You are on page 1of 4

Ова се прашањата и одговорите од бесплатниот курс на Brainster „HR на иднината -

моќта на автентичниот импакт врз развојот на индустријата!“ со Моника Костовска

1.Како да се спремам за интервју? Дали на истото приложувам пример проект за


подобрување на фирмата или само се претставувам?

Најдобрата подготовка за интервју е, пред сe’, убаво да се прочита огласот за работа,


бидејќи таму пишува што би требало да се приложи на интервјуто. Потоа, јас предлагам
секогаш да се праша тој/таа што ќе ви се јави да ве покани на интервју (најчесто HR или
регрутер) што ќе содржи интервјуто и како да се подготвите. Доколку е потребно
приложување на проекти или некој документ, тие ќе ви посочат. А, од работите што се
неопходни, секогаш убаво подгответе се за компанијата, за да покажете интерес, и убаво
прочитајте го соодветниот оглас за да знаете зошто сте таму, и секогаш, ама секогаш,
бидете свои. Нема можност да претпоставите што би сакала да слушне другата страна,
затоа не се ни обидувајте. Доколку не сте го слушнале прашањето извинете се и побарајте
да ви го повторат, доколку немате одговор кажете искрено дека не сте размислувале на
тоа, ама еве ќе размислите до второто интервју, и сл. Луѓето почитуваат искреност и
автентичност, но се разбира, во рамки на максимална професионалност.

2. Кoј е најдобриот начин да научам како се креираат KPIs?

Постојат многу методи преку кои се креираат KPIs. Се зависи точно за која дејност требаат.
Она што јас би посочила како практични совети се следните - зборувајте со тимот што е
она што компанијата/организацијата го очекува од нив и што тие сметаат дека се работи
кои тие преку нивната дејност ги испорачуваат, за да направите изедначување, заедно со
тимот посочете ги тие работи во мерливи единици, направете планирање на мерењето за
единица време (месец, квартал, година), договорете се со вработените да одат една
единица погоре од тоа што можат за да се оствари зона на следен развој, и ставете ги на
хартија. Најважно е според мене, вработените да бидат инволвирани во тој процес. Доколку
учествуваат во креирањето на KPIs, можноста да ги следат и остваруваат значајно се
зголемува.

3. Која е разликата помеѓу интроверти и екстроверти во светот на HR?

Доколку прашањето е дали е HR соодветно за едните или за другите - јас би рекла за сите.
Во своите суб-дејности, HR има позиции кои вклучуваат многу интеракција со надворешни
соработници, како регрутација, каде екстроверт би бил покомотен, но има и позиции како
интерен HR каде соработката е генерално со луѓето кои се веќе во компанијата и кои се по
затворен круг, што на интроверт би му дало многу по комфорна зона за работење и развој.
Согласно со тоа, секој може да го најде своето место, а и можност да си ги развива
комуникациските способности што за двете ситуации е од огромна важност.
4. Неколку совети како да започнете градење релации со колегите кога првпат се
вработувате?

Бидете свои, отворени и искрени, во рамки на професионалната мера. Покажете интерес


за луѓето, но не навлагајте премногу во личните работи, и не форсирајте премногу приватно
дружење од одма. Тоа треба да се случи природно. На работа сме со една заедничка цел
- дејноста на организацијата која не’ поврзува. Тоа ни дава многу теми за разговор на
почеток. А потоа, кога ќе пронајдете некој заеднички интерес (спорт, кафе, здрава исхрана
и сл.) ви дава многу повеќе теми и можности за дружење. Само не пробувајте вештачки да
ја преминете веднаш линијата професионално-персонално.

5. Дали имате искуство со регрутација на кадар во банка (МК и странство)? Кои


компетенции се особено важни за вработување на правник во банка имајќи во
предвид дека економистите се доминантен кадар?

Моето искуство во банка е генерално во ИТ секторот, но поради дејствувањето на банката


како организација, одделот за правни аспекти е голем и согласно со тоа, потребата за
правници е голема. Доколку би сакале да се вработите како правник во банка, или во било
која организација, се разбира, важна е едукациската подготовка, интересот за правото како
и константното надоградување бидејќи правото е ‘жива’ материја. Покрај тоа, ораторските
и комуникациските способности се многу битни, бидејќи голем дел од правото е
интерпретацијата и комуникацијата на сите правни аспекти пред вработените но и пред
сите надворешни страни.

6. Дали сметате дека HR е прилично нов сектор посебно кај нас во Македонија?

Да, нов и за професионалците, кои допрва го дефинираат и градат, но нов и за


организациите кои не знаат во целост што опфаќа овој сектор. Значи, сега е идеалното
време да го најдеме своето место во тоа градење и да бидеме фактор на промената, и
наша е одговорноста со трпение и разбирање да ги едуцираме секторите и организациите
што е нашата работа и што опфаќа.

7. Задолжителна интеграција на HR во средните и големите друштва во РМ. За


поголема конкуренција на компаниите на пазарот.

Се согласувам. Сé повеќе потребата се распознава и се повеќе HR си го зазема своето


место на пазарот. Проверете ги огласите за работа и колку е зголемен бројот во последната
година (и, се разбира, ако имате од кого проверете ги и платите), и ќе го видите
неверојатниот прогрес на дело.
8. Колку и верувате на алатката за мерење на коефициентот на интелигенција на
вработените кога решавате некоја интерна мисија?

Психолошките инструменти се посебна, многу сензитивна тема, тема која еве, ветувам
дека со Brainster ќе се договориме да ја покриеме преку некој сличен настан. Коефициентот
на интелигенција е силна алатка која, колку што е моќна, толку е и ризична доколку
несоодветно се искористи (може да создаде огромно негативно влијание врз волјата
вработениот). Пред да одлучите да ја користите, размислите - дали ви треба, зошто ви
треба, што ќе ви даде како податок, зошто ви е важен тој податок, и како ќе го искористите.
Потоа, пристапете кон барање на професионалец кој ќе ви помогне во тоа спроведување -
или интерен HR кој има претходна подготовка за користење на оваа алатка (бидејќи
потребна е посебна стручна подготовка за овој инструмент), или надворешен соработник
кој ја има соодветната подготовка.

9. Дали сметате дека HR и Project Management се професии кои се поврзани


меѓусебно?

HR e професија која е поврзана со сите други професии кои вклучуваат луѓе. Како што
споменавме на предавањето, секој линиски менаџер треба да биде и HR менаџер, бидејќи
директно или индиректно ги применува сите практики на HR и е медијатор помеѓу луѓето
во тимот и компанијата. Така и за Project Management. Доколку во било која сфера од
работењето менаџирате проект, и имате HR одговорност над луѓето во проектниот тим,
мора да ги разбирате сите HR полиси и практики, и се разбира, тесно да соработувате со
HR oдделот.

10. Колку е платена оваа професија во нашата држава?

Во последно време, изненадувачки добро платена, на тенка линија да се израмни со


платите на ИТ кадарот. Нешто што е важно дека секогаш, во секоја дејност, си онолку
платен колку што си добар во тоа што го правиш. Согласно со мене и она што јас го гледам
околу мене, доколку го сакаш тоа што го правиш, имаш предиспозиции и интерес за истото,
се вложуваш себе си во учење и надоградување и имаш ентузијазам за тоа што го работиш,
финансискиот надоместок ќе соодвествува со тоа. Доколку пробаш да се вклопиш во,
конвенционално кажано, високо платена индустрија, тоа не е гаранција дека надоместокот
ќе ти биде голем. Истражувајте ги вашите способности, интереси, предиспозиции, и
креирајте си место во еко-системот во кои вие како индивидуи ќе бидете најдобри. Ќе се
зачудите како финансискиот надоместок ќе рефлектира состојба соодветна на вашиот
ентузијазам, посветеност и проактивност!
Прашања поврзани со Full-Stack HR Академијата:

1.Која ќе биде цената на академијата?

Цената на академијата изнесува 1250€ со можност на плаќање на рати. Со тоа што во


моментов е активна и опцијата за одложено плаќање, 12 месеци по отпочнување на
академијата.

2.Дали HR академијата може да се следи целосно online?

Водејќи се од интернационални примери, предавањата ќе се одвиваат целосно online.


Нашата цел е овозможување на максимално возможна флексибилност на оваа академија,
не само во кое време ќе се слуша туку и од каде ќе се слуша. Оваа академија е со
комбиниран, односно хибриден модел со цел да го добиеме најдоброто од двата светови.
Од една страна овозможуваме флексибилност во учењето на голем дел од темите преку
self-paced предавањата кои се однапред снимени и поставени на платформата така што
студентот ќе може да ги слуша во период на денот и неделата што му/ѝ одговараат, а од
друга страна на крајот на секоја недела има live час на кој се обработуваат темите што
биле покриени со self-paced предавањата за да се овозможи интеракција во живо со
инструкторот, да се решаваат практични задачи и да се задржи одговорноста и
проактивноста на студентот.

3.Имате ли ограничување во бројот на учесници на вашите курсеви? Пример кој е


макс. број на учесници?

Во однос на кратките курсеви како овој, нема ограничен број на учесници. А во однос на
академииите како и за Full-Stack HR академијата се формираат групи од 20-25 студенти, со
цел да може полесно да се следи групата, но и секој студент да може да го постигне својот
максимум!

4.Дали планирате иста ваква академија да спроведете и во блиска иднина и дали со


помош на образованието добиено од неа може веднаш да започнеме кариера во оваа
сфера на бизнисот?

Во моментов траат уписите за овој уписен рок и групата почнува на почеток на декември.
Понатаму, со почетокот на следната година, во февруари е планирано отпочнување и на
следна група. Во однос на ова би сакала да ве охрабрам да се пријавите за средба за оваа
академија за да можеме во повеќе детали да ви објасниме што опфаќа и кои се бенефитите
на истата и да си резервирате место навремено, бидејќи интересот е навистина голем и
местата се пополнуваат прилично брзо .

You might also like