You are on page 1of 21

Универзитет ,, Гоце Делчев” – Штип

Бизнис Администрација - Гевгелија

Проектна задача по предметот :

Основи на логистика

Тема: Виното како логистички производ

Ментор :

Доц. Драшко Атанасоски


Изработиле :
Стефан Десподовски 173811

Стефан Николиќ 173607

Александар Стојоски 173817

Скопје ,Ноември 2013

1
Содржина

1. Апстракт............................................................................................3
2. Abstract..............................................................................................4
3. Вовед.................................................................................................5
4. Примарна
логистика...........................................................................................6
5. Секундарна
логистика................................................................................................7
6. Терцијална
логистика................................................................................................8
7. Микрологистички
систем.....................................................................................................9
8.Снабдување и
пакување................................................................................................10
9.Макро логистчки систем и глобално логистички систем.................11
10.Обработка на
грозјето...................................................................................................12
11.Заклучок.............................................................................................15
12.Користена литература......................................................................16

2
Апстракт

Во оваа наша семинарска задача е опишано виното како логистички


производ , односно овој производ го прикажавме и објаснивме во
повеќето логистички ситеми, како што се примарниот логиситчки систем ,
секундарниот логистички систем, терцијалниот логистички систем
,микрологистичкиот систем , макрологистичкиот систем и глобалниот
логистички систем.Ние накратко се обидовме да ви го доловивме
најбитното за виното како логистички производ .Ниеден од овие
логистички системи неможат да функциорнираат еден без друг , бидејќи
тие се мегусебно поврзани и се надоврзуваат еден на друг. Во овој труд е
опишана анализа на еден логистичкиот производ од негово
произведување, складирање и доставување до потрошувачите. Постојат
повеќе логистички процеси со што се олеснува работата на едно
претпријатие.

Клучни зборови :

 вино ,
 производство ,
 Винаријата Стоби
 примарна логистика,
 секундарна логистика,
 терцијална логистика,
 микрологистички систем,
 макрологистички систем,
 глобалнологистички систем.

3
Во оваа проектна задача е опишано виното како логистички производ,
односно прикажан е и објаснет логистичкиот процес на производството
на виното од примарната логистика, преку секундарна, терцијална,
квартарна и квинтаран логистика, па понатаму како производ низ
процесите на микро, макро, глобален логистички систем. Накратко е
доловен целиот процес на производство до стигнувањето на готовиот
производ до крајните потрошувачи.
Важно е да се напомене дека ниеден од горенаведените логистички
системи и процеси кои подетално ќе се обработат во оваа семинарска
задача, не можат да бидат самостојни и дека се зависни еден од друг. Во
овој труд е опишана анализата на еден логистички производ од неговото
произведување, складирање и доставување на потрошувачите.

Клучни зборови:

 Вино
 Производство
 Винарија
 Примарна логистика
 Секундарна логистика
 Терцијална логистика
 Микрологистички систем
 Макрологистички систем
 Глобално логистички систем

ВОВЕД

4
Секаде во светот па така и кај нас има најразлични видово на
безалкохолни и алкохолни производи кои се достапни за секој
потропувач.Ние главно ќе се задржиме на алкохолниот пијалок,,виното “
односно вината од винаријата СТОБИ. Винаријата Стоби е најновата и
најмодерно конципирана македонска винарија, лоцирана во централниот
дел на Македонија, во најпознатото виногорје-Тиквешкото.,во општина
Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и
своето име. Мудроста и искуството на првите жители пренесувана од
памтивек до денес е овоплотена во совршена хармонија со современата
технологија и знаење. Ова уникатно виногорје има и свои локални,
традиционални сорти кои се добро познати. Па така, најпозната сорта
грозје е сортата Вранец, кој учествува со речиси 50% од вкупните лозови
насади засадени со црвено грозје. Сепак, овој регион се покажал и како
одлична почва за меѓународните сорти грозје, од кои ги среќаваме
Каберне Совињон, Мерло, Пино Ноар, Шираз, Шардоне, Совињон Бланк,
Мускат, Ризлинг, Траминец и многу други. Првиот чекор за добивање на
врвен квалитет на виното е квалитетот на грозјето. За да се добие врвен
квалитет на вино , произовдството се базира исклучиво на грозје
одгледувано на сопствените лозови насади. Па според ова логистичкото
движењето на виното ќе го согледуваме низ микро логистички систем,
макро логистички систем и глабален логистички систем, извршено и
овозможено со работата на примарниот логистички систем, секундарниот
логистички систем и терцијарниот логистички

Слика 1.( http://www.stobiwinery.mk/content/images/galerija/18.jpg)

5
ПРИМАРНА ЛОГИСТИКА

Примарната логистика како наука и примарната логистика како активност


1
секогаш се оденесува на екстрактивните гранки на производство :
- земјоделство,лов,шумарство,рибарство,рударство
Тоа всушност значи дека во фокусот на примарната логистика се
наоѓаат предмети на работи под земја , во земја или на земја.Примарно
логистичките производи се посебно логистички знаења , активности,
вештини кои ги подржуваат , помагаат и снабдуваат логистичките
субјакти во извршувањето на базилните работи во рамките на
земјоделските , ловните, шумарските , рударските и рибарските системи.
Па според ова можеме да кажеме дека за да еден производ стигне до
крајниот потрошувач ,материјалите и суровините мораат да го поминаат
неопходно потребниот пат кој води преку разни степени на набавка,
производството и дистрибуција. Примарната логистика е всушност
експлоатација на ресурсите и претставува првична, темелна, активност
која помага во извршување на базичните активности. Виното е екстракт и
суштина на грозјето, додека грозјето е суштина која потекнува од почвата
каде што никнува. За да се добие вино потребно е прво да се набават
потребните суровини и материјали односно грозјето и некои други
останати суровини .

1
Доц. Д-р. Драшко Атанасоски-Основи на логистика

6
Слика 2(http://www.stobiwinery.mk/content/images/galerija/1.jpg)

СЕКУНДАРНА ЛОГИСТИКА

Секундарната логистика како наука и секундарната логистика како


активност во сусштина претставува суфистицирана наградба на
примарната логиситка ако наука и примарната логистика како
активност.Сите секундарно логистички производи претставуваат
специфични знаења , активности,правила , начела и вештини. 2

2
Доц. Д-р. Драшко Атанасоски Основи на логистика

7
Слика 3(http://media.sumadijapress.co.rs/2013/01/Gro%C5%BE%C4%91e-i-vino.jpg)

Откако ќе завришиме со процесот на собирање на потребните ресурси ,


односно на потребните состојки, се врши преработка токму на овие
состојки со цел да се произведе посакуваниот производ т.е производство
на вино.Во секундарната логистика се опфаќа процесот на преработка
на грозјето и создавање на готов производ , односно виното.

ТЕРЦИЈАЛНА ЛОГИСТИКА

При дефинирање на поимот терцијална логистика и терцијално


логистички системи треба да се има во предвид темелното значение на
логистиката и темелното обележје на теорииите на општите
системи.Согласно со тоа а на денешниот степен на развој на науката ,
технологијата , логиситката , производствените сили и друштвените
односи може да се дефинира поимот за терцијалната логистика. 3 Како и
сите логистики , па така и терцијалната е поврзана со транспортот, со тоа
што со призводството на вино се поврзуваат примарниот и секундарниот
сектор на начин со кој ги пренесува потребните суровини до местото за
произведување укажува дека има намена во терцијалната
логистика.Сите неопходни состојќи со помош на терцијалната логистика
се транспортираат до одредената дестинација за понатамошна
обработка на производот.

3
Доц. Д-р. Драшко Атанасоски Основи на логистика

8
Пренесувањето на суровините и останатите потребни материјали се
вршти со 3 вида на транспорт и тоа :

- конвенционален
- комбиниран
- мултимодален
МИКРОЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ
Микрологистиката како наука и микрологистиката како активност се само
делови , сегменти , под системи на миктро логистиката како наука и
активност. Сите цели на микрологистиката се насочени кон пазарот и
крајниот корисник , односно барањата за доставување на стоката во
потребна количина , време и место со минимални трошоци на
логистиката.Со микрологистиката се опфаќаат набавката ,
производството и дистрибуцијата која ги обезбедува транспортот,
претовар, скадирањето и пакувањето на материјалите ,
полупроизрводите,финалните производи како и со овие операации се
врзани процесите на комуникација.4 Она што излегува од оваа винаријата
Стоби како готов производ се висококвалитетни вина чиј квалитет
секогаш е на највисоко ниво. Но она што секојпат изненадува е неговата
за секого достапна и реална цена. За да се одржи и сочува квалитетот на
грозјето, тоа се негува со најсовремени агротехнички методи и врз него
се врши строга контрола на родноста и приносот. Вработените сами
точно и прецизно ја кројат секоја лоза за да одговара во растот и
созревањето. При зреењето на лозите, се надгледува растот на сите

4
Доц. Д-р. Драшко Атанасоски Основи на логистика

9
гроздови, затоа што секое зрно грозје е важно за единственоста и
раскошноста на вкусот на Стоби вината.5

Слика4(http://tctechcrunch2011.files.wordpress.com/2013/10/what_is_fulfillment___
_shipwire.png?w=400)

За да се оствари целта на логистиката потребно е да се


извршуваат повеќе процеси како :

-снабдување
-обрт
-складирање
-пакување
-управување
-контрола
-
Ние ќе го обајасниме процесот на снабдување и пакување.

* СНАБДУВАЊЕ – Овој процес е карактеристичен по тоа што треба


внимателни да се одбарат потребните суровини за производство на
вино , односно според тоа какво грозје сакаме да произведеме .

5
http://www.stobiwinery.mk/za-nas.nspx

10
* ПАКУВАЊЕ – Додека во овој процес можеме да кажеме дека
карактеристична амбалажа на виното се стаклените шишинања кои се
испишани со брендот на вино . Пакувањето на производот треба да
обезбеди заштита на производот од механички оштетувања и растурање
при далечни и тешки транспорти. Треба да се води сметка пакувањето да
биде економично , а да има една главана цел да го привлече вниманието
на купувачот и не смее да ја загрозува животната и работната околина.6
За вината на Стоби се користат шишиња и плути со врвен и проверен
квалитет, со што се гарантира целосно зачувување на богатите и
раскошни вкусови и мириси на секое вино.

МАКРОЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ
Макро логистиката е всушност , единствен и најважен стратиум на
глобалната логистика или попрецизно збир на сите логистички феномени
на макро логистики и мета логистики на светот кои ја сочинуваат
глобалната логистика , односно општата или универзалната логистика на
планетата Земја.7
Целата инсталираната технологија за да се произведат вината во
винаријата Стоби потекнува од Италија и Германија.

ГЛОБАЛНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ


Глоблната логистика како наука и глобaлна логистика како активност ги
има сите обележја на мега логистиката како наука и мега логистиката
како активност. Глобално логистичкиот систем , го сочинуваат сите макро
логистички системи со сите свои под системи , односно микро логистички
системи.Концептот на глобалната логистика може да се разбере како
процес на фокусирање на логистичките знаења,ресурси и потенцијали на
можностите кој ги нуди глобалниот пазар.Како наук и активност добива
на знаење поради зголемениот удел на фиксните трошоци во вкпните

6
Логисика – Иво Дуковски

7
Доц. Д-р. Драшко Атанасоски Основи на логистика

11
трошоци.Задачата на глобалната логистика е да им овозможи на
претпријатијата комбинирање на домашните и меѓународните логистички
активности на начин ефикасно или ефективно да се извршуваат
логистичките услуги внатре во глобалниот логистички систем.

Слика 6 (http://www.google.com/imgres?
newwindow=1&tbm=isch&tbnid=7QZob1nXN0Hq_M:&imgrefurl=http://casualboy.wordpress.com/&
docid=DzCABLW3NM0PTM&imgurl=http://casualboy.files.wordpress.com/2012/08/zemjina-
topka.jpg&w=300&h=200&ei=RPmHUufuDNHSsgaKvoGQCw&zoom=1&ved=1t:3588,r:9,s:0,i:108
&iact=rc&page=1&tbnh=160&tbnw=219&start=0&ndsp=25&tx=121&ty=73&biw=1280&bih=868)

Обработката на грозјето

Берба на грозјето
Бербата на грозјето е еден од поважните моменти при производството на
вино. За производство на квалитетни црвени вина, од сортите вранец,
мерло, каберне совињон и црн бургундец, потребно е грозјето да содржи
доволна количина на шеќер (над 200 гр/л), вкупни киселини (над 6,0 гр/л),
боени материи и ароматични материи.

Собраното грозје во гајби, треба брзо да се транспортира до местото за


понатомошна преработка, по можност не покасно од три часа.

Гмечење, ронење на грозјето


Од гајбите, грозјето се префрлува во гроздомелката. Гмечењето на
зрната треба да овозможи од зрната да излезе гроздовиот сок - шира, но
не и да има дробење на цврстите делови од гроздот и зрната. Во
современото производство на вино, грозјето истовремено се рони и
гмечи од гроздомелката, при што зрната од грозјето се ронат и паѓаат низ
дупките на цилиндарот, а гроздинките се исфрлаат на крајот од
цилиндерот.
Употреба на сулфурдиоксид
По гмечењето на зрната, ширата доаѓа во контакт со надворешната
средина, при што негативно влијание на неа има кислородот, а
реакцијата се манифестира со промена на бојата на ширата во кафеаво-
чоколадна. Поради тоа сулфурирањето треба да се изврши што побрзо

12
по гмечењето на зрната како би се спречила оксидација на ширата
до почетокот на ферментацијата.

Во домашни услови сулфурирањето најлесно се изведува со сулфурна


киселина и со калиумметабисулфид (винобран).

Алкохолна ферментација
Заради правилно насочување на алкохолната ферментација, потребно е
додавање на вински квасец од видот Saccharomyces. Квасците од овој
вид се преферираат бидејќи се поефективни во трансформацијата на
шеќерот во алкохол и затоа што се помалку осетливи на инхибиирачкото
дејство на алкохолот. Тие може да произведат од 15 до 16 вол% алкохол.
Околу 1 до 3 % од чистата култура на квасецот се употребува за
добивање на популација од 1.000.000 клетки на милилитар.

При производството на црвени вина оптималната екстракција на боја се


изведува од 21 до 26°С, но треба да се внимава температурата да не
достигне 30°С кога концентрацијата на винскиот квасец сериозно се
намалува. Контактот со воздух мора да се сведе на минимум како би се
спречила оксидација за време на ферментацијата. Винската капа, која
плива на површината од ферментативната маса, ја забавува
екстракцијата на боја и арома, може да ја зголеми температурата, а исто
така и да скисне ако остане сува. Заради тоа се врши потопување на
капата во ширата најмалку двапати на ден во текот на ферментативниот
процес.

Оточување на виното
Одвојувањето на младото вино од талогот се вика оточување.
Оточувањето претставува цедење на комињето, од кое по природен пат
на гравитација се одвојува течната фракција - младото
вино.Оточувањето на црвените вина обично се изведува помеѓу 5-10 ден.
Процесот на нормална бурна ферментација трае просечно од 10 до 30
дена.

Тивка ферментација
По оточувањето на младото вино, односно по завршувањето на бурната
алкохолна ферментација, во него сеуште има повеќе или помалку
недоферментиран шеќер. Продолжувањето на ферментацијата, кое се
одвива без цврстите делови од зрната е познат како тивка ферментација.

Преточување
Одвојувањето на младото вино од талогот и негово префрлање во друг
сад, се вика преточување. Садовите се чуваат полни, а по потреба се
врши дополнување. Преточувањето може да се изведе на неколку начини
: отворено, затворено и полузатворено. Првото преточување треба да се

13
изврши за една до две недели по завршувањето на ферментацијата,
особено во потоплите визби, затоа што клетките од винскиот квасец
може да почнат со распаѓање, што доведува до формирање на лоши
миризби. Целта на оваа операција е пред се отстранување на грубите
честички во виното кои предизвикуваат негово заматување, аерација и
слично, а заради добивање на бистро и стабилно вино во што покус
временски период.

Едно преточување се изведува еден месец по завршената тивка


ферментација (ноември, декември) кога се јавуват првите заладувања и
по правило тоа е отворено преточување, со претходно сумпурисување на
виното со 30-50 мг/л СО2.

Наредното преточување вообичаено се изведува во февруари-март,


обично затворено преточување за да се остави виното во летниот период
на зреење што почисто. И во ова преточување се сулфурира со 30-50
мг/л СО2.

Бистрење
Отстранувањето на суспендираните честички од виното, со
додавање средства од органска или од минерална природа, за време на
зреењето се вика бистрење.

Бистрење со бентонит - бентонитот е глина, која во вода бабри


и формира млечнобел раствор, кој е негативно наелектризиран. Со
својот електрицитет ги врзува сите протеински материи и го стабилизира
виното. Количината на бентонит најнапред ја растворуваме во вода или
вино и откога ќе се направи фина суспензија, се внесува во садот со
вино со силно мешање. По 7-10 дена виното се отстранува од талогот.
Потребните количини на бентонит за бистрење на виното се движат од
50 до 100 гр/хл.

Бистрење со белка од јајце - белката од кокошкино јајце најмногу се


користи за бистрење на црвени вина. За бистрење на 100 литри вино
потребно е 2-3 белки. Јајцата мора да се свежи и најнапред се одвојуват
белките од жолчките. Белките се матат се до добивање на фина пена.
Потоа пената од белките се растворува во помала количина на вино и
откако ќе се раствори убаво се додава на виното. По додавањето, виното
убаво се промешува. По 10 до 15 дена виното се отточува од талогот, кој
за тоа време се формирал од белките и суспендираните честички.

Зреење на виното
За добивање на висок квалитет на виното, неопходно е да се изврши
зреење на виното. Зреењето може да се изведува во дрвени буриња од
200 до 500 литри, на температура од 16 - 18°С, за време од 5 - 6 месеци.

14
Исто така, зреењето може да се врши и во стаклени балони, при што
виното зрее подолго, но затоа има помали загуби и помала оксидација. 8

Слика 7(http://www.zemjodelstvo.mk/images/stories/vino9.jpg)

Заклучок :

Од оваа проектна задача можеме да заклучиме дека виното е производ


кој се користи во целиот свет. Како што рекле старите во виното е
вистината. Производите на винаријата “СТОБИ” се бараат се повеќе на
пазарот што значи дека таа од година во година се проширува и се
претвора во светска винарија.
За да еден производ биде комплетен и добар треба да помине низ сите
логистички процеси , кои овозможуваат навремено и со минимално
вложување на потенцијали и ресурси да биде доставен производот до
крајнот потрошувач.

8
http://www.zemjodelstvo.mk/index.php/2012-02-17-22-34-02/521-proizvodstvo-na-vino-vo-domasni-
uslovi

15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Доц. Д-р. Драшко Атанасоски Основи на логистика


2. http://www.stobiwinery.mk/produkti.nspx
3. http://www.stobiwinery.mk/za-nas.nspx
4. Логистика – Иво Дуковски
5. http://www.zemjodelstvo.mk/index.php/2012-02-17-22-34-02/521-
proizvodstvo-na-vino-vo-domasni-uslovi

16
17
18
19
20
21

You might also like