You are on page 1of 1

Силите на Оската и Балканските земји

На 27ми Септември Германија и Италија го зацвртиле својот сојуз со тоа


што кон нив се приклучила ЈАПОНИЈА. Така се создал ТРОЈНИОТ СОЈУЗ -
ОСКАТА РИМ-БЕРЛИН-ТОКИО.
Подоцна кон сојузот се приклучиле: Финска, Унгарија, Бугарија, Романија,
Албанија..
Балканот бил чист пример за нерешени територијални и национални
прашања, а балканските земји биле непријателски расположени едни кон
други.
 Силите на оската вешто и лесно ги придобиле реакционерните
сили на балканските народи.
Нестабилната политика на владата Цветковиќ-Мачек во Кралството
Југославија на 25 март 1941 година потпишала пристап кон
Тројниот пакт.
Ваквиот пристап предизвикал демонстрации. на 27 март 1941
година владата Цветковиќ-Мачек била симната од власт, а на нивно
место бил поставен Петар II.
Бугарија водела активна политика за ревизија на Нејскиот
и Букурешкиот мировен договор и барала да и се вратат загубените
територии ,а СХС, Грција,Турција и Романија воделе
активна антиревизионистичка политика.
Бугарија имала претензии кон изгубените територии од Прва
светска војна па затоа се свртила кон Тројниот пакт.
Велика Британија и Франција биле за антиревизионистички земји, а
Германија и Италија ги поддржувале ревизионистичките држави. Во 1939
година,на Велики петок,Италија воспоставила ,,нов светски
поредок’’. Во1941 година, Бугарија се приклучила кон Тројниот пакт и
одбила да склучи договор со СССР за ненапаѓање и пријателство помеѓу
двете земји.По капитулација на Франција во 1940 година, по разговорите во
Романија, ЈужнаДобруџа и се вратила на Бугарија. Во октомври 1940
Италија ја нападнала Грција и во 1941 Германија ја поразила Грција.
Романија во 1939-40 годинабила принудена да му отстапи територии на
СССР и Унгарија,додека воокупираните земји фашистичките сили
формирале влади:во Србија на чело со Недиќ, во Грција со
Чолакоглу, во Хрватска со Анте Павелиќ и во Романија со Јон
Антонеску.

Бојана Каламукоска 9а

You might also like