You are on page 1of 6

Интегрирање на стратегијата и културата

Односите меѓу функционалните активности на фирмата можеби


можат
најдобро да се прикажат со фокусирање на организациската
култура, внатрешен
феномен што ги провлекува сите оддели и единици на една
организација.
Организациската култура може да се дефинира како „начин на
однесување што го
развила организацијата, учејќи да се справи со својот проблем на
надворешно
адаптирање и внатрешно интегрирање, кој е потврден како доволно
добар за да се
смета за валиден и да се пренесува на новите членови како точен
начин за
согледување, размислување и чувствување.30 Оваа дефиниција ја
нагласува важноста
на усогласувањето на надворешните со внатрешните фактори при
донесувањето
стратегиски одлуки.
Организациската култура ги доловува суптилните, неостварливи и
главно
несвесни сили што обликуваат работно место. Неверојатно отпорна
на промени,
културата може да претставува голема предност или слабост за
фирмата. Може да
биде основна причина за предност или слабост во кој било дел или
функција во
Поглавје 4: Анализа на интерно окружување 148
организацијата.
Како што се дефинирани во Табела 4.3, производите на
културата
вклучуваат: вредности, верувања, традиции, ритуали, церемонии,
митови, приказни,
легенди, саги, јазик, метафори, симболи, херои и хероини. Овие
производи или
димензии се лостови што стратезите можат да ги користат за да
влијаат и го
насочуваат формулирањето, имплементирањето и оценувањето на
стратегиите.
Културата на една организација се споредува со карактерот на
индивидуата, во
смисла дека ниту една организација нема иста култура како што
нема две лица со ист
карактер. И културата и карактерот се трајни и можат да бидат:
топли, агресивни,
пријателски, отворени, иновативни, конзервативни, либерални,
груби или пријатни.
Табела 4.3 Производи – димензии на културата
Обред Планирани збир од активности што консолидираат различни
форми на
културни изрази во еден настан.
Церемонија Неколку обреди поврзани заедно.
Ритуал Стандардизиран сет на однесувања што се користат за
управување со
анксиозност.
Мит Наратив за замислени настани, обично непоткрепен со факти.
Сага Историски наратив во кој се опишани уникатни достигнувања
на една група и
нејзините водачи.
Легенда Презентирана приказна за некој прекрасен настан, обично
непоткрепена со
факти.
Приказна Наратив кој обично се темели на вистински настани.
Сказна Измислена приказна која усно се пренесува.
Симбол Секој предмет, чин, настан, квалитет или врска кој се
користи за да пренесе
значење.
Јазик Начинот на кој комуницираат членовите на групата.
Метафори Кратки фрази или зборови користени за појаснување на
визијата или за
зајакнување на стари или нови вредности.
Вредност Став за насочување на животот кој служи како упатство за
однесување.
Верување Разбирање на одреден феномен.
Херој /
Хероина
Многу почитуван поединец.
Извор: H. M . T rice a nd J . M . Beyer, “Studying Organizational
Cultures through Rites and
Ceremonials,” Academy of Management Review 9, no. 4 (October
1984): 655.
Во Google, културата е многу неформална. Вработените се
охрабруваат да
талкаат по салите, додека спроведуваат brainstorming сесии и да ги
пишуваат идеите
на јавни табли, кои се обезбедени насекаде. Наспроти тоа,
културата во
Procter&Gamble (P&G) е толку цврста што вработените на шега се
нарекуваат себеси
“Proctoids“. И покрај оваа разлика, двете компании разменуваат
вработени и
учествуваат во меѓусебните сесии за обука на персоналот. Зошто?
Бидејќи P&G троши
повеќе пари за рекламирање од која било друга компанија и Google
сака да добие што
поголем дел од нивниот годишен буџет од 8,7 милијарди
американски долари за
рекламирање; а P&G сфати дека следната генерација на
потрошувачи на детергенти
за пререње алишта и за миење садови, тоалетна хартија и
козметика за нега на
кожата сега поминуваат повеќе време на интернет, отколку што
гледаат телевизија.
Потрошувачите на возраст од 18 до 27 години велат дека користат
интернет 30-40
часа неделно, во споредба со 10 часа гледање телевизија.31
Димензиите на организациската култура проникнуваат во сите
функционални
области на бизнисот. Откривањето на основните вредности и
верувања кои се
длабоко затрупани во богатата колекција од: приказни, јазик, херои
и ритуали на
организацијата наликува на уметност, а производите на културата
можат да
претставуваат важни и предности и слабости. Културата е аспект на
организацијата
Поглавје 4: Анализа на интерно окружување 149
Поглавје 4: Анализа на интерно окружување 150
Културата на една организација треба да ги вдахне поединците со
ентузијазам
за спроведување на стратегијата. Алари и Фирсироту ја истакнуваат
потребата за
разбирање на културата: „Културата дава објаснување за
непобедливите потешкотии
со кои се соочува една фирма, кога се обидува да ја промени
својата стратегиска
насока. Не само што „вистинската“ култура стана суштината и
основата на
корпоративната извонредност, исто така, се тврди дека успехот или
неуспехот на
реформите зависи од одржливоста и способноста на менаџментот
да ја менуваат
основната култура на фирмата во време и навреме, со потребните
промени во
стратегиите.“33
Потенцијалната вредност на организациската култура не е целосно
сфатена и
прифатена во примената на стратегискиот менаџмент.
Игнорирањето на ефектот што
културата може да го има врз односите меѓу функционалните
области на бизнисот
може да резултира во бариери за комуникација, недостаток на
координација и
неможност за прилагодување кон променливите услови. Одредени
тензии помеѓу
културата и стратегијата на фирмата се неизбежни, но тие треба да
се следат за да не
се достигне точката во која се прекинуваат врските и културата
станува
антагонистичка. Нарушувањето на односите меѓу членовите на
организацијата ќе го
контаминира формулирањето, спроведувањето и оценувањето на
стратегијата.
Спротивно на тоа, организациска култура која обезбедува поддршка
може да го
олесни менаџирањето.
Внатрешните предности и слабости поврзани со културата на
фирмата
понекогаш се занемаруваат заради интерфункционалната природа
на овој феномен.
Затоа, важно е стратезите да ја разберат својата фирма како
социокултурен систем.
Успехот често се одредува од врската помеѓу културата и
стратегијата на фирмата.
Предизвикот на стратегискиот менаџмент денес е да овозможи
промени во
организациската култура и во индивидуалните размислувања, кои
се потребни за
поддршка на формулацијата, имплементацијата и евалуацијата на
стратегиите.__

You might also like