You are on page 1of 46

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИТЕ

(ТРЕТМАН ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ОДЛУЧУВАЊЕТО,


ПЛАНИРАЊЕТО И КОНТРОЛАТА)
СОДРЖИНА

1. СОВРЕМЕНИ КОНЦЕПЦИИ ЗА ТРОШОЦИТЕ


2. ОСНОВИ НА ДЕФИНИРАЊЕТО НА РАЗЛИЧНИТЕ ПОДЕЛБИ
НА ТРОШОЦИТЕ
3. ПОЗНАЧАЈНИ ПОДЕЛБИ НА ТРОШОЦИТЕ
4. ОСТАНАТИ ПОДЕЛБИ НА ТРОШОЦИТЕ
5. КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ
6. СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ
7. НЕФИНАНСИСКИ МЕРИЛА ЗА РАБОТЕЊЕТО ВО
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
СОВРЕМЕНИ КОНЦЕПЦИИ ЗА ТРОШОЦИТЕ

 ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ ВО ПОТЕСНА СМИСЛА НА ЗБОРОТ


– разграничување на трошоците соодветно на нивното реагирање
на промените на обемот на производство, односно зависно од
степенот на ангажираност на капацитетот. Тука спаѓаат:
фиксните, релативно-фиксните, варијабилните и граничните
трошоци.

 ТЕОРИЈА НА ТРОШОЦИ ВО ПОШИРОКА СМИСЛА НА


ЗБОРОТ – покрај т.н. трошочна структура ја опфаќа и
приходната структура, односно различните приходи, зависно од
промените на продажната цена. Оваа теорија всушност ја опфаќа
корелацијата: трошоци – цени – приходи во најразлични услови
на промени на степенот на ангажираност на капацитетите.
Цената, трошоците и обемот на продажбата се фактори кои
меѓусебно дејствуваат еден на друг.
ДЕФИНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

 Трошоците се во пари изразени трошења на средства и труд кои се


составен дел на цената на чинење на ефектите.
 Под цена на чинење се подразбира збир на сите трошоци што треба да се
идентификуваат со определен ефект, производ, услуга или активност во
претпријатието.
 Трошоците се израз на продуктивно трошење, додека расходите се израз
на непродуктивно трошење.
 Трошоците претставуваат еден од најбитните фактори на финансискиот
резултат на претпријатието, бидејќи нивното ефикасно снижување
овозможува најсигурно совладување на суштинските проблеми на
претпријатието.
 Трошоците се најквалитетен показател на успешноста на
претпријатието. Со анализа на трошоците може да се согледаат резултатите
во зголемувањето на обемот на производството, зголемувањето на
продуктивноста, рационалноста во користењето на средствата, успехот во
организацијата на работењето, економичноста итн.
ОСНОВИ НА ДЕФИНИРАЊЕТО НА РАЗЛИЧНИТЕ ПОДЕЛБИ НА
ТРОШОЦИТЕ

Сложеноста на трошочната проблематика нужно водела кон потребата


трошоците да се расчленуваат на одделни видови.
 Расчленувањето на трошоците на пооделни делови овозможува
согледување на карактеристиките во движењето на пооделни делови на
трошоците.
 Со проучувањето на одделните делови се овозможува и посигурна
проценка на содржината на цената на чинење на ефектите.
 Различните поделби на трошоците овозможуваат согледување на нивното
реагирање во различни услови, а исто така и нивно рангирање (на
пример, според важноста во определени услови).
 Различното класифицирање на трошоците често пати е мотивирано со
цел да се оствари контрола на нивното движење.
 Голем број на поделби на трошоците се проникнати во врска со
потребата за аргументирање на деловни одлуки.
 Секоја поделба има своја определена улога и значење и е пројавена во
врска со определени потреби.
Класификација на Видови на трошоци
трошоците:

Засновани на база на Историски (настанати во минатото)


времето кога се стекнати Трошоци за замена (сегашност)
Планирани трошоци (иднина)

Реагирање на промената на Варијабилни (варираат во вкупен износ)


обемот на активноста Фиксни (остануваат непроменети)
Полуфиксни (делумно варијабилни, делумно фиксни)

Врз база на финансиските Неугасени (биланс на состојба)


извештаи Угасени (биланс на успех)
Производни, примарни, конверзациони (во залиха)
Периодични (издатоци)

Влијание врз деловното Релевантни (значајни)


одлучување Издатоци (готовински плаќања)
Задолжителни (историски)
Опортунитетни (изгубени донации)
Директни (непосредно алоцирани)
Индиректни (посредно алоцирани)
Трошоци на квалитет (усогласени)
ПОЗНАЧАЈНИ ПОДЕЛБИ НА ТРОШОЦИТЕ

 Фиксни и варијабилни трошоци


 Директни и индиректни трошоци
 Трошоци кои може да се контролираат и трошоци кои се вон контрола
 Инкриментални трошоци (диференцијални трошоци)
 Опортунитетни трошоци (алтернативни трошоци)
ВКУПНИ И ПРОСЕЧНИ ТРОШОЦИ

 ВКУПНИ ТРОШОЦИ – апсолутна големина на определен вид


трошоци или на определена групација трошоци.

 ПРОСЕЧНИ ТРОШОЦИ – релативна категорија и се добива кога


вкупните трошоци се поделат со количество на произведени
производи. Определувањето на просечните трошоци е неопходно
за да се разграничи цената на чинењето што е содржана во цените
на продадените готови производи од цената што е содржана во
готовите производи што се наоѓаат во залиха.

 РЕАГИБИЛНОСТ НА ТРОШОЦИ – вкупните и просечните


трошоци различно реагираат на промените на обемот на
производство.
Основните заклучоци во областа на трошоците произлегуваат од
поделбата на трошоците на вкупни и просечни.
ФИКСНИ И ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ

Поделбата на трошоците на фиксни и варијабилни претставува


еден од најбитните лостови на кои почива целокупната
конструкција на теоријата на трошоците.
 ФИКСНИ ТРОШОЦИ – остануваат непроменети без оглед на
промените на волуменот на производството. Фиксни трошоци се:
- амортизацијата,
- платите што се исплаќаат за времето поминато на работа,
- каматите на кредитите,
- осигурувањето и друго.
 ДЕГРЕСИЈА НА ПРОСЕЧНИТЕ ФИКСНИ ТРОШОЦИ –
трошоците по единица производ стануваат дотолку пониски
доколку обемот на производство е поголем.
 Фиксните трошоци се всушност трошоци на капацитетот.
ФИКСНИ И ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ

Релевантен опсег на производството и движењето на фиксните трошоци

Обем на производството Вкупни фиксни трошоци


0 10.000
10 10.000
20 10.000
30 30.000
40 30.000
50 30.000
60 30.000
70 30.000
80 30.000
90 40.000
100 40.000
ДВИЖЕЊЕ НА ФИКСНИТЕ ТРОШОЦИ

Движење на вкупните фиксни трошоци Движење на просечните фиксни трошоци

T T

Tf
TF

P
R
ФИКСНИ И ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ

ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ – реагираат на промените на волуменот на


производството. Варијабилни трошоци се:
- потрошените директни материјали,
- директните плати.
 ВАРИЈАБИЛНИТЕ ТРОШОЦИ СЕ И ПРОГРЕСИВНИ ТРОШОЦИ – се
зголемуваат со поголем процент од зголемувањето на обемот на
производство (трошоци за прекувремена работа)
 ВАРИЈАБИЛНИТЕ ТРОШОЦИ СЕ И ДЕГРЕСИВНИ ТРОШОЦИ – се
зголемуваат со помал процент од зголемувањето на обемот на
производството (некои помошни материјали, горива и мазива и сл.)
ДВИЖЕЊЕ НА ВАРИЈАБИЛНИТЕ ТРОШОЦИ

Движење на вкупните Движење на просечните


варијабилни трошоци варијабилни трошоци

T T

Tv

TV

P P
ФИКСНИ И ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ

ПОЛУФИКСНИ ТРОШОЦИ (РЕЛАТИВНО-ФИКСНИ ТРОШОЦИ


ИЛИ ЗОНСКИ ТРОШОЦИ) – овие трошоци во рамките на определени
зони, односно обем на производство остануваат непроменети и имаат
фиксни карактеристики, но при преминот во повисока зона бележат
скоковит растеж и имаат прогресивни карактеристики (заведување на
нови смени, воведување нова производна линија, отварање нови деловни
подружници и сл.)
 Полуфиксните трошоци се несоодветствени при утврдувањето на
оптималниот финансиски резултат, графиконот на рентабилноста и
стандардизацијата на трошоците.
 Методи за разграничување на полуфиксните трошоци:
- метод на највисок и најнизок степен на вработеност,
- метод на линија на трендот,
- метод на најмали квадрати и
- метод на проценка.
ДВИЖЕЊЕ НА ВКУПНИТЕ ПОЛУФИКСНИ ТРОШОЦИ

TPF
T

I II III IV P
ДИРЕКТНИ И ИНДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ
(трошоци според начинот на нивно идентификување
со производите и услугите)
 ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ – трошоците коишто можат да се определат
веднаш при своето настанување, односно да се идентификуваат со
соодветен трошочен објект (директни материјали, директни плати и
друго).
 ИНДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ – трошоците кои не може да се
идентификуваат со некој трошочен објект се смета дека се индиректни
трошоци и се нарекуваат и општи или режиски трошоци бидејќи многу
често се однесуваат на целото претпријатие (производствени трошоци,
трошоци за маркетинг, административни трошоци и трошоци за
истражување и развој). Планирањето на општите трошоци на
производството е многу сложено.
 Индиректните трошоци се распоредуваат прво по местата каде што
настанале, а потоа врз база на определени критериуми или основи се
распоредуваат по активности и производи или услуги.
ТРОШОЦИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРААТ И
ТРОШОЦИ ВОН КОНТРОЛА

 Можноста за контрола на трошоците значи можност да се влијае врз


висината на трошоците, на приходите и на другите ставки во рамките на
определени центри на одговорност (трошочни центри, приходни центри,
профитни центри и инвестициони центри).
 Во зависнот од можноста во рамките на одредени одделенија, погони и
слично да се влијае на одредени видови трошоци може да се изврши
поделба на трошоците на оние кои може да се контролираат и трошоци
кои се вон контрола (цената на потрошниот материјал и
амортизацијата).
 Екстерни фактори врз кои претпријатието не може да влијае се:
- промена на вредноста на парите (инфлација),
- промена на трошоците поради унапредување на технологијата
(зголемување на фиксната компонента на трошоците),
- промени во понудата и побарувачката (пазар на набавки и пазар на
продажба),
- промени во висината на даночните стапки и државната регулатива и
- промени на интензитетот на конкуренцијата.
ИНКРИМЕНТАЛНИ (ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ) ТРОШОЦИ

 ИНКРИМЕНТАЛНИТЕ (ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ) ТРОШОЦИ –


претставуваат апсолутна разлика во вкупниот износ на трошоците
помеѓу две алтернативни можности (два различни степена на
вработеност), или два или повеќе вида производи, два или повеќе начина
на остварување на определен деловен потфат и сл. Станува збор за
апсолутни големини, а не релативни.
 РЕЛЕВАНТНИ ТРОШОЦИ (relevant cost) – трошоци кои логично се
асоцираат со специфичен проблем и конкретна одлука. За да бидат
трошоците релевантни треба да бидат во многу тесна врска со
определена одлука или со конкретно готовинско плаќање.
 ТРОШОЦИ ШТО СЕ ПЛАЌААТ ВО ГОТОВО (out - of - pocket cost).
 Инкрименталните трошоци имаат своја специфична важност во рамките
на планирањето и контролата на трошењето. Повратната спрега помеѓу
планирањето и контролата во најголема мера е заснована на
инкрименталните големини.
ОПОРТУНИТЕТНИ (АЛТЕРНАТИВНИ) ТРОШОЦИ

 ТРОШОЦИ НА ОПОРТУНИТЕТ ИЛИ АЛТЕРНАТИВНИ ТРОШОЦИ –


ги претставуваат можните приходи од кои претпријатието се откажало,
поради ангажираност во некој друг деловен потфат.
 Опортунитетните трошоци не се предмет на третирање на сметководството
бидејќи не може да се квантифицираат, но може да бидат мошне
релевантен фактор кој при планирањето на трошоците не може да се
пренебрегне.
ОСТАНАТИ ПОДЕЛБИ НА ТРОШОЦИТЕ

 ПРИРОДНИ ВИДОВИ ТРОШОЦИ


 ТРОШОЦИ ПО МЕСТА И НОСИТЕЛИ
 СТВАРНИ, ПЛАНСКИ И СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ
 ГРАНИЧНИ ТРОШОЦИ
 ТРОШОЦИ СПОРЕД ОДДЕЛНИТЕ ФУНКЦИИ ВО
ПРЕТПРИЈАТИЕТО
 ПРОИЗВОДНИ И НЕПРОИЗВОДНИ ТРОШОЦИ
 ТРОШОЦИ СПОРЕД ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
ПРИРОДНИ ВИДОВИ ТРОШОЦИ

Природната (основна) поделба на трошоците овозможува утврдување на


целта за која се направени одредени трошоци, односно за каков вид
потреба настанале.
 ТРОШОЦИ НА МАТЕРИЈАЛ (вредност на потрошениот материјал,
гориво и мазиво, ситен инвентар, амбалажа и др.)
 ТРОШОЦИ НА ПОСТОЈНИТЕ СРЕДСТВА (амортизација)
 ТРОШОЦИ НА ТРУДОТ – ПЛАТИ (надоместоци за вложениот труд и
придонесите за плати)
 КАЛКУЛАТИВНИ ПРИДОНЕСИ КОН ЗАЕДНИЦАТА (трошоци за
камати на кредитите за фиксни и обртни средства, членарини за комори
и здруженија и друго што се плаќа врз база на пропишани стапки)
 ТРОШОЦИ НА УСЛУГИТЕ (издатоци за поправки и одржување,
издатоци за транспортни услуги, трошоци за платниот промет, патни
трошоци, трошоци за осигурување и др.)
ТРОШОЦИ ПО МЕСТА И НОСИТЕЛИ

 ТРОШОЦИ ПО МЕСТА – разграничувањето на трошоците по сектори,


погони, одделенија, економски единици и сл. Претставува поделба на
трошоците по местата на нивното настанување.
 ТРОШОЦИ ПО НОСИТЕЛИ – разграничување на трошоците по
производи и услуги, односно по носители.
 Директните трошоци уште при нивното настанување може точно да се
разграничат по пооделни производи.
 Индиректните трошоци најнапред се разграничуваат на општи фиксни и
општи варијабилни трошоци, а потоа по определени критериуми се
разграничуваат по места, па се алоцираат по носители (производи или
услуги).
СТВАРНИ, ПЛАНСКИ И СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ

 ФАКТИЧКИ ТРОШОЦИ – израз на вистински, стварно настанати


трошоци во определен период. Тоа се историски трошоци. Фактичките
трошоци се неопходни во деловното одлучување, при што треба да се
предвидат ефектите од трошењето.
 ПЛАНСКИ ТРОШОЦИ – предвидени трошоци врз база на фактичките
трошоци за определен период – не повеќе од една година. Основа за
утврдување на овие трошоци се стварните (фактичките) трошоци, како и
предвидувањето во врска со движењето на трошоците во даден
временски период. Точноста на предвидувањето зависи од можноста за
предвидување на условите во кои настануваат трошоците за определен
временски период.
 СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ – однапред утврдени трошоци врз основа на
сестрани научни студии на условите кои предизвикуваат трошење на
средства и труд. Стандардните трошоци се најреално мерило на
економичноста на работењето.
Стандардите (норми или мерила) може да бидат вредносно или
количествено дефинирани.
ГРАНИЧНИ ТРОШОЦИ

 ГРАНИЧНИ ТРОШОЦИ – дополнителни просечни трошоци за нов


дополнителен обем на производи, односно просечни трошоци меѓу два
сукцесивни степена на вработеност на капацитетите на претпријатието.
 Граничните трошоци служат за определување на најекономично
производство, за стимулирање на потрошувачката, за утврдување на
можностите за зголемување на обемот на продажба, користејќи притоа
соодветна ценовна стратегија како значаен фактор на конкурентноста.
 Граничните трошоци може да бидат само варијабилни трошоци. Тие
заедно со останатите гранични компоненти (гранична реализација,
гранична добивка и др.) претставуваат клучна компонента на
квантитативните анализи.
ТРОШОЦИ СПОРЕД ОДДЕЛНИТЕ ФУНКЦИИ ВО
ПРЕТПРИЈАТИЕТО

 Оваа поделба на трошоците произлегува од современите сфаќања


според кои трошоците на производството немаат основна улога и
значење за определени производи.

 Разграничување на трошоците според нивните функции:


- трошоци за истражување и развој,
- трошоци за дизајнирање,
- трошоци на производство,
- трошоци на дистрибуција (деловна логистика),
- трошоци за маркетинг,
- трошоци во врска со сервисирање на купувачите и
- трошоци на општа администрација на претпријатието.
ПРОИЗВОДСТВЕНИ И НЕПРОИЗВОДСТВЕНИ ТРОШОЦИ

Производствени трошоци
(трошоци на производството)

Директни материјали Општи трошоци на


Директни плати
производството

Примарни трошоци Конверзиони трошоци

Непроизводствени трошоци
(трошоци на периодот)

Трошоци на маркетингот или Административни трошоци


трошоци на продажбата
ТРОШОЦИ СПОРЕД ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Според припадноста на трошоците во одделни финансиски извештаи тие


можат да се разграничат на:

 ТРОШОЦИ НА ЗАЛИХИ (материјали, недовршено производство и


готови производи на залиха). Овие трошоци се сметаат како средства и се
содржани во Билансот на состојба.

 ПЕРИОДИЧНИ ТРОШОЦИ (трошоци на маркетинг, административни


трошоци, дистрибутивни трошоци, трошоци за истражување и развој и
сл.). Овие трошоци имаат карактер на расходи и се прикажуваат во
Билансот на успех.
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ И ПОВРАТНАТА СПРЕГА ВО
ФУНКЦИЈА НА СМЕТКОВОДСТВЕНОТО ПЛАНИРАЊЕ

 Контролата на трошоците значи можност да се влијае на висината на


трошоците со систематски да се спречува неконтролираното трошење на
труд и средства.
 Контролата на трошоците базира на два вида одлуки, односно две главни
подрачја:
- Првото подрачје се однесува на набавната цена на производните
фактори што претставува моментален трошок или трошок во иднина, а
во секој случај значи компонента на цената на чинењето односно на
просечните вкупни трошоци.
- Второто подрачје е во врска со потрошувачката на производните
фактори. Поголемата или помалата потрошувачка е во врска со пониска
или повисока цена на чинењето.
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ И ПОВРАТНАТА СПРЕГА ВО
ФУНКЦИЈА НА СМЕТКОВОДСТВЕНОТО ПЛАНИРАЊЕ

 Планирањето добива една од основните улоги во контролата на


трошењето на средствата и трудот.
 “Планирањето би значело одбележување на целите, предвидување на
потенцијалните резултати во услови на различни начини на остварување
на целите и одлучување како тие да бидат остварени... Контролата е: а)
акција која ја имплементира планската одлука и б) го образлага
резултатот од работењето, покажувајќи еден вид повратна спрега на
резултатите“.
 Во рамките на сметководството на трошоците, врз база на евиденција и
квантитативно утврдување на финансиските показатели се врши
споредување на плански утврдените трошоци со фактички настанатите
трошоци, за да се утврдат отстапувањата кои се предмет на анализа.
Споредбата на планските со фактичките резултати се врши врз база на
т.н. принцип на изолација кој се состои во испитување на оние
отстапувања кои заслужуваат внимание и игнорирање на отстапувањата
кои се сметаат за ирелевантни.
ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ
КОНТРОЛЕН СИСТЕМ

ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ КОНТРОЛЕН


СИСТЕМ се следните активности:
 Постои раководен и извршен персонал. Главна улога на раководниот
персонал е да ја контролира работата на извршниот персонал. Тоа е т.н.
менаџерска контрола која се разликува од техничката контрола.
 Извршниот персонал (на пример, комерцијалистот) управува со определен
процес (збир на одлуки и активности кои се насочени кон определена цел).
 Одлучувањето претставува еден комплет на неконтролирани фактори
кои влијаат врз успешноста на процесите (отсуство од работа, временски
услови, реагирање на конкуренцијата итн.).
 Успешноста на работењето го осветлува начинот на остварувањето на
резултатите во оперативниот процес. Сметководствените извештаи во
врска со трошоците и резултатите од работењето им овозможуваат на
менаџерите да ја оценат оваа успешност.
 Повратната спрега покажува како се учат менаџерите да го унапредуваат
бесконечниот редослед на предвидувањата и одлуките вклучени во
оперативниот процес.
ЗНАЧЕЊЕ НА ПОВРАТНАТА СПРЕГА ВО
КОНТРОЛНИОТ СИСТЕМ

 Повратната спрега покажува како се учат менаџерите да го


унапредуваат бесконечниот редослед на предвидувањата и
одлуките вклучени во оперативниот процес.
 Повратната спрега може да се користи за споредување на планот
со тековните резултати и за другите различни цели:
        - промена на целите, како на пример, проценка на
успешноста на работењето во минатото,
         - барање алтернативни средства,
         - промена на методите за одлучување,
         - промена на оперативниот процес,
         - промена на мерењето и наградувањето на успешноста.
ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА ИНФОРМИРАЊЕТО ВО
ФУНКЦИЈА НА ПЛАНИРАЊЕТО И КОНТРОЛАТА НА
ТРОШОЦИТЕ

Баџетингот како система на планирање и контрола во целост


спаѓа во надлежност на секторот за сметководство.
 Контролор – член на врвното раководство на претпријатието и
еден од најактивните актери во планирањето, контролата и
процесот на деловно одлучување.
 Успешното планирање и контрола се условени од повеќе стручно
подготвени информации.
 Сметководствените информации по својата природа се од
финансиски карактер бидејќи се добиваат со сметководствена
методологија.
 Многубројни видови показатели од нефинансиски карактер се
повеќе наоѓаат своја практична улога и значење во планирањето
и контролата на трошоците.
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

Со планирањето на трошоците се поставуваат целите и се


дефинираат средствата и начините на реализација на
планираните цели. За разлика од планирањето на трошоците,
контролата е проверка на извршувањето на поставените цели во
фазата на планирање на трошоците, утврдување на
отстапувањата и преземање на одредени мерки за отстранување
на отстапувањата и стимулирање на позитивните движења.
Принцип на изолација.
Контролата на трошоците отсекогаш базирала на два вида
одлуки, односно две главни подрачја:
- Првото подрачје се однесува на набавната цена на производните
фактори што претставува моментален трошок или трошок во
иднина, а во секој случај значи компонента на цената на
чинењето односно на просечните вкупни трошоци.
- Второто подрачје е во врска со потрошувачката на
производните фактори. Поголемата или помалата потрошувачка
е во врска со пониска или повисока цена на чинењето.
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ претставуваат форма на квантифицирани


плански показатели кои може да бидат дадени како процентуални измени
во движењето на обемот на производството, процентуални измени во
движењето на залихите и сл. Стандардните трошоци се однапред
утврдени трошоци врз база на сестрана научна студија и проверка на
нивната точност во практиката.
Стандардните трошоци овозможуваат поекономично работење,
утврдување на продажните цени, планирање на трошоците и приходите.
 Во литературата и практиката најзастапени се вредносните (ценовните) и
количинските стандарди, кои се поставуваат за три елементи на цената
на чинењето: материјали, плати и општи трошоци.
- Вредносните стандарди (cost standards) покажуваат колку треба да
изнесуваат трошоците.
- Количествените стандарди (quantity standards) покажуваат колку и
какво количество на материјали, работни часови и слично треба да се
потроши во производството на една единица производ или услуга.
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

Дистинкција помеѓу индивидуалните и групните стандарди.


- Индивидуалните стандарди се утврдуваат заради индивидуална (лична)
контрола на трошоците на пооделни работни места, односно за секој
поединец (стандарди за трговски патници, за работници кои вршат
определена активност во производството и сл.).
- Групните стандарди се однесуваат најчесто на одредена фаза од
производството или определена функција, погон, одделение и слично,
односно на активностите кои ги извршува поголема или помала група
работници.
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

Зависно од степенот на очекуваната економичност која треба да се


постигне, стандардите се делат на:
- стандарди за теоретски максимална, односно идеална економичност;
- стандарди на успешна економичност или т.н. стандарди на достижна
економичност (овие стандарди имаат најголема практична примена за
контрола на трошоците);
- стандарди на просечна економичност.
Кога е во прашање степенот на економичност кој се постигнува со
стандардните трошоци, се разликуваат две можни категории
стандардни трошоци:
- идеални стандардни трошоци;
- практично остварливи стандардни трошоци (мерило на
економичноста, планирање на приливите и одливите на паричните
средства, вреднување на залихите, формирање на продажните цени и
сл.).
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

Утврдувањето на стандардните трошоци за потребите на


сметководственото планирање е расчленето на трите основни групи
трошоци кои најчесто се користат при планирањето:
УТВРДУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА
ДИРЕКТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ
 Стандардната цена (sc) по единица директен материјал претставува
финална, крајна сума, која е потрошена за набавка на материјалите,
ослободена за рабатот и сите други попусти.
 Стандардните количества (sk) по единица директен материјал се
износи (количества) на материјал кој се вградува во единица на
финален производ, зголемени за кало, растур и други вообичаени
неефикасности.
Стандардни трошоци за директни материјали по единица производ
= sc * sk
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

УТВРДУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА


ДИРЕКТНИТЕ ПЛАТИ
 Цената на директниот труд и количествените стандарди обично се
утврдуваат врз база на стандардната исплатна основа и директните
часови на работа.
 Стандардната исплатна основа за директниот труд по час ја вклучува
основната работна плата (утврдена врз база на еден работен час)
зголемена за придонесите.
 Два приода во утврдувањето на стандардното време за утврдување на
стандардното време за производство на единица производ.
 Стандардниот износ на директни трошоци за плата се утврдуваат по
пат на множење на стандардната исплатна основа за единица работно
време (еден час) со стандардно потрошеното работно време по
единица производ.
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ

УТВРДУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИТЕ ОПШТИ ТРОШОЦИ НА


ПРОИЗВОДСТВОТО
 Појдовна основа при стандардизацијата на општите трошоци на
производството претставува разграничување на општите
трошоци на производството на нивниот фиксен и варијабилен
дел.
 Ако се има предвид дека фиксните трошоци (амортизација, плати
што се исплаќаат за време поминато на работа, камати на
кредити и осигурување) може веднаш да се разграничат од
варијабилната компонента, тогаш останува да се
издеференцираат варијабилните и полуфиксните трошоци за кои
треба да се утврдат определени стандарди.
 Со множење на варијабилната компонента на претходно
утврдената стапка на општи трошоци со бројот на часовите
потребен директен труд по единица производ се добива
стандардот за варијабилните трошоци по единица производ.
КАРТИЦА НА СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ

Количински Стандардна Стандардни


ИНПУТИ стандарди (kg. цена или трошоци
и часови) стапка (3 = 1 * 2)
1 2 3
1. Директни материјали 3 kg. 100 ден. 300 ден.

2. Директни плати 2.5 часа 500 ден. 1.250 ден.

3. Варијабилни трошоци за 2.5 часа 900 ден. 225 ден.


производство
Вкупни стандардни трошоци: 1.755 ден.
ОПШТ МОДЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ОТСТАПУВАЊАТА –
ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ НА ПРОИЗВОДСТВОТО
(3)
(1) (2)

Фактички количества на Фактички големини на Стандардни количества на


инпути по фактички цени инпути по стандардни планиран аутпут по
(fk * fc) цени (fk * sc) стандардни цени (sk * sc)

Отстапување на цените Отстапување на количества


(1) – (2) (2) – (3)
- отстапување на цените на - отстапување на количините на
материјалите материјалите
- отстапување во стандардната - отстапување на ефикасноста на
исплатна основа трудот
- отстапување од варијабилните - отстапување на ефикасноста на
општи трошоци на производство варијабилните општи трошоци на
производството

Вкупни отстапувања
ПРОБЛЕМИ ОКОЛУ УТВРДУВАЊЕТО НА
СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ:

 Сериозни потешкотии се јавуваат при утврдувањето на стандардните


трошоци (големи трошоци околу освојувањето на стандардизацијата).
 Оценката на отстапувањата од стандардите инволвира голема доза на
субјективност (така некои отстапувања ќе бидат несогледани,
игнорирани или запоставени и покрај тоа што се значајни).
 Отстапувањата од стандардните трошоци се утврдуваат откако ќе
помине пресметковниот период (кога е предоцна да се преземат чекори за
корегирање на активностите што значи дека не можат да послужат за
корекции на акциите во текот на работењето).
ПРЕДНОСТИ НА СТАНДАРДНИТЕ ТРОШОЦИ:

 Стандардните трошоци претставуваат најрелевантна мерка за тоа колку


треба да изнесуваат трошоците (стандардните трошоци се утврдуваат врз
основа на научни и стручни проучувања на условите под кои настануваат
стандардните трошоци).
 Стандардните трошоци претставуваат ефикасно средство на подрачјето на
економичноста (стандардизацијата на трошоците по правило се поврзува со
системот на наградување).
 Стандардните трошоци нудат можност за примена на принципите и
постапките на сметководството на одговорноста (стандардните трошоци
истовремено претставуваат овластување за стекнување на трошоци на
определени центри на одговорноста и одговорност за негативни отстапувања).
 Стандардните трошоци ја забрзуваат сметководствената постапка
(сметководството во коешто отсуствува стандардизација на трошоците се смета
како несовремено).
 Стандардните трошоци овозможуваат водење на адекватна политика на
цени и адекватна деловна политика.
 Со стандардните трошоци се овозможува полесно и поточно вреднување на
залихите.
 Со стандардните трошоци се потпомага планирањето во претпријатијата.
НЕФИНАНСИСКИ МЕРИЛА ЗА РАБОТЕЊЕТО ВО
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Појава на нови мерила за работењето на претпријатијата, како што е


системот точно на време (JIT - just in time) и флексибилниот систем
на производство (FMS – Flexible manufacturing system).
Овие нови мерила на работењето се класифицирани во пет општи
групи: контрола на квалитетот, контрола на материјалите, контрола
на залихите, контрола на карактеристиките на опремата и контрола
на карактеристиките на испораките.
 Нефинансиските мерила често се утврдуваат врз база на т.н. "on line"
приод, односно т.н. приод во тек. Ова овозможува континуирано
следење на работењето, така што настанатите проблеми може веднаш
да се идентификуваат без поголеми потешкотии, онака како што тие
се појавуваат.
 Повеќето од оперативните мерила се пресметуваат за целото
претпријатие, со што се нагласува концептот на интегрални и
независни операции.
 При користењето на нефинансиските мерила, менаџерите директно и
многу повеќе се определуваат за дадени трендови, отколку за
конкретни случаи.
НЕФИНАНСИСКИ МЕРИЛА ЗА РАБОТЕЊЕТО ВО
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

1. Мерила за контрола на квалитетот. За да го следат и контролираат


квалитетот, менаџерите вообичаено ги користат следниве оперативни мерила:
бројот на гаранциските побарувања, приговорите од страна на купувачите,
трошоци за поправки и бројот на дефектите.
2. Мерила за контрола на материјалите. Кога се во прашање оперативни
мерила, контролата на материјалите се поврзува со квалитетот на готовите
производи, при што материјалите восприемаат карактер на фактор кој треба
да го обезбеди тој квалитет. Како оперативни мерила се користат:
материјалите како процент од вкупните трошоци, времето на ефектуирање на
набавките, отпадоците како процент од исправните материјали и други.
3. Мерила за контрола на залихите. Порано се сметало дека претпријатието
мора да има залихи за да се одржи одреден континуитет и сигурност од
ненадејни прекини поради недостиг на залихи. Денес се настојува едноставно
залихи да нема. Оперативни мерила: обрт на залихи (суровини по видови и
готови производи) и број на видови залихи.
НЕФИНАНСИСКИ МЕРИЛА ЗА РАБОТЕЊЕТО ВО
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

4. Мерила за контрола на работата на машините. Она што го одбележува


современиот тренд во индустриското производство е тенденција кон поголема
автоматизација и роботизација. Оперативни мерила: процент на оспособеност
на машините за работа, процент на прекин на работа на машините, време на
подготовка на машините и други.
5. Мерила во врска со испорака на производот. Целта на современо
ориентираното производство е високо квалитетен производ кој во што е
можно покус рок треба да стигне до крајниот потрошувач. Оперативни
мерила: процент на навремени испораки, време неопходно од прием на
порачката до испораката на готовиот производ, откажани порачки на клиенти,
вкупно време на додавање на вредности и други.
Клучните цели при употребата на нефинансиските мерила повеќе се
насочени кон поголем прогрес и унапредување на целокупното работење,
отколку кон постигнување на некои специфични стандарди.

You might also like