You are on page 1of 10

Релјеф на

Р.Македонија
Планини
1. Општи карактеристики на релјефот

• Р.Македонија е претежно планинско-котлинска земја. Ридско-


планинското земјиште зафаќа околу 80% од територијата на
земјава, а рамничарските предели само 20% од територијата на
Р.М.
• Просечната височина на релјефот во Македонија изнесува
829 метри. Најниската точка се наоѓа на 44 метри надморска
височина (во близина на Гевгелија), а највисоката точка е на
2764 метри на врвот Голем Кораб.
• Релјефот во нашата земја е мошне разноврсен и интересен.
Составен е од рамници, котлини, речни долини, ридови,
висорамнини и планини (од најниски, па до доста високи).
• Во формирањето на релјефот учествуваат:
• А) Внатрешните (ендогени) сили.
• Б) Надворешните (егзогени) сили.
1. Општи карактеристики на релјефот

• Во далечното минато, голем дел од нашата татковина го


зафаќал Родопското копно, кое претставувало еден вид остров
во големиот праокеан Тетис. Подоцна, под влијание на
тектонските движења, на ова копно се создале бројни
пукнатини, некои делови од него се издигнувале, додека други
почнале да се спуштаат. Со овие процеси во родопскиот
простор настанале старите грамадни планини и котлини.
• На запад од Родопското копно и понатаму постоел праокеанот
Тетис, во кои се наталожувале дебели наслаги од варовник и од
други седиментни карпи. Подоцна, со Алпско-хималајската
орогенеза од тие слоеви се создаваат млади верижни
планини кои му припаѓаат на Шарскиот планински предел.
• Според тоа, во релјефот на Р. Македонија се издвојуваат два
планински предела. Родопски (стари грамадни планини) и
Шарски (млади верижни планини).
2. Област на стари грамадни
планини и котлини
• Родопскиот планински предел
зафаќа најголем дел од
територијата на Р.Македонија. Тој се
протега од Бугарската граница на
исток, се до Преспанската, Кичевската
и Полошката котлина на запад и од
границата со Грција на југ, до
границата со Косово на север.
Родопскиот планински предел
понатаму се дели на:
• а. Источно-вардарска група планини
и котлини
• б. Ниска Македонија или
Повардарие и
• в. Западно-вардарска група планини
и котлини или Пелагониски масив-
Пелагониди.
2.а. Источно - вардарска група планини

• Во групата планини во овој предел се


издвојуваат Беласица, Огражден,
Малешевските Планини, Плачковица,
Осоговските Планини, Герман, Козјак и
дел од Скопска Црна Гора.
2.б. Повардарие или Ниска Македонија

• Од планините, во Повардарието
најкарактеристични се Скопска
Црна Гора, Серта, Градешка
Планина, Плауш, Жеден, Водно, Поглед на Скопје од Водно
Китка, Клепа и Кожуф. Од овие
планини, најзначајни и највисоки се
Кожуф (со врвот Зелен Брег висок
2182 м.) и Скопска Црна Гора (со
врвот Рамно, висок 1651 м.)

Планината Клепа
2.в. Западно-вардарска група на планини
(Пелагониска област – Пелгониди)

• Планините Баба, Бигла,


Плакенска, Илинска, Бушева
Планина, Сува Гора и Жеден.

Баба Планина
3. Област на млади верижни планини – Шарска
област на планини

• Шарската област се протега во


најзападниот дел на Р.Македонија, на југ
од Македонско-грчката граница, па се до
Македонско-косовската граница на север.
На запад минува долж Македонско-
албанската граница, а на исток со
Преспанската, Кичевската и Полошката
Котлина е одделена од Пелагонсиката
област.
• Шарската планинска област е составена
од млади верижни планини со доста
високи и стрмни врвови, издигнатаи за
време на Алпската орогенеза во
кенозојската ера. Голем дел од
планинските врвови за време на
глацијалниот период биле под ледници.
Шарска област на планини

• На Шарската област и
припаѓаат младите планини:
Шар Планина, Бистра,
Караорман, Јабланица,
Кораб, Дешат, Крчин и
Галичица.

Слики 1 и 2: Врвот Љуботен на


Шар Планина
• Кораб е највисоката планина во
Р.Македонија со врвот Голем Кораб
висок 2764 м. На оваа планина се
издигнуваат остри гребени и 16
врвови повисоки од 2000 метри.
Планината е многу дисецирана како
резултат на интензивната глацијација.
Богата е со шуми и бројни текови на
кои се наоѓаат големи водопади.
(Пример: на Длабока Река се наоѓа
водопадот Длабок Дол, висок 115 м,
кој се смета за најголем водопад во
Поглед на Голем Кораб Македонија).

You might also like