You are on page 1of 7

СИСТЕМ НА АГРОТЕХНИЧКИ МЕРКИ КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ

ИНТЕГРАЛНОТО РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО


Агротехничките мерки во интегралното производство претставуваат сет
на активности со кои производителот врши манипулација со средината за таа
да е погодна за растенијата кои се цел на производство. Нивната несоодветна
примена може да доведе до несакани ефекти. Агротехничките мерки во
системот на интегралното производство треба да придонесат кон добивање на
квалитетни и квантитетни производи, а притоа нивната примена да биде
евтина, изводлива и ефикасна.
По Втората светска војна за обезбедување на голема продукција храна
од културите во растителното производство се форсираше зголемена употреба
на пестициди и вештачки ѓубриња кои во седумдесеттите години го достигнаа
својот максимум. Меѓутоа, денес, во дваесет и првиот век, сите чинители и
консуматори на растителното производство се стремат да се вратат кон
квалитетот и безбедноста на храната, односно кон природното.
Постои цел систем на агротехнички мерки кои можат да се применат при
интегралниот начин на производство за да се обезбеди добар квалитет и
квантитет од одредена култура, без притоа да се доведе во прашање
економската исплатливост на производството. Тоа се следните:
1. Плодоред (монокултура, добри и лоши преткултури);
2. Просторна и временска изолација на посевот;
3. Обработка на почвата (време, начин, механизација);
4. Ѓубрење на посевите (време, количини, видови на ѓубриња);
5. Избор на сорта (отпорни, толерантни, реонизирани сорти, по можност од
домашно производство, со оптимална должина на вегетација);
6. Рокови на сеидбата (време на сеидба, оптимална, рана и задоцнета
сеидба);
7. Начин на сеидбата (тесноредова, широкоредова, во ленти, на трап);
8. Длабочина на сеидбата (оптимална, плитка, длабока сеидба);
9. Квалитет на семенскиот материјал (доработен, крупен, дезинфициран,
без примеси од плевелни семиња);
10. Обезбедување на правилен состав на растенија во посевот (оптимален
склоп, густа, ретка сеидба);
11. Прогноза за појава на болести и штетници (приоритетен момент во
намалување на употребата на пестицидите во интегралното
производство);
12. Заштита на посевите од штетници, болести и плевели (механички,
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
11
физички, биолошки и хемиски мерки);
13. Давање предност на мерки кои нама да ја намалат корисната флора и
фауна;
14. Наводнување на посевите (количина, време, начин);
15. Други мерки на нега на културите (вештачко опрашување, инхибирање
на раст во височина, окопување, нагрнување, вградување на вештачки
потпори и др.);
16. Прибирање (жетва) на културите (одредување на вистински момент за
жетва, задоцнета, предвремена жетва) и
17. Складирање на приносот и негово правилно чување и доработка.
Притоа треба да се нагласи дека примената на агротехничките мерки е
можна и изводлива на сите површини кои се обработуваат. Агротехничките
мерки во системот на интегралното производство се клучот во превентивната
борба со сите загрозувачи на растителното производството. При интегралното
производство се става акцент на навремена и правилна примена на
агротехничките мерки со цел намалување на штетниците, болестите и
плевелите без употреба или со редуцирана употреба на пестициди и да се
обезбеди нормален раст и развој на културата според нејзините биолошки
потреби.
Правилната или неправилната примена на секоја агротехничка мерка
позитивно или негативно влијае врз одгледуваната култура и на
биодиверзитетот, односно на природната средина. Тргнувајќи од тој податок,
потребно е сите знаења и вештини да се концентрираат и да се стават во
функција на правилно одгледување на културните растенија за добивање на
здрава и безбедна храна.
3. ПОДЕЛБА НА НИВСКИТЕ КУЛТУРИ
Поделбата на поледелските култури во групи е правена според
најразлични допирни точки, но најприфатлива е поделбата според употребата
во стопанството, направена од проф. В. Ѓорѓевиќ (Цит. Василевски, Г. 2003),
според кој поледелските култури се поделени во следните групи:
1. Жита-зрнесто скробни растенија;
2. Зрнесто белковински (зрнести легуминозни) растенија-варива;
3. Растенија за техничка преработка:
а) за производство на масло;
б) за производство на влакно;
в) за производство на шеќер, скроб и алкохол;
г) за производство на каучук;
д) ароматични, зачински и лековити растенија и
ѓ) за техничка преработка (тутун и хмељ);
4. Растенија за добиточна храна
а) коренесто-клубенести;
б) треви и
в) останати растенија за добиточна храна.
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
12
4. ИНТЕГРАЛНО ПРОИЗВОДСТВО НА МАСЛОДАЈНИ КУЛТУРИ
Во оваа група влегуваат голем број растенија што се одгледуваат за
добивање на масло од нивните семиња. Сите растенија образуваат масло во
семето. Тоа претставува најконцентриран вид резервна храна која е потребна
за дишење, ’ртење и пораст на растенијата во почетните фенофази од
вегетацијата. Меѓутоа, за обезбедување доволни количини масло за
индустријата, во нивското растително производство имаат значење само оние
култури кои содржат најголемо количество масло во семето.
Од познатите маслодајни растенија поголемо значење имаат:
сончогледот, афионот, сусамот, маслодајната репка, кикиритките и рицинусот.
Покрај нив, за добивање масло се одгледуваат и растенијата: сафлор, леник,
лалеманција и перила. Тоа се култури кои не зафаќаат некоја значителна
површина во светот, додека пак кај нас воопшто не се одгледуваат. За
добивање на масло служат и многу други нивски култури како што се: сојата,
синапот, памукот, ленот и конопот.
Табела 1. Процентуална застапеност на масло во семето кај маслодајните
култури во зависност од сортата, применетата агротехника и условите на
одгледување
Маслодајни
култури
Латинско име на
културата
Процентуална застапеност на
масло во семето
Сончоглед Helianthus annuus L. 45-54 %
Афион Papaver somniferum L. 50-60 %
Сусам Sesamum indicum L. 52-63 %
Маслодајна репка Brassica species 40-49 %
Кикиритки Arachis hypogea L. 50-56 %
Рицинус Risinus communis L. 50-55 %
Сафлор Carathamus tinctorius 25-37 %,
Леник Camelina sativa 25-46 %
Лалеманција Lalematia iberica F. et M. 32-33 %
Перила Perila ocymoides L. 26-50 %
Соја Glycine hispida max. 17-24 %
Синап Sinapis species L. 16-26 %
Памук Gossypium species L. 17-19 %
Лен Linum usitatissimum L. 32-47%
Коноп Cannabis sativa L. 30-33 %
Растителното масло има широка примена и неговото стопанско значење
е огромно. Пред сè, тоа служи за исхрана на човекот било директна или како
составен дел на разни прехранбени производи: маргарин, конзерви и друго.
Маслото има многу висока калорична вредност и, освен за исхрана, тоа се
употребува во многу индустриски гранки.
Маслодајните култури имаат и големо агротехничко значење. Поголем
број од нив се окопни култури кои поднесуваат обилно ѓубрење, повеќе пати се
окопуваат во текот на вегетацијата и на тој начин површината ја оставаат чиста
од плевели, во добра кондиција и претставуваат одлични преткултури.
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
13
4.1. ИНТЕГРАЛНО ПРОИЗВОДСТВО НА СОНЧОГЛЕД (Helianthus
annuus L.)
4.1.1. Стопанско значење
Сончогледот е една од најважните маслодајни култури. Од него се
добива едно од најквалитетните масла за исхрана на човекот. Тој е одлична
храна за домашните животни, особено за помладите грла кои се одгледуваат
за тов, приплод, но и за молзниот добиток.
Неизлупеното семе содржи 43-55% масло, а излупеното 50-65%. Во
фабриките, од нелупеното семе, обично, се добиваат 30-45% масло, а
остатокот претставува ќуспе и лушпа. Ќуспето содржи околу 36% белковини,
23% јаглехидрати и 8-10% масло. Сончогледот е многу корисно медоносно
растение, особено цветовите кои се богати со нектар и претставуваат одлично
пасиште за пчелите, особено доколку истиот се произведува во интегрален и
органски систем на производство.
Од сончогледот можат да се добијат доста високи и стабилни приноси.
Слика 1. Сончоглед-Helianthus annuus L.
4.1.2. Природни услови за производство
Сончогледот може да се одгледува во сите реони на Република
Македонија. Но, доколку целта на одгледување е за фураж, може да се сее и
на повлажни и посеверни места. За добивање на масло, особено
ситносеменскиот сончоглед е повеќе топлољубиво и светлољубиво растение.
Се одгледува на потопли и сончеви реони. Веќе на температура од 3 до 5°С
семето ’рти и поднесува пониски пролетни температури (до -7°С).
Во однос на потребата од вода, оваа култура доста добро поднесува
суша, бидејќи развива моќен и силен коренов систем. Со исклучок на плитки,
песокливи и многу влажни почви, сончогледот може да успее на секој тип
почва, па дури и на засолена. Најдобро вирее на богати, длабоки и плодни
почви. Најдобри почви за него се: црнозем, плодни алувиуми и смолници.
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
14
4.1.3. Агротехника при интегралното производство на
сончоглед
ПЛОДОРЕД. Сончогледот, како окопна култура, при интегралното
производство треба да дојде по зрнесто-легуминозни култури (грав, грашок,
соја, лупина) или, евентуално, по стрнишните жита. Доколку се одгледува на
површини каде не постојат услови за наводнување, односно при т.н. суво
поледелство, треба да се внимава да не доаѓа по луцерка или шеќерна репка,
бидејќи овие култури во голема мера ја исцрпуваат влагата на почвата, па тоа
може неповолно да се одрази врз нормалниот пораст на сончогледот. На почви
што се обезбедени со доволни количини на влага, тој може да се одгледува по
секоја култура.
Во системот на интегралното производство треба да се настојува да се
избегне сеење на сончоглед на иста површина, на која бил одгледуван
претходната година, бидејќи страда од бела гнилеж и чума. На иста површина
може да се врати дури по 5-6 години.
Сончогледот е многу добра преткултура, особено е добар претходник за
зимската пченица. Од неговото прибирање до оптималниот рок за сеидба на
зимската пченица има доволно време почвата добро да се подготви за сеидба.
Меѓутоа, бидејќи е окопна култура, тој е добар претходник за поголем број
култури, доколку се внесат доволни количини органски материи.
ОБРАБОТКА НА ПОЧВАТА. Основната обработка на почвата е многу
значаен предуслов во обезбедување на длабок, мек и побогат ораничен слој за
оваа култура. Сончогледот бара длабока основна обработка на почвата,
бидејќи се овозможува посилен развој на кореновиот систем по длабочина и
широчина и се зголемува можноста за искористување на водата и хранливите
материи од поголем радиус.
Еден од пресудните моменти при интегралното производство на
сончоглед е времето кога се врши длабоко орање, бидејќи сончогледот
најчесто доаѓа по пченицата. Во таков случај, најдобро е длабокото орање да
се изврши веднаш по жетвата на пченицата, додека с è уште има доволно влага
во почвата, при што се врши заорување на стрништето, а рано наесен
површината се ора на длабочина од 30-35 cm. На потешки почви орањето е на
40 cm.
Од предсеидбената подготовка на почвата, рано напролет се врши едно
култивирање и едно браносување на длабочина од 8-10 cm. Доколку
површината е нерамна, пожелно е да се изврши и порамнување. Корисен
момент во денешната практика во производството е дополнителната обработка
да се прави во еден потег, при што се користат комбинирани машини кои
прават идеална сеидбена престилка на површината и, наедно, вршат и
пунктирана сеидба.
ЃУБРЕЊЕ. Сончогледот има потреба од големи количества на храна. Но,
при интегралното производство, азотот се додава во умерени количини,
бидејќи во поголеми количества се намалува отпорноста на растението кон
болести, се продолжува вегетацијата и се намалува процентот на масло во
семето. Фосфорот го забрзува созревањето на сончогледот и ја зголемува
масленоста на семето, додека калиумот поволно влијае врз содржината на
маслото во семето. Овие хранливи состојки треба да се употребат во
соодветен однос. Сончогледот многу добро реагира на ѓубрење со органски
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
15
ѓубрива. Шталското ѓубре треба да биде добро разложено и рамномерно да се
растура по површината во количина од околу 15 до 20 t/ha. Доколку
претходната година почвата била ѓубрена со поголемо количество на шталско
ѓубре (до 40 t/ha), нема потреба тоа да се внесува во тековната година, бидејќи
истото се разложува во текот на три години. Ако почвите се доволно плодни, се
ѓубри до 10 t/ha добро прегорено шталско ѓубре, бидејќи во поголеми
количества ја зголемува вегетативната маса на сончогледот, а го намалува
приносот и квалитетот на семето.
СЕИДБА. Сеидбата претставува многу комлексна мерка. При
интегралното производство на оваа култура, особено треба да се истакнат
следните моменти:
- Квалитет на семенскиот материјал - За сеидба треба да се употреби
крупно семе со ’ртливост не помала од 98% и чистота не помала од 99%.
Високата ’ртливост на семето позитивно влијае врз приносот на зрно и врз
содржината на масло во зрното. При интегралното производство, особено
треба да се потенцира моментот за обезбедување на правилен и оптимален
состав на растенија во посевот, бидејќи тоа е од суштинско значење во
борбата против плевелите, правилното искористување на површината,
добивањето на добри и високи приноси итн.
Најдобро за сеидба е семе од одбрани глави од одредени растенија
уште на површината, пред жетва, од здрави, добро развиени растенија кои
едновремено созреваат и се со исти сортни карактеристики. При изборот на
главите се настојува тие да бидат средно големи и добро исполнети со зрно по
целата површина, но и да не се премногу наведнати надолу. Одбраните глави
се прибираат одделно.
-Избор на сорта - Најдобро за овој начин на производство е да се користат
само рани нискостеблести сорти (120-150 cm) со вегатација од околу 80-90
денови, отпорни и толерантни на болести, а притоа да имаат висок процент на
масленост во семето (50-55%) и да се со висок генетски и производен
потенцијал за принос на семе (3.000-3.500 kg/ha). Секако, за овој начин на
производство треба да се стави акцент на употреба на реонизирани и
аклиматизирани сорти и автохтони (домашни) популации.
Од домашните сорти треба (може) да се одгледува сортата сонце (ЕММ-
42), додека од странските сорти албена, лусил, принсил, СП-396, 397 и 398,
алтезе РМ и други. Новите сорти на маслодаен сончоглед даваат само
едноглави растенија. За овие сорти не е пожелно на едно растение да има
повеќе цветни глави, бидејќи тие даваат празно и штуро семе и само ја
влошуваат исхраната на семето од централната глава. Таквите растенија го
намалуваат приносот од единица површина, квалитетот на приносот, но во
исто време ја осиромашуваат и почвата со хранливи материи.
- Рокови на сеидбата - Сончогледовото семе бара многу влага и подолго
време за набабрување и ’ртење. Затоа, најсигурно поникнување се добива, ако
дозволуваат временските услови, да се насее порано напролет додека почвата
има сè уште влага. Во Република Македонија оптимален период за сеидба на
сончоглед за интегрално производство е од самиот почеток на март до првата
декада на април. Сеидбата може да биде порана на потопли и посуви почви, а
подоцнежна во микролокалитети со повлажни и постудени почви. Со
задоцнување на сеидбата по 20 април се намалува приносот и квалитетот на
семето (се зголемува процентот на лушпата, а се намалува процентот на
Интегрално производство на индустриски и фуражни култури 2013
Автор: Доц. д-р Мите Илиевски
16
маслото). Сончогледот може да се посее и како постстрнишна (втора) култура
по зимските жита или други култури кои се прибираат до средината на јуни. Но,
во ваков случај, од пресудно значење е влагата во почвата и, се разбира,
подоцна задолжително треба да се обезбеди наводнување на посевот.
- Начин на сеидбата - Најдобра е пунктираната сеидба со која целосно се
избегнува проредувањето, а се штеди и на семенски материјал. Најдобри
резултати при интегрален начин на производство кај оваа култура се добиваат
ако се обезбеди состав од 55.000 растенија на хектар, со растојание од 70 cm х
25 cm.
- Количина на семе - За пунктиран начин на сеидба се потребни 5 kg семе на
хектар. Ваквото семе за сеидба треба да биде калибрирано (сортирано според
големината) и со 100% ’ртливост. Почвената престилка треба да биде одлично
подготвена, да е мека, аерирана и со доволна количина на влага.
- Длабочина на сеидбата - На тешки и влажни почви сончогледот треба да се
сее поплитко, на 4-5 cm, а на лесни почви и при подоцна сеидба семето се сее
подлабоко, на 6-8 cm, за да дојде во контакт со влагата.
НЕГА НА ПОСЕВОТ. Негата при интегралното производство на оваа
култура започнува уште при никнењето, особено ако посевот бил зафатен од
силни дождови или дошло до брзо заплевување. При поволни услови
(соодветна влага и топлина) тој треба да поникне за околу 10-12 дена. По
никнење на сончогледот најважно е навреме да се изврши меѓуредово и
внатрередово окопување. Првото окопување се врши многу плитко,
непосредно по поникнувањето, на длабочина од 6-8 cm. Треба да се знае дека
сончогледот не поднесува многу влага на почвата, бидејќи може да дојде до
масовно заболување на растенијата од болеста венење, да се добијат ниски
приноси на семе со ниска содржина на масло. При интегралното производство
треба да се извршат две наводнувања со залевна норма од 60 l/m 2 во критични
сушни периоди од вегетацијата на сончогледот. Наводнувањето може да се
изврши со вештачки дожд или во бразди со должина од 40-80 m, во зависност
од пропусливоста на почвата. Првото залевање треба да дојде пред
фенофазата на цветање на сончогледот, која во наши агроеколошки услови се
одвива во јуни, а второто во средината на јули или во почетокот на август,
односно во фенофазата на налевање на зрното.
При интегралниот начин на производство на оваа култура, од
исклучителна важност е да се помогне со опрашувањето и оплодувањето на
што е можно поголем број цветови во главата. За таа цел, општа препорака е
да се постават 1 до 2 коша со пчели на еден хектар површина.
ПРИБИРАЊЕ. Прибирањето на сончогледот при овој систем на
производство треба да се изврши порано пред кафеава зрелост на
растенијата, бидејќи тогаш и масленоста на семето е доволно висока, а
влажноста е околу 11%, што одговара за машинско прибирање.
Пос прибирањето е потребно да се изврши досушување на семето и
затоа е потребно да се растури во слој од 10-15 cm и почесто да се врши
провртување и мешање за досушување. Зрното може да се чува во подебел
слој, и тоа до 1 m преку зимата и 0,75 m преку летото. Со задоцнето прибирање
на сончогледот се зголемуваат загубите, особено од наезда на птици. Затоа,
оваа култура и при интегрален начин на одгледување би требало да се
произведува во реони каде што сончогледот доминира со застапеност на
поголеми површини.__

You might also like