You are on page 1of 10

АНАТОМИЈА И МОРФОЛОГИЈА

НА ЗАБИ

• Систем за означување на забите


Означувањето на забите е систем на маркирање на млечните и
трајните заби во кои се користат нумерички знаци или симболи.
Означувањето на забите е неопходно и се користи во
секојдневието во стоматолоската практика.

Имаме различни системи за означување за забите:


• Со помош на кординатен систем;
• На европски начин;
• На анатомски начин;
И најдобрите и најкористени 2 системи:
• На амерички начин
• Дуален начин на означување (Меѓународен начин)

• НА АМЕРИЧКИ НАЧИН
Овој начин на означување се користи така сто трајните заби се
означуваат со броевите од 1 до 32. Броењето започнува од горе
десно (со третиот горен десно) ) и продолжува лево, а потоа оди
доле лево и завршува долу десно (со трет десен катник).
Додека за млечните забови се користат латинските букви од
буквата А до буквата Т, на ист начин како и кај трајните.
• ДУАЛЕН НАЧИН НА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ЗАБИТЕ
Овој начин на означување е лесен и најлесно се памти.
Се користат 2 броја (пр. 21).
Првиот број го означува квандрантот во забната низа.
За трајните заби се користат:
- 1 (еден) - за горен десен квадрант
- 2 (два) - за горен лев квадрант
- 3 (три) - за долен лев квадрант
- 4 (четри) - за долен десен квадрант
За млечните заби се користат:
- 5 (пет) - за горен десен квадрант
- 6 (шест) - за горен лев квадрант
- 7 (седум) - за долен лев квадрант
- 8 (осум) - за долен десен квадрант
Другиот број го означува забот во квадрантот, бројот 1 го означува
централниот инцизив, бројот 2 го означува латералниот инцисив
итн.

• Анатомски делови на забите


На секој заб разликуваме 4 анатомски делови:
• коронка на забот (corona dentis)
• врат на забот (cervix/collum dentis)
• корен на забот (radix dentis)
• забна шуплина (cavum dentis/cavum pulpae)
• КОРОНКА НА ЗАБОТ
Коронката на забот е слободно видлива во усната празнина
бидејќи е дел од забот кој се наоѓа надвор од алвеоларната коска и
меките ткива. Таа е дефинитивен облик на видливот
дел од забот.
На коронката постојат:
тубери - кои претставуваат испупчувања на некои делови од глеѓта
во форма на пирамида (tubercula coronae dentis)
бразди - кои ги разделуваат туберите (fissurae coronae dentis)
вдлабнувања (fovea coronae dentis)
набори на места каде се составуваат две површини (limbus
coronae dentis)

Површини на коронката на забот


Површините на инцизвите и канините имаат по 4 околни површини
и 1 секален раб, додека површините на предкатниците и катниците
имаат по 4 околни и 1 џвакална површина.

Имаме 2 термина за означување на коронката на забот:


• Клиничка коронка е ектогнатниот дел од забот кој се наоѓа
надвор од виличната коска и меките ткива. Таа е откриена и е
видлива во усната празнина.
• Анатомска коронка е дел од забот кој е покриен со глеѓ и се
протега од секалниот раб до вратот на забот, на оклузална
површина.

• ВРАТ НА ЗАБОТ
Вратот на забот е сместен помеѓу коронката и коренот на забот. Тој
престставува премин на коронката во коренот на забот и место
каде што завршува глеѓта и започнува цементот на забот.

• КОРЕН НА ЗАБОТ
Коренот на забот е ендогнатниот дел на забот кој е сместен внатре
во алвеоларна коска, не е видлив во усната празнина и има
потпорна улога.

• ЗАБНА ШУПЛИНА
Забната шуплина или пулпината комора е затворена шуплина која
се наоѓа внатре во средишниот дел на забот, отсекаде е опколена
со дентин.
Целата забна празнина е исполнета со ткиво кое се вика срцевина
на забот.

На забната шуплина анатомски разликуваме 2 дела:


Коронарен дел - тоа е дел од забна шуплина кој одговара на
коронката на забот и се вика cavum coronae dentis s. pulpae.
Коренски дел - овој дел е сместен во коренот на забот има облик
на цевка. Тој ги следи контурите на коренот на забот.

• Хистологија на забот
Забите се состојат од тврди и меки забни ткива.
Во тврди забни ткива спаѓаат: глеѓта (substantia adamantina),
дентинот (substantia eburnea), цементот (substantia ossea).
И меки забни ткива: забна пулпа (pulpa dentis) и периодонтална
мембрана или лигамент (periodontium).

• Глеѓ е забна супстанца која ја покрива забната коронка, се состои


од полигонални призми.
Наредени радијално во густи слоево во пределот на џвакалните
површини. Кон вратот на забот тие се разредуваат и добиваат
апикален правец.
Призмите меѓу себе се споени со леплива материја од органско
потекло.
Глеѓта е најтврдото ткиво во организмот и има сиво-синкаво-бела
боја, но доколку има дебели слоеви таа е жолтникаво-бела.

• Дентин е основна забна супстанца и преставува високо


калцифицирано ткиво слично на коската. Дентинот има
жолтеникава боја, потврд е од коската, а помек од глеѓта.
Тој е виско еластичен.
Дентинот ја ограничува забната шуплина и во коронарниот и во
радикуларниот дел на забот. Тој е обложен со глеѓ во пределот на
коронката на забот и со цемент во пределот на коренот на забот.

• Цемент го покрива дентинот во коренскиот дел на забот,


започнува во тенок слој на глеѓно-цементниот спој во пределот на
неговиот врат и простирајќи се кон вратот на коренот, станува се
подебел.
Цементот единствено во пределот на вратот на коренот содржи
клетки наречени цементоцити.
Во цементот влегуваат Шарееви влакна кои го поврзуваат забот со
алвеоларна коска и го прицврстуваат.

• Забна пулпа е сврзно ткиво со безброј полигонални, тркалезни и


вретенести клетки. Ткивото е хомогено и безбројно, но е
поткрепено со крвни садови (кои на пулпата и даваат бледорозова
боја) и нерви.
Забната пулпа е сместена во забната празнина и е опкружена со
дентин.
Пулпата се дели на два дела:
- дел кој се наоѓа во коронката на забот (коронарен) и
- дел кој се наоѓа во коренот на забот (коренски)

• Потпорни ткива на забот


Потпорните ткива на забот преставуваат комплекс на ткива во чиј
состав влегуваат: гингивата, периодонтот, цементот и алвеоларната
чашка.
Овие ткива анатомски и хистолошки се различни, но тие
преставуваат едниствена функционална целина и се наречени
пародонт.

Гингива
Таа е дел од мастикаторната слузокожа на усната празнина и таа го
опколува вратот на забот и ги покрива коронарните делови на
алвеоларната чаѓка и на алвеоларната коска.
Таа се дели на: маргинална, срасната и интердентална гингива.
Маргиналната гингива (papila marginalis) е тесен мазен раб кој ги
следи забните вратови како гердан, следејќи ја линијата на
глеѓно-цементната граница и слегувајќи на дното на гингивалниот
сулкус, должината на маргиналната гингива е од 0.8 до 2.0 мм.

Срасната гингива (gingiva propria) се наоѓа веднас под маргиналната,


во вид на појас широк 6 мм и нејзината површина личи на корка од
портокал.

Интердентална гингива (papilla interdentalis) ги исполнува


просторите помеѓу забите кои се во контакт и се состои од
вестибуларна и од орална папила кои се спојуваат помеѓу себе под
контактните точки на забите во вид на седлесто формирано ткиво,
кое се нарекува седло или кланец.

Периодонциум
Ткивата на периодонциумот се сместени во просторот меѓѕ
аквеикарба јисја у ценебтит ба јиребит ба забот (периодонтален
простор).
Неговата физиолошка широчина изнесува 0.18-0.25 мм.
Најтесен е на границата меѓу апикалната и средната третина на
коренот на забот.
Во состав на периодонциумот влегуваат: влакна (колагени,
еластични и ацидорезистентни), клетки (остобласти, остеокласти,
цементобласти, фибрилобласти и др.), крвни садови, лимфни
садови, нерви и интерклеточна супстанција.

Пародонциум ги има следните улоги:


потпорна, сензорна, нутритивна, формативна и заштитна.

Алвеоларна коска
Алвеоларна коска е дел на виличната коска во кој е формиран
заштитен простор за забните корени. Алвеоларното продолжение
се дели на: коскена алвеола и алвеоларна потпорна коска.

Алвеолата е обвиткана со тенка коскена ламела која го обвиткува


коренот на забот, во неа се наоѓаат бројни отвори за крвните
садови и за нерви од дезмодонтот.

Потпорна коска преставува функционална потпора на коскената


алвеола. Таа се состои од кортикална плоча и спонгиоза. Дел од
алвеоларна коска меѓу 2 заба се вика меѓузабна коска.

Изработил:
Адмир Шаботиќ II-2 z.t.

You might also like