You are on page 1of 15

ЗАШТИТА ОД ПОЖАР И ЕКСПЛОЗИЈА

ПАТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА
ВО СКЛАДИШТА

ВИКТОР РИСТОВСКИ 621


ВОВЕД

Огнот кој пали и уништува се пред себе се нарекува


пожар. За да се случи пожар потребно е да има горење
кое претставува бурна хемиска реакција помеѓу
запалив предмет и кислород при што се ослободува
големо количество на топлина. Пожарот е процес на
неконтролирано согорување со кое се загрозува
животот и здравјето на луѓето, материјалните добра и
животната средина. Поради тоа потребно е да се
превземат мерки кои вклучуваат заштита и превенција.
ВИДОВИ НА СКЛАДИШТА
Ладилници
Дневни
Силоси
Високорегални
Затворени складишта

Според големината се делат на:


Мали (до 1000 m2)
Средни (од 1001 до 3000 m2)
Големи (над 3001 m2)
затворено складиште
ЗАШТИТА (ПРЕВЕНЦИЈА) ОД ПОЖАР

Планирање и спроведување на превентивни мерки


Ефикасно спречување за избувнување на пожар
Ризикот по животот и здравјето на луѓето,
материјалните добра и животна средина да се доведе
до најниска можна мера
Ограничување и локализирање на пожарот на самото
место на настанување
МЕТОДИ И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

Да се сочува носечката конструкција за одредено


време од избувнување на пожарот
Да се спречи ширењето на пожарот внатре во
складиштето и околу него
Да се спречи ширењето на пламенот на соседните
објекти
Да се овозможи сигурна и безбедна евакуација на
луѓето, односно нивно спасување
Архитектонско – градежните мерки ги подразбираат
сите пропишани методи и мерки од аспект на примена
на архитектурата и градежништвото во превентивната
заштита од пожар и експлозија како на сите градби така
и на складиштата:
Локација и положба на градбата
Потврден степен на отпорност на пожар и
применетиот градежен материјал
Противпожарни врати, ѕидови и прегради
Пожарни сектори
Пожарни скали
Хидрантска мрежа
Пат за евакуација
Техничко – технолошки мерки од аспект на
машинска и електро инсталација и опрема
вградена во градежниот дел со цел за превентивна
заштита од пожар и експлозија:
Системи за рано откривање (дојава) на пожарот
Јаглероден моноксид и експлозивни гасови
Активен и пасивен систем за гаснење на пожар со
вода, пена и аеросоли
Мобилијар за гаснење
Противпожарни клапни и димоводи
Системи за вентилација и одимување
Автоматски противпожарни склопки и осигурачи
Резервен систем за напојување
ПАТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА (ИЗЛЕЗЕН ПАТ)

Пат за евакуација е патот на луѓето кои се движат од


местото каде се затекнале за време на пожарот до
излезот од складиштето на ниво на улица или пат
односно земја, вклучувајќи го и движењето вон
складиштето. Патот за евакуација во случај на пожар е
према слободен безбеден простор кој мора да биде:
Непрекинат
Рамен со што помалку кривини
Секогаш слободен и незаглавен
Правецот према излезот за евакуација се означува на
подот со стрелки во жолта боја. Патот мора да биде со
ширина од најмалку 0.8 m ограничен со светлозелена
трака со ширина од 10 cm. Ознаките треба да бидат
лесно читливи и да не бидат затскриени.

Вратите на патот за евакуација мора да бидат широки


најмалку 0.8 m и мора да се отвораат во смерот на
излегување.

Скалите наменети за евакуација мора да бидат широки


најмалку 0.8 m и изградени од несогорлив материјал
отпорен на пожар.
Постојат законски прописи за должината на патот до
излезот. Најголемата должина на патот од складиштето
до излезот пропишано е да биде до 22 m.
Времето на евакуација на вработените зависи од
моменталниот број на луѓе, ширината на скалите и дали
времето е топло или ладно.
ПРИСТАП НА ПОЖАРНИ ВОЗИЛА

Складиштата во зависност од тоа каде се наоѓаат мораат да


имаат пристап за противпожарните возила и тоа:
 Мали складишта – најмалку од една страна
 Складишта со средна големина – најмалку од две страни
 Големи складишта и ладилници – најмалку од три страни
 Силосите – од сите четири страни

Противпожарните пристапи се делат на:


 Противпожарни приоди
 Површина за оперативна работа на противпожарните возила
За да се користат адекватно за тоа што се наменети
(локализирање и гаснење на пожар) противпожарните
пристапи потребно е да бидат:

Видливо означени согласно Законот за заштита од пожар


или по правило на техничката практика
Да има слободно движење на противпожарната техника (да
не се поставуваат градби или да не се садат високи дрвја
измеѓу надворешните ѕидови на стовариштето и
површината за оперативна работа)
На површините кои се наменети само за противпожарни
возила да се постави рампа како не би влегувале други
возила
Мора да бидат проодни по целата своја површина
ХИДРАНТСКА МРЕЖА

Хидрантска мрежа за гаснење на пожар претставува збир на


цевководи, уреди и опрема со кои водата за гаснење на пожарот се
води од сигурниот извор до опожарениот простор. Постојат
неколку типови на хидрантска мрежа и тоа:

Надворешна која е изведена надвор од складиштето и завршува со


надземен или подземен хидрант
Внатрешна која е изведена внатре во складиштето и завршува со
пожарникарска цевка со спојници и млазници
Сува која е сува во цевководот се до управувачкиот вентил кој служи за
испуштање на водата
Мокра која секогаш е исполнета со вода под притисок до управувачкиот
вентил на секој хидрант
ЗАКЛУЧОК

Заштитата од пожар и експлозија мора и се остварува преку:

Организирање и припремање на субјектите за заштита од


пожар за спроведување на сите мерки по закон за заштита
од пожар
Обезбедување на услови за спроведување заштита од пожар
Превземање на мерки и задачи за заштита и спасување на
луѓе, материјални добра и животната средина во тек на
избувнувањето на пожарот
Надзор и контрола на примената на мерките за заштита од
пожар

You might also like