You are on page 1of 24

Развој на ЕУ политики за БЗР

Проф. Д-р Биљана Ангелова


Зачетоци на иницијативите за глобален приод кон
З&Б на работниците

• Со основањето на ЕУ во 1957 год, потребата од


глобален приод кон здравјето и безбедноста на
работниците станува се поевидентно. Уште во
минатиот век секоја од земјите членки развива
свои политики за БЗР во рамките на своите
социјални политики.
• Професионалното здравје и безбедноста
стануваат една од значајните социјални аспекти
на ЕУ легислативите, сега транспонтирани и кај
нас.
Првите препораки на ЕК
• Од 1962-1966, препораките на Комисијата
беа првите чекори кон развој на политики
кои инкорпорираат трудова медицина,
прифаќање на европска листа на
професионални заболувања, испитување на
здравјето на работниците изложени на
специфични ризици, надоместувања на
жртвите од професионалните заболувања и
заштита на младите луѓе на работа.
Единствениот Европски Акт
• Во 1974 година, Советодавниот Комитет за безбедност, хигиена и здравствена заштита
при работа беше направен за да и помага на Европската Комисија. Била усвоена
4годишна Програма во рамки на која се постепено донесени следниве директиви:
- Директивата 80/1107/ЕЕК од 27.11.1980 за заштита на работниците од ризици
поврзани со изложеност на хемиски, физички и биолошки агенси на работно место,
- Директивата 83/477/ЕЕК од 19.09.1983 за заштита на работниците од ризици поврзани
со изложеност на азбест на работносто место и
- Директивата 86/188/ЕЕК од 19.09.1983 за заштита на работниците од ризици поврзани
со изложеност бучава на работното место.
Единствениот Европски пазар наметна потреба од востановување на минимум
критериуми за БЗР, а тоа наскоро наметна нов импетус во 1987 кога беше усвоен
Единствениот Европски Акт, кој беше основ и праг за градење на националните
легислативи во тој домен.
Единствениот Европски Акт базираше на принципите на отстранување на бариерите и
овозможување на слободно движење на стоки преку границите, што наметнуваше
потреба дека само безбедни стоки треба да бидат пласирани на пазарот, што вклучува
заштитна опрема.
Директива 89/391/EEC од 1989
• Првата и веројатно најважната Директива која обезбедува минимум барања
беше прифатена во 1989 година а тоа е Директивата 89/391/EEC од 12 јуни 1989
за воведување на мерки кои треба да обезбедат подобрување на здравјето и
безбедноста на работниците при работа.
• Врз основа на тоа усвоен е Социјални договор кој бил потпишан 1989 и се
однесува на социјалните и економските аспекти на ЗБР. Со оваа спогодба се
предвидува гарантирање на определени права, со што нееднаквоста во
работните услови меѓу земјите членки може да биде редуцирана.
• Продолжувајќи на овој пат во 1991 потпишан е Социјалниот протокол како дел
од Мастришкиот Договор, изразувајќи ги на тој начин зедничките заложби на
земјите членки на ЕУ за значајни подобрувања во социјалната сфера.
• Нешто подоцна во 1997 година ова беше инкорпорирано во Амстердамската
спогодба за социјална политика, образование, обука и млади со што ЕУ
можеше да управува со поширок опсег на проблеми како што се промените
предизвикани од новите начини на организирање на производството и
работата.
Основни постулати на Директивата
89/391/EEC од 1989
• Се работи за основната и најважна директива која го тангира овој
проблем и која се однесува на сите вработени во приватен и јавен
сектор со исклучок на само-вработени лица и домашна послуга.
• Директивата се применува во индустријата, земјоделието, трговијата,
администрација, услуги, образование, култура и.т.н. Современите
проблеми на работната средина, модернизацијата и
компјутеризацијата предизвикуваат голем број повторувани нервни
(психички) растројства, проблеми со видот и сл. кои произлегуваат од
автоматизацијата и воведување на нови технологии.
• Една од целите на оваа Директива е да обезбеди подобрување на сите
аспекти на БЗР на работниците како и минимум заштита за сите
работници низ земјите членки на ЕУ. Ова всушност подразбира
разликите меѓу легислативите на земјите членки да бидат значајно
намалени.
Основна цел на Директивата 89/391/EEC
од 1989
• Цел на Директивата е да воведе мерки за обезбедување на
подобрувања на З&Б на работниците на работа.
• Содржи општи принципи кои се однесуваат на заштита од
професионални ризици, заштита на здравјето и безбедноста,
елиминација на ризиците и факторите кои предизвикуваат
несреќи, информирање, консултации, рамноправно учество
во согласност со националното законодавство, и обуки за
вработените и нивните претставници како и општ водич за
имплементација на наведените принципи.
• Општа одредба е дека работодавецот е должен на
работникот да му обезбеди здрава и безбедна работна
средина, од секој аспект кој е поврзан со работата.
Обврски на работодавецот
89/391/EEC од 1989 (член 6)
Работодавецот треба да превземе мерки неопходни за безбедноста и заштита на
здравјето на вработените, вклучувајќи превенција од професионални ризици,
обезбедување на потребни информации и спроведување на обуки. Работодавецот е
должен да ги применува овие мерки на база на дефинирани општи принципи кои
вклучуваат:
- Избегнување на ризици,
- Проценка на ризици што неможат да се избегнат,
- Справување со основните ризици,
- Прилагодување на работата на индивидуалниот и техничкиот прогрес,
- Преместување на опасното од неопасно на помалку опасно,
- Усвојување на кохерентна општа политика,
- Давање на соодветни инструкции на работниците.

Работодавецот ќе ги евалуира ризиците по здравјето и безбедноста на вработените


и ќе имплементира превентивни мерки и работни методи кои го подобруваат нивото
на заштита дадено на работниците во поглед на з&б.
Други обврски на работодавецот
89/391/EEC од 1989 (член 7)
• Членот 7 кој се однесува на услуги на
чување и заштита се предвидува
работодавецот да овласти 1 или повеќе
лица да ги извршуваат активностите
поврзани со заштитата и превенцијата
од професионални ризици (за дадени
ризици или за целата организација).
Различни обврски на работодавецот

• Работодавецот е должен да направи проценка на ризиците,


вклучувајќи ги и оние од специфична природа по здравјето
и безбедноста при работа.
• Одлучува за преземање на заштитни мерки, а доколку е
потребно и за употреба на заштитна опрема.
• Води листа на професионални несреќи кои резултираат во
неспособност на работникот за работа повеќе од 3 работни
дена.
• Назначува одговорно лице и во согласност со националната
легислатива и/или практика известува за професионални
несреќи од кои настрадале неговите вработени.
Информирање и консултирање на
вработените
Член 10
• Работодавецот треба да превземе соодветни мерки со кои работниците
и сите останати лица ангажирани во работата ќе ги примаат сите
неопходни информации кои се однесуваат на безбедноста и ризици по
здравјето, како и за превземените мерки за превенција и заштита како
за работата во целина така и за пооделните работни позиции.
• Информирањето главно се однесува на обезбедување на:
- Пристап до проценката на ризиците и преземените мерки како и до
извештаите и листите споменати во членот 9 од оваа Директива и
- Информации продуцирани од преземени заштитни и превентивни
мерки, од инспекциски прегледи и од телата (лицата) одговорни за з&б
- Член 11
- Консултирање на вработените и потикнување на дискусии за јавно и
отворено дискутирање за ризиците на кои се изложувааат вработените
Обуки на работниците и обврски на
работниците
Член 12 - Обука
• Работодавецот е должен да спроведува
обуки за вработените за б&з при работа

• Член 13 Обврски на работниците, да се


грижат колку што е можно повеќе за своето
здравје и безбедност како и за з&б на други
лица засегнати од нивното работење,
Здравствено опсервирање
• Да се обезбедат мерки за здравствено
следење на работниците што делумно
може да биде обезбедено преку
националниот здравствен систем.
• Да се обезбеди заштита за посебно
повредливи групи на вработени, против
ризици што на специфичен начин ги
афектираат на нивните работни места.
Проценка на ризикот на работните места

• Проценката на ризикот на работните места


треба да се направи во согласност со следниве
чекори:
1. Ризикот мора да се отстрани/намали со
намалување на опасноста
2. Ако опасноста неможе да се намали, мора да
се обезбеди заштита
3. Ако ваквата заштита не е можна, мора да се
дадат предупредувачки сигнали
Менаџмент системи
• EN ISO 9000: Систем за управување со квалитет
• EN ISO 9001: 1994 Специфичности за проектирање/развој,
производство, инсталација и сервисирање
• EN ISO 14000: Менаџмент системи за управување со животна
средина
• EN ISO 14001: 1996 Менаџмент системи за управување со
животна средина - со прирачник за користење
Останати релевантни стандарди
• EN 30011 Водич за ревизија на системи за квалитет
• EN 30011 - 1: 1993 Ревизија
• EN 30011 - 2: 1993 Квалификациони критериуми за ревизори
• EN 30011 - 3: 1993 Управување со програми за ревизија
Менаџмент системи за професионално
здравје & заштита

Во сите развиени земји постои современа законска рамка за професионално здравје


и заштита (ПЗ&З) која бара организациите да ги управуваат своите активности на
таков начин што ќе ги антиципираат и превенираат околностите кои можат да
резултираат во професионални повреди или намалена работна способност
(инвалидитет, ограничена работоспособност).
Овие барања се опфатени со стандардни процедури, односно пропишани со Закон и
во кои генерално се бара подобрување на менаџмент системот за ПЗ&З, односно на
неговите перформанси во организациите преку интегрирање на менаџментот за ПЗ&З
со останатите аспекти на бизнисот и останатите бизнис перформанси за да:
- Се минимизира ризикот на вработените и на други лица,
- Да се подобрат бизнис перформансите,
- Да и се помогне на организацијата да воспостави имиџ на одговорна компанија на
пазарот.
Овој стандард е опфатен со општите стандарди за управување со квалитет ИСО 9000
и ИСО 14000.
Општи поими за управување со системите
за ПЗ&З при работа
Менаџмент системот за ПЗ&З може да се примени во секоја
организација од аспект на големина и дејност и базира на следниве
општи поими:
• Несреќа – непланиран настан кој резултира во смрт,
онеспособеност, повреда, штета или друга загуба.
• Проверка (ревизија екстерна и интерна) –
систематска и независна проверка дали
активностите и со нив поврзаните резултати се
сообразни со планираните договори и дали овие
спогодби се имплементираат ефективно и се
соодветни за постигнување на организациските
цели и политики.
Екстерни фактори – сили надвор од контрола на
организацијата кои го оневозможуваат
постигнувањето на целите за З&Б и треба да бидат
земени предвид во рамки на соодветна временска
рамка, регулатива или индустриски стандард.
Опасност – извор или состојба со потенцијал за
штета во смисла на човечка повреда или
онеспособеност, штета на некој имот или опрема,
на работна средина или комбинација од сите нив.
Идентификација на опасноста е процес на
признавање дека опасноста постои и дефинирање
на нејзините карактеристики.
Цели на системот за З&Б при работа – се цели во смисла на
перформанси кои си ги поставува организацијата за да ги
постигне и кои треба да се квантифицираат секогаш кога е
тоа практично изводливо.
Опсервација на здравствената состојба – мониторинг на
здравјето на луѓето за да се детектираат симптомите од
намалена работна способност поврзани од работата, така
што можат да се преземаат чекори за елиминирање или
намалување на веројатноста од идни оштетувања.
Професионална онеспособеност – е оценето односно
предизвикано влошување на работната способност на
работник или на работната средина.
Инцидент – е непланиран настан кој има потенцијал да води
кон несреќа.
Интерни фактори – сили во организацијата кои можат да
афектираат во интерна реорганизација, промена на
организациска култура или испорачување на политики за З&Б
при работа.

Менаџмент систем – композит на персонални односи, ресурси,


политики и процедури, односно компоненти кои имаат взаемна
интеракција во организацијата со цел да обезбедат
извршување на дадени задачи или да се постигнат и одржуваат
специфични резултати.
Организација – компанија, операција, фирма, претпријатие,
институција или асоцијација или дел од нив, приватна или
јавна, која има свои функции, и администрација. За
организации со повеќе функции или оперативни единици,
една оперативна единица може да се дефинира како
организација.
Ризик – комбинација на можност и последица од
настанување на специфичен опасен настан.

Проценка на ризик – општ процес на оценување на


магнитудата на ризик и одлучување дали ризикот
може да се толерира или прифати или не.
Преглед на состојбата – формална процена на ПЗ&Б
на менаџмент системот.

Таргет – детално барање за перформансите,


квантифицирано, доколку е можно, се однесува на
организацијата, а произлегува од поставените цели
во областа на ПЗ&Б и треба да биде исполнет за да се
постигнат тие цели.
Менаџмент систем за ПЗ&Б при работа

• Сите погоре наведени елементи треба да


бидат инкорпорирани во менаџемент
системот за управување со ПЗ&Б при
работа, но во колкава мера ќе биде
застапен секој од нив зависи од видот на
организацијата, нејзината големина,
природата на активностите, опасностите и
условите во кои тие се изведуваат.
Елементи на успешен менаџмент систем
на ПЗ&Б
Почетен преглед на состојбата
• Организацијата треба да го земе предвид.
• Се прави за да обезбеди информации кои ќе влијаат на одлуките
за обемот, адекватноста и имплементацијата на тековниот систем
како и да обезбеди основа за мерење на напредокот во оваа
смисла.
• Треба да даде одговор на прашањето „Каде сме сега“?
• Прегледот дава споредба на постојните аранжмани со:
- Барања поврзани со релевантна легислатива поврзана со
менаџмент на З&Б
- Постојниот водич за управување со системот за З&Б
- Добри практики и перформанси на организации од ист сектор
- Ефикасност и ефективност

You might also like