You are on page 1of 5

КИНЕТИКА НА ХЕМИСКИ РЕАКЦИИ

Хемиската кинетика е дел од хемијата која ја изучува брзината и механизмот на


хемиската реакција. На секоја хемиска реакција и е потребно извесно време за да
се одвива. Познато е дека сите хемиски и биолошки процеси се одвиваат со
определена брзина. Брзината на поодделните хемиски реакции е многу различна.
Некои хемиски реакации се многу брзи, додека некои се побавни или дури многу
бавни. Реакциите меѓу јоните во раствор се обично многу брзи. Од друга страна,
реакциите на оксидо-редукција понекогаш се многу бавни. Постојат и такви
хемиски системи кај кои реакциите под дадени услови се одвиваат многу бавно,
така што изгледа како тој хемиски систем да не е реактивен. Така, на пример,
смесата од водород и кислород може да се држи на собна температура со години
и да не дојде до забележливаа реакција, и покрај тоа што предвидуваат спонтана
хемиска реакција Дури по загревање на смесата на овие гасови почнува да се
создавааат забележливи количества вода. Експериментално е потврдено дека за
целосно соединување на водородот и кислородот на 400 оС, потребни се околу 10
дена, додека на 600оС, или во присуство на електрична енергија, реакцијата е
експлозивна, т.е. се одвива моментално. На тој начин се покажува дека брзината
на хемиската реакција не зависи само од бројот на судирите на честичките што
реагираат, туку и од други надворешни услови.
Брзина на хемиска реакција претставува промена на концентрацијата на
учесниците во реакцијата во единица време.

V(x) = +- ΔC(x) v(x) –брзина на изменување на концетрација на


Δt даден учесник се изразува во dm3/mol/s
X-учесник во хемиска реакција

ΔC(x)- промена на концетрација на даден учесник

Δt -промена на времето
Ако Х е продукт се пишува позитивен предзнак,а ако е реактант со негативен
предзнак.

Брзината на хемиски реакции зависи од следните фактори:


 Природата на супстанциите што учествуваат во реакцијата
 Концетрацијата на учесниците
 Температурата
 Присуство на катализатори

 Влијание на природата на супстанциите што учествуваат во хемиска


реакција
Некои супстанци се пореактивни и лесно стапуваат во взаемно дејство со
други супстанци додека некои се помалку реактивни а некои тешко стапу
ваат во хемиски реакции.

 Влијание на концетрацијата врз брзината на хемиските реакции

Меѓу битните фактори е концетрацијата.За да дојде до елементарен акт на


хемиска трансформација,честичките на реактанти треба да дојдат близу
една до друга.Кога концетрацијата на супстанциите е поголема значи има
повеќе честички од истите.Тоа значи дека штом има повеќе честички
поголема е веројатноста дека ке бидат поблизу една до друга и може да
разменуваат атоми или други единки.Кога реакцијата е неповратна битна е
само концетрацијата на реактанти,бидејќи се одвива само реакција во една
насока,трансформирање на честички на реактанти во честички на продукти.
Но концетрацијата на реактанти со тек на време се намалува,а тоа значи
дека неповратната реакција отпрвин тече побрзо, а потоа се побавно. Ако
реакцијата е повратна, врз брзината на реакцијата влијае и концетрацијата
на реактанти и на продукти.
Колку поголема е концетрацијата на реактантите,толку поголема е брзината
на реакцијата.Поради тоа што концетрацијата на реактантите се намалува
со тек на време,во најголем број случаеви брзината ќе биде најголема на
почетокот, а потоа ќе тече побавно и побавно.
Според теоријата на судири за да настане елементарен акт на хемиска
трансформација треба да дојде до судир меѓу честичките на реактанти.При
судирот доаѓа до прераспределба на атомите на честичките од реактанти и
образување на честички на продукти.Но не при секој судир тоа се случува.
Судирите при кои ова се случува се нарекуваат ефикасни судири а ако не
се случува погоре кажаното се неефикасни судири.Поголема концетрација
на реактанти значи повеќе честички а со тоа и поголема веројатноста за
поголем број судири меѓу нив односно ефикасни судири а при тоа значи и
повеќе продукти се образуваат.

На следната слика се прикажани ефикасен и неефикасен судир меѓу


честички на реактанти
 Влијание на температурата врз брзината на хемиски реакции

Експериментално е утврдено дека зголемувањето на температурата


предизвикува зголемување на брзината на хемиските реакции, а нејзино
снижување ги забавува реакциите.Причината за ова е следното кога
температурата се покачува,честичките добиваат поголема кинетичка
енергија,се зголемува брзината со која се движат честичките,се зголемува
бројот на судири меѓу честичките на реактанти а со тоа и повеќе ефикасни
судири и при тоа поголем број честички се трансформираат во честички на
продукти. Експериментално е утврдено дека при зголемување на температу
рата за 10.С(или 10 К) брзината на реакцијата се зголемува два до четри
пати.Ова се изразува преку т.н. температурен коефициент (гама) на
реакцијата т.е. односот на брзината за иста реакција определени при две
температури има вредност од 2 до 4. Меѓутоа има реакции кај кои
температурниот коефи циент е помал од 2 или поголем од 4, а и
реакции кои на повисока температура течат побавно. = 2-4

 Влијание на катализаторите врз брзината на хемиски реакции

Некои реакции течат побрзо тогаш кога во реакциониот систем се присутни


извесни супстанци наречени катализатори.Ваквите реакции се викаат
каталитички, а самата појава катализа.Покрај катализаторите,постојат
супстанци наречени инхибитори кои гизабавуваат реакциите.
Катализаторите не може да предизвика течење на реакција која воопшто не
е возможна ако не е присутен катализаторот,односно може да забрза само
она реакција која се одвива и без негово присуство макар и многу бавно.По
завршувањето на реакција та,катализаторот останува хемиски и количински
неизменет.Мали количества на катализатор може да забрзаат реакции каде
големи количества на реактанти се трансформираат во продукти.
Катализаторите се одликуваат со специфичност-еден катализатор може да
забрза голем број реакции или целосно специфичен еден катализатор да
забрзува само определена реакција.Постојат и т.н.автокаталитички реакции
каде продуктот кога ќе се образува делува каталитички.Кај овие реакции со
тек на време брзината се зголемува.Фотокаталитички реакции се реакции
каде сончевата светлина дејствува како катализатор.Општо реакции кои се
одвиваат под дејство на светлината се фотохемиски реакции.Многу реакци
и кои се одвиваат во живите организми се забрзуваат со биокатали затори-
ензими.
Постојат два вида на каталитички процеси:хомогени и хетерогени.
I. Хомогена катализа е кога катализаторот и реактантите се во иста
агрегатна состојба.Катализаторот стапува во интеракција со еден од
реактантите,овој реактант се вика супстрат на катализаторот, и со
него образува соединение.Потоа тоа соединение стапува во взаемно
дејство со другиот реактант и на крај се добива продуктот а
катализаторот останува неизменет.
Реакција без катализатор А + В = АВ
Реакција со катализатор А + В + К = АВ + К
А + К = АК
АК + В = АВ + К
Реакцијата без катализатор се одвива многу бавно,а реакцијата со
катализатор се одвива по друг механизам.Првин реактантот А
(супстрат) реагира со катализаторот К се гради еден меѓупродукт АК.
Потоа меѓупродуктот АК реагира со реактантот В при што се создава
продуктот на реакцијата и се ослободува катализаторот.
II. Хетерогена катализа е кога катализаторот е во тврда агрегатна
состојба а реактантите се во гасовита.Чрестичките од реактантите се
апсорбираат на површината на катализаторот и на неговата површи
на се случува елементарен акт на хемиска трансформација. Битна е
површината на катализаторот и затоа тие се во форма на прав или
мрежа,со цел да се зголеми површината за да се апсорбираат пого
лем број честички на реактанти а со тоа се добијат повеќе честички
на продукти.

You might also like