You are on page 1of 2

Влијание на температурата и притисокот врз

константата на рамнотежа

1.
a. Од вредноста на промената на реакционата енталпија
заклучуваме дека реакцијата е егзотермна ( < 0). При
зголемување на тепмературата рамнотежата ќе се помести кон
лево, односно кон образување на реактанти (ќе се образуваат
помалку продукти од ), додека пак при намалување на
температурата рамнотежата ќе се помести кон десно, односно кон
образување на продукти (ќе се образуваат повеќе продукти на
).
b. Поради тоа што во составот на реакциониот систем влегуваат
улесници кои се во гасовита состојба (сите се во гасовита
состојба), и притисокот има влијание врз константата на
рамнотежа. Влијанието на притисокот зависи од збирот на
стехиометриските коефициенти на гасовитите реактантите и на
гасовитите продуктите така што во овој случај реактантите имаат
поголем збир на стехиометриските коефициенти (Р : П = (2+1) : 2 =
3 : 2 Р > П = 3 > 2). Според ова сознание може да се заклучи дека
при зголемување на притисокот поради тоа што збирот на
стехиометриските коефициенти на гасовитите рактанти е поголем
од збирот на стехиометриските коефициенти на гасовитите
продукти рамнотежата ќе се помести кон десно (кон зголемување
на продуктите на , а рамнотежата ќе се помести кон лево со
намалување на притисокот (кон образување на помалку продукти
на ).
c. Според принципот на Ле Шателје и Браун приносот на продукти во
оваа реакција (образувањето на повеќе продукти) би бил зголемен
при зголемен притисок и намалена температура.

2.
a. Од вредноста на промената на реакционата енталпија
заклучуваме дека реакцијата е ендотермна ( > 0). И според тоа
при зголемување на температурата рамнотежата ќе се помести
кон десно, односно кон образување на продукти (ќе се образуваат
повеќе продукти на NO), додека пак при намалување на
температурата рамнотежата ќе се помести кон лево, односно кон
образување на реактанти (ќе се образуваат помалку продукти на
NO).
b. Поради тоа што во составот на реакциониот систем влегуваат
учесници кои се во гасовита агрегатна состојба (сите учесници се
во гасовита состојба во овој случај), заклучуваме дека и
притисокот ќе влијае врз константата на хемиска рамнотежа.
Влијанието на притисокот зависи од збирот на стехиометриските
коефициенти на гасовитите реактанти и збирот на
стехиометриските коефициент на гасовитите продукти, при тоа
што во овој случај нема да има промена при зголемување или
намалување на притисокот поради тоа што збирот на
стехиометриските коефициенти на гасовитите реактанти е еднаков
со збирот на стехиометриските коефициент на гасовитите
продукти (Р : П = ( ½ + ½ ) : 1 = 1 : 1 т.е. Р=П=1).
c. Според принципот на Ле Шателје и Браун приносот на продуктите
во оваа реакција (образувањето на повеќе продукти) би бил
зголемен само при зголемена температура, а притисокот нема да
има влијание врз рамнотежата.

You might also like