You are on page 1of 6

1.

Претпријатие
Претпријатие (англиски: Enterprise) претставува организациска форма за
остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот.
Претпријатијата доминираат во капиталистичкото општество, а најголем дел се
во приватна сопственост или некој друг облик на здружување, која има за цел
остварување (профит), кој би го зголемил богатството на сопственикот.

 Видови претпријатија
Претпријатија во Македонија
Во 2004 година, со измените во Законот за трговски друштва, Македонија ја прифатила
методологијата на Комисијата на ЕУ за класификација на претпријатијата според
големината. Според оваа методологија, врз основа на три критериуми претпријатијата, се
класифицираат на микро, мали, средни и големи. Притоа, првиот критериум од
методологијата (број на вработени) се применува и во Македонија (микро до 10
вработени, мали до 50 вработени, средни до 250 вработени и големи над 250
вработени), додека останатите два критериума се соодветно намалени во случајот на
Македонија (на пример, во Македонија, мали претпријатија се оние со годишен обрт до 2
милиони евра, за разлика од ЕУ, каде тој износ е 10 милиони евра).
На почетокот на 2012 година, во Македонија постоеле 73 118 активни претпријатија, од
кои дури 72 933 (или 99, 7%) биле мали и средни претпријатија.

1.1 Претприемништво
Во економскта литература се уште не постои општоприфатена дефиниција за поимот
претприемништво. Имајќи ги предвид различностите во неговото дефинирање, ние ќе ја
користиме следнава дефиниција: Претприемништво претставува процес на откривање
можности и преземање активности (ризик) за реализација на тие можности, со
рационална употреба на ресурсите.
(Сето она со коешто претпријатието мора да располага заради нормално функионирање се
вика ресурси)
Поимот претприемништво најчесто се врзува за микро, малите и средните
претпријатија, кои во современите економии учествуваат со повеќе од 95% од вкупниот
број претпријатија. Сопствениците на мали бизниси непрекинато бараат и создаваат
можности. Тие не чекаат друг да им обезбеди ресурси или да им создаде поволен момент
за да почнат бизнис или да го прошират постојниот бизнис. Вистинските претприемачи
шансите за бизнис ги бараат во промените: промени на цените, промени на потребите на
потрошувачите, промени во модата, сезонските промени, промените на законите и
прописите. Доколку ја откријат или препознаат шансата, тие се подготвени да вложат
сопствени и позајмени средства во бизнисот, превземајќи го ризикот од неуспех.

Сопствениците на мали бизниси без претприемачки дух тешко ги откриваат


можностите. Своето претпријатие го водат сметајќи дека успехот зависи од изобилството
на ресурси и дека профитот ќе дојде сам по себе. Тие очекуваат дека некој друг треба да
им создаде услови и ресурси за развој на нивниот бизнис.

 Карактеристики на претприемништво
Основни карактеристики на претприемништво се:
1. Иновација
2. Ризик
3. Рационално користење на ресурсите

Фази на претприемачкиот процес

 Откривање можност за бизнис (бизнис идеја)


 Подготовка на бизнис план (разгледување на можностите
 Определување на потребните средства
 Управување со претпријатието
Фаза I Фаза II Фаза III Фаза IV
Откривање Подготовка на Определување на Управување со
(идентификување) бизнис план потребните претпријатието
и проценка на ресурси
можноста за
бизнис – бизнис
идеја
Создавање и траење Опис на бизнисот Постојни ресурси на Избор на кадар
на можноста Опис на секторот претприемачот Организација на
Реална и согледана (индустријата) Разлика меѓи работата
вредност од можноста Маркетинг план постојните и Откривање на
Ризик и поврат од Финансиски план потребните средства постојни проблеми и
можноста Производствен план Пристап до проблеми кои би
Можноста наспроти Организационен план потребните средства можеле да се појават
индивидуалните Оперативен план Донесување одлуки
вештини Воведување контрола
Цели на
претприемачот
Професионален развој – Вие и вашата кариера

1.Вработување, самовработување започнување на свој бизнис

Повеќето луѓе заработуваат работејќи во некој бизнис, односно примаат пари од


колачот што тој бизнис го заработил продавајќи производи и/или услуги на пазарот. Оние
коишто заработуваат преку работење во нечиј туѓ бизнис претставуваат вработени во тој
бизнис.
Постојат неколку различни видови на вработени. Некои вработени во еден бизнис
работат на монтажна лента, некои ги продаваат производите кои се склопени на
монтажната лента, а некои ја менаџираат компанијата. Но, сите тие вработени имаат една
заедничка карактеристика – тие не поседуваат бизнис- тие работат за други.
Некои луѓе започнуваат свој бизнис и работат за себе. Тие се викаат претприемачи.
Претприемачите се и сопственици и вработени. Претприемачот е одговорен за успехот
или неуспехот на неговиот или нејзиниот бизнис. Успешен бизнис продава производи или
услуги коишто им требаат на купувачите и за кои купувачите се спремни да платат. Секако,
цените треба да бидат доволно високи за да претприемачите да можат да ги покријат
сите трошоци од водењето на бизнисот и при тоа да генерираат профит (добивка).
Бизнис кој се занимава со производство на колачиња, како ресурси ги зема-
јајцата, путерот, шеќерот, брашното и чоколаден прелив за од нив да направи колаче кое
ќе го продаде. На луѓето им се допаѓа тоа што тој бизнис со таа комбинација на тие
ресурси го прави толку многу добар, што тие се спремни да платат многу повеќе за
колачето отколку што бизнисот го чинат самите репроматеријали кои довеле до
финалниот производ. Тој бизнис прави профит. Профитот за бизнисот претставува сигнал
дека е на правиот пат – ја додава вистинската вредност на ресурсите кои ги користи.

2. Организациска структура

Организациска структура претставува хиерархиска поставеност на вработените во


бизнисот. Таа ќе покаже кој на кого одговара за извршените задачи, кој кого контролира и
каква е легалната комуникацијата помеѓу вработените во бизнисот. Многу е важно да го
сватите сериозно овој наслов бидејќи она што тука ќе го испланирате ќе треба да биде
базирано на она што е реално денес и ќе биде реално утре.

Организациската структура треба да биде претставена во вид на организациски дијаграм


или график (нарекуван како органограм).
Одредени организациски структури може да бидат поставени да одговараат на
одредениот тип на бизнис. Ова зависи од големината на бизнисот, неговите цели. Исто
така на неа влијатаат и други надворешни фактори како што се природата и
распространетоста на клиентите.

Структурата е многу често поврзана со типот на бизнисот. Така може да биде


организирана како:

- Продукт – на пример хемиска компанија може да биде поделена на боја и


пластика;
- Функција – на пример оддел за финансии, маркетинг, човечки ресурси и
оперативци;
- Географска – може да биде регион на Македонија, или Балкански регион или
пошироко интернационална

Видови на структури

Многу важно за еден бизнис е да избере структура која ќе му овозможи да се развива


ефикасно. Организациската стуктура треба да помогне да се постигнат целите и најдобро
да се искористат луѓето и ресурсите.

Основните типви на организациски структури се:

- Хиерархиска (вертикална) структура – ова значи дека бизнисот е организиран во


слеви со највисокиот слок кој го има најголемиот авторитет отколку слоевите
подолу. Предноста на оваа структура е што секој има јасно одредена улога.
Одлуките се донесуваат многу брзо од највисокиоте слоеви, но комуникацијата
меѓу слоевите е многу бавна и многу тешко се пренесуваат пораките од подолните
кон погорните слоеви.
- Хоризонстална (рамна) структура - овде има помалку слеви и повеќе луѓе во секој
слој. За донесување на одлука се потребни повеќе луѓе од еден слој.
Комуникацијата е на многу повисокот ниво. Ваквите структури работат ефективно
со квалификувани и мотивирани работници/
- Матрична структура – онекогаш биснизот има потреба од луѓе со повеќе различни
вештини кои се извлекуваат од разните функционални делови - маркетинг,
човечки ресурси, финансии, операции. Овие се организираат во тимови за
реализација на одредени проекти.

Професионала биографија (CV)

Curriculum vitae (преведено како животен тек) нуди преглед на животот и квалификациите на
лицето. Од резимето се разликува затоа што е наменето за академска или медицинска кариера, и
е поразбирливо. CV-то дава образложение за образованието во поголема мера отколку резимето.
Резимето е специјално направено за работното место за кое се аплицира. Зависи од работата и од
целта. Една од клучните карактеристики на резимето е концизноста.

Стандардно британско CV може да ги вклучи следниве точки:

 Лични детали најгоре на страната, како што се име, напишано со задебелени букви,
адреса, броеви за контакт и е-адреса, доколку лицето поседува. Слики не се потребни,
доколку не се тоа не се побара. Модерните CV се пофлексибилни.
 Личен профил, напишан или во прво или во трето лице, краток параграф за апликантот.
Тоа треба да се базира на факти и не треба да содржи какви било лични мислења за
квалитетите на оној кој го пишува, како на пример „ентузијаст“, или „силно мотивиран“
итн.
 Само листа со наброени главни способности на апликантот или професионални
карактеристики не е многу софистициран начин.
 Хронолошка листа во обратен редослед на образовните квалификации на апликантот и
работното искуство, вклучувајќи ја и моменталната позиција. CV-то треба да дава
информации за целосната кариеа на апликантот. Делот кој се однесува на историјата на
кариерата треба да ги опише достигнувањата наместо обврските. Почетокот на кариерата
може да биде опишан во кратки црти, додека моменталната работа треба да биде
илустрирана со концепти, планови, достигнувања, задачи.
 Хронолошката листа во обратен редослед на образование и обука на апликантот,
вклучувајќи листа на неговите/нејзините квалификации, односно академски и
професионални квалификации.
 Ако апликантот неодамна го завршил образованието, работното искуство и образованието
се во обратен редослед. Датум на раѓање, пол, поседување на возачка дозвола, се
стандардни работи, но не и задолжителни и не треба да трошите простор за ситници.
Работодавачот кој беспотребно бара датум на раѓање или пол, може да се судри со новата
антидискриминаторска легислатива.
 Хоби и интереси на апликантот (опционално)

Совети за добро CV:


 Да биде впечатливо
 Те издвои од останатите кандидати
 Да биде прецизно, точно и лесно за читање
 Да биде граматички и стилски совршено структурирано
 Да биде искуцано а не пишувано на рака
 Листот да биде квалитетен, и да не биде изгужван или извалкан

При пишувањето на Cv –то треба да собереш што повеќе информации за фирмата во која
аплицираш како би можел своите знаења, способности да ги претставиш на тој начин да
работодавецот биде инспириран да те повика на разговор (интервју)
CV – то НЕ ТРЕБА:
 Да биде подолго од две страници А4 формат
 Не треба да има слика доколку тоа не се б ара со оглаасот
 Да биде со фонт помал од 10, или поголем од 12
 Да има правописни и граматички грешки

Линк: http://prezi.com/h7f69uy8j4hx/cv/

You might also like