Брзината на хемиската реакција за еден реактант или продукт во
дадена хемиска реакција е интуитивно дефинирана со тоа колку брзо се одвива хемиската реакција. На пример, оксидацијата на железото под атмосферата е бавна реакција која може да трае и до неколку години, но согорувањето на бутанот во оган е реакција која се одвива во дел од секундата. Хемиската кинетика е дел од физичката хемија која ја проучува брзината на хемиската реакција. Концептите на хемиската кинетика се применуваат во многу дисциплини, како хемиско инженерство, ензимологија и инженерство на животна средина.
Фактори кои влијаат на брзината
Концентрација-Брзината се зголемува заедно со концентрацијата. Температура-Најчесто, одвивањето на една реакција на повисока температура дава повеќе енергија на системот и ја зголемува брзината со предизвикување на повеќе судири меѓу честичките . Растворувач-Многу реакции се одвиваат во раствор, а својствата на растворувачот влијаат на брзината. Притисок-Брзината на гасните реакции се зголемува со притисок. Катализатор- Присуството на катализатор ја зголемува брзината со обезбедување на алтернативен пат со пониска активациона енергија. Ред на реакцијата-Тој контролира како концентрацијата на реактантот влијае на брзината. Коцентрација и Брзина на реакцијата