You are on page 1of 7

БРУСЕЊЕ

Изработено од николовска мартина


Обработка со брусење
Процесот на обработка со режење се одвива со строго определена кинематика на
релативно движење помеѓу резачкиот алат и обработуваното парче. Кај машините за
обработка со режење се разликуваат основни и дополнителни движења.
• Основните движења се изведуваат во текот на процесот на обработка.
• Дополнителните движења се изведуваат на почетокот или на крајот на процесот на
обработка или во прекините на обработката. Со дополнителните движења резачкиот
алат или обработуваното парче се доведуваат во точна меѓусебна положба пред да
започне конкретниот процес на режење. Цилиндрично брусење Основните движења при
обработка со цилиндрично брусење се делат на главно и помошно движење, Главно и
помошно движење при обработка со цилиндрично брусење Главното движење го
овозможува процесот на режење и создавањето на струшка. Кај обработката со
цилиндрично брусење, главното движење го изведува резниот алат (тоцилото), како
ротационо движење околу неговата оска. Кружното помошно движење го изведува
обработуваното парче, додека праволиниското помошно движење го изведува алатотот
Брусењето најчесто се користи при завршна
обработка на материјали, бидејќи се
постигнува голема точност и квалитет на
површината. Брусењето може да биде рачно
или машинско. Брусните средства т.н.
абразиви се остри ситнозрнести материјали со
голема тврдост и жилавост.
Абразивните материјали се применуваат во
повеќе облици: брусни камења, брусни зрнца
залепени на брусна подлога од хартија или од
платно, брусни пасти и сл.
Основата на рачното брусење е наједначната
транзиција на абразивот на површината на
работното парче, со цел да се добие еднаква
површина. Машина за брусење се нарекува
брусалица.
Според видот на подлогата, постојат брусни
средства со подлога од брусна хартија или со
подлога од брусно платно (ткаенина). Најчесто
подлогата е повеќеслојна им­прег­ни­рана натрон-
хартија со зголемена цврстина и флексибилност
– фибер-хартија. Подлогата од ткаенината е
платно, кое во минатото се изработувало од
памук, а денес сè почесто од јаки синтетички
влакна. Според потеклото на материјалите од
кои се изработуваат брусните зрнца, се делат на
две групи: природни и вештачки.Природни
материјали за брусни зрнца се: кремен (флинт),
гранит, корунд и други. Вештачки материјали
се: електрокорунд, силициум карбид, стакло,
челична волна и др. Видот на абразивот зависи
од тврдос­та на материјалот што се бруси.
Брусните зрнца се фиксираат на подлогата со лепило.
Лепилата треба да бидат со голема моќ на лепење, еластични и отпорни на
зголемена температура.
На сликата е прикажан пресек на брусно средство:
подлога - брусно платно (1), основен и покривен слој од лепило (2 и 3) и брусни
зрнца (4)

4
3
2
1

Гранулацијата на брусното средство се изразува со бројот на отворите на стан­


дардните сита што се користат за просејување на абразивниот материјал.Поситните
абразиви имаат ознака со поголем број.
Мрежаста шмиргла со гранулација:
80, 120, 150, 180, 240, 320, 400.
Предноста на оваа шмиргла во однос
на стандардната хартиена шмиргла е
тоа што не се полни и не прави
прашина.

Скоч брајт – волнест абразив


наменет за шмирглање на
тешко достапни места или
матирање, со гранулација: 360, Сунѓераста
1500, 2000, 2500. шмиргла за суво
шмирглање во
димензија
115mm125mm со
гранулација од 150
Блок шмиргла со груб или фин до 1000
гранулат,наменет за дрвна
индустрија за шмирглање на
аглести површини
Кружна шмиргла

You might also like