You are on page 1of 9

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА (1939 - 1945)

1. ПОЧЕТОКОТ и ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1939 - 1941)

1. Причини за Втората светска војна - Причините за Втората светска војна


лежеле во спротивностите големите империјалистички земји. Тие спротивности
биле предизвикани главно од нивниот нерамномерен, како политички, така и
економски развој. Разликите, а со тоа и спротивностите постојано се зголемувале,
проширувајќи го јазот помеѓу нив. Незадоволните земји од Првата светска војна,
главно тоа биле фашистичките Германија, Италија и Јапонијасе подготвувале за
нова војна, но исто така незадоволни биле и победничките (антиревизионистички)
земји. Така, Германија како поразена не била задоволна од резултатите од Првата
светска војна, бидејќи на Версајската конференција ги загубила и оние малку
колнии што ги имала, како и некои богати области од својата државна територија
(Сарската и Рајнската област) и притоа била задолжена на земјите победнички да
им плаќа воени репарации. Слични незадоволства покажале и другите фашистички
земји. Наспроти нив, демократските капиталистички земји Англија, Франција, САД
и другите не сакале промени. Тие настојувале да го зачуваат т.н. Версајски систем
на односи воспоставен по завршувањето на Версајската конференција (28 јуни 1919
година) во Европа и светот, а со тоа и мирот во светот. За таа цел во периодот меѓу
двете светски војни биле формирани системи за колкетивна безбедност (Мала
Антанта - 1920 - 1922 година (Кралство СХС, Чехословачка и Романија);
конференцијата во Локарно - Швајцарија - 1925 година на која по иницијатива на
Велика Британија бил потпишан пактот за зачувување на границите помеѓу
Германија, Франција и Белгија, но била направен пропуст во однос на границите
помеѓу Германија, Полска и Чехословачка; пактот Бријан - Келог - 1928
година со кој 6 држави САД, Франција, Велика Британија, Германија, Италија
и Јапонија се одрекле од војната како средство за зачувување на светскиот
мир и Балканската Антанта - 1934 година (Кралство Југославија, Романија,
Грција и Турција) против Бугарија) и одржани бројни конференции на кои се
дискутирале и решавале бројни политички и економски прашања (Спа - Белгија -
1920 година; Вашингтон - САД - 1921 година; Џенова - Италија - 1922 година;
Париз - Франција - 1923 година и Локарно - Швајцарија - 1925 година). Од тие
причини овие земји им правеле низа отстапки на фашистичките држави.
Нацистичка Германија раководена од Адолф Хитлер, со својата голема и
најсовремено вооружена војска, охрабрена од дотогашните напречени освојувања,
сметала дека веќе е дојден погодниот момент за нова војна во која ќе се исполни

1
светска доминација и ќе се реваншира за претрпениот пораз во Првата светска
војна. Меѓутоа, за да го избегне војувањето на два фронта, таа ги искористила
несогласувањата што настанале помеѓу СССР и западните буржоаско -
демократски држави и склучил пакт за ненапаѓање со СССР на чие чело тогаш се
наоѓал Сталин на 23 август 1939 година (Рибентроп - Молотв пакт). Во тој пакт
постоел и таен протокол за поделба на интересните сфери на влијание во Источна
Европа. Сталин тогаш погрешно мислел дека ќе стои настрана кога
капиталистичките земји меѓусебно ќе се уништуваат, па со тоа на крајот според
него ќе се создадат поволни услови за победа на социјализмот и во тие земји. Во
овој период Германија веќе претставувала опсност за светскиот поредок, а во
светот сеформирале две групи на капиталистички земји: фашистички и
демократски, кои забрзано се посготвувале за војна. Започнало и поврзување на
земјите и создавање на воено - политички блокови, а први започнале да се
групираат фашистичките земји преку потпишување на поединечни и заеднички
спогодби. Така, уште во октомври 1936 година била склучена спогодбата меѓу
Германија и Италија, а во ноември 1936 година и спогодбата меѓу Германија и
Јапонија, на која во почетокот на 1937 година и се приклучила и Италија. На тој
начин бил формиран т.н. Антикоминтерна пактот помеѓу Германија, Италија
и Јапонија. Од овој пакт подоцна во септември 1940 година со проширување бил
формиран Тројниот пакт познат под името Оска Рим - Берлин - Токио. На таков
начин бил создаден првиот воено - политички блок, кој бил мошне воинствен и
агресивен. Другиот блок во почетокот го сочинувале Велика Британија и
Франција, а со почетокот на Втората светска војна во 1941 година кон него ќе се
приклучат и САД и СССР и со текот на времето кон него пристапиле сите земји
што биле нападнати од Силите на оската со што била формирана
Антифашистичката или Антихитлеровската коалиција.
2.Фашистичките агресии пред Втората светска војна - Многу порано уште
пред почетокот на Втората светска војна дошло до првите агресии на
фашистичките земји. Демократските земји уште неподготвени за војна и
попустливи, овозможиле овие агресии да ја постигнат својата цел. Најагресивни
биле Германија и Италија, а овие агресии претставувале вовед и предизвикување
на Втората светска војна.
Со подготовките за војна и агресиите врз други држави и освојувањето на туѓи
територии, фашистичките држави Италија, Јапонија и Германија започнале веднаш
по доаѓањето на фашистичките партии на власт во овие земји (по 1919 година).
АГРЕСИИ на ИТАЛИЈА - Фашистичка Италија прва започнала со своите агресии
уште во 1923 година освојувајќи го островот Крф, а поцна и островот Крит за

2
да го прошири своето влијание во Албанија. Во 1924 година ја анектирала Риека
на далматиснкото крајбрежје.
Најтешката и најжестока агресија Италија ја започнала во октомври 1935
година врз Етиопија со што започнала италијанско - етиопската војна. Целосно
вооружана италијанската војска војувала сосиромашниот и беден етиопски народ, а
во истовреме целиот мирољубив и слободољубив свет застанал на страната на
храбриот етиописки народ, кој постојано пружал жилав отпор и со сета сила ја
бранел својата земја. Воената надмоќ и попустливиот и незаинтересиран став на
западните земји и Друштвото на народите, придонеле отпорот на етиопскиот народ
да биде скршен, па во мај 1936 година Италија ја претворила Етиопија во своја
колонија. Неколку месеци подоцна заедно германските нацисти и италијанските
фашисти уште во првите денови ја поддржале побуната на шпанскиот генерал
Франциско Франко против Шпанската република.
Силниот отпор на шпанскиот народ против фашизмот довел до директно
мешање на Италија и Германија во граѓанската војна. Тие испратиле оружје и
војски, а успеале и да окупираат и некои шпански поседи надвор од земјата.
Целокупната напредна јавност била на страната на шпанскиот народ. Започнале да
пристигнуваат доброволци за одбрана на Шпанската република на страната на
републиканските бранители во чии редови под паролата No pasaran - нема да
поминат, се бореле 35.000 доброволци од 69 држави организирани во
интернационални бригади кои биле предводени од Долорес Ибарури (Ла
Пасионарија). Меѓутоа, и тука големите западни сили биле попустливи. Додека
Германија и Италија отворено го помагале Франко, Велика Британија, Франција и
СССР преку Друштвото на народите воделе т.н. политика на немешање. Од СССР
пристигнувале голем број на доброволци и инструктори во Шпанија, но Сталин
настојувал борбата на шпанскиот народ да ја потчини на интересите на својата
надворешна политика. Сето ова придонело за нов успех на фашизмот, со што на 1
април 1939 година Франциско Франко победил и фашизмот како идеологија се
зацврстил во Шпанија.
На 5 април 1939 година 30.000 италијанска војска се истоварила на
пристаништето Драч и започнала окупација на Албанија, откако Ахмед Зогу и
владејачката гарнитура ја напуштиле земјата. На 12 април 1939 година за само
една недела Албанија била окупирана и им послужила на италијанските војски
како база за идните италијански акции на Балканот - против Грција и Југославија.
АГРЕСИИ на ЈАПОНИЈА - Втора со агресивните освојувања започанал Јапонија.
Јапонските војски уште во 1931 година навлегле во Манџурија, освојувајќи го
Мукден, главниот град на оваа земја, а наскоро потоа и цела Манџурија. Таа набрзо

3
била претворена во марионетска држава на Јапонија наречена Манџуко. Следната
година во 1932 година Јапонија извршила напад и на Кина со бомбардирање на
Шангај од воздух и од море, а истовремено јапонските војски навлегле во
северните провинции на Кина. За да има слободни раце во агресивната политика
Јапонија во 1933 година го напуштила Друштвото на народите, а јапонската
агресија на Кина била привремено прекината. Најпосле, во јули 1937 година
Јапонија ја започнала инвазијата на Кина и војната што траела сè до 1945 година.
Во жариштето на оваа војна што ја предизвикала Јапонија од особено значење биле
и граничните судири на јапоснко - советската граница.
АГРЕСИИ на ГЕРМАНИЈА - Веднаш по зацврстувањето на нацистите на власт во
Германија, таа започнала подготовки за војна и за кратко време изградила силна
воена индустрија и силна модерно вооружена војска. Адолф Хитлер потпирајќи се
на моќниот воено - полициски апарат (моќната војска, СС и СА одреди и тајната
полиција Гестапо) почнал со реализиција на својата нацистичката политика:
антисемитизмот, антикомунизмот, расизмот и експанзионизмот. Паралелно
со тоа Германија започнала да ги вршии првите освојувачки агресии за што била
охрабрена и од неодлучноста и попустливоста на западните демократски земји. Во
1933 година Германија го напуштила Друштвото на народите за да има слободни
раце во изведување на агресивната политика. Во 1935 година Хитлер насилно ја
приграбил Сарската област богата со руда од Франција, која на Париската
мировна конференција и била дадена на 15 години управување. Истата година во
Германија нацистите ги донеле познатите Нирнбершки закони со што на Евреите
им се одземале сите граѓански права, државјанство, право на глас, право на
државна служба, забрана да седат Германец до Евреин на клупа на јавно
место, браковите помеѓу Евреите и Германците биле забранети и
задолжително Евреите да ја носат жолтата Давидова ѕвезда. Како кулминација
на сè, била т.н. Ноќ на скршеното стакло (Кристална ноќ), ноќта на 9 кон 10
ноември, кога 17 - годишниот Хершел Гринцпан го убил германскиот амбасадор
во Париз, Ернст фон Рат се сметало за официјален почеток на холокаустот.
Користејќи ги аргументите на ова убиство, нацистите го оправдале првиот Прогон
против Евреите. Истата ноќ, деведесетина Евреи биле убиени, над
500 синагоги биле запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите биле
искршени. Веднаш потоа, се случило првото масовно апсење на поголема група
Евреи, околу 26.000 кои биле однесени во концентрациони логори. Оваа
антиеврејска политика кулминирала во времето на Втората светска војна кога
6.000.000 Евреи биле убиени во концентрационите логори (Аушвиц - Биркенау,
Треблинка, Матхаузен, Белзец, Собибор, Јесеновац). Следната 1936 година ја

4
ремилитаризирал и богатата Рајнска област, важна за развојот на неговата воена
индустрија.
Според Версајскиот мир Германија и Австрија не смееле да се обединуваат,
но Хитлер тоа не го почитувал, а западните сили не го принудувале на тоа, па на 11
март 1938 година, германската војска влегла во Австрија и со тоа била извршена
уште една германска агресија позната како Аншлус (анексија - присоединување).
Аншлусот бил вовед за завладување со Чехословачка. Хитлер го искористил
недоразбирањето помеѓу чехословачката буржоазија, фашистичкото движење во
Судетската област каде што имало најголем број на Германци и попустливоста
на западните сили, па испратил барање да му се отстапи Судетската област.
Истовремено се истоварила огромна војска на границата со Чехословачка
подготвувајќи се да ја прегази. По прашањето за Чехословачка политиката на
попуштање на фашизмот од страна на демократските земји ја достигнала својат
кулминација. Народите на Чехословачка со поддршка на демократските народи од
светот биле подготвени да се спротивстави на фашизмот, но сето тоа било залудно.
Сепак, Чехословачка била предадена во септември 1938 година со потпишувањето
на Минхенската спогодба потпишана од страна на Хитлер, Мусолини,
Чемберлен и Деладје. Прво на Германија и била отстапена Судетската област, а
подоцна шест месеци во март 1939 година и цела Чехословачка била окупирана.
На нејзина територија била создадени Чешкиот протекторат под германска
власт и сателитската држава Словачка, која пристапила кон Тројниот пакт.
Следниот агресивен акт на Германија бил против Полска и тоа ќе го означи
поводот и почетокот на Втората светска војна.
3. Политиката на СССР пред Втората светска војна - Политиката и ставот на
СССР во меѓународните односи во периодот меѓу двете светски војни биле
одредени од посебната положба во којашто се наоѓала првата социјалистичка земја
во светот. Капиталистичките земји и по воспоставувањето на дипломатските
односи со недоворбе гледале кон СССР. Отстапките што тие им ги правеле на
фашистичките земји повеќе биле раководени од нивното убедување за опасноста од
ширењето на болшевизмот. Меѓутоа, кога фашистичките земји се вооружале и
станале реална опасност и за демократските земји и за светскиот мир, западните
демократски земји во текот на 1939 година започнале преговори со СССР за
создавање на систем за колективна безбедност, одбрана со кој би му се
спротивставиле на фашизмот. Реакционерните кругови на Запад не сакале спогодба
со СССР, но и Сталин правел несолидни комбинации, притоа не водејќи доследна
антифашистичка политика. Во такви околности тој верувал дека ќе дојде до судир
меѓу фашистичките и демократските земји и дека СССР ќе остане на страна од овој

5
судир и ќе извлече корист. Ваквите противречности меѓу западните земји и СССР
биле вешто искористувани од страна на фашистичките држави Германија, Италија
и Јапонија за непречено извршење на нивните агресии. Наоѓајќи се во вакви
специфични околности, СССР на 23 август 1939 година склучил со Германија
спогодба за ненапаѓање. Со оваа спогодба биле поделени сферите на влијание во
Источна Европа помеѓу Германија и СССР. Исто така, оваа спогодба и овозможила
на Германија да постигне големи успеси во првите години од Втората светска
војна, бидејќи не морала да војува на два фронта. Западните демократски земји
сфатиле дека агресивните планови на фашистичките земји не се насочени само
против СССР, туку и против нив, па затоа решиле повеќе да не им прават отстапки.
4. Поводот и почетокот на Втората светска војна (1939 - 1941) - Охрабрена од
нерешителноста и незаинтересираноста на западните сили, Германија продолжила
со реализацијата на своите освојувачки планови. На ред била Полска. Повод за
германскиот напад на Полска било германското барање на градот Данцинг
( денешен Гдањск) и тесниот Полски коридор (територијата што ја делела
Германија од Источна Прусија). Полска сметајќи на поддршката од западните
земји го одбила ваквото германско барање. Германија го искористила тоа како
повод и на 1 септември 1939 година ја нападнала Полска. Полска изненадена и
неподготвена ја дочекала војната, а и западните сојузници сами неподготвени не и
дале ефикасна помош на Полска. Веднаш потоа на 3 септември 1939 година и
Англија и Франција и објавиле војна на Германија, откако таа одбила да ги
повлече своите војски од Полскахеројскиот полски народ и војската му пружале
силен отпор на агресорот, особено силен бил отпрот во одбрана на главниот град
Варшава, која паднала во германски раце кон крајот на септември 1939 година.
Во војната за одбрана на Полска влегле и Британските доминиони. Така, за неколку
дена воениот пожар го зафатил поголемиот дел од Европа, а подоцна се пренел и на
другите континенти. На тој начин започнала една од најкрвавите и најразорните
војни во историјата на човештвото, започнала ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. На 17
септември 1939 година од исток во Полска навлегла и советската војска (Црвената
армија). Таа ги окупирала источните делови на Полска што било предвидено со
одредбите од советско - германската спогодба (август 1939 година). Полска била
принудена да капитулира во првите денови на октомври 1939 година, но и под
окупација полскиот народ продолжил да пружа силен отпор и да се бори против
окупаторските војски.
По војната со Полска, германија своите освојувачки походи ги свртела кон
скандинавските земји. Така, во април 1940 година без објавување на војна
Германија ги окупирала Данска и Норвешка. Скандинавските земји биле од

6
посебен интерес за Германија. Таа планирала да изврши заобиколување на Велика
Британија и Франција од север, а сакала и да ги искористи базите и богатствата на
овие земји, а особено се грижела да го обезбеди снабдувањето со железо од
Шведска. Додека Данска била заземена без војна и капитулирала без да пружи
отпор во Норвешка германските војски се сретнале со силен отпор што го пружал
норвешкиот народ и војската. Војната со Норвешка се водела до јуни 1940 година.
Откако германските војски ги окупирале поважните градови и пристаништа во
Норвешка, англиски и француски војски се истовариле во Нарвик и Тронхејм, но
набрзо тие биле поразени, а нивните остатоци се повлекле поради влошената
состојба на францускиот (западен) фронт. Иако, на 9 април 1940 година
германските војски го зазеле главниот град Осло, сепак норвешкиот народ
продолжил да дава жилав отпор. До целосна капитулација на Норвешка дошло и
поради предавството на норвешкиот министер за војска Квинслинг Вадкун, кој под
заштита на нацистите станал претседател на марионетската норвешка влада за
време на војната. Неговото име станало синоним за сите предавници на своите
земји и соработници со окупаторите во Втората светска војна - квислинзи. По
капитулацијата отпорот на норвешкиот народ продолжил и во текот на целата
војна.
За да ги обезбеди своите северни граници и Ленинград, СССР на Финска ќе и
испрати ултиматум за размена на територии. Финска не се согласила со тоа и го
одбила ултиматумот, па кон крајот на ноември 1939 година СССР и објавил војна.
Отпорот на финскиот народ и војската бил силен и придонел војната да продолжи
до пролетта 1940 година. Советско - финската војна се водела зимата 1939/ 40
година, при тешки временски и теренски услови во која Финска ќе активира и
посебна едница скијачи, приспособена за тие временски услови. Пресвртница во
војната се случила со двојното зголемување на советската војска која ја пробила
финската одбрамбена линија со што финската војска била поразена. Со мирот што
бил потпишан во Москва, март 1940 година СССр присоединил делови кон себе
од финската територија.
Во јули 1940 година владата на СССР ù упатила ултиматум и на Романија со
барање да ù ги отстапи областите Бесарабија и Северна Буковина кои биле
населени со Украинци. И овој потег СССР го оправдувал со потребите за
безбедност и заштита на своите сонародницина крајот Романија попуштила пред
советското барање. Истовремено, летото 1940 година СССР ги анектирал и
малите балтички републики - Естонија, Летонија и Литванија. Владата на
СССР ја оправдувал оваа постапка со желбата на народите од овие земји да се
обединат со СССР. Иако, навистина желбите постоеле, начинот на кој тоа било

7
направено, со влегувањето на Црвената армија не било демократски, ниту во духот
на правата на народите засамоопределување. Во март 1941 година СССР склучил
спогодба за ненапаѓање со Јапонија и оваа спогодба била од голема полза за двете
страни.
По објавувањето и почетокот на војната, Велика Британија и Франција не
презеле поголеми воени активности против Германија. Во текот на војната со
Норвешка, Хитлер започнал офанзива на западниот фронт. Француската војска
навлегла во Сарската област, но не ја пробила утврдената Зигфрид - линија. До
мај 1940 година на западниот фронт се воделе само ограничени борби. На 10 мај
1940 година германската команда ја започнала големата офанзива против
Франција, во која на помош пристигнале и англиски војски. Неколку дена
претходно германските војски ги нападнале и окупирале неутралните држави на
Бенелукс - Белгија, Луксембург и Холандија. Преку територијата на овие држави
германската војска навлегла длабоко на територијата на Франција, заобиколувајќи
ја француската одбрамбена Мажино - линија. Изненадени од овој напад војските
на сојузниците биле разбиени и морале да се повлекуваат. Големи делови од
сојузничката војска, во најголем број англиска, се повлекувала кон каналот Ла
Манш, но кај пристаништето Денкерк, сојузничките војски кои чекале бродови
да ги пренесат од другата страна на каналот, на Британските острови, претрпеле
големи порази. Мел дел со британските војски успеале да се префрлат на
Британските острови. Кон крајот на јули 1940 година Франција капитулирала, а 2/3
од нејзината територијасе нашле под нацистичка окупација. Во услови на општа
катастрофа во Франција се појавиле и домашните предавници, како што биле
Филип де Петен, Веган, Лавал и други. Предавниците ја презеле власта во
Франција во свои раце и во јужниот неокупиран дел била формирана квинслишка
влада на чело со маршал Филип де Петен со центар во бањата Виши.
Француските патриоти и антифашисти ја продолжиле борбата, а меѓу нив особено
се истакнал генералот Шарл де Гол, кој пребегнал во Велика Британија и станал
водач на отпорот во Франција, раководејќи со движењето Слободна Франција
против германската окупација. По овие успеси германските војски ги зазеле и
француските колонии во Северна Африка (Алжир, Мароко, Тунис) и ги
претвориле во свои бази.
Фашистичка Италија сакајќи да ги земе рамноправно учество во поделбата
на светот ù објавила војна на Франција. Учеството на Италија на западниот фронт
против Франција не било успешно, па кон крајот на октомври 1940 година Италија
преку Албанија извршила напад над Грција која траела сè до навлегувањето на
германските војски во Грција на 6 април 1941 година. Грчката и 3 англиски

8
девизии што биле дојдени како помош на Грција давале силен отпор, но и покрај
тоа таа на крајот капитулирала. Грција била окупирана од германски, италијански
и бугарски војски. Фашистичките окупатори во Грција вршеле невиден терор што
предизвикало силен отпор од странан а грчкиот народ, кој уште во октомври 1941
година создал силно националноослободително движење. Паралелно со војната во
Грција, Хитлер ја започнал и војната со Југославија на 6 април 1941 година. За
неколку дена и таа била окупирана, а окупаторот и во неа вршел терор, грабежи,
денационализација и физичко истребување на луѓе со помош на домашните
предавници. Меѓутоа, уште на самиот почеток југословенските народи биле
организирани под раководство на КПЈ и развиле силно партизанско,
антифашистичко народноослободително движење.
Италијанските војски по окупацијата на Балкан презеле офанзивни дејства и
во Северна Африка. На фронтот во Либија италијанските војски успеале да ги
потиснат британските војски до реката Нил. Меѓутоа, во декември 1940 година
Англичаните презеле противофанзива и ги истиснале италијанските војски 800 км
на фронтот во Либија.
По победата над Франција, Германија започнала да се подготвува за инвазија
над Англија. Битката за Англија, Хитлер ја започнал во јули 1940 година, според
претходно подготвуваниот план за напад Морски лав, откако Англичаните ја
одбиле понудата за мир. Англија во војнички поглед сè уште не била доволно
подготвена, а Германија за разлика од неаимала бројна и подготвена војска,
одлично воздухопловство и силна подморничка флота, а се снабдувала од цела
окупирана Европа, па и од некои неутрални земји. Битката започнала со
бомбардирањето на германската авијација од воздух уништувајќи значајни
индустриски и градски центри, меѓу кои посебно настрадал Лондон. Германските
подморници го засилиле нападот и врз англиските воени и транспортни бродови.
Во овие тешки моменти за Англија, голема и значајна била моралната и
материјална помош од САД. Англискиот народ херојски ги поднесувал сите
тешкотии и со голема упорност продолжувал да се бори, при што ваквата англиска
упорност ќе ја скрши германската офанзива. Германските напади што се
изведувале според плано „Морски лав“ не ја постигнале целта. Велика Британија
успешно се одбранила, а Германија била принудена да ја дложи инвазијата на
Англија за неодредено време, со што и борбите се смириле. Германија во тие
моменти била заплашена од Исток, бидејќи дошло до влошување на германско -
советските односи, па Германија започнала да се подготвува за напад над СССР.

You might also like