You are on page 1of 4

Предмет: Деловна

психологија
Цели и задачи на психологијата
Цели и задачи на психологијата

Главна цел на психолошката наука е запознавање со психичкиот живот на човекот.


Основната цел на психологијата е да ги опише и објасни психичките појави, како и да ги открие причините за
нивното јавување. Врз основа на тие податоци психологијата се обидува да го предвиди јавувањето на
психичките појави, да ги контролира како и да ги менува. Крајната цел на психологијата е да го подобри
квалитетот на човековото живеење.
Задачите на психологијата се теоретски и практични. Теоретските задачи бараат одговор на основните
психолошки прашања, кои честопати изгледа дека немаат директна примена во практичниот живот на
човекот. Практичните задачи бараат одговор на прашањата од секојдневниот живот, и тие одговори се
применуваат во практичното однесување.
Теоретските и практичните задачи на психологијата се поврзани, со добро познавање на теоријата, се
изведува солидна практична работа. На пример испитувањето на ефикасноста на помнење бесмислени
зборови е теоретско прашање, и придонесува во решавање на прашања за природатата на човековиот ум.
Практична задача пак е да се одговори на прашањето на пример ,,Кој е најефикасен начин на
учење?’’Oдговорите на оваа задача, би биле од корист и би постигнале согледувања и нови увиди кај
ученикот, кој може да ги примени во лично искуство.
Доколку сакаме да ја истражиме вистината и да дојдеме до битен резултат, одговорите на теоретските задачи
за функционирање на човечкиот ум и одговорите на практичните задачи за ефикасниот начин на учење
треба да се поврзат ( теорија и пракса).

Значење на психологијата
Практичното значење на психологијата се гледа преку примена на психолошките сознанија во секојдневниот
живот на човекот. Теоретското значење на психологијата се гледа преку тоа дека оваа наука ја опишува
реалноста на човекот, и човекот прима информации, па така ги проширува своите знаења.
Познавањето на психологијата има големо значење во поголем број области:
-Ученикот со познавање на психологијата може да го подобри вниманието во учењето,
полесно да ги запомни содржините, успешно и солидно учење, запознавање на
сопствената личност (интереси, мотиви, желби, доживувања), разрешување на
конфликти, зголемување на самодоверба и сл.
-Наставникот преку познавањето на психологијата може поуспешно и поефикасно да ја
реализира наставата, да подготви успешен час со примена на креативни начини и
чекори, да го подобри односот со учениците, да воспостави добра комуникација, да ги
мотивира учениците и сл.
-Родителот преку познавање на психологијата, ќе научи конструктивно да комуницира со
своите деца, потоа ќе најде ефикасни начини во воспитувањето и ќе избегнува
конфликти во семејството и на работното место.
Психолошки дисциплини
Теоретски дисциплини се занимаваат со основните психолошки прашања односно:
мислење, перцепција,учење, помнење, емоции, особини на личноста.
Практичните психолошки дисциплини поаѓаат од применливоста на сознанијата на
животот на човекот.
Сепак секоја психолошка дисциплина може да истовремено да се занимава и со теоретски и
со практични прашања.
-.
-Теоретски дисциплини
1. Општа психологија ги проучува општите и универзални закомерности на психичките појави кај
здравите луѓе.Таа е најразвиена психолошка дисциплина, па така нејзини гранки се :психологија
на интелектуални процеси, психологија на човечка мотивација, психологија на емоционални
процеси и сл.
2. Развојна психологија се занимава со проучување на психичкиот живот на човекот од неговото
раѓање па се до неговота смрт.Нејзини психолошки гранки се: психологија на детето,психологија
на адолесценција, психологија на зрелоста, психологија на староста и сл.
3. Социјална психологија ги проучува психичките манифестации кои произлегуваат преку
активноста на човекот во општествената средина (социјалната природа).
4. Психологија на личноста ги проучува законите на човековото однесување набљудувано во целост.
5. Психопатологија ги проучува душевните растројства.
6. Психофизиологијата ја проучува поврзаноста меѓу психичките и физиолошките процеси.

-Практични дисциплини
1.Педагошка психологија ги проучува психолошките влијанија или аспекти кои се јавуваат при
воспитно-образовниот процес(наставата). Таа се интересира за примена принципот (награда и
казна) во образованието и воспитувањето, оценувањето, комуникацијата настаник-родител,
наставник –ученик, техники за ефикасно учење и сл.
2.Психологија на трудот ги проучува психичките појави или аспекти кои се јавуваат кај човекот
при работните услови во работна организација.
3.Клиничката психологија ги применува психолошките знаења при помош и третман на
душевните растројства

You might also like