You are on page 1of 14

ПОЛИТИЧКИ ПРАВА И

СЛОБОДИ

МАТЕЈ ТРАЈАНОВИЌ VIII4 ОДДЕЛЕНИЕ


ГРАЃАНИН Е ЧОВЕК СО СЛОБОДНИ
ПОЛИТИЧКИ ШПРАВА ПРАВА И
ОДГОВОРНОСТИ КОИ МУ ОВОЗМОЖУВААТ
ЕДНАКВОСТ СО ДРУГИТЕ СОГРАЃАНИ И
АКТИВНА УЛОГА ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ
ЖИВОТ.
СО ПОЛИТИЧКИ ПРАВА И СЛОБОДИ
ЧОВЕКОТ ДОБИВА СТАТУС НА ГРАЃАНИН.
Политички права и слободи се израз на политичко
општество при што човекот се става во фунцијана
активен фактор на политичкиот живот.
Овие права и слободи се извојувани со постојана борба
на човекот во сите сфери на неговото постоење а тоа
• Право на рамноправност
• Право на еднаквост
• Право на слободна мисла
• Право на слобода и определување
• Право на слобода и говор
• Права на говор и јавно настапување
• Слобода на собир и јавни собирања
• Право на печат и информирање
• Слобода на здружување
• Избирачко право
• Право на одбрана на земја
ПРАВО НА РАМНОПРАВНОСТ И ЕДНАКВОСТ

Оваа право во Уставот на Македонија е искажано (чл. 9) со


негирање на секаков облик на дискриминација во однос на
уживањето на правата и слободите кои подеднакво им
припаѓаат на сите граѓани. Најдоследна потврда ова право има
во Уставната одредба дека „ сите се еднакви пред Уставот и
законите„ .
ПРАВО НА СЛОБОДА И МИСЛА

Овде станува збор за две слободи кои поради нивната заемност и условеност се искажани
преку една уставна определба (чл. 16). Слободата на мислата е сигурно најстара и основна
човекова слобода која преставува основен услов за егзистенцијата на човекот како свесно
човечко битие и е услов за сите други слободи и права. Слободата на мислата се сфаќа
како апсолутно право а тоа значи секакво негирање (забрана) на организирано и
наметнато идејно, интелектуално и морално инквизиторство, туторство и командување во
однос на мислата на човекот. Слободата на определувањето (позната и како слобода на
совеста) значи неограничена можност на човекот да се определува без притисок и
наметнување од страна дали ќе прифати или не , некое филозофско или идејно, морално
и политичко гледање на светот.
ПРАВО НА СЛОБОДА И ГОВОР

• Слобода говорот и на јавно настапување -Оваа право значи


дека човекот под исти услови како и другите, да може јавно, на
сите места кои за тоа се определени и можни, или преку
средствата за информирање, да ги изложи своите погледи и
мислења не само со зборови туку и со други средства за
изразување (на пример со слики, карикатури, пантоними и сл.)
(чл. 16).
ПРАВО НА ГОВОР И ЈАВНО НАСТАПОВАЊЕ
СЛОБОДА НА СОБИРИ ЈАВНИ СОБИРАЊА
ПРАВО НА ПЕЧАТ И ИНФОРМИРАЊЕ

Слободата на печатот и на другите видови информирање Слободата на


печатот како едно од најстарите политички права го подразбира правото на
човекот преку сите средства за информирање да ги изразува и соопштува
своите мисли, ставови и погледи (чл.16). Во оваа смисла Уставот потврдува
и гарантира неколку истакнати права како што се: право на слободно
основање на средствата за јавно информирање; право на слободен пристап
кон информациите; право на одговор во средствата за јавно
информирање;правото на заштита на изворот на информација во
средствата за јавно информирање; и абрана на цензурата.
ПРАВО НА ЗДРУЖУВАЊЕ

Слобода на здружување -Оваа право е едно од основните и битните политички права на


граѓаните и е едно од основните средства не само на политичка туку и на севкупната
општествена акција. Остварувајки ја оваа слобода граѓаните слободно можат да основаат
политички партии но и разни здруженија на граѓани заради остварување на заеднички
интереси, да пристапуваат кон нив или од нив да истапуваат (чл.20). Но и оваа слобода
има извесни ограничувања бидејки Уставот не дозволува формирање политички партии и
здруженија на граѓани чии програми и дејствување се насочени кон насилно уривање на
уставниот поредок и кон поттикнување или повикување на воена агресија или
разгорување на национална, верска или расна омраза и нетрпеливост.
ИЗБИРАЧКО ПРАВО

Избирачко право -Оваа право Уставот го утврдува како општо, еднакво и


непосредно (чл. 22). Општото избирачко право се изразува во правото на
секој граѓанин што наполнил 18 години да избира и да биде биран.
Еднаквоста како принцип на избирачкото право значи дека гласот на секој
граѓанин има еднаква вредност. Непосредно избирачко право значи дека
граѓаните исклучиво непосредно т.е. лично можат да учествуваат на
изборите. Логично продолжување на избирачкото право е и правото на
секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции (чл. 23).
ПРАВО НА ОДБРАНА НА ЗЕМЈА

Право на одбрана на земјата -Оваа право по својот карактер е неприкосновено и неотуѓиво и се


изразува на таков начин да никој не може да го спречи или оневозможи граѓанинот да земе учество
во одбрана на земјата (чл. 28).

You might also like