You are on page 1of 10

“Сердарот” –

Григор Прличев
Изработил:
Христијан Гајдов III-2
“Сердарот” е историско-јуначка поема, првично
напишана на грчки јазик “О арматолос”, а подоцна
Прличев ја препева на македонски јазик.

Мотивот во поемата е позајмен од народната


песна за Кузман Капидан, А бил инспириран од
тешкиот живот на македонците од западните
делови на Македонија кои биле изложени на
терор од страна на гегите. Па дури и турската
власт за да го заштити населението од грабежи,
за да може после да им земе даноци, морала да
организира заштитнички единици. Кузман Капидан
бил водач, сердар на една таква единица.

Темата е борбата на македонците против


насилствата на гегите, или воопшто, борбата за
слобода.

Идејата е да се прикажат вековните стремежи на


македонскиот народ за слобода и неговите
херојски подвизи.
Композициска структура
Поемата се состои од 8 пеења, последното –
деветото го искажува мотивот во поемата.
Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири
стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се
петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци.
Во неа мотивот и версификацијата (градбата на
стиховите) се под влијание на народната
македонска поезија, додека стилските особености
— сложените епитети, мотивите и ликовите од
грчката митологија, опширната епска нарација,
описот на оружјето, на двобоите и градењето на
ликовите се под влијание на Хомер.

Градењето на ликови и употребата на стилските


изразни средства се предадени во хомеровски
дух. Употребени се: епитети, компарации,
градации, метафори, алитерации и други.
Користи имиња од грчка митологија: Деметра,
Бореј, Арес...
Содржина на
поемата
„Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на
македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано
дејствието на поемата.

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,


Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?


ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,


ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, Со познатата словенска антитеза,


тој сердар прочут падна в бој, карактеристична за нашето народно
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, творештво Прличев нè воведува во
и да ги брани нема кој… понатамошниот тек на поемата.
Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај
населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом
во кој мајката на Кузман, Неда, е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа
претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда
(Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:

На средна е доба; и јадра, сосема здрава,


кршна и херојски силна.
Извајана е амазонската нејзина става:
Вистинска личота милна.

Годините не ја намалиле нејзината убост;


на лице свежест се гледа,
младешката сочност не ја беше сменила
грубост.
Таа е кутрата Неда!

Таа е последна која дознава за смртта на Да, како лавица што дрско ловците ја гонат
синот, сите се плашат да ѝ ја кажат кобната и плодот и го крадат прв…
вест, но кога таа сепак допира до неа, Прличев А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:
го повишува тонот и ги градира чувствата: го стигна жалта својот врв.
Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата
од главата, ги кубе косите, но многу брзо се созема и им се
обраќа на селаните возвишено и гордо:
Гегите (Албанците) се непријателите кои го
пљачкосуваат и тероризираат населението,
Доста му се ридањата, пискотите мои ледни
но Прличев ги слика како поклоници на
за награда во овој час.
јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат
Над ваш’те невести и ќерки плачете, о бедни
почест на големиот јунак, сами на раце го
бидејќи за нив нема спас.
носат Кузмановото тело во домот на мајката,
на тој начин искажувајќи ја почитта и кон неа
Но, Неда не е само мајка на загинат јунак, туку и борец, и нејзиното херојско и гордо однесување.
закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за Стариот Албанец ќе каже:
да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба:
И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди
Но и други борци ќе воскресне Река и водач силна!
нивни ќе излезам в гора. Ти загуби, о мајко, џин!
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам… Народните ќе пеат колена со уста милна
Јас да ве уништам морам, за делата на твојот син…

Ил, мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога


син ми неодмазден ќе е?
Во бојот ќе побарам смрт. Но, по желба на бога
може и триуф да грее!
Тој ќе ја опише борбата и невидената храброст и
сила на Кузман кој убил многу Албанци и двобојот Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на
меѓу Махмуд и Кузман во кој загинал. Ја опишува мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на
Кузмановата смрт како најхеројска и семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се
достоинствена: борел и храбро загинал.
На крајот од поемата, сосема кратко, но многу
Од крвта ненаситен се уште водеше битка, сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на
лутина гневна дишејќи; Кузман, која од силна љубов знае само за верност до
од раните бликаше крвта, но се уште бритка гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта
мавташе сабја, беснејќи. косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од
животот и убавините што може да и ги донесе, па
Непријателот е воодушевен од јунаштвото и сака затоа се закалуѓерува.
да ја утеши мајката:
…Румената лика од болката свенала многу;
…јас не сретнав појунак човек, лицето — восок и стана…
жено, од сина ти сакан. И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
И блажени нека се твоите гради се довек в мисли да потоне знае…
што го отхраниле така. Си шепотеше сама…И сите ја сметаа, бедна,
за поулавена да е…
Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш
нема да ја нападнат и навредат мајката на Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на
јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба
храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само да го заборавиме ни ние.
неа, таа сака заштита за сите Македонци.
Анализа на
ликовите
Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги
насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се
длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на
возвишени, но и реални особини.
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели —
но и самата јунак. Таа е храбра — гордо ја поднесува пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените
смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на атрибути на чесност — носејќи го со сите почести мртвото тело на
непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и
поведе борбата, да стане водач. Јасно е изразена нејзината желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат почит кон
решителност и чесност. борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува
Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената
чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо
пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не
мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е
останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак,
болка. верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на
Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во
мајка кон која чувствувал голема љубов и почит. калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.

Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за


него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови,
„Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е
ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение
симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и
на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од
сопствената силна уметничка дарба на Прличев.
непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е
Богатството на јазикот, стилските изразни средства,
заштитник на народот и својот живот го жртвува за
силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек
доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки
(со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на
особини како — љубовта и почитта кон мајката, како и
највисоко место во периодот на романтизмот, но и денеска.
љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува
животот и да создаде семејство.

You might also like