You are on page 1of 16

ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА

Повторување
 Прва Балканска војна
 Втора Балканска војна
 Воена поделба на светот
 18. Кој бил избран за прв претседател на САД?
 Кога и каде била формирана Македонската
револуционерна организација(МРО)?
 Кога е прогласена независноста на албанската
држава?
 Мировниот договор во Букурешт и последиците по
Македонија
Причините за војната
 Нова воено-економска поделба на
светот
 Поделба на зони на влијанија во светот
 Колонијална борба за територии
 Француско-германско ривалство во
Европа, руско-австроунгарско на
Балканот, желба за територии на
Големите сили во Африка и Азија
Поделба на Големите сили на два
воено политички блока
 АНТАНТАТА – Русија, Франција и Велика
Британија
 ЦЕНТРАЛНИТЕ СИЛИ – Германија, Австро-
Унгарија, Италија
Повод за Првата светска војна
 Атентатот-убиството на Австроунгарскиот
престолонаследник Франц Фердинанд од страна на
Гаврило Принцип-член на организацијата “Млада
Босна” – 28 јуни 1914 год. во Сараево.
 Австро-Унгарија ја обвинува Србија за
атентатот и поставува ултиматум, кој Србија
го одбива и со тоа започнува Првата светска
војна
Поделба на силите
 На страната на Србија биле силите на
Антантата, а Германија и Турција на
страната на Австро-Унгарија
 Покасно на страната на Антантата се
приклучиле Италија и Романија, а кон
Централните сили се приклучила
Бугарија
Текот на војната
 Војната се водела на три фронта: Западен,
Источен и Јужен фронт
 Најтешки битки во текот на Првата светска
војна се воделе кај градот Верден(Франција),
Мазурските езера(Полска), и на територијата
на Србија и Македонија(јужен фронт)
 Во 1917 влегуваат САД во војната
 На 11 Ноември 1918 год. Завршува Првата
светска војна со примирјето потпишано во
градот Конпјен(Франција)
Позиција на српската артилерија кај реката Колубара
Војници на Велика Британија во ровови кај реката Сома-Франција
Позиции на руската војска на Источниот фронт
Последици од војната
 Огромни човечки жртви – 10 милиони загинати
 Уништување на економијата во Европа
 Уништување на голем број европски градови
Париските мировни договори
 Париските мировни договори биле одржани
во Версај-Париз(1919-1920). Тие биле една од
главните причини за Втората светска војна.
Националните прашања се решавале “со
право на силата а не со сила на правото”
Карта на Европа после Првата светска
војна
Повторување
 Кога и каде биле одржани Париските мировни
договори?
 За што биле причина Париските мировни договори?
 Кои биле причините за Првата светска војна?
 Кој бил поводот за Првата светска војна?
 Кога започнала Првата светска војна?
 Објасни ја воената поделба на светот во Првата
светска војна
 Кои биле последиците од Првата светска војна?
 Кога завршува Првата светска војна?
 Каде се воделе најтешките битки?
 На колку фронта се водела Првата светска војна?

You might also like