You are on page 1of 5

ОТПЕЧАТОЦИВО ФИКСНА ПРОТЕТИКА

Отпечатувањето претставува најчесто трета клиничка фаза во изработка на


една вештачка забна коронка, кое се спроведува веднаш по завршената
препарација. Со отпечатувањето се добива негатив од состојбата во устата на
пациентот, односно отпечаток. За да се изведе оваа клиничка фаза потребни се
лажици за отпечатување, материјали за отпечатување и примена на соодветна
техника на отпечатување.

Лажици за отпечатување Во трговијата и во праксата можат да се забележат


различни лажици за отпечатување. Токму поради тоа се наметнува потреба од
нивна класификација. Истите можат да се поделат според различни критериуми.

Слика2 Метална лажица за долна


вилица со заби со перфорации
(ретенции)

Слика1 Метална лажица за горна


вилица со заби со перфорации
(ретенции)

Слика3 Пластични лажици за


горна вилица со заби и долна
вилица без заби со перфорации
(ретенции)
Лажици за отпечатување од вилица со заби имаат длабоко корито,со
правоаголен облик со високи страни и рамно дно по целата должина.

Лажици за отпечатување од вилица без заби имаат плитко корито,со ниски страни
и олуковидно дно. Лажици за отпечатување од вилица со заби и без заби
(комбинирани лажици) се употребуваат кога пациентот има заби само во пределот
на фронтот, а нема заби во трансканините регии. Таквите лажици во пределот на
фронтот имаат облик на лажица за вилица со заби а во трансканината регија
форма на лажица за вилица без заби.

Рамно дно на лажицата

Високи ѕидови

Дршка

Според видот на отпечаточната маса лажиците


можат да бидат мазни
без перфорации (ретенции) или да бидат
соперфорации. Изборот зависи од видот на
материјалот за отпечатување. Доколку за
отпечатување се користат тврди или термопластични
отпечаточни материјали, тогаш треба да се изберат
мазни лажици без ретенции. За отпечатување со
еластични отпечаточни материјали (алгинат,
силикони) се користат лажици со перфорации
(ретенции). Ретенциите обезбедуваат цврста врска
помеѓу лажицата и отпечаточниот материјал при вадење на отпечатокот од устата
на пациентот, што претставува основен услов за негова домензионална
стабилност, прецизност и точност.
При изработка на вештачка забна коронка се зема отпечаток од вилицата
со препарирани заби, отпечаток од спротивната вилица (отпечаток од заби
антагонисти) и загриз во восок. Во денешната пракса од вилица со препарирани
заби се земаат два вида на конвенционални (аналогни) дефинитивни
отпечатоци и тоа:
 двофазен корекционен отпечаток и
 еднофазен отпечаток (шприц метод на отпечатување).
Двофазен корекционен отпечаток се зема после направената препарација во
устата на пациентот со еластомерни маси, најчесто силиконски маси кои доаѓаат
во две различни конзистенции и тоа оптозил-hard body и ксантопрен или light body
или корекциона маса за отпечатување.Отпечатокот е двофазен бидејќи се зема
во две фази со две различни по густина отпечаточни маси .Најпрво се зема
отпечаток со оптозил (густ силикон) ,кој ја нема максималната прецизност за да во
целост ја исцрта демаркационата линија. По неговото стврднување и вадење од
устата на пациентот се промива, се суши, се отсрануваат делови од него во
форма на ливни канали и истиот се исполнува со ксанторпен или корекциона
маса која во целост максимално прецизно ќе ја исцрта демаркационата линија.

Слика 5 Слика 6 Слика 7 Слика 8 Слика 9

Слика 5-мешање на оптозил


Слика 6-исполнување на лажицата со замешан оптозил
Слика 7-прелиминарен отпечаток
Слика 8-исполнување на прелиминарен отпечаток со ксантопрен
Слика 9-дефинитивен корекционен отпечаток
При двофазно корекционо отпечатување потребно е да се отвори гингивалниот
сулкус со помош на специјален конец и течност, тогаш кога демаркационата
линнија има субгингивална локализација. Конецот се аплицира пред
прелиминарниот отпечаток со оптозил, а се вади пред корекциониот отпечаток со
ксантопрен.
Аликација на конец во гингивалниот сулкус
пред прелиминарното отпечатување со
оптозил

Доколку терапевтот се одлучи за еднофазен отпечаток-шприц метода тогаш


двете маси се внесуваат истовремено во устата на пациентот и тоа во специјално
изработена индивидуална лажицата се става лесно течлив силикон-ксантопрен а
околу забите се аплицира истиот материјал со помош на специјален шприц во кој
автоматски се меша базата на ксантопренот со активаторот.Лажицата се внесува
во устата и во истовреме ќе настане стврднување на масите.

Анатомски отпечаток се зема со стандардна метална или пластична перфорирана


лажица за горна и долна вилица.Се зема со иреверзибилен хидроколоид уште
познат како алгинат (најупотребуван материјал за отпечатување лесен за
употреба но не доволно прецизен и стабилен).По одстранување од устата на
пациентот,отпечатокот трпи минимална деформација за таа цел во следните 20
мин после вадењето од устата на пациентот не е препорачано негово излевање
бидејќи се смета дека тоа време му е потребно за консолидација или враќање во
првобитната состојба.Во постарата литература се наведува потребаод негово
излевање во следните 2 часа или во период меѓу 20мин и 2 часа, но денес на
пазарот постојат алгинати кои се стабилни и до пет дена.Транспортот на
алгинатнот отпечаток е многу битен за неговата стабилност.Ако имаме предвид
дека истиот оставен во вода бабри и димензионално се менува или доколку се
остави на собна темература ја губи водата т.е се контрахира истиот најдобро е да
се транспортира во вакумско кесиче во кое под самиот отпечаток сме поставиле
влажна газа.Овој отпечаток се излева еднофазносо бел алабастер гипс.
Слика 11 анатомски отпечаток од
антагонисти

You might also like