You are on page 1of 2

1.

Политичко-економски прилики
 По Втората светска војна во светот се случија општествено - политичко економски промени.
 Поголем број на земји во светот го задржале капиталистичкиот систем, а некои земји
(Источна Европа и Балканот) се определија за воспоставување на социјалистичко уредување .
 Некои балкански земји ( според договорот од Јалта ) : Романија , Бугарија , Албанија и Југославија
потпаднале под советско влијание и се воспостави социјалистички систем на уредување, а Грција
и Турција останале под западното влијание со капиталистичко државно уредување .
 Во социјалистичките земји влaста поминала во рацете на комунистичките партии што воведоа
систем на диктатура на еднопартиски систем - пролетеријаот
 Во сите социјалистички земји се воведе еднопартиски систем , се укинала приватната
сопственост и пазарната економија, се воведе т.н. општествена сопственост и планска економија
а марксизмот стана единствена државна идеологија .
 Во сите социјалистички земји биле укинати монархиите и се воспоставило републиканско
уредување.
 По 1945 година , во сите социјалистички земји се : спроведуваа аграрни реформи, се
национализирле средствата за производство , почнал процес на присилна
колективизација и индустријализација и се вовела политика на планска економија . Во
Југославија , по судирот со СССР од 1948 година , се отстапи од социјалистичката економска
политика на државен социјализам и се прифати сопствена политика за економски развој-
самоуправување.
2. Криза на социјслидтичкиот систем
 Брзата индустријализација, присилната колективизација, високата акумулација за проширена
репродукција и увоз на странски капитал, придонеле социјалистиките земји од Балканот да
влезат во длабока економска и политичка криза .
 Југославија почна да отстапува од догматскиот социјализам и општеството и еволуативно почна
да се демократизира. Во рамките на самоуправен политички систем во економијата се
воведуваат елементи на пазарна економија .
 На 10 ноември 1989 година , Тодор Живков со дворски удар е отстранет од власта во Бугарија .
Во декември 1989 година , Николае Чаушеску е принуден да замине од власта во Романија .
 Во Албанија по смртта на Енвер Хоџа почна процесот на демократизација , а слични процеси се
случиле и во другите балкански земји .
 Во сите овие земји се демократизира општеството , се вовела пазарна економија и започнал
процесот на приватизација . Овој процес на преминување од еден општествено политички
систем во друг е познат како период на транзиција.
3. Распаѓање на Југославија
 Југославија по Втората светска војна беше уредена врз федеративен принцип .
 Судирот помеѓу српскиот хегемонизам и тенденциите за национално политичка еманципација на
несрпските народи беше всушност основнатa причина за распадот на Југославија .
 Во 1991 година , по една кратка војна , Словенија ја прокламира својата не зависност .
 Во истата година Хрватска , со крвава и долготрајна војна стана независна држава .
 Во 1992 година , по успешен референдум и Босна и Херцеговина стана не зависна држава . По
крвавата граѓанска војна и по Дејтонската спогодба ( 1995 година ) , независноста на Босна и
Херцеговина беше меѓународно призната .
 На 8 Септември 1991 година по успешен референдум и Македонија ја прокламираше својаша
независност. Се формира независна држава Република Македонија со околу два милиони
жишели,
 Остатокот од Југославија ( Србија и Црна Гора ) ја формираа т.н. Трета Југославија .
 Од 2003 година Југославија го менува името и се нарекува Заедница на Србија и Црна Гора
4. Надворешна политика
 Во зависност од спроведените реформи во системот , тие во различно време ќе се интегрираат
во ЕУ ( Европска Унија ) и во атлантските структури .
 Бугарија и Романија се очекува да се интегрираат во 2007 година , а т.н. Западен Балкан :
Македонија Србија и Црна Гора , Албанија и Хрватска се очекува да се интегрираат покасно .
 Надворешната политика на балканските држави и нивното вклучување во европските
интеграциони процеси ќе зависи од брзината на процесот на транзицијата и плурализмот
( повеќе партиски систем ) во државите

You might also like