You are on page 1of 5

41 ТЕМИ ЗА ЕСЕИ

1. Денес, со откривањето на микровалните печки и популарноста на рестораните за брза


храна, храната може да се подготви побрзо од било кога до сега. Дали мислите дека
микровалните печки и рестораните за брза храна се корисни за општеството? Наведете
конкретни причини и примери за да го подржите вашиот одговор.

2. Дали владите треба да трошат пари на уметност која луѓето не ја разбираат? Наведете
конкретни причини и примери за да го подржите вашиот одговор.

3. Се вели дека, “Не секогаш се учи само во училница.” Споредете го и спротиставете го


знаењето добиено преку лично искуство со знаењето добиено во училница. Според вашето
мислење, кој извор е поважен? Зошто? Користете конкретни причини и примери за да го
развиете вашиот есеј.

4. Кога би можеле да смените една важна работа во нашата држава, што би смениле.
Наведете причини и конкретни примери за да го подржите вашиот одговор.

5. Како рекламите влијаат на однесувањето на луѓето? Наведете причини и конкретни


примери за да го подржите вашиот одговор.

6. Дали се согласувате со следнава изјава? “Откривањето на Интернет има негативни ефекти


на нашата цивилизација.” Наведете причини и конкретни примери за да го подржите
вашиот одговор.

7. Некои ученици повеќе сакаат да учат на мали универзитети. Други сакаат да учат на
големи универзитети. Дискутирајте за предностите на двете опции. Потоа наведете каков
универзитет вие повеќе сакате? Наведете причини и конкретни примери за да го подржите
вашиот одговор.

8. “Kога луѓето успеваат во нивниот живот, тоа е заради нивната трудољубивост. Среќата не
е поврзана со успехот во животот.” Дали се согласувате со наведената изјава? Наведете
причини и конкретни примери за да го подржите вашиот одговор.

9. Многу луѓе посетуваат музеи кога тие патуваат во нови места. Што мислите, зошто луѓето
посетуваат музеи? Наведете причини и конкретни примери за да го подржите вашиот
одговор.
10. Некои луѓе повеќе сакаат да јадат храна во сендвичари или ресторани за брза храна.
Други луѓе повеќе скаат да ја подготвуваат храната дома и да јадат дома? Што сакате вие
повеќе? Наведете причини и конкретни примери за да го подржите вашиот одговор.

11. Соседите се луѓето кои што живеат блиску до нас. Според вашето мислење, кои се
квалитетите на добар сосед?

12. Неодамна беше објавено дека можеби ќе се гради нов ресторан во вашето соседсво. Дали
го подржувате или се спротиставувате на овој план? Зошто? Наведете причини и конкретни
примери за да го подржите вашиот одговор.

13. Некои луѓе мислат дека тие можат да учат подобро сами отколку со наставници. Други
мислат дека е секогаш подобро да се има наставник. Што ската вие повеќе? Наведете
причини и конкретни примери за да го подржите вашиот одговор.

14. Кои се некои од важните карактеристики на добар претпоставен (шеф)? Наведете причини
и конкретни примери за да го подржите вашиот одговор.

15. Дали владите треба да трошат повеќе пари на подобрување на патиштата и автопатите,
или дали владите треба да трошат повеќе пари на подобрување на јавниот транспорт
(автобуси, возови, подземни зелезници)? Користете конкретни причини и примери за да го
развиете вашиот есеј.

16. За децата е подобро да растат во мали места отколку во големи градови. Дали се
согласувате или не се согласувате?

17. Некои луѓе повеќе скаат да готват дома. Други луѓе повеќе скаат да јадат надвор. Што
сакате вие повеќе?

18. Општо земено денес луѓето живеат подолго сега. Дискутирајте за причините за оваа
појава. Користете конкретни причини и примери за да го развиете вашиот есеј.

19. Ние сите работиме или ќе работиме на нашите работни места со многу различни типови на
луѓе. Според вашето мислење, кои се некои од поважните карактеристики на вашиот
соработник (некој со кого блиску соработувате)? Користете конкретни причини и примери
за да го развиете вашиот есеј.

20. Една личност која што добро ја познавате планира да се пресели во вашиот град. Што
мислите, што на оваа личност би и се допаднало и не би и се допаднало за живеењето во
вашиот град? Зошто? Користете конкретни причини и примери за да го развиете вашиот
есеј.

21. Кои се некои од важните карактеристики на добар наставник? Користете конкретни


причини и примери за да го развиете вашиот есеј.

22. Многу луѓе велат дека Интернет е најважното откритие до сега. Дали се согласувате или
не со ова и ако не, што мислите вие кое е најважно? Користете конкретни причини и
примери за да го развиете вашиот есеј.

23. Дали се согласувате или не се согласувате со следнава изјава? Луѓето често пати
обрнуваат премногу внимание на помалку важни работи во животот и не успеваат да ги
воочат поголемите теми. Користете конкретни причини и примери за да го развиете
вашиот есеј.

24. Што мислите што е поважно во вашиот живот: безбедност или слобода и независност?
Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го
развиете вашиот есеј.

25. Една работа би требало да значи занимање за цел живот. Дали се согласувате или не?
Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го
развиете вашиот есеј.

26. Дали се согласувате или не со следната изјава? Со помош на технологијата, животот е


денес полесен отколку што беше во минатото.

27. Споделен проблем е решен проблем. Користете конкретни причини и примери за да го


подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

28. Некои видови на музика многу инспирираат. Други се чинат досадни и без значајни. Каква
музика вие слушате и зоѓто мислите дека некои форми на музика се по популарни од
други?

29. Кога би можеле да патувате назад во времето во минатото или во иднината, што би
избрале вие и кој точно период вие би сакале да го доживеете?

30. Дали се согласувате? Патувањето помага да се промовира разбирање и комуникација


помеѓу државите. Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето
мислење и да го развиете вашиот есеј.
31. Ако децата се однесуваат лошо, дали нивните родители треба да ја прифатат одговорноста
и тие исто така да бидат казнети? Користете конкретни причини и примери за да го
подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

32. Дискутирајте за предностите и негативните страни од давање на меѓународна помош на


земјите во развој. ? Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето
мислење и да го развиете вашиот есеј.

33. Што треба да направи една влада за државата да биде успешна? ? Користете конкретни
причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

34. Дали криминалците треба да бидат казнувани со пресуди за долги години во затвор или
треба да бидат повторно образувани и рехабилитирани, користејќи ги програмите за
услуги од заедницата на пример, пред да бидат повторно допуштени во општеството? ?
Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го
развиете вашиот есеј.

35. Компјутерите може да преведуваат добро скоро на сите јазици. Дали нашите деца треба да
учат повече јазици во иднина? ? Користете конкретни причини и примери за да го
подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

36. Дали часовите по физичко образование треба да се жртвуваат во средните училишта за да


можат учениците да се сконцентрираат на другите наставни предмети? ? Користете
конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го развиете вашиот
есеј.

37. Денес докторите може да станат многу богати. Можеби тие не треба да се фокусираат на
профитабилни активности како пластична хирургија или да се грижат само за богати
пациенти и да се сконцентрираат повеќе на здравјето на пациентите, без оглрд на тоа
колку се тие богати. ?

38. Дали модерната технологија, како Интернет некогаш ќе ја смени книгата или напишаниот
збор како главен извор на информации? Користете конкретни причини и примери за да го
подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

39. Имате доволно пари дали ќе купите бизнис или куќа? Наведете ги причините за вашиот
избор? ? Користете конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да
го развиете вашиот есеј.
40. Една компанија има пари да поддржи уметност или да ја заштити околината. Објаснете што
да направи компанијата и зошто? Користете конкретни причини и примери за да го
подржите вашето мислење и да го развиете вашиот есеј.

41. Оценките ги охрабруваат учениците да учат. Дали се согласувате со овој став? Користете
конкретни причини и примери за да го подржите вашето мислење и да го развиете вашиот
есеј.

You might also like