You are on page 1of 14

Оптичка леќа – Проѕирно и хомогено тело кое е ограничено од околниот простор со две

сферни површини или една сферна и една рамана површина се вика оптичка леќа.

Според намената оптичките леќи се делат на:

– собирни (ако паралелниот светлински сноп го прават конвергентен) и


– растурни(ако паралелниот светлински сноп го прават дивергентен).

Собирните леќи се делат на двојно испакнати (биконвексни),рамно испакнати (планконвексни


) и испакнато вдлабнати (конвексконкавни).

Растурните леќи се делат на двојно вдлабнати (бикокавни), рамно вдлабнати (планконкавни) и


вдлабнато испакнати (конкавконвексни).

Важни елементи и величини кај оптичките леќи се:


 – Оптички центар ( О )
 Радиуси на сферните површини ( R1, R2 )
 – Главна оптичка оска
 – Фокуси ( F1, F2)
 – Фокусно растојание ( f )
 – Оптичка јачина (ј)
 – Линиско зголемување на леќата ( z)

Оптички центар ( О )– е точката од леќата низ која светлинските зраци при поминување
низ неа продолжуваат како непрекршени.

Радиуси на сферните површини ( R1, R2 ) – радиуси на сферите од кои се отсечени


сферните површини.

Главна оптичка оска – е правата што поминува низ оптичкиот центар и центрите на
сферите од кои се исечени сферните површини на леќата.

Фокуси ( F1, F2) – се точки во кои по прекршувањето се сечат зраците,кои пред тоа доаѓале
паралелно со главната оптичка оска.

Фокусно растојание ( f ) – растојанието од оптичкиот центар до фокусот.


Оптичка јачина (ј) – претставува реципрочна вредност на фокусното растојание.

𝟏
j= , 1D = 1 / 1m
𝒇

*Јачина од еден диоптер има леќа со фокусно растојание од еден метар.

Оптичката јачина за собирни леќи се зема со знак +, а за растурни леќи со знак – .

Линиско зголемување на леќата (М) – е однос меѓу големината на ликот L и


големината на предметот P, односно однос меѓу растојанието од ликот до леќата l и
растојанието од предметот до леќата p.
𝐋 |𝒍|
М= =
𝑷 |𝒑|

Тенка Леќа
1
Леќа чија дебелина е занемарливо мала во споредба со радиусите на сферните површини
се вика тенка леќа.

Равенката на тенката леќа


Равенката на тенката леќа ги поврзува растојанието на предметот до леќата, растојанието на
ликот до леќата и фокусното растојание и е дадена со изразот:
𝟏 𝟏 𝟏
+ =
𝒑 𝒍 𝒇

𝟏 𝟏
+ =𝒋
𝒑 𝒍
Општата равенка на тенката леќа се искажува со равенката : 1/f = (n– 1) ( 1/ R1 + 1/ R2 )

1/p + 1 / l= (n– 1) ( 1/ R1 + 1/ R2 ), j = (n– 1) ( 1/ R1 + 1/ R2 )

– R1, R2 – радиуси на сферните површини( се земаат со знак + ако се конвексни, со знак –


ако се конкавни и ∞ ако површината е рамна)
– n – апсолитен индекс на прекршување на леќата

Ликот кај оптичката леќа се конструира со примена на два од трите карактеристични зраци :

* Зракот што е паралелен со главната оптичка оска по прекршувањето низ леќата поминува низ
фокусот.
* Зракот што минува низ оптичкиот центар не го менува неговиот правец.
* Зракот што минува низ фокусот или тргнува од него по прекршувањето низ леќата продолжува
паралелно со главната оптичка оска.

Ликот кај собирната леќа зависи од тоа каде се наоѓа предметот во однос на леќата.
Ако предметот се наоѓа на поголемо растојание од фокусното до леќата ликот
е:реален,превртен и како се доближува предметот до леќата ликот се одалечува од леќата и
се зголемува. Ако предметот се наоѓа на помало растојание до леќата од фокусното
растојание ликот е: имагинарен, исправен и зголемен .

Ликот на предметот кај растурната леќа не зависи од растојанието на предметот


до леќата и тој секогаш е: имагинарен, исправен, намален и се наоѓа меѓу оптичкиот центар
на леќата и фокусот на леќата.

Оптички Инструменти
Сите прости и сложени уреди чии принципи на конструкција и работа се засновани на
четирите закони на геометриската оптика се викаат оптички инструменти.

Оптичките инструменти се делат на:


– Инструменти кои заедно со окото прават една целина и служат за набљудување на ликови
на различно оддалечени објекти во кои спаѓаат: микроскоп и дурбин.

– Инструменти со кои ликовите на објектите се добиваат на екран во кои спаѓаат:


фотоапарати и проекциони апарати.

Окото кај човекот е сложен природен оптички систем кој овозможува да се разликуваат
формите на предметите,нивната боја и местоположба.
2
Акомодација
Особината на окото да формира добри и јасни ликови на исто место (жолтата дамка), при
различи положби на предметот во однос на окото се вика акомодација .

Далечина на јасен вид


Растојанието од окото до објектот на кое човекот најјасно го гледа набљудуваниот предмет се
вика далечина на јасен вид D и за нормално око таа изнесува 25cm .

Виден агол е аголот под кој се гледа предметот од окото.


Очилата се специјални оптички направи со помош на кои се врши корекција на одредени
аномалии кај човечкото око.

Најчести мани на човечкото око се : кратковидост и далекувидост.

– Кај кратковидото око оптичката јачина е поголема отколку кај нормалното ненапрегнато око,
фокусното растојание е помало па ликот паѓа пред жолтата дамка. Корекцијата на оваа
мана се прави со очила со растурни леќи.

– Кај далековидото око оптичката јачина е помала отколку кај ненапрегнатото око, фокусното
растојание е поголемо па ликот паѓа позади жолтата дамка.Корекцијата се прави со очила со
собирни леќи .

Лупа претставува собирна леќа со фокусно растојание не пололемо од 10 cm.


Аголното зголемување на лупата m се пресметува со равенките:
𝒂
m=
𝒂𝟎
𝑫
m=
𝒇+𝟏
𝑫
m=
𝒇

α – виден агол со кој предметот што е на растојание на јасен вид се гледа со лупа.
α0 – виден агол со кој предметот што е на растојание на јасен вид се гледа со голо око.
D – далечина на јасен вид.
f – фокусно растојание на лупата.

Оптичкиот микроскопот се состои од: објектив, окулар, тубус и систем за осветлување на


предметот.
Зголемувањето на микроскопот е производ од зголемувањето на објективот и зголемување на
окуларот.

– Равенките со кои се пресметува зголемувањето на оптичкиот микроскоп се :


M= Mоб • mок,
𝒅 •𝑫
М=
𝒇 об • 𝒇 ок
d – должина на тубусот ( растојание на кое се наоѓаат објективот и окуларот)
М – линеарно зголемување

Разделното растојание меѓу две точки од телото кои сеуште се гледаат одделно се
пресметува со равенката :

3
𝟏,𝟐𝟐 • 𝛌
Sr =
𝟐𝐀
Sr– разделно растојание
λ– бранова должина на светлината со која се набљудува предметот
A– бројна апертура на објективот

Тлеечко или тлејно празнење


Течењето на електричната струја низ гасови кои се наоѓаат под намален притисок се вика
тлеечко или тлејно празнење.

Катодни зраци
Електроните што се избиени од катодата под дејство на позитивните јони во процесот на
секундарна електронска емисија, и се движат без судирање кон анодата се викаат катодни
зраци.

Својства на катодни зраци


-не се видливи
-се шират праволиниски
-предизвикуваат флуоросцентно светење на стаклото или некои други супстанции
-имаат определена енергија(ја тркалаат лесната количка поставена на нивниот пат)
-се отклонуваат во електрично и магнетно поле.

Катодни зраци добивање – со процесот на секундарна електронска емисија.


Ударна јонизација
Процесот на избивање на електрони од неутралните молекули на гасот кога во нив удираат
брзи електрони се вика ударна јонизација.

Секундарна електронска емисија


Процесот на избивање на електрони од катодата кога во неа удираат позитивните јони се вика
секундарна електронска емисија.

Канални зраци
Позитивните јони кои се движат кон катодата и поминуваат низ нејзините процепи ако катодата
е во вид на решетка се викаат канални зраци .

Топлинско зрачење
Под топлинско зрачење се подразбира емисија на електомагнетни бранови од телото за
сметка на неговата внатрешна енергија.

Величини со кои се опишува топлинското зрачење на телата се:


-спектралан емисиона моќ Wλ,T
-вкупна емисиона моќ WT
-спектралана апсорпциона моќ Aλ,T
Спектрална емисиона моќ
Под спектралана емисиона моќ Wλ,T се подразбира енергијата на зрачењето со дадена
фрекфенција f (односно дадена бранова должина λ) што телото ја емитира во единица
време низ единица површина при определена температура.
Вкупна емисипна моќ
Вкупна емисиона моќ WT на телото е севкупност на емисионите моќности на сите бранови
должини
4
Спектрална апсорпциона моќ
Под спектралана апсорпциона моќ Аλ,T се подразбира енергијата на зрачењето со дадена
фрекфенција f (односно дадена бранова должина λ) што телото ја апсорбира во единица
време низ единица површина при определена температура.

Апсолутно црно тело е тело кое ги апсорбира сите електромагнетни бранови кои
паѓаат врз него.

* Апсолутно црно тело е тело чиј коефициент на апсорпција е еднаков на единица а=1

Кирхофовиот закон
Кирхофовиот какон за топлинско зрачење гласи: Односот меѓу спектралната емисиона Wλ,T и
спектралната апсорпциона моќ Аλ,T на дадено тело е константа и е еднаков на спектралан
емисиона моќ на апсолутно црно тело Wλ,Tcrno telo .

WλT
=constanta=Wλ,Tcrno telo .
AλT
*Според Кирхофовиот закон она тело кое најмногу емитира, тоа и најмногу апсорбира
топлина.

Стефан Болцмановиот закон гласи : Вкупната емисиона моќ на апсолутно тврдо тело
е правопропорционална со четвртиот степен на неговата апсолутна температура.
-Енергијата на топлинското зрачење на апсолутно црно тело е правопропорционална со
површината на телото S и четвртиот степен од неговата апсолутна температура T.
E= SσT4,
WT =σ T4
σ=5,67 10-8 W/m2 K4
σ-Стефан Болцманова константа

Виновиот закон за топлинско зрачење на телата гласи : Со зголемување на температурата


на телото,тоа емитира поголемо количество топлина, а максимумот на зрачењето се
поместува кон помалите бранови должини.

𝒃
λmax =
Т
b=2,9 10 -3 mK,
b- Винова константа

Релеј-Џинсовиот закон за топлиско зрачење е искажан со равенката : Wλ,T = 2πckT/ λ4


Хипотезата на Планк гласи: Енергијата што ја емитираат телата не се врши непрекинато
и во било какви количеста како што тоа го претпоставувала класичната физика, туку се врши
во строго определени порции наречени кванти.

Квант е најмало количество на електромагнетно зрачење со фрекфенција f што едно тело


може да го емитира или да го апсорбира.

5
E =hf
Според хипотезата на Планк енергијата на телата
Според хипотезата на Панк енергијата на телата може да се менува само за целобројни
вредности на квантот E= nhf, n=0,1,2,3,..

Планковиот закон
Планковиот закон за топлинско зрачење на телата е искажан со равенката :

Wλ,T = 2πhc2/ λ5 ∙ 1 / ehc/ λkT -1


Надворешен фотоелектричен ефект
Појавата на избивање на електрони од металите,при нивното осветлување се вика
надворешен фотоелектричен ефект.

Фотоструја
Електроните што се избиени од металот се викаат фотоелектрони,а струјата што тие ја
создаваат во колото се вика фотоструја.

Карактеристиките на фотоефектот се:


*При осветлување на катодата со монохроматска светлина бројот на избиените електрони од
дадена површина во единица време, а со тоа и јачината на фотострујата е
правопропорционална со интензитетот на упадната светлина.

*Не секоја светлина избива електрони од металите .Засекој метал постои светлина со
минимална фрекфенција fmin (максимална бранова должина λmax ) при која сеуште се
избиваат фотоелектрони која се вика црвена граница на фотоефектот.
𝐀
fmin =
𝒉
𝐡𝐜
λmax =
𝑨
*Кинетичката енергија на фотоелектроните и нивната брзина не зависи од интензитетот на
упадната светлина, туку расте линеарно со фрекфенцијата на упадната светлина.

Ekmax = hf -A,
𝟐(𝐡𝐟 −𝐀)
v=√
𝒎
*Фотоефектот е моментална појава
Црвена граница на фотоефектот
Не секоја светлина избива електрони од металите .Засекој метал постои светлина со
минимална фрекфенција fmin (максимална бранова должина λmax ) при која сеуште се
избиваат фотоелектрони која се вика црвена граница на фотоефектот.
𝑨
fmin =
𝒉
𝒉𝒄
λmax =
𝑨

6
Надворешниот фотоефект
Надворешниот фотоефект го објаснува Ајнштајн со претпоставката дека енегијата не само
што се зрачи од телата туку и се пренесува во просторот и апсорбира од страна на телата во
вид на кванти (фотони -кванти на видливата светлина).
Фотоните
Фотоните се честици кои постојат само во движење, немаат маса на мирување и се движат
во вакуум со брзина на светлината.

Равенката на надворешниот фотоефект е искажана со изразот:


𝒎𝒗^𝟐
hf=A+
𝟐
hf - енергија на фотонот

A - излезна работа на металот

mv2 /2 -кинетичка енергија на фотоелектронот

Излезна работа на металот А


Излезна работа на металот А е работа што треба да се изврши за да електронот се одвои од
површината на металот. За различни метали е различна и се мери во единица eV
(електронволт).

1 eV = 1,6 • 10-19 J,

1J = 6.25 • 10 18 eV

Услов да настане надворешен фотоефект


Услов да настане надворешен фотоефект е енергијата на упадната светлина да е поголема
или еднаква на излезната работа на металот

hf ≥A
Внатрешен фотоефект
За металите е карактеристичен надвореше н фотоефект, а за кристалните полупроводници и
некои диелектрици внатрешен фотоефект.Кај внатрешниот фотоефект избиените
фотоелектрони од атомите или молекулите на полупроводникот, не излегуваат надвор од
супстанцијата туку остануваат во нејзината внатрешност и ја зголемуваат нејзината електрична
проводливост.

Фотоелементи
Прибори на кои дејството им се заснова на искористување на појавата на фотоефект се
викаат фотоелементи.
Фотоелементи се прибори во кои светлината се претвара во електрична струја.
Во зависност од тоа кој фотоефект го користат за нивната работа фотоелементите се делат
на:

-вакуумски (ако го користат надворешниот фотоефект)


-полупроводничи (ако го користат внатрешниот фотоефект

Вакуумскиот фотоелемент
претставува евакуирана стаклена колба со две електроди:фотокатода К, што претставува слој
од метал нанесен од внатрешната страна на колбата, и анода А (колектор)во вид на петелка,
диск или мрежа.
7
Важна карактеристика на фотоелементите е нивната осетливост γ.

Осетливост
Под осетливост на фотоелементот се подразбира јачината на фотострујата искажана во
ампери,што ја создава светлински флукс од еден лумен

Спектрална осетливост.
Ако фотоелементите се осетливи на монохроматска светлина имаат спектрална осетливост.

Интегрална осетливост
Ако фотоелементите се осетливи на полихроматска светлина имаат интегрална осетливост.

Полупроводничките фотоелементи се делат на: фотоотпори (фоторезистори) и


фотоелементи со запирен слој или вентилски фотоелементи

Фотоотпори или фоторезистори


Фотоотпори или фоторезистори се нарекуваат приборите чиј електричен отпор зависи од
интензитетот на светлината што паѓа врз нив.

Фотоструја
Разликата меѓу „светлинската струја“ Is, и „темната струја“ It, се вика фотоструја I
I = Is - It
Својства и примена на фотоелементи
Својството на фотоелементите да го затвараат електричното коло во кое се врзани кога на нив
паѓа светлина, и зависноста на јачината на фотострујата во колото од големината на
светлинскиот флукс, отвараат широки можности за примена на фотоелементите во
техниката.

Тие наоѓаат практична примена кај фоторелето,алармните уреди,звучниот филм,телевизијата


и тн.

Томсонов модел на атом(модел на пудинг).


Томсонов модел на атом(модел на пудинг).Според овој модел атомот се замислува како
сфера со позитивно количество електричество, во која се расфрлани негативните електрони,
слично како суво грозје во пидинг.

Радерфордов модел на атом (Планетарен или јадрен модел).


Радерфордов модел на атом (Планетарен или јадрен модел).Според овој модел атомот се
замислува како сфера во чиј центар се наоѓа јадрото во кое е сместен целиот позитивен
полнеж и скоро целата маса на атомот(˃ 99,94 %), а околу јадрото по затворени орбити се
движат електроните.

Услов за стабилност на Радерфордовиот модел на атомот (електроните да


се вртат околу јадрото) е :

𝒎𝒗^𝟐 𝒁𝒆^𝟐
=
𝑹 𝟒𝛑𝛏𝟎 𝐑𝟐
m-маса на електронот
v-брзина нан електронот по орбитата
8
R-радиус на орбитата
Z-реден број на хемискиот елемент во периодниот систем
e-елементарно количество електричество
ξ0 -диелектрична константа во вакуум

Радерфордовиот модел за атом дошол во судир со законите на класичната


електродинамика бидејки според нив атомот треба да има нестабилна градба (електроните
да се движат по спирала и да паѓаат во јадрото) и да дава континуиран(непрекинат ) спектар
на зрачење, а праксата покажала дека атомите имаат стабилна градба и даваат
линиски(дисконтинуиран ) спектар на зрачење.

Боровиот модел на атом се гради на трите постулати на Бор :

*Прв постулат на Бор гласи


*Прв постулат на Бор гласи : Електронните може да се движат околу јадрото на атомот само
по строго определени орбити (стационарни орбити кои припаѓаат на едно од дозволените
енергетски нивоа)кои го задоволуваат условот : Моментот на импулсот на електронот да е
еднаков на цел број од Планковата константа
mvR = n h,
𝒉
ћ= = 1,054 10 -34Js,
𝟐𝛑

n=1,2,3,
mvR -момент на импулс на електронот
n-цел број
ћ(хабар) -редуцирана Планкова константа

**Втор постулат на Бор гласи


**Втор постулат на Бор гласи: Кога електронот се движи по една од дозволените орбити околу
јадрото,атомот се наоѓа во стабилна состојба, т.е. електронот ниту емитира ниту апсорбира
енергија.

*** Третиот постулат на Бор гласи


*** Третиот постулат на Бор гласи:На секој атом му е својствено да емитира или да апсорбира
енергија во вид на кванти(фотони), кога минува од едно на друго дозволено енергетско ниво

Кога електронот прескокнува од подалечна на поблиска дозволена орбита од јадрото, атомот


емитира(зрачи) енергија во вид на квант чија фрекфенција се пресметува со формулата на
Планк.
𝑬𝒏−𝑬𝒎
f=
𝐡

Основна состојба на атом


Кога електронот се движи по најблиската од дозволените орбити до јадрото, атомот се наоѓа
во основна состојба .Во основна состојба атомот има најмала енергија

Бранов (квантно-механички) модел за атом


Овој модел на атом е надограден Боров модел кај кој електроните не се движат по стого
определени орбити околу јадрото туку се движат по облаци на местата каде нивната густина е
најголема.

9
Услов за стабилност на брановиот модел на атомот е цел број Де Бролиеви
бранови должини да се содржат во обиколката на орбитата на електронот.
nλ = 2πR,
𝒏𝒉
= 2πR, n=1,2,3,
𝐦𝐯

λ- Де Бролиева бранова должина

Класичен услов за стабилност на атомот (електроните да се вртат околу


јадрото) е:
𝒎𝒗^𝟐 𝐙 𝐞𝟐
=
𝐑 𝟒𝛑𝛏𝟎 𝐑𝟐

m-маса на електронот
v-брзина на електронот по орбитата
R-радиус на орбитата
Z-реден број на хемискиот елемент во периодниот систем
e-елементарно количество електричество
ξ0 -диелектрична константа во вакуум
Квантен услов за стабилност на атомот е:
𝒏𝒉
mvR =
𝟐𝛑
mvR = n ћ
𝒉
ћ= = 1,054 10-34 Js, n=1,2,3,
𝟐𝛑
mvR -момент на импулс на електронот
n-цел број
ћ(хабар) -редуцирана Планкова константа
Равенка со која се пресметува линиската брзина на електронот кога се движи по
стационарна орбита околу јадрото:
vn = nh / 2πme Rn
me-маса на електронот
vn-брзина на електронот по орбитата
Rn-радиус на орбитата
h - Планкова константа
Равенка со која се пресметува радиусот на стационарните (дозволените) орбити на
електронот кога се движи околу јадрото:
𝐧𝟐𝛏𝟎 𝐡𝟐
Rn =
𝐙𝐞𝟐𝐦𝐞 𝛑

Боров радиус
Радиусот на првата дозволена орбита за електронот во водородниот атом која е најблиску до
јадрото изнесува R1 = a0 = 0,53 10-10 m = 53 pm, и се вика Боров радиус.
Радиусите на стационарните орбити на електронот кај атомот на водородот меѓу себе се
однесуваат како квадратите на природните броеви.
R1 : R2 : R3 ..... Rn = 12 : 22 :32 :... n2

10
Енергијата на електронот во стационарната орбита се пресметува со
равенката :
𝐙𝟐 𝐦𝐞 𝐞𝟒
En = -
𝐧𝟐 𝟖 𝛏𝟎𝟐 𝐡𝟐

Енергијата прима негативни вредности.

Се додека постои сврзана состојба помеѓу електронот и јадрото на атомот, енергијата прима
негативни вредности.

*Енергијата на слободен електрон не е квантувана.


Енергијата на првата стационарна орбита до јадрото е најмала и изнесува E1 = -13,6 eV

Кога електронот се движи по најблиската од дозволените орбити до јадрото, атомот се наоѓа


во основна состојба .Во основна состојба атомот има најмала енергија .

* Енергијата на поодалечените стационарни орбити расне со 1 / n2 (бидејки е негативна) и за


n→∞ тежи кон нула.
Енергијата на емитираниот или апсорбираниот фотон(квант) се
пресметува со равенката:
𝐦𝐞 𝐞𝟒 𝟏 𝟏
hf = En - Em = ( - )
𝟖 𝛏𝟎𝟐 𝐡𝟐 𝐦𝟐 𝐧𝟐

n˃m

Фрекфенцијата на емитираниот или апсорбираниот фотон од страна на


електронот (атомот) се пресметува со равенката :
𝐦𝐞 𝐞𝟒 𝟏 𝟏
f= ( - ),
𝟖 𝛏𝟎𝟐 𝐡𝟑 𝐦𝟐 𝐧𝟐
n˃m,
𝟏 𝟏
f=R( - ),
𝐦𝟐 𝐧𝟐
n˃m
R- Ридбергова констаната R= me e4 / 8 ξ02 h3 = 3,3 10 15 s-1

Спектралните серии кај водородниот атом се добираат со прескокнување на електронот од


подалечните орбити на една поблиските.

Лајманова серија
Лајманова серија од n = 2,3,4,5,6,7 .. на m=1, се наоѓа во ултра-виолетовиот дел на спектарот.

Балмерова серија
Балмерова серија од n = 3,4,5,6,7 .. на m=2, се наоѓа во видливиот дел на спектарот.

Пашенова серија
Пашенова серија од n = 4,5,6,7,8,9 .. на m=3, се наоѓа во инфрацрвениот дел на спектарот.

Брекетова серија
Брекетова серија од n =,5,6,7,8,9 .. на m=4, се наоѓа во инфрацрвениот дел на спектарот.

Пфундова серија
Пфундова серија од n =,6,7,8,9 .. на m=5, се наоѓа во инфрацрвениот дел на спектарот.
11
Рендгенските зраци се електромагнетни бранови со бранова должина λ = 10 nm - 10 -4
nm

Кулиџова ренгенска цевка


Рендгенските зраци се добиваат со помош на Кулиџова ренгенска цевка. Таа претставува
стаклена или метална цевка од која е извлечен воздухот, со притисок p = 133 • 10-8 Pa, во која
има две електроди катода која е направена од спирала која се наоѓа во фокусот на конкавно
огледало и анода(антикатода)направена од метал со висока точка на топење.За
рендгенската цевка се врзани два извори на напон, еден низок кој служи за греење на
катодата и еден висок од 10 до 200 KV кој е врзан меѓу катодата и анодата и служи за
забрзување на електроните кои се добиени од катодата по пат на термоелектронска емисија.

Својствата на рендгенските зраци се :


-се шират праволиниски
-не се видливи
-предизвикуваат луминисцентно светење на некои материјали
-дејствуваат на фотографска плоча
-силно ги јонизираат гасовите
-не се отклонуваат во електрично и магнетно поле
-не може да се фокусираат со оптички леќи и огледала
-имаат биолошко дејство врз живите клетки
-имаат голема енергија и продорна моќ
Интензитетот на рендгенското зрачење
Интензитетот на рендгенското зрачење J зависи од јачината на струјата во анодното коло I,
редниот број на хемискиот елемент Z и напонот меѓу анодата и катодата Ua.
J ≈ I•Z•Ua
При помали напони меѓу катодата и анодата
При помали напони меѓу катодата и анодата се јавува закочно зрачење кое се карактеризира
со континуиран спектар кој се состои од зраци со сите можни бранови должини почнувајки од
неја минимална бранова должина.
𝐜𝐡
λmin =
𝐞 𝐔𝐚

𝐞 𝐔𝐚
fmax =
𝐡
λmin - минимална бранова должина на рендгенскиот квант
c -брзина на светлината
e- електрчен полнеж на електронот
Ua - напон меѓу катодата и анодата
h- Планкова константа
fm ax - максимална фрекфенција на рендгенскиот квант

При поголеми напони меѓу катодата и анодата


При поголеми напони меѓу катодата и анодата се јавува карактеристично рендгенско зрачење
кое се карактеризира со линиски спектар.Линискиот спектар се добива со пополнување на
создадената празнина на поблиските орбити, со прескокнување на електрони од подалечните
орбити од јадрото.

12
Законот на Мозли
За спектралните линии на линискиот рендгенски спектар важи законот на Мозли кој
гласи:Квадратниот корен од фрекфенција на спектралната линија од карактеристичниот
рендгенски спектар е пропорционален со редниот број на елементот Z .
√f=b(Z-Σ)
f-фрекфенција на спектралната линија
Z-реден број на хемискиот елемент
b- константа на пропорционалноста која за различни спектрални линии има различна
вредност
Σ- константа на пропорционалноста која за различни спектрални серии има различна
вредност
Практична примена
Рендгенските зраци заради нивните својства наоѓаат практична примена во :медицината,
индустријата, техниката и науката
Законот за апсорпција на рендгенските зраци
Примената на рендгенските зраци во медицината, техниката и индустријата се заснова на
законот за апсорпција на рендгенските зраци кој е искажан со равенката:

I = I0 e- μ d
I-интензитетот на рендгенските зраци кои поминале низ материјалот со дебелина d
I0-интензитет на рендгенските зраци кои паѓаат на материјалот
e-основа на природен логаритам е=2,72
μ-линеарен коефициент на апсорпција
d-дебелина на материјалот
Линеарниот коефициент на апсорпција μ
Линеарниот коефициент на апсорпција μ зависи од густината на материјалот ρ, редниот број
на хемискиот елемент во периодниот систем на елементите Z и брановата должина на
рендгенските зраци λ .
Рендгенодијагностика
Постапката во медицината каде се користат ренгенските зраци за дијагностика и терапија се
вика рендгенодијагностика.

*Рендгенските зраци со многу мала бранова должина се користат за терапија (умртвување на


келиите на одредени тумори,но во ограничена доза)
Рендгенодефектоскопија
Постапката во индустријата и техниката каде се користат ренгенските зраци за контрола и
тестирање на материјали(откривање на дефекти,пукнатини,шуплини во заварени споеви) се
вика рендгенодефектоскопија.

Рендгеноструктурна анализа
Врз основа на појавата на дифракција на рендгенските зраци се открива структурата на
материјалите во постапката рендгеноструктурна анализа.

Брег - Вулфовата равенка за дифракција на рендгенските зраци


При рендгеноструктурната анализа се користи Брег - Вулфовата равенка за дифракција на
рендгенските зраци која е дадена со изразот:

13
mλ= 2 d sinθ,
m =1,2,3,4

m-цел број кој одговара на соодветен максимум


λ-бранова должина на рендгенските зраци
d- константа на кристалната решетка
θ- агол што се гради меѓу правецот на упадниот рендгенски зрак и површината на криста

Од Брег- Вулфовата равенка ако ни се познати m,θ, и λ може да се определи


константата на кристалната решетка d, а ако ни се познати m,θ и d може да се определи λ
брановата должина на рендгенските зраци.

14

You might also like