You are on page 1of 23

Кружење на водата во

природата
Колку вода има на планетата Земја?
 Нашата планета земја е единствената планета во
Сончевиот систем на која има вода.
 Водата зафаќа 71% од површината на Земјата
 Најголем дел зафаќа морската (солента) вода 97%, и
само 3% слатка вода.
 вода која може да се користи е пиење помеѓу 0,64 –
0,8 %
Водната обвивка на 
Земјата се нарекува 
хидросфера
Вкус и мирис на водата
 Водата може да раствори различни материи, што и дава
различни вкусови и мириси.
 Луѓето и другите животни имаат развиено сетила кои
овозможуваат да проценат дали водата е погодна за
пиење.
 Луѓето, исто така, предпочитаат ладна вода наместо
млака, бидејќи ладната вода содржи помалку микроби.
 Вкусот на изворската вода или минералната вода зависи
од минералите кои се растворени во неа.
 Чистата вода (H2O) е без вкус и мирис.
 Чистотата на изворската и минералната вода зависи од
неприсутноста на токсини, загадувачи и микроби.
Агрегатни состојби на водата
Цврста
•Супстанциите во оваа состојба имаат и сопствена форма и
сопствен волумен

• Меѓутоа, некои од нив имаат правилна внатрешна градба, а


некои, иако имаат правилна надворешна форма, немаат
правилна внатрешна градба.

• Цврстите супстанции со правилна внатрешна градба се


нарекуваат кристали

• Додека оние без правилна градба се аморфни. Кај последниве


постои всушност само средена структура во мал дел од
супстанцијата. Тие се поретки од кристалните.
Течна состојба
•Супстанциите во оваа состојба имаат сопствена зафатнина,
но немаат сопствен облик, туку ја заземаат формата на садот
во кој се наоѓаат.

• Ова покажува дека меѓу молекулите на течностите постојат


посилни заемодејства отколку кај гасовите, но не толку силни
за да тие имаат своја форма како кај цврстите тела.

• Поради дејствувањето на посилни заемодејства кај


течностите, нивните молекули образуваат групации наречени
„гроздови“, во кои бројот на молекули постојано се менува.

•Молекулите во течна состојба воглавно меѓусебно се држат.
Гасовита состојба
•Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту
сопствена зафатнина.

•Нивните молекули се движат хаотично во сите правци .

• Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го


заземаат целиот простор што им е на располагање, односно
максимално да се шират.

• Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу


молекулите во гасовите.
Плазмa
Плазмата е посебен тип на состојба, која ретко се среќава на 
Земјата, но доста е застапена во вселената. Плазмата е јонизиран
гас, што значи дека барем еден електрон е дисоциран од голем
дел на молекулата. Слободните електрични полнежи ја прават
плазмата проводник на електрицитет, така што таа реагира на 
електромагнетно поле. Оваа, четврта состојба на материјата,
првпат била идентификувана во1879 година, а го добила името
„плазма“ бидејќи го потсетувала на крвната плазма.
Каде се наоѓа водата во природата?
Основни својства на водата

 Водата е течност која на 


нормална температура и притисок нема ни вкус
ни мирис. 
 Водата е хемиска супстанца со хемиска
формула H2O
 Сите главни составни делови во клетките, исто
така се раствораат во вода.
 Точката на вриење на водата (и сите други
течности) зависи од барометарскиот притисок.
 Водата може да се меша со многу други течности,
Од каде доаѓа сета таа вода??
Дали еден ден целата вода ќе ја снема од
планетата Земја??
Кружен тек на водата
 Кружењето на водата (воден циклус, хидролошки
циклус) е процес на кружно движење на водата
 во Земјината биосфера. Се состои од 
испарување, кондензација и врнежи. Морињата
 губат повеќе вода со испарување околку што
добиваат со врнежите, додека на копното е
сосема обратно. Водата непрестанато циркулира
на земјината топка, при што вкупното количество
останува непроменето.
Водата, постојано се движи низ секој од овие
региони во водениот циклус кој се состои од
следиве процеси на пренос:

 Испарувањето од океаните и други водни тела во


воздухот и транспирацијата од копнени растенија
и животни во воздухот.
 Врнежи, од водни испарувања кои се 
кондензираат во воздухот и паѓаат на земјата или
во океаните.
 Истечни води од копното кои најчесто се влеваат
во морињата.
Кружно движење
1. Испарување
 Испарувањето е процес со којшто водата ја менува
својата форма од течност во гас или пареа.
Испарувањето е примарниот пат по којшто водата се
движи од течност назад во кружниот тек на водата
како водена пареа во атмосферата.
 Океаните, морињата, езерата и реките обезбедуваат
речиси 90 проценти од влажноста во нашата
атмосфера преку испарување,
 а останатите 10 проценти доаѓаат од
транспирацијата на растенијата.
За одвивањето на испарувањето е
неопходна топлина (енергија). 
 водата се задржува во атмосферата во
форма на пареа, како облаци и влага
 Во атмосферата секогаш има вода. Од

атмосферската вода, облаците се


највидливи, но дури и чистиот воздух
содржи вода - вода во честички коишто се
премногу ситни за да се видат.
Кондензација
 Процесот преку којшто водата се менува од пареа
во течност
  Кондензацијата е важна за кружниот тек на водата
бидејќи формира облаци. Овие облаци можат да
произведат врнежи, што претставува основен начин
на враќање на водата на Земјата.
 Во атмосферата се формираат облаци бидејќи
воздухот што содржи водена пареа се крева нагоре
и се лади. 
Врнежи

 Ослободување на вода, во течна или цврста


форма, од облаците

 Врнежите претставуваат испуштена вода од


облаците во форма на дожд, снег или град.
Ова е примарниот начин на кој
атмосферската вода се враќа на Земјата.
Најголем дел од врнежите паѓа во вид на
дожд.

You might also like