You are on page 1of 2

Географска и сообраќајна положба на Република Македонија

1.На која полутопка на Земјата се наоѓа Република Македонија?

Република Македонија се наоѓа на северната и источната полутопка на Земјата.

2.На која географска ширина и должина се наоѓа Република Македонија?

Република Македонија се наоѓа на просторот меѓу 40 степен и 50 минути и 42 степен и 20 минути северна
георгафска широчина и 20 степен и 27 минути и 23 степен и 05 минути источна георгафска должина.

3.На кој континент и на кој полуостров е лоцирана Република Македонија?

Република Македонија е лоцирана на европскиот континент и во централниот дел на Балканскиот


Полуостров. Затоа велиме дека е европска и балканска земја.

4.Каква положба има Република Македонија?

Република Македонија има континентална положба затоа што не излегува на море ниту има отворен воден
пат.

5.Кои се најблиските мориња до Република Македонија?

Најблиското море се наоѓа на 90 км тоа е Егејското Море и на околу 155 км се наоѓа Јадранското Море.

6.Каков релјеф има Република Македонија?

Според карактеристиките за релјефот Република Македонија е претежно планинска земја со посебно


издвоени котлини и композитни речни долини.

7. Со што се условите насоките на сообраќајните комуникации?

Сообраќајните комуникации се одвиваат преку повеќе долини, котлини и преслапи.

8.Низ кои долини се протегаат собраќајни комуникации?

-По долината на реката Вардар се протега автопатот Е-75 и железничката пруга-

* на север, низ Моравската долина Македонија се поврзува со Србија и средноевропските држави

* на југ со Егејското и со Средоземното Море

-По должината на реката Лепенец, Република Македонија се поврзува со Косово, со Црна Гора и со Јадранско
Море

9.Како Република Македонија е поврзана со Бугарија?

-Сообраќајната поврзана со Бугарија, на исток, се врши преку три патни правци:

*едниот минува по долината на Крива Паланака, преку градот Крива Паланка

*вториот минува по долината на реката Брегалница, преку градот Делчево

*третиот минува низ Струмичката Котлина, преку градот Струмица

10.Како Република Македонија е поврзана со Грција?

Со Грција, Република Македонија покрај автопатот Е-75 кој е по долината на реката Вардар, поврзани сме и
преку патот и железницата од Пелагонија и од Битолско кои водат кон Лерин и преку патот што води од
Дојран кон Солун.
11.Како Република Македонија е поврзана со Албанија?

Кон Албанија водат патните правци што минуваат низ Дебарско-ресенската Котлина тука е преминот Свети
Наум и од Преспанската Котлина кај преминот Стење.

12.Каква сообраќајна комуникација има Република Македонија?

Поврзувањето со соседните држави соодветно на природните услови овозможуваат релативно поволни


сообраќајни комуникации.

13.Зошто велиме дека Р.Македонија има поволна географска положба?


Затоа што Република Македонија претставува „мост“ преку кој се поврзуваат сите балкански земји, па
така низ Македонија минуваат доста важни европски патишта со кои таа е поврзана со останатите земји
од Европа како и со блиските земји од Африка и Азија.

По патиштата на Република Македонија се транзитираат големи количества стоки, голем број патници,
туристи итн.

*ШТО Е ГРАНИЧЕН ПРЕМИН?

Граничен премин е место на државните граници каде што се врши гранична контрола на патници со
утрвдување на нивниот идентитет и со проверка на стоките што се увезуваат или извезуваат.

*КОЈ ВРШИ КОНТРОЛА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ?

На граничните премини контролата на патници ја врши полицијата а контролата на стоки ја врши цатринската
служба

*ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ РЕПУБЛИКА?

Република претставува правно – политичка заедница со која се означува политичко уредување во одредена
држава

*ШТО СЕ ТОА ЕТНИЧКИ ГРАНИЦИ?

Етнички граници се граници во кои егзистирале или егзистираат сложени културно-историски комплекси –
поврзани со одредена етничка заедница на народ и нација.

You might also like