You are on page 1of 12

УНИВЕРЗИТЕТ”ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика-Скопје

Проектна задача по предмет


Основи на Економика

Тема:Опортунитетни трошоци

Ментор: Кандидат:
Доц.Д-р.Марија Магдинчева-Шопова Филип Стојчески 175754
Душко Ѓорѓиевки 175751
Скопје,2017
Абстракт
Иако опортунитетниот трошок е тешко да се одреди, неговите ефекти
се видливи, реални, и секојдневно влијаат врз одлуките на милјарди
индивидуи. Всушност приниципот на опортунитетниот трошок се
применува врз сите одлуки, не само на оние од економкса природа.
Опортунитетниот трошок е основен фундамент на маргиналната
теорија на вредноста.
Опортунитетниот трошок претставува еден начин да се измери
вредноста на некое добро. Наместо едноставна пресметка на
трошоците за еден проект, во предид се зема и алтернативното
искористување на средствата. Пропуштениот профит на најдоброто
алтернативно искористување на средствата се зема како
опортунитетен трошок. Чест пример е како еден фармер, со
засадувањето на неговата земја, ја пропушта можноста да прима
рента за истата. Во тој случај ренатата е пропуштениот профит за
земјата, односно опортунитетниот трошок. Трошокот на еден студент
навидум е лесно да се пресмета, ќе се соберат трошоците за книги,
школарина, престој, храна, превоз и слично, но секогаш треба да се
земе предвид и опортунитетниот трошок. Во случајот со студентот тоа
ќе биде платата што би ја зел доколку би се откажал од студирањето
и би работел. Студираќи, студентот ја пропушта можноста да прима
плата, која за него претставува трошок, односно опортунитетен
трошок.
Содржина

Абстракт ................................................................................. 2
Вовед ..................................................................................... 4
1.Што е опуртунитетен трошок .............................................. 5
2.Опутрунитетни трошоци во фирмите ................................... 6
3.Опуртунитетни трошоци кај физицко лице .......................... 8
4.Времето како Опуртунитетен трошок .................................. 9
Заклучок: ............................................................................. 11
Користена литература: ......................................................... 12
Вовед
Треба да се забележи дека опортунитетниот трошок, не е
збир на сите пропуштени вредности, туку е една вредност,
вредноста на првата најдобра алтернатива за искористување
на ресурсите. На пример на едно градсно земјиште е изграден
парк но местото може да се искористи за болница, или
спортски ценар, или паркиралиште, сите тие имаат одредена
корист за градот, опортунитетниот трошок е онаа
алтернатива со највисока вредност, а не збирот на сите,
односно профитот од најдоходовната алтернатива.
Се поставува прашањето како се носат одлуките која
алтернатива е најдобра. Најчесто тоа е преку искажување на
секоја алтернатива во парична вредност, и споредување на
сите, со што се доаѓа до најдоходовната алтернатива. Но тоа
не е секогаш лесно, некогаш постии научна несигурност колку
вреди ресурсот на пример Охридско Езеро.Има и случаи кога
одлуките за проценка се невозможни, на пример парична
проценка на човечки живот. Тука често доаѓа и до
субјективни одлуки.
1.Што е опуртунитетен трошок
Секојдневно се соочуваме со ситуации во коишто треба да
донесеме одлука, да избереме една од повеќе опции. При
донесување на одлуката влијаат многу фактори што ќе
пресудат дали ќе се одлучиме за првата, втората, третата
алтернатива… Обично се анализира изборот преку вредноста
што се добива, а не и кој е трошокот што го повлекува со
себе.Опортунитетниот трошок ја покажува загубената корист
што настанува во овие ситуации кога изборот за една опција
во исто време значи отфрлање на втората или третата
алтернатива. Симплифицирано, опортунитетен трошок е она
од што треба да се откажете за да добиете нешто друго.
Имајќи предвид дека ресурсите се ограничени, од таа
причина носењето правилна одлука е вистински предизвик.
Поради тоа, менаџерите и претприемачите треба точно да
знаат во кој правец се движат и дали таа опција што ќе ја
одберат ќе значи поголема ефикасност и ефективност во
работењето.
Пример за тоа што претставува опортунитетен трошок на
една компанија има деловен простор што во тој момент не го
користи. Доколку реши дел од производството да го пренесе
во тој објект, наемнината за тој објект што би ја добивала на
месечно ниво од некоја друга фирма претставува
опортунитетен трошок.
Овој вид на трошок произлегува од приликите што се
пропуштаат, кога компанијата се обидува да ги искористи
ресурсите на најефикасен начин.

Фактот што припродните,човечките и производните


ресурси секогаш и насекаде се релативно ретки и ограничени
ја наметнува потребата од нивно рационално
користење.Синтетички гледано,рационалната употреба на
ретките ресурси претпоставува нивно
алоцирање,разместување,кон точките на стопанисување каде
што тие носат највисоки приноси. Поконкретно
гледано,економијата треба да одговори на прашањето какви
видови добра и услуги да се произведуваат со ретките
ресурси,како да се произведуваат добра и услуги,со каква
технологија,односно со каква комбинација и заемна
супституција на ограничените ресурси и за кого да се
произведуваат добрата и услугите.

2.Опутрунитетни трошоци во фирмите


Меѓутоа,одговорот на овие прашања воопшто не е
едноставен. Да претпоставиме дека сопственикот на мала
фирма за произвоство на чевли успеал во еден подолг
временски период да заштеди 200.000долари. Паричниот
капитал од 200.000 долари тој може да го употреби за
технолошка модернизација на својата фабрика. Но,тој,исто
така,може парите да ги вложи во банка и тие да му носат
камата,како што може парите да ги вложи во купување на
акции од некоја позната корпорација или пак во сигурни
државни обврзници. Така стојат работите и со сите други
ресурси. Во светот на ретките ресурси луѓето постојано се
соочени со можноста да избираат помеѓу алтернативните
можности за употреба на ресурсите. Дали заштедените пари
ќе ги употребите за купување на автомобил,или за изградба
на викендичка или пак можеби за патување во некоја
далечна земја? Дали после завршувањето на средното
образование ресурсот време,кој исто така е ограничен,ќе го
употребите за студирање или пак ќе изберете да се
вработите во фирмата на вашиот татко? Дали земјата со
којашто располагате ќе ја искористите за произвоство на
пченица,или можеби ќе подигнете сточарска фарма,или пак
че ја употребите за градба на семејна куќа? При сето тоа
една работа е сигурна: доколку помеѓу различните
алтернативи за употреба на ограничениот ресурс се одлучите
за една автоматски ја испуштате можноста за искористување
на другите алтернативни употреби на ресурсот. Во врска со
ова,економијата се јавува т.е опортунитетен трошок.
Книговодителот исто постапува и кога ги евидентира
трошоците на работењето на фирмата во индивидуално-
приватна сопственост. Претприемачот на фирмата,односно
нејзиниот сопственик,може дневно да работи и по 12 саати.
Книговодителот не го калкулира трудот на сопственикот на
фирмата како трошок, бидејќи овој и не добива наемнина за
своето работење. Сопстевеникот на фирмата прима
надокнада во форма на профит. Ако книговодителот по
сумирање на вкупните приходи и трошоци пресмета дека
профитот изнесува 20.000евра, неговата констатација е дека
фирмата успешно работела. Но,економистот нема да го
заборави опортунитетниот трошок на сопственикот на
фирмата кој се сведува на изгубедниот доход заради фактот
што сопственикот се одлучил да води сопствена фирма
наместо да работи кај друг работодавач,за својот труд ќе
добие 30.000 евра годишна плата.
Кога ќе се спореди профитот на фирмата со опортунитетниот
трошок на сопственикот на фримата ќе излезе дека е
остварена нето загуба од 10.000евра.

3.Опуртунитетни трошоци кај физицко лице


Опортунитетниот трошок ни го покажува изгубениот доход
врзан за алтернативната употреба на ресурсите. Бидејќи
ресурсите имаат поголем број на алтернативни
употреби,опортунитетниот трошок секогаш се врзува за
највисоко вреднуваната,односно најповолната или најдобрата
алтернативна употреба на соодветниот ресурс.
Да претпоставиме дека сте соочени со изборот помеѓу две
алтернативи: да се запишете на економија,значи да
студирате,или пак да се вработите во фамилијарна фирма.
Ако сте се одлучиле за првата алтернатива,автоматски сте ја
изгубиле можноста да се вработите и да примате плата. Да
претпоставиме,понатаму,дека вашите едногодишни трошоци
врзани со студирање(храна,облека,стан,книги и сл)
изнесуваат 8000евра.
Но вашето студирање има и опортунитетен трошок. Тоа е
доходот што сте го изгубиле затоа што сте одлучиле да
студирате,а не да работите. Ако претпоставиме дека во случај
на вработување ќе сте примале просечна плата од 500евра
односно 6000 евра годишно тогаш вкупните трошоци за
вашето студирање изнесуваат 14.000евра -8000 евра
експлицитни трошоци и 6000евра опортунитетни трошоци.
Во книговодството под трошок се подразбира само реален
издаток на пари.
Според тоа,ако го замолите педантниот сметководител да ги
пресмета трошоците за вашето едногодишно студирање,тој ќе
ги евидентира само вашите издатоци за
храна,облека,стан,превоз,книги и слично кои изнесуваат
8000евра,а не и изгубениот доход врзан за алтернативното
користење на ресурсот време. Но,економистот секогаш го има
предвид и опортунитетниот трошок.

4.Времето како Опуртунитетен трошок


Деловните луѓе често го запоставуваат еден од најзначајните
опортунитетни трошоци: времето на нивните високостручни
кадри. Една агенција за човечки ресурси, Accountermps се
обиде да измери еден дел од загубите на време,ефектуирајќи
една сондажа меѓу 200 кадри кои работат во 1000 најголеми
американски претпријатија. Кадрите проценуваат дека
просечно дневно поставуваат 15 минути за телефонирање,32
минути за читање или пишување безполезни белешки и
72минути за состаноци коишто не служат за ништо. Ако
бројките се помножат со 48 недели еден човек просечно
годишно троши 60 часа за телефон, 128часа годишно за да ги
ревидира бескорисните белешки и 288 часа на состаноци кои
не служат за ништо...
Тие(деловните луѓе) не водат сметка за опортунитетниот
трошок-значи за фактот дека најдобро платените менаџери
би можеле да работат други работи во расположливото
време.
Опортунитетните трошоци играат голема улога и при мерење
на вредноста на добра каде што пазарните критериуми се
тешко променливи-паркови,рекреациони центри,патишта и
др. Замислете дека во близината на охридското крајбрежје е
откриено богато наоѓалиште на хром. Моќна странска
компанија е заинтересирана да вложи во експлоатација на
хромовата руда и преговара со нашата влада. Тоа
предизвикува силен бран на незадоволство во земја-
еколошките друштва од целата земја,граѓаните на Охрид и
околните села,со право,организираат масовни протести и
укажуваат дека отварањето на рудникот нужно ќе предизвика
загадување на водата на езерото,загрозување на рибниот и
на растителниот фонд на едно од најубавите езера во светот
и дека тоа ќе има катастрофални последици врз туризмот во
земјата. Очевидно евентуалното отварање на рудникот на
хром е врзано со висок опортунитетен трошок од еколошка
природа.
Досегашната анализа покажува дека економските трошоци ги
опфаќаат не само вистинските парични издатоци,значи не
само трошоците што ги евидентира сметковоството,туку и
опортунитетните трошоци кои произлегуваат од фактот дека
ресурсите можат да се употребуваат алтернативно.
Заклучок:

Од се погоре наведено можеме да заклучиме дека


опортунитетниот трошок во услови во кои ние живееме е
речиси секојдневие,секогаш се соочуваме со избор и мораме
да донесеме одлука која во тој момент сметаме дека е
правилна и дека ќе придонесе за наша што поголема
полза,низ примерите видовме како стојат работите во однос
на изборот со кои сите се соочуваме а тоа е прашањето дали
да се работи или студира,исто така видовме и дека времето
спаѓа во опортунитетен трошок и колку часа во текот на еден
работен ден губиме за веројатно непотребни работи.
Опортунитетниот трошок исто така е тука да не насочи да ги
користиме ресурсите рационално бидејќи тие се ретки и
ограничени,иако неретко сме сведоци дека тоа не е така и
дека ресурсите многу често се трошат безпотребно.Низ текот
на годините се создала потребата и од професионална
пресметка на опортунитетниот трошок и на тој начин
менаџерите можат многу полесно да утврдат која варијанта
односно опција е по веројатна и ќе донесе поголема корист
односно помал опортунитетен трошок.
И за крај можеме да кажеме дека и покрај сите овие работи
опортунитетниот трошок е навистина тежок да се определи
најчесто поради субјективноста за тоа што еден поединец
смета дека е подобра опција отколку друг,и токму затоа е
тежко да се измери вредноста на некое добро односно
опортунитениот трошок.
Користена литература:

 The Economist's definition of Opportunity Cost


 Таки Фити Економика(2003)
 Konovsky, M. A. (2000). Understanding procedural justice and its
impact on busines organizations. Journal of Management, 26,
 Opportunity cost-investiopedia
 Birchall, D., Creating Tomottow,s (1995) Opportunity cost , FT
Pitman publishing, London.

You might also like