дел од анализата на ризиците

Можни последици на активирањето на една нестабилност на теренот се:


 Загуба на човечки животи;
 Разурнување на имот, ресурси, вклучувајќи го и она што го нарекуваме
“човеково наследство”;
 Прекин во активностите, снабдувањата и услугите во регионот зафатен од
свлечиштето;
 Културни, духовни и етнички насилства.

Секоја нестабилност не предизвикува штети на човекот но поседува одредено


својство, кое се нарекува “потенцијал на хазард”, кој во интеракција со “потенцијалот
на изложеноста”, кој е својство на човекот, ја дефинира штетата (Слика 4.25)

Слика 4.25. Замислена поделба на нестабилности во теренот во четири полиња според


значајноста на хазардот. На хоризонталната оска е потенцијалот на хазардот, а на верикалната
потенцијалот на изложеноста.
На горниот график се дефинирани четири области во кои може да се рангира
штетата. Двата екстремни случаи, најповолното сценарио (best case) и најнеповолното
сценарио (worst case) се во две различни области, А и С, соодветно. Најголем дел од
вредностите е во областа В.

Една од можните поделби на ефектите кои настануваат при активирање на


свлечишта и која е во доволно мера едноставна за да може подоцна да се употреби во
креирање на модели неопходни за анализирање на последиците:

 Директни ефекти;
 Индиректни ефекти.

Директните ефекти многу полесно се определуваат и многу се поблиски до пер-


цепцијата на човекот отколку индиректните ефекти. Ефектите кои се категоризирани по
оваа поделба во понатамошните анализи можат да се поделат во други две категории:
категорија која може да се изрази преку пари и категорија која не може да се изрази
преку пари.
113
Во определувањето на ризиците, што подразбира и првично определување на по-
следиците од нестабилност на теренот во голема мерка се потпираме на историските
податоци кои од најразлични причини се едни од најмалку доверливите податоци што
се користат во анализата на ризикот.

Како прва апроксимција во категоризацијата на повредите кои се резултат на појава


на едно свлечиште може да се усвојат следните категории: лесни повреди, умерени
повреди, сериозни повреди и критични повреди. Оваа првична категоризација на
повредите понатаму се развива во категоризација во зависност од потребата за болни-
чка нега на повредениот:

 Смрт;
 Потребно е хоспитализирање и болничка нега-веднаш;
 Потребен е болнички третман;
 Лесна повреда за која не е потребен медицински третман.

Аналогно на категоризацијата која се базира на потребата на болничка нега, во упо-


треба е и друга категоризација во која повредите се категоризираат во зависност од
степенот на работоспособноста:

 Повреда која во целост ја елиминира работоспособноста на повредениот;


 Повреда која ја намалува работоспособноста на повредениот;
 Повреда која не ја намалува работоспособноста на повредениот;

Можна е и трета поделба на повредите:


 Без повреди;
 Лесни повреди;
 Сериозни повреди, но без потреба од болнички третман;
 Потребен е болнички третман за згрижување на повредите;
 Сериозни повреди, потребен е итен болнички третман;
 Моментална смрт;
 Смрт како последица од компликација наповреда која првично е класификувана како по-
лесна повреда или смрт како последица на срцев застој кој е резултат на стресот.

Повредите кои ги трпи човекот потребно е да бидат категоризирани на што е можно


поедноставен и појасен начин за да може така подготвената категоризацијата лесно да
се искористи во методологија која ќе се развие за потребите на менаџментот на
ризикот. Останатите ефекти можат да се изразат доколку постои пазар на кој ќе бидат
вреднувани производите на човековиот труд кои се оштетени или уништни во
лизгањето на земјиштето. Постојат и штети кои не се од економска природа и чија
вредност не може да се изрази преку пари. Такви се штетите кои настануваат на:

 Eкосистемите;
 Kултурното наследство.

Една од методите со која може да се изврши процена на штетите е методата на


реставрација на ресурсите со која се определуваат средствата потребни да се поврати
првобитниот статус на елементот кој се разгледува. Според Lee и други светски
експерти, најприфатлив метод за определување на штетите е методата со која се
проценува вредноста на потенцијалните оштетувања.

114
Веројатно најтешко прашање, кога се зборува за пресметување на штетите, е опре-
делувањето на цената на човечкиот живот. Се потенцира дека во пресметките човеч-
киот живот се третира како економска, а не биолошка категорија.

Во пресметувањето на вредноста на човечкиот живот се застапени две


методологии. Според едната од нив, на човечкиот живот однапред му се определува
вредноста која треба да ја има, а според другата метода се воспоставува вредност која
се базира на вредноста што луѓето се спремни да ја платат за да го избегнат ризикот
од смртта. Методата во која однапред се определува вредноста не е широко прифате-
на бидејќи и недостасува економска основа. Според Американската Агенцијата за
заштита на околината (EPA) во САД човечкиот живот вреди 6.9 милиони американски
долари, што е еден милион долари помалку одколку во 2007 год. Во 1995 година некои
автори предлагале како глобална вредност на човечкиот живот да се усвои сумата од
еден милион американски долари.

Елементи изложени на ризик

Во случај на нестабилност на теренот, елементите изложени на ризик можат да


подпаднат во една од категориите наведени подолу:

 Населениe;
 Зградите, останатите типови на конструкции, услуги и инфраструктура;
 Сопственост;
 Активности;
 Човекова околина.

Во оваа поделба зградите и останатите типови конструкции се одвоени од


сопственоста, а под сопственост се подразбира она што се наоѓа во зградите.

Во пресметките на изложеноста на ризик потребно е да бидат идентфикувани и од-


делно третирани постојаната и времената компонента. Постојаната компонента е кара-
ктеристична за сите типови објекти кои се неподвижни во просторот и времето, како на
пример гасоводи и слични конструкции. Времената компонента го одразува она што
популарно се нарекува “тајминг” на настанот. Во одредени анализи не е сеедно дали
појавата на нестабилност ќе се случи во денски или ноќни услови, преку викенд или
преку работна недела.

Оваа компонента на ризикот се изразува преку еден коефициент кој ја определува


изложеноста и кој варира од “0”, се толкување дека не постои изложеност (или
одсуство на објектот), до “1”, со толкување дека објектот е постојано присутен.

За да се илустрира постапката, преземен е пример од литература за усек со


должина од 500m, каде редовно се случуваат одрони во должина на усекот од 5 m и
тоа со фреквенција еднаш годишно. Определувањето на изложеноста се врши на
следниот начин:
Големина на одронот 5
Опасна зона    0.01
Должина на усекот 500
Ако пешак се движи со брзина од 2.5 km на час, времето кое пешакот го поминува
во опасната зона е:
Должина на усекот 500
Присуство    0.2 часа
Брзина на пешакот 2500 m час

115
0.2
0.2 часа 
365  24

 0.0000228 2.28  10 5 години 
Определување на веројатноста пешакот да се наоѓа на “на погрешно место” во
“погрешно време”:
Вер. "Погрешно место и време"  Вер. Погрешно место   Вер. Погрешно време 
Вер.  "Погрешно место и време"   Опасна зона  Присуство 


 0.01  0.0000228  0.000000228 2.28  10 7 
Определување на веројатноста да пешакот да биде погоден од одронот-годишна
веројатност:
Вер. Пешак  =Вер.  Одрон  Вер.  "Погрешно место и време"  
 1  0.000000228 

 0.000000228 2.28  10 7 
Истата пресметка може да се повтори кога е во прашање возило кое се движи со
брзина од 30 km/час. Усекот во кој се јавуваат одрони е со должина од 1 km.
Поминато време во "опасната зона"
Изложеност на возилото  
24
Должина на " опасната зона"
Брзина 0.033
   0.001389  денови 
24 24

0.001389  денови

365

 0.0000038 3.8  106 
Анализата можеме да ја продолжиме со претпоставка дека во истиот усек се
движат дневно 1000 возила со истата брзина. Во секое од возилата се возат просечно
1.5 патника. Изложеноста на патниците изнесува:

Изложеност  Бр. на возила год.  Изложеност на воз.  Патници  сред. вред. 


 1000  365  0.0000038  1.5  2.08

Добиениот резултат покажува дека во поглед на ризикот на патниците транспортот


на 1500 патници со 1000 возила дневно е еквивалент на 2.08 патника кои се присутни
во опасната зона 100% од времето.
Ранливост
За дефинирање на ранливоста истототака постојат повеќе дефиниции од разни ав-
тори. Според Fell ранливоста го претставува нивото на потенцијални оштетувања, или
степен на загуба, на одредена сопственост кога таа е изложена на клизиште со даден
интензитет. Се изразува со скала во граници од “0” до “1”, слично како и изложеноста,
(Fell 1994). Процената на ранливоста вклучува разбирање на интеракцијата помеѓу
нестабилноста на теренот и елементите зафатени од него. Ранливоста која е поврзана
со клизиштето може да зависи од: растојанието до кое допира придвижениот
материјал, волуменот и брзината на лизгањето, видот на загрозените елементи,
нивната природа и близината до клизиштето како и од самите луѓе кои се изложени на
ризикот (каде се наоѓаат, нивната близина до клизиштето, итн.).
За илустрација, пример е даден во табела 4.3, за појава на еден смртен случај
предизвикан од одрон во Хонг Конг, (Dai, Lee et al. 2002)
116
Табела 4.3. Вредност на коефициентот на ранливост, Хонг Конг
СЛУЧАЈ ГРАНИЦИ ПРЕПОРАЧАНА КОМЕНТАР
ВРЕДНОСТ
ЧОВЕК НА ОТВОРЕНО
1. Погоден од одрон 0.1-0.7 0.5 Можна е повреда, не е веројатен
смртен исход
2. Затрупан од одрон 0.8-1.0 1.0 Смрт од гушење
3. Ако не е затрупан 0.1-0.5 0.1 Висока шанса за преживување
ЧОВЕК ВО ВОЗИЛО
1. Возилото е 0.9-1.0 1.0 Скоро сигурна смрт
оштетено/затрупано
2. Возилото е оштетено 0.0-0.3 0.3 Смрт со голема веројатност
ЧОВЕК ВО ЗГРАДА
1) Зградата е срушена 0.9-1.0 1.0 Скоро сигурна смрт
2) Зградата е прекриена со мат. 0.8-1.0 1.0 Смрт со голема веројатност
од клизиштето, човекот
затрупан
3) Зградата е прекриена со мат. 0.0-0.5 0.2 Висока шанса за преживување
од клизиштето, човекот не е
затрупан
4) Одронот ја зафаќа 0.0-0.1 0.05 Практично без оштетувања
единствено зградата

Glade ги препорачува вредностите кои се дадени во долната табела, (Glade 2003):

Табела 4.4. Вредност на коефициентот на ранливост, Glade


ЕЛЕМЕНТ ИНТЕНЗИТЕТ НА ВИД НА ОШТЕТУВАЊЕ РАНЛИВОСТ
ИЗЛОЖЕН ОШТЕТУВАЊАТА
НА РИЗИК
ЗГРАДА I Мали оштетувања, не е оштетена конструкцијата, 0.01-0.1
стабилноста не е променета, оштетувања
единствено на фасадата и неконструктивни
елементи
II Пукнатини на зидовите, стабилноста не е 0.2-0.3
променета, потребни се итни поправки
III Големи деформации, големи отвори на зидовите, 0.4-0.6
пукнатини на потпорните конструкции, има
влијание на стабилноста, прозорите и вратите
неупотребливи, потребна е итна евакуација
IV Ломови во конструкцијата, конструкцијата е 0.7-0.8
делумно оштетена, потребна е евакуација,
потребна е реконструкција на делумно
оштетените делови на конструкцијата
V Делумно или целосно оштетена конструкција, 0.9-1.0
неопходна е евакуација, потребна е потполна
реконструкција
ПАТ I Лесни оштетувања на патот 0.05-0.3
II Оштетувања на коловозот, за поправки потрено 0.3-0.6
неколку десетина m3материјал
III Оштетувања на коловозот, за поправки потрено 0.5-0.8
неколку стотина m3 материјал
IV Разурнување на коловозот 0.8-1.0
ЧОВЕК I Психолошки неповолна состојба 0.001
II Психолошки проблеми 0.002
II Лесни повреди 0.003-
0.005
IV Сериозни физички повреди; инвалидитет 0.04-0.1
V Смрт 1.0

117
Во практиката при при анализи на ризикот кога се во прашање нестабилности на
теренот некои автори препорачуваат воспоставување на релација помеѓу својствата на
едно нестабилноста и оштетувањата кое таа може да ги предизвика кај еден објект.
Така, се разликуваат категории без оштетувања (категорија 0), занемарливи
оштетувања (1), лесни оштетувања (2),умерени (3), сериозни (4), многу сериозни
оштетувања (5), делумен колапс на објектот (6) и на крај целосен колапс на
објектот (7).

Согласно ваквата категоризација во табела 4.5 е прикажана врска помеѓу степенот


на оштетување на конструкцијата, категоризацијата на нестабилноста и индексот на
ранливост, како и финансиските вредности на оштетувањата поврзани со степенот на
оштетување и средства кои се неопходни за да се санира штетата, (Lee and Jones
2004).

Табела 1.5. Врска помеѓу оштетувањата, индексот на ранливоста и потребните поправки


ОШТЕТУВАЊЕ ОШТЕТУВАЊЕ ИНДЕКС НА ОШТЕТУВАЊЕ НА ВИД НА ПОПРАВКА
СПОРЕД РАНЛИВОСТ СОПСТВЕНОСТ ОД
ПРЕТХОДНО £ 100.000
ИЗРАБОТЕНА
КАТЕГОРИЗАЦИЈА
На 4-7 0.55-1.00 £ 55.000-£ Повторно да се
конструкцијата 100.000 изгради
Фунционално 2-3 0.15-0.50 £ 15.000-£ 50.000 Потпирање во
темелите,
делумно нова
градба
Површинско 0-1 0.01-0.10 £ 10.00-£ 10.000 Заполнување на
пукнатините,
поправки во
внатрешноста

Ранливоста, претставена преку индексот на ранливост се разликува за објектите и


луѓето кои се зафатени од едно исто клизиште. Врз основа на карактеристиките на по-
јавеното некоја нестабилност и неговиот интензитет во долната табела се пре-
зентирани индексите на ранливост кај луѓе и објекти:

Табела 4.6. Индекси на ранливост кај луѓе и објекти


ЗОНА НА ФАКТОРИ ИНТЕНЗИТЕТ ИНДЕКС НА ИНДЕКС НА
СИПАРИШТЕТО РАНЛИВОСТ РАНЛИВОСТ
(ЗГРАДИ) (ЛУЃЕ)
ЕКСТРЕМНО Голема брзина Многу 1.0 0.8
ВИСОК висок
Голема длабочина
ВИСОК Брзина, од средна од Висок 0.7 0.5
голема
Средна длабочина
СРЕДЕН Брзина, од мала до Среден 0.4 0.1
голема
Мала длабочина
НИЗОК Брзина, од мала до Слаб 1.0 0.01
средна
Мала длабочина

Во првата колона е категоризацијата на ризикот во зоната опфатена од појавата на


нестабилност. Во втората колона се претставени факторите на ризик поврзани со
сипариштето а во третата колона претставена е скала од четири степени на
интензитетот сипариштето.
118
Комуникација на ризикот

Комуникацијата на ризикот е исклучително сложено прашање, . Концептот


“комуникација на ризици” е дефиниран како “интерактивен процес на размена на
информации и мислења во кој се содржани пораки за природата на ризикот и за мена-
џментот на ризикот”, (Standards Australia International Limited and Standards New
Zealand 2004). Комуникацијата треба да го продлабочи разбирањето на луѓето за
ризикот и за процесот на менаџирање на ризикот, треба да обезбеди вклучување на
најразличните мислења од оние кои се загрозени од ризикот и на крајот,
комуникацијата треба да обезбеди сите учесници во проектот да бидат свесни за
својата улога и одговорноста која ја имаат во него, (APEGGA September 2006).
Комуникацијата е проследена со записи, записници и сл. Нивото на кое ќе се води
регистрирањето на комуникацијата зависи од сериозноста на проблемот и од
потребата за доверливост која треба да ја следи комуникацијата, а која пак зависи од
активностите, планирани или превземени.

4.3. ПРЕГЛЕД НА СИСТЕМИ ЗА ПРОЦЕНА НА РИЗИК ОД ОДРОНИ


Вовед

Во рамките на материјалот се прикажани неколку најпознати системи за проценка


на хазардот од одрони. Еден од најпознатите е оној којшто е разработен во Орегон,
Соединетите Американски Држави, наречен RHRS (Rockfall Hazard Rating System).
Системот е базиран на трудот на Wyllie, публикуван во 1987 год. Потребата за
ваков систем е идентификувана во 1984 год, а во периодот од 1990 до 1993 година
публикувани се неколку труда поврзани со примената на методологијата на процена на
хазардот. Во подоцнежниот период оваа методологија е усвоена од страна на
соодветните агенции во некои од останатите федерални единици во САД. Некои од
државите системот го применуваат без никакви измени, додека некои од нив го
менуваат и како таков-изменет го применуваат. Системот наоѓа широка примена во
светот. Системот е тестиран и проверен на повеќе од 3.000 локации. Неговиот развој,
претпоставките на кој е втемелен и примената се публикувани во детали со што е
овозможена негова полесна употреба во развојот на слични системи. Значителни
разлики во пристапот се јавуваат единствено во методологијата која се користи во
Мисури, САД.

Системот е процес кој поминува низ шест чекори:

1. КРЕИРАЊЕ НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ која ги соджи географските елементи на локациите каде


се појавуваат одрони;
2. ПРЕТХОДНО ОЦЕНУВАЊЕ, чекор во кој локациите се групираат во три класи: А, В и С. Голе-
мина на класите треба подоцна да овозможи полесна манипулација со податоците;
3. ДЕТАЛНО ОЦЕНУВАЊЕ, чекор во кој локациите се подредуваат според хазардот и тоа од
локации со понизок кон локации со повисок стандард. Локациите кои се оценети со
класа “С” се отфрлаат во понатамошните разгледувања и пресметки;
4. ПРЕХОДНИ ПРЕСМЕТКИ И ПРЕСМЕТКА НА ЧИНЕЊЕТО на техничките решенија според
претходните пресметки. Со техничките решенија се ажурира базата на податоци;
5. ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИТЕ, со што се создаваат услови за започнување на
градежните работи на за тоа предвидените локации;
6. ГОДИШЕН ПРЕГЛЕД И АЖУРИРАЊЕ НА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ.

119
За правилно формирање на базата на податоци потребно е претходно
дефинирање на терминот “делница”. Во смисла на методологијата која се применнува
во определувањето на хазардот, делница (rockfall section) претставува непрекината
косина по чија должина можноста за појава на одрон како и видот на одронот се исти.

Оценувањето на делниците заедно го споведуваат геолог и претставник на


претпријатието кое е задолжено за одржување на патот.

Фазниот пристап во определувањето на хазардот од одрони во многу ја олеснува


задачата и го намалува чинењето на вкупниот проект. Во првата фаза се бара одговор
на неколку прашања:

 Која е можната локација на одроните;


 Каква е зачестеноста на одроните на конкретната локација;
 Кој е периодот во годината кога одроните на разгледуваната локација се најзачестени;
 Колкав е количината на материјал во одронот;
 Кои се физичките карактеристики на материјал во одронот;
 На колкаво растојание до кое патува материјлот (должина на одронот);
 Историјата на несреќите по должина на делницата;
 Мислењето на екипата за одржување во врска со одронот;
 Состојбата на каналите за одводнување по должина на делницата;
 Процена на чинењето на интервенцијата на екипата за одржување на патот.

При проценка на потенцијалот на хазардот на една делница се земаат предвид:


проценетото количество на материјал во одронот, проценетата големина на ма-
теријалот, расположивите финансиски средства и ефикасноста на дренажните канали.
Описот на одделните категории е даден подолу.

Табела 4.7. Врската помеѓу класата на косината и одронот (потенцијал и историјат)


КЛАСА
КРИТЕРИУМ
А В С
ПРЕСМЕТАН
ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА Висок Умерен Низок
ОДРОН
ИСТОРИЈАТ НА
ОДРОНИТЕ
Висок Умерен Низок

КЛАСА А: Косина со среден до висок степен на ризик од одрони. Материјалот од


одронот ќе заврши на патот.Фондовите за одржување се достапни. Предвидени се
дополнителни активности. Косината се фотографира и фотографијата се приложува
кон документацијата.
КЛАСА В: Косина со низок до среден степен на ризик од одрони. Материјалот од
одронот ретко кога ќе заврши на патот. Дополнителните активности се предвидуваат
во случај на достапност на фондовите за одржување.
КЛАСА С: Косина со низок степен на ризик од одрони. Материјалот од одронот нема да
заврши на патот. Нема дополнителни фондови и не се предвидени дополнителни
активности.

120
Применета категоризација во системот за процена на хазардот од одрони

Целта на деталното рангирање е нумеричко изразување на ризикот поврзан со


косината. Во ситемот за процена на одронот кој е развиен во Орегон постојат девет
категории. Тие категории се:
1. ВИСОЧИНАТА НА КОСИНАТА: Колку повисоко се наоѓа блокот (по косината) до толко ќе биде
поголема и неговата потенцијална енергија со што и хазардот ќе биде поголем.
2. ЕФИКАСНОСТ НА КАНАЛОТ ПОКРАЈ КОСИНАТА: Доколку мали количини од одронот го
достигнат патот, до толку и ризикот ќе биде помал. Во бодирањето на оваа категорија
значајна е помошта од персоналот кој го одржува патот.
3. РИЗИК НА ПРОСЕЧНОТО ВОЗИЛО: Со оваа категорија е дефиниран потенцијалот на возилото
да биде зафатено од одронот. Категоријата покажува колку возила во текот на денот се
наоѓаат во разгледуваната делница. Посредно, категоријата го одсликува и значењето
на патот.
4. ПРОЦЕНТ ОД ДОЛЖИНАТА ПОТРЕБНА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА: Видливоста на патот е во
зависност од неклоку услови, меѓу кои е и геометријата на патот. Пократката должина
секако дека претставува поголем ризик за возачот.
5. ШИРОЧИНА НА ПАТОТ ПО ДОЛЖИНА НА РАЗГЛЕДУВАНАТА ДЕЛНИЦА: Широчината на патот се
мери на местото каде таа е најмала. Поврзана е со способноста на возачот да изведе
маневар и да го одбегне одронот.
6. ГЕОЛОШКИОТ КАРАКТЕР: Нестабилноста по косината може да се појави поради испуканост
на масивот или поради ерозија на материјалот во косината. Во бодирањето на оваа
категорија потребна е асистенција и подршка од искусен геолог.
7. ГОЛЕМИНА НА БЛОК ИЛИ ВОЛУМЕН НА МАТЕРИЈАЛОТ ВО ОДРОНОТ: Одлуката за основата на бо-
дирањето на оваа категорија е во зависност од податоците кои треба да се добијат од
персоналот од одржувањето. Во случај на косини кои се кратко време во експлоатација,
процената се врши искуствено во зависност од моделот на лом на материјалот во
карпата.
8. КЛИМА И ПРИСУСТВО НА ВОДА ПО КОСИНАТА
9. ИСТОРИЈАТ НА ОДРОНИ: Ова е директна врска со искуството во одржувањето на патот.

Бодирањето на овие категории е во четири референтни точки во дефинираната


област. Бодовите кои се доделуваат во референтните точки меѓусебно се поврзани со
експоненцијална зависност, во општ облик y  3x . Дозволена е и интерполација
помеѓу референтните точки. Карактеристични бодови во референтните точки се: 3, 9
27 и 81 (Табела 4.8).

Систем за процена на ризикот од одрони во Колорадо

Во 1994 година во Колорадо, САД, е разработен систем за процена на хазардот од


одрони по слична постапка како системот усвоен во Орегон, изработен од Pierson и
VanVickle. Како автор на системот се наведува BruceStover. Спроведените анализи
биле публикувани во 1992 година во една од публикациите на геолошкото друштво на
Колорадо, а системот бил официјализиран во 1994 год. Според првичниот систем,
фактори од важност за процената на ризикот биле:

 Косината, и тоа височината на косината, должина на делницата, наклонот на косината и


континуитетот на косината. Овие елементи авторите ги нарекуваат и елементи кои го
определуваат исфрлањето на блокот (одронот);
 Геолошки фактори, кои како и во системот на Pierson и VanVickle се поделени на
фактори поврзани со состојбата на пукнатините во масивот и диферeнцијалната
ерозија;
 Големината на блокот во одронот како и волуменот на самиот одрон, климата, врнежите
и историјата на одрони;
 Историјата на сообраќајните незгоди на разгледуваната делница.
121
Со примена на системот за процена на хазардот увидено е дека некои описи се
несоодветни, како што се “можни”, “малку”, “неколку” и сл. Затоа е разработен
модифицираниот систем каде ориентацијата на косината е поврзана и со циклусите на
мрзнење и одмрзнување на материјалот во косината. Косините кои имаат јужна
ориентација изложени се на повеќе циклуси на мрзнење и одмрзнување во споредба
од оние со северна ориентција. Ова се должи на големиот број на варијации на
температурата на косините кои се директно изложени на сонцето-јужните косини. Ана-
лизите се проследени и со интензивна употреба на статистичка анализа.

Табела 4.8. Систем за процена на хазард од одрони, Орегон: категории и бодирање


БОДОВИ=3 БОДОВИ=9 БОДОВИ=27 БОДОВИ=81

ВИСОЧИНА НА КОСИНАТА 7.6 m 15.2 m 22.8 m 30.4 m


ЕФИКАСНОСТ НА КАНАЛОТ Добро зафаќање Умерено Ограничено Без
на одронот зафаќање на зафаќање на зафаќање на
одронот одронот одронот
РИЗИК НА СРЕДНО ВОЗИЛО 25% од времето 50% од времето 75% од 100% од
времето времето

ПРОЦЕНТ ОД ДОЛЖИНАТА ПОТРЕБНА ЗА Соодветна Умерена Ограничена Многу


ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА видливост, видливост, 80% видливост, ограничена
100% од од долната 60% од видливост,
долната граница граница на долната 40% од
на проектната проектната граница на долната
вредност вредност проектната граница на
вредност проектната
вредност
ШИРОЧИНА НА ПАТОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА 13.4 m 10.9 m 8.5 m 6.1 m
АСФАЛТИРАНАТА БАНКИНА (ДОКОЛКУ ЈА
ИМА)
Пукнатини, Пукнатини, со Пукнатини, Континуирани
поволна средно поволна неповолна пукнатини,
СТРУКТУРНА СОСОЈБА
ПРВ СЛУЧАЈ

ориентација ориентација ориентација неповолна


ГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ориентација
Нерамни, Брановодни и Рамнински Глинена
нерегуларни глатки исполна на
ТРИЕЊЕ ПО КАРПАТА
пукнатините,
глатки зидови
Неколку Повремени Многу Ги има
карактер. на карактер. на карактер. на најзначајните
ВТОР СЛУЧАЈ

СТРУКТУРНА СОСОЈБА диференц. диференц. диференц. карактер. на


Ерозија Ерозија ерозија диференц.
Ерозија
РАЗЛИКА ВО СТЕПЕНОТ Мали разлики Умерени Големи Екстремни
НА ЕРОЗИЈА
разлики разлики разлики

ГОЛЕМИНА НА БЛОКОТ 0.30 m 0.60 m 0.90 m 1.20 m

ВОЛУМЕН НА ОДРОНОТ 0.08 m3 0.17 m3 0.25 m3 0.34 m3

КЛИМА И ПРИСУСТВО НА ВОДА НА Мали до Умерени Многу Многу врнежи


ПОВРШИНАТА ОД КОСИНАТА умерени врнежи; врнежи, или куси врнежи, или и долги
без периоди на периоди на долги периоди на
мрзнење, без мрзнење, или периоди на мрзнење, или
вода на повремена мрзнење, или постојано
косината појава на вода постојано присуство на
на косината присуство на вода на
вода на косината со
косината долги
периоди на
мрзнење
ИСТОРИЈА НА ОДРОНИТЕ Малку одрони Повремени Многу одрони Постојани
одрони одрони

122
Табела 4.9. Првичен систем за процена на хазард од одрони во Колорадо: категории и
бодирање
ФАКТОРИ БОДОВИ=3 БОДОВИ=9 БОДОВИ=27 БОДОВИ=81

ВИСОЧИНА НА КОСИНАТА Од 7.6m до Од 15.2m до Од 22.8m до Поголема од


15.2 m 22.8 m 30.4 m 30.4m

ДОЛЖИНА НА ДЕЛНИЦАТА Од 0.0m до Од 76.2m до Од 152.4m до Поголема од


76.2 m 152.4 m 228.6 m 228.6 m
ПРОФИЛ НА КОСИНАТА

НАКЛОН НА КОСИНАТА Од 15° до 25° Од 25° до 35° Од 35° до 50° Поголем од


50°

КОНТИНУИТЕТ НА ПОВРШИНАТА НА Карактер. Кои Незначаен Многу Сериозни


КОСИНАТА (веројатно) број на карактер. кои можности за
овозможуваат карактер. кои овозможуваат започнување
одрон овозможуваат одрон на одрон
одрон

СРЕДНА ГОЛЕМИНА НА БЛОК Од 0.15m до Од 0.30 m до Од 0.60 m до Повеќе од 3.0


0.30 m 0.60 m 3.0 m m

КОЛИЧИНА НА ОДРОНАТ Од 0.028 m3 Од 0.764 m3 Од 2.293 m3 Повеќе од


МАТЕРИЈАЛ до 0.764 m3 до 2.293 m3 до 7.645 m3 7.645 m3
ГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Дисконтин. Дисконтин. Дисконтин. Континуални


СТРУКТУРНА пукнатини, пукнатини, пукнатини, пукнатини,
ПРВ СЛУЧАЈ

СОСТОЈБА поволна произволна неповолна неповолна


ориентација ориентација ориентација ориентација
Нерамни, Брановодни и Рамннински Глинена
ТРИЕЊЕ ПО
нерегуларни глатки исполна на
КАРПАТА
пукнатините,
(ПУКНАТИНИ)
глатки зидови
Неколку Повремени Многу Ги има
карактер. на карактер. на карактер. на најзначајните
СТРУКТУРНА
ВТОР СЛУЧАЈ

диференц. диференц. диференц. карактер. на


СОСТОЈБА
Ерозија ерозија ерозија диференц.
Ерозија
Диференц. Мали разлики Умерени Големи Екстремни
Ерозија разлики разлики разлики

КЛИМА И ПРИСУСТВО НА ВОДА ПО КОСИНАТА Мали до Умерени Многу Многу врнежи


умерени врнежи, или врнежи, или и долги
врнежи; без куси периоди долги периоди на
периоди на на мрзнење, периоди на мрзнење, или
мрзнење, без или мрзнење, или постојано
вода на повремена постојано присуство на
косината појава на присуство на вода на
вода на вода на косината со
косината косината долги
периоди на
мрзнење
ИСТОРИЈАТ НА ОДРОНИ Малку одрони Повремени Многу одрони Постојани
одрони одрони

БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ НЕСРЕЌИ НА ЕДНА Од 0 до 5 Од 5 до 10 Од 10 до 15 Повеќе од 15


МИЛЈА

123
Табела 4.10. Изменет систем за процена на хазард од одрон, Колорадо: категории и бодирање
БОДОВИ=3 БОДОВИ=9 БОДОВИ=27 БОДОВИ=81

ВИСОЧИНА НА 7.5 до 15 m 15 до 23 m 23 до 30 m > 30 m


КОСИНАТА

ЗАЧЕСТЕНОСТ НА > 2 години 1 до 2 години Годишни и Сериозни


ОДРОНИТЕ сезонски одрони во текот
варијации на годината
СРЕДЕН Од 0 до 2 Од 2 до 4 Од 4 до 8 >8
РЕЗУЛТАТ ЗА
АГОЛОТ НА
КОСИНАТА
ДООПОЛНИТЕЛНИ Нема (глатка Незначителен Значителен број Многу (> 1.8 m
КОСИНА

ФАКТОРИ КОИ косина) број (<0.6 m (од 0.6 до 1.8 m варијација на


ВЛИЈААТ НА варијациа на варијација на рамноста на
ОСЛОБОДУВАЊЕ рамноста на рамноста на површината)
НА БЛОКОТ ОД површината) површината)
КОСИНАТА
ЗАФАЌАЊЕ НА 95% до 100% 65% до 94% 30% до 64% < 30%
ОДРОНОТ ВО Класа 1 Класа 2 Класа 3 Класа 4: Многу
КАНАЛОТ дополнителни
фактори кои
влијаат на
блокот од
косината

ГОДИШНИ ВРНЕЖИ < 250 mm Од 250 до 500 Од 500 до 900 >900 mm


mm mm

ГОДИШНИ ЦИКЛУСИ Од 1 до 5 Од 6 до 10 Од 11 до 15 16 и повеќе


НА МРЗНЕЊЕ И
ОДМРЗНУВАЊЕ
КЛИМА

ИСТЕКУВАЊЕ НА Сува косина Влажна косина Водата е видлива Вода тече по


ВОДА ПО на косината косината
КОСИНАТА/ВОДА
(ОПШТО)
ОРИЕНТАЦИЈА НА С И, З, СИ, СЗ ЈИ, ЈЗ С
КОСИНАТА

СТЕПЕН НА Од 0 до 0.3 m Од 0.3 до 0.6 m Од 0.6 до 1.2 m >1.2 m


СЕДИМЕНТНИ КАРПИ

ПОДКОПУВАЊЕ

ЛАБ ТЕСТ 6 5 3 до 4 1 до 2

СТЕПЕН НА 1 до 2 слаби 1 до 2 слаби > 2 слаби Слаби зони на


УСЛОЕНОСТ меѓуслоја, < 15 cm меѓуслоја, > 15 меѓуслоја, < 15 cm смолкнување, >
cm 15 cm
КАРАКТЕР НА Хомогена/масивна Мали раседи Ушкрилени зони Шкрилци/зони
ГЕОЛОГИЈА

КАРПАТА на смолкнување < на смолкнување


КРИСТАЛНИ КАРПИ

15 cm > 15 cm
СТЕПЕН НА Од 0 до 0.3 m Од 0.3 до 0.6 m Од 0.6 до 1.2 m >1.2 m
НАДВИШУВАЊЕ

СТЕПЕН НА Свежа карпа Површински Слабо Распадната


РАСПАДНАТОСТ промени изменети/омекнати

ГОЛЕМИНА НА < 0.3 m/ < 0.75 m3 Од 0.3 до 0.6 m/ Од 0.6 до 1.5 m/ < 1.5 m/ < 7.6
ДИСКУНТИНУ

БЛОК/ВОЛУМЕН Од 0.75 до 2.3 Од 2.3 до 7.6 m3 m3


ИТЕТИ

m3
БРОЈ НА 1 1 плус со 2 > 2 cm
СЕТОВИ произволна
ориентација

124
РАСТОЈАНИЕ И < 3 m, > 3 m, < 3 m, излегува на > 3 m, излегува
ОРИЕНТАЦИЈА ориентирани кон ориентирани од косината на косината
косината косината
ОТВОР Затворени Од 0.1 до 1 mm Од 1 до 5 mm > 5 mm

СОСТОЈБА НА Свежа карпа Површински Грануларна Глинеста


ИЗВЕТРЕАНОСТ промени исполна исполна

ТРИЕЊЕ Нерамни Брановидни Рамнински Глатки


(ПУКНАТИНИ)

ГОЛЕМИНА НА < 0.3 m Од 0.3 до 0.6 m Од 0.6 до 1.5 m >1.5 m


БЛОКОВИ ВО МАТРИЦЦА

БЛОКОТ (X3)

ОБЛИК НА Рамен Блоковит Блоковит, со остри Заоблен и


БЛОКОТ (X3) ивици гладок

ВЕГЕТАЦИЈА Целосно покриено На места Изолирани дрва и Без вегетација


(X3) со вегетација покриено со растенија
вегетација
ВКУПЕН
ЗБИР
ХАЗАРД

ВИДЛИВОСТ >80% Од 60% до 80% Од 40% до 60% < 40%


СООБРАЌАЈ

РИЗИК НА Од 0 до 24% Од 25% до 49% Од 50% до 74% 75% и повеќе


СРЕДНО ВОЗИЛО

БРОЈ НА Од 0 до 2 Од 3 до 5 Од 6 до 8 9 и повеќе
НЕСРЕЌИ

ВКУПЕН
ЗБИР
РИЗИК

Систем за процена на ризикот од одрони во Вашингтон

 За разлика од останатите системи, од страна на Вашингтонското министерство


за транспорт е развиен систем во кој се оценуваат косини во цврсти и меки
карпести маси. Системот се нарекува “Систем за менаџирање на нестабилни
косини” или “Unstable Slope Management System” (Табела 11).

Од останатите системи овој систем се разликува и со тоа што со него се оценува и


цената на одржување на делницата која се разгледува.

Табела 4.11. Систем за процена на хазард од одрон во карпи, Вашингтон: категории и


бодирање
КАТЕГОРИЈА БОДОВИ=3 БОДОВИ=9 БОДОВИ=27 БОДОВИ=81
МАТЕРИЈАЛ: Ерозија на косина Вертиклни Бавно клизиште Клизште со
ЗЕМЈА од насип или усек деформации голема брзина
или сипариште
МАТЕРИЈАЛ: Мали одрони; Незначителни Големи одрони; Големи одрони;
КАРПА Добро прифаќање одрони; Ограничено Без прифаќање
на одронот Слабо прифаќање на на одронот
прифаќање на одронот
одронот
СРЕДЕН ДНЕВЕН < 5000 возила Од 5000 до 20000 Од 20000 до > 40000 возила
СООБАЌАЈ возила 40000 возила

125
КАТЕГОРИЈА БОДОВИ=3 БОДОВИ=9 БОДОВИ=27 БОДОВИ=81
ДОЛЖИНА ПОТРЕБНА ЗА Соодветна Умерена Ограничена Многу ограничена
ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА

ВЛИЈАНИЕ НА ОДРОНОТ < 15m Од 15 до 60 m Од 60 до 150 m > 150 m


НА ПАТОТ

ДЕЛОТ ОД ПАТОТ КОЈ Е Само банкина ½ од патот ¾ од патот Цел пат


ЗАФАТЕН ОД ОДРОНОТ

РИЗИК НА СРЕДНОТО <25% од времето Од 25% до 50% Од 50% до 75% >75% од времето
ВОЗИЛО од времето од времето

ОШТЕТУВАЊЕ НА Мало Незначително Тешки Екстремни


КОЛОВОЗОТ оштетување; оштетување; оштетувања; оштетувања;
Незабележително Возачот мора да Возачот мора да Патот е
ја намали запре непрооден
брзината
ЗАЧЕСТЕНОСТ НА Без Една Една Повеќе од една
ПРОЈАВЕНИТЕ нестабилности во нестабилност во нестабилност нестабилност
НЕСТАБИЛНОСТИ последните 5 последните 5 годишно годишно
години години
ГОДИШНИ ТРОШОЦИ НА <$5000 $5000 до $10000 $10000 до $50000 >$50000
ОДРЖУВАЊЕТО годишно Годишно Годишно Годишно

ЕКОНОМСКИ ФАКТОР Не е потребна Куса девијација Долга девијација Без пристап


девијација <4.8 km >4.8 km Без девијација

НЕСРЕЌИ ВО 1 2 до 3 4 до 5 >5
ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ

Пред тимот кој работел на развојот на системот поставени се неколку барања:

 Рационална процена на сите нестабилни косини;


 Рана процена на обемот на проектите и процена на трошоците;
 Спроведување на т.н. benefit-cost анализа за нестабилните косини;
 Приоритизација на накнадните работи во зависност од очекуваната корист.

Со оглед на големината на патната мрежа било потребно и детална распределба


на задачите и одговорностите. Партнери во примената на системот се:

 РЕГИОНАЛНИТЕ НАДЗОРНИЦИ ВО СЛУЖБИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТИШТАТА: Идентификацијата,


како прв чекор, е доделена на регионалните надзорници;
 РЕГИОНАЛНИТЕ ИНЖЕНЕРИ ЗА МАТЕРИЈАЛИ: Инженерите за материјали ја спроведуваат ну-
меричката оцена на хазардот, секој за својата област;
 ОДДЕЛОТ ЗА ГЕОТЕХНИКА: Овој оддел е задолжен за раководење со системот, негово ажу-
рирање, идејните проекти поврзани со дополнителните работи, cost-benefitанализа на
проектите и на крајот, оформување на листа на проекти според приоритетите;
 РЕГИОНАЛНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ НА ПРОГРАМИТЕ: Одговорни се за понатамошен развој на
проектите врз основа на податоците добиени со cost-benefitанализа изработена од
страна на Одделот за геотехника. Регионалните раководители ги дополнуваат
проектите со останатите позиции како што се: коловозна конструкција, контрола на
сообраќајот и сл, доколку се покаже дека е неопходно.
 КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СОВЕТОТ ЗА РАКОВОДЕЊЕ СО ПРОЕКТИТЕ: Канцеларијата го раководи
системот на повисоко ниво, т.е. одговорна е за обезбедување финансии како и за
поврзување на системот со административниот систем на федералната единица.

126
Систем за процена на ризикот од одрони во Мисури

Процената на хазардот со системот кој е во примена во Мисури се одвива во две


фази: прелиминарна процена и детална процена на хазардот. Од другите слични
системи го разликува употребата на видео запис кој се користи во прелиминарната
процена. За потребите на овој систем развиен е софтверски пакет кој овозможува
определување на геометриските податоци, меѓу другото, од снимка на видео лента.
Средната грешка која се очекува во ова мерење е претставена во долната табела, во
зависност од елементот патот:

Табела 4.12. Средна грешка во мерењето од видео записот, во зависност од елементот патот
Елемент кој е мерен Грешка (%)
1. Широчина на каналот 6.0
2. Длабочина на каналот 8.6
3. Должина на косината 4.2
4. Агол на косината 2.7
5. Височина на надвисувањето на карпата 3.9
6. Широчина на банкината 7.6
7. Широчина на патот 2.7
8. Должина на усекот во карпа 6.8

Втора разлика во однос на останатите системи, која во исто време е означена и


како напредок во развојот на системите за процена на хазардот е раздојување на
факторите на ризикот од факторите на последиците. Се користат и фактори на
прилагодување на пресметаниот ризик и пресметаните последици, соодветно.

Во однос на начинот на кој се добиваат вредностите на факторите, истите се делат


на:

 Фактори кои се добиваат со анализа на видео записите, обележени со (*);


 Фактори кои се достапни преку администрацијата, обележени со (**);
 Фактори определни на самата локација со квалитативна анализа, обележени со (***);
 Фактори кои се добиваат со пресметка, обележени со (****).

Табела 4.13. Систем за процена на хазард од одрон во карпа, Мисури: фактори на ризик и
последици
Број на класи Вредност
А ФАКТОРИ НА РИЗИКОТ
1. Височина на косината* – 0-18.3 m
2. Агол на косината* – 0-90°
3. Нестабилност од одрони** 0-4
4. Фактор на ветреење*** 0-8 –
5. Јакост на карпа*** 0-4 –
6. Состојба на површината на косината*** 0-4 –
7. Растреситост на површината на косината*** 0-4 –
8. Големина на блок* – 0.03-1.5 m
9. Вода на површина на косината*** 0-4 –
Б ФАКТОРИ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ
1. Широчина на каналите* – 0-4.6 m
2. Волумен на каналите* – 0-2.8 m3/m
3. Очекуван волумен во одронот* – 0-3.7 m3/m
4. Наклон на косината* – 20-90°
5. Широчина на банкината* – 0-3.7 m
6. Број на коловозни ленти* – 1-4 ленти
7. Среден дневен сообраќај** – 0-20000 возила/ден
8. Среден ризик на едно возило** – (се пресметува преку)
9. Ограничување на брзината – 64.4-112.7 km/h
Должина на делницата која се разгледува – 30.5-182.9 m
Должина потребна за донесување одлука* 0-4 –
10. Големина на блок* – 0.03-1.5 m
127
Број на класи Вредност
Ц ФАКТОРИ НА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА РИЗИКОТ
1. Неповолна ориентација на пукнатините*** 0-4 –
2. Ефект на карст*** 0-4 –
Д ФАКТОРИ НА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ
1. Надминат капацитет на ровови за зафаќање на – (се пресметува)
блокови****
2. Облик на ровови за зафаќање на блокови * 0-3 –

Вредностите на ризикот и последиците се нанесуваат на дијаграм, вредноста на по-


следиците на хоризонталната оска а вредноста на ризикот на вертикалната оска.
Дијаграмот е поделен на четири области:

 Ниска вредност на последиците и ризикот, LL;


 Ниска вредност на ризикот, а висока на последиците, LH;
 Ниска вредност на последиците, а висока на ризикот, HL;
 Висока вредност на ризикот и на последиците, HH.

Слика 4.26. Дијаграм последица-ризик, Систем за одрон во карпи, Мисури


Истите вредности можат да се нанесат и на дијаграм кој е поделен на три области:

Слика 4.27. Дијаграм последица-ризик изразен преку три области соодветно на последиците,
Систем за одрон во Мисури:А-област на висок хазард; В-област на умерен хазард и С-област со
ниски хазарди.

Оценувањето на важноста на каналот кој треба да ги прифати помалите одрони и


кој изведува покрај патот е претставено на долната табела:

Табела 4.14. Систем за процена на хазард од одрон во карпа, Мисури: пример за оценување на
влијание на ров за зафаќање на одрони
Широчина на ров (m) 0 1.5 3.0 4.5
Оцена на последиците 12 8 4 0

128
Процесот за инженеринг на косините на Пацифичката железица во Канада

Овој процес претставува систем на разработени процедури кои се пропишани од


страна на раководството на Пацифичката железница и кои ги определуваат постапките
на персоналот кое е во прашање појавена нестабилност на косина на трасата на
железницата. Развојот на системот е започнат во 1976 година кога се случува несреќа
предизвикана од одрон на карпи. Анализите се вршени во четири фази:

ФАЗА 1: Почетен попис на косините;


ФАЗА 2: Детална процена на стабилноста на косините според која косините влегуваат во
една од петте категории, од категорија “А” како категорија со највисока веројатност на
лом до категорија “Е” како категорија со најниска веројатност на лом;
ФАЗА 3: Разработка на техничките услови за секоја од локациите;
ФАЗА 4: Изведбени извештаји за спроведените стабилизациони мерки.

Канадската Пацифичка железница има во своја надлежност повеќе од 1200 km од


Ванкувер до Калгари, 1050 km железници во Северно Онтарио, 110 km во горниот дел
од државата Њу Јорк. На целата оваа траса се наоѓаат 2500 вештачки косини.
Инженерингот и менаџментот на косините во одвива во фази:

 ПЛАНИРАЊЕ: Фаза во која се идентификуваат краткотрајните и долготрајните цели;


 ПОПИС И ВОДЕЊЕ НА ЗАПИСИ: Во оваа фаза се води евидентација за сите важни
информации кои се поврзани со косините и кои се од важност за понатамошниот
менаџмент на истите;
 ИНСПЕКЦИЈА И ИЗВЕСТУВАЊЕ: Покрај инспекциите на годишно ниво кои се извршуваат од
страна на професионалци, инспекциите на делниците на пацифичките железници се
спроведуваат и рутински инспекции, кои се вршат во исто време со контролата на
трасата, инспекции при изградба, инспекции при одрони, детални процени и детални
инспекции кои следуваат по пријава на нестабилност (follow-upinspections);
 СТАБИЛИЗАЦИОНИ МЕРКИ: Мерките се спроведуваат според однапред определена листа
која може да биде надополнета со мерки дефинирани при ургентните инспекции и
деталните процени на косините;
 ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД: Деталниот преглед се спроведува на годишно ниво со цел да се
провери ефикасноста на мерките и постапките кои се користат и препорачаат одредени
подобрувања, доклоку е тоа потребно.

Во процесот за инженеринг на косините во карпи на Пацифичката железница во


Канада на секоја од косините првично се задава т.н. “оцена од инспекцијата”. Се
употребуваат четири вакви оцени кои го дефинираат потенцијалот за одрони кои се
проследени со седум пропишани активности кои ја дефинираат временската рамка во
која треба да се завршат дополнителните работи. Ова е јадро врз кое е развиен
системот и кое се претставува со долната табела:

Табела 4.15. Инженеринг на косините во карпа: Оцени и барани дејства


БАРАНИ ДЕЈСТВА
Ограничено Градежнит Детална Градежните Контрола на
користење; е работи инспекција по работи треба потпорни
Долгорочнo

Без дејства

Градежните треба да пријавата на да започнат конструкции


работи треба започнат нестабилноста во рок од /
да започнат во (follow- една до две канали
во рок од 1 тековната upinspection) години
месец година
Итност X X X
ОЦЕН Приорит
X X X X
А ОД ет
ИНСП. Следење X X
ОК X

129
 ИТНОСТ (URGENT RATING): Се аплицира на локации каде одронот може да предизвика
изместување на шините и повреди кај персоналот. Нестабилноста може да се појави во
некој од наредните недели или месеци;
 ПРИОРИТЕТ (PRIORITY RATING): Се аплицира на локации каде постои промена на
состојбата во однос на состојбата која била регистрирана една година пред тоа;
 СЛЕДЕЊЕ (OBSERVE RATING): Се аплицира на локации каде постојат нарушувања на
стабилноста и каде постои потенцијал за нестабилност кој би ја оштетил пругата;
 БЕЗ ПРОМЕНИ (OK RATING): Се аплицира на стабилни локации. Ваквата оцена укажува
дека на локацијата не се предвидени дополнителни активности.

Двофазен систем за процена на ризикот кај косини во карпи


Системот е изработен во 1993 година страна на McMillan и Matheson на барање на
Одделот за индустрија на Шкотска. Фазноста на системот се огледа во оценувањето:
во првата фаза се изработува брза и приближна процена на можните одрони а во
втората фаза се пристапува на детално оценување (Слика 11).

Системот е проверен на 179 косини, каде дневно се оценувани 15 до 20 косини. Во


првичното, т.н. пробно оценување на шест локации регистрирани се 75 рамнински нес-
табилности, 27 нестабилности класификувани како клинови, 20 превртувања и
зачестена појава на осипување и тркалање на блокови.

McMillan и Matheson го дефинираат “Индексот на хазард” и “Оцената на хазардот”


на следниот начин:

Индекс на хазард  Потенцијал за лом, нестабилност 


Последици од нестабилноста, ломот
Оцена на хазард  Веројатност за појава на лом, нестабилност 
Последици од нестабилноста, ломот

Дел од системот е и табелата која го поврзува индексот на хазард и дејствата кои


треба да следат:

Табела 4.16. Вредности на индексот на хазард, McMillan и Matheson


Вредност на индексот на хазард Категорија на дејство
1 Не е потребна никаква дополнителна активност
1  10 Контрола по пет години
10  100 Детална инспекција
 100 Итна детална инспекција

Индексот на хазард се добива откако ќе се придружат нумерички вредности на


следните категории:

1. Проценет потенцијал за појава на лом


2. Коефициент на сигурност од појава на лом
3. Растојание помеѓу главните пукнатински системи, нивен отвор и должина
4. Следење на појавата на потенцијален лом
5. Големина на потенцијалниот лом и негова положба на косината
6. Јакост на материјалот во косината и степенот на негова изветреност
7. Подземните води
8. Облик на постоечката заштита од одрони (rocktrap)
9. Профилот на косината и постоење на берми
10. Видливост на патот
11. Формата на усекот и хазарди кои се придружени на формата
12. Дополнителните работи
13. Волумен на сообраќајот

130
Вредностите кои им се придружуваат на горните категории се претходно
пресметани и се наоѓаат во т.н. “Библиотека на параметри”. Параметрите се поделени
во две групи: група на главни параметри и група на секундарни параметри.
Примарните параметри го определуваат потенцијалот за појава на лом во косината, а
секундарните парамети ги земаат во предвид последиците преку веројатноста на
појава на одредена последица и процена на нејзиното влијание.

Брза и систематска процена на ризикот


со користење на ситемот на индексот
на хазард

Прва фаза Доделување на вредностите на


индексот на хазард

Не е Контрола по Детална Итна детална


потребна изминати пет инспекција инспекција
никаква години
дополнителн
а активност

Детална инспекција со користење на


системот за оценување на хазардот
Втора фаза

Доделување на нумерички вредности


на хазардот

Определување на приоритетите и
оптимизирање на дополнителните
работи

Слика 4.28. Двофазен систем за проценка на хазард од одрони на McMillan и Matheson

Од прикажаните анализи, очигледно е дека сите влијателни фактори кои се


потребни за формирање на систем за идентификација на хазардот од одронување,
имаат една заедничка одредница-просторна и временска променливост. Одделните
влијателни фактори се во меѓусебни влијанија кои никогаш докрај не можат да бидат
согледани или вклучени во анализата на стабилност, но со комбинација на емпириски
и аналитички техники може да се дојде до задоволително решение кај секој конкретен
проблем.

131
5. ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИ ЗА
ЗАГАДУВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ
ВОДИ
5.1. ВОВЕД
Еден од најважните аспекти при проучување на теренот за дефинирање на
условите за заштита на животната средина представуваат и подземните води. Кога се
зборува за заштита на подземните води од загадување неизбежна е потребата од
дефинирање на условите и можностите за загадување на подземните води, односно
дефинирање на нивната чувствителност – ранливост од загадување.

Реално, постојат голем број влијателни фактори, кои ја дефинираат ранливоста на


подземните водни ресурси, а како најважни се истакнати типот на изданите,
филтрационите карактеристики на карпестите маси, длабината до нивото на подземна
вода, дебелината на хидроизолаторските слоеви, топографските услови, врнежите и
друго.

5.2. ОПШТО ЗА ЗАГАДУВАЊЕ И РАНЛИВОС НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДНИ


РЕСУРСИ
Се смета дека терминот ранливост на подземните води од загаденост е воведен од
францускиот хидрогеолог Ј. Маргат во 1968, а и првата карта на ранливост е
изработена од французинот М. Албинед во 1970.
Концептот на оцена на ранливост на подземни води е заснова на неколку основни
претпоставки и тоа:
1.Физичката и природна средина може да овозможи некој степен на заштита на
подземни води од природните и човечките влијанија
2. Непостои потполно резистентна средина и
3.Некои области се поранливи од некои други.

Постојат воглавно два типа на проценки за ранливост на подземни води и тоа:


Сопствена и конкретна. Сопствената ранливост (intrinsic) се базира на проценката
на природните климатски, геолошки и хидрогеолошки карактеристики. Конкретната
ранливост се однесува за конкретен загадувач, класа на загадувач или човечка
активност и најчесто се проценува во однос на ризикот по системот подземни води кој
се изложува на загадување. Прихранувањето, својствата на почвата, литологијата и
дебелината на незаситената зона како и длабочината до подземната вода се клучните
карактеристики и на сопствената и на конкретната ранливост. Меѓутоа, загадувачите
од точкасти извори честопати навлегуваат во системот подземни води под профилот
на почвата (на пр. подземни резервоари на нафта, септички јами) па на таков начин
улогата на почвата како медиум кој може да го намали загадувањето тука е скоро
занемарлива.
132
Подземните води можат да се загадат со органски и неоргански материи од
растително и животинско потекло. Неорганските материи можат да дојдат во подземје
со растварањето на минералните соли при движењето на амбулантните и изданските
води низ порните агрегати на колекторите, или како резултат на инфилтрација на
индустриските и отпадните води во подземjето.

Органските материи ги има скоро секаде на површината на теренот и потекнуваат


од гниењето на лисјата, тревата и другите делови на растенијата, органски материи од
животински трупови, органски остатоци од септичките јами, депонии на цврст отпад и
други загадувачи (Слика 5.1).

Слика 5.1. Приказ на развој на плима на загадување на подземни води кај загадувачи од
органски остатоци и со т.н. филтрат кај депонии за цврст отпад

На слика 5.1-а, прикажан е случај на движење на контаминираната маса, кога


органскиот отпад е над ниво на подземна вода. Зоната 1 над ниво на изданот се
карактеризира со дифузија на загадената маса со различни концентрации вертикално
надолу. Зоните 2,3 и 4 се зони каде преносот на загадената маса се врши со
подземните води во насока на нивно движење.
При тоа се создава т.н плима на загадување, каде може да се издвојат неколку
подзони со различни концентрации на загадената маса. На слика 5.1-б е прикажан
случај на загадување од депонија на цврст отпад. Нејзиното дно е под нивото на
подземата вода, при што загадувачот кој се нарекува исцедок или филтрат од
депонираниот отпад се влива директно во подземните води. Од сликите е очигледно
дека плимата на загадувањето се пренесува само во насока на движењето на тие
води, а во спротивните насоки тоа е незнатно.
Загадувањето на подземните води се случува и кај лошо изведени или оштетени
инсталции кај индустриските постројки, бензиски пумпи и други инсталации (Слика 5.2).

Слика 5.2. Приказ на


загадување на подземни
води од оштетен
резервоар за бензин (1), со
зона на истекување (2) и
формирање на
концентрација на гасови
над подземната вода (4) и
испарувања од гасовите во
надизданската зона (3)

133
Посебно е опасно кога загадувањето се врши со материи од животинско потекло,
бидејќи таквите води се носители на бактерии на многу заразни болести како:
дифтерија, дизентерија, жолтица, колера и др.
Загадените подземни води можат природно да се пречистуваат проаѓајќи низ
финопорозни карпести средини. Како најдобри природни филтри се сметаат чистите
мрсни глини, низ кои движењето е многу бавно. Ваквите глинести слоеви може
целосно да ги пречистат бактериолошки загадените води кога имаат дебелина од само
дваесетина „cm”.
Како добри филтри се сметаат и останатите видови на глини и прашинестите
седименти, но за целосно пречистување на водите е потребна е поголема дебелина на
слоевите, при што некои посни глини и лесот претставуваат безбедни филтри во слој
со дебелина од 1 - 4 m. Кај песоците и чакалите, искуствата покажуват дека за
прочистување на загадените подземни води е потребно водата да помине
хоризонтално растојание од најмалку 50 m ', или најмалку 5 m' вертикално. Најслаби
филтерски својства имаат карстифицираните карпи. Низ нив загадената вода може да
помине и десетина „km” , а да не се пречисти. Во одредени случаи, контаминираната
подземна вода вештачки се прочистува со различни постапки.
Загадувањето на изданот може да се појави во рамките на целата нејзина собирна
површина, само околу изворот, или околу водособирните објекти. Затоа, поради нивна
заштита се определуваат различни заштитни зони како: потесен заштитен појас каде
постои голема веројатност за загадување околу изворот, бунарот или некоја дупнатина
и поширок заштитен појас, кој се однесува на поголема површина, која понекогаш
може да се однесува и на целото сливно подрачје на некоја позначајна издан. Во
практиката, за заштита на изданските води постојат технички и законски регулативи,
кои се сеопфатни и ригорозни поради големото значење на водата како природен
ресурс. Треба да се спомене, дека доколку се појави потреба, контаминираната
подземна вода може вештачки се прочистува со различни постапки.
Транспортот на растворените компоненти низ почвата и подземните води се одвива
на различен начин низ заситена и незаситена почвена маса. Постојат два главни
процеси или начини на придвижување на растворените материи и тоа: транспорт со
процес на дифузуја и транспорт со процес на адвекција или конвекција.Процесот на
дифузија се карактеризира со движење на растворените честички од места со
поголема кон места со помала концетрација, а движењето е резултат на разлика
(градиент) на концентрациите. Кај заситените почви, преносот на загадената маса се
дефинира со прв Fick-ов закон дефиниран преку т.н. флукс на растворените
компоненти изразени за единица површина во единица време со следната основна
равенка:
dC
F  Dd(
dX)
Каде е:
F-флукс на растворената материја;
Dd-коефициент на дифузија;
C-концентрација на растворената материја;
dC/dX- градиент на концентрација.
Транспортот со адвекција всушност е директен транспорт на загадувачот со
подземните води и е дефиниран со следната основна формула:
F  v*n *C
Каде е:
v-средна брзина на движење на подземна вода;
C-концентрација на растворената материја;
n-ефективна порозност на хидрогеолошкиот колектор.
134
Очигледно е дека при транспорт на загадената маса со адвекција, флуксот на
растворената материја директно зависи од големината на коефициентот на
филтрација и ефективната порозност на средината. Во практиката, за решавање на
овој проблем се користат голем број софверски пакети каде е можно да се
анализираат комлицирани случаи на транспорт на различни видови органски и
неоргански загадувачи. Во секој случај, без комплексна анализа хидрогеолошките
услови за движење на подземните води, локацијата на потенцијалните загадувачи,
детално познавање на геологијата и хидрологијата на регионот, причините и условите
за загадување, не е можно да се утврдат и методите и средствата за интервенција во
случај на еколошка опасност.
За проценка на ранливоста, се смета дека е најдобро да се припремат
специјализираните карти, за чија основа најчесто се користат т.н. Основни
хидрогеолошки карти на државите.
Картите на ранливост се употребуваат за планирање на заштита на подземните
води, менаџмент и донесување на одлуки, за идентификација на областите подложни
на загадување и за јавни информации и образование.
Во основа постојат два типа на карти на ранливост. Intrinsic картите се
употребуваат да се оцени intrinsic-сопствената, вродена односно природната
ранливоста на подземните води. Картите со едноставна употреба и мултиупотреба се
основните категории на специфични карти на ранливост.
Во специфичните карти за едноставна употреба ранливоста се оценува со почит
кон само еден тип на загадувач или група на загадувачи со слични сопствености.
Картите за мултиупотреба се фокусираат на презентирање на различни групи на
загадувачи од различна сопственост кои биле идентификувани на картираната област.
ГИС форматот широко се употребува за да претстави различини сценарија на
ранливост на картите на ранливост.

5.3. АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЗАШТИТАТА НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ

Задачите за заштитата на подземните води мора да се решаваат истовремено со


проблемите на заштитата на целокупната природната средина.
Кај нас како локално загадени или доста ранливи од загадување се водите во
алувијалните седименти на големите реки како што се на р. Вардар, Брегалница, Црна
Река, Треска. Ако се има во вид фактот дека подземните и површинските води најчесто
се во меѓусебна интеракција несомнено се наметнува потребата од интегрирано
управување со подземните и површинските води што сега е регулирано со закнот за
води. Може да се каже, дека сеуште се чувствува отсуство на планиран приод кон
заштитата на подземните води, сеуште нема изработено подетална хидрогеолошки
карти за просторот на целата држава во мерка 1 : 100 000, нема изработено детални
карти на ранливост на подземните води, а заштитни зони се дефинирани само кај
поголемите и позначајни изворишта.
Потребно е во оваа свера да се имплементираат и применуваат евопските
директиви за управување со водите и нивна заштита, особено EU Directive 2006/118/EC
on the protection of groundwater againts pollution and deterioration, developed in response
to the requirements of Article 17 of the Water Framework directive.

135
На светко ниво, со зголемување на бројот на жителите се зголемуваат и потреби за
вода и исто така се зголемуваат индустриски капацитети и површини на обработливо
замјиште. Тоа содава зголемено користење на подземна вода што значи дека од една
страна поради зголемено користење се нарушува природан тек на прихранување на
подземните води, а од другата страна се зголемуваат можности за загадување на
подземната вода (слика 5.3).

Слика 5.3. Карта на светот со ризик за квантитет и квалитет на подземни води (Извор-
Интернет)
Произлегува, дека проценката на ризици од загадување и изработката на карти на
ранливост на подземните водни ресурси е потреба која неминовно треба да се
реализира и истата несомнено ќе даде голем придонес кон зачувување на квалитетот
на подземните води.

Се смета дека изразот "ранливост на изданите од загадување", започна да се


користи интуитивно од раните 1980-ти, најнапред во Франција (Albinet & Margat, 1970).
Подоцна во подоцните 1980-ти години поради значењето на ова прашање, се посвети
поголемо внимание на овој проблем така што се создадени поголем број системи за
проценка на ранливоста како DRASTIC, GOD, SINTACS, итн) (Aller et al.1987, Foster &
Hirata 1988, Civita 1994. На пример, на Слика 5.4. е прикажан концептот за примена на
т.н. GOD системот за проценка на ранливост на изданите според Foster.

136
Слика 5.4. Подготовка на карти на ранливост од загадување на изданите со GOD систем
Обично, во практиката, се користат неклоку основни релативни класи за
дефинирање на ранливоста.

Табела 5.1. Релативни класи на ранливост од загадување на изданите на било која дадена
локација од активностите на земјената површина
Класа на Соодветна дефиниција
ранливост
Екстремна Ранливи на скоро сите течни загадувачи со релативно
големо влијание во многу случаи на загадување,

Висока Ранливи на многу загадувачи, освен на оние кои се


многу абсорбирани или веќе трансформирани, во многу
случаи на загадување,

Умерена Ранливи на некои загадувачи, но само кога се


континуирано испуштани или дренирани,

Ниска Ранливи само на конзервативни загадувачи, кои се


долгорочно и континуирано испуштани и дренирани,

Незабележ-ителна Затворени покривки се присутни со незабележителен


вертикален проток на подземни води (истекување).

137
Покрај ранливоста, за да се премине кон дефинирање на ризикот, потребен е
научно базиран пристап во планирањето на употребата на подземните води и
контролирани процедури за испуштање на отпадните води. Шема за проценка на
ризици од загадување е прикажана на слика 5.5.

Слика 5.5. Генерална шема на проценка на ризик на загадување на подземни води за различни
рецептори (Фостер, 2009)
Централниот пристап во сите шеми на проценка на ранливост на изданот е да ги
класифицира карактеристиките на надизданската и изданската зона според нивните
физичко-хемиски карактеристики и физички својства кои можат да ја намалат стапката
на вертикалната инфилтрација на загадувачот од површината на теренот преку
вадозната кон изданската зона и нивната миграција во изданот, по длабочина и
површина (слика 5.6).

Слика 5.6. Развој на проток на загадувач низ надизданската зона и неговото влијание на
загадсување на изданите

138
5.4. ТЕОРЕТСКА ОСНОВА НА DRASTIC МЕТОДОЛОГИЈАТА

Во светот денеска постојат повеќе методологии за изработка на карти на ранливост


на подземните води од загадување. Една од алатките наменети за заштита на
подземните води во САД е таканаречената „DRASTIC“ методологија, создадена преку
соработка помеѓу Националната Асоцијација за Бунари (NWWA - National Water Well
Association) и Агенцијата за Заштита на Околината на САД (EPA - Environmental
protection agency).

Методологијата е развиена и етаблирана од страна на Aller et al., 1987.

DRASTIC е создаден со цел да се овозможи систематска евалуација на


потенцијалот за контаминација на подземните води кој е постојан на национално поле.
Секоја буква од името DRASTIC реферира на еден од хидрогеолошките фактори кои
се користат при евалуација.

Табела 5.2. DRASTIC параметри


Ознака Оригинал Превод-толкување

D Depth to water длабочина до подземна вода

R Recharge to the aquifer Прихранување на изданот

A Aquifer media тип на издан – аквифер

S Soil media почвен медиум

T Тopography (slope) топографија

I Impact of vadose (unsaturted) влијание на вадозната - надизданска зона


zone
C Conductivity коефициент на филтрација,

Длабочина до подземна вода: Длабочината водопропусност


на водата е растојание во метри од
земјената површина до нивото на водата. Таа ја одредува длабочината (дебелината)
на материјалот низ кој загадувачот мора да патува пред да дојде до изданот. Така да,
колку длабочината на водата е поплитка, толку изданот е поранлив од загадување.
Колку е поголема оваа длабочина, толку е помал потенцијалот за контаминација;
Прихранување на изданот: Примарниот извор на прихранување се се врнежите, кои
се инфилтрираат преку земјената површина и достигнуваат до водната маса. Колку е
поголемо прихранувањето, толку се поголеми шансите да загадувачите стигнат до
водната маса.
Количеството вода по единица површина на земја која ја пенетрира земјината
површина и ја достига водната маса (изданската зона), тоа е преносниот агент за
полутанти. Овој параметар ја одразува способноста на надизданската зона да ја
апсорбира и инфилтрира водата од површината на теренот која по пат на врнежи или
друг начин се нашла на површината на теренот. Овој параметар е специфичен и доста
тежок за егзактно дефинирање и истиот зависи од количината на врнежи, од
литолошката градба односно хидрогеолошките карактеристики на надизданската зона
(S i I) од топографијата на теренот (T). Со овој параметар индиректно се поврзани и
параметрите S, T, I. Овој параметар се изразува различно, но најчесто како процент

139
од вкупните врнежи односно количина на вода која инфилтрира кон подземната издан
во однос на вкупните врнежи.
Q inf m 3 /km 2 /god
Kinf = x100
Q vrn m 3 /km 2 /god

каде е:
Kinf – коефициент на инфилтрација (%)
Qinf – количевство на инфилтрирана вода (m3/km2/god)
Qvrn – количевство на врнежи (m3/km2/god)

Многу автори при своите анализи немајќи точни податоци за овој параметар истиот го
поистоветуваат со количеството на врнежи mm/km2/god.

Тип на издан - аквифер: го дефинира типот на изданската зона поврзано со


литолошката градба и хидрогеолошките карактеристики. Ја одразува способноста на
литолошките формации да акумулираат и оддаваат подземна вода. Генерално има три
типови на издани, со меѓузрнеста порозност со пукнатинска порозност и со карстно
пукнатинаска порозност.

Почвен медиум: Почвениот медиум е најгорниот слој од земјата, карактеристиките на


почвената покривка влијаат на површината и надолното движење на контаминантите.
Почвениот медиум ги вклучува горните делови на тлото, кои покриваат просечно околу
1-2 метри или помалку. Типот и текстурата на почвата играат значајна улога за
водопропустливоста. Пример тенки (1-2 m) глиновити слоеви на површината на
теренот над алувијални песокливо чакалести седименти во голема мера ја намалува
ранливоста на аквиферите кои лежат под нив.

Топографија: Се мисли на нагибот или стрмноста, места со помал нагиб најчесто


подолго време ја задржуваат водата што овозможува поинтензивна инфилтрација и
поголем потенцијал за мигрирање на контаминантите кон подземната издан.

Влијание на вадозна зона: Тоа е земјениот дел помеѓу аквиферот и почвената


покривка (надизданска зона). Нејзината важност за потенцијалот за загадување е
слична како за почвената покривка и зависи од нејзината водопропусност и дебелина.
Составот и филтрационите карактеристики на вадозната, надизданска зона го
одредува времето на патувањето на загадувачот преку неа.

Хидраулично спроводливост: Се мисли на способноста на аквиферниот медиум да


ја пренесе или спроведе водата; аквифер со висока спроводливост е ранлив на
значителна контаминација поради тоа што маса контаминанти би можел лесно да
пројде низ аквиферот. Овој параметар се дефинира како коефициент на филтрација
m/s или m/den.
Системот на нумеричко рангирање, уште една компонента од DRASTIC системот, се
користи за да се установи потенцијалот за загадување на водите за секоја
хидрогеолошка променлива. Системот е составен од 3 дела: 1) тежина; 2) опсег; 3)
рејтинг; (Aller et al., 1987). На секој параметар му се доделува одредена тежина од 1
до 5, со тоа што 5 се смета за најзначајно во однос на потенцијалот за загадување, а 1
најмалку значајно (Табела 3). Секоја променлива е „подгрупирана“ во бројни опсези
(пр. длабочина според вода во метри (метар – емпириска мерка за должина) или
типови медиум (пр. материјали од кои е сочинета почвата) кои влијаат на полуциониот
140
потенцијал. Конечно, рејтинзите се користат за да се пренесат во бројна вредност
опсезите/медиумите во однос на веројатноста за загадување на водите.
Конечниот резултат за секоја хидрогеолошка средина (пр. некоја географска област) е
бројна вредност која се добива преку следната равенка:

DRASTIC index=DrDw+RrRw+ArAw+SrSw+TrTw+IrIw+CrCw
каде што: R = рејтинг
W = тежински фактор

Голем броен индекс добиен преку равенката (1) покажува, за некоја географска
област, дека постои веројатност во неа да се јави загадување на подземните води. Но,
DRASTIC индексот е само алатка за релативно проценување и не е наменет и не може
да даде апсолутни одговори.

Табела 5.3. Доделени тежини за Drastic карактеристики


Карактеристика Тежина
D Длабочина на водена маса 5
R Дополнување 4
A Аквиферен медиум 3
S Почвен медиум 2
T Топографија 1
I Влијание на надизданска (vadose) зона 5
C Водопропусност на аквифер 3

Врз основа на дефинираните тежински фактори формулата за пресметка на


DRASTIC индексот е следна:
DRASTIC index = 5Dr + 4Rr + 3Ar + 2Sr + Tr + 5·Ir + 3Cr

За секој параметар се дефинираат класи, а за секоја класа се доделуваат бодови –


рејтинг. Бројот на класи зависи од параметарот кој се анализира, од достапноста на
податоците, од концептот на авторот и.т.н., додека рејтинг бодовите одат од 1 за
најниската класа, најповолната од аспект на ранливост па до 10 за најнеповолната
класа. Категориите на ранливост најчесто се пет и тоа:Ниска, Умерена, Средна,
Видока и Многу висока. Различни автори презентираат и други модифицирани
категории на ранливост.

Поставен во просторен контекст, основата на овој метод е серија од седум мапи,


една за секој хидрогеолошки параметар. Иако DRASTIC методот може да биде
спроведен рачно со визуелно споредување на мапи и нивно преклопување, времето
потребно и потенцијалот за грешка кој се појавува кај карти печатени во различни
размери се премногу големи. Поради тоа, се тежнее DRASTIC моделот да се припрема
низ географски информационен систем. Како пример за изработка на карти на
ранливост, низ неколку слики се прикажани податоци за Република Македонија.Како
што е претходно споменато хидрогеолошкото реонирање на теренот на Македонија во
основа се заснова на типот на аквиферот и водопропусноста на истите.
Хидрогеолошкиот модел кој е основа за истражувањето, анализите и изработката на
картата на повредливост е прикажан на слика 5.7.

141
Слика 5.7. Хидрогеолошки модел на РМ (Илијовски 2013)

Подземните води на територијата на Република Македонија генерално се


распространети во наоѓалишта-издани формирани во две врсти на литолошки
формации. Неврзани квартарни и неогени литолошки формации со интергрануларна
порозност, т.н. збиен тип на издани и издани формирани во карбонатни карпести маси
со карстно пукнатинска порозност, т.н. карстно пукнатински тип на издани. Неврзаните
литолошки формации од класата 11, 21, 12, 22, 13 и 14 се застапени на површина од
5000km2 што претставува 19,5% од територијата на целата држава. Карбонатните
карпи од класата 31, 32 и 33 се застапени на површина од 2.620 km2 што претставува
10,2% од површината на целата држава. Во овие две категории се сконцентрирани
околу 90%-95% од целокупните резерви на подземни води на територијата на Р.
Македонија. Издани формирани во карпести маси само со пукнатинска порозност 41,
42 и 60 се од мало распространување и мало значење.
Кога се зборува за водопропусност на некоја хидрогеолошка формација се мисли
на коефициент на филтрација изразен во m/s или m/den.
Овој фактор е тесно поврзан со факторот аквиферен медиум, всушност и самата
хидрогеолошката класификација, водопропусноста на аквиферите ја зема како основен
142
параметар. Самиот поим водопропусост го дава основниот белег на секоја
хидрогеолошка формација.
Од овој параметар зависат многу други хидрогеолошки својства на карпите како
што се издашноста на бунарите, издашноста на изворите, резервите на подземни
води, инфилтрацијата. Овој параметар е тесно поврзан со ефективната порозност која
пак е во директна интеракција со коефициентот на филтрација. Трансмисибилноста е
право пропорционална од водопропусноста.
Водопропусноста на аквиферите е битен фактор кој има влијание на ранливоста на
подземните води од загадување. Пример за Р.Македонија е прикажан на слика 5.8.

Слика 5.9. Карта на водопропусност на аквифери во Р.М.

На слика 5.10, е прикажана и припремена карта на ранливост за Р.Македонија.

143
Слика 5.10. Kарта на ранливост на Р.М. според методологија на мултикритерно вреднување
MVCRS(З.Илијовски, 2013)

Следна фаза е припрема на карти на ризици, каде се врши преклопување над


картите на ранливост со потенцијалните загадувачи. Пример за типови на загадувачи и
карта на ризик е дадена на слика 5.11 и 5.12.

Слика 5.11. Карта на загадувачи на територија на Р. Македонија


144
Слика 5.12. Проценет ризик од загадување на подземните води во Р. Македонија

Согласно на прикажаните анализи, очигледно е дека за припрема на овие податоци


се потребни обемни геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражувања со цел да се
добијат меродавни податоци за анализа и сигурна заштита на околината. Ова посебно
важи за областите каде што биле доделени високи рангови на ранливост, и кои може
да ја ограничат потенцијалната употреба на земјиштето.

145
6. СЕИЗМИЧНОСТ НА ТЕРЕНОТ
6.1.ВОВЕД
Под поимот сеизмичност се подразбираат сите природни појави кои се поврзани со
земјотресите. Под поимот земјотрес, пак, се подразбира брзо, ненадејно и
краткотрајно поместување на одделни делови на Земјината кора.
Со проучувањето на овaa проблематика најдетално се занимава сеизмологијата,
која посебно внимание посветува на изучување на влијанието на земјотресите и
придружните појави врз инженерските објекти и животната средина. Инженерската
геологија е една од науките која исто така посветува големо внимание на
сеизмичноста, но повеќе од аспект на дефинирање на влијанијата од
инженерскогеолошките фактори врз оштетувањата на теренот и објектите при
земјотрес.
Земјотресите како динамички движења на Земјината кора, на површината на
теренот се манифестираат во вид на пукање, поместување и лом на карпестите маси,
а нивното дејство може да се почуствува во вид на удар, потрес, вибрации и слично.
Понекогаш како придружна појава на земјотресите се јавува подземна грмотевица и
други појави кои се главно последица на триењето на карпестите маси вдолж
раседните површини при придвижувањата. Покрај тоа, земјотресите предизвикуваат и
голем број други современи геолошки процеси и појави како:
 Пукање и набирање на површината на теренот;
 Појава на ликвифакција;
 Реактивирање на стари и појава на нови свлечишта, одрони или сипари;
 Избивање на гасови;
 Пресушување на старите и појава на нови извори, промена на издашноста, составот и
температурата на изворската вода, матење на изворите, промена на нивото на подземна вода
и други ефекти;
 Оштетување и рушење на објекти;
 Појава на големи бранови (цунами) во океаните иморињата и друго.

Со анализа на големиот фонд на случени земјотреси во светот, се утврдило дека


најголем број од нив настануваат во зоните на младите венечни планини, во кои
тектонските процеси се уште не се завршени. Такви се зоните на субдукција и
хоризонтално поместување на основните тектонски плочи, геосинклиналните појаси
каде има натрупување на млади седименти и во старите, набрани терени во кои и ден
денес се вршат движења вдолж активните раседи.
Терените каде има појава на земјотреси се нарекуваат сеизмички активни терени.
Најголем процент на земјотреси е сврзан за т.н. Медитеранска или Алпско-Кавкаско-
Хималајска зона (53.5 %) и за Циркум-Пацифичка или Индо-Малајска-Јапонска зона
(41.8 %). На сите преостанати делови на Земјата доаѓа само 4.7 %. Годишно на
Земјата се случуваат над 1.000 000 земјотреси.
Во најголем број случаи земјотресите се слаби, неможе да се почуствуваат со
човековите сетила, а се регистрираат само со специјални инструменти наречени
сеизмографи. Поретко, земјотресите се многу силни, разорни и пустошни, кои рушат и
најсолидно градени објекти.

146
Според времетраењето, најголем број траат само неколку секунди, а поретко и по
неколку минути. Според магнитудата, односно ослободената сеизмичка енергија, на
годишно ниво се јавуваат земјотреси со следните магнитуди:
 1 многу силен катастрофален земјотрес со магнитуда М>8;
 18 катастрофални земјотреси со М=7-7,9;
 120 разрушувачки земјотреси со М=6-6.9;
 1000 средно силни земјотреси со М=5-5,9;
 8000 слаби земјотреси со М=4-4,9;
 45 000 земјотреси кои може да се почуствуваат со М=3-3,9;
 350 000 земјотреси кои може да се почуствуваат со М=2-2,9;
 600 000 земјотреси кои не се почуствуваат со човекови сетила со М<1,9.
Поради честите појави и значајните влијанија врз теренот и објектите, потребно е
детаљно изучување на сите елементи на сеизмичноста. Целта е да се предвидат
можните ризични зони за градба, условите за антисеизмичка заштита на објектите,
мерки на алармирање или заштита од појави на цунами бранови и слично.

6.2.ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ


Местото на појава на земјотресот под површина на терен се нарекува жариште
или хипоцентар. Хипоцентарот не преставува само една точка, туку поширока зона,
така што е поправилно да се зборува за хипоцентрален регион. Хипоцентралниот
регион главно се појавува околу раседите вдолж кои настанува движењето на теренот
и каде се случува главниот потрес. Вертикалната проекција на хипоцентарот на
површина на терен се вика епицентар или епицентрална зона, каде дејството на
ударот може да се почуствува во вид на вертикални удари, издигања и спуштања на
теренот и слично. Покрај тоа, земјотресите предизвикуваат и хоризонтални осцилации
на теренот, кои кружно, елипсесто или неправилно се шират околу епицентралната
зона. Линиите кои поврзуваат точки на површината на терен каде интензитетот на
земјотресот е еднаков се викат изосеисти. Со оддалечувањето на брановите од
епицентарот интензитетот на земјотресот опаѓа (слика 6.1).

Слика 6.1. Основни елементи на земјотрес: хипоцентар, епицентар и изосеисти

Потресите од хипоцентарот се пренесуваат во вид на сеизмички бранови на сите


страни, додека не избијат на површината на теренот. Сеизмичките бранови кои
настанале со потресот, според начинот на простирањето се делат на надолжни,
напречни и површински бранови(слика 6.2).

147
Слика 6.2. Начин на осцилации на елементарните честички на карпата кај надолжните (P),
напречните (S), Rayleigh-евите (LR) и Love-овите (LQ) сеизмички бранови
Кај надолжните или лонгитудиналните (P) бранови, честичките на карпестата маса
осцилираат во насока на простирањето на брановите, а движењето се манифестира со
наизменично згуснување и разредување на материјата во карпестата маса низ која тие
поминуваат. Се протегаат во сите агрегатни состојби на материјата и се со најголема
брзина, која во зависност од типот на карпеста маса најчесто има вредност од 0.5-5
km/sec. Кај напречните или трансверзалните (S) бранови честичките осцилираат во
насока нормален на насока на простирањето на брановите, менувајќи ја при тоа само
формата на елементарните честички на карпестата маса. Се простираат само во цврста
средина. Површинските бранови се простираат низ површинската зона на теренот и се
побавни од надолжните и напречните бранови. Од нив се најзначајни Rayleigh-евите и
Love-овите бранови.
Треба да се истакне, дека појаките земјотреси скоро редовно се проследени со
еден или неколку претходни потреси наречени форшокови. После главниот потрес се
јавуваат дополнителни потреси кои се наречекуваат афтершокови.

6.3. ВИДОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ


Поделбата на земјотресите се врши по повеќе критериуми. Според главните
причинителите кои ги предизвикуваат, постои поделба на четири основни видови и
тоа:тектонски, вулкански, обрушувачки и техногени земјотреси.
Тектонските земјотреси се последица на тектонските движења и тоа главно во
подлабоките делови од Земјината кора. Нивните хипоцентри се наоѓаат најчесто на
длабочина од 10-60 km. Зафаќаат големи области, достигнуваат најголем интензитет и
предизвикуваат најтешки последици. Гледано процентуално, на нив припаѓа околу 90%
од сите земјотреси кои се јавуваат во Земјината кора. Вулканските земјотреси се во
непосредна врска со движењето и продирањето на магмата или уште почесто со
силните ерупции и експлозии на гасовите и пареите од вулканските огништа. Зафаќаат
пространства со дијаметар од околу 30-50 km, а интензитетот им е од 4-5 степени по
т.н. MCS скалата. Немаат многу изразено влијание врз градежните објекти.
Обрушувачките земјотреси настануваат како последица на уривање на сводовите
или ѕидовите на подземните отвори, или како последица на одронувањето и
свлечување на поголеми делови од теренот. Главно имаат само локално значење.
Може да се почуствуваат во зона со дијаметар до 15 km, а имаат интензитет до
148
3 степени по MCS скалата. Техногените (вештачки или антропогени) земјотреси
настануваат како резултат на дејството на човекот. При тоа, најзначајни потреси може
да предизивикаат подземните атомски и други експлозии кои се вршат за различни
цели. Според интензитетот, овие земјотреси се приближуваат делумно кон
вулканските, а делумно кон обрушувачките земјотреси. Во техногени земјотреси може
да се вбројат и т.н. индуцирани потреси. Настануваат најчесто после формирање на
вештачките водени акумулации, кога заради дејството на акумулираната вода, се
ствараат зголемени хидростатички притисоци на дното и бреговите на акумулациите.
Постојат податоци дека при изградбата на една брана на реката Колорадо во САД, се
индуцирал земјотрес со јачина околу 5 степени по т.н. Рихтерова скала, а слични
ефекти се појавиле и при формирање на водени акумулации во Грција, Индија и
Замбија.
Според длабочината земјотресите се делат на: плитки со длабини на појавување
до 80 километри, средно длабоки од 80-300 километри и длабоки со длабини
поголеми од 300 километри. Длабочината до хипоцентарот е еден од најзначаjните
параметри од кои зависи интензитетот на земјотресот врз површина на теренот и
зафатеното подрачје на кое се чувствува неговото влијание. Треба да се спомене,
дека, на просторите на Балканот, главно се случуваат плитки земјотреси со длабини на
хипоцентрите од 5-50 km. На пример, Скопскиот земјотрес кој се случил во 1963 година
бил со длабина на хипоцентарот од околу 5 km, Валандовскиот во 1931 на 33 km, а
Тетовскиот во 1960 на 16 kmдлабина.

6.4. ИНТЕНЗИТЕТ И МАГНИТУДА НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ


Во пратиката постојат два основни начини за дефинирање на дејството на
земјотресите и тоа преку нивниот интензитет (I) или преку магнитудата (М).
Интензитетот или јачината на земјотресот не се мери со инструмент, туку се
определува индиректно, преку опис на последиците кој ги чувствуваат луѓето,
животните или според манифестациите на оштетување кај градежните објекти и
теренот. Магнитудата се дефинира директно, преку енергијата која се ослободува во
хипоцентарот. За поконкретно да се определи интензитетот, после секоја појава на
посилен земјотрес, специјални стручни екипи вршат прибирање на податоци за
последиците врз објектите, теренот или врз живиот свет, кои после тоа се средуваат по
однапред определени критериуми. Тие критериуми се дефинирани со сеизмички скали
кои содржат одреден број степени. Во светот има неколку различни сеизмички скали со
различен број степени. Најчесто е употребувана меѓународната MCS скала (Merkali-
Cankani-Siberg) каде сите земјотреси според интензитетот се класифицирани во 12
степени. Оваа скала претрпела неколку модификации но е задржана генерална
поделба на земјотресите во 12 степени. Нејзините зачетоци датираат од 1931 година,
а позначајна модификација е извршена од Richter, 1983 година. Кај оваа скала, покрај
последиците врз теренот и објектите, се даваат препораки околу големината на
забрзувањето на земјотресните бранови на површината на теренот (табела 6.1).
Позната е и скалата по Medvedev-Sponenhauer-Karnik од 1964 година. Скратено се
изразува како МSK скала. Исто како МCS скалата има 12 степени, но во неа се
попрецизно разработени критериумите за класификација на видот на оштетувања кај
објектите и за природата на оштетувањата на теренот. Со тоа, субјективноста при
проценката на дејството на земјотресите врз објектите е сведена на минимум.

149
Табела 6.1. Степени на земјотреси според MCS скалата на Mercali, Cancani и Sieberg
Max.забр-
Степен Опис на ефекти врз луѓето, животните или објектите зување
2
за секој степен на земјотрес според кои се одредува интензитетот (m/s )

I Земјотресот не може да се почуствува со човековите сетила и се регистрира само со < 0.0025


сеизмолошки инструменти.
Земјотресот може да се почувствува само од одделни лица кои се чувствителни и 0.0025-
II нервозни ако се наоѓаат на повисоките спратови на зградите. 0.005
Слаб земјотрес. Во густо населените реони може да го почуствуваат помал број луѓе
III кои се наоѓаат во внатрешноста на зградите, а во куќите само поединци. Потресот 0.005-
потсетува на влијание кое е предизвикано од брзо минување на возилата. 0.01
IV Умерено јак земјотрес. Лесно се забележува, во зградите има појава на крцкање и 0.01-
поместување на мебелот, се тресат прозорите, а обесените предмети се клатат. Се 0.025
чувствува на улица и на отворен терен.
Јак земјотрес. Во зградите лесно се препознава по јакото тресење и движење на
V мебелот и предметите воопшто. Електричното осветлување трепка или сосема се 0.025-
гаси поради допирањето на електроводовите, течноста се прелива од добро 0.05
наполнетите садови. Во полето, тревата и гранките на дрвјата се повиткуваат како да
дува ветар со средна јачина. Скоро сите кои спијат се разбудуваат.
Многу јак земјотрес. Сите луѓе го чувствуваат, често пати се појавува страв, така
што луѓето во голем број бегаат на отворен простор. По собите паѓаат разни помали
VI предмети, а намештајот се поместува. Помалите камбани ѕвонат. На солидно 0.05-0.1
ѕиданите згради се јавуваат пукнатини во малтерот, а од таваните тој паѓа и во
парчиња. На слабо изградените куќи се јавуваат поголеми но сеуште безопасни
оштетувања, а се руши и по некој оџак.
Силен земјотрес. По собите паѓа мебелот и се крши. Големите црквени камбани
VII сами чукаат. На површинските води се појавуваат бранови. Локално доаѓа до рушење 0.1-0.25
на песокливи и чакалести делови од крајбрежјето. Во бунарите се менува нивото на
водата, а некои може и да пресушат. Се јавуваат помали оштетувања на поголем број
солидно ѕидани згради. Доаѓа до поединечно уривање на слабо изградените куќи.
Штетен земјотрес. Во собите и најтешките делови од мебелот лесно се поместуваат
или се превртуваат. Скоро 1/4 од зградите се тешко оштетени. Солидно ѕидани
VIII каменити огради се распаѓаат и се превртуваат. Се разурнуваат некои помали куќи. 0.25-
Спомениците и статуите се поместуваат и паѓаат. Фабричките оџаци и кули често 0.50
пати се рушат. Дрвјата се виткаат и се кршат. На стрмните падини се појавуваат
пукнатини со често свлекување и одронување. Од влажните терени избива вода која
изнесува песок и тиња.
Разурнувачки земјотрес. Приближно половина од солидно градените згради се
IX потешко оштетени или срушени. Телефонските, водоводните и канализациските 0.50-
уреди тешко се оштетени. 1.00
Многу разурнувачки земјотрес. Скоро 3/4 од зградите е тешко оштетени, а голем
број се и целосно срушени. Поголем број мостови се тешко оштетени или разрушени.
X Браните, насипите и слични конструкции можат да бидат тешко оштетени. 1-2,5
Железничките шини се виткаат. Водоводните, канализационите и гасните цевки се
откинуваат, виткаат или се втиснуваат една во друга. Кај патиштата и улиците се
јавуваат пукнатини и нерамнини. На теренот се чести појави на одрони и свлечишта,
во бунарите нагло се менува нивото на водата или пак ненадејно пресушуваат.
Крајбрежните делови на реките, езерата и морињата трпат удари од бранови.
Пустошен земјотрес. Се рушат сите згради изградени од камен. Од рушење може да
биде поштедена некоја добро градена зграда од тип на дрвени конструкции. Сите
XI мостови се рушат, како и камените столбови, а ако столбовите се изградени од челик
тие се виткаат. Насипите и браните се прекинуваат на голема должина. Железничките 2,5-5
шини се деформираат и прекинуваат. На површината на теренот се јавуваат
значителни промени во вид на широки пукнатини, раседи, одрони и свлечишта.
Катострофален земјотрес. Се рушат сите згради, мостови, насипи и сите други
XXII објекти кои ги изградил човекот. На површината на теренот настануваат интензивни 5-10
морфолошки промени како: нови водопади, нови езера, реките го менуваат текот. Се
рушат и одронуваат долинските страни, а во епицентралната зона теренот има изглед
како да е испрекинат со големи пукнатини, раседи, одрони и свлечишта.

Во Јапонија се користи Јапонска скала (JMA) која има 7 степени, а е разработена


од Јапонската Метеоролошка Агенција.

150
Рихтеровата скала е една од најстарите и наречена според авторот (Ch.Richter,
1935) која има 9 степени. Всушност, Рихтер го вовел поимот магнитуда. Според оваа
скала, може да се определи ослободената енергија (Е) или т.н енергетска класа (K) на
земјотресот по следните формули:
log E=5,24+1,44 Ms
K=log E
Каде е: Е-енергија на земјотресoт во џули

Во поново време во Европските држави, доста детално е разработена т.н.


Европска Макросеизмичка Скала (EMS 98). Оваа скала е погодна за употреба во
пракса, бидејќи има 12 степени како и MCS и MSK скалите, а прирачниците за нејзина
примена во пракса се документирани со примери како да се врши проценка на
оштетувањата кај објектите (табела 6.2).
Табела 6.2. Скратена форма на Европска макросеизмичка скала (EMS 98)
Степ
Класифи-кација Опис на ефектите
ен
1 Не се чувствува Не може да се почуствува дури и под најповолни услови
Слабо чувстви- Вибрациите може да се почуствуваат единствено од поединци кои се
2
телен одмараат во повисоки катови на зградите
Вибрациите се слаби и се чувствуваат во внатрешноста на објектите само
3 Слаб
од некои лица. Лицата кои се одмараат слабо се вознемируваат
Се чувствува во внатрешност на зградите од голем број лица, а на отворен
Умерено простор само од некои. Некои лица може да се разбудат од сон. Нивото на
4
јак вибрации не е застрашувачко. Прозорите, вратите и чиниите се
затресуваат, а висечките работи се нишаат
Во затворен простор се чувствува од скоро сите лица, а на отворен простор
само од некои. Поголемиот број лица кои спијат се разбудуваат, а некои од
нив бегаат надвор. Зградите се занишуваат, обесените предмети се нишаат
5 Јак
значително, а порцеланските садови и чаши се клатат. Вибрациите се
силни, а високите и тешки предмети може да се превртат. Вратите и
прозорите се нишаат, отвараат и затвараат.
Се чувствува од најголем дел лица во затворен и на отворен простор.
Голем број лица во зградите се исплашени и бегат надвор, а помалите
6 Умерено штетен
предмети паѓаат. Се јавуваат слаби оштетувања кај повеќето градби, со
поситни пукнатини и отпаѓање на помали парчиња на малтер од ѕидовите.
Поголем дел од лицата се исплашени и бегаат надвор. Намештајот се
поместува, а закачените предмети паѓаат од ѕидовите. Голем дел од
7 Штетен
вообичаените објекти претрпуваат средни оштетувања, се јавуваат мали
пукнатини во ѕидовите, дел од оџаците се рушат.
Земјотрес со Намештајот може да биде превртен, голем дел од обичните градби трпат
8 тешки оштету- знатни оштетувања, оџаците се рушат, се појавуваат големи пукнатини низ
вања ѕидовите, а може да се појави делумно рушење кај некои објекти
Спомениците и столбовите паѓаат или се нишаат. Голем дел од обичните
9 Деструк-тивен
градби се рушат делумно, а некои целосно.
Многу
10 Голем број на обичните градби се рушат
деструктивен
11 Уништувачки Скоро сите обичните градби се рушат
Практично сите градби над земјината површина и во подземјето се тешко
12 Катастрофален
оштетени или уништени

Табела 6.3. Споредбен приказ на енергетската класа (К), големина на магнитудата (М) и
споредба со интензитетот по MSK скала (по Б.Сикошек, 1983)
Eнергетска класа К Интензитет по Магнитуда по
К=Log E (J) MSK (1964) Richter
7 I 1,5-2
8 II 2-2,5
9 III 2,5-3,25
10 IV 3,25-3,75
11 V 3,75-4,25

151
Продолжение табела 6.3.
Eнергетска класа К Интензитет по Магнитуда по
К=Log E (J) MSK (1964) Richter
12 VI 4,25-4.75
13 VII 4,75-5,25
14 VIII 5,25-6,0
15 IX 6,0-6,75
16 X-XI 6,75-7,5
17 XI-XII 7,5-8,5
18 XII >8,5

Треба да се спомене дека ваквите скали се основа за т.н. макросеизмичко


реонирање на теренот (слика 6.3).

Слика 6.3. Карта на интензитети на Македонија за повратен период од 500 години

Суштината на макросеизмичкото реонирање е на пошироки простори за држави


или региони, да се издвојат зони од теренот каде се очекува да се случи земјотрес со
одреден интензитет. Како критериуми за реонирање се користат податоци од порано
случени земјотреси, елементи на геолошката градба и морфологијата на теренот и
слично. При тоа, очекуваниот интензитет се дефинира со одредена веројатност на
појавата за одредено време на повторување или повратен период. На пример, на
слика 11.3 е прикажана макросеизмичка карта на интензитети на Република
Македонија. Од сликата се гледа дека на нашата територија, главно се очекуваат
земјотреси со интензитет до 9о по MCS скалата, додека најголем дел од територијата е
во зона на очекувани интензитети до 8о по MCS.
Сеизмичката макрореонизација може да се прави по различни критериуми. При тоа,
се врши поделба на теренот во зони со слични очекуваните интензитети или
забрзувања на површина на теренот. За таа намена и за поврзувањето на податоците,
во светот се воспоставените определени корелациони врски меѓу различните скали,
интезитетот и магнитудата и други параметри на земјотресот. На пример, често се
користи следната корелација:
I= 1,5 M – 3,5 log h +3

152
Врз основа на голем број на анализи, за територијата на Р.Македонија, пак, е
воспоставена следната корелација:

I= 1,8 M – 4,2 log h +3.3


Каде е:
I-интензитет на земјотрес во епицентрот,
М-магнитуда во хипоцентарот;
h-длабина до хипоцентар во km.

Постојат и голем број зависности меѓу оддалеченоста од раседите, длабината на


хипоцентрите и друго. На пример, должината и големината на поместување на
раседите е поврзана со магнитудата на следен начин:

log 10 L=1,32 M - 7,99


log 10 d=0,55 M - 3,71
Kаде е:
М-магнитуда на земјотресот,
L - должина на раседот во km,
d - поместување вдолж раседот во метри.

Сите прикажани зависности треба да се користат со определена доза на


внимателност, со оглед дека се добиени за различни локалитети во светот. Нивната
примена помага за брзо и релативно точно прогнозирање на некои елементи на
земјотресите, но со вклучување на податоци од нови земјотреси, можно е иновирање
на зависноста и корекции на претходно прогнозираните вредности. Во практиката,
често се припремаат и карти на очекувани хоризонтални забрзувања на ниво на
основна карпа. Еден пример е прикажан на Слика 6.4. Со помош на овие карти
начелно се дефинира сеизмичкиот ризик за градба.

Слика 6.4. Зони со очекувани хоризонтални забрзувања во САД со приказ на веројатност на


појава од 90% за повратен период од 50 години

153
6.4. ИНДИРЕКТНИ ЕФЕКТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ
При појавата на земјотресите, се случуваат различни придружни ефекти, кои на
директен или индиректен начин имаат влијание врз околината. Тука треба да се
споменат следните ефекти:
 Акустички сеизмички ефекти;
 Светлосни појави;
 Појава на високи бранови (цунами).
 Појава на ликвифакција и др.

Акустичките ефекти се поврзани најчесто за епицентралните зони. При


движењето на блоковите вдлож раседите во Земјината кора се јавуваат т.н. подземни
татнежи кои се викаат бронтиди кои може да се појават пред или после главниот удар.
Во зависност од јачината на земјотресот, звукот се споредува со експлозија на гранати,
ефект од ветар, работа на мотори и сл. Светлосните појави се манифестираат како
моментални одблесоци. Поврзани се со моменталните празнења на статичкиот
електрицитет од карпите, кој се создал при фазите на триење меѓу раседните блокови.
Посебно се карактеристични ако земјотресот се случува во ноќно време.
Најкарактеристични се сепак, појавите на големи бранови кои се нарекуваат цунами, а
се резултат на т.н. подморски земјотреси. Потресите од дното на морето се
пренесуваат низ водата, при што може да се створат огромни бранови со висина и до
30 метра, и со голема должина. Овие бранови се многу разорни во крајбрежните зони,
кога за кратко време може да предизвикаат големи материјални и човечки загуби.
Познати се низа примери на големи оштетувања и жртви од цунами брановите. На
пример, во регионот на Суматра на 26.12.2004. година се случил исклучително силен
подводен земјотрес со магнитуда М=9-9,15 по Richter (слика 6.5).

Слика 6.5
Сателитска снимка на
продор на цунами
брановите во копно кај
земјотресот во Суматра
(извор интернет)

Ефектот од цунами брановите е почуствуван на огромно пространство од


епицентарот. Имено, покрај зоната на најголеми влијанија и оштетувања на Суматра,
овие бранови се почуствувани се до Јужна Африка. Како резултат на дејството на
цунами бранови загинале преку 230 000 лица. Бранот бил со висина од 13 m и брзина
од околу 500 km/h и предизвикал катастрофално уништување на голем дел од
населбите околу Индискиот Океан со знатни промени во рељефот на теренот.
Друг многу драстичен пример на влијание на цунами бранови е поврзан за појавата
на земјотрес кој се случил на 11 Март 2011 година во Јапонија кој бил со магнитуда
М=9. При земјотресот се појавиле цунами бранови со висина и над 30 метра, кои
предизвикале големи оштетувања на брегот, бидејќи на одредени места се пробиле во
копното и до 10 км. Поради потресот, островот Хоншу е поместен за околу 2,4 метра
кон исток, а самата Земја како планета ја има изместено оската на ротација за околу 10
см. Посебно негативно влијание има појавата на прекин во доводот за ладење на
нуклеарната централа Фукушима, што предизвикало радијација со големини многу
пати над дозволените.
154
Поврзано со цунами брановите, генерално постојат стадиуми на создавање,
ширење и поплавување. Создавањето е поврзано со големи пореметување на
теренот под ниво на морето во самата зоната на подвлекување на тектонските плочи,
така што со појава на земјотресот се врши истиснување на мирната вода. Ширењето
на брановите низ длабокиот океан се врши со огромна брзина потоа нивната висина се
зголемува и до 600 пати. Бранот кога влегува во поплитки води се успорува и се
разлева како поплава.
За навремено информирање на населението од опасноста од цунами бранови и за
избегнување на големи човечки жртви се поставуваат цунами детектори кои даваат
информации за приближување на бранот од неколку минути до неколку часа пред
неговиот удар на брегот. Посебно се критични регионите кај источниот брег на
Јапонија, Индија, Филипините, Антилите, Мексиканскиот залив, Јужна Америка,
западниот брег на САД и други.

ЛИКВИФАКЦИЈА
Ликвифакција е специфичен процес кој се јавува при дејство на посилни
земјотреси. При овој процес се појавува целосно губење на јакоста на водозаситените
слабо гранулирани ситнозрни песоци. Поретко, може да се случи и кај глиновити почви.
Како резултат на динамичките земјотресни влијанија, почвата преминува во течна
состојба, при што сите објекти фундирани врз такви терени трпат многу сериозни
оштетувања. Посебно се критични случаите кај објекти од високо-градбата, каде цели
станбени блокови може да бидат доведени во опасност. Карактеристично е што самата
вештачка конструкција понекогаш не трпи сериозни конструктивни оштетувања, но
цела зграда или блокови од згради може да биде превртена или изместена од
стабилна состојба, како ефект од брзи и ненадејни тонења на објектите во зоната на
ликвефакција (слики 6.6 и 6.7).

Слика 6.6. Ефекти од ликвифакција Слика 6.7. Ликвифакција на терен


во вид на превртување на зграда во при земјотрес во градот Ниагата-
град Адапазар-Турција, YuzerE., ettall, Јапонија, со целосно превртување на
2005 станбени објекти

Сериозни оштетувања може да претрпат железничките пруги, гасоводи,


нафтоводи, патишта и друго, а во одредени случаи се можни се избивања на
мешавина на песок и вода од подземјето на површина на терен и други ефекти
(слики 6.8 и 6.9).
Затоа, овој феномен детално се анализира при урбаното планирање и градбата во
активните сеизмички подрачја. За негова прогноза постојат разработени методологии и
постапки во инженерската геологија, динамиката на почви и сеизмологијата.

155
Слика 6.8. Деформации на железничка Слика 6.9. Избивање на песок со вода при
линија со странично поместување на земјотрес во близина на Краљево, Србија (фото Б.
почвата при ликвифакција Аболмасов, 2010)

Некои од најчестите појави кои може да се предизвикани од ликвифакција се


прикажани на слика 6.10.

Слика 6.10. Начини на манифестирање на ликвифакцијата врзтеренот и објектите

Методите за прогноза на можноста за појава на ликвефакција се засновани на


анализа на состојбата на подземна вода, гранулометрискиот состав, пластичноста на
материјалите и на збиеноста. Овие податоци се комбинираат со сеизмолошките
параметри на потресот (слика 6.11).
156
На сликата е прикажан дијаграм каде на хоризонталната оска се прикажува т.н.
корегиран број на удари (N160) добиен со т.н. стандарден пенетрационен тест, додека
на вертикалната оска се прикажува односот на т.н. циклични напони кои
предизвикуваат ликвифакција (tov / svo’).****
На сликите 6.11. 6.12 и 6.13 се прикажани дијаграми за проценка на условите за
појава на ликвифакција. Како критериуми за проценка се користат процентот на фини
честички, индексот на пластичност (IP), границата на течење (WL) и природната
влажност (W).

Слика 6.11. Дијаграм за проценка на можност од појава на ликвифакција според податоци од


различни локалитети

Слика 6.12.
Дијаграм за проценка
на можност од појава
на ликвифакција
според Wang (1979)
Seed и Idris (1982)

Слика 6.13. Дијаграм за проценка на можност од појава на ликвифакција (Seed и Idris,1982)

157
На сликите 6.14 и 6.15, пак, се прикажани постапки за примарна и секундарна
проценка за можноста за појава на ликвифакција. Кај овие постапки главно се користат
податоците од испитувања со стандарден пенетрационен опит, гранулометрискиот
состав и други класификациони параметри. Доколку при примарната проценка се утрди
дека податоците од испитувањата припаднат на зоната B, се вршат подетални анализи
со процесот на секундарна проценка (слика 6.16). Наједноставниот израз за
секундарна проценка е прикажан со следната равенка:

Fs=SRL/SRe
Каде е:
Fs-фактор на сигурност (ако Fs>1 нема појава на ликвифакција);
SRL-фактор кој се определува дијаграмски oд слика 6.15;
SRe- фактор кој се пресметува по формулата:
a max v
S Re  0,65 rd
g v'
sv’-вредност на ефективен нормален напон;
sv-вредност на вкупен нормален напон;
amax- можно максимално забрзување како процент одземјино забрзување g;
rd - редукционен фактор за длабина.

Слика 6.14. Дијаграм за проценка на


можност од појава на ликвифакција,
според Nishiyama и др., 1977
А - зона каде постојат услови за појава
В - зона каде се
потребнидополнителни анализи
С - зона каде не постои опасност од
ликвифакција

Слика 6.15. Дијаграм за проценка на


параметар SRL, при дадена вредност на
магнитудата (М) и корегирана вредност од
стандарден пенетрационен тест

158
Слика 6.16. Приказ на алгоритам за примарно предвидување на постоење на услови за
ликвифакција (Nishiyama и др., 1977)

Во поново време, во Европа се користи методата која е препорачана во EВРОКОД


8. Тоа е стандард кој се однесува на проектирање на конструкции во услови на
динамички влијанија. Оваа постапка е на некој начин модификација на претходно
прикажаните методи.

Табела 6.4. Типови на почви според EURОCODE 8


Тип на Вредност на Број на Пара-
почва напречни удари(Nspt) метар S
Опис бранови недренирана
Vs (m/s) кохезија Cu
Цврсто врзани или полукаменити карпи,
А изменети површински зони со дебелина до 5
метра и други средини со вредности на > 800 - 1
VsиNspt за овај тип
Многу збиени чакали , песоци или многу Nspt >50
B тврди глини со дебелини од неколку 360 – 800 Cu >250 kPa 1,2
десетици метри
Наслаги на збиени или средно збиени Nspt=15-50
C песоци, чакали или меки глини со дебелина 180 - 360 Cu=70-250kPa 1,15
од по неколку стотина метри
Слабо збиени до растресити и меки
D седименти, главно неврзани, поретко со <180 Nspt<15 1,35
помали прослојци на глиновити меки почви Cu<70 kPa
E Главно површински алувијални почви од тип Важат параметри за
Cили D со дебелина од 5-20 м, а лежат врз типови Cи D 1,4
помеки растресити материјали

Очекуваните напони на смолкнување кои би настанале при земјотрес (td) се


пресметуваат според следната формула:
td=0.66*amax*σv* S
Каде е:
S - параметар кој зависи од видот на почвата (табела 6.4.)

Податоците кои би се припишале на секоја дефинирана категорија на почва, потоа


се анализираат подетално со дефинирање на т.н. спектри на забрзување, дејството на
сеизмички сили врз објектите и други аспекти значајни за динамичката интеракција на
почвата со конструкцијата. При анализата, обично се земаат предвид најкритичните
очекувани услови за забрзување на подлогата amax, магнидута која се очекува на таа
локација и друго.Дијаграми кои се користат за таа нaмeна се прикажани на слика 6.17.

159
Слика 6.17. Дијаграми за дефинирање на вредности на напони кои предизвикуват
ликвифакција според EURОCODE 8: Vs- вредност на попречни еластични бранови, N1-
корегиран број на удари од стандарден пенетрационен опит, Qc1-вредност на отпор на
продирање на конус при тест на статичка пенетрација

Во одредени класификации, може да се сретнат и подкласи на почви. На пример,


подкласата S1 се однесува на наслаги со дебелина најмалку од 10 метри, кои се
изградени од многу меки глини или прашини со висока вредност на индекс (Ip>40). Кај
оваа подкласа, вредност на Vp<100 m/s,а недренирана кохезија Cu= 10-20 kPa.
Подкласа S2 се однесува на почви склони кон ликвифакција или многу меки глини кои
не припаѓаат кон класите од А до Е.
Јасно е дека ликвифакцијата е многу сложен процес, така што за нејзино подетално
осознавање е неопходно да се познава материјата од динамиката на почви,
инженерската сеизмологија, динамиката на конструкциите и други сродни дисиплини.

ВЛИЈАТЕЛНИ ФАКТОРИ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ПРИ ЗЕМЈОТРЕС


За време на земјотрес, последиците на теренот и објектите може да бидат сосема
различни, во зависност од повеќе фактори. Имено, сумарното дејство на од еден
земјотрес е ефект кој генерално зависи од три основни групи фактори по следната
општа формула:
ΣЕ = S + G + IG
Каде е:
ΣЕ - сумарен ефект од земјотрес врз теренот или објектот;
S - сеизмолошки фактори;
G - градежни фактори;
IG - инженерскогеолошки фактори.

Во групата на сеизмолошки фактори спаѓаат: енергијата на потресот, длабината


до хипоцентарот, оддалеченост од епицентарот и карактерот на потресот. Во групата
на градежни фактори припаѓаат карактеристиките на градбите и тоа: тип на
конструктивен систем, длабина на фундирање, катност, квалитет на градење и др.
Влијанието на инженерскогеолошките фактори е многу значајно. Се работи за
влијанија на голем број испреплетени геолошки, тектонски, хидрогеолошки и
инженерскогеолошки својства на теренот како: литолошкиот состав, тектонската

160
градба, својствата и состојбите на карпестите маси, нивото на подземна вода, макро,
мезо и микрорелјефните форми на теренот, наклонот на падините, вид и дебелина на
растреситиот покривач, форма и положба на основната карпеста маса и друго.
Може да се случи, при земјотрес со иста јачина, соседни објекти со исти
конструктивни карактеристики, a поради различни инженерскогеолошките фактори, да
претрпат целосно различни оштетувања. На пример, објект со иста катност и
конструктивен систем, може да не претрпи никакви оштетувања при поволни
инженерскогеолошки услови во зоната на фундирање, но може и целосно да се сруши
ако карактеристиките на подлогата се неповолни или фундирањето не е прилагодено
кон условите во теренот.
Исто така, објекти со различни конструктивни карактеристики фундирани на исти
инженерскогеолошки средини при ист интензитет на земјотрес, ќе претрпат различни
оштетувања.

-ИНЖЕНЕРСКОГЕОЛОШКИ ФАКТОРИ
За квантитативно изучување на влијанијата на инженерскогеолошките фактори
посебно внимание се посветува на дефинирање на: степенот на компактност на
карпите, формата и големината на зрната кај дисперзните материјали, влијанието на
подземната вода, појави на дополнителна консолидација, денивелација вдолж раседи
и влијанија на локалните услови на теренот. Како посебно значаен фактор се смета
степенот на компактност на карпите. Имено, преку детални набљудувања на
оштетувањата кои настанале при земјотресите е утврдено дека исти градби може да
претрпат сосема различни последици кога се фундирани во различни карпести маси.
Ова се случува дури и кај исти литолошки видови на карпи но со различен степен на
компактност и распаднатост. Во овој поглед, карпите се поделени на: компактни и
цврсти, испукани, здробени трошни и целосно деградирани карпи. Илустративно,
влијанието на овој параметар е прикажано на слика 6.18.
Степенот на компактност, пак, зависи од состојбата на испуканост, распаднатоста
или збиеноста на карпите. Од сликата се гледа дека во зависност од степенот на
компактност на карпите и нивото на подземна вода, кај исто епицентрално подрачје,
може да се случи при земјотрес со почетен интензитет Io прираст на интензитетот (ΔI)
за неколку степени. Така, за објекти фундирани во разни зони ќе се појави влијание со
вкупен интензитет еднаков на:
I= Io + Δ I

Слика 6.18. Шематски профил на терен во исто епицентрално подрачје со илустрација на


влијание на степенот на компактноста на карпата врз прирастот на интензитет на земјотрес
(DI), споредено со основниот степен на сеизмичност (Io)

161
Медведев предложил класификација на сите карпести маси во неколку основни
сеизмички категории на карпи и тоа:
 Категорија 1, која служи како еталон за спореба, за што се усвојува свеж и неиспукан гранит
со очекуван прираст на степенот на сеизмичност во степени од ΔI= 00;
0
 Категорија 2, варовници и песочници со ΔI=0-1 ;
0
 Категорија 3, полукаменити карпи (лапорци, глинци) со ΔI=1 ;
0
 Категорија 4, почва од тип на чакал или дробина со ΔI=1-2 ;
0
 Категорија 5, почва од тип на песоксо ΔI=1-2 ;
0
 Категорија 6, почва од тип на глина со ΔI=1-2 ;
0
 Категорија 7, насипан растресит материјал со ΔI=2-3 ;

Aко се усвои дека се случил земјотрес со почетен интензитет Io=7o MCS, може да
се добијат следните екстреми за вкупен интензитет кој би се пренел врз градежниот
објект (Го):

 За објект фундиран врз карпи со сеизмичка категорија 1 (свеж и неиспукан


гранит):I=7+0=7oMCS;
 За објект фундиран врз сеизмичка категорија 6 (глиновит делувијален материјал):
I=7+2=9oMCS;
o
 За објект фундиран врз сеизмичка средина 7): I=7+3=10 MCS;

Во реални услови, покрај степенот на компактност, влијаат и голем број други


инженерскогеолошки фактори (слика 6.19).

Денивелација вдолж раседи. При земјотрес може да настанат релативни


движењата на блоковите вдолж раседите. Овие релативни движења предизвикуваат
деформации на површината на теренот. Во зависност од геолошката градба на тренот
и инженерскогеолошките карактеритики на карпестите маси. при тоа, можат да
настанат неколку случаи. При денивелација во цврсто сврзани карпи раседот избива
непосредно на површината на теренот. При релативното движење на блокот настанува
денивелирање на теренот во однос на првобитната положба. Деформацијата има јасно
изразен карактер вдолж раседната линија. Ако објектот е фундиран на самиот расед
или во непосредна близина трпи различни последици во зависност од износот на
извршената денивелација.Денивелација во растресити несврзани материјали се
појавува кога ваков материјал е наталожен над раседот. Во овај случај поместувањата
кои се извршени во раседот се пренесуваат на површина на теренот преку еден
дисперзен слој. Во една зоната на влијание на поместувањата означена со „L” на слика
6.19 - Б, се појавуваат различни поместувања на точките, што зависи од дебелината и
геотехничките карактеристики на овој слој. Најголемо оштетување ќе претрпат
објектите фундирани во зоната на најголеми поместувања над самиот расед.
Интересни феномени може да се појават кога над раседот има наталожено
слабоврзани глинести почви. Деформациите кај нив се слични како кај свлечиштата
со појава на скалести форми на спуштање на теренот и со локални оштетувања.
Најголеми оштетувања ќе претрпат секако објектите фундирани во зоната „L”.
Влијание на локални услови на теренот. При земјотрес, мошне значајно може да
биде влијанието налокалните услови на теренот. Под локални услови во случајов се
подразбира постоење на разлика во геолошкиот состав и геотехничките
карактеристики на микролокацијата под и околу објектот во неговата темелна зона
(слика 6.9-Г). Различната геолошка состојба во прв ред се однесува на разликата во
модулот на стисливост, што при земјотрес може да предизвика нееднаква
деформација во различни делови под објектот. Ова значи дека последиците врз
објектот се зголемуваат во споредба со постоење на изедначеност на геотехничките
карактеристики на микролокацијата.

162
Слика 6.19 Приказ на различни инженерско-геолошки фактори при земјотрес:
А - Денивелација на терен кај расед во цврсти карпи; Б - Денивелација кај расед покриен со неврзани
карпи; В - Денивелација кај расед покриен со глинивити карпи; Г - Објект фундиран на две средини;
Д - Влијание на влажноста врз кохезија; Ѓ - влијание на ниво на подземна вода;

Влијание на состојбата на подземна вода. Подземната вода може да има свое


влијание на различен начин. Кај глинестите почви, водата генерално има влијание
врз нејзините јакостни карактеристики, пред се на кохезијата. Познато е дека со
зголемувањето на влажноста, кохезијата значително опаѓа. Ова значи дека
последиците од земјотресот на различен начин ќе се почуствува во глинести почви кои
се водозаситени или суви, а за соседни зони.
Форма и големина на зрната кај растресити почви. Од практичните искуства,
познато е дека карпестите маси каде преовладуваат покрупните и незаоблените зрна
трпат помали последици од земјотресите, споредено со терени изградени од
погрубозрни и обработени зрна. Карпи со воедначени (униформни) големини на зрната
се почуствителни на сеизмички влијанија.
Дополнителна консолидација. Во несврзаните, посебно кај слабо збиените
материјали од тип на чакал и песок, како резултат на динамичкото влијание на
земјотресот настануваат деформации во вид на дополнителна консолидација која на
површината на теренот предизвикува слегнување и деформации на градежните
објекти. Поретко, оваа појава се случува и кај прашинестите и глинестите материјали.
Кај неврзаните почвениматеријали, пак, со теренски набљудувања за време на
земјотресите е утврдено дека при високите нивоа на подземни води, степенот на
сеизмичност се зголемува до одредено ниво. Според С.В.Медведев се усвојува
следното зголемување (табела 6.5):

163
Табела 6.5. Очекуван прираст на основен степен на сеизмичност во зависност од длабината до
ниво на подземна вода
Длабина на ниво на подземна вода под површина Прираст на интензитетот на сеизмичност ΔI
на терен (Н во m')

H  10 m' 0

H = 4m' (1-4 м) 0,5

H=0-1m' (H  1m') 1

Влијание на наклонот на падините и косините. Наклоните на теренот имаат


големо влијание при земјотресните појави. Слични конструкции може да претрпат
различни последици при ист интензитет на земјотрес, слични карактеристики на
подлогата но при различен наклон. Најголеми последици се очекуваат кај падини со
пострмни наклони. Сепак, треба да се знае, дека, при анализите на однесување на
теренот и објектите градени на падина, мора да се изврши збирно вреднување на
поголем број фактори како што се: литолошкиот состав на падините, просторната
положба, структурните и текстурните елементи на карпестите маси, застапеноста на
современи геолошки процеси и појави, водозаситеноста и друго. На пример, на падини
изградени од деградирани карпести маси со помал наклон, ќе се појават поголеми
последици во однос на пострмните падини изградени од цврсти карпести маси.
Рамнотежата на падините кај неврзаните материјали може да се изрази преку
следната формула:
( tg   k s )
tg  
(1  k s tg )
Каде е:
 - граничен агол на стабилност на падината;
 - агол на внатрешно триење на материјалот;
ks - сеизмички коефициент (ks = amax./g);

На бреговите на реките, доловите или потенцијално нестабилните терени, можат да


се појават трајни, пластични деформации кои најчесто се јавуваат во епицентралните
зони. За пресметка на површините и должините каде може да настанат вакви
деформации, се користат следните равенки:
log S  M  3.6 [km 2 ]
log l  M  6.2 [km ]
Каде е:
S - површина во која се очекуваат трајни деформации;
l - должина на расед вдолж кој требa да се очекуваат трајните деформации.

Очигледнo e дека инженерскогеолошките фактори мора да се земат предвид во


постапките на сеизмичка микрореонизацијана просторот, со цел на адекватен начин да
се дефинира нивото на сеизмички ризик за градба во сеизмички активни подрачја.

ОПШТО ЗА СЕИЗМИЧОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Територијата на Р. Македонија е дел од сеизмички активниот простор на
Балканскиот Полуостров, односно Алпско-хималајскиот сеизмички појас. Ова се
потврдува со бројните катастрофални земјотреси случени во последните 1 500 години.
Се карактеризира со висока сеизмичка активност и релативно честа појава на силни
земјотреси. Најчесто магнитудата достигнува до М= 5.5 а интензитетот од I -VIII
степени по MCS - скалата. Поретко има и појави на посилни земјотреси.
164
Појавата на земјотресите во Македонија е поврзана за движења по должина на
активните тектонски структури, што значи дека во најголем дел се од тектонски
карактер. Познати се повеќе епицентрални подрачја на силни катастофални
земјотреси и тоа: Скопско, Валандовско, Пехчевско, Тетовско, Битолско, Дебарско,
Охридско, Мрежичко и др.
Главните активни тектонски структури се прикажани на слика 6.20, од каде се гледа
дека во зона на Валандовското епицентрално подрачје има повеќе значајни активни
раседи. Ова е значајно со оглед дека во рамките на магистерскиот труд се прикажани и
одреден број на анализи за оштетени објекти од Валандовскиот земјотрес во тек на
2005 година. Хронолошки приказ на некои силни или катастрофални земјотреси е
даден во табелата 6.6.

Слика 6.20. Активни раседни структури на територија на Република Македонија според


Ј.Јанчевски, 1987

Табела 6.6. Случени силни и катастрофални земјотреси врз основа на историски записи
Година на појава Епицентрално подрачје
400 Градско-Стоби
518 Скопје-Скупи
527 Пештани-Охрид-Струга
896 Пехчево-Кресна
1555 Скопје
1755 Урошевац-Качаник

Краток преглед на посилни катастрофални земјотреси во тек на 20 век е даден во


табела 6.7. Од табелата се забележува дека во реонот на Валандово, имало многу
силен земјотрес во 1931 година, со интензитет според Меркалиева скала од X-ти
степен и магнитуда од М=6.7.
165
Од прикажаните податоци, очигледно е дека на територијата на Р. Македонија како
најактивни се истакнуваат Скопското, Валандовското и Пехчевското епицентрално
подрачје.
Табела 6.7. Случени силни и катастрофални земјотреси во последните 100 години
Датум на Длабочина h во Интензитет Магнитуда
Подрачје
појава km во степени I М
4.04.1904 30 X 7.8 Пехчево
22.03.1910 16 VIII 5,5 Мрежичко (Тиквеш)
18.02.1911 25 IX 6,7 Јуж.брег Охридско Ез.
30.031921 15 IX 5,8 Дебар
7.12.1922 18 VIII 5,7 Дебар
8.03.1931 20 X 6,7 Валандово
27.08.1942 15 IX 6,0 Дебар
12.03.1960 15 VIII 5,6 Тетово
26.07.1963 5 IX 6,1 Скопје
30.09.1967 30 IX 6,5 Дебар
21.12.1990 17 VIII 5,5 Гевгелија
1.09.1994 23 VII-VIII 5,4 Битола
По одделните епицентрални подрачја, се очекуваат следните максимални
магнитуди (Милутиновиќ и др. 1996):
 Скопје (Мmax=6.5)
 Валандово (Мmax=6.9)
 Мрежичко (Мmax=6.1)
 Тетово-Гостивар (Мmax=6.1)
 Дебар-Пешкопеја(Мmax=6.9)
 Пештани-Охрид-Струга (Мmax=6.1)
 Северен дел на Охридско Езеро (Мmax= 6.9)
 Битола (Мmax= 6.1)
 Пехчево-Кресна (Мmax= 7.9)

Карта на макросеизмичка реонизација на Република Македонија е дадена на слика


6.21, а заради илустрација на сеизмичноста, на слика 6.22 се дадени податоци за
локации на епицентри за земјотреси со повисока магнитуда од М=3.

Слика 6.21. Карта на интензитети на Македонија за повратен период од 500 години (дел од
карта на сеизмички интензитети на СФРЈ, 1990)
166
Слика 6.22. Карта со приказ на епицентри на земјотреси со случена магнитуда повисока од
М=3.0 за период од 1976 до 2004 година

167
7. МЕТОДИ ЗА ПРОЦЕНКА НА
РИЗИЦИ ОД ЕРОЗИЈА
7.1. ВОВЕД
Ерозијата е специфичен процес кој доведува до целосна деградација на одредени
делови од теренот, при што продуктите на распаѓање постојано се испираат и се
разнесуваат низ просторот. Зависно од геолошките фактори кои делуваат врз карпите
и го транспортираат еродираниот материјал разликуваме еолска, речна, ледничка
(глечерска) и карстна ерозија.
Разрушувањето на карпестите маси како резултат на влијанието на водените
текови или при атмосферските врнежи се вика површинска ерозија. Движејќи се по
падините водата предизвикува ерозија на поголеми површини наречена планарна
ерозија (слика 7.1).

а б
Слика 7.1. Терени со изразена површинска ерозија: а - терен со ретка вегетација граден од
прашинесто-песокливи плиоценски седименти на дел од траса за нафтовод Скопје - Солун во
близина на село Тремник - Неготинско: б - косина изложена на денудација со ископ за косини за
автопат Неготино - Демир Капија
Со планарна ерозија, во тек на време по падините се испираат и се пренесуваат
десетици тони почвен материјал. При тоа, главно се еродира финозрнестиот
прашинест и глинест материјал, додека покрупните фракции остануваат на самото
место на падините. Процесот на оголување на падините со изветрување и изнесување
на разрушениот материјал уште се нарекува и денудација (лат. denudatio-оголеност).
Посебно е нагласен кај терени со слаба вегетација и кои се изградени од песокливо-
прашинести седименти. Со инженерските активности може да биде уште понагласен,
бидејќи со ископот се отстранува вегетациониот или хумусниот покривач.

Ерозијата на падините може да се врши и линиски во вид на јаружање. Тоа е


процес на испирање на падините и косините со повремените млазеви на водотеците
во одредени издолжени правци кој посебно се манифестира со продлабочување и
издолжување на јаругите. Најнискиот дел од потоците и јаругите, каде престанува
дејството на ерозијата на водените текови се вика базис на ерозијата.
Издолжувањето на поројниците оди спротивно на текот кон повисоките делови на
теренот, односно регресивно. Како резултат на линиската ерозија на површината на
теренот се оформуваат вдлабнатини со различна форма кои се викаат долови,
вододерини и јаруги (слика 7.2).

168
б

а в

Слика 7.2. Примери на активна линиска ерозија: а-загрозен пат со регресивен


развој на јаруга во близина на село Мамутчево-Велешко, б и в-активна
линиска ерозија во плиоценски седименти (јаружање)

Кога јаружањето е изразено на поголеми простори и кога теренот е изложен на


комбинирано дејство на површинските водотеци и еолска ерозија, се ствараат
специфични ерозивни форми наречени лоша земја или во оригинал од англиски јазик
„bad lands”.
Земјиштето кај овие терени не е можно да се користи за никаква намена, иако се
карактеризира со живописни морфолошки форми кои се интересни од феноменолошки
аспект. Специфичниот изглед на релјефот се должи на составот на карпите, каде
обично погорните слоеви се застапени поцврсти карпи, под кои лежат поеродибилни
слоеви Изучувањето на ерозијата е еден од најзначајните аспекти при изведба на
линиските објекти како: гасоводи, нафтоводи, патишта, канали и слично. Ерозијата е
многу значаен фактор кој може да ја поремети стабилноста на теренот и
експлоатацијата на објектите. Затоа, во зоната на пресекот на објектите со ерозивните
подрачја, потребна е изведба на соодветни антиерозивни системи за заштита. Во
одредени случаеви кога над растреситиот слој се наоѓаат крупни карпести блокови тие
го штитат долниот слој од испирање. На тој начин се создаваат столбови, земјени игли
и земјени пирамиди (слики 7.3 и 7.4).

а б
Слика 7.3. а - Пирамиди, б - игли од локалитет Куклица - Кратовско (фото З.Илијовски)

169
а б

в г
Слика 7.4.а - Живописни форми во туфови во вид на столбови (куклици) како продукт на
комбинираното дејство на површинската и ветровата ерозија од околината на Конопиште,
Кавадарци (фото Бл. Маркоски); б - Истевник, Пехчево; в и г - поглед кон локалитет Куклица-
Кратовско (фото З. Илијовски)

Во денешно време ерозијата се смета како еден од најопасните природни хазарди,


заради процесот на опустинување на огромни предели. Од тие причини, посебно
внимание се посветува на овој аспект при анализа на било кој проблем на заштита на
животната средина.

7.2. КВАНТИТАТИВНИ НАЧИНИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ


НА ЕРОЗИЈА
Во современата инженерска пракса, за проценка на еродибилноста и дефинирање
на мерките за заштитата на почвата од ерозија, најчесто се користи т.н. универзална
равенка за проценка на загуба на почвата (анг. Universal Soil Loss Equation). Со оваа
метода, се овозможува проценка на годишната загуба на почва, која се пресметува
како производ од повеќе квантитативни фактори со примена на следната равенка:

А = R*K*L*S*C*P
Каде е:
А - загуба на почвата;
R - фактор на врнежи;
K - фактор na еродибилност на почвата;
L - фактор на должина на косина;
S - фактор на закосеност на косина;
C - фактор на покривка;
P - фактор на контрола на ерозија.

Со оглед дека е развиена во Соединетите Американски Држави, загубатa на


почвата А во оригинал се пресметува во ton/acre/година. За конверзија во SI единици
се користи следната равенка:
1U.S. ton/acre/година r=2,3 ton/ha/година
170
Факторот на врнежи R понекогаш се нарекува и индекс на ерозија од врнежи. Преку
него се опфаќа влијанието на кинетичката енергија на интензивните врнежи врз
ерозијата на теренот. Јасно е дека загубите на почва се поголеми при поинтензивни
врнежи. Наједноставна проценка на неговата големина се прави врз основа на
просечната годишна сума на врнежи, со користење на следната равенка:

R=(916 +331*log I/100) * (I/100)

Kаде е:
I - максимален 30 минутен интензитет на врнежи во разгледуваното подрачје (во оригинална форма се
изразува во inch/h, а за конверзија се користи однос 1 inch/h =25,4 mm/h).

Факторот на еродибилност К, зависи од физичките и механичките својства на


почвите. За прогноза на неговата големина често се користи гранулометрискиот состав
на материјалот претставен со триаголни дијаграми (слика 7.5). Овој дијаграм се
дополнува со податоците од табелата 7.1.
Фактор на должина на косината L и факторот на закосеност S, ги дефинираат
геометриските елементи на косината. Од должината и аголот на косината многу зависи
брзината на истекување на водата по нејзината должина, што резултира со
зголемување на кинетичката енергија на водата и зголемено еродирање на почвената
маса. Двата фактори се прикажуваат како т.н LS фактор, кој се добива според
дијаграмите на слика 7.6 или по табела 7.2.

Слика 7.5. Триаголен дијаграм за


проценка на тип на почва и проценка
на коефициент на еродибилност К
(види табела 9.3)
1 - глина; 2 - прашина; 3 - песок;
4 - песоклива глина; 5 - прашинеста
глина; 6 - прашинесто песоклива глина;
7 - песокливо прашинеста глина;
8 - глиновита прашина; 9 - глиновито-
прашинест песок;
10 - прашинесто глиновит песок;
11 – глиновито - песоклива прашина;
12 - слабо заглинет песок.

Табела 7.1. Вредности за факторот на еродибилност на почвата К, за некои поважни типови


почви
Вредност за К
Опис на состав и текстура на почвата Содржина на органски материи во %
< 0,5 2 4
Песок 0,05 0,03 0,02
Ситнозрн песок 0,16 0,14 0,10
Финозрн песок 0,42 0,36 0,28
Слабо заглинет песок 0,12 0,10 0,08
Слабо заглинет ситнозрн песок 0,24 0,20 0,16
Слабо заглинет финозрн песок 0,44 0,38 0,30
Глиновит песок 0,38 0,34 0,29
Прашина 0,60 0,52 0,42
Глиновита прашина 0,48 0,42 0,33
Глиновито-песоклива прашина 0,27 0,24 0,19
Песоклива глина 0,14 0,13 0,12
Прашинеста глина 0,25 0,23 0,19
Глина 0,13-0,29
171
Факторот на покривка C зависи од типот на растителната покривка, почвените услови и
општите услови на управување и одржување на растителната покривка. Типичен
дијапазон на варирање на овој фактор е прикажан во таб. 7.3.
Факторот на контрола на ерозијата P е сличен со претходниот, со тоа што ги вклучува
додатните ефекти за намалување на ерозија (табела 7.4).
Изборот на сите наведени коефициенти треба да се врши внимателно кај секој
анализиран случај, при што се препорачува и нивно варирање во очекуван дијапазон.

Слика 7.6. Дијаграм за дефинирање на факторот LS како зависност од должината на косината


и нејзиниот наклон

Табела 7.2. Типични вредности за LS факторот


Должина Вредност на LS фактор за конкретен наклон на косина во проценти
на косина Косина Косина Косина Косина Косина Косина Косина
(m) 4% 8% 12% 20% 30% 40% 50%
15 0,3 0,7 1,3 3 6 10,1 15,4
30 0,4 1 1,8 4,2 8,5 14,4 21,7
45 0,5 1,2 2,2 5,1 10,4 17,6 26,6
60 0,6 1,4 2,6 5,9 12 20,3 30,7
75 0,7 1,6 2,9 6,6 13,4 22,7 34,4
120 0,8 2 3,6 8,3 17 28,7 43,5
180 1 2,4 4,4 10,2 20,8 35,2 53,2
210 1,1 2,6 4,8 11,1 22,5 38 57,5
300 1,3 3,1 5,7 13,2 26,9 45,4 68,7

Табела 7.3. Вредности за C за различни покривки


Земјена покривка Вредност
Гола земја 1.0
Треви
80% трева 0.01
60% трева 0.04

Табeла 7.4. Вредности за P за различни површински подготовки


Мерки за контрола на ерозија Вредност
Состојба на површината без покривка;
1.30
компактна; изгребана
Површина на депонија 1.00
Рапава нерегуларна површина 0.90
Површини со појава млади седиментни
0.50
покривачи над карпа
172
Со комбинација на влезните параметри, се добиваат различни големини за
загубата на почвата А, при што во пракса се разработени одредени критериуми,
според кој се оценува дали загубата на почва е во прифатливи граници, или ќе има
потреба од примена на антиерозивни мерки. Најчесто, класифицирањето на почвените
губитоци се врши на следниов начин:
- Ако 0<A< 5 се смета дека тоа е прифатлива загуба на почвата;
- Ако 5<A<20, потребно е да се предвидат мерки за задржување на седиментацијата;
- Aко А> 20, тогаш е потребна конструктивна промена на висината и наклонот на косината
за да се намали загубата или да се предвидат други мерки за задржување на почвата.

7.3. МЕТОД ЗА ПРОЦЕНКА НА ВКУПНА ПРОДУКЦИЈА НА


ЕРОЗИВЕН НАНОС
За реална пресметка на еродибилноста на теренот најзначајни се интензитетот на
дождовите, типот на карпестата подлога, морфологијата на теренот, покриеноста со
вегетација и др. Во практиката, продукцијата на ерозивен нанос се пресметува по
следните равенки:
t0
Wgod  T  H god   z 3  F (m 3 / god ); T   0.1
10.0
Каде е:
Wgod - вкупна продукција на ерозивните наноси во m³/god;
Т - температурен коефициент кој се пресмстува по горниот образец;
o
t- средногодишна температура на воздух изразена во C ;
Hgod - средна годишна сума на врнежи во mm;
Z - коефициент на ерозија во разгледуваниот терен;
F - површина на поројниот слив или поројно подрачје во [km2].

Коефициентот на ерозија Z, се проценува од карти на ерозија или според


категоризацијата на теренот која е прикажана во (табела 7.5).
После детална анализа кај секој конкретен проблем, се донесува решение за типот
на мерки за намалување на ерозијата, кои по својот карактер може да бидат од
конструктивен, механички, хемиски или од вегетационен карактер. Најчесто се
применуваат комбинации на мерки кои најмногу би одговарале за конкретен проблем.

Табела 7.5. Табела за проценка на коефициент на ерозија Z

Интензитет на Категорија
Коефициент на
ерозивни на Подгрупа Тип на ерозија
ерозија Z
процеси еродибилност

а длабинска 1.31 -1.50


Екцесивна Ерозија 1 б мешовита 1.21 -1.30
в површинска 1.01 -1.20
а длабинска 0.91 -1.00
Силна ерозија 2 б мешовита 0.80 -0.90
в површинска 0.70 -0.80
а длабинска 0.61 -0.70
Средна ерозија 3 б мешовита 0.51 -0.60
в површинска 0.41 -0.50
а длабинска 0.31 -0.40
Слаба ерозија б мешовита 0.25 -0.30
4
в површинска 0.20 -0.24

Многу слаба
5 Траги на ерозија 0.01 -0.19
ерозија

173
Во практиката, при проектирање на поголемите хидротехнички објекти од тип на
лачни и гравитациони бетонски брани, често се јавува потреба од дефинирање на т.н.
индекс на еродибилност на карпата (слика 7.7).

Слика 7.7. Дијаграм за проценка на еродибилноста на карпата при ерозивно влијание на вода
од реката или млаз од вода при прелевање на вода од браните (Annandale, 1995)

Индексот на еродибилност се добива по следната формула:

Kr=Ms*Kb*Kd*Js

Каде е:
Ms- параметар на јакост на карпеста маса;
Kb=RQD/Jn;
Kd=Jr/Ja;
Js-релативен структурен број.

Степенот на дисипација на енергија (P) на водениот млаз за одредена должина на


текот е поврзан со коефициентот Kr на следен начин:

P=Kr 0,75
Kаде е:
P- степен на дисипација на енергија на единица должина од тек (кW/m).

Дијаграмот на слика 7.7 е добиен со конкретни експериментални мерења на


можноста за ерозија на карпата. Големината на коефициентот Кr се користи при избор
на решение за примена на заштитни мерки во зоната на удар на млазот од водата.
Според него, се проценува дали карпата сама за себе има доволен капацитет да го
прими ударот од водата.
Во секој случај, борбата со процесите кои произлегуваат од геолошката активност
на реките е многу тешка, а изборот на заштитни мерки е заснован на локалните одлики
и услови. Овие услови се утврдуваат врз основа на резултатите од
инженерскогеолошките, хидролошките и хидрауличните истражувања кај секој
конкретен регион.
За студиозно и правилно решавање на проблемот со ерозијата, потребна е тесна
соработка на тимови на инженери и други експерти од геолошка, хидролошка,
хидротехничка, геотехничка шумарска и други струки.

174
8. ПРИКАЗ НА ЕЛЕМЕНТИ НА
МЕТОДОЛОГИЈА ЗА
УТВРДУВАЊЕ НА ПАЗАРНА
ВРЕДНОСТ НА ОБЈЕКТИ
8.1. ВОВЕД
За најголем дел од методите на проценката на ризикот од геотехнички аспект,
составен дел е и дефинирањето на елементи за проценка на пазарна вредност на
објектите и на недвижниот имот, кои воедно служат и како основа за пресметување на
данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот на промет на
недвижности. Оваа постапка, може да се искористи и како основа за реална оценка на
вредноста на оштетени објекти како резултат на инженерскогеолошки процеси и појави
(геотехнички хазарди). За оваа намена, искористени се препораки од Методологија за
процена на штети по Службен Весник на РМ бр.75/2012.
Пазарната вредност на недвижниот имот како вредност на имотот која може да се
постигне во слободниот промет во моментот на настанување на даночната обврска се
утврдува за следниве видови недвижен имот и тоа за:

1. Згради
а) станбени згради и станови (подруми, балкони, лоѓии и тераси),
б) деловни згради и деловни простории,
в) административни згради и административни простории, и
г) згради и станови за одмор и рекреација.
2. Земјишта
а) земјоделско,
б) градежно,
в) шуми, и
г) пасишта.
3. Други градежни објекти
а) гаражи,
б) помошни објекти (амбари, штали, плевни, шупи), и
в) друг недвижен имот.

Пазарната вредност на зградите, земјиштата и другите градежни објекти се


утврдува во пресметковни бодови по м2 функционална површина за зградите и другите
градежни објекти и по м2 површина за земјишта, во зависност од видот на имотот и
според основни и дополнителни елементи содржани во оваа методологија и во
обрасците кои се нејзин составен дел.
Функционалната површина на еден стан се пресметува како збир на подните
површини меѓу внатрешните ѕидови на собите и ходниците како и 25% од површината
на терасите, 50% од површината на балконите и 75% од површината на лоѓиите.
175
Функционалната површина на индивидуална станбена зграда (куќа) се пресметува
како збир на подните површини меѓу внатрешите ѕидови на собите, ходниците и
другите простории, како и 25% од површната на терасите, 50% од површната на
балконите, 75% од површната на лоѓите, 30% од површната на подрумот, додека
функционалната површина на подрум и сутерен кај индивидуална станбена зграда
(куќа) се пресметува како збир на подните корисни површини меѓу внатрешните
ѕидови.Основните елементи за утврдување на пазарната вредност на зградите се: вид
на градба, меѓукатна конструкција, кровна конструкција, вид на инсталации, лифт,
подна подлога, санитарија, фасадна столарија (прозорци), врати, фасада, изолација и
ексклузивност. Збирот на пресметковните бодови за секој од основните елементи ја
претставува градежната вредност на која се пресметува амортизација и тоа до десет
години старост на објектот 0%, а над десет години по 0.5% годишно, а најмногу до 30%
од градежната вредност. За полесна проценка, во рамките на овој материјал е
припремена и една регресиона зависност дадена на слика 8.1.

Слика 8.1. Дијаграм за проценка на амортизација во зависност од старост на објектот

Дополнителните елементи според кои се утврдува пазарната вредност се катноста


на објектот, микролокацијата, макролокацијата и атрактивноста на објектот, кои со
пресметување на секој одделен критериум се додаваат на градежната вредност и ја
претставуваат пазарната вредност на зградите. Под атрактивност се подразбира
зголемен интерес за купување на одредена локација. Подмикролокацијасеподразбира
близина на снабдувачки, здравствени и воспитни центри, комуникациски врски, паркинг
простор, детски игралишта, спортски центри и сл. Под макролокација се подразбира
зоната во која се наоѓа зградата.

8.2. ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ ПО ВИДОВИ


НА ИМОТ

8.2.1. Згради
Пазарната вредност на становите се пресмтува според следниве елементи:
а) вид на градба и тоа за армирано бетонска, неармирано бетонска и монтажна
конструкција според пресметковните бодови по м2 функционална површина;
б) инсталации
- водовод и канализација, според пресметковните бодови по м2 по санитарно место;
- електрична (монофазна, трофазна и модерна) според пресметковните бодови по
сијалично место;
- парно греење, плин, безбедносни системи, телефонска инсталација и според
пресметковните бодови по м2 функционална површина;
в) лифт, според пресметковните бодови по м2 функционална површина;

176
г) подна подлога
д) санитарија (класична, модерна, луксузна) се пресметуваат по санитарна површина;
ѓ) фасадна столарија-прозорци (дрвени, класични) според пресметковните бодови по
број и вид на прозорци (мали и големи), и по квалитет и тоа дрво-рото оков,
термопан стакла, ПВЦ прозорци, алуминиумски;
е) врати според пресметковните бодови по број, вид на квалитетот на вратите и тоа за
внатрешни (шперовани, фурнирани) и надворешни (дрвени, алуминиумски, ПВЦ,
блиндор);
ж) фасада-класична, травертин, пикована, димит, мермерни плочки, фасадна цигла
според пресметковните бодови на површината на основата на станот;
з) изолација-хидро, звучна и термо според пресметковните бодови по м2 функционална
површина;
ѕ) година на градба, се наведува годината на градба како основа за пресметување на
амортизацијата според пропишаната стапка;
и) катност на зградата до трети кат според пресметковните бодови по м2 функционална
површина, а за станови под плоча, подкровје и мансарда пресметковните бодови се
намалуваат за 10%, 15% и 20%;
ј) микро локација според пресметковните бодови за близина на снабдувачки,
здравствени, воспитни центри, комуникациски врски и сл;
к) макро локација според пресметковните бодови за зоната во која се наоѓа станот.
л) атрактивност

8.2.2. Индивидуални станбени згради (куќи)


Кај индивидуалните станбени згради (куќи) пресметковните бодови по м 2
функционална површина, пооделно се применуваат за подрум, сутерен, приземје, кат и
поткровје.
Пазарната вредност на индивидуалните куќи се пресметува според следниве
елементи:
а) вид на градба и тоа за армирано бетонска, полна тула, бондрук конструкција,
монтажна конструкција, ѕидана од делкан камен, ѕидана од фугован камен и ѕидана од
непечена тула според пресметковните бодови по м2 функционална површина;
б) меѓукатна конструкција и тоа за армирано-бетонска плоча, монта ферт плоча,
дрвена меѓукатна конструкција и авраменко меѓукатна конструкција, според
пресметковните бодови по м2 површина за секој кат;
в) кровна констуркција и тоа за дрвена, метална и армирано бетонска, според
пресметковните бодови по м2 на хоризонталната површина на кровниот покривач;
г) кровен покривач-ќерамиди, салонит, шиндра, равна плоча, пластифициран лим и
етернит плочки, според пресметковните бодови по м2 површина за најгорниот кат;
д) олуци и тоа поцинкувани, бакарни и пластифицирани, според пресметковните
бодови по м2 површина на основата на катот;
ѓ) ексклузивност според пресметковните бодови по м2 вкупна површина.

8.2.3. Деловни згради и деловни простории


Кај деловните згради и деловните простории при утврдување на пазарната
вредност се пресметува и елементот за меѓукатна метална кровна конструкција според
пресметковните бодови за секој кат, ексклузивноста и атрактивноста, како и близина до
1000 метри на царински терминал, противпожарен пункт, магистрален пат, регионален
и локален пат. За деловните простории (дуќани) се пресметува зголемена вредност со
примена на фактор, ако се наоѓаат во комплекс на прометно место, во комплекс на
непрометно место, индивидуални на прометно место или индивидуални на непрометно
место.

177
За деловните згради и деловните простории кои се наоѓаат во стопански
неразвиените подрачја, пазарната вредност се намалува за 50%.
За производствени погони, магацини, хали, стоваришта, бензински пумпи,
пазарната вредност се утврдува врз основа на основните и дополнителните елементи
и со примена на пресметковните бодови по м2 корисна површина, пооделно за секој
кат, подрум, сутерен, поткровје и настрешница.

8.2.4.Земјишта
При утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште се зема предвид и
локацијата, а за земјоделското земјиште, земјоделската култура и класа, стрмнина,
длабочина, ерозија, можност за иригација, и користење на машинерија, апсорпција на
вода и сл.
Пазарната вредност на земјоделското и градежното земјиште, шумите и пасиштата
се утврдува според просечната цена на извршените купопродажби во годината која и
претходи на годината за која се врши утврдување на данокот на имот.
Доколку не се извршени купопродажби на подрачјето на општината во претходната
година во смисла на став 1 на овој член, како пазарна вредност се зема просечниот
надоместок за метар квадратен експроприрано земјиште на подрачјето на општината
согласно со прописите за експропријација.

8.2.5. Други градежни објекти

Гаражи
Пазарната вредност на гаражите се пресметува според следниве елементи:
а) вид на гаража и тоа во склоп на станбена зграда (подземна), во склоп на станбена
зграда (надземна), надземни гаражи во низа, поединечни надземни гаражи, гаража во
склоп на куќа (подземна), гаража во склоп на куќа (надземна), катни гаражи, гаража-
паркинг простор и монтажна, според пресметковните бодови по м2 функционална
површина;
б) кровна конструкција и тоа за равна плоча или кос кров според пресметковните
бодови по м2 функционална површина;
в) врати и тоа метални, дрвени и автоматски, според пресметковните бодови по врата;
г) инсталации – електрична, водоводна и канализациона според пресметковните
бодови по м2 функционална површина;
д) канал, според пресметковните бодови за канал;
ѓ) подна подлога и тоа за бекатон плочки или бетонска плоча според пресметковните
бодови по м2 функционална површина; и
е) макро локација според пресметковните бодови за зоната во која се наоѓа гаражата.

Помошни објекти
Пазарната вредност на помошните објекти (шупи, штали, плевни и амбари)
се пресметува според следниве елементи:
а) вид на градба и тоа од армирано-бетонска конструкција, од полна тула, бондрук
конструкција, монтажни, од камен, од непечена тула, од бетонски блокови и од лесен
мешовит материјал, според пресметковните бодови и по м2 функционална површина;
б) кровна конструкција и тоа дрвена и метална, според пресметковните бодови по м2
површина на кровот;
в) инсталации-водоводна, канализациона и електрична, според пресметковните
бодови по м2 функционална површина;

178
г) подна подлога и тоа за бетонска плоча или дрвена подлога, според пресметковните
бодови по м2 функционална површина;
д) кровен покривач и тоа ќерамиди, салонит, шиндра, равна плоча, пластифициран
лим, етернит плочки, според пресметковните бодови по м2 за вкупната површина на
кровот.

8.3. УТВРДУВАЊЕ НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ СПОРЕД ЗОНИТЕ


Пазарната вредност според зоните се утврдува со пресметковните бодови по м2
функционална површина која се додава на утврдената градежна вредност намалена за
амортизација. Како пример е прикажана зоналноста дефинирата за град Скопје,
табела 8.1.:

Табела 8.1. Пресметковни бодови по m2функционална површина за дадени зони


Прва зона 600 бодови Десета зона 150 бодови
Втора зона 550 бодови Единаесетта зона 120 бодови
Трета зона 500 бодови Дванаесетта зона 100 бодови
Четврта зона 450 бодови Тринаесетта зона 80 бодови
Петта зона 400 бодови Четиринаесетта зона 50 бодови
Шеста зона 350 бодови Петнаесетта зона 40 бодови
Седма зона 300 бодови шеснаесетта зона 30 бодови
Осма зона 250 бодови Седумнаесетта зона 15 бодови
Девета зона 200 бодови Осумнаеста зона 5 бодови

Пресметувањето на пазарната вредност според зоните на населените места од


страна на општинската администрација, администрацијата на општините во градот
Скопје и администрацијата на градот Скопје, се врши според локални услови, односно
според постигнатите пазарни цени за пооделните видови недвижен имот во моментот
на продажбата, а ако за тоа нема податоци според податоците во годината која и
претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.
Доколку индивидуалната станбена зграда која се состои од повеќе ката
претставува една станбена целина, елементите за микро и макро локација се
пресметуваат само на основата на станбената површина.
За оштетените станбени згради на конструкцијата поради тектонски
пореметувања, утврдената пазарна вредност се намалува од 10% до 50% од
пазарната вредност.
Овој дел од методологијата е интересен и од аспект на оштетувања настанати
од свлечишта, одрони, поплави и слично.
За индивидуалните станбени згради кои се наоѓаат на непристапен терен
пазарната вредност се намалува за 30%.
За станбените згради постари од 60 години градежната вредност претставува
пазарна вредност. За индивидуалните станбени згради (куќи) во селските населби
пазарната вредност се намалува за 50% од последната градска зона, а за секое
понатамошно населено место се намалува за дополнителни 10%.

179
9. ПРИСТАПИ ЗА ЗОНИРАЊЕ НА
ТЕРЕНОТ СПОРЕД ПОГОДНОСТ ЗА
ГРАДБА ОД ИНЖЕНЕРСКО-ГЕОЛОШКИ
АСПЕКТ И ДЕФИНИРАЊЕ СТЕПЕН НА
ОШТЕТЕНОСТ НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ
9.1. ВОВЕД
При дефинирање на степенот на оштетеност, се налага потреба од припрема на
методологија за проценка на условите за градба, евентаулните оштетувања, и на крај
би дошла варијанта за проценка на пазарна вредност, или вредност за осигурување.
Како еден од условите за рационална градба, секако дека најзначајно е претходно
издвојување на категории на терен по поволност за градба.
Како еден од најзначјните критеримуи за оценка на поволност се користи
влијанието на т.н. геодинамички својства на теренот. Имено, геодинамичките својства
може во тек на време многу да влијаат врз однесувањето на цели делови од населби,
така што е многу значајно да се процени како постојната состојба, така и нивниот
можен развој со тек на време. Во овој контекст, најзначајните геодинамички појави се
прикажани за секоја од основните категории на терен во следната табела:
Табела 9.1.. Погодност на терен за градба, врз основа на присуство на современи геолошки
(геодинамички) процеси при изградба на населени места
Појави на Сеизмичност на
Степен на погодност Појава на свлечишта,
поплавување на терен по МЦС
за градба одрони, порои
просторот скала
I.Оптимално
Без појава Без појава <5 о
поволен терен
Со многу ретки Со многу ретки
II. Поволен терен 5-6 о
помали појави појави
Со поретки поголеми
III.Условно поволен
и многубројни Со ретки појави 6-9 о
терен
помали појави
Со многу чести и
IV.Неповолен терен Со чести појави >9 о
големи појави

Преку детална анализа, просторот кој е предмет на анализа се зонира во


наведените категории, така што е можно максимално прилагодување на објектите во
завинсост од условите на теренот. Како пример за реонирање на теренот, на следните
слики се дадени два типични примери.

180
Слика 9.1. Пример на карта на
погодност за урбанизација на
населени места
(П.Локин и др. 1972);

ЛЕГЕНДА
I-оптимално поволен
терен
II-поволен терен
III-условно поволен терен
IV-неповолен терен

Слика 9.2. Пример на карта на погодност на урбанизација за територија на Скопје (Наташа


Неделковска - Подготовка на тематски геотехнички карти како подлоги за урбанизација со
примена на ГИС – технологија)

Значајно е да се има предвид дека, при неправилно насочени и изведени


инженерски работи, може кај зоните кои се малку потенцијални за свлекување да се
предизвикаат вештачки (антропогено) нови поместувања на масите, што значи дека
ваквите карти се од голема помош за правилно насочување на инженерските
интервенции и на некој начин се основа за успешна урбанизација на просторот.
181
9.2. ВИДОВИ НА ОШТЕТУВАЊА КАЈ ОБЈЕКТИ СПОРЕД
ЕВРОПСКА МАКРОСЕИЗМИЧКА СКАЛА

За реална проценка на состојбата на оштетеност на објектите, во пракса се


користат одредени препораки и упатства по различни методологии. Кај нас, при
проценка на состојбата на објектите, во примена се постапки согласно на т.н.
"Единствена методологија за проценка на штетите од елементарни и други
непогоди", Службен весник на Република Македонија, број 75 од 19 Септември, 2001
година. Во оваа методологија, оштетувањата кај објектите се вршат во шест категории.
Од друга страна, според Европската макросеизмичка скала ЕМС 98, како и во
одредени обрасци за инспекција за оштетувањата од земјотреси, се применуваат
поделби до пет (5) степени на оштетеност (слики 9.3-9.12).
Европската макросеизмичка скала е погодна за примена со оглед дека дава
конкретни примери кај објектите од високоградбата за степенот на оштетеност на
објектите. На следните слики се дадени типични случаи за ѕидани и армирано-
бетонски конструкции.

Класификација на оштетувања кај ѕидани конструкции

Слика 9.3.
Степен 1: Слаби до незначајни оштетувања
(нема појава на оштетувања на конструкцијата, или тие се
незначителни)
Тенки прснатини се забележуваат само кај некои ѕидови.
Отпаѓање на мали парчиња од малтер.
Отпаќање на ослабени блокови од поорните делови само во
одредени случаи.

Слика 9.4.
Стенен 2: Средни оштетувања
(слаби конструктивни оштетувања или средни неструктурни
штети)
Пукнатини на повеќе ѕидови.
Отпаѓање на поголеми парчиња од малтер.
Делумен колапс на оџаците.

Слика 9.5.
Степен 3: Значајни то тешки оштетувања
(средни оштетувања на конструктивен систем,
тешки неконструктивни оштетувања)
Големи и долги пукнатини на повеќе ѕидови.
делови од покривот отпаѓаат, оџаците се рушат а има и појава
на лом на некој неконструктивни елементи (преградни ѕидови).

182
Слика 9.6.
Степен 4: Многу тешки оштетувања
(тешки оштетувања на конструктивниот систем,
многу тешки оштетувања на некоснтруктивните делови)
Сериозни ломови на ѕидовите со делумен лом на конструкцијата
кај покривот и на спратовите.

Слика 9.7.
Степен 5: деструкција
(многу тешки конструктивни оштетувања)
Целосен лом или момент пред целосен колапс.

Класификација на оштетувања кај згради од армирано-бетонски конструкции

Слика 9.8.
Степен 1: Слаби до незначајни оштетувања
(нема појава на оштетувања на конструкцијата, или тие се
незначителни)
Мали прснатини кај малтерот или ѕидови во основата.
Мали пукнатини во споевите и заполнувањата со малтер.

Слика 9.9.
Степен 2: Средни оштетувања
(слаби конструктивни оштетувања или средни неструктурни
штети)
Појави на пукнатини кај столбовите, гредите и рамките кај
носивите ѕидови.
Пукнатини кај преградните ѕидови, појава на отпажање на
малтерот од споевите на платната кај ѕидовите.

Слика 9.10.
Степен 3: Значајни оштетувања
(средни оштетувања на конструктивен систем,
тешки неконструктивни оштетувања)
Пукнатини на столбовите и гредите кои ги поврзуваат плочите во
основата и на псоевите кај ѕидовите. Отпаѓање на бетонските
обвивки или свивање на челичните шипки.
Големи и долги пукнатини кај подот или отпаѓање на поедини
панелни плочи.

Слика 9.11
Степен 4: Многу тешки оштетувања
(тешки оштетувања на конструктивниот систем,
многу тешки оштетувања на некоснтруктивните делови)
Големи пукнатини кај носивите елементи со појава на
компресионен лом на бетонот и пукање на узенгиите,лом со
истегнување на челичната арматура кај гредите, навалување на
столбовите. Лом кај некои столбови или оддлени делови од
погорните спратови.

Слика 9.12.

Степен 5: деструкција
(многу тешки конструктивни оштетувања)

Колапс на долниот спрат или делови ос крилните ѕидови на


зградата.

183
Преку споредба на претпоставени оштетувања за типски објекти при свлечишта и
одрони, како и при земјотрес, а со прмена на прикажаните типски шеми, во
магистерскиот труд се извршени проценки на оштетувањата со цел да се добијат
податоци за осигурителните компании, издвојување на зони со најголема оштетеност
во склоп на населените подрачја и слично.

9.3. ПРЕДЛОГ МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ПАЗАРНА


ВРЕДНОСТ КАЈ ОШТЕТЕНИ ОБЈЕКТИ ОД СВЛЕЧИШТА И ПРИ
ЗЕМЈОТРЕСИ

За приказ на одредена методологија за проценка на оштетени објкти, во


продолжение се дадени табели од пресметки на пазарна вредност на типски објекти,
со различен степен на оштетеност и кој припаѓаат во различна зона, со што се и
соодветно бодувани.
Се напоменува дека вредноста на пресметковниот бод изнесува едно евро во
денарска противредност за метар квадратен од објектот.
Согласно предложената методологија овде е пресметана пазарната вредност, во
склад со принципите и правилата од претходната глава. Дадени се примери за објекти
изградени од полна тула и армирано бетонски објекти, кај кои квадратурата варира од
50 – 200 m2. За секој од објектите пресметана е амортизација согласно Член 19 од
методологијата, односно од 10% за објекти со слаби до незначајни оштетувања (I) до
50% за објекти со оштетувања до степен на деструкција (V).

Табела 9.2. Пресметка на пазарна вредност на индивидуални станбени куќи изградени од


полна тула во 1-ва зона

Индивидуални станбени објекти - куќи во 1-ва зона


Квадратура на објектот

50 m2 100 m2 200 m2

Тип на конструкција Конструкција од тула


Градежна вредност 16.278 30.734 60.142

Пазарна вредност 46.278 90.734 180.142


I (10%) 41.650 81.661 162.128
II (20%) 37.022 72.587 144.114
Амортизација (во зависност од
степен на оштетеност на III (30%) 32.395 63.514 126.099
објектот)
IV (40%) 27.767 54.440 108.085
V (50%) 23.139 45.367 90.071

паз.вред. 926 907 901

I 833 817 811

II 740 726 721


Просечна цена по м2
III 648 635 630

IV 555 544 540

V 463 454 450

184
Слика 9.13. Линеарна зависност помеѓу амортизираната вредност на објектите со различна
површина и степенот на оштетување кај конструкциите од полна тула во 1-ва зона

Табела 9.3. Пресметка на пазарна вредност на индивидуални станбени куќи, армирано


бетонски, во 1-ва зона
Индивидуални станбени објекти - куќи во 1-ва зона
Квадратура на објектот
50 m2 100 m2 200 m2
Тип на конструкција Армирано бетонска
Градежна вредност 20.728 40.132 79.060
Пазарна вредност 50.728 100.132 199.060
I (10%) 45.655 90.119 179.154
Амортизација (во зависност II (20%) 40.582 80.106 159.248
од степен на оштетеност на III (30%) 35.510 70.092 139.342
објектот) IV (40%) 30.437 60.079 119.436
V (50%) 25.364 50.066 99.530
паз.вред. 1.015 1.001 995
I 913 901 896
Просечна цена по м 2 II 812 801 796
III 710 701 697
IV 609 601 597
V 507 501 498

Слика 9.14. Линеарна зависност помеѓу амортизираната вредност на објектите со различна


површина и степенот на оштетување кај армирано бетонски конструкции во 1-ва зона

185
Табела 9.4. Пресметка на пазарна вредност на индивидуални станбени куќи изградени од
полна тула во 5-та зона

Индивидуални станбени објекти - куќи во 5-та зона


Квадратура на објектот
50 m2 100 m2 200 m2
Тип на конструкција Конструкција од тула
Градежна вредност 16.278 30.734 60.142
Пазарна вредност 36.278 70.734 140.142
I (10%) 32.650 63.661 126.128
Амортизација (во зависност од II (20%) 29.022 56.587 112.114
степен на оштетеност на III (30%) 25.395 49.514 98.099
објектот) IV (40%) 21.767 42.440 84.085
V (50%) 18.139 35.367 70.071
паз.вред. 726 707 701
I 653 637 631
II 580 566 561
Просечна цена по м2
III 508 495 490
IV 435 424 420
V 363 354 350

Слика 9.15. Линеарна зависност помеѓу амортизираната вредност на објектите со различна


површина и степенот на оштетување кај конструкциите од полна тула во 5-та зона

Табела 9.5. Пресметка на пазарна вредност на индивидуални станбени куќи, армирано


бетонски, во 5-та зона

Индивидуални станбени објекти - куќи во 5-та зона


Квадратура на објектот
50 m2 100 m2 200 m2
Тип на конструкција Армирано бетонска
Градежна вредност 20.728 40.132 79.060
Пазарна вредност 40.728 80.132 159.060
I (10%) 36.655 72.119 143.154
Амортизација (во зависност од II (20%) 32.582 64.106 127.248
степен на оштетеност на III (30%) 28.510 56.092 111.342
објектот) IV (40%) 24.437 48.079 95.436
V (50%) 20.364 40.066 79.530
815 801 795
I 733 721 716
II 652 641 636
Просечна цена по м2 III 570 561 557
IV 489 481 477
V 407 401 398

186
Слика 9.16. Линеарна зависност помеѓу амортизираната вредност на објектите со различна
површина и степенот на оштетување кај армирано бетонски конструкции во 5-та зона

Слика 9.17. Линеарна зависност помеѓу амортизираната вредност на објектите со површина од


50m2, АБ конструкција и зоната во која се наоѓа објектот

Од приложените дијаграми може да се заклучи дека површината на објектот и


неговата градежна вредност кај објекти во повисока градежна зона помалку влијаат на
амортизираната пазарна вредност во зависност од степен на оштетеност. Причина за
тоа е што во вкупната пазарна вредност кај објектите од повисоки градежни зони,
доминантно влијание имаат бодовите од локациските услови, а истите подлежат на
амортизација (кај објекти во повисоки зони дијаграмите се приближуваат). Разликата
помеѓу просечните вредности по m2 за различните површини кај еден ист објект е мала
од причина што објектите од 50, 100 и 200 m2 се земени со исти карактеристики, а само
различна површина. Доколку се анализираат различни објекти со различни површини,
разликите би биле поголеми.
Согласно методологијата, амортизација се врши на проценета пазарна вредност на
објектот. Бидејќи при оштетувањата на објектите сопствениците се обештетуваат со
цел да го реконструираат објектот, пологично би било да се амортизира само
градежната вредност, а потоа да се додаде вредноста на објектот која потекнува од
локацијата. Во таков случај (слика 9.18) локацијата има влијание на процентот на
амортизација на објектите и кај објекти со поголема градежна вредност (АБ
констркции) вкупниот процент на амортизација е помал и дополнително се намалува со
порастот на степенот на оштетеност. Со пораст на степен на оштетеност се зголемува
разликата во процентот на амортизација на вкупната вредност на објектот.

187
Слика 9.18. Амортизација на пазарна вредност на објекти со површина од 50 m2, во различна
зона и различен степен на оштетување, при амортизација само на градежната вредност

Пресметките како што напоменавме се дадени за типски објекти, согласно на


зоната во која се наоѓаат, па секако дека во пракса би требало да се проаналзираат и
од други аспекти, културно-историски вредности и сл.
На следните фотографии, пак, прикажани се оштетувања кај објекти од случен
земјотрес во Валандово во 2009 година. За споредба на конкретните оштетувања од
актуелниот потрес, даден е приказ на неколку фотографии за објекти со оштетувања.

Слика 9.19. Изглед на најоштетен објект од земјотресот (катег. IV –Vспоред методологијата)

Слика 9.20. Изглед на оштетен објект од Слика 9.21. Изглед на внатрешна пукнатина
земјотресот со делумно рушење на внатрешен (категорија III )
преграден ѕид (категорија III )

Сите наведени примери, очигледно укажуваат дека изучувањето на егзогените и


ендогените геолошки процеси и појави е од првостепена важност за дефинирање на
условите за градба на сите објекти од градежен карактер.

188

You might also like