You are on page 1of 9

Хемиски реакции на замена

Изработи: Тамара Марковска


Што всушност претставуваа хемиските
реакции!
 Хемиска реакција — процес во кој едни хемиски соединенија
се претвораат во други. Во реакција можат да стапат и
хемиски елементи. Хемиските реакции обично вклучуваат
промени во хемиските врски во молекулите или кристалите.
За време на една хемиска реакција се менуваат својствата на
производите (продукти) добиени од таа реакција во однос на
реактантите кои влегувале во реакцијата. Реактантите и
производите се учесниците во хемиската реакција. За хемиски
реакции не се сметаат физичките процеси при кои доаѓа до
промена само на физичката состојба, како на пример топење
или испарување, дифузија, мешање на чисти супстанци и
смеси во нуклеарните реакции, при кои елементите се
трансформираат едни во други.
 Обично реакциите се состојат од многу сложена последователност
на поединечни чекори, т.н. елементарни реакции, кои сите заедно ја
образуваат целосната реакција. Информациите за целосната
последователност на чекорите го чинат механизмот на реакцијата. За
опишување на хемиските реакции се користи хемиска равенка при
што реактантите, производите и понекогаш важните меѓупроизводи
се претставуваат графички и се поврзуваат со реакциона стрелка.
Елементарните реакции и механизмите на реакцијата можат да се
поделат на различни групи. Елементарните реакции го опишуваат
распадот на една молекула на две или обратно, синтеза на два атома
или молекули во едно. Механизмите на реакција обично се делат
според типот на промената на супстанците кои стапуваат во
реакција. Ако се менува оксидациониот број, тогаш зборуваме за
оксидација и редукција.
Степенот до кој се одвива дадена реакција меѓу два или повеќе
учесници зависи од тоа колку е голема разликата меѓу енталпијата и
ентропијата кои ја сочинуваат Гибсовата слободна енергија на
реактантите и производите. При негативни вредности, реакционата
рамнотежа лежи на страната на производите.
Реакција меѓу амонијак и HCl, при
што се добива амониум хлорид -
реакција на неутрализација.
Реакцијата на замена е тесно поврзана со
рекативноста на металите
Реакции на Замена
 Реакции на замена се сите оние процеси во кои атоми
или атомски групи од една супстанца доаѓаат наместо
атоми или атомски групи што влегуваат во составот на
друга супстанца.

 На пример:

 Бакар+ сребро нитрат бакар II нитрат+ сребро


 Во овој случај бакарот го истиснува среброто во
реакцијата поради неговата поголема рекативност,
истото не би се случило доколку среброто реагира со
раствор од бакар нитрат, во тој случај среброто е
помалку реактивно од бакарот и неможе да го истисне
од неговата реакција и да го замени.
Реакција на двојна измена
 При оваа реакција, делови од две соединенија ги
заменуваат своите места и образуваат нови
соединенија. Ова е случај кога анјоните и катјоните на
две различни молекули ги заменуваат местата,
образувајќи две целосно различни соединенија. Овие
реакции имаат општа формула:

 АB + CD → AD + CB
 Пример за реакција на двојна измена е реакцијата меѓу
 олово(II) нитрат +калиум јодид олово(II) јодид и калиум нитрат:

 Pb(NO3)2 + 2 KI → PbI2 + 2 KNO3

You might also like