You are on page 1of 10

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј “- Скопје


Технолошко Металуршки Факултет

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Насока: Дизајн и менаџмент на технолошки процеци

Предмет: Бизнис администрација

Тема: Оперативен менаџмент

Изработил Ментор
Шабан Јакупи д-р. Елена Томовска, вонреден проф.

Скопје, 2018год.
Содржина

1. ВОВЕД ..................................................................................................................................................... 2

2. Опсегпт на пперативнипт менаџмент ................................................................................................. 3

2.1. Оперативнипт менаџмент и прпцеспт на дпнесуваое пдлуки ......................................... 3

3. Клучни прашаоа за пперативнипт менаџмент денес ....................................................................... 4

3.1. Оперативна стратегија ............................................................................................................ 5

4. Дизајнираое на прпизвпдите и услугите ............................................................................................ 6

5. Заклучпк ................................................................................................................................................. 8

6. Кпристена литература ........................................................................................................................... 9

1
1. ВОВЕД
Во денешните работни места, менаџерите и другите клучни вработени мора да
решаваат проблеми, како и да донесуваат одлуки. Способноста и вештината да ја
пронајдат причината за проблемот или да донесат добра одлука се од клучно
значење за нивната ефикасност на работното место.

Оперативниот менаџмент претставува оној дел од деловната организација кој е


одговорен за производството на добра и услуги. Добрата претставуваат физички
елементи кои вклучуваат суровини, делови, составни делови како што се матичните
плочи што одат во компјутерите и финални производи како што се мобилните
телефони и автомобилите. Услугите претставуваат активности кои овозможуваат
комбинација на време, место, форма и психолошка вредност. Пример за добра и
услуги има насекаде околу нас. Секоја книга што ја читаме, секое видео што го
гледаме, секој меил или порака што ја праќаме, секој телефонски разговор што го
водиме и секој медицински третман што го добиваме ја вклучува оперативната
функција на една или две организации. Оперативната функција во деловниот свет
може да се гледа исто така и од една подалечна перспектива: колективниот успех
или неуспех на оперативните функции на компаниите има влијание на способноста
на една нација да се натпреварува со другите народи.

Идеалната ситуација за деловната организација е да постигне економски сооднос


на понудата и побарувачката. Прекумерното снабдување или вишокот на капацитет
е непотребно и скапо; да се има премалку, пак, значи пропуштена шанса и можно
незадоволство кај клиентите. Клучните функции кои се наоѓаат на страната на
понудата се операциите и ланците на снабдување, а на страната на побарувачката се
наоѓаат продажбите и маркетингот. А управувањето со операциите претставуваат
суштината на она што го прави организација. Од тука, оперативниот менаџмент
претставува управување со системи или процеси кои создаваат добра или
обезбедуваат услуги.

2
2. Опсегот на оперативниот менаџмент
Обемот на оперативниот менаџмент се протега низ целата организација. Луѓето
од оперативниот менаџмент се вклучени во дизајнот на производите и услугите,
изборот на процеси, изборот и управувањето со технологијата, дизајнот на
работните системи, планирањето на локацијата, планирањето на објектите, како и
подобрувањето на квалитетот на производите и услугите на организацијата.

Оперативниот менаџмент вклучува голем број на меѓусебно поврзани


активности, како што се предвидувањето, планирањето на капацитетите,
управувањето со залихите, обезбедувањето на квалитет, мотивирањето на
вработените, одлучувањето каде да се лоцираат објектите и многу повеќе.

2.1. Оперативниот менаџмент и процесот на донесување одлуки


Главната улога на оперативниот менаџер се состои во донесувањето на одлуки.
Во овој обем, експертите од областа на оперативниот менаџмент значително влијаат
врз степенот на остварување на целите на една организација. Повеќето одлуки
вклучуваат многу можни алтернативи кои што можат да имаат прилично различни
влијанија врз профитот и трошоците. Како резултат на тоа, големата информираност
е исто така една од задачите на оперативните менаџери, пред да донесат голем број
на клучни одлуки кои што ќе влијаат на целата организација. Тие го вклучуваат
следново:

Што – Кои ресурси ќе бидат потребни и во кои количини?

Кога – Кога ќе биде потребен секој ресурс? Кога треба да се закаже


работата? Кога треба да се нарачаат потребните материјали? Кога е
потребна корективна акција?

Каде – Каде ќе се изврши работата?

3
Како – Како ќе се дизајнира производот или услугата? Како ќе се спроведе
работата (организација, методи и опрема)? Како ќе бидат
распределени ресурсите?

Кој – Кој ќе работи?

Секојдневните грижи на оперативните менаџери вклучуваат трошоци (буџет),


квалитет и распоред (време). Широк е спектарот на одлуки кои раководителите од
областа на оперативниот менаџмент мораат да ги направат.

3. Клучни прашања за оперативниот менаџмент денес


Постојат голем број на прашања кои претставуваат високи приоритети на многу
деловни организации. Иако не секој бизнис се соочува со овие прашања, повеќето се
соочуваат, а главни меѓу овие прашања се следните:

Економски услови. Долготрајната рецесија и бавното закрепнување во


различните сектори на економијата ги направија менаџерите претпазливи за
инвестирање и враќање на работниците на работа, кои биле отпуштени за време на
рецесијата.

Иновација. Наоѓањето на нови или подобрени производи или услуги се само две
од многуте можности кои можат да обезбедат вредност за една организација.

Проблеми со квалитетот. Бројните оперативни неуспеси ја нагласуваат


потребата за подобрување на начинот на кој се управуваат операциите. Тоа се
однесува на дизајнот и тестирањето на производи, надзор на добавувачите, проценка
на ризикот и навремен одговор на потенцијалните проблеми.

Справување со ризици. Потребата за управување со ризикот е нагласена од


неодамнешните настани кои ја вклучуваат кризата со вдомувањето, вештачки
катастрофи, како и економски подеми и падови. Управувањето си ризиците

4
започнува со идентификување на ризиците, проценка на потенцијалната штета
(трошоци за одговорност, репутација, побарувачка) и преземање чекори за
справување со ризиците.

Натпреварување во глобалната економија. Компаниите мораат внимателно да


ги земат предвид нивните опции, кои што вклучуваат аутсорсинг на некои или на
сите нивни операции во нископлатените области, намалување на трошоците,
менување на дизајнот и работење со цел за подобрување на продуктивноста.

3.1. Оперативна стратегија


Стратегијата на организацијата ја обезбедува целокупната насока на
организацијата. Оперативната стратегија по обем е потесна, првенствено
справувајќи се со оперативниот аспект на организацијата. Оперативната стратегија
се однесува на производите, процесите, методите, оперативните ресурси,
квалитетот, трошоците и распоредот. Со цел оперативната стратегија да биде
навистина ефективна, неопходно е истата да биде поврзана со стратегијата на
организацијата. Формулирањето на стратегијата на организацијата мора да ги земе
предвид реалностите на силните и слабите страни на операциите, искористувајќи ги
предностите и истовремено справувајќи се со слабостите. Слично на тоа,
оперативната стратегија мора да биде во согласност со целокупната стратегија на
организацијата, како и со другите функционални единици на организацијата. Ова
бара, менаџерите од повисоките редови да работат со фунцкионалните единици за
да формулираат стратегија која што ќе претставува поткрепа на целокупната
стратегија на организацијата. Како што очигледно и изгледа, тоа не е секогаш случај
во пракса. Недоразбирањата кои некогаш можат да се забележат помеѓу различни
функционални единици се штетни за организацијата, бидејќи истите ги блокираат
функционалните единици едни кон други, наместо да ја фокусираат својата енергија
да ја направат организацијата поконкурентна и да му служи подобро на клиентот.

5
Оперативната стратегија може да има големо влијание врз конкурентноста на
една организација. Ако е добро дизајнирана и добро спроведена, има реални шанси
организацијата да биде успешна, но доколку не е добро дизајнирана и добро
спроведена, шансите дека таа организација ќе биде успешна се многу мали.

4. Дизајнирање на производите и услугите


Дизајнирањето на производите и услугите претставува клучен фактор во
задоволувањето на клиентот. За да бидат успешни во дизајнирањето на производи и
услуги, организациите мора постојано да бидат свесни за тоа што сакаат купувачите,
што прави конкуренцијата, какви се владините регулативи и кои нови технологии се
достапни.

Процесот на дизајнирање вклучува мотивација, идеи за подобрување,


организациски способности и предвидување. Во прилог на животниот циклус на
производот, изборот на дизајнирањето на производот е под влијание на правни,
еколошки и етички размислувања. Кој степен на стандардизација треба дизајнерите
да го вклучат во дизајнот е исто така прашање по кое треба внимателно да се
размисли. Клучната цел на дизајнерите е да се постигне дизајн на производ или
услуга кој што ќе ги задоволи или надмине очекувањата на клиентите, во рамките
на трошоците и земајќи ги во предвид можностите на работење. Иако дизајнирањето
на производите и услугите во некои аспекти е слично, постојат голем број на клучни
разлики помеѓу производите и услугите кои влијаат на начинот на кој тие се
дизајнирани.

Успешниот дизајн често вклучува неколку од овие основни принципи: одредува


што сакаат купувачите како појдовна точка; го минимизира бројот на делови
потребни за производство на артиклот или бројот на чекори за обезбедување на
одредена услуга; ја поедноставува услугата, стандардизирајќи ја истата колку што е
можно повеќе; и креира стабилен дизајн.

6
Истражувањата и напорите за развој можат да играат значајна улога во
иновациите на производите и процесите, иако истите се понекогаш толку скапи што
само големите компании можат да си ги дозволат.

Сигурноста на производот или услугата често пати е клучна димензија во очите


на клиентот. Мерењето и подобрувањето на сигурноста се важни аспекти на
дизајнирањето на производите и услугите, и покрај тоа што другите области во
организацијата имаат исто така влијание врз сигурноста.

7
5. Заклучок
Секој менаџер од областа на оперативниот менаџмент ширум светот, создаваат
производи и услуги постојано со цел да ја обезбедат благосостојбата на
општеството. Токму тие менаџери мораат да имаат глобален поглед на стратегијата
на работење. Оние луѓе кои што живеат во земјите во развој се борат во
совладувањето на културни, религиозни, етнички и политички бариери, кои што
претставуваат ограничување за продуктивноста во секоја земја. Со исчезнувањето
на тие ограничувања, се овозможува чекор напред кон развојната технологија,
сигурниот превоз и поевтините начини на комуникација. А резултатот од сето тоа е
пораст на светската трговија, појава на глобални пазари на капитал, како и движење
на луѓето на меѓународен план.

Јасно е дека управувањето со операции претставува сложен процес кој што се


состои од различни функции во одредена организација. Кога станува збор за
стратешкото планирање, оперативниот менаџмент ја има клучната улога.
Оперативните функции ѝ помагаат на организацијата да ја предвиди побарувачката,
да го набави потребниот материјал и соодветствено да ги произведува производите.
На некој начин, оперативниот менаџмент ја поставува основата на целата деловна
стратегија.

8
6. Користена литература

1. World Competitiveness Yearbook, International Institure for Development, 2008


2. https://en.wikipedia.org/wiki/Operations_management
3. https://managementhelp.org/operationsmanagement/index.htm
4. https://www.bayt.com/en/specialties/q/269869/what-is-the-role-of-operations-
management-in-an-organization-amp-why-it-is-important-in-companies/
5. http://www.informit.com/articles/article.aspx?p=2167438

You might also like