You are on page 1of 7

Слободна и независна

Македонија
Општо
• Ден на независноста на Македонија е државен празник кој се
празнува во Македонија на 8 септември.Празникот ја означува
сувереноста, независноста и самостојноста
на Македонија и македонскиот народ.
• Независна Македонија била идејна концепција на Македонците,
меѓу двете светски војни , за решавање на македонското прашање
преку создавање на самостојна македонска држава,односно
нејзината идеја за создавање на автономна Македонија.
Концепцијата својата конечна форма ја добила со виенските
разговори помеѓу ВМРО и Коминтерната за создавање на
единствено македонско револуционерно движење и обединувањето
на македонскиот народ околу идејата за Независна Македонија.
Историја
• Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот
на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од
декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се
определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24
јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин
дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана.
Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и
повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
• Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Соборот независност
прогласила и Хрватска. На 6 мај избиле нереди, а потоа дошло и до престрелки
во и околу поморската база „Лора“ во Сплит. Сплитските настани биле почеток
на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската
народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добивале сè повеќе на
интензитет, се прошириле и пераснале во отворен оружен конфликт.
• Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Европската заедница ја
донела Декларацијата за Југославија. Биле потпишани и два документа -
Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе
следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на
ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.

Потпис на Декларацијата ставиле тогашниот претседател на
претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен
совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од
името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на
Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш
претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше
неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на
изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на
употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се
предвидуваа ригорозни санкции.
Референдум
• На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од
граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на
референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со
право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
• Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот.
Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на
Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не
биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или
повреди на одредбите на Законот за републички Референдум.
Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на
глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена
Македонија.
Првата прослава
• По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале
на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. каде Македонското
радио организирала свеченост насловена Глас за Македонија со настап на
стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните
граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги
доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.
• Идниот прв Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, се
обратил кон македонскиот народ со историскиот говор: „Граѓани и
граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и
граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна
Македонија“.
• Вакви спонтани прослави биле организирани и во Битола, Охрид и во
другите градови низ новата Република.
Карта на Илинденската организација на која е прикажана
Македонија во нејзините географски и етнографски граници.

You might also like